Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

soobrakajna-nesreka

Тешка сообраќајна несреќа во Сингелиќ - едно лице загина

Тешка сообраќајна несреќа се случила пред 20 часот кај училиштето во Сингелиќ.Во несреќата учестувале мотор и машина за сечење на дрва.Возачот на моторот е повреден и итно е префрлен во болница, додека пак другото лице кое управувало со машината, починало.Во моментов полицијата врши увид.фото: ТВ 21

Скопје | пред 5 години

gorgija-sajkovski-2

Мицкоски потврди: Сајко нека е со успех позицијата, не чека многу работа

„Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Сајко нека е со успех позицијата, не чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата!“, напиша Мицкоски, потврдувајќи ја веста на „Скопје1.мк“.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1677242245784561

Македонија | пред 5 години

gorgi-sajkovski

Ѓорѓија Сајковски нов генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ

Ѓорѓија Сајковски ќе биде нов генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, дознава Скопје1. Сајковски е доктор на историски науки, во моментов  е пратеник и претседател на ОК во Кичево.Сајковски ќе го наследи Игор Јанушев, кој пред кратко време поднесе оставка од функцијата.Порано, тој важел за близок на неговиот сограѓанин и пратеник неколку мандати, Антонијо Милошоски.

Македонија | пред 5 години

tepa-zena

Кривична за скопјанец - Тешко ја повредил сопствената мајка тепајќи ја во семејниот дом

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 47-годишниот В.С. од Скопје, поради обид за убиство.Како што информираат од МВР, на 21 февруари годинава во семејниот дом пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. и ѝ нанел тешки повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност.Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил усапсен, спроведен и хоспитализиран во Психијатриската болница – Скопје.

Скопје | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Филипче: Албанија, Црна Гора и Косово се за отворање на границите, се чека на Србија и Бугарија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден министрите за здравство на Албанија, Црна Гора и на Косово дале согласност дека може да се отворат границите.– Ја чекаме реакцијата на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија по што ќе донесеме одлука верувам на следниот состанок на Комисијата и на Штабот, додаде Филипче.

Македонија | пред 5 години

Deskoska

Дескоска: Одлучувањето за вонредната состојба е беспредметно, „по свадба тапани“

Одлучувањето на Собранието за потврдување на одлуките на претседателот за прогласување вонредна состојба имаат логика само додека трае вонредната состојба. Сега, после завршувањето на вонредната состојба, ова одлучување е беспредметно. Ова личи како „по свадба – тапани“, напиша на Фејсбук поранешната министерка за правда Рената Дескоска. Во објавата на Дескоска се вели:Денес на дневен ред во Собранието се ставени на потврдување одлуките за прогласување на вонредна состојба донесени од претседателот д-р Стево Пендаровски. Уставот предвидува дека ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.Целта на оваа одредба е Собранието да одлучи за траењето на вонредната состојба прогласена од претседателот- дали истата треба да продолжи или да биде прекината. Одлучување на Собранието за потврдување на одлуките на претседателот за прогласување вонредна состојба имаат логика само додека трае вонредната состојба. Сега, после завршувањето на вонредната состојба, ова одлучување е беспредметно. Ова личи како „по свадба - тапани“.Правните норми треба да предизвикуваат правни последици, да имаат правен ефект, а ова одлучување во Собранието не би имало никаков правен ефект по однос на донесените одлуки - бидејќи тие престанале. Ниту пак непотврдувањето на одлуките би значеле постапка за одговорност на претседателот.Несомнено е дека претседателот на Републиката бил обврзан да ги прати на потврда на Собранието своите одлуки, но Собранието не треба да почнува беспредметни постапки. Оние кои седат во Собранието, треба да се свесни дека покрај текстуалното толкување на Уставот (каде буквално се толкуваат одредбите), постојат и други методи како целно толкување, оригинализам, прудентно и сл. При тоа не смеат да бидат „скарани“ со логиката. Зашто на крајот од краиштата, логиката треба да биде нужна компонента на секое правно толкување, вклучувајќи го и толкувањето на уставот.Целокупната ситуација околку вонредната состојба која постоеше покажа дека уставните одредби се многу скромни, често недоречени и непрецизни. Тоа нужно ја наметнува потребата од итно носење на Закон за воена и вонредна состојба кој ќе ги реши отворените прашања. Исто така неопходна е измена и на Законот за Влада кој внесе дополнителна конфузија околу уредбите со законска сила.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Новороденче заразено со коронавирус на Клиниката за гинекологија

Бебе кое се родило на Гинеколошко-акушерската болница е заразено со коронавирус. Директорката на болницата, Викторија Јовановска, за Канал 5 вели дека не станува збор за вертикална трансмисија, туку дека бебето имало контакт со мајката по раѓањето и така се заразило.Јовановска вели дека се е во ред и со мајката и со бебето, немаат никаква клиничка симптоматологија за инфекција со Ковид-19 и испратени се дома во изолација.„И мајката и бебето се добри и се испишани за дома“, вели Јовановска.

Македонија | пред 5 години

gradiste-3

Кривична пријава за три лица од Скопје, кои организираа концерт во Градиште на 2 август

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И.(33), Г.Ј.(34), С.Ј.(34), сите од Скопје и против фирма од Охрид, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи завреме на епидемија“.На 02.08.2020 пријавените организирале музички настан во Градиште и на плажата, без почитување на мерките за спречување и ширење на заразна болест Ковид-19 и протоколите за отварање и работа сокафетерии, односно пријавените не постапиле според владините уредби.

Македонија | пред 5 години

administracija

Одлуката за прекин на флексибилното работно време е вратена на повторно разгледување во Владата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата.Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата.До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Македонија | пред 5 години

kostadinov

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ се води единствено од популизам, воопшто не им е грижа за интересите на граѓаните

Најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против потврдувањето на одлуките за прогласување на вонредна состојба од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди деструктивноста и неодговорноста на оваа партија.Денеска, повторно се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски се води единствено од политички популизам и воопшто не им е грижа за интересите на граѓаните и државата, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.За потсетување, вонредната состојба беше исклучиво во интерес на граѓаните и неопходна за брзо делување на Владата и институциите, за менување на закони кои овозможија поголема ефикасност на извршната власт во носење мерки и политики за справување со последиците од коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните, во ситуација кога имавме распуштено Собрание и преодна Влада со мандат за организирање парламентарни избори.Истовремено, вредно е да се напомене дека и Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука за прогласување на вонредна состојба и ги отфрли сите поднесени иницијативи во однос на уставноста на петтата одлука за прогласување вонредна состојба. Со тоа, Уставниот суд ги расчисти сите дилеми околу уставноста на одлуките.Потврдувањето од страна на Собранието на одлуките за прогласување вонредна состојба е во интерес на граѓаните, на институциите, на државата.Денеска, видовме дека ВМРО-ДПМНЕ упорно стои на спротивната страна. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски остануваат посветени на деструкција, неодговорно и незрело однесување кое на штета на Собранието, на државата.Без разлика на сите обиди за опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, државата продолжува по патот на развојот и напредокот во интерес на сите граѓани, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 5 години

w_56083030

Денеска нови 194 случаи на ковид 19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-8, Дебар-13, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-29, Струга-2, Велес-6, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-8, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-14, Крива Паланка-2, Радовиш-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-1, Виница-5, Кичево-5.Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 7025, активни 727• Куманово 1764, активни 181• Дебар 286, активни 31• Штип 1257, активни 51• Прилеп 684, активни 130• Тетово 1442, активни 146• Струга 672, активни 50• Велес 328, активни 32• Битола 309, активни 63• Охрид 428, активни 40• Кавадарци 239, активни 42• Гостивар 936, активни 89• Гевгелија 126, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 251, активни 149• Крива Паланка 110, активни 26• Радовиш 85, активни 21• Крушево 20, активни 1• Кочани 363, активни 162• Пробиштип 115, активни 22• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 93, активни 8• Пехчево 44, активни 3• Берово 104, активни 32• Валандово 35, активни 24• Виница 114, активни 26• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 25, активни 1• Свети Николе 352, активни 44• Кичево 328, активни 34• Ресен 164, активни 15• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1697 теста се преку: ИЈЗ-588, ЦЈЗ Скопје-88, Авицена-360,  Биотек-158, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Систина со PCR метода -117, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-7, ГАК-11, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца  и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 175, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 56• Гази Баба – 85• Аеродром - 115• Карпош – 95• Центар – 105• Кисела Вода – 90• Ѓорче Петров – 53• Бутел - 29• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 7• Сарај – 14• Арачиново – 5• Илинден – 32• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 5• Петровец – 5• Зелениково - 2• Странец – 8• Нераспределен-1

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

ВМРО ДПМНЕ: Денес се кажа НЕ на лошите политики на СДСМ, не се дозволи депонија на хаварисани возила во Драчево

Денес  на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци!  Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.Денес на Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните. Денес дел од советниците на Град Скопје рекоа НЕ на лошите политики на СДСМ.По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои.Дел од советниците на Град Скопје решија дека граѓаните заслужуваат здрава животна средина!Време е да се стави крај на лоши политики на СДСМ кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Скопје | пред 5 години

Gradonacalnik_uvid_skol

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески направи увид на инвестициите во општинските училишта

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на тековните инвестиции во училиштата кои Општина Охрид ги реализираше во насока на обезбедување на подобри услови за учениците. Со менаџерските тимови на училиштата, градоначалникот разговараше и за сите приоритетни потреби за подобрување на условите за настава, на кои треба да се работи во иднина.Во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во моментот се изведуваат завршни активности за поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Паралелно со овие активности, беше извршена и промена на дограмата во училишната работилница. Исто така во моментот се работи на реконструкција и молерисување на сите внатрешни ѕидови во училиштето. Според планираното, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на подовите во сите училници. Инвестициите во ова училиште се реализираат со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид и Министерството за образование и наука. Минатата година, во овој училишен објект беше извршена промена на покривот, беше поставена нова дограма на целиот објект, беа реконструирани таваните во сите училишни простории и беше поставено ново лед осветлување.Во ОУ „Христо Узунов“ градоначалникот направи увид на тековните инвестициски активности кои значително ќе придонесат за подобрување на условите за настава. Во моментот се изведува реконструкција на сите санитарни јазли. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Исто така во моментот се изведуваат активности за комплетна промена на дограмата во училишниот објект и спортската сала. Вредноста на проектот е 3 милиони денари, а Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Наскоро, со средства од општинскиот буџет ќе се реконструираат подовите во сите училници. Минатата година во ова училиште беше извршена промена на стариот азбестен покрив со нов лимен покривач.Градоначалникот беше во посета и на училишниот објект на ОУ „Браство“ во населба „Лескајца“ при што се информираше за сите приоритетни потреби за подобрување на условите. Во текот на наредниот период во овој училишен објект со средства на Општина Охрид ќе биде извршена реконструкција на водоводната линија, со што се очекува да биде надминат долгогодишниот проблем со загуба на вода. Исто така, според планираното во текот на наредниот ќе се изнајде и решение за проблемот со влага на дел од ѕидовите и ќе се изврши промена на дограмата во холот на училиштето. Инаку во овој училишен објект со средства на Општина Охрид, минатата година беше извршена комплетна реконструкција на покривот.Исто така, во текот на изминатиот период Општина Охрид инвестираше во промена на дограма, реконструкција на подови, санитарни јазли и реконструкција на внатрешни ѕидови во уште неколку основни и средни училишта на подрачјето на општината. 

Македонија | пред 5 години

sestra

Бешлиовска: Ако не биде решен статусот на медицинските сестри, тогаш ќе има уште поголем одлив

Гордана Бешлиовска, претседателката на Здружението на медицински сестри смета дека медицинските сестри треба да имаат подобар статус и ако не биде решен, тогаш ќе се случува уште поголем одлив.Таа денеска се обрати по повод најавеното заминување на три медицински сестри, меѓу кои и главната медицинска сестра од Инфективната Клиника.Треба некој да се запраша зошто сме ние медицинските сестри сме незадоволни. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи. И на тој начин не треба да барате одговорност од нив. Ќе имаме вакви случаеви многу, ако не се реши статусот. Ќе заврши пандемијата, ние ќе се сретнеме со уште поголем одлив. Нашите информации во моментов говорат дека голем дел веќе полагаат завршни испити во соседните земји и само чекаат крај на пандемијата и да си заминат, рече Бешлиовска.Медицинските сестри во болниците, посочи таа, се третирани по аршини на некои правилници во самите болници. Според неа, медицинските сестри не недостигаат само кај нас, туку тоа е глобален проблем.  Таа додаде дека незадоволство на медицинските сестри нема само на Инфективната клиника, туку во сите здравствени установи.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Се реконструира улицата 11 октомври кај старата градска болница

Улицата 11-ти Октомври на потегот од крстосница со булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата  Стив Наумов за 30 дена ќе биде реконструирана и ќе биде обновено булеварското зеленило.-         Денеска ја започнавме реконструкцијата на улицата, ќе работиме најинтензивно и јас очекувам овој потег што го работиме денеска до сабота да биде готов, во недела ќе направиме кратка пауза заради одвивање на Скопскиот маратон, а во недела попладне продолжуваме да работиме и моите очекувања се дека до крајот на следната недела, односно за помалку од 10 дена да ја завршиме реконструкцијата. Предвидена е целосна реконструкција на коловозот, тротоарите и велосипедските патеки по должина на целиот потег – рече Шилегов.Дополнително на овој потег од 250 метри ќе биде обновено булеварското зеленило и ќе бидат заменети постојните рабници. Вредноста на проектот изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 30 дена. Минатата година во овој дел од градот се реконструираше бул. Кочо Рацин и ул. Павел Шатев кои се вкрстуваат со ул. 11-ти Октомври.Во делот на велосипедскиот сообраќај на овој булевар минатата година беа реконструирани и велосипедските патеки од Рампа до бул. Кочо Рацин на кој за прв пат беа поставени велосипедски ленти стеснувајќи го коловозот заради смирување на автомобилскиот сообраќај.Дел од улиците кои започна да ги реконструира Градот  во текот на оваа градежна сезона веќе влегуваат во фаза на поставување на хоризонтална патна сигнализација и набргу ќе бидат пуштени во употреба. Реконструкциите завршуваат во рекордно кратки рокови, а на дел од булеварите се работи и ноќе со цел колку што е можно побрзо да бидат завршени за да можеме поскоро да бидат  пуштиме во употреба. Крајната цел  е  воспоставувањето на ефикасен и безбеден сообраќај кој ќе ги почитува принципите на одржлива урбана мобилност и  полека но сигурно, чекор по чекор да станува наше секојдневие.Градоначалникот Шилегов упати и апел до граѓаните да бидат трпеливи додека траат градежните работи и да ја почитуваат поставената сигнализација.

Скопје | пред 5 години

DSC2706

Населбата Пржино ќе добие многу подобри услови за живеење

Општина Кисела Вода исто како и во останатите делови на својата територија, инфраструктурата ја подобрува и во населбата Пржино.Во моментов, ЈП „Водовод и канализација“ во соработка со Општината на улицата „Милан Мијалковиќ“, во должина од околу 400 метри поставува водоводни цевки со профил Ф200, а во исто време Општина Кисела Вода во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри врши целосна реконструкција на истата улица. На улицата, со ширина од 1,5 метри од двете страни ќе се изврши обнова и на тротоарите.За реконструкцијата на улицата, Општина Кисела Вода средства обезбеди преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка.Денеска увид во градежните работи на улицата извршија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.

Скопје | пред 5 години

Policija

Засилени сообраќајни контроли во Куманово: 80 санкции за еден час

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Куманово, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Куманово.„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Куманово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.„Само за еден час во денешната акциска контрола во Куманово изречени се 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзина и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Македонија | пред 5 години

skopje

(ВИДЕО) Блокирано е Скопје кај Зелен пазар

Поради реконструкција на улицата, колони возила кај Зелен пазар.  Граѓаните велат дека треба да тргнат саат два порано за да стигнат навреме. Вака изгледа кај Зелен пазар денеска. https://www.facebook.com/livenewsmacedonia/videos/391901568472177

Скопје | пред 5 години

Protest3

ВМРО-ДПМНЕ на протест во сабота - Мафијата на Заев те тужи, мафијата на Заев те суди

Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, МАФИЈА ТЕ ТУЖИ,МАФИЈА ТЕ СУДИ.Затоа гледаме стотици случаи кај што мафијата на власт удира по новинари, удира по опозицијата, удира и по народот. Кацарска е наградена со место во Уставниот суд. СЈО ги изеде народните пари, а народот не виде правда.Селективната Луј Витон правда не е правда, туку маша како да се заштити криминалот на екипата на Заев.Оние судии и обвинители кои работат по директивата на Заев потоа се унапредуваат и наградуваат. Тоа народот го гледа и затоа довербата во правосудството е минорно. Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на неправдата и на мафијата на чело на Заев која владее султански со Македонија.Доаѓа време кога овој султанизам ќе падне и кога мафијата ќе одговара за целата неправда заедно со нивните помагачи и слепи послушници кои го газат својот народ.Во сабота, во 18:30 часот, збирно место пред министерството за правда, улица Македонија, плоштадот, до Основното јавно обвинителство.Протестираме против неправди, реваншизам и политичко насилство, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

krmov

Крмов: Две години од БОЈКОТОТ на срамниот референдум кога овој народ одби да се самоукине!

Две години од БОЈКОТОТ на срамниот референдум кога овој народ одби да се самоукине! Сега освен на улица отпорот против „северна“ почна да 'рти и во Собрание, Напиша на својот ФБ профил историчарот на уметност и пратеник од Левица Борислав Крмов.https://www.facebook.com/boris.krmov/posts/10221293024447781

Македонија | пред 5 години

viceguverner

Вицегувернерката Митреска на „Ист жур фиксе“: Македонската економија ја минува ковид-кризата со посилни фундаменти во споредба со глобалната финансиска криза од 2008 година

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска учествуваше на 86. издание на „Ист жур фиксе“ – настан во организација на Централната банка на Австрија, којшто оваа година, заради околностите со пандемијата се одржа во виртуелен формат. На настанот, фокусот секогаш е ставен на актуелни теми и прашања за централнобанкарската заедница, а годинешното издание беше на тема „Сѐ за ковид-19 – геополитички, економски и макрофинансиски перспективи на земјите од Западен Балкан”. Како говорник на втората сесија на којашто се дискутираше за последиците од ковид-19 врз макрофинансиската стабилност, вицегувернерката Митреска даде осврт на случајот на македонската економија. Притоа, во рамки на своето излагање, таа укажа на посилните фундаменти и помалите ранливости со кои македонската економија ја минува ковид-кризата, споредено со периодот на глобалната финансиска криза од 2008 година. Според неа, тоа е видливо преку повеќе сегменти, вклучително и преку посилната надворешна позиција на економијата, повисокото ниво на девизните резерви, како и преку отпорноста на банкарскиот систем. Во своето излагање, вицегувернерката стави акцент и на каналите преку кои ковид-кризата се пренесува во домашната економија, укажувајќи на каналот на доверба и очекувања како битен фактор за намалувањето на потрошувачката и инвестициите. Понатаму, таа се осврна на каналот на трговските врски и намалената надворешна побарувачка, како фактори коишто имаат неповолен ефект врз извозот, а во услови на вклученост на економијата во глобалните производствени синџири. „Сепак, податоците покажуваат дека овие ефекти се краткотрајни и во услови на отворање на економиите, тие постепено се исцрпуваат. Всушност, структурата на економијата и на извозната база, во коишто доминираат стоките, а не услугите, претставува компаративна предност во овој период, што може да овозможи побрзо закрепнување на кус рок во однос на некои други економии.“ – посочи Митреска. Посебен акцент стави и на дознаките, коишто со оглед на специфичноста на кризата бележат намалување. Во однос на монетарната политика и регулаторните промени, вицегувернерката посочи дека од почетокот на ковид-кризата, Народната банка ги релаксира монетарните услови. Намалувањето на основната каматна стапка, обезбедувањето дополнителна ликвидност, реактивирањето на неконвенционалната мерка на задолжителната резерва, но и овозможувањето на регулаторна флексибилност со цел намалување на финансискиот товар за компаниите и граѓаните се дел од преземените мерки, коишто Митреска и ги посочи во дискусијата на настанот. „Целиот овој пакет на мерки овозможи релаксирање на финансиските услови и олеснување на пристапот до финансирање, со што се ублажува ефектот од ковид-кризата врз домашната економија.” – истакна вицегувернерката. На крајот на излагањето, таа ја нагласи и исклучително високата неизвесност присутна кај економиите, со оглед на здравствениот карактер на кризата, како и потребата од внимателно следење на сите текови. Учеството на овој значаен меѓународен настан, вицегувернерката Митреска го искористи и за одделни дискусии со свои колеги од регионот и Европа, коишто во најголем дел беа фокусирани на размена на искуства од досегашното справување со ковид-кризата.

Македонија | пред 5 години

Skolo

Сојузот на средношколци најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата од ноември, доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат комбинирана настава.Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи рече дека ова треба да се сфати како ултиматум до министерката Царовска и министерот Филипче.„Доколку епидемиолошката состојба во октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел. Ако тоа не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн наставата во ноември“, велат од Сојузот.Оттука истакнаа дека нивното главно барање за комбиниран модел на настава – онлајн и со физичко присуство било одбиено. Сепак, како што посочија, институциите на нивно барање се согласиле учебната година да почне од 1 октомври, праксата да се одвива со физичко присуство, а домовите да профункционираат со половина од капацитетите.

Македонија | пред 5 години

antonio_govornica

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба затоа што беа злоупотребени

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ и би сакал да известам за една актуелна тема, а тоа се одлуките за прогласување на вонредна состојба а кои се ставени како дел од дневниот ред на собраниската седница, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.Ставот на пратеничката група е дека ќе гласаме против овие одлуки за вонредна состојба од три причини. Првата причина е дека одлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување со пандемијата, за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијата.Втората основа за овие одлуки беше справување со економските последици од пандемијата и денес неколку месеци после овие одлуки за вонредна состојба имаме драстично влошување на економските состојби во државата со многу зголемена невработеност.Третата причина е што овие два основи на одлуките за вонредна состојба, справување со пандемијата и помош на економијата, за жал владата ги злоупотреби и наместо да носи мерки посветени на овие теми, носеше уредби со законска сила кои што беа злоупотребени за изборен поткуп или за менување на Изборен законик во 5 до 12, или за лиценци за марихуана, за брусење дијаманти и слично. Потврда дека ваквите одлуки за вонредна состојба беа злоупотребени од владата е и фактот што Уставниот суд поништи десетина уредби донесени од владата во тој момент,  истакна Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

miteva

Митева: МОН признава дека платформата е нефункционална

На ден пред официјалниот старт на училишната година, образованието кое е клуч за креирање и одржување на државата е сеуште во фаза на тестирање. Родителите, учениците и наставниците се најзасегнати, Синдикатот за образование наука и култура алармира за бројни недостатоци, а надлежните бараат трпение, истакна Марија Митева од ВМРО ДПМНЕ.Универзалниот опфат за квалитетно образование достапно за сите деца е клучен приоритет на современото општество.Ние поддржуваме големи секторски реформи и процеси со кои ќе се обезбеди квалитетно образование, но со вистинска, реална функционалност. Напротив, добиваме информации дека предизвиците ВЕРОЈАТНО ќе се надминат. Сведоци сме на празни зборови. Ни недостасуваат дела.Дали цел овој месец ќе помине во неуспешни обиди и адаптација, додека се презентира нова современа и нормална настава?Дали Министерството за образование и наука може да состави план, стратешки приоритет со конкретни чекори и насоки, како до квалитетна учебна година за сите чинители во образовниот процес?И конечно, дали Министерството за образование и наука признава дека платформата, која не убедуваа дека е најдоброто решение не е добра, не е функционална и се пренасочуваат кон друга?Реакциите стигнуваат и од студентите, велат мобилната верзија не е воопшто функционална. Промоцијата за користење на платформата на 5 наставни јазици за жал не ги вклучува ромите и ромскиот јазик, за чие прашање јавноста чека писмен одговор од Министерството за образование и наука.Јавните прашања се безбројни, а одговори се помалку.Дополнително, во време кога постојат бесплатни оперативни системи, бесплатни мрежни сервиси, бесплатна замена за Офис програми, Владата предводена од СДСМ финансира софтверски лиценци, но залудно.Училиштето значи функционирање на општествениот систем како целина. А ние денес сме сведоци на неуспешна платформа.Образованието во својата модерна, дигитална форма, е уште еден во низата ваши неуспешни обиди.Доколку учебната година не започне утре, ја повикуваме Мила Царовска да си поднесе оставка од позицијата Министер за образование и наука, истакна Марија Митева од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

administracija

Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време

Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време бидејќи, според нив, тоа е спротивно на Гранскиот колективен договор потпишан на почетокот на годинава во кој е утврдено флексибилно работно време.Од Синдикатот на УПОЗ велат дека се затекнати од ваквата одлука на Владата бидејќи не биле информирани и консултирани како социјален партнер.– Ваквата одлука, за Синдикатот на УПОЗ е нејасна и конфузна и веднаш создаде револт меѓу вработените од причина што Владата со носењето на ваквата одлука сметаме дека не го почитува социјалниот дијалог, постапува спротивно на Конвенциите на Меѓународната организација на трудот и го негира Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и другите органи основани од Собранието на Република Македонија, кој Владата го потпиша на почетокот на оваа година, се вели во реакцијата.Синдикатот на УПОЗ посочува дека во Гранскиот колективен договор е определено флексибилно работно време од 07:30 – 08:30 часот до 15:30 – 16:30 часот и оти вака утврденото право не може и не смее да се дерогира со еднострани одлуки.– Синдикатот на УПОЗ сепак се надева дека Владата на Македонија ќе ја преиспита ваквата одлука и истата ќе ја повлече бидејќи флексибилното работно време беше наше барање и таа одлука беше позитивно прифатена од вработените и даде позитивни резултати, велат од Синдикатот.Владата вчера на седница донесе одлука времено да се суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа и од 1 октоври за сите да има едно работно време од 8 до 16 часот./МИА

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања