Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

policija-123

Малолетник пукал во куче, но погодил друго момче

Шеснаесет годишно момче од скопското село Бојане вчера било рането со огнено оружје, по што било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Инцидентот се случил во селото Копаница.Во врска со настанот уапсен е 16-годишник од с.Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот. Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето.

Македонија | пред 5 години

Koloni

(ВИДЕО) Гори комбе на автопатот Тетово - Скопје

Гори комбе на на автопатот Тетово - Скопје. Колони возила чекаат огнот да се изгасне, и да се создадат услови за да може да се помине.Причините на опожарување на возилото сеуште не се познати.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Општина Центар донесе решение за нелегално поставена урбана опрема на Гостилница „Аманет“

Овластен градежен инспектор на Општина Центар, постапувајќи по службена должност, изврши увид и констатира со записник дека инвеститорот ДПТУ ПРИМЕС КО. ДООЕЛ Скопје, со седиште на улица „Павел Шатев “ бр.2, Скопје, не поседува решение запоставување на урбана опрема челична конструкција обложена со стакло со димензии 10м x 11 м, пред деловниот простор на ГОСТИЛНИЦА АМАНЕТ.Овластениот градежен инспектор донесе Решение со кое му се наредува на инвеститорот во рок од три дена да ја отстрани градбата – Урбана опрема, челична  конструкција обложена со стакло со димензии 10м x 11 м.Во овој случај изјавена жалба против првостепеното решение со кое се наредува отстранување на наведените градби не го одлага извршувањето на решението согласно член 137 став 4 од Законот за градење.Општина Центар нема да дозволи нелегално поставување на градби и урбана опрема со што се оневозможува слободно движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

tetovoold

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина, сакаат да одат во училиштата

Дел од средношколците од повеќе средни училишта од наставата по албански јазик се собраа пред гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово околу 13.30 часот и со тоа ја бојкотираа наставата од далечина. Тие сметаат дека треба да се оди на училиште и рекоа дека нема да учествуваат на наставата преку интернет и наредните денови.-Ние сме од гимназија, не сме против некого, но сакаме да одиме на училиште. Ние никогаш не сме се изјасниле дека сакаме да имаме онлајн настава. Само сакаме да бидеме на училиште, како што си имаат сите права на образование.  Ако има по 200-300 луѓе кои чекаат пред банките и внатре,  нас не има само 100 во генерација кои можеме да бидеме на настава.  Ако треба онлајн настава треба да купуваме компјутери и телефони, работи кои се потребни, а  држава не ги дава, изјави Енес Асани, ученик во трета година во гимназијата„Кирил Пејчиновиќ“.Во селото Долна Лешница, општина Желино родилите на ученици од наставата од прво до трето одделение, пак не ги пуштија децата на настава поради несоодветни услови. Тие бараат обнова на подрачниот објект во рамки на централното училиште „Луиѓ Гуракучи“. -Зградата е монтажен објект од 1976 година, а покривот е од канцерогени азбестни плочки. Без ново училиште нема да ги испраќаме децата на училиште, општината нашето барање не го има земено во предвид, истакнаа родителите.Инаку, во рамки на општина Тетово, според податоците на секторот за јавни дејности на училиште започнаа да одат 3 400 ученици од прво до трето одделение.  Општина Тетово брои 9 850 основци и 6 300 средношколци.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Нови 162 случаи на ковид 19 денеска, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2.Во болнички услови се починати 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 7100, активни 775• Куманово 1777, активни 184• Дебар 287, активни 32• Штип 1262, активни 51• Прилеп 689, активни 124• Тетово 1455, активни 149• Струга 673, активни 42• Велес 330, активни 33• Битола 314, активни 67• Охрид 430, активни 33• Кавадарци 241, активни 42• Гостивар 936, активни 86• Гевгелија 129, активни 41 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 261, активни 156• Крива Паланка 113, активни 28• Радовиш 89, активни 25• Крушево 20, активни 1• Кочани 375, активни 161• Пробиштип 116, активни 23• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 93, активни 8• Пехчево 44, активни 3• Берово 104, активни 30• Валандово 36, активни 23• Виница 116, активни 28• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 25, активни 1• Свети Николе 353, активни 43• Кичево 328, активни 34• Ресен 164, активни 15• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1350 теста се преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-57, Авицена-291,  Биотек-173, МАНУ -141, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -108, лабораторија Лаор –23, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-3, ГАК-13, Синлаб-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  3 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 56• Гази Баба – 88• Аеродром - 123• Карпош – 99• Центар – 118• Кисела Вода – 96• Ѓорче Петров – 55• Бутел - 29• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 8• Сарај – 15• Арачиново – 5• Илинден – 33• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 6• Петровец – 5• Зелениково - 2• Странец – 10• Нераспределен-7

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Нови снимки од брутално и насилничко однесување на полицајци врз граѓаните

Во јавноста се појавија нови снимки од брутално и насилничко однесување на полицајци врз граѓаните, објави Република.Снмката е од пред една недела во Ченто, а на неа се гледа како полицски службеници удираат граѓани со клоци, им се обаќаат со пцовки и погрдни зборови, а се гледа и како по неколкумина полицајци ги пригмечуваат луѓето на каросеријата од полициското возило без граѓаните воопшто да пружаат отпор.Исто така едниот полицаец кој го турка приведениот, агресивно со бокс замавнува кон лицето коешто го снима инцидентот без никаква причина.https://www.facebook.com/republika.nedelnik/videos/349805142748947

Македонија | пред 5 години

zaev-borisov

СДК објави Руска анализа: Македонија е антинацистички проект, а со тоа и антибугарски

Рускиот новинар Дмитри Баварин вели дека Република Македонија и македонскиот јазик навистина се проект на комунистите, но проектот првенствено е антинацистички, а тоа што е и антибугарски, за тоа си се виновни самите Бугари, во неговата опсежна анализа за македонско-бугарските односи, направена по повод бугарскиот меморандум до земјите членки на ЕУ, објави  sdk.mk. Во анализата, насловена „На словенски народ му го откажуваат правото на постоење“ во онлајн магазинот „Взгљат“, Баварин објаснува дека првите разговори за постоење на посебни словенски Македонци, одвоени и различни од Бугарите, иако блиски со нив, се јавиле меѓу локалната интелигенција во втората половина од 19. век и почетокот на 20. век, кога филологот, историчар и политичар Крсте Мисирков го создал македонскиот литературен јазик.Потоа, тој пишува за Втората светска војна во регионот и потсетува дека тогашниот бугарски цар Борис Трети неколку пати се сретнал со Хитлер пред војната за да може да ја преземе Македонија и делови од српските и грчките територии, што тогаш било дел од националната идеја на Бугарија.Потоа, рускиот новинар прави и анализа на внатрешна бугарска ситуација во моментов и вели дека станува збор за најсиромашна, најкорумпирана и земја со најлош индекс на слободата на медиумите во ЕУ.„Воопшто не е забавно да си Бугарин“, вели Баварин.По освртот на протестите во Бугарија, кои што траат од јули годинава, и на кои што се бараат оставки од премиерот Бојко Борисов и јавниот обвинител Иван Гешев, Баварин вели дека Борисов веќе извесно време има одвратен имиџ во ЕУ и дека европските медиуми го споредуваат неговото владеење со мафијашки клан и прогнозираат негов пораз на изборите напролет.Текстот во целост на: sdk.mk. 

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена вчера.Портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, по тој повод истакна дека се разгледуваат сите можности и ќе бидат разгледани сите опции на телата и органите во партијата и ќе бидат дискутирани.„Ние одамна кажавме дека Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, која, за жал, функционира во оваа држава Република Македонија и многу подобро и од најдобрите времиња кога функционирала најголемата мафија во светот ‘Коза ностра’“, рече Арсовски.Можноста за импичмент е поврзана со актуелните случувања во Собранието во однос на гласањето за петте вонредни состојби на претседателот.ВМРО-ДПМНЕ вчера се изјасни дека нема да гласа за одлуките за вонредна состојба оти голем дел од уредбите донесени од Владата биле наменети за други цели.

Македонија | пред 5 години

Obrazovanie

(ВИДЕО) Инвестиции на Општина Охрид во образовните институции

И покрај актуелната состојба со здравствената криза, Општина Охрид продолжи континуирано да ги реализира предвидените инвестиции во основните и средните училишта. Реализирани се низа проекти кои се значајни за подобрување на условите за учениците и образовниот процес.

Македонија | пред 5 години

01102020_PVRSM_MO_Sredba_Oficeri_1

Заев и Шекеринска се сретнаа со пет штабни офицери вратени од Авганистан: Вие сте гордост за државата и посакуван партнер во меѓународните мисии

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска  остварија средба со група офицери кои се вратија од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.На средбата на која присуствуваше и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, премиерот Заев од лично и од име на Владата им се заблагодари и упати честитки до офицерите за успешно извршената мисија.Премиерот Заев истакна дека припадниците на нашата Армија се гордост за државата и со својата висока професионалност се посакуван партнер во меѓународните мисии.„Сега сме членка на НАТО. И како рамноправен партнер споделуваме одговорно во придонесот за зачувување на светскиот мир. Вие ја претставувате нашата земја во најдоброто светло што е исклучително важно“, истакна премиерот Заев.На средбата министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека нашата држава дава значаен придонес со учеството во меѓународните мисии и досега се испратени над 4.000 војници.„Ми претставува задоволство  што нашите офицери успешно ја извршиле мисијата. Ова претставува огромно искуство за нашите офицери. Од овие мисии се профилираат нашите најдобри професионалци“, нагласи министерката Шекеринска.Штабните офицери, кои се вратија од Мазар е Шариф и беа распоредени во рамките на Командата за обука, советување и асистенција - Север, истакнаа дека нашите војници и офицери се ценет и доверлив партнер во меѓународните мисии.На средбата беше изразено задоволство од видно подобрените услови во Армијата, при што беше истакната поддршката на Владата за унапредување на материјалните услови, статусот и достоинството на војниците и старешините.Воедно беше нагласено дека останува посветеноста за натамошно учество во постојните и нови меѓународни мисии.Република Северна Македонија, својот придонес со штабни офицери во Командата за обука, советување и асистенција - Север го започна пред 6 години и учествуваше со 13 шестмесечни ротации.Учеството на припадниците на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан, продолжува сѐ до нејзиното завршување.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Наскоро нов лик и за улицата Васил Ѓоргов

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза (улицата Водњанска). На овој потег, ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот на должина од околу 1.000 метри, обнова на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт. Улицата Васил Ѓоргов е 13.реконструкција што ја почнува Градот Скопје во оваа градежна сезона, а дел од сообраќајниците што веќе се реконструираат влегуваат во финалната фаза. Сакам да се заблагодарам на граѓаните на Скопје за разбирањето, зашто ова што го прави Градот Скопје на крајот на летото и на почетокот на есента е од вистински интерес токму на граѓаните. Метежот ќе заврши, а потоа, за неполн месец, на сите локации каде што работиме ќе добиеме целосно обновена или нова инфраструктура. Скопје нема алтернатива освен да ја подобри инфраструктурата зашто безбедноста во сообраќајот, а особено безбедноста на пешаците и на велосипедистите, е примарна за секој од нас – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов. За реконструкција на улицата Васил Ѓоргов ќе се вложат околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 45 дена.

Скопје | пред 5 години

2020_1001_12014300

Средба Филипче-Брнз: САД е наш стратешки партнер во јакнење на здравствениот систем

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска оствари работна средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, на која и се заблагодари за континуираната поддршка во унапредување на здравствената заштита и успешно справување со коронавирусот во нашата држава.„САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем. Упативам посебна благодарност до амбасадорката Кејт Maри Брнз за несебичното залагање уште од почетокот на кризата, кога добивме огромна помош, прво во заштитна опрема, материјали, а понатаму и во медицинска опрема за Инфективната клиника, Институтот за јавно здравје, како и заштитна опрема специфична за Клиниката за гинекологија и акушерство“ -посочува по средбата министерот Филипче.Со поддршка од Американската амбасада, Институтот за јавно здравје доби кабинет со биосигурност ниво 3, во вредност од 500 илјади американски долари, како и доопремување на ИЈЗ со тестови и центрифуга во вредност од 12 илјади американски долари, што ќе придонесе за зголемување на капацитетите за тестирање на Институтот за 10 до 15 отсто. Благодарение на целосното реновирање помогнато од амбасадата на САД, првпат во нашата земја имаме кабинет со биосигурност ниво 3. Ова претставува уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга и унапредување на технологијата на работа, согласно најсовремените стандарди.На почеток на коронакризата, Амбасадата на САД донираше поголемо количество заштитна медицинска опрема (маски, одела и друга заштитна опрема), во вредност од над еден милион долари, наменета за лекарите, за епидемиолозите и останатите здравствени работници од Инфективната клиника и Институтот за  јавно здравје, кои се првата одбрана на земјата од епидемијата.Исто така, со поддршка од Американската амбасада, во изминатиот период целосно е реновирана Клиниката за неврологија, изграден е и целосно нов блок во Психијатриската болница во Демир Хисар. Во тек се и градежните активности на Клиниката за максилофацијална хирургија, како и реконструкција на Клиниката за хематологија.

Македонија | пред 5 години

25

Единствена Македонија: 30 септември, Денот на референдумската победа, ден кога покажавме што мисли народот за предавничкиот договор за името

„Македонија Бојкотира“ синоќа со народен собир во паркот спроти македонското Собрание ја одбележа двегодишнината од референдумот на кој македонскиот народ и државјаните на Република Македонија и покажаа на власта што мислат за евроинтеграциите на Македонија и предавничкиот договор со Грција. Но власта ја погази референдумската волја на народот и насилно ја внесе државата во НАТО со бришење на вековното македонско име, се вели во соопштението од Единствена Македонија.  Во продолжение додаваат:Под мотото „Не се откажуваме - Битката за Македонија продолжува“ на видео бим беше прикажан документарен филм за големата референдумска победа на 30 септември 2018 година.Да потсетиме дека националниот блок „Македонија - Бојкотира“ во кој своевремено се здружија 84 организации - партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство водеше кампања за бојкот на референдумот.Референдумската победа е извојувана затоа што наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори стоеше најсилниот и нескршлив аргумент: македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име.30 септември 2018 година има свое формално - правно значење доколку било која идна власт поведе постапката за поништување на договорот со Грција кој е спротивен на меѓународното право и со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.    

Македонија | пред 5 години

Foto-1

(ВИДЕО)Пендаровски на првиот академски час: Користете го секој момент да стекнете нови знаења и вештини, да добиете информации и искуство

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на првиот академски час за бруцошите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.Универзитетот Кирил и Методиј како најстар и широко реномиран академски центар во нашата земја, со децении продуцира кадри кои со своето знаење и вештини се конкурентни на пазарот на трудот и кај нас и во странство. Од Правниот факултет на УКИМ на кој и самиот имав среќа да го оформам моето високо образование излегуваат идните правници, адвокати, судии, политолози, новинари и политичари кои имале и имаат своја улога во процесот на трансформација на Република Северна Македонија во модерна, демократска и просперитетна држава.  Годинава станавме членка на најважната глобална безбедносна организација, а наскоро и формално ќе навлеземе во големата трансформација за да станеме дел и од Европската Унија, така што сето знаење и експертиза кои тука ги добивате, заедно со вашиот младешки ентузијазам и енергија ни се апсолутно неопходни, истакна меѓу другото претседателот Пендаровски. Тој додаде:За жал, годинава пандемијата на Ковид-19 која од темел го измени нашето секојдневие диктираше и промени во  образовниот процес. И денешната свеченост е видоизменета согласно здравствените протоколи и прописи. Ја нема вообичаената атмосфера во студентскиот кампус, меѓутоа, животот мора да продолжи и сите ние мораме во од да се адаптираме. Користете го секој момент да стекнете нови знаења и вештини, да добиете информации и искуство. Споделувајте и комуницирајте, кога тоа не може да го правите со физичко присуство, користете ги новите технологии.Како човек кој пред речиси 40 години поминал низ овие амфитеатри, можам да ви кажам дека пред вас се најубавите години од животот. Ќе учите, но и ќе се дружите меѓу себе. Секој од нас и ден денес ги памети најтешките предмети, најдобрите професори, но и сите згоди и незгоди од студентските години, истакна претседателот.

Македонија | пред 5 години

press-maraton1

Виз Ер Скопски маратон ќе се трча во недела со посебни протоколи за Ковид-19

Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 4-ти октомври, во недела со истата патека, но со нов старт и цел, за да се испочитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Ова денеска на прес конференција го најави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, соопштувајќи дека оваа година со цел заштита на здравјето на сите, донесен е посебен протокол за одржување на најпознатиот и најстар спортски настан.„Оваа година ќе имаме 1500 учесници во три трки: маратон, полумаратон и штафетен маратон „ЕУ за тебе“. И оваа година ќе имаме квалитетни натпреварувачи, како и досега, но поради пандемијата влезовите во државите се ограничени и оваа година ќе бидеме без натпреварувачите од Африка. Заради целата ситуација со вирусот Ковид-19, го променивме стартот и целта, кои што ќе бидат пред влезот на СЦ Борис Трајковски, а патеката е иста. Тоа е така затоа што тој простор ни дозволува да ги испочитуваме сите протоколи донесени специјално за маратонот“, изјави Синадиновски.Прес конференцијата се одржа на терасата на хотел Парк, каде што свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Александар Кираџиев, национален првак во маратон во нашата земја неколку години по ред.

Скопје | пред 5 години

dete

(ВИДЕО) Учебната година започна, за едни во училница, за други пред компјутер, а за жал има и такви кои се на улица

Наместо на училиште, првиот училишен ден има деца кои се на улица бришејќи шофершајбни. Жална слика и денеска во Скопје.Продолжува злоупотребата на детскиот труд, а недлежните молчат.  Во однос на возраста на децата кои питачат на улица ги има од сите возрасни групи, од бебиња кои не наполниле ниту една година и деца со ненавршено полнолетство.Центарот за социјална заштита ги одзема децата од родителите кои ги оставаат да питачат, бидејќи станува збор за искористување на малолетни деца. Дали ќе се постапи и овој пат, останува да видиме!  https://www.facebook.com/livenewsmacedonia/videos/740678746780874

Скопје | пред 5 години

retki

Новите терапии овозможуваат поквалитетен живот за лицата со ретки болести

На Меѓународниот ден на лицата со Гоше, Министерството за здравство ја нагласува својата заложба за понатамошно подобрување на здравствените и социјални услуги за пациентите со ретки болести.За пациентите со Гоше, освен дополнителната инфуизона терапија обезбедена во 2018 година, во 2019 година набавена е и орална терапија, со што се овозможи овие пациенти терапијата да ја примаат и дома, наместо примање терапија на секои 2 недели на клиника. Со ова значително се олеснува секојдневното функционирање и се подобрува квалитетот на животот на лицата со Гоше.Министерството за здравство, во изминатите две години, освен за лицата со Гоше, обезбеди нови лекови и за пациентите со спинална мускулна атрофија, фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, идиопатска белодробна фиброза, а направен е и електронски регистар кој ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретка болеста - нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува. Во 2020 буџетот за ретки болести изнесува 527 милиони денари. За споредба буџетот во 2017 година изнесувал 214 милиони денари.Во соработка со Фондот за здравствено осигурување, МАЛМЕД, Министерството за труд и социјална политика, граѓанските организации и пациентите со ретки болести, Министерството за здравство изготви Национална Стратегија - стратешки документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030. Покрај обезбедување на терапија преку Програмата за ретки болести, стратегијата дополнително ќе овозможи унапредување на законодавството според Европските регулативи. Воедно оваа стратегија ќе овозможи унапредување на целокупната грижа за лицата со ретки болести,  како и надградба  на знаењата на медицинскиот персонал преку соработка со меѓународни центри за ретки болести.

Македонија | пред 5 години

zlatno-lance

Приведени тројца разбојници, украле златни ланчиња

СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево од слобода лиши тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.На 22.09.2020 во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на ул„11 Октомври“ во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот и биле одземени две златни ланчиња. По преземени мерки од страна на полициски службеници сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени ланчињата.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

На првиот училишен ден Шилегов и Царовска во посета на СУГС „Орце Николов“

Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска го посетија средното училиште на Град Скопје „Орце Николов“, на првиот училишен ден во новата учебна 2020/2021 година. Заедно со директорот на „Орце Николов“, Митко Димовски, тие се сретнаа со професорите од ова средно училиште кои држеа онлајн настава за средношколците.За да се заштити здравјето на учениците и на наставниот кадар од ширењето на корона вирусот, новата учебна година стартува со почитување на строги протоколи и онлајн настава која ќе се изведува преку националната платформа за учење од далечина.На професорите, но и на средношколците од Скопје, Шилегов и Царовска им пожелаа успешна учебна година. Тие изразија уверување дека со меѓусебна соработка ќе се надминат сите предизвици што ги наметна новиот начин на настава. 

Скопје | пред 5 години

sudar

(ФОТО) Се судрија возило од шумска полиција и мерцедес

Поради сообраќајна несреќа во која се судрија возило од шумска полиција и мерцедес, се создаде гужва и застој во сообраќајот кај Католичка црква.Во моментов увид на местото на несреќата прави полицијата. 

Скопје | пред 5 години

krazba-market

Приведен разбојник што се обидел да ограби аптека во Скопје

На 30.09.2020 во 01.35 часот пред аптека на бул.В.С.Бато во Скопје бил приведен А.В. (22) од Кавадарци, кој се обидел да изврши тешка кражба во аптеката. Лицето е задржано во полициска станица и известен е јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Скопје | пред 5 години

ohridski-ucilista

(ФОТО) Спроведени сите заштитни мерки во Охридските училишта

Согласно протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“ и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, кој го утврди Министерството за образование и наука, Општина Охрид навремено ги спроведе сите предвидени подготовки за почеток на учебната година, кои се предвидени за наставата со физичко присуство од прво до трето одделение.Извршена е набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а во текот на изминатиот период беше извршена целосна дезинфекција на сите училишни објекти во кои е предвидено да има настава.Исто така, сите општински училишта во текот на изминатиот период ги презедоа сите потребни активности за поставување на соодветни информации за заштита на учениците, а беше извршено обележување на ходничните простории и подготовка на училниците. 

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

Судијката Александра Ристеска не дојде на рочиште, се одложи „Тортура“

Судијката Александра Ристеска, не дојде на рочиште, по што се одложи денешното рочиште за случајот „Тортура“ каде првообвинет е поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков.На денешното рочиште требаше да сведочат петмина сведоци меѓу кои и бизнисменот Орце Камчев и Оливера Трајковска.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Филипче: Учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедна учебна година

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска во видео обраќање се обрати до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.„Пандемијата предизвикана од Ковид-19 донесе брза и тектонска промена во образованието каква што не се памети во историјата. Верувам дека за многу од вас, новиот начин на кој се почнува оваа учебна предизвикува чувство на неизвесност. Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки кои ги донесовме во однос на образовниот процес. Секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел, заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата. Секоја одлука која ја донесовме е донесена со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение“, потенцираше министерот Филипче.Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека целосното отворање на училиштата кое го применија многу земји се покажа како исклучително голем ризик, а во неколку земји тоа значеше целосен крах на системот и враќање кон силни рестрикции.„Верувам дека никој не го посакува ова. Сите добро се сеќаваме каква штета на менталното здравје, економијата и целото општество донесоа рестрикциите. Тие се последното нешто што сакаме да го употребиме и затоа мора да бидеме многу внимателни. Сите ученици кои се враќаат во училишните клупи, нивните родители и наставниот кадар мора да бидат многу одговорни. Дури 600 училишта ја започнаа настават со физичко присуство. Од учениците, родителите и наставниците очекувам максимално и доследно почитување на пропишаните мерки. Од сите заедно зависи дали ќе ја задржиме состојбата стабилна а со тоа и безбедно и квалитетно да ја поминеме учебната година. Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите. Јас верувам во вашата зрелост и одговорност. Вие може да бидете пример за возрасните и за целото општество. Кризата е време во кое созреваме, во кое растеме како одговорни личности. Ви посакувам успешна учебна година“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

Vardar-1

(ФОТО) Вардар во центарот на Скопје наликува на исушена река

Од Вардар остана само тиња и смет.  Наместо атракција, Вардар во центарот на Скопје наликува на исушена река.  Коритото на Вардар веќе со години е преполно со ѓубре, комунален и градежен смет, а често може да се забележат и стари машини за перење, апарати за домаќинство и секако фекален отпад што никако не се решава ниту пак се применуваат изработените планови во политичките програми на партиите.Граѓаните коментираат дека ако се продлжива вака, ќе го изгубиме и Вардар, а коритото ќе остане место за отпадоци.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања