Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

oruzje-i-heroin

Приведено лице од Скопје , во неговиот дом биле пронајдени куршуми и пиштол

На 07.10.2020 во периодот од 06.00 до 07.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домот и други простории на лицето Н.Б.(51) од с.Копаница, скопско. При претресот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 9 мм наменети за полуавтоматски и автоматски пиштоли и еден пиштол.Н.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Богдановиќ: Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата

Во Општина Центар  официјално започна со работа  Културно-социјалниот простор (КСП) „Центар-Јадро“, прва институција од овој тип на цивилно-јавно партнерство во државата. Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт, Општина Центар, и Јадро Асоцијација и претставува суштинска децентрализација на моќта и единствен пат кон создавање организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата, во рамки на граѓанскиот сектор, но и пошироко.На денешната прес конференција, со запазување на сите мерки и препораки од надлежните институции, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со основачите и членовите на управувачките органи на „Центар-Јадро“, Искра Гешовска, Јане Чаловски, Теодор Целакоски и Јасмина Билаловиќ, го презентираа концептот и замислата на проектот, со што независната културна сцена, младите уметници и невладините организации добија нов, современо опремен простор за своите активности.„За мене беше особено важно, кога прв пат се запознав со идејата за центарот, беше фактот дека во потполност кореспондира со нашиот концепт и заложба, да бидеме отворени кон граѓаните, да создаваме инвентивни и прогресивни концепти, како и долгорочни одржливи модели, во рамките на општината со активна вклученост на заедницата. Само преку комуникација, размена на идеи и со здружени сили, можеме општината Центар, а со тоа и градот Скопје, да ги ставиме на мапата на современи урбани и прогресивни средини, ништо помалку од европските културни метрополи.  Развојот на културата, како значајна општествена гранка, е важен сегмент во работата на локалната самоуправа, особено во урбани градски општини како оваа. Општина Центар се залага за задоволување на правата и потребите на граѓаните, и се стреми за збогатување на културниот живот на заедницата“, изјави градоначалникот Богдановиќ на денешната прес конференција.Преку повторно ставање во употреба на објектот - месна заедница „Дане Крапчев“, во функција на културно-социјален простор наменет за потребите на граѓаните од областа на културата и пошироките граѓански права, Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата, како важен дел од нашето секојдневие.„Центар-Јадро“ е резултат на заложбите на ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена, која од своето основање во 2012 година како непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа, се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.„На крајот на февруари 2020, ‘Центар-Јадро’ почна да функционира во својот простор, во рамки на урбаната заедница ‘Дане Крапчев’. Набрзо тимот го адаптираше поголемиот дел од своите програми во on-line  формат и со тоа установата беше една првите кои започнаа со реализација на програма во време на пандемијата на Ковид. Во рамки на годишната програма КСП Центар-Јадро досега има реализирано над 20 активности од сопствената програма“, изјави директорката на КСП „Јадро-Центар“, Јасмина Билаловиќ.Целиот процес на развој и реализација на ко-управувачкиот модел, од основањето на Јадро Асоцијација до формирањето на установата од 2012 до денес, во различни фази, беше поддржан од: Швајцарска програма за култура во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество Македонија, Гете Институт-Скопје, Министерството за култура на Р.С. Македонија, Кооператива - Регионална платформа за култура, Амбасадата на Швајцарија во РС Македонија, Општина Центар и Град Скопје.

Скопје | пред 5 години

direkcija-3

Општина Кисела Вода ќе врши дезинфекција на јавните површини

Оваа седмица, Општина Кисела Вода на својата територија ќе стартува со активности за спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.Во петок, тим од обучени работници на Општината, во населбата и селото Драчево, ќе вршат дезинфекција на улиците и тротоарите, на урбаната опрема во парковите, на автобуските постојки, детските и спортските игралишта.Во периодот што следува, во сите месни и урбани заедници, Општина Кисела Вода ќе продолжи да спроведува акции за дезинфекција на јавните површини.Работниците активностите ќе ги вршат со новите општински возила, со канистри за миење на улиците.​

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Приведено лице од Скопје за учество во странска војска

На 06.10.2020 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација со други служби на МВР, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле И.Т.(24) од Скопје, за истрага со определена мерка притвор во траење од 30 дена, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ по член 322-а став 3 од Кривичниот законик.Лицето било спроведено во казнено-поправна установа. 

Македонија | пред 5 години

policija-2-1

28 возила за меѓуградски превоз исклучени од сообраќај, 23 со неисправни уреди за сопирање!

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.), во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат меѓуградски превоз на патници. Санкционирани се 28 возила, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Македонија | пред 5 години

zatvor

Кривично пријавени четири лица за сторени 26 кривични дела „измама“

Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Кисела Вода, при Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(33) и Б.С.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле 26 кривични дела „измама“ и против А.Б.(31) и И.З.(53), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „помагање“ во врска со извршени 26 кривични дела „измама“, при што се стекнале со противправна имотна корист од 177.550 денари.Прво и второпријавениот, кои се на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Идризово, Скопје, во периодот од февруари до мај 2020 година извршиле 26 кривични дела „измамa“ на тој начин што од различни телефонски броеви се јавувале на оштетените, кои во повеќето случаи се управители на фирми, им се претставувале како управители или директори на различни фирми од различни локации низ Скопје и договарале средби. Додека оштетените се движеле кон договорените локации, им се јавувале да застанат и на однапред ангажирани такси возачи од различни такси компании да им дадат парични средства со изговор дека такси возачот треба да им заврши некоја услуга, а паричните средства ќе им бидат вратени на средбата која ќе ја остварат.Третопријавената ги земала паричните средства од такси возачите и ги предавала на четвртопријавениот, вработен во Казнено-поправната установа Идризово, кој пак, дел од парите им ги давал на Б.А. и Б.С..По преземени оперативни мерки и активности, било дојдено до сознание дека А.Б. била инволвирана, по што со неа бил извршен разговор во полициска станица, при што го појаснила начинот на помагањето. Исто така, во полициска станица бил извршен разговор и со четвртопријавениот, како и тројца такси возачи, кои исто така, го појасниле начинот на извршување.На 09.05.2020, по Наредба на судија во претходна постапка, бил извршен претрес во КПУ Идризово, во просториите каде што се сместени прво и второпријавениот, при што биле одземени повеќе предмети, по што со нив бил извршен разговор во кој во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела.  

Скопје | пред 5 години

Zaklina-Pesevska

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја избра Жаклина Пешевска за претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, распишан е оглас за избор на претседатели на неколку комитети

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше своја редовна седница на која беше разгледана актуелната политичка ситуација во Македонија, но и општата закана по здравјето на граѓаните од корона вирус, која е причинета поради неспособноста на Заев и Филипче да менаџираат.Дополнително ИК констатираше и дека Заев не води сметка за економската состојба на среден и долг рок. И преку константното задолжување, прво ги крши критериумите од Мастрихт, а следствено и ја загрозува ликвидноста и солвентноста на системот.На седницата на ИК беа донесени и неколку кадровски одлуки.За претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана Жаклина Пешевска.Пешевска е актуелен пратеник во собранието на Република Македонија. Доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. А пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.ИК донесе одлука и за распишување на јавен повик за кандидирање на претседатели на следните ОК:Старо Нагоричане;Пехчево;Пробиштип;Ранковце;Гевгелија;Неготино;Новаци;Ресен;Струга;Кичево;Центар Жупа;Дебар;Гостивар;Теарце;Брвеница;Боговиње;иБитола.Процесот на внатрешно реструктурирање и реформи ќе продолжи и во наредниот период, се со цел јакнење на партиските капацитети.

Македонија | пред 5 години

administracija

Година и пол во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на платниот список 1400, а работат 44 лица

Година и пол по формирањето, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците сѐ уште е во фаза на просторно консолидирање и кадровско екипирање. Иако на платниот список има околу 1400 формално вработени лица, сепак, моментално, според информациите што ги добивме, во рамките на Министерството реално работат 44 лица. Но, како што велат оттаму, тенденцијата е во иднина бројката да достигне околу 150 лица, со цел навремено и квалитетно да се остваруваат утврдените надлежности, објави samoprasaj.mk. Дел од овие 44 лица кои секојдневно ги извршуваат работните обврски сега се стационирани во централниот дел на Владата, каде што всушност се наоѓа и кабинетот на министерот Артан Груби. Во друг дел од владината зграда, пак, поточно во седмата купола, се наоѓаат работните простории на друга група вработени. Најпосле, уште еден дел од нив се наоѓаат во зградата на Министерството за земјоделство, каде што беа преместени во периодот кога се реконструираше владината зграда и останаа таму до ден-денес.- Како што е познато, ова министерство е формирано со трансформација на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, така што во својата смисла и суштина ги има вредностите и целите на Рамковниот договор. Со тоа што сега институцијата функционира како министерство, политичката сила и тежина е поголема, а надлежностите се проширени и засилени. Проблем е тоа што сега вработените се поделени на повеќе места, а во Владата нема просторни услови да функционираме, но се обидуваме да го решиме тоа прашање – велат од Министерството. за samoprasaj.mk. Текстот во целост на: samoprasaj.mk. 

Македонија | пред 5 години

DSC_0614

Заболен со Ковид-19 побегнал од ГОБ „8 Септември“, се изнашетал низ Скопје, па со полиција го вратиле назад

Вистинска драма се случувала во текот на вчерашниот ден во ГОБ „8 Септември“, кога заболен со коронавирус побегнал од ковид-центарот, се шетал низ главниот град, а во текот на ноќта бил приведен од страна на полицијата и вратен во болницата, Објави skopjeinfo.mk. Оваа информација се појави на социјалната мрежа Твитер при што од еден профил беше раскажана целата случка во која бил вклучен извесен Борче Ивановски, а притоа се бара и одговорност од вработените во ГОБ „8 Септември“ кои дозволиле да се случи вакво нешто.Од МВР за Плусинфо ја потврдија информацијата дека интервенирале на повик од ГОБ „8 Септември“, при што побегнатото лице по неколку часа било вратено во болница. 

Македонија | пред 5 години

Foto-3

Предавање на тема “Ковид 19 - предизвици, подготовка за евентуален нов бран, досегашни искуства и лекување“ во Кабинетот на Претседателот

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, вчеравечер се одржа предавање на тема “Ковид 19 - предизвици, подготовка за евентуален нов бран, досегашни искуства и лекување“.На настанот свои излагања имаа министерот за здравство Венко Филипче; Џихан Тавила, шефица на Светската здравствена организација во Скопје; Кристина Ставридис од Институтот за јавно здравје и директорката на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.Обраќајќи се пред присутните студенти од Медицинскиот факултет во Скопје, сопругата на претседателот изрази задоволство од нивниот интерес да се запознаат со предизвиците коишто произлегуваат од Ковид 19. Таа порача дека глобалната пандемија, а во очекување и на твиндемијата (паралелно зголемување на бројот на заболени од грип и Ковид-19), наложува сериозен и одговорен пристап и дека нивниот придонес и активна вклученост се повеќе од добредојдени.„Исклучително е важно сите ние да придонесеме за прекинување на стигматизирањето на болните. Апелирам на почитување на сите мерки, апсолутно, но секој што е инфициран, секој што е болен - не сака да биде болен. Сметам дека и стигматизирањето води кон тоа луѓето да ги кријат контактите и на таков начин невозможно е да се добие вистинската епидемиолошка слика“, истакна сопругата на претседателот, Ѓоргиевска, порачувајќи им на студентите во својата секојдневна комуникација да посветат внимание и на тој аспект.Министерот Филипче ја нагласи важноста на мултисекторскиот пристап за успешното справување со коронавирусот. Говорејќи за предизвиците во здравството тој истакна дека парцијалните решенија нема да го дадат посакуваниот резултат, туку системскиот пристап врз основа на параметри карактеристични за земјата, коишто лесно се анализираат.„Еден сериозно голем сегмент во унапредувањето и зајакнувањето на здравствениот систем е комуникацијата, и ова што сега го правиме. Во изминатиов период бевме отворени и транспарентни за комуникација, студентите и особено специјализантите беа практично присутни во министерството и даваа сугестии, бидејќи нема поента од наметнато решение. Не можеш да најдеш решение коешто ќе биде добро само за државата, без да биде добро за оние на кои тоа решение се однесува“, истакна министерот.Шефицата на Светската здравствена организација во Скопје, Џихан Тавила, изрази задоволство од партнерската, отворена и транспарентна соработка со министерството за здравство во нашата држава упатувајќи честитки за постигнатото во однос на проширувањето на капацитетите со цел поуспешно соочување со Ковид-19.„Она што е важно е сеопфатната стратегија и конзистентната комуникација - информираноста на населението. Мора да се бориме против лажните вести и дезинформациите, а во најдобра позиција тоа да го сторат се здравствените работници“, рече Тавила.Д-р Кристина Ставридис ја прикажа најновата епидемиолошка состојба, додека Ас. д-р Милена Стевановиќ зборуваше за најновите методи за третман кои се применуваат во лечењето на пациентите со Ковид-19.Настанот се одржува во рамки на иницијативата започната во февруари во Канцеларијата на претседателот МладиХаб со стручно предавање од областа на медицината на министерот Венко Филипче, а која продолжи во Вила Водно со предавањето на сопругата на претседателот на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“ и со предавањата по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест на асист. д-р sci Габриела Новотни од Медицинскиот и проф. д-р Кристина Митиќ од Стоматолошкиот факултет во Скопје.Главната цел на оваа активност е студентите и младите лекари да се запознаат повеќе со пандемијата со Ковид-19, предизвиците со кои се соочуваме, подготовките за евентуален нов бран, како и со досегашните искуства на превенција и лекување, од страна на компетентни лица.

Македонија | пред 5 години

krvodaritelska-akcija

Над 100 пациенти третирани со конвалесцентна плазма

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 129 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Од нив 68 единици се обезбедени преку аферезна процедура од вкупно 30 дарители, и 59 единици се обезбедени преку стандардно дарување. Инаку, досега над 100 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус. Исто така, согласно протоколите ќе биде земен и примерок за одредување концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2.-Да им помогнеме на лицата кои во моментов се борат со коронавирусот - да донираме ковалесцентна крвна плазма!, апелира Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19.Сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19. Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма: http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/

Македонија | пред 5 години

lopta-fudbal

МВР презема мерки за беспрекорно одржување на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Нации помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Косово на 8-ми октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. МВР, во рамки на своите надлежности, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни органи, постапува по однос на обезбедување на сигурноста на учесниците. Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот.Министерството за внатрешни работи, исто така, ја информира јавноста дека во соработка со здравствените власти се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид – 19.Воедно, уште еднаш, ги информираме граѓаните дека, согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот. Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Само со почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид 19 ќе помогнеме за што побрзо нормализирање на состојбата.До навивачките групи, со кои поголем дел од Секторите за внатрешни работи, односно Отсекот за превенција, одржаа средби, апелираме да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затаоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано. 

Македонија | пред 5 години

nastava-onlione

Две наставнички болни, 15 првачиња во изолација

15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од скопски Центар од синоќа се во 14-дневна изолација, откако две наставнички се заразиле со коронавирусот.Не се исклучува едната наставничка да се заразила од другата. Од денеска децата ќе следат настава на далечина.

Скопје | пред 5 години

06102020_PVRSM_Sredba_Lovecka_Federacija_1

Земјава има потребата од нов Закон за дивеч и ловство, заклучок од средбата на Заев со Ловечката федерациja

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва се сретна со претседателот на Ловечката федерација на Македонија, Влатко Алексовски и со претставници од Федерацијата.На состанокот е разговарано за потребата од нов Закон за дивеч и ловство, за потребата од измени на Законот за оружје во делот на овластувањата на ловџиите за поседување оружје, како и за други прашања, со цел подобро функционирање на ловечката дејност.На средбата е изразена заедничка согласност дека дивечот е делумно обновлив извор и дека во рамките на активностите за заштита на животната средина, важна е и грижата за дивечот и за ловиштата во земјава.Од страна на премиерот Заев е изразена поддршка на заложбите на Ловечката федерација, во насока да се доуреди функционирањето на ловството во нашата држава.Претставниците Ловечката федерација се заблагодарија на претседателот на Владата, Заев, за отвореноста да ги сослуша прашањата поврзани со ловството и за поддршката за законско доуредување на дејноста.

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM_Dimitrov_Geer_02

(ВИДЕО) Димитров – Гир: Подготвени сме во партнерски однос со Европската комисија да одговориме на сите задачи до одлучно остварување на заедничката цел – членство во ЕУ и носење на европските стандар...

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска одржа заедничка прес-конференција со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на која беше презентиран Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година, како и пакетот за проширување.Заменик-претседателот на Владата Димитров потсети дека периодот на известување, особено вториот дел од периодот што го покрива извештајот беше полн со предизвици кои нужно влијаеја на динамиката на реформите.„Покрај пандемијата, здравствената криза во која сè уште се наоѓаме и ние и светот, подолг временски период имавме техничка влада без политички мандат и нефункционално Собрание. Сепак и во вакви ограничувачки услови Северна Македонија постигна напредок, може и треба да бидеме задоволни од целокупната оценка на Европската комисија“, истакна Димитров, при што нагласи дека радува нотираниот напредок во спроведување  на европската агенда, особено во четирите клучни области посочени од заклучоците од Европскиот совет: реформа на правосудството, борбата против корупција, реформа на разузнавачките служби и реформа на јавната администрација.Осврнувајќи се на напредокот во правосудниот систем  Димитров потенцираше дека како резултат на реформите Северна Македонија има воспоставено механизми кои обезбедуваат независност и отчетност на правосудството.Димитров истакна дека во споредба со минатата година забележан е добар напредок во борбата против корупцијата што произлегува од преземените активности за откривање, гонење и судење на случаи на висока корупција, како и проактивната улога на Државната комисија за спречување на корупцијата, која отвори предмети за корупција вклучително и за функционери од власта и членови на опозицијата.„Состојбата и климата во која работат медиумите овозможуваат слобода на медиуми и критичко известување. Клучните препораки за идниот период се реформа на јавниот радиодифузен сервис, за што ќе биде потребно во најбрз можен рок избор на Програмскиот совет и на релевантната односната агенција за аудио-визуелни медиуми, борба против дезинформации, но и ефикасно санкционирање на сите случаи на физичко и вербално насилство врз новинари. Во однос на реформата на јавната администрација има напредок од аспект на зголемување на транспарентноста заради,  меѓу другото и донесување на Стратегијата за транспарентност, но треба доследно да се спроведува законската рамка за вработувања во јавниот сектор, почитувајќи ги принципите на заслуги (мерит), транспарентност и правична застапеност. Меѓуетничката состојба е оценета како стабилна, се нотира за прв пат и формирањето на предизборна коалиција со партии од различна етничка припадност (меѓу СДСМ и Движењето БЕСА)“, нагласи Димитров.Димитров упати и благодарност за обезбедените 9 милијарди евра за поддршка на реформите во регионот преку Економско-инвестициски план, средства кои ќе бидат наменети за завршување на веќе започнати, но и на нови проекти како: изградба на пречистителната станица во Скопје, изградба на железничката секција Куманово - границата со Бугарија, како  дел од европскиот коридор 8, изградба на регионални центри за третман на цврст отпад, изградба на гасоводно поврзување со три од нашите соседи Србија, Косово и Грција, инвестиции во централи за обновливи извори на енергија (како што се посочени во планот за ветерна и сончева енергија), поддршка на млади преку програмата Младински гаранции итн.„Ние во СЕП сме свесни дека со новата методологија за пристапување и почетокот на преговори, фокусот на Европската комисија и земјите членки ќе биде зајакнат и очекувањата за исполнување на обврските ќе бидат зголемени. Северна Македонија во изминатите години докажа дека не се плаши и не се повлекува пред предизвиците и оттаму, подготвени сме во партнерски однос со Европската комисија, со Делегацијата на ЕУ, со амбасадорот Гир, да одговориме на сите задачи до одлучно остварување на заедничката цел - членство во Европската Унија и носење на европските стандарди и принципи дома“, порача Димитров.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Нема да дозволам колегите да клекнат на колена од замор

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, изјави дека со денешната повторна висока бројка на новозаболени, станува јасно дека влегуваме во очекуваниот есенски бран.„Иако, многумина не веруваа во најавите дека тој ќе се случи, сепак се докажува дека очекувањата беа реални. Цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки. Разбирам дека кај сите има голем замор од оваа состојба и дека буквално ви е преку глава од коронавирусот. Но, верувајте дека заморот е уште поголем кај здравствените работници. Тие седум месеци деноноќно работат да ја одржат состојбата под контрола. Целиот менаџмент и Комисијата за заразни болести даде сѐ од себе изминатиот период да подготви протоколи, да го реорганизира системот и да го дочекаме подготвени есенскиот период. Како министер нема да дозволам да се преоптовари здравствениот систем и да нема кревети за лечење. Нема да дозволам да клекнат на колена колегите од замор“, потенцираше министерот Филипче.Тој истакна дека рестрикции и мерки ќе се носат секогаш кога ќе се процени дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје. Тоа е наша одговорност и должност.„Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир. Едноставно мора да разбереме дека тие се единствените алатки кои ни се на располагање за да се заштитиме. Го разбирам целосно гневот на оние кои доследно ги почитуваат постоечките мерки кои се на сила од почетокот и со нив ефикасно се штитат. За многумина препораките за одржување дистанца, носење маска и редовна дезинфекција се доволни мерки. Во оваа прилика сакам да им изразам голема благодарност и да им честитам на свесноста и совесноста. За жал, новите мерки кои ги носиме мора да се однесуваат за сите и едноставно не може парцијално да се применуваат само онаму каде има непочитување на основните три“, рече министерот Филипче. и додаде дека како Влада силно се заложуваме за спроведување на мерките и казнување на оние кои не ги почитуваат.Од денеска, инспекциите имаат поголеми надлежности и тие максимално посветено ја работат својата работа.„Верувам дека надлежните ќе направат сѐ да ги санкционираат неодговорните граѓани. Сепак, ќе повторам нешто во што силно верувам од самиот почеток. Ниту инспекторите, ниту полицијата, ниту здравствените работници не може да се справат со несовесноста на некои граѓани и компании. Затоа, уште еднаш апелирам, да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно. Заедно да го надминеме следниот период преку почитување на мерките без исклучок“, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 години

administracija

Алсат: Македонци за да се вработат се декларирале како Албанци

Нововработени во Државниот инспекторат за земјоделство, со македонски имиња и презимиња, се изјасниле како Албанци, јави ТВ Алсат.Даниела Корзовска, Сашко Стојановиќ, Цветанка Геговска и десетици други се изјасниле како Албанци, а откако ги исполниле другите услови, доволно било уште да поминат на балансерот за правична етничка застапеност во институциите, посочува телевизијата.Конкурсот објавен на 29 јануари 2020 година за вработување на 20 лица во овој инспекторат, не бара кандидатите да го знаат албанскиот јазик, што го олеснува исполнувањето на овој критериум. Од кандидатите Албанци се бара добро познавање на македонски, англиски, француски и германски јазик.Алсат потенцира дека ова не е прв пат да се манипулира со системот за вработување кој се базира на софтвер за балансирање и обезбедување правична етничка застапеност во институциите.Од Агенцијата за администрација, која го објави огласот, претходно за телевизијата информираа дека лицата го злоупотребуваат уставното право да се изјаснат за својата етничка припадност. 

Македонија | пред 5 години

eu-1

Извештај на ЕК - Земјава со умерен напредок , забелешка за корупцијата и судството

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска го презентира Извештајот за напредокот, Пакетот за проширување и Инвестицискиот план за Западен Балкан.Во извештајот, меѓудругото се наведува дека Северна Македонија продолжила да ги спроведува реформите поврзани со ЕУ во текот на целиот период на известување. Продолжиле напорите за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, вклучително и со активирање на постојните механизми на контрола преку дискусии и дебати за теми поврзани со клучните политики и законодавството.Исто така се наведува дека опозициските партии останале ангажирани во Собранието и поддржале клучни прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО, на која Северна Македонија се приклучи во март 2020 година.Сепак, се нагласува и дека се уште има области каде што треба уште да се работи и да се постигне повеќе. Тоа се однесува особено на корупцијата и судството.Канцеларијата за демократски институции и човекови права при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ / ОДИХР) оцени дека парламентарните избори биле генерално добро спроведени.„ Северна Македонија е умерено подготвена во однос на реформата на јавната администрација. Постигнате е одреден напредок во подобрување на транспарентноста, со усвојување на Стратегијата за транспарентност 2019-2021 година, операционализација на порталот за отворени податоци на владата и објавување на податоци за владините трошоци.Имаше добар напредок во спроведувањето на стратегијата за реформи во судството, притоа имајќи ги предвид „Итните реформски приоритети“ и препораките од Венецијанската комисија и Групата високи експерти за системски прашања за владеење на правото. Сè уште се потребни напори за да се обезбеди систематско спроведување на ажурираниот акциски план на стратегијата за реформи во судството.Државната комисија за спречување корупција е особено проактивна во спречувањето корупција и отвори голем број случаи, меѓу кои и такви што вклучуваат високи функционери од целиот политички спектар. Поранешната главна специјална обвинителка беше осудена во јуни 2020 година, во врска со наводно изнудување и злоупотреба на службената положба во врска со случај на Специјалното обвинителство. Корупцијата е распространета во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители вклучени во спречувато и борба против корупцијата.Земјата има одредено ниво на подготовка во борбата против организираниот криминал. Постигнат е одреден напредок во борбата против тероризмот.Земјата има одредено ниво на подготовка / е умерено подготвена во областа на слободата на изразување и постигна ограничен напредок за време на периодот на известување. Од суштинско значење е да се продолжи со поддршка на плурализмот во медиумите, промовирање на професионализам, непристрасно известување и истражувачко новинарство и градење отпорност за ефикасна борба против дезинформации. Финансиската одржливост на независните медиуми и условите за работа на новинарите остануваат предизвик.Во однос на регионалната соработка, земјата ги задржа добрите односи со другите земји опфатени со проширувањето и активно учествуваше во регионални иницијативи. Важно е да се продолжи со имплементација на билатерални договори, вклучително и договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија.Од април 2020 година, кризата со КОВИД-19 остави свој белег врз економијата и јавните финансии.Во наредниот период, потребен е поголем фокус и на административниот капацитет и ефективната имплементација. Земјата продолжи да ја подобрува својата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“ стои во заклучоците на извештајот.

Македонија | пред 5 години

gjorcev

(ВИДЕО) Ѓорчев до Заев и Бислимовски: Итно враќање на старата цена на струјата

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет со поддршка на македонските граѓани бара враќање на старата цена на струјата. РКЕ заедно со Марко Бислимовски се поставени како инструмент на политиката на Зоран Заев и неговите министри, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде:Од тие причини барањето е следно:Бараме веднаш враќање на старата цена на струјата. Македонија плаќа најскапа цена на струја во Европа споредено со примањата кои што ги имаат, односно ги немаат македонските граѓани.Од тие причини бараме час поскоро враќање на старата цена и разрешување на Марко Бислимовски како послушник на Зоран Заев и неговите министри. Заев го именувал, Заев да го смени. Ако не, Марко Бислимовски да си поднесе оставка и целата РКЕ. Затоа што во оваа сиромаштија, во овие отпуштања кои што ги имаме во Македонија, во овој економски колапс кој што ни се случува, да се зголемува цената на струјата е ништо друго освен терор, економски терор врз стандардот на граѓаните на Македонија.Значи час поскоро да си поднесе оставка РКЕ, ако не си поднесе оставка, да биде разрешена. Да се именува професионална РКЕ, луѓе кои што си ја знаат работата, а не кои што ќе бидат први да се сликаат во штабот на СДСМ и да си ја работат работата онака како што треба.Ова се главните работи кои што сакаме да ги порачаме, ова се главните пораки кои што сакаме да ги соопштиме и во овие наши настојувања ќе продолжиме да инсистираме на ова. Ова е важно за илјадници и илјадници семејства низ цела Македонија. Ова е важно за македонската економија која што во моментов е на колена.Никогаш наназад 30 години сме немале поглема криза, никогаш повеќе сме немале ваков скок на невработеноста уште од времето на транзицијата и на врв на сето тоа во ситуација каде што во еден куп европски земји се намалува цената на струјата, се намалуваат давачките, се намалуваат казните, во Македонија се случува обратното, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Во Штип 24 деца во изолација, воспитувачка и негувателка од две градинки позитивни на ковид-19

Во штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ се регистрирани првите позитивни случаи на коронавирус меѓу вработени.Станува збор за по еден случај во двете градинки. Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска за МИА ја потврди информацијата и вели дека станува збор за воспитувачка која по појавените симптоми на нејзиниот сопруг минатиот петок, побарале да се тестираат во приватна клиника. По пристигнатите резултати епидемиолозите веднаш во изолација ја ставиле нејзината колешка и 12 деца од групата.Вработената нема симптоми, а сите во градинката работат според протоколите и со маски, не се контактира со останатите групи, па директорката Трајчевска вели дека ова не повлекува и други вработени или деца да бидат ставени во изолација.Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова вели дека кај нив има еден регистриран позитивен случај кај негувателка во објектот Росица во населбата Ново Село. 

Македонија | пред 5 години

50418550966_e5aa2973f8_c

Стартува иницијативата за намалување на дискреционите овластувања на функционерите

На предлог на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси и институциите во системот за борба против корупција, а со цел да се пристапи кон процесот на намалување на дискреционите овластувања на функционерите, Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од формирање на работна група за анализа на законите и другите прописи во кои се предвидуваат дискрециони овластувања на функционерите, како и Информацијата за координативни активности помеѓу институциите во системот за борба против корупцијата.Како заклучок во врска со оваа информација, Владата ги задолжува Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Царинската управа и Инспекцискиот совет, во рок од 10 дена, до Кабинетот на заменик-претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, во електронска или пишана форма да достават анализа која ќе биде сочинета од деловите наведени согласно содржината на оваа информација и од која треба да произлезат предлози за подобрување на законската рамка, но и фактичките услови за работа на антикорупциските институции.

Македонија | пред 5 години

1-1-1

Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Нефрологија позитивни на Ковид-19

Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Универзитетската клиника за нефрологија се позитивни на Ковид-19. Трите случаи не се од ист оддел на Клиниката, информираа за МИА од Министерството за здравство.Медицинската сестра, како што се посочува, е со лесни симптоми, а медицинскиот техничар е без симптоми на фебрилност и кашлица.Еден доктор е во самоизолација во следните три дена, со потврден негативен тест за Ковид-19. Нема останат персонал кој е во самоизолација според проценка од страна на епидемиолози, нагласуваат од Министерството.

Македонија | пред 5 години

Levica-logo

Левица: Асистентите за деца со попреченост целосно заборавени од државата

Деновиве, до нас реагираа неколку асистенти за деца со попреченост кои се револтирани од третманот на државните институции. Имено, овие асистенти (кои биле ангажирани преку проект на УНДП) добиле известување од општините во МАЈ дека договорот им завршил во март! И покрај настанатата криза, поради специфичноста на самиот ангажман, асистентите сепак биле ангажирани со децата. Дел од асистентите не се откажуваат од своите права и најавуваат тужби против општините, се вели во соопштението од Левица.Иако владата на СДСМ декларативно се залага за зголемена инклузија на лицата со попреченост, сепак и оваа година асистентите кои ќе бидат ангажирани за работа во најголем дел ќе бидат исплатени преку средства на УНДП. Дополнително, месечниот надомест кој ќе го добијат ангажираните асистенти е под 9000 денари. Оттука јавно прашуваме: дали министерската Царовска би прифатила да работи за тој износ и дали истиот смета дека е правичен?Иако Законот за основно образование за учениците со попреченост предвидува образовен асистент, личен асистент, соодветна стручна поддршка од центар за поддршка на учењето, инклузивен тим и асистивна технологија по препорака на стручното тело за проценка – во пракса сето ова изостанува. Буџетски средства речиси и да не се издвојуваат за овие лица и нивниот ангажман зависи од ‘милосрдноста’ на разни фондации.Во услови кога енормни државни средства се издвојуваат за рамковна администрација која не оди на работа, за луксузи на фунцкионерите и нивните патни трошоци – инклузивноста на лицата со попреченост останува на маргините и за старо-новата Влада, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 5 години

policija

МВР за инцидентот во кој се нападнати полициски службеници: Напаѓачите се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Во врска со видеото каде е нападнат полициски службеник и кое денеска се споделува на социјалните мрежи, а во јавноста беа пласирани конструкции и лаги, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека настанот се случил на 04.10.2020 околу 02.40 часот на ул. Костурски херои, пред пекара и дека  напаѓачите се приведени и против нив, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Настанот е објавен и во извадокот од дневниот билтен што секојдневно го објавува Министерството за внатрешни работи. Имено, двајца полициски службеници вршејќи мотопатролна дејност на оваа улица забележале лице кое не носело заштитна маска, а било и под дејство на алкохол и од него побарале лична карта со цел негово легитимирање. Лицето рекло дека не носи лична карта и почнало агресивно да се однесува кон полициските службеници, по што дошле и други лица, а едно од нив физички нападнало полициски службеник. Лицата веднаш се лишени од слобода и спроведени во ПС Центар, каде им бил утврден идентитетот. Лицето што не носело маска и агресивно се однесувало е А.Т. (20) од Скопје, а лицето што физички нападнало полициски службеник е И.М. (22) исто така од Скопје.  За целиот настан е изготвен соодветен службен материјал.  Секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе се соочи со законот. Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесување нема да се толерираат.  

Македонија | пред 5 години

avatar

Инспекциите добија поголеми овластувања за справување со прекршителите на Ковид мерките

Владата ги разгледа и ги усвои предлог измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои се предвидени нови поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на Ковид протоколите.Законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво.Според измените, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект.Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на правните лица (фирмите).Измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и одобри Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања