Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

На 29.09.2020 околу 19.30 часот Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР, во соработка со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово околу 18.30 часот ја лишиле од слобода В.Р.(45) од Тетово, дилерка на кокаин.При извршен личен преглед кај неа биле пронајдени 14 паковки со кокаин, подготвени за продажба, а при претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашкаста материја, кои ги продавала и додека била на работното место.В.Р. е задржана во Полициска станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 5 години

sestri12

ВМРО ДПМНЕ: Уште еден пораз за Филипче, медицинскиот персонал почна да си дава откази

Додека министерот за здравство, Венко Филипче ја убедува јавноста дека се е под контрола три сестри од Клиниката за инфективни болести си дадоа откази. Клучната Клиника во борбата против КОВИД-19 останува без персонал, и тоа персонал кој е незаменлив. Отказите на медицинските сестри се голем пораз за Филипче, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Отказите на медицинските сестри се доказ дека здравствениот систем не функционира онака како што убедува Филипче.Отказите на медицинските сестри се доказ дека кажувањата на Филипче дека се е под контрола во борбата против корона вирусот се лага.Лагите на Филипче дека Македонија добро се справува со борбата против корона вирусот излегуваат на виделина. Дека лаже Филипче му докажува медицинскиот персонал.Отказите кои си ги поднесоа три сестри од клучната Клиника за  борба против КОВИД – 19 или Клиниката за инфективни болести се пораз за Филипче.Македонија и онака останува без медицински персонал. Секоја здравствена установа е десеткувана, без доволно медицински кадар.Што треба да се случи за Филипче да се фати за работа, да ја извршува функцијата министер за здравство и да се грижи за здравствениот систем и како граѓаните да добијат навремени и соодветни услови за лекување, наместо да се грижи за парцели и градење куќи и згради, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски: Нема да се кандидирам за претседател ако се одржи вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски,синоќа  изјави дека доколку се одржи вонреден конгрес на партијата, тој нема ниту да се кандидира за претседателската функција.Тој кажа дека веќе подолго време не е сопственик на мали хидроцентрали. Мицкоски,критикувајќи ги економските мерките на Владата, посочи дека владата на Заев лаже дека помогнала на граѓаните со милијарда евра, и оти помошта е многу помала.

Македонија | пред 5 години

venko-filipce

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата на министерот, тие се договориле после одморот што го земале повторно да разговараат и да најдат начин да останат во клиниката.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2506719062968445„Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници“, напиша Филипче.Главната медицинска сестра на Инфективна клиника, Зорица Љубичиќ Митиќ, завчера дала отказ на работното место, а тоа во изминатата недела го сториле уште две медицински сестри од клиниката.„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим,“ напишала Љубичиќ Митиќ во отказното писмо упатено до раководството на Инфективна. 

Македонија | пред 5 години

IMG_3897

ТРЧАЈ БЕ во Битола, по втор пат спектакл

Второто издание на ТРЧАЈ БЕ, само го потврди минатогодишниот впечаток, после првата трка, дека градот на конзулите не е само град на седење и пиење кафе, туку станува сериозен арбитер на тркачката мапа во нашата држава и регионот. Од оваа година, овој настан е и официјално прифатен и од Атлетската федерација на Македонија, а присуството на претседателката Александра Војнеска-Зикова, која го означи стартот на двете трки е потврда за значењето на ТРЧАЈ БЕ.Оваа година, организаторите и покрај тоа што беа соочени со здравствената криза предизвикана од Ковид-19, одговорија успешно на предизвикот да организираат трка во услови на пандемија, покажувајќи дека со многу посветеност, вклучување на професионален тим и пред сѐ љубов, можат да бидат надминати сите пречки и приредија вистински тркачки спектакл во Битола.Одличната организација од минатата година беше причина,  од мигот на објавување на пријавувањето на трката до пополнување на предвидениот број согласно здравствените протоколи, во само 48 часа да се пополнат сите места.Нешто помалку од 600 натпреварувачи, поделени на трките на 5 и 10 километри ја растрчаа Битола, која дефинитивно има уште поголем потенцијал овој концепт да се развива во годините што доаѓаат.Посебните протоколи, кои важеа за оваа трка вклучуваа и мерење на температурата на секој од натпреварувачите, дезинфекција на старт и цел, задолжително носење на маска се до почетокот на трката, како и старт во бранови на одредено временско растојание по принципите на хронометар трка. Македонската атлетска елита беше присутна на настанот што беше гаранција за супер интересна трка.ТРЧАЈ БЕ создаде нова спортска приказна во градот под Пелистер. И ова е дефинитивно најмасовниот спортски настан кој Битола досега го имала.“ТРЧАЈ БЕ имаше моќ да го промени животот на битолчани.ТРЧАЈ БЕ ги натера да почувствувате што значи да се придвижиш и физички и духовно. Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце.Ние тоа им го овозможиме, за да почувствуваат колку трчањето може да им го промени животот на подобро.”-изјави Никола Димитровски, познат битолски адвокат кој е директор на трката.Тој со својот тим,  иако во комплицирани услови заради здравствената криза, успеа многу успешно да го одржи ветувањето дека трка е можна, по сите протоколи, ако се има вистинскиот тим.Бројни награди за победниците во различни категории, а како изненадување за нив, настап на најдоброто од Битола, групата Фолтин на целта, панк бендот Паркети на една од точките по патеката, Дувачкиот оркестар на Битола на друга точка, а бројни кафулиња и поединци организираа забава и бодрење за натпреварувачите низ целата патека, правејќи атмосфера како на големите светски маратони.Актерите Марјан Ѓоргиевски и Никола Пројчевски, како и познатиот битолчанец Зоран Лазаревски-Паљото беа забава за натпреварувачите.Резултати на 10.000 метри:Мажи1.Дарио Ивановски 30.502.Атанас Анчевски 33.313.Кокан Ајановски 33.57Жени1.Адријана Поп Арсова 37.172.Биљана Кираџиева 37.553.Миљана Ристиќ 39.06Резултати на 5.000 метри:Мажи1.Кристијан Наумовски 17.082.Григоријан Никовски 17.123.Атанас Епов 17.22Жени1.Бојана Наумовска 20.492.Биљана Сивева 21.323.Марија Пеликон 21.44Резултати на тимови:ЖениKorrunersNRC - Nike + Run ClubОхрид ТрчаТМажиNRC - Nike + Run ClubАК ДелтаKorrunners

Македонија | пред 5 години

sestri12

(ФОТО) Три медицински сестри на Инфективна дадоа отказ во исти ден: Причините се многу, а една од нив е непочитувањето

Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт.Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време, објави на својот ФБ профил д-р Ненад Лазаров.https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10219845155618517

Македонија | пред 5 години

kokain-3

Претреси во Тетово, уапсена позната дилерка на кокаин

Полицијата вечерва врши претреси во Тетово и тетовско.  При тоа приведена е најмалку една жена, познат дилер на кокаин во тој регион, а пронајдена е и поголема количина кокаин, поделена во пакетчиња за продажба, објави Центар.

Македонија | пред 5 години

Gordana-zatvor

Статус за Јанкуловска кој предизвика лавина реакции: Не и посакувам студени ќелии, туку да се соочи со нејзините последици

Фејсбук статус на КРИСТИНА КОСТОВА :Спектакуларно спроведена во притвор пред претходно повикани камери на неколку национални телевизии.Пречекана во ќелиите за притвор со зборовите „Одамна Ве чекаме.“Држена во притвор во лоши услови, на ладно, иако во првите месеци од бременоста. Немаше слух за нејзината состојба. Дома ја чекаа две малолетни деца, кои не можеа да ја видат со месеци. Здравствената состојба ѝ се влоши и доживеа спонтан абортус.И тоа беше почетокот на премрежјето на Емел Рамковска. За Емел се немаше обзир да биде оставена во домашен притвор, на пример, затоа што е бремена, или да го исчува детето до годинка. Затоа што е мајка.Не, туркањето на Емел во студена ќелија пред каква било правосилна пресуда беше особено важно. Испраќањето на пораката за непринципиелна и сурова борба со неистомислениците преку прикажување спектакл за јавноста беше важно. Важно беше да се испрати пораката дека не смееш да се задеваш со власта. Ниту ти, ниту кој било од твоето семејство.Родителството не играше ама баш никаква улога во носењето одлуки за такви крвави спектакли.Со камери и спектакли, со специјалци наоружани до заби со пушки и маскирани во застрашувачки качулки беше уапсен новинарот Кежаровски, како да е најопасен мафијаш, а за текст објавен години претходно. Спектакуларното апсење, сепак, беше непосредно по објавување на еден друг текст, поврзан со мистериите околу смртта на Никола Младенов. Чиста случајност.Кежаровски беше уапсен, а домот му беше насилнички претресен пред очите на неговата, тогаш, малолетна ќерка. Последиците од таа психолошка тортура сѐ уште ги гледаме. Ми се чини дека Кежаровски никогаш не успеа да се врати на тоа што бил претходно. Остана ослабен, истоштен, а на лицето сѐ уште е видлива трага од болката од неправдата и претрпениот страв за сопствениот живот.Ама и родителскиот статус на Кежаровски и добробитта на неговото дете не вредеа ни приближно колку пораката за немилосрдност кон секој што би се осмелил да го крене гласот против режимот во деновите на негова апсолутна власт. Таа порака мораше да биде испратена до јавноста по секоја цена.Не беше важен ниту родителскиот статус на еден куп политичари кои беа притворани и апсени и газени на земја, или брутално тепани на работните места, секогаш пред камери, често пред очите на нивните деца.Подоцна слушнавме дека овие пораки на безмилосност ги испраќала лично сега релативно новата мајка (одеднаш таа улога стана важна) Гордана Јанкуловска. Дека лично Гордана ги организирала и оркестрирала хајките преку кои ѝ се даваше на јавноста до знаење точно кое ниво на суровост и немилосрдност ја чека доколку се обиде да се спротивстави на режимот. Се правеа специјални телевизиски репортажи за начинот на кој се одвива нејзината работа, секогаш по сценарио направено во МВР, не во телевизиите, а подоцна од нејзина уста слушнавме дека тие акции до детал ги смислувала Гордана.Креативноста во смислувањето нови начини на безмилосно справување со противниците и бескрупулозноста во реализирањето на тие замисли се во целост нејзини. Немало таму замешателство или сугестии од страна на Груевски, како што некои денес сакаат да изрелативизираат кога зборуваат за „кутриот“ Миле, кој „само“ слушал наредби.Не. Бројните акции Гордана ги спроведува самоиницијативно, за што гордо им прикажува на партиските соработници. Затоа и беше еден од главните, а со сигурност најспособен, столб на режимот на Груевски.Слободата е многу интересен брисач на сеќавања.Многу брзо забораваме на некои работи кои ни беа секојдневие. На стравот, очајот и немирот во кој нѐ туркаше токму сурово способната цврста рака на Гордана. Нема протест на кој не сум излегла, ама и јас самата заборавив дека не секогаш знаев како ќе поминам или како ќе се вратам дома. Затоа и го пишувам ова. За да се потсетам првенствено себеси дека нема простор за сожалување, иако, ќе признаам, по слушнатите разговори озборувачката димензија од карактерот на Гордана ја хуманизира пред јавноста.На Гордана Јанкуловска ѝ посакувам да се соочи со последиците на нејзините постапки. Не во студенти ќелии, не со спектакуларни апсења, не со до заби наоружани специјалци. Не како што им правеше таа на нејзините противници, туку по правила и прописи, со запазени кодекси и испочитувани човекови права. Ѝ посакувам да се соочи со вистинска правда.https://www.facebook.com/kvkriss/posts/10222822180519034

Македонија | пред 5 години

gjorcev

Владимир Ѓорчев: Во Македонија се случува политички реваншизам, терор и економски колапс

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во своето гостување на телевизија Сител во однос на спроведувањето во затвор на Гордана Јанкуловска во затворот „Идризово“ истакна дека тоа е шарада на власта во која премиерот и министрите се возат во истиот тој мерцедес, а Македонија во моментот ги живее најтешките економски социјални и здравствени здравствени моменти во својата историја.„Видете тоа е шарада на власта во која што премиерот и министрите се возат во истиот тој мерцедес кој што нели ќе го продаваа и ќе ги донираа средствата не излегоа од тој мерцедес а истовремено и имаме најголема рецесија во Македонија, 40 илјади луѓе останаа без работа во исто време 1 килограм грозје во Кавадарци е 2 денари, внимавајте тоа значи за 200 денари добивате 100 килограми грозје за 2.000 денари еден тон грозје ова никогаш го немало во Македонија‘‘ истакна ЃорчевСпоред членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во Македонија имаме политички реваншизам и нарачани пресуди од власта.„Главната порака е дека било кој од СДСМ што сака може да направи, за се е покриен, макар и да става пари во торба а било кој што е од ВМРО-ДПМНЕ било како, по секоја цена ќе оди во затвор. Значи јасно е дека имаме политички нарачани пресуди од власта до судството и дека имаме една катастрофална состојба, имаме ситуација каде што десетици и десетици луѓе се во затвор и имаме една ситуација која што е среќна нова 49 година‘‘, истакна Ѓорчев.Владимир Ѓорчев посочи дека во Македонија за Уставни судии се наградуваат личности кои што остварувале политички нарачани пресуди.„Имаме ситуација каде што за Уставен судија се наградува личност која што затвори 30-тина луѓе внимавајте за тероризам за 300 години. Значи имаме ситуација во која што вечерва десетици и десетици деца ќе бидат без нивните татковци затоа што некој од власта нарачал нивна пресуда. Имаме садизам кој што ни се случува во Македонија‘‘ посочи ЃорчевВо однос на предлогот за назначување на Добрила Кацарска за уставен судија Ѓорчев нагласи дека според него не е во ред да се гази врз човечки судбини со цел да се направи кариера во Уставен Суд.„Јас да сум на местото на Добрила Кацарска не би можел себеси во огледало да се погледнам. Мислам дека не е во ред човек да гази преку човечки судбини да уништува десетици семејства со пресуди од 10 ,15, 18 години за да направи кариера во Уставен СУД. Затоа што на крајот на краиштата сите ние треба да живееме во оваа држава. Ваков жесток терор Македонија не памти, мислам дека Македонија ги живее најсрамните моменти последниве 70 години‘‘, истакна ЃорчевСпоред членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев Македонија ги живее најтешките економски социјални и здравствени моменти.„Македонија ги живее економски најлошите моменти каде што нашите деца не можат ни во школо да одат, заради неспособноста на власта, една нова фабрика немаме истовремено власта има потрошено 15 милијарди евра откако Зоран Заев е премиер и ништо не е изградено. Македонија едно време беше место каде што секој втор месец се отвораше фабрика, или нова зграда или нов објект или нова спортска сала сега огромни пари се потрошени, буџетот ни е  20 -30 проценти поголем  а ништо не е изградено тоа значи дека во моментот во Македонија има ужасна корупција, по сите параметри сме убедливо најлоши во Европа. Гледате што се случува и со корона кризата имаме 730 починати најлоши на Балканот сме“, заклучи Ѓорчев.

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски: Владата за да не изгуби политички поени ја зголеми цената на струјата веднаш по изборите, ги крадат граѓаните

„Цената на електричната енергија се одредува со важност од први јули, годинава за прв пат тоа се случи од први август. Целта на власта беше јасна и единствена и за да не се губат политички поени. Шверцерски ја зголеми по изборите иако според мене не требаше да се зголеми поради тоа што голем дел оди за универзалниот снабдувач“, рече Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва при своето на гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.„Ако цената се определува од први јули, а сега се најавува од август јасно сега се поставува прашањето зошто е тоа така. Одговорот е многу едноставен, затоа што имаше избори и на сите им беше јасно дека цената на електричната енергија за граѓаните кои ја добиваат од универзалниот снабдувач ќе биде поголема. А зошто на сите им беше јасно, затоа што е нереално голем процентот кој го има универзалниот снабдувач“, објасни Мицкоски.Според Мицкоски математиката на владата е јасна не сакаа да губат поени и  Владата и сугерира на Регулаторната Комисија тоа да се одложи и да го направи и објави за од први август.Мицкоски посочи дека власта неколку пати се има обидено да го извалка неговото име со разно разни лаги, но не им поминаа. Вистината секогаш излегува на виделина.„На луѓето од мое обезбедување графички на тие видео записи од камери им се ставаа во мафијашки стил ракавици, па се убедуваше јавноста, се зборуваше две–три недели дека јас сум прекршил некакви мерки во тек на пандемија“, нагласи Мицкоски.Мицкоски додаде дека за тој случај се произнесе и јавното обвинителство при што рече дека наводите на СДСМ се лага.„Се обидуваа од власта и овие избори да наштетат. Еве обвинителството излезе и даде своја изјава и рече дека не било така. Односно не сум бил таму присутен. Тоа било месеци претходно“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

4-3

Притвор за татко и син заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, поради основано сомнение дека како соизвршители ги сториле кривичните дела –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член  215  став 1 и  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Во координирана акција и извршен претрес, на 28 септември 2020 година, во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, пронајдени се 65 стебла од растението Канабис Сатива со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое осомничените неовластено го држеле и тоа 8 патрони – 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм.Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради постоење на опасност од бегство на осомничените и опасност тие да ги повторат кривичните дела, јавениот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Кавадарци го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничените им е определен притвор во траење од по 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Владата вели дека помогнала со една милијарда евра, но тоа е лага, помошта е многу помала и таа не стига таму каде што треба

Вечерва во емисијата„Топ Тема“ гостуваше Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека владата на Зоран Заев лаже дека помогнала на граѓаните со милијарда евра, помошта за жал е многу помала.„Сето она што беше соопштено на прес конференција од страна на Зоран Заев мора да биде испорачано. Затоа што испораката е многу важна. Ние можеме да си кажуваме многу работи, но доколку испораката изостане, тогаш попусто било тоа што сме го говореле“, истакна Мицкоски.„Вчера слушавме дека практично една милијарда евра е помошта, но тоа е она само што е кажано, а помошта во суштина на дело е многу помала“, рече Мицкоски.„ММФ за Западен Балкан вели дека ја корегирала претпоставката за падот на економијата. Тезата дека мора да има пад во економијата ниту во минатото, ниту сега не ја негира. Прашањето е за што се трошат народните пари, ако вие имате реализација во првите три пакети од 195, 196 милиони евра, а биле предвидени 550. Истовремено државниот долг само во вториот квартал е зголемен за една милијарда евра, ако имаме на дневна основа троцифрена бројка на заразени од КОВИД затоа што никако не излегуваме од овој прв бран кој прогласивме дека сме го победиле во втората половина на мај, тогаш во четвртиот пакет очекувате дека ќе има реални мерки, а не ова што се понуди“, рече Мицкоски.Тој посочи дека допрва очекува реални забелешки.„Забелешките ценам допрва ќе следат, зошто испораката е многу важна. Значи важно е дали и како ќе се спроведуваат мерките зошто овие до сега не беа реализирани“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

kanjon

Од кабинетот на Рама: Фотографијата од Лешница е грешка, постои село во јужна Албанија со истото име

По рекациите на социјалните мрежи, откако албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија" и „Кањон Лешница", од неговиот Кабинет за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија.Имено, од Кабинетот се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Македонија.– Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Македонија, наведоа од Кабинетот на Рама за МИА.Претходно денеска, планинари од Тетово ја алармираа јавноста и министерствата дека фотографија од втората када на Кривошијска река во месноста Лешница на Шар Планина се претствува дека е дел од Албанија на објава на Фејсбук профилот на албанскиот премиер Еди Рама.На социјалната мрежа Рама објавил фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија" и „Кањон Лешница" (#BeautifulAlbania, #KanioniLeshnicës).На објавата до 13:30 часот има околу 400 коментари во кои главно се забележува на тоа што Рама убавина на Македонија ја прикажува како убавина во неговата земја и се укажува дека тоа е негова катастрофална грешка.Во Албанија според мапите на интернет се наоѓа кањон Лешница, инаку во близина на грчката граница и на пат за градот Саранда. Воедно тоа е заштитено природно подрачје.

Македонија | пред 5 години

robert-alagjozovski

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски за национални координатори.„Владата денеска го разреши м-р Роберт Алаѓозовски од должноста национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за национален координатор за одговорно владеење и транспарентност“, соопштија од Владата.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Велешанка силувана два пати во ист ден

Во Полициската станица Велес, 24-годишна девојка од Велес вчера пријавила дека на 20 септември  во два наврати, во хотел во Велес и во близина на река Бабуна, пријател на момче на нејзина пријателка физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа.Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, се работи на расчистување на случајот.Извор: МИА

Македонија | пред 5 години

administracija

Се враќа работното време од 8 до 16 часот во јавната администрација

Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа. Наместо сегашното работно време од 7:30 до 15:30 и од 8:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 8 до 16 часот.Флексибилното работно време почна да се применува од 1 септември 2017 година.Со одлуката се утврди почетокот на работното време да биде помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.Како што тогаш соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, одлуката била донесена по серија консултации со јавноста, меѓу кои и граѓанските организации и синдикатите, во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација, како и за подобрување на процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис- заедницата.

Македонија | пред 5 години

sanitarni-jazli

(ФОТО) Целосно реконструирани санитарните јазли во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид

Подобрувањето на условите во образовните институции е еден од нашите најважни приоритети Во текот на изминатиот период извршена е целосна реконструкција на санитарните јазли во ОУТУ „Ванчо Питошески“. Инвестицијата е овозможена од Проектот за локална и регионална конкурентност кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија и Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.687212701884336/687212565217683/

Македонија | пред 5 години

velo-markovskio

Маскирано лице влеглo во домот на инфектологот Вело Маркоски

Маскирано лица вчера се обидело да влезе во домот на докторот Вело Марковски, но таму била неговата сопруга заедно со нивното малолетно дете, па не била причинета штета, а случајот бил пријавен и во полиција.Се очекува наскоро  МВР да излезе со детали за овој инцидент во домот на докторот Марковски кој од неодамна  е член на највисокото партиско тело, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Полицијата предмалку информира дека вчера околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека на ул. „Мариовска“ додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Владата одобри продолжениот престој во училиштата

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 7 седница, го разгледа и усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 28 септември 2020 година, и врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести ги донесе следните одлуки и протоколи:Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со КОВИД-19.На предлог на Комисијата, Владата го усвои предложениот протокол и препорача отпочнување со организација за снимање со долгометражни филмови, со почитување на мерките за спречување на ширење на КОВИД-19 инфекција.На денешната седница е усвоен и протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со КОВИД-19 и препорача строго почитување на мерките за спречување на ширење на КОВИД-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот е обврска на вршителите на дејноста.Владата денеска го усвои извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25.09.2020 до 29.09.2020 година.

Македонија | пред 5 години

agencija-za-hrana-i-veterinarstvo

НОВА: Вториот човек на Агенцијата за храна е осуден за четири кривични дела

Вториот човек на Агенцијата за храна Фирус Мемед  бил осуден за четири кривични дела во 2015 година. Мемед кој во тоа време бил директор на Државниот инспекторат за животна средина го признал делото за четирите кривични дела и бил казнет парично, потврдија за НОВА од Основен суд Скопје 1. Поранешниот директор на Државниот инспекторат за животна средина бил уапсен и лишен од слобода на 19.10 2015 година, објави novatv.mk. Кривичните дела кои ги сторил тогаш, сегашниот втор човек на АХВ, Фирус Мемед се: Примање поткуп по член 357 став 2 од КЗ, Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 2 од КЗ и две кривични дела за Несовесно работење во службата по член 353 в став 1 од КЗ и член 353 в став 23 од КЗ.Како што може да се види од Решението до кое дојде НОВА, на Мемед му биле изречени мерки на претпазливост по предлог на ОЈО кои Судијата на претходна постпапка ги прифатил.Според овие мерки Мемед не смеел да се одалечува надвор од границите на државата, секоја среда требало да се јавува на овластено лице во Судот, а била определена и мерка на претпазливост-забрана на преземање на работни активности кои се поврзани со кривичното дело.Текстот во целост на: НОВА,

Македонија | пред 5 години

Foto-2-1

Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во „Вила Водно“, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од областа на инженерските дисциплини во Република Северна Македонија.Инженерскиот прстен, чијашто цел е признание, но и афирмација на инженерските професии и поттик за формирање на квалитетен инженерски подмладок, го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. Годинава добитници на признанието се 8 дипломирани инженери од различни области.Во своето обраќање, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на инженерството во креирањето на целокупната иднина на секое општество.„Живееме во свет кој брзо се менува и кој е зависен од современите технологии кои отвораат нови перспективи, но, и свет кој е ранлив и кршлив што особено го покажува актуелната пандемија со Ковид-19. Како идни инженери, вие сте дел од нашиот човечки потенцијал врз кој мора да се темели иднината на нашата земја“, истакна претседателот Пендаровски.Според Претседателот, без разлика дали станува збор за архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски или шумарски инженери,  нивниот професионален предизвик е остварување на личен развој, но и прогрес за пошироката заедница во која живеат.„Се надевам дека најголем дел од вас ќе продолжат да се надградуваат, да напредуваат и професионално да се остваруваат во својата татковина. За тоа да се случи мора да бидат создадени сите предуслови од релевантните субјекти: државните институции, системот на образованието, бизнис-заедницата, за вашата иднина и професионалниот развој да бидат врзани со матичната земја“, нагласи претседателот Пендаровски, посакувајќи им на младите инженери натамошен успех и да бидат движечка сила која ќе овозможи напредок и општество на благосостојба.Признанието „Инженерски прстен“ се доделува по 17-ти пат, а досега го добиле 178 дипломирани инженери.

Македонија | пред 5 години

katica-2

Катица Јанева од домашен притвор прави доверливи документи

Во денешниот извештај на ДЗР за платите и надоместоците кои се делени во СЈО, а според ревизорскиот извештај околу 4,6 милиони евра се исплатени како додатоци за тајност но без законска поткрепа, објавен е и одговорот кој Јанева како одговорно лице на веќе згаснатаото СЈО го доставила како забелешка, објави Телма. Државниот завод за ревизија го објавил и овој допис на Јанева испратен од Гевгелија во која таа тврди дека додатоците се делени легално согласно специјалниот закон за СЈО и членот 6 од законот.На врвот на своите забелешки поранешната специјална обвинителка ставила дека станува збор за класифицирана информација, односно пишала доверливо. Јанева во моментот на пишувањето на забелешките се наоѓа во домашен притвор во Гевгелија, каде е и сега по определената мерка за обезбедување, откако првостепено е осудена на 7 години за случајот Рекет.Текстот во целост на: Телма. 

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведен маж од гостиварско по потерница за затворска казна од шест години

На 29.09.2020 полициски службеници од Одделението за крим полиција го приведоа С.А. (34) од с.Ломница, кој со наредба од Основниот суд Гостивар се барал за издржување на казна затвор во траење од шест години, а во врска со чл,123 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.  

Македонија | пред 5 години

sjo

ДЗР: Дел од надоместоците на СЈО биле незаконски исплатени, според извештајот незаконски се исплатени 4,6 милиони евра надоместоци за тајност

Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатените додатоци за 2015 година  го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. Ревизијата, како што соопшти ДЗР, констатирала дека за периодот јануари 2016 до септември 2019 година по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност и за посебна заштита  на приватност исплатени се средства во вкупен  износ од 282.896 илјади денари за кои ревизијата не обезбеди соодветен законски критериум. На барањена ОЈО за организиран криминал и корупција ДЗР изврши ревизија на усогласеност на тема „Плати и додатоци на плати и други надоместоци во ЈО за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“. Извршената ревизија се  однесува на периодот 2015-2019 година .Во ревизорскиот извештај се нотира  дека додатоците на плата за 2015 година коишто се предвидени за јавниот обвинител и јавните обвинители во ова обвинителство, го надминуваат износот на исплатените средства за основната плата по лице. Ваквата констатација, како што посочуваат од ДЗР,  е резултат  на извршените детални тестирања на доставената документација, како и анализата на податоците од деловните книги. Во предвид се  земени и интерните акти донесени од страна на  јавниот обвинител, односно Правилникот во кој се утврдени додатоците во апсолутни износи. Правото на додаток на плата  на јавниот обвинител и јавните обвинители во СЈО е уредено со член 14 од Законот за СЈО, согласно кој утврдени се додатоци на плата и тоа: додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост.  Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители од декември 2015 година, уредено е дека вкупниот износ на висината на додатоците не мже да изнесува повеќе од 35 проценти од основната плата на јавниот обвинител, додека за висината и начинот на утврдување на додатоците, потребно е јавниот обвинител  да донесе посебен акт. Ревизорските наоди кои се однесуваат на остварувањето на правото на други надоместоци произлегуваат од прибавени информации кои имаат степен на класификација поради што ДЗР согласно член 29 од Законот за државната ревизија изготви посебен извештај, согласно Законот за класифицирани информации, а висината на исплатените средства по овој основ изнесуваат 282.896 илјади денари. –Врз основа на извршената ревизија, утврдивме дека остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и  исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти. Со релевантната законска регулатива и интерните акти, стои во заклучокот на ДЗЕ за извршената ревизија. Ревизорите исто така утврдиле дека освен додатоците на плата за 2015 година, остварувањето на правото на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти.  Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и  исплатата  утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти, се наведива во соопштението од ДЗР. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Утре одбележување на 30 септември, Денот на референдумската победа, „Не се откажуваме - Битката за Македонија продолжува“

Националниот блок „Македонија - Бојкотира“ во кој своевремено се здружија 84 организации - партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство кои водеа кампања за бојкот на референдумот, утре, среда, 30 септември, ја одбележува двегодишнината од големата референдумска победа.Одбележувањето ќе биде во паркот спроти Собранието на Република Македонија. Под мотото „Не се откажуваме - битката за Македонија продолжува“  на видео бим ќе биде презентиран документарен филм за големата референдумска победа, се вели во соопштението од Единствена Македонија.  Во продолжение на истото додаваат:На 30 септември 2018 година поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Макеоднија и покажаа на власта што мисли за предавничкиот и капитулантски договор со Грција. Но власта ја погази референдумската волја на народот и насилно ја внесе државата во НАТО.Поразот за власта е уште поголем ако се знае дека „Македонија Бојкотира„ во исцрпувачката 20-дневна кампања на терен со скромни ресурси го победи силниот противник како што беше марионетската власт и нејзините странски газди од НАТО САД, ЕУ како и скапата референдумска кампања во милиони евра.Референдумската победа е извојувана затоа што наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори стоеше најсилниот и нескршлив аргумент кој не се купува со никакви пари: македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име.30 септември 2018 година има свое формално - правно значење доколку било која идна власт поведе постапката за поништување на договорот со Грција кој е спротивен на меѓународното право и со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.     

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања