Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

28092020_ZPVRSM_Bitikji_ZPVRSM_Nikolovski_Solun-7

Битиќи, Николовски и Бектеши во работна посета во Солун – Регионалната енергетска соработка е важна за побрз и одржлив економски развој

Официјална делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска реализираше еднодневна работна посета во Солун, Република Грција.Во претпладневните часови, вицепремиерот Битиќи, вицепремиерот Николовски и министерот Бектеши, учествуваа на тркалезната маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“, на која учествуваа државниот секретар на САД, Мајкл Помпео,  министерот за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски во Владата на Република Грција, Костис Хаѕидакис, амбасадорот на САД во Република Грција, Џефри Пјат и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.По завршувањето на тркалезната маса вицепремиерот Битиќи посочи дека ова е одлична можност да се разменат искуствата во делот на енергетиката, потенцијалите за соработка и да се разговара за идните активности во насока на подобрување на енергетската поврзаност. „За Северна Македонија, како мала и увозно зависна земја од електрична енергија, регионалната соработка е круцијална, особено поради  конекциите на земјата за електрична енергија со Србија и Грција како и коридорот за пренос на електричната енергија од Бугарија до Грција“, додаде вицепремиерот.„Важноста и потребата за регионалната соработка се дел и од приоритетите во Стратегијата за енергетика која дефинира конкретни мерки и проекти од аспект на прекуграничното поврзување. Енергетиката е составен дел на денешното живеење, особено што овој сектор не подразбира само производство и дистрибуција на електричната енергија, туку, во него спаѓаат гасот и горивата, како и енергетската ефикасност. Токму преку зголемување на регионалната соработка на полето на енергетиката, гледаме голема можност и потенцијал за креирање на одржлива и развојна економија, што е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија во следните четири години“, нагласи Битиќи.Северна Македонија е посветена на спроведување на реформите во енергетскиот сектор и исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот за основање на Енергетска заедница. Имплементирани се одредбите и обврските што произлегуваат од Третиот енергетски пакет на ЕУ и Директивата за обновливи извори на енергија. Напредокот од земја последна во регионот – во земја со исклучителен напредок е нотирано и во Извештајот на Енергетската заедница. Цел е да се стават во функција сите капацитети и да се впрегне целиот неискористен енергетски природен потенцијал што Северна Македонија го поседува. Планот на Владата е сериозно да го зголемиме домашното производство на електрична енергија, од обновливи извори, да ги достигнеме европските стандарди во процесот на менаџирање со енергетските ресурси и да поттикнеме нови инвестиции во енергетскиот сектор.„Би сакал да потсетам дека при последната посета на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на Република Грција, добивме поддршка од конзорциумот  „Гастрејд“,  за вклучување на Северна Македонија во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, и во земјите кои ќе покажат интерес“, подвлече вицепремиерот.Битиќи рече и дека енергетиката е составен дел за одржливиот развој, што подразбира диверзификација на производството на електричната енергија, целосна либерализација на пазарите, зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, изградба на нова модерна енергетска инфраструктура, гасно поврзување со регионот, како и проекти за енергетска ефикасност.„Ќе работиме напорно да ја унапредиме соработката со земјите во регионот, во сите полиња, економија и енергетика особено и од тоа ќе имаме сите бенефит, државите и граѓаните кои живеат во нив. Продолжуваме со одличната меѓусоседска соработка и дополнително ги зацврстуваме економските односи меѓу Северна Македонија и Република Грција. Неискористениот потенцијал за соработка од минатото го трансформираме во исклучително партнерство, од кое корист ќе имаат не само граѓаните од двете земји, туку и целиот регион. Грција и Северна Македонија се добар пример за градење на меѓусебни односи, соработка и стратешко партнерство“, нотираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, по завршувањето на тркалезната маса за регионална енергетска безбедност и соработка.По завршување на тркалезната маса, официјалната Владина делегација изврши посета на ИКТ технолошкиот парк „Технополис“ во Солун, при што остварија средби со менаџментот на технолошкиот парк и на компаниите „Делојт“ и „Логисмоз“ кои функционираат во рамките на паркот, со кои зборуваа за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија и поддршката која Владата ја обезбедува за компаниите кои реализираат нови инвестиции.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Цената на горивата останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“, „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата недела.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,355 денари/кг и ќе изнесува 25,666 денари/кг.Од 29.9.2020 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,50 (денари/литар)Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 62,50 (денари/литар)Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 49,50 (денари/литар)Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 49,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 25,666 (денари/килограм)

Македонија | пред 5 години

Osmani-Borrell-4

Османи: Сметајте на Северна Македонија како на партнер во остварувањето на европските перспективи на Балканот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на првиот ден од работната посета на Брисел имаше средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.За време на средбата Османи го поздрави активниот ангажман на високиот претставник на ЕУ, Борел, за поддршката на европската перспектива на регионот, како и за преземените иницијативи за обезбедување мир, стабилност и просперитет помеѓу земјите од Западен Балкан. Во таа смисла Османи се заблагодари за неговиот придонес кон усвојувањето на одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија од страна на Советот на ЕУ и потоа потврдена од Европскиот совет во март оваа година.„Зеленото светло за почеток на преговорите со Северна Македонија беше демонстрација на подготвеноста на ЕУ да презема стратешки и визионерски одлуки, дури и во предизвикувачките и тешки времиња на соочување со кризата предизвикана со Ковид-19. Како Европејци заедно се соочуваме со предизвикот на вирусот и високо ја цениме итната ЕУ-помош дадена за нашата земја, како и за целиот регион. Ова е вистинското време ЕУ и земјите кандидати сериозно да ги разберат значењето и важноста на солидарноста и меѓусебната соработка и заедно рака под рака да ги надминат социо-економските последици од пандемијата“, истакна Османи посочувајќи дека одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината ќе биде охрабрувачка порака и кон другите земји од регионот да направат сè што е во нивна моќ и што е потребно во исполнување на реформите и постигнување компромиси за надминување на билатералните спорови.Во оваа насока Османи со Борел разговара и за заедничките напори што високиот претставник ги прави заедно со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, за нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово.„Успехот на дијалогот Приштина – Белград, кој се одвива во Брисел, ќе придонесе во надминување на разликите и создавање стабилен и безбеден регион како основа за зголемување на регионалната економска соработка. Можете да сметате на Северна Македонија како на стабилен партнер во регионот, земја што е секогаш подготвена во рамките на своите можности да ги помогне ваквите напори“, потенцира Османи на средбата пренесувајќи му ги притоа на високиот претставник приоритетите на надворешната политика, со особен осврт кон добрососедските односи и поддршката на регионалните иницијативи.„Убеден сум дека Вашето ценето политичко искуство и ангажман ќе придонесе за натамошно зајакнување на улогата на ЕУ на глобалната сцена. Дозволете ми исто така да Ве уверам дека особено по зачленувањето на Северна Македонија во НАТО како нејзина 30-та членка, целосно сме подготвени и посветени да ги поддржиме Вашите напори во оваа насока, за натамошно зајакнување на европската и трансатлантската безбедност. Што и да ни носи иднината, Северна Македонија цврсто реши да биде упорна во целта да стане европска демократија управувана од вредности и принципи, како што се владеењето на правото и почитувањето на човековите права“, беа пораките на Османи на средбата со Борел.Средбата Османи – Борељ се случува во исклучително динамично време за европските аспирации на Северна Македонија во пресрет на усвојувањето на преговарачката рамка и закажувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство како официјален почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Македонија | пред 5 години

gradonacalnik

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски упати честитка по повод 28- Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.– Почитувани припадници на Бошњачката етничка заедница, Ви упатувам искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и Ви посакувам празникот да го минете во   добро  расположение и  среќа  во кругот на семејството. Бошњаците  почитувајќи ги своите традиции и култура се значаен дел од нашето мултиетничко општество и  потврда за  обединетост и сплотеност  во нашата заедничка држава.  Водејќи се од принципите на разбирање и толеранција успешно  се насочуваме кон градење европска  иднина која ја посакуваме за себе и своите деца. Продолжуваме  да работиме на подобрување на севкупните услови за живеење на сите граѓани  за кои Република Северна Македонија е  нивни дом вклучувајќи ги и Бошњаците– стои во честитката од градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски до Тимоние: Старо-новата влада без конкретни мерки и проекти и во новиот мандат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес заедно со Игор Николов, остварија средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.На средбата разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од КОВИД 19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Имено тој укажа на фактот дека власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден се повеќе се осиромашува.- ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја усмерат Република Македонија на вистинскиот пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.Претседателот Мицкоски му се заблагодари на францускиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ искажува благодарност за залагањето на Тимоние, неговото вистинско пријателство кон македонската држава и за сета помош која ја доби државата од неговото делување.

Македонија | пред 5 години

dsc003

Николоски и Ѓорчев учествуваа на Политичкото Собрание на Европската народна партија(ЕПП)

Европската народна партија (ЕПП) денес одржува Политичко Собрание, со кое претседава Претседателот Доналд Туск. Заради состојбата со корона кризата Политичкото Собрание се одржува преку видео конференција.ВМРО-ДПМНЕ учествува во истото преставена од Потпретседателот Александар Николоски и меѓународен секретар и член на ИК Владимир Ѓорчев.На Политичкото Собрание Николоски имаше свое обраќање во кое ги информираше партиите членки на ЕПП за недемократската атмосфера во која поминаа изборите на 15ти Јули, поткупот на гласачи, директен и институционален, притисокот врз гласачите, како и нееднаквиот пристап за промоција на својата програма и кандидати кои го имаше ВМРО ДПМНЕ заради злоупотребата на вонредната состојба од страна на СДСМ.Николоски информираше за активностите кои ги има партијата како и протестите кои ги организира, како и за корупциските скандали кои ја следат Владата на Заев.На Политичкото Собрание се зборува за состојба во Медитеранот, судирот во Нагорно Карабах, корона кризата, како и извештаите на ЕПП и следните активности.Политичкото Собрание продолжува во текот на денот.

Македонија | пред 5 години

policajka

Полицајка се сликала полугола во униформа, внатрешна контрола и отворила дисциплинска

Полицајка се сликала полугола во униформа и фотографија ја објавила на социјалните мрежи, а Одделот за внатрешна контрола поведе дисциплинска постапка против неа. Иако заматени, на фотографијата се гледаат ознаките на полицијата, откопчана кошула и краватата меѓу градите.Полициската службеничка е вработена во министерството пред 11 години, и работи во Одделот за гранични работи и миграции пишува А1он.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате“, велат кратко од МВР.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар ја реконструира улицата Салвадор Аљенде

Денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид во градежните активности на улицата „Салвадор Аљенде“ бр. 32 и 34.Оваа улица се наоѓа на почетокот на рекреативно-планинарската патека на Водно и веднаш под Бирото за јавна безбедност.На површина од 1057.5 метри квадратни ќе биде поставен нов коловоз и за првпат жителите во овој дел на Центар, ќе добијат нова комплетно асфалтирана улица.  Исто така, одводнувањето на површинските атмосфрески води ќе биде во самиот канал што се наоѓа во непосредна близина на улицата.Во овој реон на Центар, досега се реконструирани улиците: „Караорман“, „Бигла“, „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“, „Питу Гули“, „Загребска“ и „Периша Савелиќ“.Општина Центар продолжува со активности за реконструкција на улици кои ќе придонесат за обезбедување подобри услови за живот на граѓаните, како и хуманизирање на просторот со побезбедни услови во сообраќајот и во интерес на жителите.

Скопје | пред 5 години

mijalkov

За Мијалков набргу застарува едно дело, па наместо за три, ќе му се суди за две дела

Во февруари 2021 година застарува едно од трите дела за кои во овој случај е обвинет ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков. Станува збор за делото примање награда за противзаконско влијание, за што е предвидена казна затвор до три години.  Под претпоставка, судењето во прв степен да заврши до крајот на годината, додека второстепениот суд да закаже седница и да одлучи, што е тешко да се случи до февруари в година, извесно е дека за поранешниот шеф на УБК, ова дело ќе застари, Објави prizma.mk.Сепак, Мијалков и натаму ќе остане на обвинителна клупа, но, наместо за три, ќе му се суди за две дела: злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, за кои се предвидени подолги рокови на застареност. Но, ова директно би ја намалило и вкупната казна во случај поранешниот шеф на тајната полиција да биде осуден.За Мијалков, кој во последно време стана активен на социјалните мрежи откако отвори фан-страница, покрај овој случај, има активни уште три предмети: „Tрезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.Мијалков во последниот беше осуден на тригодишна затворска казна, но Апелација ја укина пресудата и предметот го врати на почеток. Другите два почнаа од почеток поради смена на поротничка односно поради протек на 90 дена без одржано рочиште.Текстот во целост на: prizma.mk.

пред 5 години

turska_pasos_epa

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана исправа​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 25 август, при поднесување на барањето за продолжување на дозволата за привремен престој во земјава по основ вработување, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена преправка така што биле заменети оригиналните страници со податоци и фотографија на обвинетиот.

Македонија | пред 5 години

hasani

Хасани: Наскоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест

Новиот заменик-министер за здравство Илир Хасани денеска на Фејсбук се пофали дека наскоро ќе може да се оди на кафе во Приштина без ПЦР тест за коронавирус. Хасани официјално стапи на функцијата пред четири дена, кога ја презеде функцијата од досегашниот заменик-министер Арменд Арслани.„Наскоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест“, напиша Хасани на Фејсбук.Вчера, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се водат разговори меѓу земјите од регионот за да се отворат границите без ПЦР тестови. 

Македонија | пред 5 години

ohrid-Andrej

Планот за управување со сливот на Охридско Езеро презентиран на национален консултативен состанок во Северна Македонија

Денес нацрт планот за управување со сливот на Охридско Езеро беше презентиран на националниот консултативен состанок пред повеќе од 40 преставници на надлежни министерства, јавни институции , локални власти и невладини организации. Планот е изработен од во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект, реализиран преку Глобалнот партнерство за води -Медитеран (ГВП-Мед) во периодот од 2 години и истиот е поткрепен со Програма на мерки за заштита и одржливо управување со прекуграничниот слив на Охридско Езеро, значаен воден ресурс и за Северна Македонија и за Албанија.Охридско Езеро е жешка точка на биодиверзитетот со повеќе од 300 ендемски видови и е регион под заштитата на УНЕСКО конвенцијата. Сливот на Охридско Езеро е живеалиште на околу 170.000 жители кои водат економски активности како рибарство, земјоделие, производство на хидро енергија и туризам. Во последните години Езерото се соочува со предизвици како што се намалување на рибниот фонд, еутрофикација и урбана деструкција.За да се совладаат токму овие предизвици Планот за управување со сливот на Охридско Езеро, кој е само втор заеднички план во прекуграничните басени на Балканот,  е изготвен преку размена на податоци на прекугранично ниво и спроведување на заеднички мониторинг на водите на езерото, како и спроведување економска анализа и анализа на екосистемските услуги во регионот. Изготвувањето на овој план беше еден од петте пилот проекти и мерки во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект, кој промовира подобрена прекугранично управување со басенот на реката Дрим.“ Планот е резултат на две годишен процес низ кој за прв пат се собрани и анализирани податоци од двете стран, вклучувајќи научни, социоекономски и легистлативни податоци од двете земји. Планот е изготвен во склад со Европската рамковна директива за води и националното законодавство на Албанија и Северна Македонија. Планот ,заедно со подобрениот план за Преспанското езеро ќе биде и интегрален дел на Планот за управување со целиот Дримски Басен.” – изјави Илбер Мирта, Раководителот на Секторот за води во Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна  Македонија.На консултативниот онлајн состанок преставниците позитивно го коментираа значењето и содржината на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро како клучно потребен чекор за обезбедување на заштита и одржливо управување на овој значаен екосистем и ги потенцираа заедничките предизвици и потребата за меѓусекторска соработка помеѓу двете земји во ремките на Европската рамковна директива за води.Што е најзначајно, овој План воедно содржи повеќе од 100 мерки кои треба да бидат превенција од натамошна деструкција врз езерото, мерки кои промовираат одржлива употреба на водите, кои ќе го подобруваат квалитетот на екосистемот и ресурсот и мерки кои ќе контрубуираат во справувањето со поплави и суши во басенот.Во наредниот месец ваков состанок ќе одржат и албанските институции по што ќе се премине кон финализирање и усвојување на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро.*Изработката на Планот за управување со сливот на Охридско езеро е една од 5 пилот активнсоти во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект кои се имплементира преку United Nations Development Programme (UNDP) и се спроведува од  Global Water Partnership – Mediterranean (GWP-Med) во партнерство соUnited Nations Economic Commission for Europe (UNECE).     

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 48 нови случаи на ковид 19, починаa 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3,  Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1.Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303. Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6901, активни 681• Куманово 1748, активни 181• Дебар 285, активни 43• Штип 1251, активни 51• Прилеп 670, активни 131• Тетово 1425, активни 169• Струга 664, активни 52• Велес 319, активни 34• Битола 296, активни 58• Охрид 421, активни 44• Кавадарци 236, активни 49• Гостивар 928, активни 99• Гевгелија 125, активни 51 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 234, активни 151• Крива Паланка 107, активни 27• Радовиш 76, активни 15• Крушево 20, активни 3• Кочани 349, активни 152• Пробиштип 111, активни 20• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 92, активни 13• Пехчево 44, активни 4• Берово 102, активни 38• Валандово 31, активни 22• Виница 110, активни 29• Делчево 160, активни 86 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 0• Свети Николе 343, активни 38• Кичево 324, активни 38• Ресен 164, активни 16• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 387 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со PCR метода -104, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца  и 7 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 57• Гази Баба – 77• Аеродром - 107• Карпош – 86• Центар – 97• Кисела Вода – 78• Ѓорче Петров – 52• Бутел - 30• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 9• Сарај – 11• Арачиново – 7• Илинден – 28• Сопиште – 2• Чучер Сандево – 5• Петровец – 7• Зелениково - 2• Странец – 7• Нераспределен-2

Македонија | пред 5 години

spasovski-1

Спасовски: „Безбедни семејни зони“ за заштита на бремените жени и децата до тригодишна возраст

Во проектот „Безбедни семејни зони” посебно е значајно што овој проект е насочен за заштита кон децата кои учествуваат во сообраќајот и бремените жени, кои исто така учествуваат во сообраќајот. Преку реализација на овој проект се праќа силна порака за заштита на бремените жени и децата до 3 годишна возраст, проект што овозможува дефинирање безбедни семејни паркинг зони, на кои ќе можат да паркираат бремени жени или родители на деца до 3 годишна возраст.Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод обележувањето на паркинг местата за проектот „Безбедни семејни зони” во реализација на АМСМ, во соработка со МВР, Градот Скопје и ЗЕЛС.Овој проект, информира тој, е во фаза на имплементација целосно во Скопје, а ќе се продолжи со негова имплементација и во Велес, Куманово, Охрид и други, со цел на територијата на целата држава да го имплементираме проектот и на тој начин, потенцира Спасовски, да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

gordana

Димитриеска Кочоска: Третиот пакет на мерки се реализираше само 13%, затоа е потребен 4 пакет, кој е резултат на претходната неспособност и расипништво

Помпезно најавуваниот предизборен трет пакет на мерки во износ од 355 милиони евра заврши со реализација на 47 милиони евра односно не цели 13% реализација и тоа за предизборен поткуп на населението кое што владата многу сакаше да го помогне, за да 1 месец по избори го опустоши со растот на цената на електричната енергија кој што е висок трошок за секое македонско семејство, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Изостана поддршката на фирмите за вработените и токму 4 пакет на мерки е доказ дека истата не беше реализирана со третиот пакет мерки и доказ дека на оваа влада функциите и фотељите им беа поважни од спасување на македонската економија.Правилното буџетско планирање се заснова на правилна оцена на состојбите во економијата, на правилна антиципација на идните движења и мерки кои нема да бидат ад хок мерки, туку мерки кои ќе имаат долготрајно и системско значење. Ако беше така немаше да ни требаат 4 пакети на мерки туку еден до два, ама вредни во обем и со навремена интервенција.Потребна е реализација на мерки за спас на економијата а не гол популизам, зошто изборите завршија.Треба да се направи реална анализа колку од 4 пакет мерки се наменети за стопанството и губењето на работни места.Вчера видовме дека пензионерите со пензија до 15,000 денари ќе добијат картички во вредност од 9,000 денари еднократно. Откако пред три години го изменија законот за исплата на пензии и им скратија дел од нивната пензија која законски им следуваше и откако ја зголемија електричната енергија сега им предвидуваат мерка помош. Им помагаат на оние од кои повеќе  зедоа отколку што ќе им дадат?Колку ќе помогнат на еден самохран родител со двајца ученици, кој едвај врзува крај со крај и сега треба да купи два компјутери а добива само 9,000 денари еднократна помош. Па барем да добиеја викенд без ДДВ ама навистина викенд без ДДВ можеби и ќе успееја нешто да направат.За студентите ништо, ама баш ништо не направија особено за оние од ранливи категории кои сега треба да плаќаат и партиципација на факултетите.Дали Владата размислува за граѓаните, оние 40.000 кои што ги изгубија работни места во јули и август а сега откако ги објавија мерките тие граѓани ќе имаат надеж, очекување дека некој ќе ги врати на работа. Што ќе се случи доколку работодавците сепак одлучат да не ги вратат. Губењето на работа не е детска игра. Тоа е нечија судбина, нечиј живот.65 милиони евра ќе биле пласирани на стопанството од страна на комерцијалните банки за кои државата ќе гарантира со 10 милиони државна гаранција. А остатокот кај комерцијалните банки кој ќе го покрие? Кој ќе го преземе ризикот?Ова значи дека повторно само оние компании кои до сега со банките имале кредитна историја ќе можат да ги користат овие поволности. За малите компании повторно ништо.Почитувани, откако ги дадоа картичките како предизборен поткуп,  ја покачија струјата, зошто во економијата е јасно сметката некој треба да ја плати.  После ваков сет на мерки кој нема да влијае на подобрување на економијата ни останува да чекаме повторно повисоки сметки. Се поставува прашањето каде ќе имаме поскапувања?Со оваа влада нема ништо добро за бизнисот и граѓаните, туку само за мафијата.Македонија губи со мафијата на власт.Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да падне, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Претставата „Чао пријатно“ денеска ја отвора „Гола месечина“

Со претставата „Чао пријатно“ вечерва почнува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“, кој годинава ќе се одржи на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар.Оваа година, заради утврдените протоколи за организирање манифестации од отворен карактер, ќе има карти, кои ќе бидат беспатни и во ограничен број,  а нивното подигнување ќе се врши од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ од 10:00 до 14:00 часот секој ден за претставите што се на репертоар за тој ден. Едно лице може да подигне две карти со лична карта за една претстава. Претставите почнуваат  во 20.00 часот, а вратите за посетителите ќе бидат отворени од 19:00 часот. Фестивалот ќе трае до 3 октомври.„Гола месечина“ овој пат ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Фестивалот е во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“.

Скопје | пред 5 години

gradinka-2

Уште една воспитувачка во Битола е позитивна на Ковид -19

Уште една воспитувачка од градинкaта „Коца Василева“ во Битола е позитивна на КОВИД-19, но овој случај не се поврзува со претходно заболена колешка од оваа градинка, потврдија од градинката за Телма.Таа се заразила надвор од работното место, од незјниот сопруг.Откако тој ги имал првите симтоми вопитувачката од четвртокот не одела на работа и самоизолирала. Тестирањето во саботата потврдило дека и таа и сопругот се позитивни на коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

mobilen-telefon

Охриѓанец жртва на измама, полицијата апелира: „Не наседнувајте на вакви информации“

На 27.09.2020 во 22.10 часот во СВР Охрид, 76-годишен жител на Охрид пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари. Според пријавеното, околу 15.00 часот лицето му се јавило на неговиот мобилен телефон и му соопштило дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, според пријавеното, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна. Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и по кратко време пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари.СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица.

Македонија | пред 5 години

platforma

На првиот тест падна „Националната платформа за далечинско учење“

Учениците ширум земјава од денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако викендов им беа доделени лозинки со кои им е овозможен пристап до неа.Од утрово единствената порака која учениците, родителите и наставниците си ја разменуваат е: Системот е паднат, не можеме да се логираме!Од Министерството за образование и наука смируваат, односно велат дека тоа е дел од тестирањето и станува само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.-Ова е очекувано, затоа служи тестирањето, тоа е поентата, да се види издржливоста на платформата – велат од МОН, додавајќи дека не станува збор за некаков проблем со платформата, објави „Слободен печат“.Министерството за образование ги информираше родителите дека треба да се има интернет приклучок во домот на детето и дека неговиот компјутер (лаптоп) треба да биде минимум седма генерација i3 процесор, на минимум 1,6 GHz или еквивалетен AMD процесор, минимум 4 GB RAM меморија, хард дискот треба да има минимум 128 GB SSD, екранот да има минимум 1024 х 768 резолуција, минимум 128 MB графичка меморија, оперативниот систем да биде Windows 8.1 или Windows 10, уредот да има USB 2.0 видео камера или стандардна лаптоп камера, а исто така треба да има звучници и микрофонИли во денари ова значи минимум 15.000 денари за настава без проблем за едно дете.извор: press24.mk

Македонија | пред 5 години

studenski-dom

Левица: Три недели Владата доцни со конкурсот за студентски легла

На само три дена од одложениот почеток на учебната година, не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата истиот требаше да биде објавен пред три недели. Стотици студенти се во неизвесност и стрес заради можното отсуство од наставата, а според досегашната динамика на работа на надлежното министерство – реално е да очекуваме дека стотици студенти ке ги пропуштат првите два месеци од академската година, се вели во соопштението од Левица.МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија, наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани.Во изминативе шест месеци, ресорното министерство ‘успеа’ да објави Конкурс за студентско сместување на 28.07.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите кои зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.09.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собрание) Предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог, на студентите и учениците кои конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите.За да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.По овој план, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Со ова темпо на динамика на решавање на круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, додека учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

И за казината добија субвенции – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие ќе бидат ослободени од надоместоците што ги плаќаат кон државата во износ од две третини.„За секторот игри на среќа е предвидена мерка ослободување во висина на две третини од законски пропишаниот износ за приредувачите на игри на среќа. Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат една третина од надоместоците за автомат рулети и маси, односно фиксните маси, и сите други фиксни маси. Државата им даде наредба да работат со една третина вкупен број на гости, согласно тоа и лиценцата ќе се плати една третина“, објасни премиерот Зоран Заев.Ослободувањето од дел од давачките на коцкарниците е 29 – та мерка од четвртиот сет мерки кои Владата ги усвои за помош на граѓаните и на стопанството.Казината добија дозвола да продолжат со работа во јуни, а беа затворени на средината на март кога се затворија и границите. Комисијата за заразни болести усвои посебни протоколи кои дозволуваат да има еден човек на пет квадратни метри со задолжително носење маска и одржување дистанца.

Македонија | пред 5 години

bezoska

Ангеловска-Бежоска за МРТ: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Македонската телевизија. „Во услови на проектиран пад на економската активност во оваа година, не се очекуваат инфлациски притисоци предизвикани од страна на побарувачката. Оттаму, централната банка, со априлските проекции, за оваа година проектираше инфлација од околу 0%, а потоа постепен раст на цените кој што би достигнал до 2% на среден рок. Значи зборуваме за умерена, ниска и стабилна инфлација. Ако ги погледнеме остварувањата за првите осум месеци од оваа година, инфлацијата во просек е 0,8%, со позитивен придонес кај цените на храната, а при негативен придонес на цените на енергентите, во услови на голем пад на цените на енергентите на светските берзи, особено на цените на нафтата. Оттука, за оваа, па и за наредната година и на среден рок не би требало да има позначајни инфлациски притисоци.“ – посочи Ангеловска-Бежоска. Во однос на економската активност, гувернерката истакна дека остварувањата на македонската економија во вториот квартал од оваа година се согласно со очекувањата на Народната банка. „Многу е битно што ќе се случува понатаму. Не само од здравствен аспект, туку битни се и случувањата кај економиите коишто се трговски партнери на нашата економијата, како и ефективноста на макроекономските политики во ублажувањето на негативните ефекти од ковид-кризата.“ – порача Ангеловска-Бежоска. Инаку, како што кажа таа, октомврискиот циклус на макроекономски проекции штотуку започна и откако ќе биде завршен, Народната банка ќе соопшти и поконкретни видувања и очекувања за претстојниот период. Во интервјуто, гувернерката се осврна и на пристапот до девизна ликвидност во евра, којшто на Народната банка ѝ е овозможен преку посебен инструмент на Европската централна банка и е исклучително значаен, бидејќи подразбира брз пристап до ликвидност во евра доколку е потребно. Тековно, каматната стапка за користење на средствата овозможени од ЕЦБ е 0%. „Ова остава простор и за порелаксирана монетарна политика, којашто секако дава значаен придонес во одржување поповолни финансиски услови – монетарна политика којашто помага за кредитна поддршка и за населението, и за компаниите, и овозможува кредитирањето да се остварува под поволни финансиски услови.“ – напомена Ангеловска-Бежоска. Во услови на солиден раст на депозитите коишто претставуваат главен извор за финансирање на кредитите, како што посочи гувернерката, продолжува трендот и на солиден кредитен раст при поголема фокусираност на банките кон корпоративниот сектор. „Притоа, нема затегнување на каматните услови, наспроти затегнувањето на странските финансиски пазари – просечната каматна стапка на кредитите, оваа година продолжува да следи умерена надолна траекторија.“ – истакна Ангеловска-Бежоска. 

пред 5 години

branimir-jovanovic

Јовановиќ: 7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки

Професорот Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил го искоментира четвртиот пакет на економски мерки воведен од Владата и истакна 7 прашања поврзани со него.7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки, напиша Јовановиќ.1. Зошто поддршката за плати повторно ќе се дава преку фирмите, наместо да се дава директно на работниците, и дали повторно ќе видиме како овие пари завршуваат кај газдите на фирмите наместо кај работниците?2. Дали еден од условите за добивање на оваа поддршка ќе биде фирмата да немала висока добивка во претходната година, или повторно најмногу пари ќе добијат „Систина“, „Брако“, кладилници, казина и фирми од зоните кои не плаќаат даноци?3. Зошто на загрозените граѓани повторно им се даваат само платежни картички од 6.000 денари, наместо да се вклучат во постојниот систем на социјална заштита и да добиваат поголема поддршка на подолг период?4. Зошто од 470-те милиони евра, колку што е целиот пакет, за загрозените граѓани се само 27,6 милиони евра преку платежни картички, односно само 6%?5. Зошто во пакетот нема мерка за купување таблети за учениците кои немаат услови за онлајн настава, кога за тоа би биле потребни околу 5 милиони евра, односно, 1% од целиот пакет?6. Зошто нема мерка за поддршка за онлајн продажба и онлајн работење на самовработените и малите фирми?7. Колкава буџетска дупка ќе се направи со сите најавени даночни намалувања и како таа ќе се покрива?“, напиша Јовановиќ. https://www.facebook.com/brantscho/posts/10157620154457078

Македонија | пред 5 години

dzaferi

Претседателот на Собранието го честита Денот на Бошњаците Претседателот на Собранието го честита Денот на Бошњаците

– Претседателот на Собранието Талат Џафери лично и во име на пратениците и го честита на бошњачката заедница во Република Северна Македонија Меѓународниот ден на Бошњаците.– Верувам дека овој историски датум кога Првиот бошњачки Сабор ја усвоил Декларацијата за враќањето на историското име Бошњак, а мајчиниот јазик е повторно именуван како босански, е датум којшто ве прави горди и ви дава убаво чувство на припадност и за тоа, Ви честитам. Сакам преку оваа честитка да ја укажам мојата почит и поддршка за бошњачката заедница во Република Северна Македонија, која е неделив дел од ткивото на нашето општество, ценето и вреднувано по своите особености, јазик, традиција, култура и обичаи меѓутоа, над сè, поради својот значителен придонес во развојот на државата, пишува Џафери во честитката. Убавината на мултиетничките општества, додава претседателот на Собранието, е во богатството од култури и традиции и нивната промоција, нивното негување, почитување и заедничко споделување, само го збогатува уште повеќе општествениот живот на државата, и го разубавува секојдневието на нашите граѓани.-Заедничкото споделување и меѓусебното запознавање значи и заемно почитување, и тоа е единствениот начин за градење  успешна приказна за Република Северна Македонија. Се надевам дека со заеднички сили ќе продолжиме да го градиме и реформираме нашето општество на патот кон Европа, како држава која живее во европски дух, пишува Талат Џафери во честитката до бошњачката заедница во земјава.

Македонија | пред 5 години

policija-123

30 дневен притвор за напад врз службени лица

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи –  ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против десет лица од Прилеп поради постоење основано сомневање дека како соизвршители го сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 Кривичниот  Законик.Осомничените на 24.9.2020 година,  околу 20.00 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот ”Св Ѓорѓија” село Присад, со употреба на сила физички нападнале пет службени лица – полициски службеници од Полициско одделение Чашка, кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат на  спречување и откривање на кривично дело и фаќање на сторители на кривично дело. Оштетените полициски службеници при вршење на службени дејствија забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Притоа, едно патничко моторно возило избегало, а другите две патнички моторни возила од кои едното марка Гранд Чироки, а другото марка Лада Нива биле сопрени и било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва. Додека полициските службеници  изготувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петте полициски службеници и службеното возило на полицијата. Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите оштетени се задобиле со телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот со решение, на осомничените им определи мерка притвор траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања