Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

policija

(ВИДЕО) Полицајци нападнати на Партизанска, еден од нив фатен за врат и туркан од физички лица

Со што се соочува македонската полиција? На најновото видео кое се појави се гледа како полицаец фатен за врат при апсење на „Партизанска“.Ова не е прв случај во кој македонската полиција се соочува со проблеми на улица. Актуелни се случките во Прилеп кога повеќе полициски службеници се здобија со повреди а еден полициски службеник во критична состојба беше пренесен во клинички центар Скопје, кога пресретнале дрвокрадци кои ги нападнале, и во Битола кога според едни снимки се тврдеше дека полициските службеници нападнале татко и син, по што се појави и друга снимка од друг агол која ги промени првичните тврдења.И полицискиот синдикат постојано излегува со официјални соопштение во кои тврдат дека имаат полициски службеници кои мака мачат на терен.Од полицискиот синдикат ги информираат нашите членови дека будно ги следат сите постапки во кои се вклучени полициски службеници и дека позади нив секогаш стои колективната сила на Македонскиот Полициски Синдикат и колективната сила на Европскиот совет на Полициски синдикати во кој активен член е МПС, и кој Совет секогаш е со јасна и недвосмислена подршка на членовите.„Нашите членови можат да бидат цврсто уверени дека не се сами во ваквите тешки моменти и дека секогаш здружени користејки ја колективната сила на Синдикатот максимално ке се залагаме за заштита и остварување на сите права како и за достоинството на професијата која ја извршуваме“, велат од полицискиот синдикат.

Скопје | пред 5 години

vila-zaev

(ФОТО) Нови фотографии од вилата на Халкидики за кои бугарскиот портал BIG5  тврди дека е на Зоран Заев

На социјалните мрежи се појавија нови фотографии од вилата на Халкидики за кои бугарскиот портал BIG5  тврди дека е на Зоран Заев. На фотографиите се гледа дека се работи за луксузна куќа веднаш до морето во елитниот комплекс „Вила Агониси“. Вилата има базен, лежалкиголема тераса и гаража за возен парк.На една од фотографиите се гледа и возило со струмички регистарски ознаки.Според истите медиуми, имотот не е регистриран на име на премиерот Зоран Заев, туку најверојатно на име на неговиот брат или некоја од неговите фирми во Македонија.  Владата  демантираше дека Зоран Заев има имот на негово име во Грција, но не и дека некој во негово име поседува имот на Халкидики. 

Македонија | пред 5 години

korona6

Нови 225 случаи на Ковид 19 во земјава и починати 8 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1 .Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1.Во болнички услови починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75г. и 68г.), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65г.), од Кочани (69г.), од Струга (78г.) и Струмица (64г.).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 7538, активни 1005• Куманово 1812, активни 167• Дебар 287, активни 32• Штип 1294, активни 69• Прилеп 737, активни 147• Тетово 1509, активни 168• Струга 694, активни 47• Велес 341, активни 32• Битола 338, активни 77• Охрид 442, активни 35• Кавадарци 252, активни 39• Гостивар 948, активни 66• Гевгелија 143, активни 46 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 316, активни 177• Крива Паланка 127, активни 35• Радовиш 102, активни 34• Крушево 20, активни 1• Кочани 432, активни 171• Пробиштип 119, активни 19• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 93, активни 3• Пехчево 46, активни 4• Берово 130, активни 50• Валандово 51, активни 36• Виница 126, активни 37• Делчево 174, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 26, активни 2• Свети Николе 376, активни 53• Кичево 336, активни 26• Ресен 166, активни 8• Неготино 59, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1841 теста се преку: ИЈЗ-379, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-266,  Биотек-253, МАНУ -210, Жан Митрев (Филип Втори)-278, Систина со PCR метода -196, лабораторија Лаор –78, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-4, ГАК-17, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 61• Гази Баба – 114• Аеродром - 173• Карпош – 147• Центар – 171• Кисела Вода – 116• Ѓорче Петров – 74• Бутел - 44• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 4• Сарај – 14• Арачиново – 5• Илинден – 32• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 4• Петровец – 7• Зелениково - 3• Странец – 9• Нераспределен-7

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Градоначалникот Георгиески дел од форумот на градоначалници 2020

Денес, градоначалникот Константин Георгиески, беше дел од 81. сесија  на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиште на УНЕЦЕ. Покрај градоначалникот на Охрид, свое учество зедоа и градоначалници од повеќе градови од Европа и Балканот, Северна Америка,  Централна Азија и Кавказ. Овогодинешната тема на форумот беше „Активностите на градот за одржлива иднина“.Градоначалникот Георгиески во своето обраќање се осврна на активностите што Локалната самоуправа ги презема во создавање на одржлива животна средина, инвестирањето во разеленувањето на градот, како и инвестициите во проекти наменети за намалување на загадувањето на животната средина.Целта на форумот е на округла маса да се споделат активностите и иновативните решенија што градовите ги преземаат во урбаниот развој.

Македонија | пред 5 години

granica-so-srbija-2

Од понеделник 12 октомври влез во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР-тест

Владата на денешната седница донесе одлука за отворање на гранците и овозможување непречен влез на државјаните на Србија, Косово и Босна и Херцеговина без приложување негативен ПЦР тест. Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.-Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.Посочува дека во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.-Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19, додава премиерот Заев. извор МИА

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Потпишан договор за јапонски грант од 813.000 евра за економски и социјален развој

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, заедно со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда, потпишаа Договор за јапонска грант-помош за економски и социјален развој.„Во услови кога светот се соочува со една од најголемите здравствени кризи, која има и сериозни социо-економски последици, оваа итна помош од Владата на Јапонија во висина од 100 милиони јапонски јени, или околу 813.000 евра е повеќе од добредојдена. Помошта значително ќе придонесе во јакнење на капацитетите на здравствените установи и ќе им ја олесни работата на здравствени работници кои се на првата линија во борбата против пандемијата“, истакна Димитров.Како национален координатор за странската помош, додаде тој, ќе се залагам за понатамошно продлабочување на билатералните односи и соработка и верувам дека покрај развојната, ќе успееме да ги унапредиме и економската, културната и политичката соработка со Јапонија.„Во моментов секоја земја се бори со коронавирусот со сопствени мерки и здравствени капацититети. Во исто време меѓународната соработка е засилена за време на оваа здравствена криза. Јапонија е среќна што може да ги поддржи вашите напори. Јапонија секогаш ги поддржувала вашите реформи кон евро-атлантскиот пат. Во оваа пригода би сакала да ви честитам за вашето членство во НАТО и почетокот за пристапни преговори за ЕУ. Вашите напори во реформите ќе се интензивираат и Јапонија би сакала да продолжи да ги поддржува“, нагласи амбасадорката Ханеда.На церемонијата на потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче, кој истакна дека донацијата од јапонската амбасада е значајна помош и поддршка на здравствениот систем, таму каде што е најмногу потребна.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Каевски: Обезбедуваме месечен надомест за приватно сместување за над 1.100 ученици и студенти

Денеска пред пратениците се измените на Законот за ученички стандард и Законот за студентски стандард. Преку овие измени, обезбедуваме правна рамка за реализација на важна мерка од четвртиот пакет. Поради коронавирусот, ученичките и студентски домови ќе работат во посебни околности и по строго утврдени протоколи за да се заштити јавното здравје, истакна Дарко Каевски, претседател на СДММ и пратеник.Заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.Оваа мерка опфаќа 884 студенти и 347 ученици, а за нејзина реализација ќе се искористат 44 милиони денари од Буџетот, предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки.Како одговорна партија, СДСМ и во време на пандемија покажува вистинска грижа за младите, за студентите и учениците.Очекуваме дека сите пратеници без разлика на партијата од која доаѓаат ќе ги поддржат овие законски измени и на над 1.100 ученици и средношколци ќе им обезбедиме месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање, со што непречено ќе можат да го следат наставниот процес.Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и да носи законски решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите, истакна Дарко Каевски, претседател на СДММ и пратеник.

Македонија | пред 5 години

krazbi

Приведени двајца разбојници, расчистени пет разбојништва и тешки кражби

На 05.10.2020 околу 19.30 часот на бул Партизански одреди во Скопје полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош приведоа двајца разбојници А.И. (22) и Д.К. (17) од Скопје,  кои непосредно пред тоа се  обиделе да украдат пари од маркет на бул. Партизански одреди. Веднаш по добиената пријава, лицата се пронајдени и приведени од полициски службеници од ОКР Карпош.До сега е документирано дека лицата се сторители на пет кривични дела- разбојништва во обложувалници, како и тешки кражби во цркви и маркети.  

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Град Скопје отвори детска инсталација и во Ново Лисиче

Во Ново Лисиче денеска беше отворена просторната едукативна инсталација наречена Паркот на книгата која е наменета за најмладите. На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот  Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.Станува збор за едукативна инсталација која има за цел кај децата уште во најрана возраст, на еден забавен начин, низ игра да развие интерес и љубов за книгите. Инсталацијата во основа претставува џиновската книга која лесно може да биде забележана од секое дете и треба побуди интерес за светот на книгите кој за децата секогаш е полн со приказни. Мини уличната библиотеката која е дел од инсталацијата е овозможува децата да можат да ги разменуваат книгите кои веќе ги прочитале. Тие ќе можат да се запознаат со голем број на поставени книги, но и да ги донесат своите и да ги споделат со нивните другари. За најмалите на основата е запишана азбуката кирилица која ќе им помогне побрзо и на забавен начин да ги научат буквите – рече Шилегов.За најмалите дечиња  на основата е запишана азбуката на кирилица која ќе им помогне побрзо и на забавен начин да ги научат буквите. Запишани се и неколку изрази на англиски и  една математичка равенка и сето тоа е изведено со многу бои, многу разновидно шаренило кое е привлечно и забавно за децата. Самата основа преку бои е поделена на 4 делови кои всушност претставуваат книги наредени на полица. Основата ќе биде бетонска со димензија 6m x 5.3m.Ова е првата едукативна инсталација во просторот предвидена за оваа година во Програмата за култура на Град Скопје за која од буџетот се издвоени околу 1,7 милиони денари со пресметан ДДВ. За оваа година предвидено е пуштање во употреба на уште една ваква инсталација во населбата Драчево која ќе ја промовираме во текот на овој месец. Драго ми е што годинава успеавме и покрај отежнатите околности предизвикани од пандемијата на коронавирусот, да ги поставиме просторните едукативни инсталации.  Грижата за најмладите не смее да престане никогаш, дури ни во ваквите тешки времиња. Децата и младите луѓе генерално се основата на која се развива секое општество и затоа вложувањето во развојот на оваа категорија на граѓани е влог во иднината, влог кој не смееме да престанеме да го вложуваме - истакна Шилегов.Град Скопје во рамките на своите надлежности успева да задржи еден континуитет во градењето на тој партнерски однос со најмладите затоа што љубовта кон урбаните вредности и култура започнува од најрана возраст.

Скопје | пред 5 години

arsovski

Арсовски: Додека со еден компјутер во просечно семејство се едуцираат по две - три деца, Заеви се луксузираат во луксузни вили

Зоран Заев се уште не излезе да одговори пред јавноста на тврдењата на странските и домашните медиуми дека близок негов и на неговото семејство поседува луксузна хациенда на Халкидики.  Зоран Заев е најскандалозниот премиер, со кој што во регионов за жал наместо да се фалиме со успеси, ние сме познати по неговите скандали, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Уште еднаш јавно прашуваме, бидејќи вчера бевме игнорирани, денес повторно јавно прашуваме дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости годинава во оваа вила на Халкидики?Да појаснам уште еднаш за граѓаните се работи за нова вила за која што излегоа тврдења во медиумите странски и домашни дека ја поседува близок до Зоран Заев, а не онаа која што претходно беше објавена дека ја поседуваат на друга локација исто така на Халкидики. Имајќи во предвид дека мештаните самите тврдат дека Заеви се чести гости во таа вила и дека нивни блиски ја поседуваат, зошто Заев не сака да излезе и јавно да проговори на оваа тема туку ја игнорира.Откако Заев јавно тврдеше дека не поседува фирми и компании во странство, сега според тврдењата на странските медиуми испадна дека поседува не само фирми туку и имот во странска држава.Уште колку ли ваков имот поседуваат Заеви и нивните блиски фирми до неговото семејство во странските земји?Богата мафија на власт, сиромашен народ.Додека секојдневно гледаме стории по медиумите за жал тажни стории каде што со еден компјутер во просечно семејство се едуцираат по две, три или четири ученици, бидејќи немаат пари нивните родители да обезбедат за сите ученици во семејството компјутери, Заеви се луксузираат во луксузни вили за кои медиумите тврдат дека ги поседуваат, а тие игнорираат и воопшто не сакаат да проговорат на таа тема.Тоа е тажната вистина за Република Македонија. Богата мафија на власт, сиромашен народ кој не знае како да преживее од ден за ден.Уште еднаш сакам да ги охрабрам медиумите и сите оние кои имаат било каков пристап до информации за имотите на семејството Заеви и нивните блиски фирми, да ги објават, бидејќи се предмет од интерес на јавноста. Имајќи во предвид дека целото семејство е поврзано со безброј скандали и тендери во Република Македонија, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

grupa-za-migranti

(ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

На 06.10.2020 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, беше спроведена координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-Липковскиот регион.Криминалистичката истрага над организираната шестчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше во изминатите 10 месеци, односно од декември 2019 година до сега. Организаторите на криминалната група се Р.В. и неговиот брат Д. В. од Богданци, кои со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со други лица од Грција  ја организирале криминалната група во Република Северна Македонија.Врз основа на претходно договорен начин на комуникација и во договор со лица организатори од Р.Грција, мигрантите биле пренесувани преку јужната граница, преку илегални премини во околината на Гевгелија, Струмица и Дојран, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, се доведувале на претходно утврдени и договорени локации.Од овие локации, илегалните мигранти биле превземани од страна на членовите на групата В. Д., А.А. и И.М., кои ги прифаќале и со моторни возила ги превезувале до договорените локации во Кумановско-Липковскиот регион. Оттаму мигрантите во организација на лице кое нелегално престојува во Кумановско-Липковскиот регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа  криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ. Најголемиот број од мигрантите кои биле криумчарени од страна на оваа криминална група биле по потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот Исток, кои претходно веќе пристигнале и  престојувале на територијата на Р.Грција, за паричен надомест од 500 до 700 евра по лице.При реализацијата на оваа криминалистичка истрага биле извршени претреси кај пет лица, во вкупно шест објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Струмица и Неготино, а лишени од слобода се четири лица, а еден е на издржување на мерка притвор.Од засега извршените претреси пронајдени и привремено одземени се патничко возило, мобилни телефони, СИМ картички, пиштол, малокалибарска муниција и други предмети.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против Р.В. (27) за сторени кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 1 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, Д.В. (25) за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, В.Д. (22) од Струмица за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“, по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, А. А. (28) од Струмица за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, (пријавениот издржува мерка „притвор“ од 17.05.2020 во затвор Скопје за кривично дело „Криумчарење на мигранти“), потоа И.М. (27) од Струмица, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4 и Д. К. (21) од Гевгелија за „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б вв чл.24 од КЗ на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Сузбиена криминална група што криумчарела мигранти

Во текот на денешниот ден, со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во организирање и криумчарење мигранти, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“ спроведе координирана полициска операција под кодно име „Реприза“.Во раните утрински часови се извршени претреси кај пет лица, во вкупно шест објекти лоцирани на подрачјата на Гевгелија, Струмица и Неготино, притоа  четири лица се лишени од слобода, едно лице е недостапно за органите на прогонот, а едно лице се наоѓа на издржување на мерка притвор за кривично дело Криумчарење на мигранти во друг кривично – правен настан. Акцијата е резултат на десетмесечна криминалистичка истрага над организирана шестчлена криминална група, која подолг временски период делува на тeриторија на Република Северна Македонија криумчарејќи мигранти кои остваруваат нелегален влез преку грчко-македонската граница.Имено, организаторите на криминалната група се двајца браќа кои со умисла и од користољубие заедно со засега непознати лица од Кумановско-липковскиот регион и од Грција, организирале криминална група во Република Северна Македонија. Во временскиот период од декември 2019 година до денес, осомничените организирале криумчарење на околу 150 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот и Далечниот Исток, за паричен надомест од 500 до 700 евра по лице, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист.Осомничените по претходно договорен начин на комуникација и во договор со лица организатори од Р.Грција преку илегални премини во околината на Гевгелија, Струмица и Дојран ги пренесувале мигрантите преку грчко-македонската граница. Потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, ги носеле до претходно утврдени и договорени локации, од каде илегалните мигранти биле прифатени од страна на членовите на групата и со моторни возила биле превезувани до договорени локации во Кумановско-Липковскиот регион. Оттаму, во организација на лице кое нелегално престојува во Кумановско – липковскиот регион, мигрантите биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа  криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица на возраст од 21 до 28 години. Двајцата браќа како организатори на групата се осомничени дека сториле кривично дело – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти по член 418-в став 1 и кривично дело Криумчарење на мигранти по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4 од Кривичниот законик​, додека останатите четири лица се осомничени дека како припадници на групата криумчареле мигранти.Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје во законски предвидениот рок. Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави Предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени лица.​

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Брз тест за ковид 19 во пункт во Ѓорче Петров,без консултација на матичен доктор

Во Поликлиниката Ѓорче Петров, односно во пунктот за тестирање, за отприлика две недели ќе ги има брзите тестови за Ковид-19, кои же даваат резултат за 15 до 20 минути, вели за Фактор директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски.-Ова треба да почне да функционира за отприлика две недели од сега. Квалитетот на овие брзи тестови треба да биде потврден во нашава земја,  постојат неколку фирми кои тоа може да го реализираат, а регистрацијата секако ттреба официјално да биде заведена од МАЛМЕ. Самата постапка е многу едноставна. Се зема брис само од нос, и резултатот е готов најмногу за 20 минути. Ако е негативен, значи понатаму не треба да постојат никакви стравувања кај граѓаниот дека е заразен со корона вирусот, но доколку тестот излезе позитивен, тоа же мора да се потврди и со ПЦР тест, вели д-р. Исјановски.Текстот во целост на: Фактор

Скопје | пред 5 години

IMG_0500

(ВИДЕО) Министерот за внатрешни работи Спасовски на 71 сесија на Извршниот Комитет на УНХЦР

Денеска министерот  Спасовски онлајн се обрати на 71 сесија на Извршниот Комитет на УНХЦР.„Ние сме активен партнер на Обединетите нации и другите меѓународни организации и ЕУ.Со цел усогласување на нашето законодавство со регулативата на Европската унија,  во 2018 година влезе во сила новиот Закон за меѓународна и привремена заштита - во голем дел е усогласен со Директивите на Европскиот Совет и Парламент, а потоа и поголем број под-законски акти. Земјата е договорна страна на сите клучни меѓународни инструменти на УНХЦР“, потенцираше министерот Спасовски.Во однос на Глобалниот Пакт за бегалци и Глобалниот договор за миграција, министерот акцентираше дека дадовме силна поддршка и заложби и дека остануваме посветени на понатамошно нивно имплементирање и унапредување.„Во услови на глобалната пандемија со COVID-19, нашето Министерство започна да спроведува интервјуа со барателите на азил преку он-лајн платформа – притоа, бевме меѓу првите во регионот,со почитување на препораките на Европската Комисија и на здравствените власти и прописи, при што, сепак се обезбеди почитување на законските рокови и пред сè, се зачува здравјето и на барателите на азил и на нашите службеници“, истакна министерот Спасовски.Министерот го потврди ефикасното управување со миграцијата, раното откривање и спречување на илегалните движења долж „Западнобалканската рута“ како приоритет за министерството со фокус на намалување на заканите по граничната безбедност и во функција на намалување на ризикот по животот и здравјето и истакна дека за одбележување е дека во Прифатниот центар за странци кој е во надлежност на Министерството досега не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.„Минатите години потврдија дека успешното справување со транснационалните закани, е можно доколку и одговорот биде таков – транснационален и координиран. Меѓународно-правните инструменти на УНХЦР, а во последно време Глобалните пактови за бегалците и миграциите  можат да бидат суштински за инспирирање на меѓународната заедница, за иновативни решенија при глобалното управување со миграцијата, ублажување на причините, за справување со трговијата со луѓе, организираниот криминал и можат да придонесат за спасување животи“, истакна министерот Спасовски.Министерот на крај уште еднаш ги истакна добрата координација и соработка, размената на информации и споделената одговорност меѓу различните чинители како суштински во решавањето на актуелните глобални предизвици и ја потенцираше посветеноста на овие принципи.

Македонија | пред 5 години

Foto-1-1

Пендаровски оствари средба со Асоцијацијата на поранешни членови на Европскиот парламент

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари виртуелна средба со делегација на  Асоцијацијата на поранешни членови на Европскиот парламент (FMA).Делегацијата е составена од 15 поранешни членови на Европскиот парламент од Германија, Италија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Грција и Словенија и е предводена од Ханс-Герт Потеринг, актуелен претседавач со Асоцијацијата и поранешен претседател на Европскиот парламент.На средбата беа разменети мислења и информации околу евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија и напредокот во клучните реформски области, како и за актуелните случувања во ЕУ од аспект на пандемијата на Ковид-19.Претседателот Пендаровски изрази задоволство од континуираната и принципиелна поддршка што ја добива нашата земја од Европскиот парламент и истакна дека со оглед на постигнатиот напредок, Северна Македонија заслужува и е подготвена да ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија, a  интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија  е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.Поранешните  европратеници ги поздравија заложбите на претседателот Пендаровски за градење на добрососедски односи со сите соседни држави и посветеноста на регионалната соработка и имплементирањето на европските стандарди во земјата.Виртуелната средба на претседателот Пендаровски со европратениците е дел од програмата – Студиска посета на Северна Македонија со цел промоција на конструктивен дијалог и поддршка на парламентарната демократија.

Македонија | пред 5 години

pasosi

Објавена листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија е пред САД

Индексот за пасоши објави податоци за новите најмоќни пасоши, со кои можете слободно да патувате без виза или со кои може да се добие виза веднаш по пристигнувањето во друга земја, на која Северна Македонија се најде на 16 место, пред Албанија, Црна Гора, но и пред САД чиј пасош поради Ковид-19 падна на 21.место.Со македонскиот пасош без виза може да се влезе во 62 земји.Пред нас е рангирана Хрватска, на осмото место и Србија на 14-та позиција на Индексот на најмоќни пасоши.

Македонија | пред 5 години

ilce

Директорката на Заводот во Демир Капија: Илче беше добар, си јадеше, неговата смрт нѐ изненади сите

Утрово јавноста ја потресе веста за смртта на единаесетгодишниот Илче, момчето од Охрид со тешки здравствени проблеми кое го напуштија родителите и кое со апели од јавноста  беше сместено во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија.Директорката на Заводот, Александа Велковска во изјава за „Фокус“ вели дека смртта на Илче ги изненадила сите. – Беше во стабилна здравствена состојба, си јадеше, вчера попладне ненадејно почина. Кои се причините за смртта е неблагодарно да нагаѓам, обдукцијата ќе покаже од што почина, вели Велковска.И од Министерството за труд и социјална политика велат дека детето починало ненадејно и дека неговото тело ќе биде дадено за обдукција.

Македонија | пред 5 години

deca-i-roditeli

Отворена телефонска линија за помош на деца, млади и родители

Во време на пандемија, психосоцијалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители.„Телефонскиот број 072 912 676 е достапен секој ден од 9:00 часот до 19:00 часот и на истиот, секое лице од посочените групи може да се обрати, да постави прашања и да добие стручни одговори за сегашната состојба и вирусот, како и совети за успешно справување со одредени предизвици и ситуации кои создаваат чувство на збунетост и вознемиреност“, соопшти МОН.

Македонија | пред 5 години

policija-3

(ВИДЕО) 15 возила за јавен превоз исклучени од сообраќај во Скопје, неисправни уреди за сопирање и управување

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје  санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Санкционирани се 15 возила , од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден.

Скопје | пред 5 години

ilce

Почина 11-годишниот Илче од Охрид, дете кое беше најдено запуштено во лоши услови во Охрид

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете, штитеник на Специјалниот завод Демир Капија.Починатото момче беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт. 

Македонија | пред 5 години

nastava-onlione

МОН: Околу 80% од учениците успешно следат онлајн настава

Од почетокот на учебната година бројот на учениците коишто следат онлајн настава е зголемен за околу 10%, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).„За неполна недела околу 80% од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучија кон онлајн наставата, а овој процент од стартот на годината постојано се зголемува. Останатите, ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат – лошата интернет-конекција или немањето уреди“, се наведува во соопштението.Од Министерството за образование велат дека се во координација со градоначалниците, локалните самоуправи и директорите на училиштата и се работи на надминување на овие предизвици.„Моделот за онлајн настава се покажа функционален и успешен, а наставниците и учениците се задоволни од тоа како се одвива наставата од далечина. Апелираме до сите оние кои ја бојкотираат наставата дека секој изгубен ден од учењето е на директна штета на децата. Сите ученици мора да ја почнат учебната година и најважно од сè е образовниот процес да продолжи“, стои во соопштението на ресорното министерство.МОН информира и дека над 98% од учениците од 1-3 одделение следат настава со физичко присуство во училиштата, а нешто помалку од 2 проценти учат од далечина. За учениците коишто немаат уреди за онлајн учење, а сепак треба да учат на далечина, се емитуваат 15-минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија. Исто така, наставниците имаат обврска да им печатат материјали и редовно да им ги доставуваат, но и да бидат во постојана комуникација со нив и нивните семејства, за да го следат совладувањето на наставниот материјал.

Македонија | пред 5 години

ministerstvo-za-zdravstvo

Д-р Александар Трајановски е назначен за нов директор на ТОАРИЛУЦ

Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен д-р Александар Трајановски.Д-р. Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година.  Дипломира во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.  Во 2012 година завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.Новиот директор на ТОАРИЛУЦ д-р Трајановски се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Д-р. Трајановски е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации.

Македонија | пред 5 години

tabli

(ФОТО) Нови табли пред спомениците во Скопје и Битола - Античките хeрои и официјaлно препишани на грчката историја

Искршени таблите во Прилеп поставени неодамна и според кои видни историски личности се напишани дека припаѓаат се дел од хеленската античка историја.Таблата пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп е поставена по втор пат.Согласно договорот од Преспа, властите наместија нова табла пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп, откако претходната беше преку ноќ отстранета.За разлика од првата која беше мала и незабележителна, сега новата е со конструкција зацврстена со завртки.“Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство”, пишува на таблата.Инаку на споменици во Скопје и во Битола вчера беа поставени табли на кои пишува дека се дел од „хеленската историја“. Пред седум споменици поставени на мостот Око во центарот на Скопје од вчера има табли на кои се објаснува дека тие личности се дел од хеленската античка историја.До вчера на овие споменици беа поставени натписи со имињата на личностите. Ова вчерашно дообјаснување со метални табли пред спомениците е дел од обврската која Македонија ја презеде со Договорот од Преспа.-Утрово на Мостот Око пред секоја фигура која е дел од античката (македонската) историја во центарот на Скопје осамнаа метални табли со содржина која сите овие ликови ги препишува на грчката историја. Ја продадовте Македонската историја за лични интереси! Предавници, се вели во објавата на Предавниците на Македонија на ФБ. https://www.facebook.com/predavnicite/photos/pcb.1237169629980052/1237169466646735/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Скопјанец осомничен за разбојништво и тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1, како и две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Осомничениот 22-годишник, на 26 септември, на улица „Алжирска“, со употреба на сила одзел предмети од една оштетена. Тој влегол низ влезната врата на куќата на оштетената, се нафрлил врз неа, ја оттурнал и одзел чанта во која имало пари, картици и други документи, со вкупна вредност од 9.000 денари. На излегување, повторно ја турнал оштетената и го напуштил местото на настанот.Истиот ден, на пешачка патека на улицата „Теодосиј Гологанов“, осомничениот на дрзок начин одзел две ланчиња од една оштетена – златно ланче со приврзок монета во вредност од 6.500 денари и едно ланче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување по патеката, тој со раката насилно и ги грабнал ланчињата кои што оштетената ги носела околу вратот и избегал.На 30 септември, на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“, осомничениот на дрзок начин одзел златно ланче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да ги повтори делата.

Скопје | пред 5 години

Policija

301 санкционирани возачи во Скопје, 128 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 26, 80 мерки за непрописно паркирање... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања