Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

najcevska

Најчевска: Кривична за тие кои исплаќаат плати на вработени кои немаат ни работно место

Треба да се поднесе кривична пријава против секој потписник на плата за луѓето кои со години се вработени а не се ниту распоредени на некое работно место ниту пак извршуваат било какви работни задачи и не се појавиле во институцијата од која добиваат плата, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.Според неа, потписникот треба да ги надомести до сега исплатените пари со затезна камата од денот на првата исплата.„Не ме интересира ни премиер ни министер ни претседател ни Собрание. Има некој кој става потпис за некому да се исплати плата.Тој некој треба да биде кривично гонет и казнет.Нема тука политичка воља (не волја како кретенското решение на новокомпонираната граматика). Има право кое треба да се спроведе, напиша Најчевска на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10219727606835513

Македонија | пред 5 години

asfaltiranje-1

(ФОТО) Финално асфалтирање на улицата Никола Парапунов во Карпош 4

Во тек е финалното асфалтирање на улицата Никола Парапунов во општина Карпош. На оваа улица за само 10 дена е обновен коловозот на потегот од крстосница со булевар Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.https://www.facebook.com/p.shilegov/posts/2627360684260124

Скопје | пред 5 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери со ултиматум до Антикорупциска: Бара извинување или ќе ги казува

Претседателот на Собранието Талат Џафери побара од членовите на Државната комисија за спречување корупција до утре да се извинат за изнесените наводи дека апанажата на пратениците изнесува 100.000 денари.Тој вели дека членовите на Антикорупциската комисија се избираат од Собранието и тоа му дава право да бара одговорност од нив, јавува Телма. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Пронајдено мртво лице во Аеродром: МВР со истрага дали станува збор за самоубиство

Починато лице е пронајдено денеска пред зграда во Аеродром, во блокот спроти Три бисери.Според МВР, добиле пријава за лице што се фрлило од зграда на булевар „Јане Сандански“ и дека ги утврдуваат причините за смртта на лицето.Очевидци на настанот велат дека починатото лице било во близина на зградата, покриено, а полицијата веднаш излегла на терен.

Скопје | пред 5 години

sobranie

За четири години, 107 функционери го искористиле правото на апанажа

Во периодот од 2014 до 2018 година 107 државни функционери го искористиле правото на апанажа, информираше денеска Државната комисија за спречување корупција.Од нив, 29 биле службеници во Владата, а 78 во Собранието. Од 107 лица кои се предмет на анализата, 89 лица по престанокот на користењето на апанажата повторно се вработиле – 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор. По апанажата не се вработиле 18 лица.Износот на апанажата за лицата кои биле на функции во Влада изнесува околу 71.000 денари, а на оние кои им завршил пратеничкиот мандат, околу 100.000 денари.Антикорупциската комисија објави дека ќе бара законски измени околу правото на апанажа по престанокот на функцијата.Од анализата што ја презентираше ДКСК е заклучено дека директорите и нивните заменици сами на себе со акти си доделиле службени возила на користење седум дена во неделата и без лимит на километража.Од антикорупциска соопштија и дека 12 пратеници од претходниот парламентарен состав не доставиле анкетен лист, а шестмина со задоцнување и против нив ќе бидат поднесени прекршочни пријави.Антикорупциска побара и да им биде доставен одговор околу нивното барање да се поведе постапка за одговорност за директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени тројца разбојници од Скопје

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ги приведоа А.Ц. (20) и К.Ј. (19) од скопско и Е.Л. (20) од велешко поради основано сомнение дека на 10.09.2020 околу 13.30 часот во с. Петровец извршиле разбојништво над Д.М. од Велес. Лицата се приведени во ПС Гази баба и по наредба на јавен обвинител е извршено препознавање, при што нападнатиот ги препознал напаѓачите. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

02102020_PVRSM_sredba_Svetskabanka1

Заев - Ван Гелдер: Нашето партнерство и заедничките проекти придонесуваат за економски развој и квалитетен живот за граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ја прими регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер.На средбата преку онлајн комуникација учествуваше и Масимилиано Паолучи, новиот директор на Канцеларијата на Светска банка во земјата.На средбата се разговараше за приоритетите на Владата, како и подетално за областите поврзани со сегашната и идна поддршка од Светска банка, со фокус на досегашните заеднички проекти, како и финансиски услуги и анализи.Соговорниците разговараа и за напредокот на агендата за иницијативата за регионалното економско поврзување, како една од напредните идеи, која како што беше заеднички констатирано ќе доведе до ефикасни и значителни заштеди во трошоците на трговската размена на годишно ниво.На средбата беше споменат и Регионалниот проект за олеснување во трговијата и транспортот, преку кој Светската банка е вклучена и ќе даде значаен придонес.Беше разговарано и за напредокот во поттикнувањето на подинамичен и поконкурентен приватен сектор кој овозможува отворање на нови работни места, како и овозможување на услови за создавање конкурентна, професионална работна сила, која придонесува за економскиот раст и развој на економијата.На средбата беше констатирано дека вториот мандат на Владата ќе се искористи за интензивирање на реформите во областа на економијата и започнување на пристапните преговори со Европската Унија.Беше изразена отворена поддршка за одржливите фискални и економски политики, што водат кон реализација на проекти од интерес на граѓаните.Заеднички беше нагласена важноста на Стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, со чијашто поддршка се реализираат проекти во патната инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура, образованието и здравството, чие динамизирање ги доведува економските параметри во нагорна линија и придонесува за обезбедување на квалитетен живот за сите граѓани на државата.Од страната на Светска Банка беше истакнато дека Владата е фокусирана на ублажување на економските последици од ефектите од кризата и истовремено работи на планови за нејзино надминување.

Македонија | пред 5 години

filipce-2

Филипче: Анализата на епидемиолошките анкети ќе укаже дали и кои мерки би ги препорачале

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека на консултативната средба со Комисијата за заразни болести е договорено да се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот во повеќе општини, односно градови во државата.„Врз основа на тоа ќе заземеме став дали се потребни некакви мерки кои што би ги препорачале понатаму до Владата. Уште еднаш апелирам до сите граѓани да се почитуваат мерки. Очигледно дека сме пред почеток на една новонастаната есенска ситуација, којашто ја очекувавме. Ќе има дополнителни мерки доколку има зголемен број на заразени. Но, точната анализа на епидемиолошките прашалници ќе ни укаже на тоа која од мерките треба да ја препорачаме и во кој временски период.“ - изјави министерот Филипче.На прашањето дали се размислува уште неделава да се воведе една од мерките коишто беа најавени, а се однесува на намалување на времето на работа на угостителските објекти или ограничување на бројот на маси,  министерот Филипче изјави дека тоа ќе зависи од податоците коишто ќе произлезат од епидемиолошките прашалници.„Има уште неколку мерки коишто ги најавивме, но сакаме да се точно димензионирани и да ги препорачаме според оние податоци коишто ќе ги добиеме. Денеска и утре, во текот на викендов ќе работиме, па ќе излеземе со соодветни препораки“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

studija

Се подготвува студија за ревалоризација на споменикот на природата Охридско езеро

Како дел од тековниот „СТАР5 проект“, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), имлеменетиран преку Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска во Општина Охрид се одржа работен состанок посветен на процесот за изработка на Студијата за ревалоризација на Споменикот на природата Охридско Езеро и Планот за негово управување.Во изработката на студијата вклучени се и претставници од Меѓународната унија за зачувување на природата IUCN-ECARO. Даниел Богнер експерт за управување со заштитени подрачја во својата презентација појасни дека во студијата се посочени главните закани за езерото, дефинирани се строги зони на заштита, зони за активен менаџмент како и препораки за воспоставување на тело за управување со заштитеното подрачје на Охридското Езеро.Градоначалникот Константин Георгиески во своето излагање пред присутните потенцираше дека Студијата за ревалоризација треба да биде во корелација со одредбите во Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, особено во делот за управување со првата заштитна зона, која се формира во појас од 50 метри, сметано од границата на катастарска парцела Охридско Езеро и има три подзони. Според него, од исклучително значење е прецизирање на јасни одредби, кои имаат за цел да ги спречат заканите врз екосистемот на езерото и да дефинираат пропишани норми за понатамошно управување со крајбрежјето.Финалната верзија на Студијата за ревалоризација според најавите треба да биде комплетирана до крајот на оваа година, по што е планирано да биде организирана јавна расправа. Оваа студија ќе биде базична основа за донесување на Законот за препрoгласување на Охридско Езеро како споменик на природата. 

Македонија | пред 5 години

izbori-02

Изборите за градоначалник во Општините Пласница и Штип ќе се одржат во недела на 13 декември 2020 година

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип. 13 декември 2020 година (недела), е денот утврден за одржување на изборите.  Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија.“

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Со почитување на протоколите во градинките имаме безбеден воспитно-згрижувачки процес

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче заедно со Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, утрово ја посетија градинката „Буба Мара“ во населбата Аеродром. Тие остварија средба со директорката на установата и вработените, на која разговараа како се одвива воспитно згружувачки процес со спроведување на протоколите.Според податоците на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во Република Северна Македонија згрижувачко воспитната дејност се реализира во вкупно 70 јавни установи за деца со 311 објекти. Според епидемиолошките податоци и евиденцијата на МТСП, од отворањето на градинките во 311-те објекти регистрирани се само 13 вработени позитивни на вирусот на целата територија на државата.Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца кој што е усвоен од страна на Владата во рамки на детските градинки можат да се згрижат околу 20.000 деца, а од отворањето на градинките од 9 септември до 1 октомври, од во просек 8500 деца дневно кои активно посетувале градинка, регистрирани се само 9 деца од различни градинки позитивни на вирусот со лесна симптоматологија. Од нив, во моментов 5 се активни случаи, а 4 се водат како оздравени.„Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите што значи дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите деца кои посетуваат градинка и за персоналот. Апелирам до сите, освен протоколите, задолжително да се почитуваат и мерките за заштита надвор од работното место.“ – истакнува Филипче по посетата на градинката.Министерот Филипче ги поздрави децата во градинката „Буба Мара“ и ги потсети дека треба редовно да ги мијат рацете и да ги слушаат советите на своите воспитувачи за заштита на нивното здравје и безбедно дружење.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче на консултација со Комисијата за заразни болести поради зголемениот број новозаразени

Во моментот се одржува консултација на министерот за здравство, Венко Филипче, со членовите на Комисијата за заразни болести, информираат од Министерството за здравство.„На состанокот се анализираат актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19 во земјата“, стои во соопштението, во кое се додава дека Министерството ќе достави повеќе информации по завршување на консултативната средба.Денеска, здравствените власти регистрираа 225 нови случаи на инфекција на 1.694 направени теста, што е зголемување во однос на дневната бројкта од претходните недели. 

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Воспитачка и негователка од Охрид, позитивни на КОВИД 19

Воспитачка и негователка од Охрид, позитивни на КОВИД 19.Во Охрид денеска беа регистрирани две нови лица позитивни на КОВИД 19. Инаку од  досега 432 лица позитивни, активни во моментов се 35 лица.

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Исплатени 3 милијарди денари на оштетените од „Еуростандард банка“

Фондот за осигурување на депозити информира дека по двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите.До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари што претставува близу 72% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.„ Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу ¾ од средствата на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени. Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот“ соопшти фондот.

Македонија | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Апасиев поднесе кривични пријави против оние кои му се закануваа нему и на неговото семејство

Денес, претседателот на Политичката партија Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, во архивата на Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесоа кривичната пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шестмина други лица кои му се закануваа нему и на членовите на неговото поблиско семејство.Наводите од пријавата, претходно записнички се пријавени и до надлежните инспектори во МВР – СВР Скопје, Одделение за борба со компјутерски криминал. Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи за сомневање за сторено тешко кривично дело: „Ширење на расисистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“ казниво по член 394-г, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, како и за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ – казниво по чл. 144, ст. 4, а во врска со чл. 23 од КЗ (поттикнување).Очекуваме ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како кога пријавен беше нашиот претседател Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејствија – слично како во други експонирани случаи, кога како пријавители се јавуваа носители на јавни функции од власта, а нивните заканувачи беа експресно санкционирани (примерите со премиерот Зоран Заев, министерот Оливер Спасовски, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и др.). Партијата Левица будно ќе го следи текот на истрагата и благовремено ќе ја информира јавноста за постапувањето или непостапувањето на обвинителите од ОЈО по конкретниов предмет.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Ужасно, драстично се зголеми бројот на заразени: 225 новозаболени или 13,3 отсто од тестираните

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4.Во болнички услови се починати 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 7195, активни 834• Куманово 1785, активни 182• Дебар 287, активни 32• Штип 1269, активни 56• Прилеп 697, активни 126• Тетово 1470, активни 150• Струга 676, активни 45• Велес 335, активни 36• Битола 322, активни 71• Охрид 432, активни 35• Кавадарци 247, активни 47• Гостивар 938, активни 83• Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 272, активни 167• Крива Паланка 120, активни 34• Радовиш 90, активни 26• Крушево 20, активни 1• Кочани 392, активни 172• Пробиштип 116, активни 20• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 93, активни 7• Пехчево 45, активни 4• Берово 114, активни 39• Валандово 39, активни 26• Виница 117, активни 28• Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 26, активни 2• Свети Николе 359, активни 46• Кичево 332, активни 36• Ресен 164, активни 11• Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1694 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333,  Биотек-138, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца  и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 59• Гази Баба – 100• Аеродром - 141• Карпош – 111• Центар – 127• Кисела Вода – 95• Ѓорче Петров – 59• Бутел - 29• Шуто Оризари – 18• Студеничани – 8• Сарај – 14• Арачиново – 6• Илинден – 33• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 6• Петровец – 5• Зелениково - 3• Странец – 12• Нераспределен-5

Македонија | пред 5 години

Zaev

Николоски: Барам од Заев интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, да го исполни она што го ветуваше во 2016 година

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа јавна расправа во врска со состојбата со откупот на грозјето, по иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, чии заклучоци треба да придонесат кон изработка на предлог законски решенија во насока на помош на лозарите. На истата се обрати пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, побара интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, како и тоа Заев да го исполни она што го ветуваше во 2016 година.Николоски по средбата со лозарите вчеравечер им се заблагодари на забелешките кои ги добил од здруженијата на лозаро-производителите  и  вели дека жално и тажно е да се слушаат луѓето, затоа што ова што се случува во Валандовско, Тиквешко, во Гевгелиско и во Росоман навистина е трагедија и катастрофа.-Јас и во кампањата зборував дека зелената мафија царува во Македонија и таа ја јаде маката на македонските земјоделци, а кога почнуваше кампањата некаде во јуни месец беше тешко да се гледа како се откупува еден килограм краставици за пет денари, уште потажно е да се гледа овие денови како се откупува еден килограм грозје за еден ипол или два денари - истакна Николоски.Николовски објасни дека за да земјоделецот заработи 100-тина евра, треба да продаде меѓу три до четири ипол илјади килограми грозје, што е тажната вистина за македонските земјоделци.Пратеникот Николовски го критикуваше премиерот Зоран Заев, затоа што како што вели требало да се појави на јавната расправа, затоа што тој својот мандат, како носител на листа го побарал во 4-тата изборна единица, како и тоа дека својот легитимитет го влече од луѓето кои се таму.Без разлика што Зоран Заев изгуби и во Кавадарци, и во Неготино, и во Демир Капија, и во Росоман, и во Гевгелија фер е да најде решение за овие луѓе, затоа што премиерот ги претставува нив.Николоски прочита три јавни изјави од Зоран Заев кој се однесуваат на откупот и грижата за земјоделците и тоа:Изјава на Зоран Заев од 27 септември 2016 година во која што вели - „Владата да направи интеревентен откуп на овие 50-тина милиони килограми црно и бело грозје кој што се останати во Тиквешијата и Македонија да бидат откупени, се работи за интервенција од неповеќе од 10 милиони евра. Само на овој начин, може да им се помогне на лозарите. Ако падне уште една слана, дожд, родот ќе отиде на земјата. Ќе го изгубат тоа за кое работеле целата година и од што егзистираат. Ова е последна година во Република Македонија во која лозарите ќе останат незаштитени.После декември, државата директно ќе биде вклучена со интервентен откуп, во организација на пласманот на земјоделското производство, вклучително и на грозјето“.Изјава на Зоран Заев на 28 ноември 2016  година – „Македонскиот земјоделец ќе биде достоинствен, а не како сега, најсиромашен на светот. Има глобална побаувачка на храна, недозволиво е ова шо се случува во Македонија. Овде сум да си го дадам зборот, да најавам светла иднина. Јас имам работено земјоделство, ова е последна реколта кога сте потценети и згазени. Државата ќе гарантира откуп на грозјето и на сите земјоделски производи. Почитувани лозари заврши времето на маката на губење на достоинството, честа и почитта. Следната есен државата преку новата влада ќе гарантира откуп на грозјето и ќе ја гарантираме цената на грозјето. Уште на пролет, помеѓу свети Трифун кога се зарежува грозјето до мај, ќе ја објавиме цената и на белото и на црното грозје да знаете однапред по која цена ќе ви биде платен родот. Државата однапред ќе го плати грозјето, а ние ќе си имаме работа со откупувачите“.За споредба на осми септември оваа година Зоран Заев изјави - „Договоривме откупна цена на Вранецот од 11 денари, додека за Смедеревката од 9 денари“, но јас пред мене имам белешки дека Вранецот е еден ипол денар, а тој вети 11 денари,  втората белешка е за Смедеревската која е два денари, а тој вети 9 денари – критикуваше Николоски на јавната расправа.Николоски потенцираше дека она што тој го бара од оваа јавна расправа е Зоран Заев да го испочитува тоа што го ветил, пред лозарите во 2016 година, како што кажал да го исполни.-Јавно кажаниот збор е тешка работа особено за носител на изборна единица во два наврати, ова го кажал за лозарите и за земјоделците го повикувам Зоран Заев истото да го реализира – повика Николоски.Пратеникот Николоски исто така истакна дека тоа што го ветува Заев не може да го исполни, а ова е старо-нова Влада на лагата.-Барам да се реализира она што Заев го вети во 2016-тата година, а тоа се гарантиран откуп, гарантирани цени, договори за лозарите, да се знае околу Св. Трифун кои се цените и за колку ќе се откупува и тоа е државата да направи интервентен откуп во ваква ситуација сега, затоа што ако во 2016 година ако 10 милиони евра за Зоран Заев не гледам како се проблем сега – побара Николоски.  

Македонија | пред 5 години

stefan

ИК на ВМРО-ДПМНЕ со одлука, ќе се формира правен тим за тужба за злоупотребите од 4.6 милиони евра во СЈО, кои ги потврди ДРЗ

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја одржа своја редовна седница на која ја разгледа актуелната политичка состојба во државата и хаосот кој се случува на секое поле, економски, општествено, образовно и здравствено, а што е последица на мафијашкиот начин на работа на власта, која наместо за народот работи за врвот на мафијата, истакна на денешната прес конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Донесена е одлука од страна на ИК, со која се задолжува Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ да состави правен тим кој ќе подготви кривични пријави и тужба за злоупотребите кои се направени од страна на СЈО, а кои ги потврди и нотира Државниот завод за ревизија, за проневера тешка 4,6 милиони евра, пари кои биле исплаќани за високи хонорари, незаконски бонуси и плаќања надвор  од делот за редовни плати, без законска основа.Тоа се 4,6 милиони евра злоупотребени пари од страна на обвинителска институција која што требаше да гони криминал. Ова е преседан во светски рамки. Тоа се пари кои наместо во нови болници и училишта, завршиле во нечии џебови, и за тоа мора да има одговорност.Воедно ИК на партијата ја потврди одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ставот дека нема да се поддржат одлуките на Стево Пендаровски за вонредната состојба, затоа што таа беше злоупотребена за работи кои не се поврзани со потребите за борбата против Ковид 19.Во ек на најголема пандемија, кога владата требаше да ја користи вонредната состојба за помош на граѓаните, Заев и СДСМ штанцаа лиценци за марихуана на ним блиски фирми.Додека народот немаше маски, дезинфициенси и ковид тестови, СДСМ распишуваше тендери за набавка на шкампи и школки.И на крај ја продолжија уште еднаш вонредната состојба за во тој период да дадат половина милион евра на невладини организации, притоа кршејќи го и Изборниот законик.Додека народот немаше за леб, тие трпаа во џеб. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат одлуките на Стево Пендаровски за вонредната состојба во Собранието.ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи и дека СДСМ од ден во ден се повеќе ја тоне државата, а од тоа страдаат граѓаните.Мафијата, криминалот и владата во Македонија се едно исто и тие мора да паднат, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

PVRSM-_den_nenasilstvo_01

Заев: Ве повикувам сите, да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет

Денес е Меѓународниот ден на ненасилство, ден кој треба да не потсети дека имаме обврска и должност да градиме култура на мир, трпеливост и меѓусебно разбирање. Реакциите на јавноста по повод бруталноста на одделни припадници на полицијата, како и на некои граѓани против припадниците на безбедносните служби, се израз на зрелоста на нашето општество – очекувам дека ваквите појави ќе станат реткост до целосно исчезнување и дека секогаш ќе бидат осудувани и санкционирани, истакна премиерот Зоран заев во своето видео обраќање.Ние сме земја која обединува различни етнички, верски групи и други групи. Со векови сме го граделе она што денес го имаме и треба секој ден да се потсетуваме колку е тоа бесценето, но и кршливо и дека секое насилство и говор на омраза се закана за овие наши вредности.Нашата приказна е мозаик со силни контрасти и потребно е постојано да останеме фокусирани на шаренилото и убавината на целиот мозаик, во кое секое камче е вредно зашто е дел од таа убавина.Денес е Меѓународниот ден на ненасилство, ден кој треба да не потсети дека имаме обврска и должност да градиме култура на мир, трпеливост и меѓусебно разбирање.Ве повикувам сите, да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет, дека со зборови и дијалог секогаш се доаѓа до решение, истакна премиерот Зоран заев во своето видео обраќање.

Македонија | пред 5 години

stop-policija

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради „Виз Ер Скопски маратон 2020“

На 04.10.2020 година (недела) со почеток во 08.30 часот, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ќе се одржи спортска манифестација – „Виз Ер Скопски маратон 2020“, со следната траса на трчање: се стартува од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул.„Бледски договор“, десно по бул.„Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, па право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11 Октомври“, па лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, па десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот, пред крстосницата со бул.„Србија“ се врти полукружно назад (на истата коловозна лента). Трасата на трката продолжува по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, па десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, па десно по бул.„Св.Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ до целта - платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје (2 круга).Од  тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на наведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Скопје | пред 5 години

02102020_PVRSM_Fanon_01

Заев - Фeнон: Од земја која што беше на изолиран енергетски колосек, Северна Македонија денеска е интегрирана во енергетско поврзување за брз економски развој

„Од земја која што беше ставена на последниот, изолиран и маргинален енергетски колосек, и која беше ставена во ситуација да биде зависна од само еден коридор, Северна Македонија денеска е земја интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување кои отвораат широки перспективи за брз економски развој“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на прес-конференција со помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на Соединетите Американски Држави, Францис Фeнон, која се одржа веднаш по билатералната средба, на која се разговараше за поддршката на САД на регионалната соработка во енергетиката како значаен дел од приоритетите на Стратегијата за енергетика на Северна Македонија,  од која произлегуваат конкретни мерки и проекти од аспект на преку граничното поврзување со Грција и другите земји од Западен Балкан.На прес-конференцијата беше кажано дека со поддршка на Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во претстојниот период ќе забрза и ќе иницира неколку проекти од енергетиката од особено значење за земјата и за регионот, и дека како земја која си ја има поставено енергетската независност како цел, за Северна Македонија поврзувањето на енергетските коридори преку Бугарија и Грција се од суштински и долгорочен интерес.„За време на мојата посета на Атина пред две недели, добивме поддршка од конзорциумот  „Гастрејд“,  за вклучување на Северна Македонија во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, и во земјите кои ќе покажат интерес“, соопшти премиерот Заев на прес-конференцијата.„Со државниот секретар Фенон разговаравме и за значењето на поддршката за интерконекторот за гас со Грција“, рече претседателот на Владата, и додаде дека со тоа добиваме уште една можност на снабдување со природен гас од Азербејџан и, истовремено, и можност за поврзување на ЛНГ терминалите во Грција за стабилно и континуирано снабдување со гас,  независност и конкурентни цени, што е во согласност со нашата долгогодишна енергетска стратегијаНа заедничката прес-конференција, премиерот Заев и помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД Фeнон информираа и за иницијативата за повторно ставање во функција на нафтовод Солун – Скопје, кој е изграден во 2000 година, и кој по престанокот со работа на рафинеријата Окта во 2013 година, не е во функција.Грчката компанија „Хеленик Петролеум“ е заинтересирана повторно да го стави овој капацитет во функција и да го надгради како продуктивод на деривати. На тој начин ќе биде создаден ХАБ центар во Скопје и од овде, освен домашниот пазар, би се снабдувале со деривати како и пазарите на другите земји во регионот.Премиерот Заев нагласи дека со ова поврзување на Северна Македонија со Грција, со поддршка на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа за алтернативен пристап до значајни енергетски ресурси.Помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД Фeнон на прес-конференцијата дека вклучувањето на Северна Македонија во овие енергетски проекти ја прави земјата значаен регионален партнер, како земја која постигна многу на планот на енергетските политики, и дека со конектирањето со главните енергетски коридори преку Грција ќе се постигнат огромни придобивки за земјата и за сите земји од Западен Балкан и Југоисточна Европа.

пред 5 години

Нема фотографија

Завршен коловозот на улицата Никола Парапунов во Карпош 4

Со ноќното бележење на улицата  Никола Парапунов во Карпош 4, завршена е реконструкцијта на коловозот на потегот од крстосница со булевар Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди. Во текот на градежните работи  извршена е реконструкција  на коловозот по целата должина на улицата од околу 580 метри, како и нивелација на постојните шахти и сливници.Екипите на Градот од денеска ќе ја почнат и изградбата на третиот конектор помеѓу главните велосипедски рути на булеварот Илинден и булеварот Партизански одреди.Реконструкциите на градските сообраќајници станаа еден од  приоритетите на Град Скопје и се завршуваат во рекордно кратки рокови.

Скопје | пред 5 години

zaev-borisov-1

Заев: Гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија

Премиерот Зоран Заев истакна дека гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија – тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ.„Јас верувам дека во сите тие документи и коментари кои излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавје или шеста историска личност која може да бдие ослична можност да не сплотува, да не зближува да го јакен пријателството. Ќе бидеме внимателни во коментарите затоа што знаеме дека треба да постигнеме реѓшение кое што треба ќе носи придобивки на двете за двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни позиции и на Северна Макеоднија и на Бугарија“, изјави премиерот Заев. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведени тројца разбојници за разбојништво и кражби во Скопје

На 01.10.2020 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје приведоа три лица кои извршиле раззбојништво и тешки кражби на територијата на главниот град. Приведени се А.М. (22) и двајца малолетници, а расчистени и документирани се шест кривични дела: едно разбојништво и пет тешки кражби на дрзок начин. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 5 години

sjo

Ахмети им избега на новинарите, по распитот кај Фетаи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рано изутрина, пред закажаниот термин во 10 часот, дошол во просториите на поранешно СЈО да даде одбрана за случајот „Попис“ каде што е осомничен заедно со поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски.  Ахмети самиот побарал, поради обврски, да дојде порано.Според информациите на „360 степени“, тој давал одбрана еден час и си заминал. Кога новинарските екипи се собраа пред просториите на СЈО, половина час пред закажаниот термин, лидерот на ДУИ веќе заминал од обвинителството.Случајот од септември лани, по примопредавањето на предметите ма СЈО, е во рацете на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а надлежна обвинителка во истрагата остана Фатиме Фетаи.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања