Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

granica

Комисијата со предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање.Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање.Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

policija-2

340 санкционирани возачи во Скопје, од кои 130 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 340 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 30 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 31, 35 санкционирани мотоциклисти, 24 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 25 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.  

Скопје | пред 5 години

120595948_1000509397043727_4353753168262242950_n

Санкционирани 278 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 278 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 28.09. до 04.10.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 120 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 158 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Kuka-na-Zaev-na-Halkidiki

(ФОТО) BIG5: Видете ја новата „куќа – засолниште“ на Заев на Халкидики

Бугарскиот портал BIG5 објавува скандалозни податоци за луксузна палата на грчкото приморје на кракот Касандра на Полуостровот Халкидики, која како што пишува медиумот е во сопственост на Зоран Заев, каде тој според мештаните кои ги контактирал медиумот е чест гостин, а посетители му се и голем број македонски, косовски, но и бугарски политичари, пренесе Република.мк.Порталот кој ги објавува сликите и информациите за палатата на Заев на Халкидики е истиот кој ги објави снимките за бугарскиот премиер Бојко Борисов. Текстот објавен во бугарскиот медиум, а Република го пренесува интегрално преведен во продолжение. Ексклузивно и единствено во BIG5: Видете ја „куќата – засолниште“, на македонскиот премиер Зоран Заев на Халкидики Гласините говорат дека во новата палата на македонскиот премиер често гостуваат македонски, косовски, но и бугарски политичари.Македонскиот премиер Зоран Заев ја смени својата трикатна вила во Неа Мудања на Полуостровот Халкидики во Северна Грција, со нова луксузна куќа на само 100 километри од неа. Таа се наоѓа во затворениот комплекс „Агнанти вилас“ кон кој има поглед само од морето, а од горна страна се гледа само оградата.Само за потсетување во 2018 година грчкото издание на „Њуз ин“ објави за имотот на Заев во Халкидики, откако се повика на неколку македонски медиуми. Тогаш на јавноста и беше обелоденето дека Заев е сопственик на трикатна куќа и дека често ја посетува Грција, каде што прима многу гости од цел свет.Помеѓу нив имало многу политичари од Косово и Скопје, но исто така и многу бизнисмени, кои се блиски до Заев. Во 2018 година македонскиот портал „Прес 24“ објави дека Заев поседува имот во Грција, каде секое лето го поминувал со прекрасен поглед кон морето од трикатната куќа и дворот од 300 м2. Тогаш порталот напиша дека вилата во Неа Мудања се наоѓа на самиот морски брег и чини околу 100.000 евра. Истовремено грчки брокери пресметаа дека реалната цена е многу поголема од таа платена од страна на Заев. Тие тврдеа дека куќата на Заев е во вредност од околу 300.000 евра.Денеска за прв пат BIG5.BG објавува слики од новата „куќа – засолниште“ на македонскиот премиер Зоран Заев. Според мештаните тој престојувал во неа само пред месец дена, во текот на август. Тие тврдат, дека за да не се крева скандал околу името на македонскиот премиер, куќата е земена од фирма блиска до брат му – Вице Заев.За разлика од претходната куќа во Неа Мудања, моменталната е далеку по голема и по луксузна, и истата се наоѓа на самиот морски брег. Вилата на Заев е дел од мал комплекс – „Агнанти вилас“ во кој има уште три вили како таа на Зоран Заев. Неговата вила е единствена од четирите вили со голем приватен базен, кој се наоѓа пред самата вила и е со најголема квадратура. Четирите вили се на самиот морски брег, но се затскриени за љуботни очи, преку голем имот, начин на кој тие се целосно не визибилни од страна на патот.Вилата на Заев може да биде видена само од страна на морето, и тоа во случај претходно да знаеш која куќа ја бараш, затоа што истата е добро покриена од очите на странците со густа шума. Новиот имот, поседуван во текот на изминативе две лета од Заев, се наоѓа на самиот крај на кракот – Касандра, кој е првиот од трите крака на Полуостровот Халкидики. Куќата се наоѓа во исклучителна близина на новиот хотелски комплекс со сопствена марина – „Мираџио“ и е со поглед директно на вториот крак – Ситонија.Според мештаните, Заев го обожавал овој дел од Грцијаи не пропуштал лето без да помине скоро цел месец таму. Откако македонскиот медиуми го откриле неговиот имот во Неа Мудања, Заев и неговите блиски решиле да најдат нов имот, кој би бил сокриен од очите на љубопитните и официјално да нема ништо поврзано со македонскиот премиер. Гласините говорат дека во новата палата на македонскиот премиер чести гости се македонски, косовски, но и некои бугарски политичари.извор: Република.мк

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Владата демантира дека премиерот Зоран Заев поседува куќа на Халкидики

Владата демантира дека премиерот Зоран Заев поседува куќа на Халкидики, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на фејсбук, рече дека во имотниот лист има имиња кои можат да се поврзат со семејството Заеви.„Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок. Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност“, се наведува во соопштението од Влада.

Македонија | пред 5 години

50418550966_e5aa2973f8_c

Утврден ребалансот на Буџетот кој оди на одобрување во Собранието

Владата на Република Северна Македонија на денешната 8-ма седница го утврди предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година, и донесе заклучок да го достави на усвојување до Собранието на Северна Македонија.Согласно финансиските показатели проекциите покажуваат дека дефицитот во Буџетот ќе изнесува 8,4% заради растот на расходната страна во која со најголем процент учествуваат мерките за ублажување на економските последици предизвикани од пандемијата со КОВИД-19.Приходната страна на Буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар.Со ребалансот на Буџетот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и тие ќе се исплаќаат редовно.Сите мерки од пакетите 1,2,3 и 4 за поддршка на економијата и граѓаните во услови на здравствено-економска криза ќе се реализираат согласно плановите до крајот на годината за ликвидност на економијата преку ликвидност на компаниите, и за зголемување на јавната потрошувачка.Со дополнително кратење на непродуктивни трошоци и со реалокација на средствата во Буџетот ќе се задржи исполнувањето на обврските како што се редовната исплата на доспеаните долгови и субвенции, особено во програмите за рурален развој, за образование, за заштита на животната средина и други еколошки проекти, како и за реализација на капиталните проекти.На денешната седница, на предлог на Министерството за финансии утврден е Предлог – законот  за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица.Со измената и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба (објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 133 од 28.06.2019 година)  се создава можност физичките лица кои се пријавени и се корисници на апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи преку која се пријавуваат фискалните сметки, со цел враќање на ДДВ-то за фискалните сметки издадени на 10,11 и 12 октомври да им се врати целиот износ на данокот на додадена вредност.Заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги како заради зголемена дигитализација на нашето општество враќањето на целиот износ на ДДВ-то ќе се однесува за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30 000 денари по лице за сите фискални сметки издадени на 10,11 и 12 октомври 2020 година.На оваа своја седница Владата ги усвои заклучоците од состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, одржан на 4.10.2020 година, со предлог мерки за спречување од ширење на коронавирусот КОВИД-19.Во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на КОВИД-19, Владата ги прифати ги препорача следите рестриктивни мерки на Комисијата:•            Не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).•            Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели.•            Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите  се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица. Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, точка 6. се брише и се заменува со  „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“, а во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се додава нова точка: „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“.•            Комисијата укажа, а Владата прифати на стриктно почитување на точка 3. не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси како во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, така и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите.•            Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.Владата ја одобри и препораката на Комисијата за отворањето на училишните кујни за децата со продолжен престој со стриктно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса утврдени со Закон за безбедност на храна, како и НАССР стандардите и Протоколите за заштита од КОВИД-19, со напомена послужувањето на оброците да се реализира во училишните трпезарии водејќи сметка да не дојде до мешање на ученици од различни паралелки.На оваа седница, Владата ја усвои Предлог - програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година за прераспределбата на средства во износ од 106.000.000,00 наменети за студентски стандард, односно за подмирување на трошоци за тековно работење на студентските домови во однос на трошоците за греење, електрична енергија, потрошена вода и други трошоци.Министрите во Владата денеска го усвоија и Извештај за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, за период од 29.09.2020 година до 2.10.2020 година.

Македонија | пред 5 години

w_56211861

Мицкоски: Локални избори со еден изборен круг да се заштедат пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот Live chat на тема Одговор на сите Ваши прашања, околу прашањето кој е неговиот став околу предлогот за еден круг на локалните избори во 2021 година, дали е воопшто изводлив таков модел и дали ја гледа партијата во предност во такви околности кажа дека е ирелевантно дали партијата ќе има определени поволности и дека ВМРО-ДПМНЕ е за локални избори со еден изборен круг со цел да се заштедат пари.„Ирелевантен е ставот дали партијата ќе има определени поволности, дали пак резултатот на паријата ќе зависи од тоа, дали имаме прв или втор круг, за нас како народна партија како државотворна партија секогаш бил интересот на граѓаните во прв план и во преден план. И во име на тоа јас сакам јасно и гласно да се изјаснам по ова прашање. Да, сме за преференцијални листи на советниците, да сме за еден изборен круг по принципот на Британскиот модел First past the post и тоа да биде прв пат аплицирано на локалните избори, зошто затоа што навистина не ја гледам смислата на вториот круг освен ако се исклучи фактот за притисоците заканите и уцените на власта бидејќи на тој начин доколку имаме втор изборен круг за локалните избори ќе имаме сериозно трошење на државни средства во услови на државна криза во услови на пандемија‘‘ кажа МицкоскиМицкоски исто така нагласи дека нема потреба од непотребни трошења во време на пандемија и средствата кои би се потрошиле за втор круг избори  можат наменски да се пренаменат во насока на пристојно образование или онаму каде што се потребни.„Немаме потреба на тој начин можеме да ги заштедиме тие средства кои што ќе се потрошат за вториот изборен круг тие да бидат истите тие средства да бидат искористени за купување на лап топ компјутери да бидат искористени во насока на тоа да им се помогнат на нашите деца да можат да се стекнат со пристојно образование. Така што апсолутно ВМРО-ДПМНЕ е во насока на поддршка на идејата за еден изборен круг на следните локални избори за избор на градоначалници и апсолутно се сложуваме за преференцијални листи на советници на следните локални избори‘‘ нагласи Мицкоски. 

Македонија | пред 5 години

struja

Мицкоски: Покачувањето на цената на струјата е грабеж на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот Live chat на тема Одговор на сите Ваши прашања, одговарајќи  на прашањето: Како партија која претендира освојување на власта и вие како најсериозен кандидат на претседателската функција во Владата на Република Македонија како ќе ја регулирате овластената позиција на универзалниот снабдувач  на електирчна енергија во функција на порентабилна цена на чинење на електричната енергија за самиот прозиводител и за самите потрошувачи го одговори следново:ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните имаше неколку протести против покачуавањето на електричната енергија на кои што објаснувавме како се случи тоа покачување, која беше целата на тоа покачување, кој приходува најмногу. Можеби она кое што ние заборавивме да кажемеи еве  ја користам оваа прилика да го кажам тоа е дека ако ја поглледете компанијата која е универзален снадбувач и последниот финансики извештај на таа компанија ќе видите дека профитот на таа компанија изнесува фантастични повеќе од 30 милиони евра во услови кога граѓаните мака мачат како од први до први да го поминат месецот во услови кога стопанството и економијата ни е на колена оваа комапнија универзалниот снабдувач во нејзниот финасиски извештај  кој што го пријавила книжи добивна поголема од 30 милиони евра. Тоа е така затоа што имаат несразмерно голем процент кој што го приходуваат од производот кој што го продаваат а тоа е елктричната енергија која што преку фингиран настап на слободниот таканаречен пазар  ја продаваат до крајните конзументи а тоа се граѓаните и стопанството  кое не е на слободниот пазар и не набавува електирчна струја на слободниот пазар.Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја формира новата влада ќе премине кон законски измени на кој што ќе биде овој бомбона бизнис по втор пат кога СДСМ е на власт  ќе биде корегиран, а тоа е процентот пред се за да соодветсвува на станадардот на граѓаните и на она што граѓаните можат во овој момент да го изпорачаат како средство, да ги сервисираат обврските  за потрошената електирчна енергија. 

Македонија | пред 5 години

toni-cetinski-2

Државниот инспекторат пред “Интермецо“, пред почетокот на концертот на Тони Цетински

Инпектори од Државниот пазарен инспекторат пристигнаа во кафе барот „Интермецо“ во Скопје каде за вечерва е закажан концертот на хрватската поп ѕвезда Тони Цетински, дознава Телма.-Не можам да гарантиран за здравјето на гостите,  но  гарантирам дека здравствените протоколи се почитуваат, вели менаџерот на „Интермецо“ Константин Влахо. 

Скопје | пред 5 години

policija-4

Иcчeзна 14 годишно девojче, полицијaта трaга по него

Во раните утрински часови денеска, околу 3 часот во СВР Скопје, С.А.(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Ш.А.(14) од Скопје.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 5 години

bitola

Владата ги прифати предлозите на комисијата за заразни болести

Владата вечерва ги прифатила предлозите на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита од ковид-19, кои овој пат главно предвидуваат ограничувања во работата на угостителските објекти.Во изјава, во вестите на ТВ21, Филипче посочи дека овие мерки се едногласно донесени во Владата и доколку има потреба ќе се препорачаат нови рестрикции.„Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и на диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека нема дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дозвола дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица“, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 години

policija-2

Татко и син нападнати пред маркет во Радишани

На 03.10. во 19,45 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 19,00 часот на ул. 30 во Радишани пред маркет додека бил заедно со неговиот татко С.Ј.(62) од Скопје биле физички нападнати од две непознати лица, информираат од МВР.Од полицијата истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

tepacka-4

Тепачка во кафеана во Илинден, едно лице повредено, а друго е приведено

Доцна синоќа во угостителски објект во населбата Илинден имало нарушување на јавниот ред и мир, при што едно лице е повредено, а друго е приведено.Од полицијата информираат дека  З.И.(42) од селото Марино со тврд предмет го удрил М.Т.(25) и истиот паднал во безсознание по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.По наредба на јавен обвинител З.И. е задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Скопје | пред 5 години

maricic

Маричиќ: Лажна вест е дека Судот во Стразбур одлучил аболицијата на Иванов да важи

Министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук објави дека информацијата објавена во некои медиуми дека Судот за човекови права во Стразбур одлучил дека аболицијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов важи – претставува „класична лажна вест”.– Она што е точно е дека пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одредени лица обвинети или осудени во постапките на поранешното СЈО почнаа постапка со која ги проблематизираат тековните судски постапки во Северна Македонија, од аспект на аболициите на Иванов, наведува Маричиќ во објавата.Тој посочува дека Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 25 септември 2020 година, на одговор до Владата доставил две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, a во однос на предмети кои се тековни пред домашните судови и се во врска со прислушкуваните разговори.– Но, овие апликации не се одлучени од страна на ЕСЧП, туку на 25.09.2020 година, само се доставени на одговор до Владата на Северна Македонија, а постапката за нивно одлучување треба допрва да почне наредната година, додава министрот за правда.Според него, апсолутна шпекулација се информациите за евентуалните последици по тековните предмети пред домашните судови, кога предметните постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, а за исходот од постапките, секако ќе треба да се почека одлуката на Судот во Стразбур, која може да дојде и по три години.– Сепак, со ширењето на лажната вест дека предметите потонале се врши притисок врз домашната правосудна власт да не одлучува по овие предмети. Но, исто така се открива и визијата за Правдата во очите на опозицијата. Нивна единствена визија за правда е аболицијата на Иванов.Судските процеси ќе продолжат по постоечките закони на нашата држава, а правда мора да има за сите, додава министерот Маричиќ во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

avatar

Нови препораки - Ќе се забрани гостување на пејачи, на маса ќе седат само четворица

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави дека има зголемување на бројот на случаи во сите возрасни групи над 20 години и истакна дека нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 години, и под 10 години. Најголем раст има во возрасната група од 20 до 30 години, и од 30 до 40, нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години.„Денеска Комисијата донесе неколку предлози коишто ќе бидат доставени на денешната седница на Владата, тоа се следни: прво, да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти. Потсетуваме, дека дискотеките и ноќните клубови не добија дозвола за работа, инсистираме да се почитува работното време во угостителските објекти до 12 во работни денови, и 1 часот после полноќ за викенд. Се намалува дозволената гласност на музиката и се ограничува до 55 децибели согласно нашиот правилник на Министерството за здравство, со цел да се намали поголемата концентрација на луѓе на едно место. Препорачуваме и да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4. Го очекувавме ова, го најавувавме тој зголемен притисок, мини бран што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори.”- потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Мукоски за протестите на ВМРО ДПМНЕ: „По свадба, тапани“

Експратеникот Крсто Мукоски обвинувањата од пратеникот Антонијо Милошоски дека е во сојуз со Заеви ги нарече шпекулации без докази, а протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ за исправање на неправди ги нарече: У„По свадба, тапани“. Мукоски за „А1он“ вели дека неговото име, како и имињата другите пратеници кои гласаа за уставни измени, се користат само за добивање на ситни политички поени. Тој го обвинува раководството на ВМРО-ДПМНЕ за безидејност, саботирање на протестите кои биле организирани од претходното раководство против прогон на луѓе, како и за минирање на Законот за амнестија, кој и тие го гласале. Поранешниот пратеник, Муковски, повикува да се организира Конгрес за членовите и делегатите изберат кој е најдобар кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.„Ваквите настани како вчерашниот кажуваат само дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ прави груба злоупотреба на членството и си игра со чувствата на луѓето кои имаат мака. Целта е една, да се добие некој политички поен во овие услови на внатрешно пребирање и да се остане на трнот на партијата. Тие за таа цел го користат моето име и името на осуммината пратеници. Ако добро погледнете, уставните измени се изгласаа со 81 глас. Немаше ниту еден пратеник кој што беше против. ВМРО-ДПМНЕ за жал избега од сите процеси. Основниот фундамент кој беше Евроатланските интеграции и сојуз со САД, ова раководство го изигра. Скршна во сосема обратен правец. Доколку ВМРО-ДПМНЕ излезеше со некаков концепт каде треба да се движи државата, што треба да се направи, тогаш ќе беше добро. Тогаш луѓето ќе можеа да судат. Но со бегање од процесите без став, за потоа, да се критикува е малку жална ситуација. Луѓето кои ги праќаат да даваат такви изјави, не би сакал да ги коментирам. Нив добро ги познавам бидејќи сум од 1990 година во ВМРО, па добро знам кои беа во 2002 година, во која барака од Влада живееше Антонио под наем, па колку имот има сега и така натаму. Во такви игри, не би сакал да навлегувам“, вели Мукоски за „А1он“.

Македонија | пред 5 години

zavod-za-rehabilitacija

КОД: Штитениците од Заводот за Рехабилитација ноќе под ведро небо- зградата која се реновира

Пред околу еден месец овде започнало реновирање- проект на Министерттвото за труд и Социјала и УНДП како донатор. Но реновирањето донело нови проблеми. До редакцијата на КОД сатсаа фотографии кои беа загрижувачки. На подот од училницата наредени душеци а на нив штитеници од различна вораст –тоа биле нивните спални откако почнало реновирањето на старите и дотраени соби во кои дотогаш живееле. Без кревети без соодтвена постелнина . Расфрлан мебел и шут , но и по некој дотраен кревет може да се види на овие слики. Штитениците ноќе под ведро небо седат пред зградата која се реновира. Впечатливи се козите кои пасат во дворот на Заводот за рехабилитацуија кои се шетаат околу штитениците додека тие ручаат.  КОД побаравме дозвола да видиме што се слулчува овде.Раздвижено работно со мајстори кои на сите страни реновираат. Ваква слика затекнавме откако го известивме Министертвото дека сакаме да снимаме во Заводот за Рехабилитација. Креветите беа наместени под конец, во училниците од управнатѕа зграда додека старите спални се реновираат.Фатмир Ејупи две години е директор на Заводот, вели дека со децении овде ништо не е реновирано. Минатата година е направен проект на Министетвото и од тогаш е почната постапка да се обноват дотраените згради каде очигледно немало елементарни услови за живот на корисниците Гледајте КОД на Телма вечерва во 19.15ч

Македонија | пред 5 години

strumica

Казнети 38 гости во скопскиот локал бидејќи не носеле маски, а сопственикот бил уапсен затоа што ги мамел полицајците и инспекторите

Денеска (04.10) околу 00:30 часот од страна на полициски службеници приведено е лицето М.Д. (41) од Скопје, кое е задржано во ПС Центар. Лицето е  приведено поради постоење основано сомнение дека, како одговорно лице, управител на ланч бар „Мош“ (улица „Дебарца“ во Скопје), сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија- казниво по член 206, став 2 од КЗ на РСМ. Лицето М.Д. не го применувал протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравствените прописи за време на епидемија. Конкретно, организирал музички настан – концерт каде што помеѓу гостите не се почитувало дозволеното растојание од 1,5 до 2 метри и повеќето лица не носеле заштитни маски на лицето, и не биле исполнети и други одредби од пропишаните здравствени протоколи.Претходната вечер (03.10), поврзано со истиот угостителски објект, на барање и во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), полициски службеници во 19:30 часот, беа во  ланч барот „Мош“ при што на одговорното лице М.Д. од страна на пазарните инспектори му беше укажано да ги почитува мерките од Уредбата на Владата на РСМ во врска со пандемијата на КОВИД-19, особено по однос на задолжителното физичко растојание на масите и носењето заштитни маски.Потоа во периодот од 21:00 до 23:00 часот повторно е извршена контрола на угостителскиот објект, при што се констатирани неправилности. Притоа, полициските службеници издадоа 38 платни налози на гости во локалот што не носеле заштитни маски, а од страна на ДПИ констатирано било дека не се почитува растојанието меѓу масите од 1,5 метар. Воедно, во истиот угостителски објект, околу 22:30 часот од страна на полицијата повикани се и претставници на Инспекторатот за животна средина од Oпштина Центар и извршено било мерење на бучавата во локалот. Притоа е констатирано дека таа била над дозволените граници, за што дополнително ќе биде доставена прекршочна пријава од Инспекторатот за животна средина.Паралелно, Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден  (сабота), спроведе над 100 контроли низ целата држава. Притоа, кај 19 субјекти се изречени казни за непочитување на здравствените протоколи и други прекршоци во надлежност на ДПИ и 4 за непочитување на работно време. Конкретно, 7 субјекти организирале свадби во Струга (1), Тетово (2) и Скопје (4).  Кај осум субјекти е констатирано непочитување на здравствените протоколи, односно во Струмица (2), Скопје (5) и Битола(1). За субјектите кои ги прекршиле здравствените протоколи и организирале свадби, ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство.Во текот на вчерашниот ден кај 4 субјекти, ДПИ констатирал пречекорување на работното време, односно во Скопје (2), Прилеп(1) и Битола (1). За овие субјекти ќе бидат изречени прекршочни пријави, ќе бидат издадени платни налози за парична казна и решение за затворање на објектите од 10 до 30 дена во зависност од пречекорувањето на работното време.Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со засилени контроли во текот на денешниот ден и во следниот период.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: Лага е дека се работи на откривање на атентатот врз Глигоров, акцијата „Автомобил„ е укината

Претседателот на Единствена Македонија по повод 25 годишнината од обидот за атентат врз поранешниот македонски претседател во изјава за јавноста рече:-„Повторно 3-ти октомври беше уште едно потсетување, дека пред 25 години е извршен обид за атентат врз Киро Глигоров. Вчера, повторно слушавме лаги дека и натаму се води постапка против непознат сторител. Меѓутоа, на многу конкретен начин, ќе и покажам на јавноста дека кажаното дека се работи на атентатот е една голема лага. Постои интерен документ-телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичката полиција во кој се вели, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција Автомобил во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина„ - завршен цитат. Единствена Македонија го има овој документ.Значи, Штабот на Оперативната акција „Автомобил„ се укинува. Да појаснам, по атентатот е заведена оперативна акција со кодно име „Автомбил„, во која требало да се слеваат сите сознанија и податоци од значење за овој немил настан. Меѓутоа, Штабот и оперативната акција Автомобил не постојат повеќе. Атентатот врз Глигоров повеќе не е предмет на систематско и организирано работење на МВР. Или со други зборови кажано, атентаторите сега можат само случајно да се откријат, бидејќи според овој документ се е оставено на случајноста. После овој сканадолозен документ, со кој се укинува Штабот и оперативната акција „Автомобил“, суштинско прашање кое ја интересира јавноста е:Зошто и понатаму се лаже народот дека се работи на откривање на атентаторот врз Глигоров, кога Штабот и ОА Автомобил се укинати?Зошто МВР го лажеше и самиот Глигород до неговата смрт дека се работи на атентатот, наместо отворено да му кажеа дека токму заради неработењето, истрагата никогаш не била блиска ниту до мотивите, ниту до извршителите?Јавноста чека одговор на прашањето - Кој ги укинал Штабот и оперативната акција Автомобил? - потенцираше Бачев.

Македонија | пред 5 години

micko

(ВИДЕО) Мицкоски: Не би преговарал за Гоце Делчев, врз основа на тој лик ние сме создале држава

За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.Господине Мицкоски, каков е вашиот став за бугарскиот Меморандум? Каков е вашиот став ако дојде до тоа, тоа да е услов за напредокот на Македонија кон ЕУ? Треба ли воопшто да се преговара со Софија?Тоа не е суштинското прашање, суштинското прашање е како дојдовме и ова да биде услов. Нели ги решивме сите отворени прашања со соседите, нели блескаме, нели велевме дека сме за почит, дека се е решено, дека немаме никаков проблем?Да, но тоа сме го слушнале. Вие велите дека Заев ја доведе земјата во оваа ситуација. Ве прашувам која е вашата позиција како партија?Заев е виновен по многу работи. Но во овој случај имаше јасно подадена рака од опозицијата и јас тоа го кажав на првата лидерска средба која зборуваме за предвремените парламентарни избори, тоа беше оваа прва средба кај Стево Пендаровски кога требаше да се одржат предвремените избори на 12 април. Средбата некаде беше после она фијаско на октомврискиот самит на Европскиот совет кога не добивме јасно порака за отпочнување преговори и која се уште ја немаме иако е најавувана од пред две години. Уште тогаш реков да дадеме одговор на меморандумот којшто беше производ на Парламентот на нашиот источен сосед. И да дадеме одговор со консензус на сите политички партии, на тој начин ние ќе ја отцртаме нашата заедничка државна позиција и тоа практично ќе биде позиција зад која ќе застанат сите сериозни политички партии коишто имаат свои пратеници во Парламентот. Тогаш од страна на Зоран Заев и Стево Пендаровски бев убедуван дека тој документ кој е изработен во бугарскиот Парламент е документ кој практично служел за локалните избори кај нашиот источен сосед. И денеска, сега повторно гледаме една груба манипулација со јавноста, и тоа јавноста треба да го знае, а тоа е дека решението било дека нашиот источен сосед ќе си го чествува Гоце Делчев како нивен, а ние ќе си го чествуваме Гоце Делчев како наш.Што е решението според Вас, Македонија да ги прекине преговорите ако ова е на масата?Во моментов, ако мене лично ме прашувате како Христијан Мицкоски, ќе ви одговорам дека за Гоце Делчев нема преговарање, за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашата македонска национална химна, тоа е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава.Видете повеќе на РСЕ.мк

пред 5 години

dimce-arsovski

Арсовски:Додека граѓаните преживуваат со минималец од 250 евра, функционерите на СДСМ земаат плати над 2.000 евра месечно

Луксузот кој го живеат функционерите на СДСМ со парите на граѓаните е на највисоко ниво. Вчера видовме дека потрошиле за само 3 години над 8 милиони евра за луксузни возила и автомобили. Денеска сакаме да споредиме колку функционерите на СДСМ се попривилегирани во однос на обичниот народ и граѓанин во Република Македонија, истакна на денешната прес конференциија Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.За да не мора оваа прес конференција да трае цел ден, имајќи ги во предвид сите привилегии на сите функционери на власта, издвоивме за денеска неколку имиња на функционери на СДСМ, каде што ќе ги анализираме нивните плати кои ги добиваат од државата односно од парите на граѓаните.Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, инаку поранешен пратеник на СДСМ. Па сакаме да прашаме, дали Томислав Тунтев како директор на оваа агенција, инаку кадар на  СДСМ, назначен од СДСМ зема месечна нето плата од 3.000 евра или 180.000 денари, односно бруто плата од 270.000 денари секој месец? Во овој случај кадарот на СДСМ за 20 месеци доколку ја зема оваа плата откако е назначен има инкасирано околу 60.000 евра нето плата, пари од граѓаните.Ова се околу 8 до 9 нето просечни плати во Република Македонија, што ги земаат граѓаните, наспроти платата што ја зема овој функционер на СДСМ секој еден месец. Тука не ги вбројуваме трошоците за службени возила, репрезентации и бонуси.Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија, инаку кадар на СДСМ кој може да се види и сите видоа на слики од партиски штабови на СДСМ. Инаку човек на таа позиција не смее да биде поврзуван со политичка партија, но се обработува за СДСМ и Заев, тоа веќе е јасно.Јавно прашуваме дали Бислимоски, кој им ја покачи струјата на граѓаните во ек на економска и здравствена криза што е никаде во светот невидено, зема нето плата секој месец од над 2.000 евра, поточно околу 2150 евра секој месец или 130.000 денари, односно бруто плата околу 200.000 денари?Во овој случај, откако е назначен Бислимоски, за 26 месеци има земено нето плата над 55.000 евра, пари од државата и граѓаните. Потенцирам 55. 000 евра легнуваат за овие наназад месеци откако е назначен Марко Бислимоски, на неговата сметка, како нето плата, додека од друга страна ја покачува струјата на сите граѓани. Човекот што им покачува струја на граѓаните и вели дека покачувањето не е ништо, за нешто повеќе од 2 години заработил чисти 55.000 евра.Ева Шуклева, директор на државната институција МЕПСО, кадар поставен од СДСМ. Пред нејзе, пред да биде назначена она исто кадар поставен од СДСМ, Сашо Василевски, инаку вмешан во повеќе скандали поврзани со Катица Јанева.Прашуваме дали е точно дека платата на првиот директор Сашо Василевски од СДСМ, а потоа и на неговиот наследник, Ева Шуклева актуелната директорка во МЕПСО изнесува над 110.000 денари нето секој месец? Во овој случај, во своето директорување Сашо Василевски заработил за околу 2 години над 43.000 евра нето плата, а актуелната која што го замени Сашо Василевски, на истата позиција директор на МЕПСО, за 14 месеци награда директор за партиската активност во СДСМ, над 26.000 евра нето примања? Дали ова се платите на директорите од СДСМ во МЕПСО? Или вкупно двајцата преку позицијата директор на МЕПСО за нешто повеќе од 2 години преку истата позиција директор потрошиле околу 70.000 евра народни пари за нивни лични плати на ова позиција.Ова е апсурдот на владеењето на СДСМ.Не можат да обезбедат компјутери и ИТ-уреди за учениците од семејства што немаат пари да им обезбедат, а такви се на 40.000 ученици, а нивните директори од СДСМ земаат основица нето плата преку само 3 позиции, за нешто повеќе од 2 години, над 200.000 евра народни пари. Нето плата доделена на овие позиции за директор изминативе години над 200.000 евра.200.000 евра легнале на сметките на 4 функционери на  СДСМ за само нешто повеќе од 2 години.Додека граѓаните живеат со минималец плата заради корона пандемијата, за жал бидејќи Владата не им помага  на стопанството и на вработените, функционерите на СДСМ земаат месечни плати кои не се бројат во десетици илјади, туку во стотици илјади денари, плати кои што не се бројат во стотина евра, туку во илјадници евра.Настрана, овие примања им се од криминалите во кои се вмешани како функционери на СДСМ, за кои обвинителството е глуво и немо, а претходно медиумите имаат пишувано, Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

skopje-panoramska

Најмногу заболени во Аеродром, потоа Центар, па Карпош

Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-4, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-15, Велес-1, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-15, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 64• Гази Баба – 108• Аеродром - 170• Карпош – 138• Центар – 158• Кисела Вода – 112• Ѓорче Петров – 68• Бутел - 38• Шуто Оризари – 18• Студеничани – 9• Сарај – 16• Арачиново – 5• Илинден – 34• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 5• Петровец – 7• Зелениково - 3• Странец – 10• Нераспределен-0

Скопје | пред 5 години

infektivna_klinika-610x400

Повторно голем број заболени за еден ден: 191 нов пациент, починати три лица од три градови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-4, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-15, Велес-1, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-15, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од: Скопје-19, Куманово-9, Штип-3, Тетово-3, Струга-6, Охрид-5, Кавадарци-3, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-2, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-1.Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81г.), од Кичево (67г.) и од Струга (77г.).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693. Денес се евидентираат три контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 7386, активни 966• Куманово 1799, активни 181• Дебар 287, активни 32• Штип 1280, активни 62• Прилеп 722, активни 147• Тетово 1487, активни 161• Струга 685, активни 43• Велес 338, активни 32• Битола 331, активни 76• Охрид 437, активни 32• Кавадарци 252, активни 47• Гостивар 947, активни 84• Гевгелија 139, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 298, активни 181• Крива Паланка 124, активни 38• Радовиш 101, активни 37• Крушево 20, активни 1• Кочани 417, активни 183• Пробиштип 117, активни 19• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 93, активни 5• Пехчево 46, активни 4• Берово 126, активни 48• Валандово 46, активни 31• Виница 124, активни 35• Делчево 169, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 26, активни 2• Свети Николе 373, активни 59• Кичево 334, активни 35• Ресен 166, активни 8• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1350 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-358, Биотек-199, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Систина со PCR метода -109, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-22, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Македонија | пред 5 години

IMG_20201004_111512

(ФОТО) 16-от Виз Ер Скопски маратон се одржа по специјален протокол за заштита од Ковид-19

Денеска, по специјален протокол за заштита од Ковид-19, се трчаше Виз Ер Скопски маратон под мотото „Трчањето ќе те промени“. Поради пандемијата со Ковид-19, на маратонот оваа година трчаа ограничен број на учесници, 1.500, во три дисциплини, маратон, полумаратон и штафетен маратон. Стартот и целта на учесниците беше пред СЦ Борис Трајковски, а патеката по која што трчаа остана иста како и минатите години.Победник на државното првенство во маратон на Македонија во организација на Атлетска федерација на Македонија е Дарио Ивановски со време од 02:31:16, на второ место е Александар Кираџиев со време од 02:40:57, а на трето место заврши Марјан Бонев со истрчан маратон за време од 02:42:41.Во женска конкуренција, победник на државното првенство во маратон е Адријана Поп Арсова 02:58:14, на второ место за време од 03:13:21 заврши Билјана Кираџиева, а на трето место е Весна Кираџиева со време од 03:27:41.Во државното првенство во полумаратон победник е Атанас Анчевски со време од 01:14:09, на второ место е Милош Ранчиќ со полумаратон истрчан за време од 01:14:19, а на трето место со време од 01:17:20 заврши Димитар Петровски.Најдобра во женска категорија на државното првенство во полумаратон е Милјана Ристиќ со 01:26:31, Сања Најдовски се најде на второто место со 01:38:33 и на третото место заврши Маја Рајчина со време од 01:38:52.„Овогодинешното издание на Виз Ер Скопски маратон е многу добар пример за тоа дека кога се има волја, скоро сѐ може да се постигне со вистинските здравствени и безбедносни мерки, дури и во времиња на предизвици. Честитки до победниците и до сите учесници кои одбраа здрав начин на живот и кажаа „Да“ на трчањето овој викенд. Ние сме среќни што одбележавме уште еден одличен спортски настан како дополнување на различните и возбудливи можности за патување на Виз Ер понудите од Скопје“, официјално за маратонот изјави Паулина Госк, менаџерот за корпоративни комуникации на авиокомпанијата Виз Ер.Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на ЕУ кај нас изјави дека Европската Унија се радува што и годинава го поддржа маратонот, како и секоја година, почнувајќи од 2007-та.„Скопје е веќе познат како град кој одржува годишен маратон, што го става на мапата заедно со другите градови во Европската Унија и низ целиот свет кои што одржуваат вакви настани. Ова помага градот да се промовира и како дестинација за трчање, но и како туристичка дестинација. Маратоните отелотворуваат неколку вредности на ЕУ: лична благосостојба, солидарност, единство и разновидност. Ова е причината зошто Скопскиот маратон стана толку важна одлика на одбележувањето на Денот на Европа овде“, изјави амбасадорот Гир.Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се заблагодари на целата организација и волонтерите кои што работеа во вонредни услови за да го овозможат овој историско спортски настан. Тој изјави дека Градот Скопје како и секогаш, обезбеди логистичка и финансиска поддршка за потребите на организацијата со помош на јавните претпријатија кои што имаа за задача да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри.Организаторите на Виз Ер Скопски маратон им честитаа на победниците, а и на сите учесници и волонтери за вложеноста и спортскиот дух кој што ниту оваа година не изостана.„Среќни сме што успеавме успешно да го спроведеме Виз Ер Скопски маратон според посебно донесениот протокол за оваа година. Докажавме дека кога сме дисциплинирани, можеме да направиме сѐ, а и да си го заштитиме здравјето. Им честитам на победниците и на учесниците. Ова е победа за сите нас во оваа година на пандемија. Се гледаме до година, во полно здравје и силен спортски дух.“, порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.Виз Ер Скопски маратон се одржа во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а во соработка со Министерството за внатрешни работи, Атлетската федерација на Македонија, АК Работнички и други помагатели и под покровителство на Град Скопје, Канцеларијата на Европската Унија во Скопје и Агенцијата за Млади и Спорт.

Скопје | пред 5 години

jorgo-1

ДЕМОКРАТИ најостро ги осудува сите провокации на Бугарија во однос на македонската држава и историја

Политичката партија ДЕМОКРАТИ најостро ги осудува сите провокации на Бугарија во однос на македонската држава и историја.Воедно, политичката партија ДЕМОКРАТИ е изненадена од леснотијата на една држава, членка на Европската Унија да ги измамува и да им подметнува кукавичји јајца на другите членки на Унијата. Доколку ЕУ сака да биде стабилна и современа демократија, најпрво треба да раскрсти со фалсификаторите и подметнувачите на историски невистини во своите редови. А потоа, и да го казни обидот на државите, членки во европскиот сојуз да му се презентираат провокации на нивна членка како акт на други држави, во конкретниов случај на Македонија, се вли во објавата на Демократи на ФБ.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања