Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Продолжува соработката со волонтерите на Црвен Крст - помош за пронаоѓање на соодветната Клиника

Во времетраење од 3 до 4 часа, во утринскиот период волонтерите од Црвениот Крст и натаму им служат на граѓаните при пронаоѓање на соодветната потребна локација во комплексот клиники "Мајка Тереза", како дел од проектот „Водач во болница“.Овој проект започна со функционирање во октомври 2019 година, а имаше пауза со прекинот/стагнацијата во работата на Мој Термин, по што од 15.09.2020 повторно започнува со работа на шест локации.Поставени се локатори на 6 места и тоа на УК за Радиологија, УК за Гинекологија и акушерство, УК за хируршки болести/Ургентно, УК за Кардиологија, УК за детски болести - Скопје и УК за интерни болести, кадешто вкупно 9 лица се достапни за информирање на граѓаните.Во изминатиот период овој проект се покажа како успешен со оглед на тоа што во целокупното функционирање, волонтерите им помогнале со упатување на вкупно 20 000 граѓани.Во текот на обуките кои беа спроведени, волонтерите добија знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациентите, како и водење на лицата кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн).Во рамки на проектот се изработени и брошури за прва психолошка помош на македонски, албански и ромски јазик.Со сите овие активности, презентираме еден начин за поддршка и подобрување на моделот на здравствена заштита во Република Северна Македонија со кој се олеснува пристапот до болничките услуги.

Македонија | пред 5 години

mickoski2

Мицкоски:Зa Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за Радио Слободна Европа зборуваше за меморандумот од Бугарија односно кое е неговото мислење каде посочи дека за целата оваа ситуација е виновен Зоран Заев.-Заев е виновен по многу работи, но во овој случај имаше јасно подадена рака од опозицијата и јас тоа го кажав на онаа прва лидерска средба кога практично зборувавме за предвремените парламентарни избори, тоа  беше онаа прва кај Стево Пендаровски кога требаше да се одржат предвремените парламентарни избори на 12 Април, значи средбата некаде беше после она фијаско на октомврискиот самит на Европскиот Совет кога не добивме јасна препорака за отпочнување на преговори, која што сеуште ја немаме, иако е најавувана уште од пред две години, но не се. Уште тогаш реков меморандумот кој што беше производ на парламентот на нашиот источен сосед  да дадеме одговор со консензус на сите политички партии, на тој начин ни ќе ја оцртаме нашата позиција, заедничка државна позиција и тоа практично ќе биде позиција позади која што ќе застанат сите сериозни политички партии кои имаат свои пратеници во Парламентот. Тогаш од страна Зоран Заев и Стево Пендаровски бев убедуван дека тој документ кој што е изработен во бугарскиот парламент е документ кој што практично служел за мобилизација за локалните избори кај нашиот источен сосед. И денеска сега гледаме повторно една груба манипулација со јавноста и тоа јавноста треба да го знае, а тоа е дека решението било дека нашиот источен сосед ќе си го чествува Гоце Делчев како нивен, а ние ќе си го честуваме како наш, па така е сега, истакна Мицкоски.На прашањето кое решение е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски одговори:-Па сега е така ситуацијата, сега ние го чествуваме Гоце Делчев како Македонец што и е како човекот кој што се борел за оваа современа македонска држава кој што е опеан во нашата химна кој што претставува дел од нашиот идентитет. Зошто ние преговараме кога и сега е така а кај нашиот источен сосед они си го чествуваат како нивен, имаат град Гоце Делчев и т.н. Што е разликата од сегашната реална фактичка ситуација.Зошто ние сега фингираме разговори ако за ова преговараме, и сега е така. Целта не е така, погледајте ја само последната изјава на еден евро пратеник кој што доаѓа од редовите на владејачката партија кај нашиот источен сосед и тој ќе ви каже дека не е тоа тоа. Дека според нив ваквиот начин на приоѓање кон ликот и делото на Гоце Делчев претставувало фалшлива југословенска историја. Дека требало да се сменат учебниците дека требало комплетно историјата да се смени практично ние треба прифаќајќи ги преговорите за ликот и делото на Гоце Делчев  како држава да прифатиме дека сме нација која што постои од 45тата па наваму. Па има ли поголемо понижување да преговарате и да велите дека нашите предци мојата баба , мојот дедо, мојата прабаба, прадедо кои што загинале борејќи се за Македонија кои што говореле македонски јазик да го сето тоа поништиме и избришеме затоа што сега некој неспособен политичар го ставил на маса за преговарање.Мицкоски додаде дека  за Гоце Делчев нема преговарање, за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право, Гоце Делчев е дел од нашата македонска национална химна тој  е дел од нашиот идентитет и на основа на тој лик ние сме создале држава. 

Македонија | пред 5 години

Koncert

„Гнездо“ заработи казна поради непочитување на протоколите

Непочитување на протоколите за заштита од коронавирусот, утврди Пазарниот инспекторат во локалот „Гнездо“ лоциран на улица Македонија. Гостите до доцна во вечерта се забавуваа во угостителскиот објект, без да обрнат внимание дали има дистанца меѓу нив. Никој, освен персоналот кој е вработен, не носеше заштитни маски. Гласната музика, траеше речиси до крајот на работното време. Ваквото однесување доаѓа во време кога два дена по ред во Македонија се бележат и по 243 новозаболени во еден ден.„Направен е записник за непочитување на протоколи, а тоа си носи мерки по член 205 и 206 од Кривичен законик“, вели Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.Казната за кршење на членовите од Кривичниот законик за пренесување на заразна болест постапувајќи спротивно на прописите и непостапувањето според здравствени протоколи сред епидемија е парична. Досега, таа изнесувала од 2 до 4 илјади евра.

Скопје | пред 5 години

27032020_Filipce_Pres_1

BMРО-ДПМНЕ: Филипче охрабри се и поднеси оставка

ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерот за здравство, Венко Филипче треба да поднесе оставка поради бројот на заразени со коронавирус. Од партијата велат дека тоа е единствен морален и исправен чекор во моментот,„Филипче охрабри се – поднеси оставка“, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку сооопштение.Партијата оценува дека Македонија тоне во зараза од Ковид-19, а на секој час во последните 48 часа има по 10 заразени.„Само вчера регистрирани се нови 243 случаи. Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2.000, а сега тој е 18.602 и е речиси десеткратно повеќе отколку Заев и Филипче не уверуваа. Заев и Филипче немаат стратегија. Македонија секој ден има нов пик. И нема изгледи за стивнување на бранот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата смета дека власта нема соодветни протоколи во градинките ниту во школите.„Секојдневно гледаме заразени од градинки и одговорност нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Предупредуваат дека состојбата е алармантна и на полето на починати.„Во текот на вчерашниот ден починаа 4 лица, со што бројката на починати се искачи на 753. Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата.Со Заев и Филипче Македонија само ќе тоне. И Заев и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално“, наведува опозицијата преку соопштение.

Македонија | пред 5 години

maska-2

Казнети 927 лица затекнати без заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 927 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.Вчера беа потврдени рекордни 243 заразени, во период од 24 часа

Македонија | пред 5 години

DSC_0028

Засилени сообраќајни контроли во Охрид: 149 санкционирани возачи, 40 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид. Притоа изречени се вкупно 149 санкции, меѓу кои 40 за пречекорена брзина на движење, 14 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 8 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 14 мотоциклисти. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Македонија | пред 5 години

protest-vmro

Мицкоски: Над 8 милиони евра се потрошени за службени возила, но Јанкулоска одговара за мерцедесот што Заев го вози

Во Скопје вечерва се одржa нов протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ под мотото „против неправдите, реваншизмиот и политичкото насилство“. Членовите и симпатизери на партијата предводени од лидерот Христијан Мицкоски се собраа во центарот на градот, а во првите редови носеа транспарент „Доле мафија, правда сега“.Не може мафијашка влада да вика дека сме правна држава, а никој да не одговара за криминал, додека секој ден се редат афери без никаква разрешница, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест.-За 2 месеци им пропадна банка од 500 милиони евра. Во Тетово овозможија милионски бизнис за анти-ЕУ и анти-НАТО бизнисмен, кој сам кажа дека платил за рефендумот. Над 8 милиони евра се потрошени за службени возила, но Јанкулоска одговара за мерцедесот што Заев го вози. Додека сите гледаа во лисиците на рацете на Јанкулоска, има хаос со почеток на учебната година. Таа оди во затвор, а го пуштија убиецот на Мартин Нешковски – рече Мицкоски.Горде отиде во затвор, ама оваа иста власт, истава мафија го пушти на слобода убиецот на Мартин Нешкоски. Е тоа е мафија. Во овие два месеци ја зголемија цената наелектричната енергија, не затоа што се зголемени трошоците туку да има повеќе влечење на пари од универзалниот снабдувач, а потоа ќе ме малтретираат на телевизиски интервјуа во коалиција со универзалниот снабдувач затоа што тој плаќа, плаќа од нашите пари, народни пари за да можат да го напаѓаат лидерот на опозицијата затоа што тој протестира поради зголемената цена на електричната енергија, затоа што народот се пљачка, затоа што народот се тормози и навредува. Ете таква е правдата која што оваа  мафија на СДСМ, заедно со корумпирана бизнис елита ја донесоа во нашата Македонија. Да не зборам за оние тендери од 200-300 илјади евра доделувани на советничиња во власта, тоа стана ситна работа во споредба со главните пари на мафијата. Сето ова само за два месеци а обвинителството молчи. Се разбира обвинителството молчи, заспано е, затоа што неспорно тоа е дел од мафијата. Не може да постои мафија ако не постои обвинителство кое амнестира криминал и судство кое што ја помага мафијата. И нивната вина не е само со не казнување на криминалот туку и со произведување на криминал. И ова не го зборам на памет.Овие два месеци излезе извештај на државна институција ДЗР со кој се констатира дека СЈО, се сеќавате на онаа изјава на Зоран Заев кога вели дека со мене не можел да се договори  затоа што претходно се договарал за Пржино, а резултат на Пржино е СЈО со кое што денеска илјадници членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се тормозат. Ете тоа СЈО украло ваши пари, криминалците од СЈО украле ваши пари 4,6 милиони евра. Тие кои што требаше правда да донесат, крадеа ваши пари, пари на народот, тешко спечалени пари на народот. Е затоа Христијан не се  договараше Зоран Заев со тебе, за да нема ново Пржино, за да не може истите тие бандити да украдат нови милиони евра ниту од народот, а ниту од владата. Е затоа јас никогаш нема со тебе да се договорам, ниту за тој договор понижувачки од Преспа, ниту за договорот од Прижино, за да не оставиме на бандитите парите на народот да ги крадат и да не одговараат за тоа.Потрошиле 4,6 милиони евра, за додатоци на плата а ништо не сработеа освен да посипуваат со пепел и да уценуваат луѓе за пари, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Губитникот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ треба да знаат дека сите ќе одговараат, правдата е тука!

Христијан Мицкоски и неговите малкумина приврзаници вечерва докажаа дека стојат цврсто на страната на неправдата и на криминалот на режимот.  Во уште еден очаен обид да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, Мицкоски денеска на срамен начин, насилниците од 27 април кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието, ги претстават како херои, се вели во соопштението од СДСМ кое е реакција на обраќањето на Христијан Мицкоски.Говорот на раб на плач на губитникот Мицкоски е кукање за своите порази и грешки. Тој не може да ја оствари единствената задача која му е дадена од Будимпешта - да ги спаси криминалците во сопствените редови.Очајно Мицкоски се заканува кон судството и обвинителство, со деструкцијата. Не треба да се чуди зошто е таму каде што е, казнет од граѓаните. Осамен и изолиран во опозиција, чекајќи ги инструкциите од Будимпешта, опркужен со малкумина следбеници од кои повеќето секојдневно се по судови.Губитникот Мицкоски треба да знае дека нема да успее, сите ќе одговараат, правдата е тука и секој што го прекршил законот ќе одговара пред судовите и пред граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

branimir-jovanovic

По Тевдовски, и Бранимир Јовановиќ си замина од Македонија

Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на министерот за финансии Драган Тевдовски и економски истражувач и професор по економија на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје од 1 октомври годинава е на ново работно место – сега како професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Неодамна, според информациите што ги објави Независен, и Тевдовски замина на нова работа, во САД.„Од 1 октомври сум вработен со полно работно време во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, ќе работам како економист кој ќе го покрива Балканот, пред се Македонија и Србија, но по потреба и други земји. Се разбира, ќе работам и на други истражувања што ги работи институтот кој е еден од водечките економски институти во светот за регионот на Источна Европа. Значи, не само Балканот, туку и земјите од Вишеградската група, потоа државите од некогашниот Источен блок, како Русија, Белорусија, Украина, Романија, Бугарија, но и Турција…, практично цела источна Европа“, рече Јовановиќ за емисијата „Стадион“ на радиото „Канал 77“.На забелешката на водителот на оваа популарна радио-емисија, Столе Наумов, дека излегува дека тој и Тевдовски не биле добри за Македонија, но се добри за Вашингтон, односно за Виена, Јовановиќ одговори дека за тоа треба да се прашаат луѓето тука.„Но, било што било, треба да гледаме напред. Се разбира дека ако изминатите две-три години работите се одвиваа онака како што требаше, јас се уште ќе бев во Македонија, а веројатно и Тевдовски. Но, не може да го вратиме времето, мора да гледаме напред. Јас се фокусирам на мојата нова работа. Не мислам дека целосно се тргам од Македонија, мислам дека од оваа позиција тука можам да бидам корисен и не го сфаќам ова фаталистички дека сум разочаран од случувањата во Македонија, па кревам раце и се тргам на страна. Не, ова јас го гледам чисто професионално, одам на подобра позиција од која ќе се потрудам да дадам придонес за општествениот развој и во државата од која доаѓам“, рече Јовановиќ за емисијата „Стадион“, на радио „Канал 77“. 

Слајдер | пред 5 години

Vodno

ФБ: Сакаат да ја земат душата на Водно и да продолжат со уништување!

Сакаат да ја земат душата на Водно и да продолжат со уништување! Во градот сѐ повеќе се стеснуваат јавните простори и сѐ поагресивно јавното станува приватно. Тоа е недозволиво! Јавниот интерес МОРА да биде на прво место, стои во објава на социјалната мрежа фејсбук.Во продолжение на истата уште се вели:Ако планинарскиот дом го направат кафана ќе почнат со автомобили да одат до врв на Водно и ќе го нарушат мирот на сите рекреативци кои избегале од загаденото Скопје на малку воздух. Малку беше што непотребно се исече многу шума за непостоечки гасовод.https://www.facebook.com/EDENEcoProtect/photos/a.816015195174084/3111149788993935/?type=3&theater

Скопје | пред 5 години

gjosevski

Ѓошевски: Мојот татко 30 години ја брани државата, а денес невин лежи 15 години затвор

Синот на осудениот Горан Ѓошевски вечерва сплотен со народот испрати порака од големиот протест во Скопје.Младиот Никола Ѓошевски со тага и болка зборуваше за неправдата која беше нанесена на неговото семејство.Неговото обраќање го пренесуваме во продолжение:Многумина од вас не ме познаваат, ќе се запрашаат и ќе се зачудат зошто вечерва токму јас сум еден од говорниците кој има можност да зборува овде пред вас.Mоето обраќање вечерва овде пред Вас е за уставобранителите, за жртвите од политичкиот прогон, за нашите пријатели и другари, за нашите блиски, за нашите и вашите семејства, а воедно и за мојот татко, професионален полицаец кој исто така е еден од многуте невини жртви на овој политички прогон и срамен судски процес.Токму денес, кога добив можност да ви се обратам Вам на оваа болна тема, случајно или не, е роденденот на мојот идол, на мојот татко кој веќе 2 години ја отслужува срамната пресуда за 27ми април.Срамно и жално е што не само јас и моето семејство, туку и останатите осудени и нивните семејства се жртви на овој политички прогон и монтирани судски случаи. Мене како млад човек, во 21 век, во современо општество и демократска Република Македонија,  за каква што се изнаслушавме овие години, срам ми е воопшто и да ги наречам овие судски предмети. Овие таканаречени предмети немаат ништо заедничко со правда, правдина и човекови права. Нашите семејства беа и сеуште се омаловажени, стигматизирани, ставени на  маргините на општеството, отпуштани од работа, па дури некои и со образложение дека не се подобни за извршување на работните задачи.Од осамостојување на Република Македонија, до тој фамозен 27 април 2017 година, малку луѓе имаа храброст, но и чест да облечат униформа, полициска или воена. Токму мојот татко Горан Ѓошевски, неговите колеги Митко Пешов, Оливер Радулов, и многу други, повеќе од 25 години беа секогаш на браникот на татковината и одлучно беа исправени и се носеа со секакви предизвици за да го сочуваат, мирот, територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија, честопати ставајќи го својот живот на коцка, па така и тој ден, 27ми април 2017година. Затоа како награда за нивната поданост кон државата добија казни по 15 години затвор.Слободно можам да кажам дека овие луѓе, овие храбри луѓе, овие уставобранители, се најголемите жртви на политички прогон во поновата историја на независна Република Македонија. Овие луѓе се осудени само заради тоа што професионално си ги извршувале работните задачи и затоа што си ја сакаат својата татковина, својата Македонија.Осудени како терористи на над 200 години казни затвор без ниту еден релевантен и материјален доказ, малтретирани на контроверзни, долги и исцрпувачки рочишта кои траеа и повеќе од 10 часа секој ден во неделата, по што на крајот следеше претходно најавуваната срамна политичката пресуда.Во контекст на ова, верувам дека голем дел од вас ја познаваат македонската историја и сличните вакви случувања во минатото. Очигледно историјата се повторува и ќе цитирам една изјава на Методија Андонов Ченто, „Верував во се, но не верував дека Македонците ќе ми судат за Македонија“.Исто така, морам да го напоменам следново, знам и свесен сум дека нашите блиски кои сега невини лежат робија, немаа доволно голема политичка тежина за да тргуваат и за својата слобода, и токму затоа нивната вистина не беше интересна и потребна на власта. Ама затоа тие што ја имаа таа „тежина“, клучната и добропознатата 8-ка, е токму тие во Собранието си ја купија слободата, извршија предавство на сите нас, извршија предавство на Македонија, извршија предавство  на сите жртви на политички прогон.  Нормално како награда на тоа тие си добија ослободителни пресуди, милионски тендери, иселенички визи, вработувања на цели фамилии, пари, функции и што ли уште не.Оттука, ќе си земам за право овде вечерва, од оваа говорница, во име на сите засегнати со овој случај, да побарам од судиите, вистинска и неселективна правда и непристрасно судење според ФАКТИТЕ и ДОКАЗИТЕ.Барам Апелациониот суд да се издигне над политиката и да ја исправи оваа неправда која уништува човечки животи и менува човечки судбини. Но, доколку тоа не се случи, ние правдата за нашите блиски сигурно ќе ја бараме и ќе ја добиеме во Стразбур, а Република Македонија поради ова ќе биде држава која ќе претрпи огромен срам.Ние нема да се откажеме, нема да се предадеме, нема да потклекнеме ни пред овие тешки предизвици.На крајот, би сакал уште еднаш да кажам дека мојот татко е осуден на 15 години затвор. Баш поради оваа нова реалност, каде очигледно дека невиноста и вистината немаат вредност, професионални полицајци и уставобранители се прогласени за терористи, ама јас сум и секогаш ќе бидам, син на ХЕРОЈ.

Македонија | пред 5 години

ali-ahmeti

(ВИДЕО) Ахмети: Не бегав од новинарите, имав многу обврски

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека не бегал од новинарите туку дека имал обврски.Затоа и порано го дал исказот во јавното обвинителство за случајот ,,Попис,, во кој е осмоничен заедно со поранешниот премиер Никола Груевски со што ја оштетиле државата за 175 милиони денари.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Силувано 16-годишно девојче од Кочани

Штипската и велешката полиција вчера добиле пријави за обљуба на две лица.Според соопштението на МВР, на 2 октовмри во 18.45 часот во СВР Штип, 45-годишен жител на Кочани пријавил дека врз неговата 16-годишна ќерка била извршена обљуба од страна на лицето Е.Б. од Штип.Другиот сличен случај е пријавен во СВР Велес, односно 37-годишна жена од Германија пријавила дека на 29.09.2020 во хотел Е.Ф. од село Мелница, велешко, извршил обљуба врз неа.Од МВР, појаснуват дека за двета случаи се преземат мерки за расчистување.

Македонија | пред 5 години

Koncert

Затворен скопскиот локал во кој не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот

Со гужви, играње и пеење вчера се одржа настап на српскиот пејач Владо Георгиев во познат угостителски објект во центарот на Скопје. Присутните не одржуваат дистанца, ниту пак носат маски. Наместо почитување на протоколите за заштита од коронавирусот, кои налагаат дека вакви настапи смеат да се одржуваат само доколку гостите седат на маса, присутните се туркале за да го снимат пејачот одблиску и видеото да го објават на социјалните мрежи. Локалот е затворен, но не поради непочитување на мерките во борбата против пандемијата, туку поради пречекорување на работното време.Од Државниот инспекторат велат дека минатата недела против истиот локал била поднесена кривична пријава. 

Скопје | пред 5 години

korona-njemacka

МЗ: Нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки

Министерството за здравство ги демантира информациите што ги објавија неколку медиуми за наводни нови рестриктивни мерки.До овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки, информира Министерството за здравство.Во соопштението се посочува дека викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците и врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.– Ги замолуваме медиумите да се воздржат од дезинформации. Граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните институции, Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија. По завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана, се нагласува во соопштението на Министерството за здравство.

Македонија | пред 5 години

markoska

Маркоска: Намалено ДДВ за занаетчиски и ресторантски услуги со новиот пакет мерки

Намалување на ДДВ-то за занаетчиски и ресторантски услуги содржи новиот пакет антикризни мерки, истакна пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска, на прес-конференција.Како што посочи, со мерката наменета за занаетчиите се предвидува намалување на ДДВ на нивните услуги и производи од 18 на 5 проценти со што ќе се зајакне нивната конкурентност на пазарот.На самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, и натаму им остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка.Таа истакна дека со новиот пакет антикризни мерки, предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна, од 18%.Оваа мерка ќе започне од 1 јануари 2021 година, а целта е преку неа да се постигне намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.

Македонија | пред 5 години

7-dena-ohird

Георгиески го објави седмичниот преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа📌Поставување на прв асфалтен слој на улицата во поранешна касарна;📌Тековни активности за реконструкција на улиците „Прва Македонска Ударна Бригада“, „Абас Емин“ и „15 Корпус“;📌Завршни активности за реконструкција на санитарните јазли и тековни активности за поставување на нова дограма во ОУ „Христо Узунов“;📌Реконструирани санитарните јазли во ОУТУ „Ванчо Питошески“;📌По сите предвидени протоколи и мерки за заштита започна новата учебна година во охридските училишта;📌Започна постапка за подготовка на урбанистички планови за охридските села;📌Активности во делот на подготовка на Студијата за ревалоризација на Споменикот на природата Охридско Езеро и Планот за негово управување.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/690214531584153

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Отворена новата пионерска велосипедска патека на Водно

Љубителите на планинарскиот велосипедизам од денеска може да возат по новата нагорна пионерска велосипедска патека на Водно, која е дел од  проектот „Велосипедски  парк Водно“. Патеката денеска беше отворена со вело натпревар во организација на „Прв до врв“, на кој учествуваа повеќе од 400 велосипедисти, а учествуваше и Градоначалникот Шилегов.- Денеска Скопје ја добива својата прва нагорна (uphill) планинска вело патека, лоцирана на нашето најголемо природно богатство Водно.  Патеката симболично ја нарековме „Пионерска патека“ затоа што е прва патека од овој тип во Скопје, а и воедно прва од вкупно 3 вакви патеки кои ги правиме во рамките на проектот„ Велосипедски парк Водно“. Направена е согласно сите стандарди, со помош на експерти од Словенија, а наменета е исклучиво за велосипеди и исклучиво за движење во еден правец - нагоре. При изведбата на оваа патека посветено е големо внимание на заштита на природното опкружување, со минимално влијание врз околните дрвја и вегетација. Среќен сум што на крајот на третата година од мојот  прв градоначалнички мандат нашето сакано Водно успеавме да го вратиме на луѓето кои го користат за уживање во природата, планинарење, спорт и рекреација. Уште пред 3 години го средивме хаосот со паркирањето на средно водно, ги воведовме бесплатните автобуски линии за викенди и празници, со цел да ги намалиме гужвите кои ги создаваа автомобилите и да ослободиме повеќе простор за спорт и рекреација.  Сега со проектот Велосипедски парк го развиваме планинскиот велосипедизам кој бележи растечка популарност во нашата држава – рече Градоначалникот Шилегов.Градоначалникот Шилегов истакна дека денешната планинска вело трка е уште еден доказ дека постои голем интерес  за планинскиот велосипедизам кај нашите сограѓани и изрази уверување дека по завршувањето на светската пандемија заради која мобилноста на туристите во светот е сериозно лимитирана,  Велосипедскиот парк водно ќе прерасне во туристичка атракција и на тој начин ќе ја збогати туристичката мапа на Скопје.Новата нагорна планинска велосипедска патека е со променлива широчина (најмногу до 3 метри),  со вкупна должина од 3.432 метри и  се протега од полициската станица се до Средно Водно. За да се зголеми  безбедноста на сите посетители на Водно, таа е посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Патеката е исклучиво за движење во еден правец-нагоре.Пионерската патека е сертифицирана и ги исполнува условите за организација на меѓународни натпревари на северните падини на Водно.Проектот за уредување на оваа планинска вело-патека  на Водно, Град Скопје го реализираше во соработка со Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council), Европската комисија и Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), како и со надворешните поддржувачи МАМБА – Македонска Асоцијација за планински велосипедизам и Федерацијата на планински спортови на Македонија.

Скопје | пред 5 години

dimce

Арсовски: СДСМ за 3 години потроши 8 милиони евра за луксузни автомобили, кај 70% од набавките сомнеж за фаворизирање

Граѓаните и државата тонат во сиромаштија, а функционерите на Владата на СДСМ живеат хедонистички и уживаат во луксуз на државен трошок и нормално со парите на граѓаните. Наредниот период ќе излезе на виделина целиот луксуз на функционерите на СДСМ изминативе 3 години, каде што граѓаните трпат за леб практично и се на работ на егзистенцијата, а функционерите на СДСМ и Владата ги трошат нивните пари за најголемиот луксуз, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Најновите податоци велат дека СДСМ никако не може да се откаже од луксузот.За само 3 години набавиле 392 возила за институциите, а набавките вкупно чинеле 8.130.000 евра. Над 8 милиони евра од буџетот кој го полнат граѓаните и компаниите преку плаќање на даноци и слично, завршиле како трошоци за луксуз на функционерите на СДСМ. Воопшто не се штеделе парите на граѓаните, па се купувале најскапите и најлуксузните автомобили, лимузини и џипови кои чинат и над 40.000 и над 50.000 евра. Имаа и такви кои што достигнуваат и до над 60.000 евра.Она што е многу симптоматично е што над 70% од набавките биле само со понуда од 1 набавувач, што јасно отвара сомнеж дека функционерите кои ги набавувале овие возила, точно знаеле какво возило сакаат да набават, точно така ги правеле условите во тендерот и однапред фаворизирале возило што им се допаѓа да се возат откако се на функција. Исто како да купуваат автомобил за дома, но не со нивни пари туку со парите на граѓаните. Токму така ги бирале автомобилите.Морам да потенцирам, дека меѓу институциите што набавиле луксузни џипови од над 45.000 евра вредност по автомобил е и Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, која ја водеше изминативе години Лидија Димова, а за која вчера беше отворен случај од страна на антикорупциската комисија за проневера на финансиски средства. Тоа е и повеќе од јасно зошто треба да се преиспита буквално се во таа институција.Очигледно е дека, додека дел од граѓаните немаат основни услови и компјутери, ИТ-уреди за онлајн настава на над 40.000 дечиња во Република Македонија, но затоа функционерите на СДСМ уживаат возејќи се во службени автомобили со кожа, луксуз,  масажери и што ли уште не.И претходно говоревме јавно за бројни скандали околу набавка на автомобили, но бидејќи обвинителството е во спрега со СДСМ и Заев, нема ниту еден отворен случај за овие сомнежи за проневери, затоа јавноста нека цени што и како работат функционерите на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Ново зголемување: 243 заразени за еден ден, најмногу се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-98, Куманово-11, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-2, Струга-9, Велес-3, Битола-5, Охрид-5, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-12, Кичево-1,Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од: Скопје-39, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-4, Велес-7, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Гевгелија-2, Струмица-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-1,  Македонски Брод-1, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2, Ресен-5.Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585. Денес се евидентираат четири контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 7291, активни 891• Куманово 1795, активни 186• Дебар 287, активни 32• Штип 1275, активни 60• Прилеп 709, активни 134• Тетово 1472, активни 149• Струга 685, активни 50• Велес 337, активни 31• Битола 328, активни 73• Охрид 437, активни 37• Кавадарци 251, активни 49• Гостивар 943, активни 82• Гевгелија 135, активни 45 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 18 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 293, активни 178• Крива Паланка 122, активни 36• Радовиш 99, активни 35• Крушево 20, активни 1• Кочани 403, активни 183• Пробиштип 117, активни 20• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 93, активни 6• Пехчево 45, активни 4• Берово 122, активни 46• Валандово 44, активни 31• Виница 119, активни 30• Делчево 167, активни 83 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 26, активни 2• Свети Николе 371, активни 58• Кичево 333, активни 35• Ресен 164, активни 6• Неготино 57, активни 10 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1831 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-336,  Биотек-252, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-10, ГАК-17, Синлаб-22, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

deca-skola-korona

Царовска најави санкции за училиштата кои нема да ги почитуваат препораките за комисијата за заразни болести

По најавите за бојкот на наставата од одредени училишта, здравствените и образовните институции апелираат училиштата и учениците да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата.Министерката за образование и наука Мила Царовска денес кажа дека Гимназијата „28 Ноември“ од Дебар нема да почне со настава со физичко присуство и ќе ја почитува одлуката на Комисијата за заразни болести за одржување на онлајн настава, откако вчера директорот Рамадан Имери најави дека од понеделникот ќе почнат со физичка настава.Што се однесува до тоа што ќе биде доколку не се почитуваат препораките, министерката најави санкции.„Секако дека има можности за санкционирање согласно законот. Одлуките на Владата се јасни и тие мора да се почитуваат затоа што се во интерес на заштита на јавното здравје. Јас разговарав со градоначалникот на Дебар, тој ми рече дека станува збор за поедин став на директорот и ми потврди дека нема да се случи прием на ученици“, истакна Царовска.  

Македонија | пред 5 години

03102020_MF_Besimi_sredba_DSBZB_Gelder

Бесими - Ван Гелдер: Интегрираниот систем за јавни финансии е еден од приоритетите за идна соработка со Светска банка

„Еден од приоритетите за финансирање преку четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка е Интегрираниот информациски систем за управување со финансии – ИФМИС“, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер. Овој систем ќе обезбеди интегрирано следење на приходите и расходите од нивно планирање до целосна реализација, со што ќе се подобри и буџетирањето и реализацијата.Како што посочи министерот за финансии, овој систем е дел од новиот Закон за буџети, кој од неделава е поставен на ЕНЕР за јавна дискусија. Новиот концепт на функционирање кој се предвидува со оваа реформа ќе донесе подолгорочно планирање, зајакнување на програмското планирање, следење на реализација на проектите и согласно тоа понатамошна распределба на средства. Со воведувањето на овој концепт ќе се решат повеќе прашања, вклучително и планирањето и реализацијата на капиталните инвестиции.Министерот посочи дека имплементирањето на овие реформи, односно на концептот СМАРТ финансии – систем кој е стратегиски и кој мери резултати, е од исклучително значење за реализацијата на поставените развојни цели. Тој посочи дека ако изминатите 10 години просечната стапка на економски раст во земјава изнесувала 2,6%, таргет на Владата по надминување на КОВИД-19 кризата се стапки на раст од 4% и повеќе. Покрај нов реформиран систем на јавни финансии, кон ваквиот развој би придонеле и реформите во насока на поголема конкурентност, инвестициите во човечки капитал, дигитализацијата, ориентираноста кон зелена економија, борбата против сивата економија и други структурни реформи кои би го зајакнале системот.На средбата беше разгледана и реализацијата на четиригодишната стратегија, односно Рамката на соработка 2019-2023 со Светска банка. Проектите во четиригодишната стратегија се фокусираат на три области: извозно-ориентиран раст инклузивен раст и одржлив раст. Досега во рамки на стратегијата, Светска банка ги има одобрено следните проекти: Проектот за модернизација на социјалната администрација, Проектот за локални патишта, Проектот за модернизација во земјоделството, Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан и Проектот за итни реакции за справување со КОВИД-19 кризата.Во текот на следната недела на Собрание ќе се разгледува предлог-законот за Проектот за итни реакции за справување со КОВИД-19. Станува збор за заем од 90 милиони евра со кој ќе се опфати здравствениот сектор, ќе се обезбеди привремена поддршка за социјална помош и привремена поддршка за надоместок во случај на невработеност.

Македонија | пред 5 години

Koncert

(ВИДЕО) Луда журка во Скопје на концерт од Владо Георгиев - никој не почитува препораки за пандемија

Со гужви, играње и пеење вчера се одржа настап на српскиот пејач Владо Георгиев во познат угостителски објект во центарот на Скопје. Присутните не одржуваат дистанца, ниту пак носат маски. Наместо почитување на протоколите за заштита од коронавирусот, кои налагаат дека вакви настапи смеат да се одржуваат само доколку гостите седат на маса, присутните се туркале за да го снимат пејачот одблиску и видеото да го објават на социјалните мрежи, објави А1 Он.Ваквото однесување доаѓа во денови кога во Македонија се бележи нов пораст на новозаболени од вирусот, односно и по 225 нови пациенти на дневно ниво. Дел од епидемиолозите укажуваат дека голем дел од нив се заразуваат во угостителски објекти кои не ги почитуваат протоколите.На угостителскиот објект каде што вчера Георгиев имаше настап, не му е првпат да ги крши протоколите за заштита од вирусот. Директорот на Пазарниот инспекторат за „А1он“ вели дека и минатата недела му поднеле кривична пријава. „Вечер во ‘Мош’, повторно настап ќе има Владо Георгиев, повторно ќе пуштам инспекција. Зборував со Комисијата за заразни болести, да се најде начин и полицијата да доаѓа со нас, за да ги казнуваме и луѓето. Луѓето не се свесни. Колку и да ги казнуваме операторите, тие ќе ја платат казната.Кога одат инспекторите им велат: ‘Треба да бидете седнати, не станати’, на што добиваат одговор: ‘Ти ќе ми кажеш мене, еве го столчето до мене, јас ќе си играм’. Тоа е крајно несвесно и некоректно. Операторите ги казнуваме и со по 4 илјади евра, но, некаде и кривичните пријави не помагаат. Јас не знам како им се исплаќа“, вели Пауновски.Текстот во целост на: А1 ОН.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведени три лица за издржување затворска казна до шест години

Полициски службеници од ОВР Гостивар во с.Аџиевци на 02.10.2020 во 16.25 часот ја привеле З.Р. (36) од с.Аџиевци која се барала со потерница за доиздржување на казна затвор во траење од една година во КПУ Затвор Идризово Скопје, осудена по член 256 во врска чл. 141 од К.З. На 03.10.2020 во 06,00 часот врз основа на судска наредба од Основен суд-Тетово од полициски службеници од Полициско одделени Теарце бил лишен од слобода, Е.Б.(28) од с.Слатино за идржување на казна затвор во траење од шест години во КПУ-Затвор Идризово во врска со чл.237 ст.1 од КЗ. На 03.10.2020 во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје по судска наредба го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје за издржување на казна во КПУ Затвор Охрид.

Македонија | пред 5 години

IMG_4165

ЛДП: За ревизијата во СЈО институционална разрешница со казни и вратени пари, а не улична демократија

Во извештајот објавен од страна на Државниот завод за ревизија утврдени се низа неправилности во однос на исплатата на додатоците на специјалните обвинители од поранешното СЈО по основ на надоместоци. Според Извештајот на ДЗР исплатени се вкупно 282.896.000 денари или околу 4,6 милиони евра, за кои ДРЗ тврди дека нема законско покритие. Станува збор за огромна сума на пари и за сериозни обвинувања од страна на ревизорите.ЛДП го поздравува трансапрентниот начин на објава на Извештајот на ДЗР за работата на СЈО. За ЛДП од особена важност е сите институции да ги објавуваат транспарентно и темелно сите наоди на сите државни институции за да граѓаните стекнат доверба во институциите. Државниот завод за ревизија во континуитет докажува како едно независно државно тело може беспрекорно да си ја врши работата доследно. За тоа ја има целосната поддршка од ЛДП.За ЛДП од голема важност е да се работи во согласност со позитивните законски норми и затоа контролите се од исклучително значење.ЛДП инсистира на институционално и темелно разрешување на случајот од извештајот на ДЗР и го повикува Основното јавно обвинителство во најкус можен рок да постапи во однос на наводите за незаконско работење на СЈО. Разрешувањето на овој случај е важно за довербата на граѓаните во функционирањето на правната држава и дека никој не е над законот.На нашата земја во моментов не и потребна улична демократија за решавање на проблемите, туку функционални институции и европски систем на правда и неказнивост. Затоа ЛДП до крај ќе инсистира преку институциите оние кои се огрешиле од законот да сносат последици.Порачуваме дека за овој случај ќе правиме јавен и политички притисок да има брза разрешница и ќе ги користиме сите институционални методи во таа насока. Нашите пратеници во Собранието ќе го покренуваат ова прашање преку пратенички прашања и други парламентарни средства се дури не се разреши, а покрај казните евентуално неправилно поделените средства да бидат вратени во буџетот на државата.Во Македонија мора заедно да изградиме силни независни државни институции по теркот на ДЗР. Во Македонија мора сите да работиме чесно.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања