Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

opstina

Распоред за собири на граѓани по урбани заедници

Градоначалникот на Општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ за партиципативно учество на граѓаните од Урбаните заедници при изготвување на буџетот на Општина Охрид за 2021 год. РАСПОРЕД ЗА СОБИРИ НА ГРАЃАНИ ПО УЗ  Собирот на граѓани ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 18,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1, за жители на урбана заедница 1“ Стар Град“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 18.00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1, за жители на урбана заедница 16 “Рача“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 2 “Центар“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 3 “Кошишта“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 09.10.2020 година со почеток во 18,00 часот,  во просторија во зградата на општина Охрид сала 1  за жители на урбана заедница 4 “Воска“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 09.10.2020 година со почеток во 18,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 5 “Лескајца“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 09.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 7 “7 Ноември“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 09.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 9 “8-ми Септември“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 13.10.2020 година со почеток во 18,00 часот,  во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 6 “Даме Груев“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 13.10.2020 година со почеток во 18,00 часот,  во просторија во зградата на општина Охрид сала 1  за жители на урбана заедница 10 “ Горна Влашка Маала“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 13.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 8 “Билјанини Извори“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 13.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 12 “Гоце Делчев“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 15.10.2020 година со почеток во 18,00 часот, во зградата општина Охрид сала 1  за жители на урбана заедница 11 “Видобишта“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 15.10.2020 година со почеток во 18,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 15 “ 15 Корпус“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 15.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1  за жители на урбана заедница 13 “Железничка“.Собирот на граѓани ќе се одржи на 15.10.2020 година со почеток во 19,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 14 “Радојца Новичиќ“. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ликовен и литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта

Согласно Одлуката за усвојување на измените на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2019 год.на Општина Охрид  бр.08-17824/8 од 26.12.2019г, Општина Охрид објавува : ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ВО СОРАБОТКА СО ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ТЕМА„ПРИРОДАТА НАШАТА МАЈКА РАСКАЖУВА ТОПЛА ЕСЕНСКА БАЈКА“ Предмет и цел на конкурсот:Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата  во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и литературен конкурс „ПРИРОДАТА НАШАТА МАЈКА РАСКАЖУВА ТОПЛА ЕСЕНСКА БАЈКА“ Право на учествоОвој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс „ПРИРОДАТА НАШАТА МАЈКА РАСКАЖУВА ТОПЛА ЕСЕНСКА БАЈКА“ Доставените ликовни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс.Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел, предмети и украси од пластика и хартија …..)Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра.Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси.Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние трудови кои ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите наведени во конкурсот.Секое дете на овој конкурс треба да учествува со својот наставник – ментор.Секое дете има право да учествува со по еден труд (ликовен или литературен).Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши жири комисијата за оценување на трудот составена од три члена .Жири комисијата ќе даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици. Жири комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 15 дена од последниот рок за предавање на трудовите.За резултатите наградените ученици и училишта ќе бидат писмено известени од страна на жири комисијата, а истите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид – www.ohrid.gov.mk Награди:Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7000,00 денари еднократноВторо наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 5000,00 денари еднократноТрето наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 3000,00 денари еднократно Вкупниот буџет за реализација на проектот ќе изнесува 30.000,000денариНаградените творби остануваат во сопственост на Општина Охрид. Права на општината :Општина Охрид го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените ликовни и литературни трудови за некомерцијални цели.Општина Охрид го задржува правото да врши умножување за свои потреби.Со најдобрите ликовни и литературни трудови ,Општина Охрид ќе организира промоција и изложба како збогатување на културната понуда во градот. Доставување на трудовите:Секој учесник својот труд треба да го достави во стандардна хартиена форма во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот со назнака „по конкурс за избор на ликовен и литературен труд“.Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот .Во затворениот плик треба да има уште два затворени запечатени плика , од кои едниот со ознака„ вид на творба- ликовен или литературен труд“под шифра и го содржи трудот ,а другиот со ознака„податоци“ и истиот содржи податоци за идентификацијата на испраќачот (име и презиме на ученикот, возраст, адреса на ученикот, името на училиштето, адреса на училиштето и името и презимето на наставникот- менторот) Адресата на која треба да се достават трудовите е:ОПШТИНА ОХРИДУл. „Димитар Влахов“ бр 57, 6000 ОхридСо назнака за „за Конкурсот за најдобар ликовен и литературен труд“Или лично во архивата  на Општина Охрид За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат  на тел. 046/262 492, локал 147 секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или во просториите на Општина Охрид. Рок на доставување на пријавитеПријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 22.10.2020 год. до 12 часот , во архивата на Општина ОхридПријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.  

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

Угостителите и музичарите излегуваат на протест

По одлуката за зголемување на рестриктивните мерки за угостителите, денеска се одржа средба помеѓу владини претставници  и музичарите и угостителите. И но иако средбата поминала во најдобар ред, сепак тие најавуваат дека во среда излегуваат на протест со цел да дадат поддршка за сите засегнати сектори од оваа пандемија.Тв 21 објави дека тие на состанокот побарале да се повлече мерката за забрана за настапи во угостителските објекти со образложение дека целата естрада не може да „трпи“ поради одредени менаџери или сопственици на кафулиња коишто ги прекршиле протоколите со повикување на гости од регионот. 

Македонија | пред 5 години

filharmonija

И директорите почнаа да се селат: Првиот човек на Филхармонија замина во Белгија

Долгогодишната новинарка и доскорешна продуцентка во Македонската филхармонија, Тина Иванова, е назначена за нов в.д. директор на оваа институција. Промената доаѓа откако досегашниот директор Виктор Илиевски со семејството се преселил во Брисел, Белгија, објави 360stepeni.mk.Илиевски вели дека почнува нова страница во приватниот и професионалниот живот, а на неговата наследничка во Филхармонија ѝ посака успешна работа. Тој напоменува дека и понатаму ќе биде отворен за соработка со институциите од културата во земјава. 

Македонија | пред 5 години

smileski

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски позитивен на КОВИД 19

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски, објави дека е позитивен на Ковид-19.„И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав, веднаш направив тестирање на Ковид-19 и тој е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не ги0 потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом ,консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате“, објави Смилевски на „Фејсбук“.  

Скопје | пред 5 години

soobrakajna-nesreka

(ФОТО) Сообраќјна несреќа кај Муртино помеѓу трактор и автомобил

Денеска околу 18:30 часот, на локалниот пат Робово-Муртино, поточно на влезот во Муртино, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу трактор и автомобил марка „Мерцедес“ со струмички регистарски таблички. Во незгодата има повредено лица кои веднаш се пренесени во струмичката болница, објави  strumicadenes.mk.Увидот е во тек!фото:  strumicadenes.mk. 

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: Не е логично да нема пари за учениците, а пари да се трошат насекаде, само за да се прикрие неработењето на Владата

Во вечерашното издание на дебатната емисија „24 анализа“ на ТВ „24“, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој заедно со министерот Бектеши и Азири од Алијанса за Албанците зборуваше за ребалансот на буџетот.Арсовски укажа на фактот дека Владата троши народни пари да ги исплати СЈО како институција која веќе не постои, а нема пари за 40.000 ученици кои немаат услови за следење на наставата, односно немаат лаптоп преку кој ќе можат секојдневно да учествуваат во образовниот процес.-СЈО одамна не постои, а Владата исплаќа над 4 милиони евра за плати на институцијата која долго време не е во функција. 40.000 ученици треба да следат онлајн настава, а голем дел од нив немаат лаптоп или таблет за да можат да учат. Наместо државата да вложува во најмладите и во нивната иднина, државата исплаќа онаму каде што најверојатно нешто должи поради одредена услуга. Парите кои се потрошија за ваучери преку кои се правеше поткуп се потрошија, а народот не виде ништо од нив, затоа што тоа се нивни пари со кои Владата дрско манипулира. Не е логично да нема пари за учениците, а пари да се трошат насекаде, само за да се прикрие неработењето на Владата – истакна Арсовски.Во однос на „викенд без ДДВ” Арсовски потенцираше дека мерката е крајно популистичка и нереална, но згора на тоа е задоцената мерка.„Граѓаните ги бараа викендите без ДДВ затоа што Владата им ги вети многу одамна и токму поради тој притисок, сега Владата попушти и реши да има само еден викенд без ДДВ во октомври. Тоа не претставува никакво олеснување за граѓаните, затоа што граѓаните во оваа криза не добија никаква помош од државата и немаат пари да трошат, а камо ли да очекуваат поврат на ДДВ”, додаде Арсовски. 

Македонија | пред 5 години

evra

Рекорден дефицит од 920 милиони евра

Домашната економија годинава се очекува да забележи пад од -4,4 отсто од БДП според најновата владина проекција. Вториот ребаланс ја зголеми расходната страна за 4,2 насто или држваата планира да потроши рекордни 4,1 милијарди евра. Приходната страна останува непроменета односно ќе се соберат 3,1 милијарди евра од даноци и давачки. Министерството за финансии успеа од другите министерства и институции да скрати едвај 44 милиони евра непотребни трошоци. Првичните најави беа далеку повисоки, објави Алсат. Буџетскиот дефицит ќе достигне 8,4 отсто од БДП, или ќе изнесува 920 милиони евра. Бесими тврди дека дефициот ќе се покрие само од домашно задолжување преку депозитите што ги има државата и со издавање на краткорочни државни хартии од вредност.Бесими не откри колку би изнесувал јавниот долг на државата, но со новото задолжување сигурно ќе биде нешто над 60 отсто од БДП.

Македонија | пред 5 години

sredba205102020

Мицкоски до Галовеј: Ситуацијата во Македонија е алармантна, власта не презема ништо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки денес (05.10.2020) оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј  каде разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија.Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со КОВИД-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен така и на економски план.Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.При средбата претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.На крајот на средбата Мицкоски и  се заблагодари на британската амбасадорка за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на Република Македонија.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.Така од полноќ, литар еуросупер БС – 95 ќе се точи за цена од 59 денари, а цената на еуросупер БС -98 ќе биде 61 денар за литар.Повисоки ќе бидат цените на еуродизел БС (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство кои ќе се продаваат по 50 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг и ќе изнесува 25,968 денари.

Македонија | пред 5 години

05102020_ZPVRSM_Nikolovski_sostanok_ispekciski_sluzhbi-3

Николовски на состанок со инспекциските служби, разгледани предлозите за зголемување на овластувањата на инспекторите

Денеска, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска и директорите на инспекциските служби, одржаа состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување на надлежностите на инспекторатите.На состанокот беа разгледани предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, со коишто се предвидуваат нови поголеми овластувањa на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид протоколите.Новите поголеми овластувања е предвидено да важат за сите инспекциски служби на национално и на локално ниво. Предлог измените ќе бидат доставени на утрешната владина седница.Инаку, од почетокот на месецот до денеска, Државниот пазарен инспекторат изврши 160 контроли во целата држава, од кои најмногу во Битола (37), Гостивар (30), Скопје (28) и во други градови. Притоа, поднесени се 18 кривични пријави, издадени се 8 решенија за пречекорување на работно време и изречени се 22 глоби.

Македонија | пред 5 години

korona-test

4 починати и 83 нови лица позитивни со КОВИД 19

Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 34-Куманово 3-Штип 6-Тетово 5-Струга 3-Велес 3-Охрид 1-Гевгелија 1-Струмица 5-Крива Паланка 1-Радовиш 1-Кочани 9-Берово 1-Валандово 5-Виница 1-Делчево 4Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.).Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти од:-Скопје 52-Куманово 14-Штип 7-Прилеп 5-Тетово 4-Струга 2-Велес 3-Битола 3-Охрид 1-Кавадарци 6-Гостивар 7-Гевгелија 3-Струмица 7-Крива Паланка 3-Радовиш 2-Кочани 12-Македонски Брод 1-Виница 1-Делчево 4-Свети Николе 5-Кичево 4Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов: Зелените коридори на Лепенец и Серава се наследство кое ќе им го оставиме на идните генерации

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на јавната презентација на Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Лепенец, која се одржа во салата на Советот на Град Скопје. Овој проект е изработен врз основа на Студијата за воспоставување зелени коридори по теченијата на реките Серава и Лепенец од 2017 година.   Предмет на оваа студија беше да истражи кои се условите и можностите за воспоставување зелен коридор по должината на реката Лепенец, од клучката кај село Орман до вливот во реката Вардар, како и по течението на реката Серава, од изворот до вливот во реката Вардар. Во името на Град Скопје сакам уште еднаш да упатам огромна благодарност до УНДП, ГИМ и до тимот експерти кои го изработија Основниот проект за воспоставување на зелен коридор по течението на реката Лепенец. Денеска го презентираме пред стручната јавност Основниот проект за зелен коридор на Лепенец, а веќе следната недела ќе презентираме ист ваков проект за зелен коридор на Серава. Зелените коридори по теченијата на Лепенец и Серава се ветувања од мојата програма кои влегуваат во фаза на реализација и јас искрено се надевам дека во многу блиска иднина граѓаните ќе имаат можност да почнат да уживаат во она за што денеска ќе разговараме. Улогата на реката Лепенец долг период беше запоставена, како потенцијален простор за поврзување со зелената мрежа на Градот, не само во смисла на подобрување на квалитетот на животната средина, туку и како рекреативен простор, особено заради определбата на Град Скопје да ја проширува својата територија за развој во непосредната околина на реката. Со цел да се сочува автентичноста на природните вредности на крајбрежјето и да се унапреди биолошката разновидност, потребно е коридорот да добие третман на речен парк, со приоритетни заштитни и еколошки функции. На тој начин ќе се обезбедат посебни услови за одмор и рекреација на жителите кои живеат во околните населби – рече денеска градоначалникот Шилегов. Покрај оваа важна функција, додаде тој, коридорите се од особено значење и за одржување на еколошките процеси, тие се патиштата за движење на животните, тие се основа за одржување на биолошката разновидност и за одржување на здрава животна средина. Јас многу не би навлекувал во стручниот дел од оваа презентација, повеќе сакам презентацијата да ја погледнеме заедно и да го чујам вашето мислење на оваа тема. Како што имате можност да видите, во изминатите 3 години откако го преземав управувањето со Градот, ниту еден сериозен проект не е реализиран без консултација со стручната јавност. Ваквите проекти не смеат да се работат паушално и набрзина. И токму заради долготрајноста на некои комплексни зафати кои ги реализираме, сакам заедно внимателно да го поминеме секој чекор и секоја фаза пред да влеземе во реализација. Никој од нас нема право самостојно да решава во име на цела генерација, а уште помалку во името на идните генерации. Зелените коридори на Лепенец и Серава се наследство кое ќе им го оставиме на идните генерации и токму заради тоа е потребата од презентации, дискусија и разговори кои ќе не одведат до оптимално решение кое ќе биде максимално искористено на долг рок, во следните 20, 50, 100 и повеќе години – нагласи Шилегов. 

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Препораките за новите мерки целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска изјави дека порастот на новозаболените случаи од ковид-19 се должи на непочитувањето на мерките.„Ние бевме свесни дека доаѓа период - есенски месеци кога ќе имаме пациенти коишто можно е да го преоптеретат здравствениот систем. Уште тогаш предвидовме дека е потребна рестрикција, рестриктивни мерки и го најавивме на почетокот на месец септември. Ова е план којшто има и дополнителни мерки кои сметаме дека засега не треба да се воведуваат, но ја следиме ситуацијата. Имаме предвид дека доаѓаат и поладни денови, кога граѓаните треба да се штитат и од настинка, и од грип, кога воздухот ќе биде загаден. Сето тоа се работи кои може да го оптеретат здравствениот систем.  Мора граѓаните да се свесни дека штитејќи го сопственото здравје им помагаат на здравствените работници и здравствениот систем“, истакна Филипче.Во однос на работата за угостителските објекти, Филипче информираше дека во периодот кога се попуштаа рестриктивните мерки имаше соработка со сите чинители во многу економски оператори, компании коишто тогаш не работеа и постепено се враќаа во функција.  Препораките за новите мерки целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со Ковид-19. Трансмисија на вирусот се случува најмногу помеѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави.„Мерките беа димензионирани така да секогаш разговаравме со чинителите, затоа што секоја струка има по некоја специфика. И тие епидемиолошки принципи на медицинската наука секако дека важат за сите, меѓутоа имајќи ги во предвид спецификите сакавме и нив да ги слушнеме, што е тоа што и тие сметаат дека ќе се соочуваат со проблеми за време на функционирањето. И така беше и со музичарите, јавните настани, организаторите на настани. Донесовме протоколи за работа на затворено, на отворен простор итн. Со што се соочивме, многу конкретно - во изминатиот период значајно зголемување на бројот на заразени во возрасната група на третата и четвртата декада. И од увидот во епидемиолошките прашалници во огромен процент, од настани во коишто мерките за жал не се почитувале. И тоа е нешто што сега се случува во регионот, цела Европа. Сведоци сме на голем број на случаи во Франција, Австрија, Шпанија, Велика Британија - насекаде се истите трендови“, посочи Филипче.Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска изјави дека во состојбата со капацитетите во болниците е стабилна и има доволен број на слободни болнички кревети.„Имаше период пред две до три недели кога инфективните одделенија ширум државата беа навистина исполнети. И во Гостивар, Охрид, Битола, Штип, Куманово, Струмица. Немаше ниту едно слободно место. И пациентите се носеа во Скопје. И во тој период исто како и сега, инфективните одделенија во болницата „8 Септември“ и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби не беа преполнети. Исто и сега, се намали притисокот во инфективните одделенија ширум државата. Тој притисок којшто се јави пред две недели на некој начин спласна. Добар е капацитетот, имаме слободни болнички кревети“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

05102020_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_svetski_den_na_nastavnici-4

Заев и Царовска: Заслужени благодарност и почит за големата посветеност на наставниците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска, со претставничката на УНИЦЕФ во нашата земја Патриција ди Џовани, и со наставничката Александра Блажевска од ООУ „Јан Амос Кoменски“, како претставничка на наставниците, учествуваа на промотивниот настан на кампањата „Наставниците се важни - Учиме од вас. Ви благодариме!“, по повод Светскиот ден на наставникот кој се одбележува денеска.Настанот беше отворен со инсталација со „училишни ранци“ за да им оддадат признание и да им покажат благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.Инсталацијата е поставена неколку дена по почетокот на учебната 2020/2021 година. Преку неа се оддава признание за придонесот што наставниците го даваат за учењето од далечина и за повторното отворање на училиштата, но нејзината главна цел е и да се уважи пресудната улога на наставниците во општеството.„Најискрено и од сѐ срце им се придружувам на пораките што учениците од нашата земја ги креираа и ги испраќаат до нивните наставници преку инсталацијата од училишни ранци, во форма на срце. Се придружувам на пораките на благодарност на учениците до наставниците за нивната искрена и топла посветеност, за нивната страст и креативност да им ги пренесат на учениците знаењата и вештините, и за нивните совети и примери во изградбата на генерации и генерации ученици кои стануваат важни учесници во процесите за создавање на подобро општество за сите нас. Оваа школска година е различна од сите претходни“, рече премиерот Заев, и додаде дека заради пандемијата од КОВИД-19, оваа година образовниот процес во училиштата ќе се спроведува заедно со мерките за заштита на здравјето на децата и на наставниците.Поголем дел од наставните програми за повеќе генерации ќе се организираат онлајн.„Министерството за образование и наука, и сите одговорни во Владата, се во секојдневен контакт со наставници, директори, ученици, родители, со цел, заедно да ја направиме новата образовна интернет платформа попријателска. Да ги вклучи сите деца со еднаков пристап. Она што ни дава надеж е неверојатната посветеност на наставниците, нивните заложби, ентузијазам, чувство на општествена одговорност и покажаниот интерес за учество обуките, со желба да им обезбедат на своите ученици образование какво што заслужуваат. Да направат сѐ што треба за да им го надоместат на учениците присуството и дружбата во училниците. За таа своја посветеност, тие навистина ја заслужуваат нашата целосна почит“, рече Зоран Заев, претседателот на Владата на Република Северна Македонија.Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека секој од нас има наставник или наставничка коишто биле инспирација и мотивација да го научиме невозможното. Затоа да им оддадеме признание и почит со огромно благодарам.„Како Влада имаме обврска и долг да создаваме услови за подобро образование. Но, само со вас и вашата грижа за децата ние ќе бидеме чекор поблиску до остварување на оваа цел. Вие, деновиве потврдивте дека сме на тој пат. Светот денес го одбележува 5 Октомври под едно мото: Наставници - водачи во кризата и ресоздавачи на иднината. Јас навистина верувам во вашата моќ и сигурна сум дека тоа ќе биде нашата стварност. Вие сте наша национална сила и гордост!”, рече Царовска.„Искуствата во светот покажуваат дека главниот двигател зад добрите образовни резултати на учениците се квалитетните и компетентни наставници. Без оглед дали во училница или преку Интернет, утврдено е дека реформите во образованието треба да ги опфатат и наставниците за да се мотивираат наставниците и да ги искористат своите таленти и креативност во пренесувањето на знаењата на учениците“, истакна министерката Царовска.„Кога зборуваме за квалитетно образование, честопати се фаќаме за работи што се опипливи - дигитални алатки, големина на училници, фонд на часови, физички простор, наставна програма. Сите овие се важни, но она што има најголемо значење за способноста на детето да напредува во образованието и во животот се мотивираните наставници – како тие размислуваат, како расудуваат, страста што ја имаат за наставата и очекувањата што ги имаат од учениците – честопати повисоки од очекувањата што учениците ги имаат за себе. Сите може лесно да се поврземе со ова, затоа што сите се сеќаваме на некој омилен наставник кој нѐ научил на нешто повеќе од предметот што го предавал“, рече Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија.„Ја работам оваа професија 10 година и бескрајно си ја сакам, максимално се вложувам со секој атом од моето тело и душа за го дадам максимумот во процесот на поучување на моите ученици. И знам дека не сум сама во оваа работа, знам дека има уште многу наставници како мене. Дополнително на секојдневните предизвици, ситуацијата со светската КОВИД пандемија наметна ново бреме и нов начин на почеток на школската година. Сите сме посветени да успее новиот начин на функционирање на образовниот систем, и децата и родителите, и секако најмногу наставниците, кои што треба да го понесат најголемиот дел од товарот на новите промени“, истакна на настанот Александра Блажевска, наставник од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје.Инсталацијата „училишен ранец“ ќе биде поставена на градскиот плоштад во Скопје три дена, овозможувајќи им на посетителите да се вклучат со свои пораки за наставниците. Иницијативата е дел од кампањата „Учиме од вас. Ви благодариме!“ којашто Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја спроведуваат во текот на учебната 2020/2021 година.Целта на кампањата е да се подигне свеста за важната улога на наставниците во обезбедување квалитетно образование и подобрување на образовниот успех на учениците; да се уважат наставниците што ги мотивираат учениците и да се изгради поддршка за реформите осмислени во прилог на професионалниот развој, компетентноста и мотивацијата на наставниците како и да се уважи позитивното влијание што го имаат наставниците врз оние што се деца денес и врз нас возрасните кога сме биле деца.

Македонија | пред 5 години

dimce-1

Арсовски: Странски медиуми известуваат за милионски имоти на Заеви додека Македонија тоне во сиромаштија

Луксузирањето на власта и функционерите од СДСМ не може никако да биде игнорирано, и не смее да биде игнорирано.  Државата наместо по успех, во регионот за жал ни е актуелна и позната по скандалите на Зоран Заев и неговата Влада. Странски медиуми вчера известија за имотот на блиски луѓе од семејството на Зоран Заев дека поседуваат нова луксузна вила на Халкидики, далеку поголема и полуксузна од онаа која ја знае јавноста. Ние не чувме никаков демант од семејството Заеви, дека никој од семејството Заеви не поседува ваков луксузен имот кој чини неколку милиони евра, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Јавно прашуваме, дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости во оваа вила на Халкидики?Имено, странски медиуми објавија слики и тврдења дека семејството Заеви преку блиски луѓе на Зоран Заев од неодамна ја поседуваат оваа нова вила на грчкото крајбрежје, далеку од очите на јавноста.Истите медиуми кои разговарале со мештаните, тврдат дека Заеви се чести гости во истата вила.Заев тврдеше дека тој и неговото семејство се што поседуваат е тука во Македонија, но по се изгледа тоа не е така.Тоа е реалноста кај семејството Заеви, луксуз, скапи вили во странство и безгрижен живот, додека пак од друга страна обичниот граѓанин нема основни средства да купи компјутери и ИТ уреди за своите деца и учениците немаат услови да се едуцираат во корона пандемијата.Уште колку луксузен имот на фамилијата Заеви може да испадне на виделина? Дали Заеви поседуваат и други луксузни хациенди или згради ширум Европа?Како се стекнуваат овие луксузни имоти од страна на Заеви во услови кога македонската економија тоне од ден во ден со оваа мафија на власт?Дали додека народот осиромашува мафијата се богати на негов грб и се стекнува со имот надвор од Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Успешна реализација на наставата во Центар

Општина Центар ги презема сите превентивни мерки за безбеден тек на наставата во училиштата за учениците што ќе посетуваат настава со физичко присуство од прво до трето одделение, како и успешна реализација на онлајн настава за повисоките одделенија.На последната 52. Седница на Советот на Општина Центар, усвоени се точките за предлог – измени и дополнувања на Буџетот на Општина Центар за 2020 година, кои ќе бидат наменети за набавка на информатичка опрема за организарање онлајн настава со вкупен износ од 3.000.000, 00 денари.Со усвојување на овие точки од ребалансот на буџетот, училиштата во Општина Центар ќе бидат надоградени со информатичка технологија каде ќе се зголемат капацитетите потребни за успешна реализација на воспитно – образовниот процес за учениците кои ќе посетуваат онлајн настава. Наставниците и стручните соработници се соодветно обучени за примена и спроведување на наставата на националната платформа за образование.Во овој период, Општина Центар обезбедува донации за финансиска помош и набавка на персонални компјутери за поддршка на учениците и наставниците. На сите кои имаат потреба, општината ќе се обиде да им обезбеди помош за полесно следење на онлајн наставата и користење на услугите од националанта платформа за образование.Осумте основни училишта во Општина Центар располагаат со сите потребни капацитети за доследно почитување на протоколите и обезбедување на потребните безбедносни и хигиенски услови за учениците, наставниците, стручните и админитрартивните служби за непречено одвивање на наставата. Во училиштата се обезбедени потребните дезинфекциони средства и бесконтактни топломери, училниците се адаптирани за почитување на потребното растојание, поставени се локатори и скалести обележувачи за движење на учениците и табли со инструкции, едукативни постери и маркери за слободно место на училишните клупи.„Наставата со физичко присуство тече во најдобар ред и најмалите ученици ги почитуваат сите мерки за безбеден тек на наставата и престојот во училиштето. Исто така, онлајн наставата се одвива по предвидениот распоред, каде сите наставници и ученици се вклучени. Во моментов се организираме за продолжен престој на учениците, што се надевам веќе од следната недела ќе биде во функција. Продолжениот престој ќе биде согласно препораките на МОН и Комисијата за заразни болести“- изјави Светлана Масларевска, директорка на ООУ „Коле Неделковски“.Овој тренд за грижа на учениците и успешна реализација на наставата ќе продолжи со континуирани активности за дезинфекција и овозможување безбедни просторни услови за учениците кои ќе посетуваат настава со физичко присуство.„Ковид пандемијата значајно ги зголеми предизвиците со кои се соочуваат образовните институции во целиот свет. Затоа, сега повеќе од било кога е неопходна соработката со учителите, како би го заштитиле правото на образование и да го прилагодиме на новите околности кои ги донесе пандемијата” – изјави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.Пред почетокот на учебната година, овластена компанија, изврши темелна дезинфекција во внатрешноста и на надворешните делови на општинските основни  училиштата во Центар, просториите за вработените, помошните простории, како и сите работни површини каде што  учениците ќе имаат контакт при следење на наставата за време на училишниот престој.

Скопје | пред 5 години

levica-za-Mavrovo

Левица: Дали „Фортонинвест” во Маврово гради без дозвола?

И Националниот парк Маврово стана градилиште. На само 100 метри од скијачките терени во Маврово се гради нов резиденцијален комплекс на 9 илјади квадратни метри, со седум станбени блока и 180 станбени единици. Овие градежни активности во срцето на Маврово се најдоа на критика на јавноста пред сѐ поради узурпацијата на зелените површини, но и габаритноста на објектот со што директно се нарушува автентичноста и биодиверзитетот на ова природно богатство, се вели во соопштениео од Левица.Додека од Општината уверуваат дека градбата е согласно Деталниот урбанистички план, до Левица пристигнаа информации дека изградбата на овој објект, кој е инвестиција на „Фортонинвест – фирма ќерка на „Fortonmka/Cushman&Wakefield”, се спроведува без потребните дозволи издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање. Станува збор за дозволи кои се издаваат врз основа на стручно мислење за ефектот на градбата врз околината.Еден од жителите на Маврово, кој живее непосредно до градбата, нѐ информира дека таква дозвола е невозможно да се добие поради тоа што на истото тоа место, но и околината, растат ендемични растенија. Дополнително, за изградбата на овој објект се уништува и високостеблеста шума, а самата големина може да предизвика лизгање на земјиштето.Иако овој случај ја бранува јавноста, сепак никој од надлежните институции не излезе со прецизни информации за тоа кој ја издал дозволата за градба, дали инвеститорот ги поседува сите потребни дозволи и дали одредени заштитени структури на власта се инволвирани во спорниот проект, се вели во соопштениео од Левица.

Македонија | пред 5 години

bektesi

Бектеши: Владата сака да ги зголеми ингеренциите на пазарните инспектори, ќе можат да затвораат локали

Мерките за угосителските објекти донесени вчера, се предлог на Комисијата за заразни болести и ние во целост ќе ги почитуваме. Но, тука сме да разговараме и да им излеземе во пресрет на угостителите ако имаат тешкотии. Зголемување на ингеренциите на Државниот пазарен инспекторат предложив јас лично кога имавме вонредна ситуација, тоа веќе се разгледува во Владата и очекуваме да се донесе таква одлука, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.-Како Влада, секогаш се повикуваме на експерти. Ако тие одлучиле дека во моментов треба вакви мерки да се донесат, тогаш ние тоа ќе го почитуваме во целост. Но, тука сме да им излеземе во пресрет на сите засегнати сектори, како што го сторивме тоа со четвртиот сет мерки. Многу е важно сите заедно да ја испратиме пораката за почитување на мерките, имајќи предвид дека освен врз здравеејто на граѓаните, непочитувањето ќе има негативен импакт и врз економијата генерално, истакна Бектеши.Според министерот ќе се зголемат ингеренциите на Пазарната инспекција со цел сите институции, посебно оние што вршат директен надзор, треба да одлучуват навремено за да не се повторуваат случаите на непочитување на здравствените мерки и протоколи.

Македонија | пред 5 години

komisija-za-zarazni-bolesti

Комисијата за заразни болести реагира на соопштението испратено од страна на Независната угостителска комора

Комисијата за заразни болести реагира на соопштението испратено од страна на Независната угостителска комора:Зачудени сме од нападите и квалификациите кон Комисијата за заразни болести од страна на Независната угостителска комора со оглед на тоа што Комисијата во изготвување на сите протоколи досега активно комуницираше со сите чинители, вклучително и со угостителите. Протоколите се на сила повеќе месеци и Комората досега немаше проблем со истите, напротив го поздравија и се согласија со нивното носење.Препораките за новите мерки целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со Ковид-19. Трансмисија на вирусот се случува најмногу помеѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави.При тоа, новите мерки и малата промена на протоколите апсолутно не го ограничуваат работењето на угостителските објекти кои и досега можеа да работат, туку превенираат поголеми собири и настани.Дополнително, во целиот свет и Европа во моментов има есенски бран каде меѓу првите мерки е целосно затварање на баровите и рестораните, а на многу места веќе има нови вонредни состојби. Целта на Комисијата за заразни болести е со помеки мерки, а не преку целосно затворање на угостителските објекти да се намали ризикот за ширење на вирусот, а индустријата да може да работи.Искрено се надеваме дека ќе имаме и понатаму успешна соработка и разбирање за одлуките бидејќи тие се исклучиво во насока на заштита на јавното здравје.

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

НУК за мерките од Владата: Не ни требаат крпеници, сами ќе ги затвориме локалите

Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели, реагира денеска Независната угостителска комора (НУК) по вчерашното донесување на најновите владини мерки.НУК смета дека новите ограничувања нема да го решат зголемениот број на заболени, туку ќе ги поттикнат младите и гостите на угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила без никаква контрола и никакви механизми за заштита и превенција на личното и јавното здравје.-Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но, што ако КОВИД-бројките и натаму растат? Дали Филипче и Караџовски ќе имаат доблест и смелост да им се извинат на угостителите, да ја надоместат штетата и јавно да се признаат дека угостителските објекти не се причина за зараза туку оправдание за избегнување на одговорноста на погрешните мерки и генерални препораки за спречување на ширењето на коронавирусот, наведува претседателот на Комората, Здравко Јосифовски во дописот до медиумите.Според него, повторно, без никаква дебата или консултација со угостителите, естрадните уметници или коморите и здруженијата, д-р Караџовски, злоупотребувајќи ја Комисијата за заразни болести, самоволно, само поради десетина неодговорни угостители и угостителски објекти, одлучи да казни 6.500 угостители со 35.000 вработени.-Наместо да изработат и предложат или да ги прифатат нашите предлози за унифицирани препораки на целокупната угостителска индустрија, Комисијата со нови парцијални промени на протоколи за работа само ќе го докомплицира работењето на угостителите и естрадните уметници и ќе предизвика непотребни протести и угостителска криза со Владата. Многу побезболно, подобро и поквалитетно решение ќе беше Владата наместо да удоволи на Комисијата за заразни болести, да излезе во пресрет на барањата на директорот Стојко Пауновски да се зголемат ингеренциите, да даде поголеми надлежности и пренесе нови овластувања на Државниот пазарен инспекторат. Таквото решение и нова ригорозна казнена политика за непочитување на протоколите ќе овозможи инспекторите од ДПИ веднаш да ги казнат, затворат и пломбираат угостителите кои не ги почитуваат важечките законски прописи, уредби и протоколи за работа со што ќе се овозможи на сите останати угостители кои максимално се залагаат во почитување на истите да работат со цел да опстанат, истакнува Јосифовски.Тој прашува и дали се само угостителите одговорни и криви за т.н. големи настани.-Ниту еден угостител или угостителски локал самостојно од продадени карти и пијалоци со овие протоколи за работа не може да ги покрие трошоците на гостување на познати естрадни пејачи и DJ од соседството. Дали друштвата кои спонзорираат пејачи како Владо Георгиев – ТИКВЕШ, САМАНТА, ПЕЛИСТЕРКА, RED BULL, TESORO, BWI – Best Way Investment кои себе си се сметаат за општествено одговорни фирми од една страна не треба да сносат подеднаква кривична одговорност со угостителите аа поттикнување и заедничко здружување за допринесување во организација за ширење на заразни болести? Да не се залажуваме дека новите донесени промени во протоколите за работа на угостителски објекти нешто ќе променат кај оние за кои истите не постојат. Нема, зашто поголемиот дел од пријавите и записниците ќе немаат судска завршница, дециден е претседателот на НУК.Јосифовски предупредува и дека новите промени во протоколите ќе ги потикнат најзагрозените естрадни уметници и угостители да тргнат заедно во борба за своите права и слобода на работа, што ќе предизвика континуирана граѓанска непослушност и протести со кои ќе се срушат сите изградени мостови на комуникација и можност за надминување и решавање на проблемите по пат на дискусии и дебати.

Македонија | пред 5 години

Dragana

Велковска: Инспекторат на Град Скопје е жив доказ за апсолутната и ненормална партизираност на институциите

Велковска обвинува дека Инспекторат на Град Скопје е жив доказ за апсолутната и ненормална партизираност на институциите.Моите родители денес, Велковска, беа вознемирувани од неидентификувано лице кое се претставуваше дека е инспектор во Град Скопје и кратко подоцна се појавува комплетно извртен приказ на настанот – дека инспекторите се тие кои добивале закани од ФУНКЦИОНЕР.„Службеници платени со јавни пари се инструментализираат од партија која е на власт за да вршат политички притисок. За тоа се трошат нашите пари – за да се замолчат тие што ги обелоденуваат неетичките и незаконските одлуки на власта. Тоа што ми се случи денес не е ништо повеќе од патетичен обид за заплашување од политичари кои очајнички се обидуваат да ја задржат моќта. “, напиша на ФБ советничката во Град Скопје избрана од редовите на Левица, Драгана Велковска. 

Македонија | пред 5 години

panco-3

Панчо ДНК со порака до Владата: Ова нема така лесно да ви пројде, тоа ви ГАРАНТИРАМ!!!

По новите рестриктивни мерки кои ги донесе Владата, а се однесуваат на угостителските објети, на социјалните мрежи се оглси пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК.-На стартот на пандемијата бев еден од најгласните кои апелираа да се почитуваат мерките ( и се уште сум ). Со нашиот бенд DNK бевме први кои од сопствен џеб плативме и направивме live stream концерт на социјалните платформи под мотото #СедиДомаБидиКул уште пред да се воведе целосниот карантин се со цел да влијаеме и помогнеме во целата ситуација, еднаш не се побунивме иако 90% од артистите бевме без неколку месечно примање, но со овој ноншалантен однос и очигледно незнаење на владата во кој правец тера мислам дека време е сите ние музичари, артисти, уметници да дигнеме глас на УЛИЦА, да си ги бараме нашите права и да им дадеме до знаење дека ние не сме криви за грешките на неколкуте локали и организатори на настани кои видливо се толерирани од не знам кои причини ( јавна тајна е се знаеме да не се секирате ). Истите тие работеле заради ваша катастрофална реакција и непрофесионалниот однос и реакција #реално. Но како што кажав и претходно најлесно е да се удри по македонските артисти кои ги множите со НУЛА. Ова нема така лесно да ви пројде, тоа ви ГАРАНТИРАМ!!! Срам и арам да ви е на сите ваши неосновани одлуки, пишува Панчо ДНК. https://www.facebook.com/pancho.shortydnk/posts/10157679769027544

Македонија | пред 5 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Град Скопје почна постапка за присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019

Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004....23/2016 ), во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.Сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, требa да ги подмират своите обврски.Воедно, Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.Потсетуваме дека во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните,  односно таксените обврзници.Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.  

Скопје | пред 5 години

sovetnika

(ВИДЕО) Советничката на Град Скопје со навреди за инспекторите поради казна за паркирање

На социјалните мрежи повторно се појавија делови од видеото кое се емитуваше во живо на Фејсбук од телефонот на советничката во Град Скопје, Драгана Велковска во кое се слушаат навреди за инспекторите поради казна за паркирање, објави Либертас.Од видеото дека се слуша расправија со закани.Инспекторат на Град Скопје соопшти дека во петокот попладнето при извршување на своите работни задачи, инспектори биле снимани од советничката Велковска и добивале закани од неа.,,Попладнево на бул. Климент Охридски нашите инспектори казнуваа непрописно паркирани возила на тротоарот зад Соборниот Храм. На тротоарот непосредно до угостителскиот објект „Веган Кујна“ беа затекнати две возила, а сопствениците излегоа од објектот, одбија да се легитимираат и ги однесоа своите возила.Повикана беше и полицијата, откако инспекторите почнаа да добиваат закани за роднински врски со членови на Советот на Град Скопје. Текстот во целост на:  Либертас.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања