Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

(ВИДЕО) Отворен првиот велоштад во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, денеска го отворија првиот плоштад за велосипеди во Скопје – Велоштад, кој произлезе како резултат на спроведената ревизија на велосипедски политики која Град Скопје ја спроведе со целосна поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка(ГИЗ).Имам големо задоволство да го отвориме првиот ВЕЛОШТАД - плоштад за  велосипеди  во нашиот град, овде кај Железничката станица, локација којашто заедно со Скопје Лаб од  11 понудени  ја избраа токму велосипедистите. Овде отвораме за првпат место каде што велосипедите ќе бидат безбедни и ќе може велосипедистите да ги  остават тука и  да продолжат да користат  јавен транспорт или воз и да се можат безбедно да се вратат со велосипед со што овозможуваме комбинирање на урбаното движење во нашиот град. Овој прекрасен мурал зад нас е изработен со целосна поддршка на Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во РСМ и токму заради тоа амбасадорот Дејвид Гер е денеска тука со нас на пуштањето во употреба на овој нов функционален простор за скопските велосипедисти. Сервисната станица која е поставена тука ја добивме од нашите долгогодишни вело партнери од Стопанска Банка – рече Шилегов.Тој додаде дека ова е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики  со кои им се им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар од каде што ќе можат да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП Скопје.Велоштадот  покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој простор.Преку своите јавни претпријатија Градот Скопје се вклучи и во дополнително уредување на овој простор  за да се добие една функционална целина која ќе биде и естетски убава и доволно привлечна за граѓаните за тие да го минуваат своето време тука.Град Скопје и понатаму посветено да ја гради својата мрежа на вело патеки, во континуитет се поставуваат паркиралишта за велосипеди на различни локации во градот, и продолжува да вложува во одржливата урбана мобилност и на тој начин  се грижи за животната средина во нашиот град.

пред 5 години

mila-carovska

Царовска: Бојкот на онлајн-наставата не носи добро за децата

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска. Родители на деца речиси од сите делови на државата, револтирани од тоа што нивните училишта биле одбиени за настава со физичко присуство, на социјалните мрежи се организираат за бојкот на онлајн-наставата убедени дека така ќе издејствуваат дозвола за настава во училница.„Јас ги повикувам сите родители, сите градоначалници, сите директори на училишта, да седнат и заеднички да ги надминуваат прашањата. Тоа што ќе се бојкотира наставата не носи добро за идните генерации на таа општина. Не носи добро за децата. Децата сакаат да бидат стимулирани, дали со физичко присуство, дали кратко ќе се приклучат на онлајн-платформата, дали ќе добијат материјал, сепак во континуитет се стимулираат на знаење и позитивни информации што не сите деца ги имаат. Дајте да им овозможиме на децата да бидат стимулирани“, рече министерката Царовска.Таа нагласи дека училиштата што не добиле позитивен одговор за настава со физичко присуство не е затоа што некој не сакал, туку затоа што здравствената и епидемиолошка состојба е ризична или поради тоа што се премногу деца во мал простор.„Ние што би направиле? Да почнат една недела и да бидат заразени и после тоа, да нема место во болниците? Тоа не е решение за мене. Да одиме безбедно, чекор по чекор“, вели министерката Царовска и повикува граѓаните да ги почитуваат одлуките на здравствените власти.На социјалните мрежи, пак, родителите се организираат за протест против онлајн-наставата, а има и предлози на 1 октомври сите родители децата да ги однесат во училиштата, без разлика на одлуките за настава од далечина.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Турски државјанин со мобилен телефон украл 11.000 евра

На 28.09.2020 во СВР Битола, Х.Д. од Република Турција, со привремено живеалиште во Битола пријавил дека на 23.09.2020 лицето Н.О. – турски државјанин со привремен престој во Битола ја искористил неговата невнимателност и од неговиот мобилен телефон електронски од негова сметка префрлил 11.000 евра на своја сметка. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 5 години

korona-test

112 нови случаи на ковид 19 и починати 8 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-8, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-10, Струга-6, Велес-4, Битола-3, Охрид-10, Кавадарци-2, Гостивар-13, Гевгелија-11, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-3, Кичево-3, Ресен-1.Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6948, активни 683• Куманово 1755, активни 180• Дебар 285, активни 43• Штип 1252, активни 49• Прилеп 673, активни 126• Тетово 1426, активни 159• Струга 669, активни 49• Велес 323, активни 34• Битола 303, активни 62• Охрид 426, активни 39• Кавадарци 236, активни 47• Гостивар 931, активни 89• Гевгелија 125, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 242, активни 154• Крива Паланка 107, активни 25• Радовиш 79, активни 16• Крушево 20, активни 1• Кочани 353, активни 152• Пробиштип 112, активни 20• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 93, активни 12• Пехчево 44, активни 3• Берово 103, активни 36• Валандово 32, активни 22• Виница 111, активни 28• Делчево 161, активни 78 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 25, активни 1• Свети Николе 347, активни 39• Кичево 326, активни 37• Ресен 165, активни 16• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1372 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-276,  Биотек-184, МАНУ -184, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете  и 1 мајка суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 57• Гази Баба – 79• Аеродром - 102• Карпош – 88• Центар – 98• Кисела Вода – 84• Ѓорче Петров – 52• Бутел - 26• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 6• Сарај – 12• Арачиново – 7• Илинден – 29• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 5• Петровец – 6• Зелениково - 2• Странец – 7• Нераспределен-3

Македонија | пред 5 години

w_56083030

ИЈЗ за период 21-27.09.2020: Намалување на бројот на новозаболени и починати лица, зголемување на бројот на оздравени

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 21 до 27 септември 2020г., тестирани се вкупно 9.691 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 0,3% повеќе во однос на минатата недела.Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9.2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (n=172; 19,3%), 50-59 (n=161; 18,1%), 30-39 (n=152; 17,1%) и 20-29 (n=121; 13,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=72; 8,1%).Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1%), регистрирани се 138 (16,0%) хоспитализирани, а кај 231 (26,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.Од вкупниот број на нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11% во однос на претходната недела.Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, 4 на возраст од 50-59 и еден од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Сovid-19 во Република Северна Македонија 21-27.09.2020г.,  како и Кумулативната состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

kardiloski-ok

Користите го срцето за да ги победите кардиоваскуларните болести!

Денеска се одбележува 29 септември – Светскиот ден на срцето. Светската здравствена организација препорачува: практикување физичка активност, здрава исхрана, соодветна хидратација и квалитетен сон, како и одржување на социјалните контакти и редовна комуникација со семејството и пријателите, сега со целосно придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.Светската федерација за срце (World HeartFederation) , која го востанови и секоја година на 29ти Септември   го организира  Светскиот ден на срцето ,  оваа година на својата веб страна  напиша: Ние не знаеме во која насока пандемијата ќе се движи во иднина, но знаеме дека грижата за нашите срца  токму сега е поважна од било кога, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид објави совети за превенција и заштита од КОВИД 19.Годинешното мото на светскиот ден на срцето е:Користите го срцето за да ги победите  кардиоваскуларните болести!Користете го срцето....за заедницата, вашите сакани, за вас,Користете го срцето за подобри избори,Користете го срцето за да го чуете своето срце,Користет го срцето за да се вклучите,Користет го срцето за да им се заблaгодарите на здравствените професионалци...Ние како институција која близу четири децении се грижи за кардиоваскуларното здравје на илјадници пациенти од градот, регионот и државата и годинава се приклучуваме кон одбележувањето на овој ден.Во околности кога сите треба да дадеме свој допринос во спречување на ширење на заразата со Ковид 19, годинава ќе изостане нашето  на овој ден традиционално присуство меѓу граѓаните на Охрид на градскиот плоштад, каде вообичаено се правеа базични проверки и се делеа совети  поврзани со кардиоваскуларното здравје од страна на наши тимови .Потсетуваме дека КВБ се причина број еден за смртност на планетва.Тие имаа бројни причинители, од добро познатите како: дијабет, покачен крвен притисок, гојазност, пушење, па до помалку познати како: аерозгадување и други ретки и занемарени состојби ( кардијална амилоидоза, болеста на Chagas и  др.)Во време на КОВИД 19 пациентите со КВБ се соочуваат со двојна закана- не само што се во ризик да развијат потешки форми на болеста туку тие можат и да се плашат да ја побараат потребната грижа за нивното кардиоваскуларно здравје!Ги потсетуваме сите кои имаат потреба од нашите медицински услуги поврзани со кардиоваскуларните болести, дека сме тука за вас. Со доследна примена на сите потребни мерки за заштита, здравјето на пациентите и на медицинскиот персонал нема да биде  во ризик!

пред 5 години

naum-7

Стоилковски: „ШИК ЈЕЛАК“: Заев призна дека мотивирал ДУП и гласање за него

Зоран Заев нарачува гласање за Детален Урбанистички План, Зоран Заев е мотиватор за носење на Детален Урбанистички План, Зоран Заев во февруари издејствувал согласност од Владата за Детален урбанистички план, Зоран Зaев е „aлфа и oмега“  во мега  аферата  „ШИК Јелак-Тетово“, истакна Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев вчера јавно призна дека стои зад сиот скандал со „ШИК Јелак“ во Тетово.Зоран Заев останува недопирлив за овој корумпиран правен систем којшто сам го воспостави во Македонија.Ова е скандал со кој што на контроверзниот балкански бизнисмен, а според многумина руски играч во регионот, Миодраг Давидовиќ -Дака, со пари од офшор фирма од Панама, добива огромен градежен имот во Тетово. Според ДУП-от предвидени се дури 27 станбени згради високи до седум ката и четири големи трговски единици, од кои една огромна. Можеби тоа е тој Трговски центар на кој што од Дака, од него е барано како што раскажува да има бензинска пумпа на влезот?И во разговорот објавен на интернет, овој на кој што се повикав, Дака раскажува дека извесен Зоки бил кај него со жена за да „ВЦРТААТ“  бензинска пумпа и што ли уште не.  Почитувани „вцртување“ е израз кој што го користат урбанисти кога се планира Урбанистички план.Затоа ли Дака финансирал референдум, требало да финансира избори, дал 300.000 евра, договорил Бензинска пумпа, внимавајте доделува уште 2000 квадрати од плацот на ШИК Јелак за кој се изгласува ДУП?Зоран Заев почитувани, вчера призна дека бил мотиватор за носење на ДУП, а при консултации, нарачал ДУП-от за „ШИК Јелак“ да мине на тетовскиот совет. А сето тоа откако во февруари истиот ДУП минал низ Владата.ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага, а Зоран Заев мора да одговори за целиот скандал. Тоа што Заев јавно вели дека „нема докази“ не смее да биде појдовна точка за ЈО на Вилма Русковска, доколку навистина сака да остави впечаток дека не дозволува политички УВИД во предметите  во ЈО.Ова е сериозен криминал за кој врвот на мафијата на чело со Заев мора да одговара.Или Мафијата или Македонија, истакна Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Gordana-zatvor

Адвокатката на Јанкулоска: Спроведувањето на Јанкулоска во Идризово е надвор од секоја законска процедура

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура.„ Спроведувањето на Јанкулоска во Идризово е надвор од секоја законска процедура. Знам дека ништо нема да се промени со оваа изјава. Но таа мислам дека вчера околу 15 часот ја примила одлуката и по 10 минути се појавила полиција која и` кажала дека мора со нив во затворот Идризово. Таа е оневозможена да побара одлагање на казната по било кој друг основ, предвиден со закон. Таа нема примено упатен акт, за да е запознаена со терминот кога треба да се јави доброволно и да се спреми за во затворот Идризово”, рече адвокатката Алексиќ.

Македонија | пред 5 години

kanjon

„Така е кога никој не ме прашува“: Се огласи авторот на фотографијата од Лешница што ја објави Еди Рама

На официјалниот фејсбук профил на албанскиот претседател Еди Рама објавена е фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија„ и „Кањон Лешница“ (#BeautifulAlbania, #KanioniLeshnicës). На оваа објава и фотографија реагира тетовскиот планинар Бошко Видоески кој вели дека ова не е снимено во Албанија, туку дека ова е една од т.н. Кривошијски кади на Кривошијска река која се наоѓа на нашата страна од Шар Палнина.„Еди Рама најверојатно не знае дека фотографијата што ја објавил не е кањонот на Лешница во Албанија, туку е водопадот на т.н. втора када на Кривошијска река пред нејзиниот влив во реката Пена и се наоѓаат на македонскиот дел од Шар Планина, а не во Албанија. Јас никогаш не сум бил во Албанија ниту во тамошниот локалитет Лешница за да направам фотографија, но имам многу фотографии од Кривошијската када. па ако се споредат моите фотографии со таа што ја објавил Еди Рама убаво може да се види дека албанскиот претседател погрешил, односно го ‘присвоил’ овој локалитет како тој да е во Албанија. Верувам дека претседателот Рама ова го направил ненамерно или од незнаење, сепак мислам дека овде треба експедитивно да реагира и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи бидејќи станува збор за тенденциозен пост“ вели Бошко Видоески.https://www.instagram.com/p/CFaO5NvghYx/Кањонот Лешница се наоѓа во близина на грчката граница кај патот за Саранда и е заштитено природно подрачје во Албанија.

Македонија | пред 5 години

Mile-Janakieski

Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и извршителите во „Насилство во Центар“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше изречена пресудата за случајот „Насилство во Центар“. Во овој случај обвинет е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.Груевски беше осудена на година ипол затвор за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.Јанакиески доби условна казна, или 1 година затвор ако во наредните 4 години стори друго кривично дело.Обвинетиот Александар Трајковски, пак, условно е казнет или ќе одлежи 9 месеци ако во следните 3 години стори ново кривично дело.

Македонија | пред 5 години

DSC2074

Општина Кисела Вода направи нов парк за домашни миленичиња

Општина Кисела Вода пред влезот на отворениот пливачки базен во Расадник, направи нов парк за миленици.Паркот се простира на површина од околу 420 м2, и истиот е со висина на ограда од 1,6 метри. Во паркот поставена е урбана опрема, осум клупи за одмарање, шест корпи за отпадоци и за собирање на изметот. Поставени се и четири реквизити за милениците.Неодамна, парк за домашни миленици, Општината направи и во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“.Со изградбата на парковите, Општина Кисела Вода докажа дека ги исполнува барањата на граѓаните кои чуваат домашни миленици.

Скопје | пред 5 години

srce

Ден на срцето, Лицата со кардиоваскуларни заболувања да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19

По повод одбележувањето на 29 септември - Светскиот ден на срцето, потсетуваме на препораките од Светската здравствена организација за заштита од вирусот Ковид-19, имајќи предвид дека лицата со кардиоваскуларни заболувања се една од најчувствителните групи.Светската здравствена организација препорачува: практикување физичка активност, здрава исхрана, соодветна хидратација и квалитетен сон, како и одржување на социјалните контакти и редовна комуникација со семејството и пријателите, сега со целосно придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.За лицата со кардиоваскуларни заболувања посебно значајно е практикувањето физичка активност со умерен интензитет, најмалку 150 минути и физичка активност со силен интензитет, минимум 75 минути на неделно ниво или комбинација од двете.Лицата со кардиоваскуларни заболувања доколку забележат симптоми, како што се недостиг од воздух, треска или кашлица, веднаш да се јават кај својот матичен лекар или во болница, и притоа да нагласат дека спаѓаат во ризична група.За да се избегне можноста за инфекција на најчувствителните групи, меѓу кои се и лицата со кардиоваскуларни заболувања, потребно е да продолжат да ја земаат препишаната терапија, да ги почитуваат препораките на лекарите и да обезбедат резерви од терапијата за најмалку еден месец, одржување дистанца со тие со кои стапуваат во контакт и да останат дома доколку се во можност.Воедно, потсетуваме на општите препораки за заштита од ширење на коронавирусот, како што се одржување дистанца од најмалку еден метар, често миење на рацете со сапун и вода, најмалку 20 секунди, особено после кашлање, кивање и секнење на носот, како и употреба на средство за дезинфекција на рацете, што содржи најмалку 60% алкохол. Избегнувајте да ги допирате устата, носот и очите, избегнувајте гужви и слабо проветрени простории и избегнувајте ги сите непотребни патувања.

Македонија | пред 5 години

Brza-pomos-1

(ВИДЕО) Медицинските лица од Охрид и оддаваат последна почит на прерано починатата медицинска сестра и сите жртви од КОВИД 19

Возилата за брза помош на Здравствен дом и возилата од Општа болница од Охрид со свирење и ротација на светло и оддаваат последна почит на  прерано починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на опасниот корона вирус Ковид -19.Димоска имаше само 50 години и беше работно ангажирана во Интерно одделение на болницата во Охрид и ја загуби последната битка со Ковид – 19. Дијана завчера беше погребана на Градските гробишта во Охрид.Неколку едноставни поуки за неширење на вирусот Ковид-19, посочуваат од Општата болница од Охрид. Најсилно оружје против вирусот е нашата свест и одговорност!– Одржувајте хигиена– Избегнувајте групни собири– Држете растојание и носете маска– Хранете се здраво– Спортувајте и бидете позитивниНикој не е отпорен на овој агресивен облик на вирус. Не е важно дали сте млад или стар, богат или сиромав, директор или работник.Дајте нека конечно проработи свеста кај сите нас и нека гордоста и неверувањето ги замениме со горенаведените поуки.Здравјето е најголемо богатство ! 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Отфрлени четири кривични пријави во врска со работењето на ТЕ-ТО

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од Топлификација АД Скопје против четири физички лица (претседател на Управен одбор, нотар, извршител и адвокат) за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и против две правни лица (од Скопје и од Никозија, Кипар) за кривично дело – Оштетување или повластување доверители од член 257 од Кривичниот законик. Со донесеното решение, отфрлена е и кривичната пријава поднесена од тројца акционери во „Топлификација“ АД Скопје, како и пријавата поднесена од Управата за финансиска полиција против едно лице – стечаен управник за кривични дела – Злоупотреба на постапката за стечај согласно член 256 и Злоупотреба на службена положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик. Отфрлена е и кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција против едно физичко лице – претседател на Управен одбор за кривични дела – Намерно предизвикување стечај од член 254 и Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, против две физички лица (нотар и судија) за кривично дело –  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и против едно правно лице од Скопје за кривично дело – Намерно предизвикување стечај од член 254 од Кривичниот законик. Поднесените пријави се отфрлени бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.Претходно, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по една кривична пријава за која сега се произнесува и Основното јавно обвинителство Скопје, донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција против три лица за кривично дело – Перење пари и други приноси од казниви дела според член 273 од Кривичниот законик, како кривично дело за кое е надлежно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Поднесените кривични пријави се однесуваа на евентуални неправилности во работењето на пријавеното лице ТЕ-ТО АД Скопје, кај кое правно лице сопственичката структура со 89,2% е странски капитал, а останатите 10,8% е во сопственост на „Топлификација“ АД Скопје.Во текот на претходната постапка се утврди дека правното лице ТЕ-ТО АД Скопје е основано на 21.12.2004 година со основачки влог 5.000 евра и регистрирана приоритетна дејност – Производство на топлинска енергија. Поради обемот и динамиката на работа, за извршување на својата дејност, правното лице за цело време се финансира преку заеми од акционерите и обезбедени банкарски кредити.Поради финансиски потешкотии во извршувањето на дејноста од неговото основање, исполнети биле условите за отворање стечајна постапка поради идна инсолвентност, која стечајна постапка завршила со реорганизација на друштвото како единствен начин ова правно лице да продолжи да работи и да ја извршува дејноста за која е основано.Овие решителни факти обвинителството ги утврди пред сè од економскиот вешт наод и мислење од релевантно друштво за ревизија, изготвен по наредба на надлежниот јавен обвинител. Воедно при утврдување на сите факти јавниот обвинител ги анализираше и вештачењата и експертизите приложени од ТЕ-ТО и од „Топлификација“.Од целокупната анализа на сите приложени и во текот на постапката обезбедени материјални и вербални докази, како и од правната оценка на кривичните дела произлезе дека со оглед на тоа што акционери во ТЕ-ТО АД Скопје се Топлификација АД Скопје со 27 акции или 10,8%, Битар Холдинг Лимитед од Кипар со 73 акции или 29,2% и Проџект Менаџмент Консалтинг од Британските Девствени Острови со 150 Акции или 60%. Бидејќи сопственик на Проџект Менаџмент Консалтинг е Битар Холдингс Лимитед, во поглед на сопственичката структура на ТЕ-ТО АД Скопје и поврзаните лица, неспорно е дека Битар Холдинг Лимитед од Р.Кипар директно и индиректно со 89,2% од капиталот е сопственик на ТЕ-ТО АД Скопје. При една ваква состојба, правата и обврските помеѓу овие правни лица и нивните меѓусебни побарувања претставуваат предмет на други, со закон регулирани постапки, бидејќи помеѓу тие правни лица се воспоставени деловни односи и истите од кривично – правен аспект не претставуваат предмет на кривично правно постапување. Воедно постапката за отварање и спроведување стечај е регулирана со посебен закон кој претставува Lex specialis, а од анализа на доказите и правната регулатива произлезе дека постапувањето по овој закон во конкретниот случај исто така не претставува основ за кривично гонење.Со оглед на горенаведеното се утврди дека во дејствијата на пријавените физички и правни лица не се исполнети битијата на пријавените кривични дела или на друго кривично дело за кое што се гони по службена должност. Оштетените имаат право на жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од осум дена од приемот на решението.

Македонија | пред 5 години

platforma

МОН: За еден ден на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога започнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина, овој процес е во тек и ќе продолжи интензивно да се одвива и во наредните денови“, соопшти Министерството за образование и наука.Само во текот на вчерашниот ден, на Платформата се најавиле над 88 000 активни корисници.„Истите придонесоа за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од оптоварување на Платформата во оваа фаза на нејзина имплементација. Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани, и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на сервери (Серверите за базите со податоци (database servers); серверите за балансирање на оптоварување (load balancer) и серверите за опслужување на корисниците (web servers)).Тестирањето продолжува и во текот на денешниот ден. Како резултат на истото, посочуваме дека е возможно повремено да добивате порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање“, се наведува во соопштението.Според МОН, овој процес ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование.„Нашата крајна цел е не само да овозможиме континуитет на образовниот процес во вонредни околности, како што е тековниот со пандемијата со Ковид-19, туку да создадеме солидни темели за понатамошно унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес во земјата. Ве охрабруваме да продолжите со поврзување на Националната платформа за учење на далечина и во наредните денови, и редовно да ги следите новите содржини кои ги поставуваме на главната страница ). Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на корисничкото искуство на сите корисници на Платформата“, додаваат од МОН.

Македонија | пред 5 години

120331556_1358248744378927_3165269281276178432_n

„Гола месечина“ стартуваше со многу смеа и позитивна енергија

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ вчеравечер беше свечено отворен, а многубројната публика уживаше во забавната претстава „Чао пријатно“ во која глумат актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски.Фестивалот за отворен го прогласи претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, а свое обраќање имаше и директорот на НУ „Театар Комедија“, Сашо Ристовски.„Гола месечина“ ќе трае до 3 октомври, а оваа година се одржува на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар, според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публиката ќе бидат отворени од 19 часот. Оваа година влезот е со карти, кои се бесплатни и во ограничен број, а нивното подигнување се врши од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ од 10:00 до 14:00 часот секој ден за претставите што се на репертоар за тој ден. Едно лице може да подигне две карти со лична карта за една претстава.Вечерва на репертоар е претставата „Партија реми“ во која играат актерите Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Во Центар безбеден старт на учебната година

Општина Центар, со цел да овозможи безбеден почеток на учебната година за најмалите ученици, изврши дезинфекција на сите осум општински основни училишта на својата територија.Пред почетокот на учебната 2020/2021 година, Општина Центар ги презема сите превентивни мерки за безбеден почеток и отворање на училиштата за учениците што ќе посетуваат настава со физичко присуство од прво до трето одделение.Со цел зголемување на безбедноста и почитување на превентивните мерки, овластена компанија, изврши темелна дезинфекција во внатрешноста и на надворешните делови на училиштата. Со дезинфекција се опфатени сите влезови и излези во училиштето, подовите, ходниците, скалите, тоалетите, просториите за вработените, помошните простории, како и сите работни површини каде што  учениците ќе имаат контакт при следење на наставата за време на училишниот престој.Досега целосно се дезинфицирани основните училишта: „Димитар Миладинов“, „11 Октомври“, „Св. Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“, „Ј. Х. Песталоци“ и „Коле Неделковски“, а во текот на денешниот ден ќе завршат дезинфекционите активности во училиштата „Киро Глигоров“ и „Гоце Делчев“ и ќе се овозможи безбеден старт на учебната година на 1 октомври.Општина Центар е целосно подготвена за почетокот на новата учебна година. Преземени се сите безбедносни и хигиенски мерки, во училиштата се обезбедени потребните дезинфекциони средства и бесконтактни топломери, училниците се адаптирани за почитување на потребното растојание, поставени се локатори и скалести обележувачи за движење на учениците и табли со инструкции. Наставниот кадар, стручните и административните служби се подготвени да ги применуваат пропишаните протоколи за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство до трето одделение за учебната 2020/2021 година.Исто така, училиштата се технички подготвени за реализација на онлајн настава за повисоките одделенија, а наставниците се соодветно обучени за примена и спроведување на наставата на националната платформа за образование.Апелираме до сите граѓани, родители и ученици доследно да ги почитуваат мерките предвидени од надлежните институции и да бидат одговорни за колективното јавно здравје, со цел зголемена заштита од коронавирусот.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен дилер на кокаин од Скопје

На 28 09.2020 околу 13.00, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршија претрес во домот на М.В.(29) од Драчево, Скопје. При претресот, биле пронајдени и одземени кокаин, 30 куршуми калибар 9мм., семки од растението Канабис Сатива, марихуана и вага.Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Скопје | пред 5 години

policija-1

Седумнаесет припадници на Армијата повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе.Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања. Според првичните информации повредните не се во живото загрозувачка состојба.Портпаролот на СВР- Штип, Гордана Панајотова вели дека во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите, а несреќата се случила пред седум часот. Надлежните повеќе детали за несреќава ќе соопштат во текот на денот.  извор: МИА

Македонија | пред 5 години

4-3

(ВИДЕО) Откриени 65 стебла канабис во Демир капија, приведени дилери

На 28.09.2020 полициски службеници од  Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес  во местото Јаворица, Демир Капија пронајдоа насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри и  на лице место приведоа две лица С.С. (33) и А.С. (56) од Демир Капија поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана. На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита  на насадот. Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка., како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба. Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство- Неготино.Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Набавуваме брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“, истакна дека се планира надградување на стратегијата за тестирање.„Сега на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот, не на антителата, меѓутоа се брзи и за 10 до 15 минути го детектираат вирусот без лабораторија и без лабораториски апарат. Брис и една мала плочка. Ќе започнеме за кратко време со набавка. Тие ќе бидат дистрибуирани пред се во болниците и во соработка со Центрите за јавно здравје веројатно на граничните премини. Во болниците ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои што доаѓаат пред се на итните и на тие на коишто им е потребна некаква интервенција. За 15 минути, нема да има лабораториски апарат, ќе знаат вработените дали е пациентот позитивен или негативен со тоа точно ќе се знае дали ќе оди по патеката за корона позитивни пациенти или ние го викаме во „чистиот“ дел на болниците. За границите ќе направиме стратегија и тука ќе тестираме и евентуално детектираме некои суспектни групи коишто доаѓаат од странство“, рече министерот Филипче.Во емисијата, Филипче објасни во врска со тестовите за прегледи и интервенции.„Со два механизми може да се направи тест. Прво преку матичниот лекар пуштивме посебни термини со упат за интервенција, без разлика дали е дијагностичка, некоја од скопиите- бронхоскопија, гастроскопија или хируршка и со тој упат за таква интервенција матичниот лекар преку пунктот закажува тестирање ден или два пред операцијата согласно договорот со болницата или клиниката каде таа треба да се направи. И вториот механизам за 45 минути може да има тест ако пациентот се јавил во болницата. Има посебен модул преку системот „Мој термин“ сервисен упат да се заврши тоа тестирање. Значи, ако некој дојде во болница сигурно нема да се врати, може веднаш да се тестира. За еден час ќе го има резултатот со овој нов систем, уште повеќе тоа ќе го забрзаме“, потенцираше Филипче.Филипче апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките.„Доаѓа период во којшто граѓаните ќе мора многу повеќе да внимаваат на своето здравје за да не ги преоптеретат здравствените установи. Нас сега целокупниот кадар ни е потребен и за системот за ротации, капацитетите болничките кревети итн, ако имаме зголемен број на пациенти да помогнат во третманот на пациентите со Ковид. Тоа значи дека секој еден од нас мора да е максимално одговорен и да се штити од сезонска настинка и сезонски грип, а тоа се прави и со носењето на маски и со одржувањето на дистанцата.“ – потенцираше Филипче.

Македонија | пред 5 години

semejno-nasilstvo

Семејно насилство! Институциите признаваат дека кризата со ковид-19 го зголеми, кој ги заштитува жртвите?

Карантинот и полициските часови им паднаа тешко на многу граѓани, но меѓу оние што страдаа најмногу се жртвите на семејното насилство.  Институциите признаваат дека кризата со ковид-19 го зголеми семејното насилство, но, како што велат, одговориле соодветно, објави 360stepeni.mk. „Полицијата постапува според законите“, уверува Тони Ангеловски, портпарол на МВР.„Треба да направат разлика што е вербална расправија, нетрпеливост, а што е семејно насилство“, вели Наташа Станоевиќ, директорка на Центарот за социјална работа во Скопје.Зошто тогаш жртвите бараат помош и кај невладините организации?„Жртвите коишто доаѓаат кај нас многу често ни кажуваат дека не се окуражени од центрите за социјална работа да ја продолжат постапката“, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.Во очекување на новиот бран на коронавирусот, кои се лекциите за спречување и справување со семејното насилство од првиот?Ако имаше Нобелова награда за издржливост, сигурно ќе ми ја доделеа мене, но не се гордеам со тоа – вака накратко ја опишува својата голгота пензионерка од Македонија раскажувајќи за децениската семејна тортура.„Бев заклучена во гаража, на минус 5, снег, ладно, секој ден бев тепана и малтретирана. Децата ми викаа: ‘Mамо, зошто го трпиш?’ Не одговарав, а се срамев од себеси, знам дека јас сум виновникот. Зашто знам дека сум крива што не сум храбра да го пријавам уште еднаш и да се тргнам од тој човек“, раскажува таа.По многубројни кривични пријави, затворски и условни казни, вели, сопругот сè уште ја следи како сенка.Последниот инцидент бил за време на полицискиот час. Овој пат помош барал нејзиниот син. Во раните утрински часови чекал на улица да наиде полициска патрола.„Него го извадија на балкон, мене ме прашуваат како ништо да не било. ‘Е де, ништо не ти е’, цитирам. ‘Е де, голема работа’. ‘Е па сега, се знае, кај се видело маж и жена 24/7 да бидат дома’“, раскажуваа таа.Аномалијата за која говорат од Хелсиншкиот комитет може да се види од статистиката што „360 степени“ ја обезбеди од МВР.Во вториот квартал од годинава, април-јуни, период во кој имаше најмногу денови со полициски часови, полицијата регистрирала рекорден број т.н. поплаки – 985, што е за 34% повеќе од истиот период лани и дури 50% повеќе споредено со преклани. Но, апсурдно, бројот на кривични дела поврзани со семејно насилство се намалил споредено со истиот период во изминатите две години.Бидејќи кривична пријава може да поднесе полицијата, кога ќе процени дека жртвата има потешки телесни повреди или самата жртва, кога повредите не се доволно тешки, може само да се претпостави – или дека карантинските „поплаките“ биле за караници или дека од страв и безизлез жртвите не поднесувале кривични пријавиТекстот во целост и ВИДЕО  на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

jelena

10 годишно девојче има потреба од операција, семејството бара помош

10 годишно девојче има потреба од операција на очи. За да може да се направи операцијата во "Европска очна болница" Скопје, потребни се 92000 денари. Семејството не е во можност истите да ги обезбеди и затоа сме им потребни ние луѓето со хумано срце,  стои од објавата на ФБ.Доколку сте во можност да помогнете, за Јелена Добровиќ свртете го бројот  143434  од било кој оператор и донирате 100 денари. https://www.facebook.com/lidija.stefanovska.18/posts/3848781141803335

Македонија | пред 5 години

28092020_PVRSM_kanal5-1

ВМРО ДПМНЕ: Вечерва Заев со своето гостување докажа дека е срам за Македонија

Вечерашното гостување на Зоран Заев е срам за Република Македонија, се вели во соопштение до јавноста од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на интервјуто на Зоран Заев дадено за „Само интервју“.  Во соопштението одВМРО ДПМНЕ додаваат:Срамота е премиер да не одговори на граѓаните за состојбата на државата.Срамота е премиер да не знае да одговори како ќе се соочува Македонија со КОВИД-19.Владата на Зоран Заев е пиши – бриши проекти. Единствено Зоран Заев што направи е продавање на се што е македонско.Заев не одговори дали Гоце Делчев ќе остане Македонец.Заев не одговори кога ќе се расчистат аферите „Дака“, „Рекет 2“, „Шпанско село“ итн.Заев не одговори дали ќе одговара за се што се има огрешено.Заев не одговори дали ќе престане со политичкиот прогон кој го врши врз неистомислениците.Заев не одговори зошто Македонија според извештаи е хибриден режим.Заев не одговори дали ќе го реши проблемот на лозарите.Заев не одговори кога ќе ги врати украдените пари од граѓаните.Заев не одговори зошто секој ден се затвораат фирми.Заев не одговори зошто се покачи струјата на 7.4%.Заев не одговори зошто има над 40.000 граѓани невработени.Заев не одговори зошто Македонија има пад на БДП на -12.7%.Заев не одговори зошто над 500.000 граѓани живеат со 50-тина денари дневно и се на раб на егзистенција.Заев не одговори зошто Македонија има најмногу починати од КОВИД-19.Заев не одговори до кај се капиталните инвестиции, зошто Македонија е слепо црево во Европа според инфраструктурата.Владата на Заев единствено е сервис за своите интереси. Оваа влада не работи за граѓаните и нивното добро.Владата на Заев единствено нуди криминал, корупција, сиромаштија и лаги.   

Македонија | пред 5 години

zaev-mickoski

Заев за Мицкоски: Човекот е изгубен во вселената

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 истакна дека Мицкоски преговара за да не се договори.-Човекот е изгубен во вселената. Сум разговарал со него. И со Груевски сум разговарал. Тука имаше муабет, знаеш на што си, го постигнавме Пржино и друго. Што сум договорил со Мицкоски во изминатите три години? Ништо. Ни Преспански договор, ни закон за ЈО, ништо. Пратеничките групи договорија некои закони, затоа што се европски закони. Човеков преговара за да не се договори, вели Заев.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања