Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

cisterna

Винил хлорид мономерот од ОХИС е пренесен во Германија

Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина информираат дека цистерната под притисок со винил хлорид мономер безбедно пристигна во Германија и се чека согорување на оваа опасна материја.Согласно известувањето добиено од фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина кој го надгледуваше целиот процес, постапката за извоз и безбедно транспортирање на винил хлорид мономер од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС” Скопје, комплетно е завршена.„На 29.09.2020 година, согласно законските прописи за транспорт на ваков вид на опасен отпад, однапред беше испратена најава дека ќе се врши извозот и беа известени надлежните институции и гранични премини на Северна Македонија, транзитните држави (Србија, Хрватска, Словенија и Австрија), како и земјата увозник – Германија.На 02.10.2020 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно со помош на соодветна дигалка се изврши утовар на цистерната во која беше преточен винил хлорид мономер на транспортно возило сопственост на транспортерот ДЕНИС Гал – Бугарија, која ги поседува сите лиценци за меѓународен транспорт за ваков вид на опасен отпад. Во истиот ден започна и се заврши царинската извозна постапка и веќе околу 17часот транспортното возило товарено со цистерната ја напушти македонската територија.Транспортот се одвиваше без никакви проблеми и на 06.10.2020 година транспортното возило со цистерната пристигна на терминал во Германија каде се заврши царинската постапка, за потоа да се упати кон согорувачот SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbh во Schkopau Germany. Истиот ден се изврши прием и цистерната е безбедно истоварена кај согорувачот. Согласно распоредот на согорувачот во идниот период очекуваме повратна информација кога винил хлоридот мономер ќе биде уништен“, се вели во соопштението.Активноста е дел од проектот за Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС”- Скопје.

Македонија | пред 5 години

andonovski

Андоновски: Извештајот на ЕК е рентген слика на Македонија, власта недоволно посветена на секојдневните проблеми на граѓаните

Утринава Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во утринската емисија на Алфа телевизија каде што посочи дека Извештајот на ЕК треба да се гледа во перспектива. Извештајот на ЕК претставува една рентген слика на тоа каква е состојбата во општеството, во Македонија. И во повеќе од стотина страни се анализираат аспекти на македонското општество, на македонската политика, македонските институции.„Проблемот првенствено е во корупцијата, која што во овој Извештај го зазема највисокото место на критика. Вториот сериозен проблем е реформата во јавната администрација, која што исто така е проблем затоа што не е сервис на граѓаните. Не нуди услуги. Тука се и ред други домашни задачи која што власта очигледно не им посветила воопшто доволно внимание. И како еден најголем проблем за кој што треба многу да внимаваме во наредниот период особено заради КОВИД кризата е проблемот со економијата на кои особен акцент се става во самиот Извештај“, нагласи Андоновски.Андоновски додаде дека власта парите што ги зема на заем ги троши непродуктивно.„Како е тоа непродуктивно? Парите се трошат на превработување на администрацијата, имавме десетици огласи во Општините за време на криза. Се пополнети некои Општини по 200-300 нови вработувања. Имаме договорци, тие што ги велат хонорарни вработувања сето тоа за да се зачува еден внатре партиски мир кај СДСМ. А, од друга страна немаме никакви капитални инвестиции, односно тие пари кои што се земаат не се вложуваат“, истакна Андоновски.Андоновски посочи дека според критериумите од Мастрихт се смета дека државата може да пристапи кон ЕУ ако задолжувањето и е до 60% од БДП. Ако се надмине тој праг автоматски не се исполнува еден од клучните услови на ЕУ.Андоновски напомена дека за носење одлуки и пресуди судската власт за одредени луѓе бргу решава во случај на претставници од поранешната власт или пак обични граѓани, а пак за функционерите од актуелната власт решенија нема, предметите и случаите се заташкуваат.„Ние пред изборите предложивме донесување на Закон за испитување на потекло на имот. Не може да ни се случува политичар кој што се занимава со политика 5-6 или пак 7 години, еден или два мандати да му се случи да има милиони или милијарди во имот, во автомобили, во луксузни вили. Политиката не смее да биде извор на доход како да сте бизнисмен во некоја најиновативна компанија. Па во „Гугл“ да работите вие не можете за 5-6 или 7 години да заработите толку имот како што има фамилијата на власта“, рече Андоновски.Андоновски посочи дека такви нелогичности во Западниот свет се откриваат но и казнуваат, така треба да се одвива и во Македонија.

Македонија | пред 5 години

pajak-11

За една недела подигнати 305 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (01.10 – 07.10.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 305 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 284  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 277 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Скопје | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

309 санкционирани возачи во Скопје, од кои 86 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 8 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 86 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 7, од кои 2 возила коишто вршат јавен превоз на патници – автобуси, 68 мерки за непрописно паркирање, 71 возило подигнати со пајак, а изречени се 120 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.  

Скопје | пред 5 години

koronavirus-ukrepi-

ИЈЗ: Најголемо зголемување на заразени со КОВИД 19 во возрасните групи од 20-29 и 30-39 години

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 28 септември до 04 октомври 2020г., тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 1,5% повеќе во однос на минатата недела.Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12.2% или 3% повеќе во однос на претходната недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=239, 19,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=220; 18,3%), 50-59 (n=200; 16,6%), 30-39 (n=222; 18,5%) и 20-29 (n=194; 16,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 3,2%) и 10-19 години (n=90; 7,5%). Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60% односно 46,1%, соодветно.Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1074; 89,3%), регистрирани се 142 (13,2%) хоспитализирани, а кај 280 (26,1%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.Од вкупниот број на нови случаи во периодот 28 септември-4 октомври,  403 (37,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување во последни 14 дена.По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 786 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната недела.Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Сovid-19 во Република Северна Македонија 28.09-04.10.2020г., како и Кумулативната состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Уште 22 првачиња во ООУ Гоце Делчев во самоизолација

Општина Центар ја информира јавноста дека уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште Гоце Делчев се во изолација. Мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на корона вирусот, и не одела на работа, сепак детето го носела на настава.Општина Центар најостро го осудува неодгворното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира наставничката.„Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците “, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој е во постојан контакт со директорите на основните училишта, кои работат според препораките на надлежните здравствени институции.Општината ги презема сите чекори за одржување на хигиената во училиштата и апелира до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените мерки и препораки.

Скопје | пред 5 години

08102020_PVRSM_Gostuvanje_AlsatM_3

Заев: Отворам дебата како да се претворат во инвестиции за дополнителен економски развој околу 1,5 милијарди евра на граѓаните што ги чуваат дома

„Ние сме уште земја во транзиција и се смета дека кај граѓаните има околу 1,5 милијарди евра кои се надвор од финансиските текови и од финансискиот промет. Подготвени сме да ја отвориме дебатата за тоа кои се најдобрите услови и што треба да направиме за да поттикнеме овие огромни средства да се трансформираат во инвестиции за дополнителен економски развој“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ АлсатМ.„Сега имаме стабилен и сигурен амбиент за инвестиции и за економски развој заради нашето членство во НАТО, а еве нé и пред почетокот на отворањето на поглавјата за членство во ЕУ и Брисел нé стави во фокусот со Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан. Но, да се запрашаме дали ги користиме сите ресурси? Дали ги знаеме сите наши  ресурси? Дали се максимално искористени? Владата отвори дебата со коморите, а отворив дебата и на една од седниците за важни теми кои треба да станат видливи, како што е темата на кој начин да се стават во функција 1,5 милијарди евра на граѓаните“, објасни премиерот Заев.Заев истакна дека голем потенцијал за инвестиции има во земјоделското земјиште кое што во голема мерка е уште државно.„Легализиравме одреден процент со мерките за консолидација на земјоделското земјиште, но остануваат уште многу површини. Ако станат сопственици граѓаните, компаниите, ако го купуваат тоа земјиште со парите кои сега не се во промет, тие ќе повлечат повеќе кредити за своите инвестициски активности. Има и други теми. Тука се автомобилите со странски таблички кои средствата за регистрација ги плаќаат во други држави. Зошто да не им дадеме можност да добијат домашни таблички и да се регистрираат кај нас? Потоа тука се угостителите. Зошто е толку мало учеството на угостителството во бруто домашниот производ, а во европските земји тоа учество е многу поголемо? Да ја отвориме таа дебата. Да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптек сите ресурси затоа што неповторлив е овој период. Од ЕУ,  регионот добива 9 милијарди евра и тоа е секако заслужена поддршка, но да видиме што правиме дома. Како да ги поттикнеме и искористиме сите ресурси затоа што имаме многу можности и предности“, истакна премиерот Заев во „Економски магазин“ на ТВ АлсатМ.

Македонија | пред 5 години

08102020_PVRSM_Gostuvanje_AlsatM_1

Заев: Имаме силна политичка волја и подготвеност да спроведеме длабоки и структурни реформи, дури и оние кои не се популарни

„Имаме силна политичка волја и подготвеност за целосно и длабоко спроведување на структурните реформи“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ АлсатМ, на прашањето каков е одговорот на Владата во однос на ова прашање кое го нотира и Европската комисија во годинешниот извештај за нашата земја.„Некои од тие мерки се непопуларни, но ќе мора да бидат спроведени. Драстичното намалување на непродуктивните трошоци, вклучително тука и намалување на администрацијата за 20% е нешто што ќе ослободи дополнителни финансиски средства за да ја помагаме економијата со капитални инвестиции. Нашата продуктивност мора да ја изедначиме со онаа на земјите од ЕУ, а тоа ќе дојде со доследно спроведување на реформите од правосудството до образованието“, нагласи премиерот Заев.Тој потенцираше дека дигитализацијата мора да ја прифатиме како неопходност и тоа оваа криза го покажа како суштинска потреба.„Многу од традиционалните работни места ќе исчезнат, но затоа со дигитализацијата се отвора многу широк спектар на нови или досега недоволно прифатени. Секоја криза носи и можности кои треба да ги препознаеме и да направиме предност од нив, и ние мора да се подготвиме да работиме во вакви околности“, потенцираше премиерот Заев во дебатата на емисијата „Економски магазин“, на ТВ АлсатМ.

Македонија | пред 5 години

direktor-POC

Директорот на ЈП „Паркинзи“ позитивен на коронавирус

Директорот на ЈП ПОЦ, Васко Кичевски е позитивен на корона вирус. Тој утринава ги добил резултатите и веќе е во домашна самоизолација.И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација, напиша Васко Кичевски директорот на ЈП ПОЦ на ФБ.На крајот од постот тој се извинува доколку го пренел вирусот некому, како што вели „несвесно последниве денови сум довел некого во опасност“. https://www.facebook.com/vasko.kicevski/posts/10157432380876911

Скопје | пред 5 години

panovski

(ВИДЕО) Д-р Пановски предупредува: „Ако ова вака продолжи бројките може да одат и над 1.000 случаи дневно“

Доктор Никола Пановски вечерва за Канал 5 тв напомена дека воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво.-Рекордов ќе трае кратко. Брзо ќе биде соборен бидејќи по мене овие се некаде од петок-сабота. Сега ќе дојдат од сабота вечер- недела. Тие се тие денови на инкубација. Се јавуваат нови случаи. Па ќе дојдат случаи каде овие ги заразиле дома. Тоа ќе се шири. Ова е сериозен проблем и треба сите да се вклучат и власт и опозиција и верски лидери и доктори да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките. Веќе ќе колабираме, туку и економски, вели др. Пановски.Тој додава дека прва мерка треба да биде навечер да има полициски час.„Ако ова вака продолжи во затворен простор, денешната вројка ќе биде смешна, во тоа што ќе не чека понатаму“, изјави Пановски.

Македонија | пред 5 години

skolo

Второодделенец од радовишко Подареш позитивен на коронавирус

Седум до десет ученици од второ одделение од Основното училиште „Коста Рацин“ од радовишкото село Подареш ќе бидат ставени во изолација, откако нивен соученик на седумгодишна возраст е позитивен на тест за коронавирус.Директорката на Центарот за јавно здравје Штип, Марија Димитрова ја потврдува информација. Наставата во ова училиште продолжува за учениците од прво и трето одделение, бидејќи немале контакт со заразеното седум годишно дете.Ова е прв заразен ученик во источниот и југоисточниот регион, кој наставата ја следи со физичко присуство во училиштето.

Македонија | пред 5 години

micskoski

Мицкоски: Неспособноста на Заев убива луѓе

317 новозаразени од КОВИД. Работата одамна е излезена од контрола. Заев пред изборите прогласи победа над заразата, демантот на ова стигнува секој ден изразен во заразени и смрт, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Неспособноста на Заев и министрите убива и чини животи.Ако мафијата, наместо кон крадење беше насочена кон спасување животи, денес ќе имавме друга ситуација.Починатите не се бројка, тоа се имиња и презимиња кои денес не се со своите семејства.Неспособноста на Владата убива, напиша Мицкоски на ФБ.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Под истрага 13 лица за даночно затајување, за пет лица предложени мерки на претпазливост

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кривични дела даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, за две лица истрага е поведена за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  петмина се осомничени за продолжено извршување на истото кривично дело, тројца се под истрага затоа што кривичното дело го извршиле во соизвршителство, додека тројца се осомничени за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од 01.01.2015 до 31.12.2017 година осомничените како сопственици, управители и овластени лица на сметките и деловните активности на правни лица,  како и тројца вработени одговорни лица во експозитура Тетово на една деловна банка, со умисла извршиле две временски поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи исти прилики, со намера да одбегнат плаќање данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок на доход на кои биле обврзани со Закон, дале лажни податоци за своите приходи со што влијаеле на утврдување на износот на даночните обврски.Петмина осомничени се лишени од слобода и за нив надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган, како и привремено одземање патна и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова.Со поднесената кривична пријава беа опфатени уште 7 физички и 15 правни лица. За нив надлежен јавен обвинител отвори претходна постапка и тоа за физичките лица за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 1, а за правните лица за истото кривично дело согласно став 3 од Кривичниот законик.​

Македонија | пред 5 години

gjoko

Царинската управа со највисока оценка во овогодинешниот извештај на Европската комисија

Царинската управа на Република Северна Македонија како дел од подготовките за влез во Европската Унија во континуитет воведува нови информатички системи поврзани со спроведување на царинските постапки. Целта е поедноставување и рационализирање на сите царински процеси и постапки преку имплементирање на електронска и бесхартиена околина во ЦУ и интегрирање со системите на ЕУ, напиша на својот ФБ профил директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.Танасоски во својата објава додава:Доказ за успешно превземените активности за олеснување на царинските постапки е и признанието кое ЦУ го доби во овогодинешниот извештај на ЕК за напредок на РСМ во пристапувањето кон ЕУ.Поглавјето 29.Царинска Унија ја има највисоката оценка која е дадена во овој извештај со заклучок дека Царината има постигнато добар напредок во претходната година и одржува добро ниво на подготовка во делот на Царинската Унија.Концептот дигитална царина е веќе реалност и е нотирано во самиот извештај на ЕК каде се констатира „Земјата заврши, примени и одржува нов електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД)“.Во извештајот се истакнува и дека е воспоставен едношалтерски систем за контрола на границата со Србија (One Stop Shop) кој резултира со поуспешни стапки на откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува безбедноста. Со воспоставување на новиот начин на работа и заедничката гранична контрола на службите на двете земји, коридорот 10 стана поатрактивен и поефикасен за вршење извоз, увоз и транзит на стоки Ваков систем на заеднички контроли е во тек на воспоставување со Р.Албанија каде што веќе започна со работа новоизградениот царински терминал.Кон добрата оценка за поглавјето 29, придонесоа и високата усогласеност на царинското законодавство со законодавството на ЕУ; воведувањето на концептот на Овластен економски оператор (ОЕО), подобрената меѓу-институционална соработка, учеството во меѓународни операции за борба против недозволена трговија со дрога, фалсификувана стока и лекови, акцизна стока, оружје, експлозиви, опасен отпад и хемикалии, диви животни и растенија, културни добра и борба против трговија со луѓе, итн..Во наредниот период претстои вистински ангажман во домен на консолидација и целосна примена на постоечките ИТ системи, нивна надградба и одржување, континуитет во работењето и целосна имплементација на Протоколот 5 на ЦЕФТА за олеснување на трговијата. 

Македонија | пред 5 години

protest

(ВИДЕО) Музичарите и угостителите на протест пред владата: Доведени сме до финансиски колапс и ние имаме деца за хранење

Попладнево пред Владата на Република Македонија започна протестот на музичарите, сопствениците на ноќните клубови и угостителите од рестораните за семејни прослави против рестриктивните мерки на кои ги донесе Владата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а се однесуваат на угостителските објекти.Пред владината зграда тие поставија импровизиран ноќен клуб на кој стои натпис „затворено”. Седум месеци откако се затворени, тие денеска побараа финансиска поддршка и да се донесат протоколи за да можат да работат, пренесува „360 степени“.Даниел Сидовски, како претставник на музичарите и организатор на протестот рече дека бараат во рок од два дена премиерот Зоран Заев да ги прими и да ги слушне нивните барања. Вели, околу 20 000 свадбени работници и музичари се засегнати од кризата, а покрај музичарите и угостителите ги наброја салоните за венчаници, за свадбени декорации, фотостудија, менаџери.„Ние не го шириме ковид – вирусот, ние не сме главни преносители на вирусот. Има многу посериозни пренесувачи кои вие ги одобривте по нивно барање за тековна работа. Ние немаме веќе сили, ни како ни со што да работиме и да издржуваме семејства ако продолжите вака”, рече Сидовски. 

Македонија | пред 5 години

HM-Varhei-1

Мицкоски на средбата со Оливер Вархеји искажа загриженост и за злоупотребата на носење на закони по скартена постапка со европско знаменце

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија - Оливер Вархеји на која разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија.Мицкоски на средбата се осврна и на извештајот и документот кој што вчера Европската комисија го објави за Република Македонија. Мицкоски искажа загриженост во однос на извештајот на Европската комисија за слабостите и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта. Мицкоски укажа на слабостите и недоволното справување со корупцијата која е распространета во сите области.Претседателот Мицкоски искажа загриженост и за злоупотребата на носење на закони по скартена постапка со европско знаменце како и слабиот напредок во подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загаденоста.Мискоски на средбата истакна дека опозицијата и во минатото укажуваше дека Европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати како за носење закони за фабрики за марихуана, како и за закони за правосудството.Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со КОВИД-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се превзема ништо и како на здравствен така и на економски план.Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.На средбата, разменети беа и мислења за актуелните случувања и состојби во регионот.На средбата беше изразено задоволството  да се изнајде најдобар начин за да се остварат приоритетите  кои ќе придонесат кон менување на пејзажот на регионот на полето на економијата и Македонија да стане ефективно подрачје во кое ќе се инвестира и ќе се подобрат условите за живот на луѓето кои живеат овде во поглед на јавното здравје, поврзаноста, достапноста на дигиталните алатки за кои и  ЕУ е подготвена за нивно заедничко спроведување.При средбата претседателот Мицоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија. 

Македонија | пред 5 години

ramus

Рамуш Харадинај ја претепал сопругата

Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај ја претепал својата сопруга, пишува косовскиот портал „Бота сот“.Извори од Ургентната клиника во Приштина за „Бота сот“ откриваат дека ноќеска имале случај од семејно насилство. Имено, станувало збор за поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, за кого се тврди дека ја нападнал својата сопруга Анита.Истите извори од урегентниот центар за „Бота сот“ велат дека во домот на Харадинај биле со присуство на полицијата.

Македонија | пред 5 години

advokat-dukoski

Дуковски: Влошената здравствена состојба на Боки 13, раната не зараснува

Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки13, обвинет во случајот ,,Меѓународен сојуз“ не се подобрува, туку се влошува, истакна неговиот бранител адвокат Сашо Дуковски. Тој по одлуката да се одложи денешното рочиште, пред новинарите истакна дека раната на неговиот клиент не му зараснува.– Се работи за керотизирано ткиво, односно зацврстено ткиво кое што секое т.н. крпење на желудникот е тешко и не случајно некој човек и затоа што е здрав се држи во болнички услови затоа што ни од далеку истото не може да се спроведе во затворот „Скопје“ – изјави адвокат Дуковски пред Кривичниот суд.Заради влошената здравствена состојба на обвинетиот Јовановски, одбраната поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор со мерката куќен притвор. Но, едно вакво барање како што истакна адвокатот Дуковски, вчера им било одбиено.извор: plusinfo.mk.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Нов рекорд на заболени во Македонија: Денеска се регистрирани 317 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 .Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1.Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 7724, активни 1166• Куманово 1823, активни 166• Дебар 290, активни 35• Штип 1307, активни 79• Прилеп 742, активни 138• Тетово 1517, активни 168• Струга 693, активни 42• Велес 348, активни 36• Битола 344, активни 78• Охрид 443, активни 36• Кавадарци 256, активни 41• Гостивар 959, активни 68• Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 328, активни 185• Крива Паланка 130, активни 38• Радовиш 107, активни 35• Крушево 20, активни 1• Кочани 450, активни 183• Пробиштип 119, активни 17• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 93, активни 2• Пехчево 46, активни 3• Берово 129, активни 47• Валандово 54, активни 39• Виница 126, активни 36• Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 26, активни 2• Свети Николе 380, активни 57• Кичево 340, активни 29• Ресен 167, активни 9• Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1990 теста се преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-98, Авицена-457,  Биотек-249, МАНУ -124, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –43, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-18, Синлаб-118, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 66• Гази Баба – 126• Аеродром - 208• Карпош – 180• Центар – 210• Кисела Вода – 131• Ѓорче Петров – 93• Бутел - 49• Шуто Оризари – 15• Студеничани – 4• Сарај – 14• Арачиново – 5• Илинден – 31• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 4• Петровец – 8• Зелениково - 3• Странец – 10• Нераспределен-6

пред 5 години

07102020_Zaev_Varheji_pres-konferencija_2

Заев - Вархеји: Позитивните годинешни пакети на Европската комисија нѐ мотивираат да продолжиме со имплементацијата на реформите, како и остварување на проектите за економско зајакнување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска го прими во официјална посета комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, кој по пречекот и тет-а-тет средбата со премиерот Заев присуствуваше на свечената седницата на Владата, на која го презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за нашата земја и Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан.По седницата на Владата, премиерот Заев и еврокомесарот Вархеји одржаа заедничка прес-конференција.На конференцијата, на која новинарите учествуваа преку онлајн вклучување, премиерот Заев, посакувајќи му добредојде на еврокомесарот Вархеји, се заблагодари за неуморниот ангажман за, како што рече, унапредувањето на евро-интеграциското досие на Северна Македонија.Осврнувајќи се на двата документи кои вчера Европската комисија ги објави за европската агенда на Република Северна Македонија, Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, премиерот Заев истакна дека тие се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за нашата земја, и во период кога го очекуваме одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ до крајот на годинава во рамки на германското претседателство со ЕУ.„Целиот пакет документи се придонес кон создавање силен политички момент за уште еден, овој пат ќе речам - конечен исчекор во европската агенда на земјата со кој ќе отпочне преговарачкиот процес согласно новата методологија и влегување во нова повисока фаза во остварувањето на нашата стратешка цел-членство во ЕУ“, рече премиерот Заев додавајќи дека Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата Влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секторските планови во наредниот период.Тој додаде дека на овој начин се создава силна синергија и комплементарност, поефикасно планирање на неопходните ресурси и подобро фокусирање на целиот општествен потенцијал за испорака на конкретни резултати за просперитет на Северна Македонија и на сите граѓани во неа.Потенцирајќи дека во Извештајот за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата на нашата земја со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво, премиерот Заев посочи дека во него се наведува дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.„Посебно се издвојуваат наодите во  областите  фундаментални  вредности,  избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи  дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер, заедно со министрите, од анализата на наодите од Извештајот ќе ги искористиме укажувањата на Европската комисија за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјата за преговори посветен на темелните вредности, кои натаму ќе се преточат во преговарачки позиции на нашата земја“, рече Заев посебно издвојувајќи го Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, за кој како што рече, комесарот Вархеји има најголема заслуга.Претседателот на Владата, Заев подвлече дека овој Инвестициски план е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот.„Мобилизираната финансиска поткрепа од девет милијарди евра преку ИПА 3 финансирањето, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој“, посочи Заев на денешната прес-конференција.Премиерот Заев изрази задоволство и информираше дека веќе е прифатена листата на созреани национални проекти кои ќе имаат сериозно општествено влијание како што се проекти од областа на управувањето со отпад и отпадните води, користење на хидро-енергетскиот потенцијал на земјата, унапредување на гасоводната мрежа, како и продолжување на унапредување на патната и железничката инфраструктурна мрежа долж Коридорот 8, кои Владата на Северна Македонија, како и владите на останатите земји од регионот ги доставиле до Европската Унија.Премиерот Заев, до Европската Унија упати благодарност и за понудената помош и покажаната солидарност за полесно совладување на  последиците предизвикани од КОВИД-19 кризата, подвлекувајќи дека веќе е пристигната помош од 80 милиони евра, а останатите 80 милиони евра ќе бидат доставени подоцна, за соочување со социо-економските последици.Еврокомесарот Оливер Вархеји на прес-конференцијата истакна дека Скопје е прва станица од неговата маршрута низ земјите на Западниот Балкан и изрази задоволство што лично може да ги соопшти добрите вести дека Европската Унија е ангажирана со нашата земја за зајакнување на проширувањето, со тоа што има нова методологија, постигнување договор со другите земји-членки за почеток на преговорите со Северна Македонија и како што подвлече Вархеји, третата ногарка која го прави столчето стабилно е Инвестицискиот и економски план, кој е значителен поттик за економијата во регионот.Вархеји подвлече дека Европската Унија е важна за Северна Македонија и за целиот регион и Планот ги содржи сите идеи во однос на областите каде може најмногу да се придонесе за заздравување на економијата за одржлив најбрз начин.Тој изрази надеж дека по брза постапка ќе се остварат сите избрани иницијативи, кои на најдобар начин ги одразуваат приоритетите и кои ќе придонесат кон менување на пејзажот на регионот на полето на економијата и Западниот Балкан да стане ефективно подрачје во кое е инвестирано и ќе ги подобри условите за живот за луѓето кои живеат во овој регион во поглед на јавното здравје, поврзаноста, достапноста на дигиталните алатки и за кои ЕУ е подготвена за нивно заедничко спроведување.Еврокомесарот Вархеји одговарајќи на новинарско прашање, одговори дека за охрабрување е, и во интерес на Република Бугарија и Северна Македонија, изнаоѓањето решение за сите прашања и дека ова е моментумот да се постигне тоа. Тој додаде, дека гледа посветеност од двајцата премиери, Заев и Борисов да изнајдат решение и посочи дека тоа не е невозможно.

Македонија | пред 5 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: Странски медиуми известуваат за милионски имоти на Заеви додека Македонија тоне во сиромаштија

Додека мафијата на власт се богати и стекнува имоти и во странство, народот во Република Македонија тоне во сиромаштија. Зоран Заев како премиер на Република Македонија со денови го избегнува скандалот за кој пишуваа странски медиуми дека Заеви, нивни блиски луѓе до семејството стекнале ексклузивен имот на Халкидики во Грција. Дали Кланот Заеви метастазира до степен да го зафати целиот регион?Македонија поради Заев станува предмет на регионална опсервација, за тоа како земјоделското семејство Заеви за толку кратко време станало толку богато за да може да поседува луксузни имоти и вили во странски држави, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.И македонската јавност и регионалната јавност отворено прашуваат уште колку имоти имаат Заеви надвор од Република Македонија, во време кога земјата е една од најсиромашните земји во Европа и на врвот по корупцијата во Европа?Додека над 40 илјади лица останаа без работа, а приближно толку деца не можат да ја следат наставата, бидејќи нормално немаат основни услови и ИТ уреди да им обезбедат родителите заради сиромаштија, медиумите известуваат за луксузни хациенди покрај море, со базени кои народот може да ги види само на телевизија и на филмови.Додека вредните лозари добиваат мизерни два денари за килограм откупено грозје, заработка со која не можат ни да ги покријат основните трошоци за живот некој стекнал толкаво милионско богатство со кое купува имоти и луксузни добра за своето семејство во случајот премиерот  Заев.Ова е вистинското лице на Република Македонија. На една страна е мафијата на власт, на друга страна е сиромашниот народ. Старите велат ситиот не го верува гладниот. Затоа имаме власт која што не ги разбира потребите на граѓаните кои бараат достоинствен живот, па мислат дека со фрлање на трошки кон граѓаните ќе купат социјален мир дури кога некој друг од власта товари милиони во своите џебови.Македонија забрзано оди кон економски колапс дури хациенди никнуваат во Грција или кој знае каде на друго место во Европа и светот. А, за тоа можеби ќе дознаемо во иднина. Јавноста мора да добие одговори, кој ги поседува овие вили, кои странските медиуми ги поврзуваат со Заеви? Како се стекнати овие вили? Колку чинат овие луксузни вили? И од каде се парите за вакво луксузирање и купување на вакви хациенди?Мафијата во Република Македонија за жал го осиромашува народот. Тоа е тажната вистина за Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Foto-2

Средба на претседателот Пендаровски со Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.Комесарот Вархеји на претседателот Пендаровски му го предаде Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година.На средбата беа разменети мислења за клучните наоди во објавениот извештај.Заблагодарувајќи се за ангажманот на комесарот Вархеји и неговата цврста поддршка на перспективата за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, претседателот Пендаровски истакна дека Извештајот дава детален приказ на состојбите во државата и степенот на реализација на реформите. Според претседателот Пендаровски, извештајот на комисијата дава поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери посочени во документот и претставува чекор кон формален почеток на пристапните преговори за членство за време на германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината.Претседателот Пендаровски го поздрави претставениот Економски и инвестициски план за Западниот Балкан, што има за цел да го поттикне долгорочното економско закрепнување на регионот, што е дополнително отежнато поради пандемијата од КОВИД-19, а во функција на забрзување на интеграцијата во Европската Унија. Со претставениот план, според претседателот Пендаровски, се потврдува дека иднината на целиот регион е во Европската Унија, а Брисел јасно демонстрира дека регионот е нејзин геостратешки приоритет.

Македонија | пред 5 години

lopta-fudbal

ЦИВИЛ повикува навивачките групи да не користат говор на омраза или насилство

Во пресрет на утрешниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Косово, ЦИВИЛ упатува апел до сите навивачки групи да се воздржат од ширење на говор на омраза или насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години.ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институциите итно, решително и конечно да се справат и да ги санкционираат соодветно сите групи и поединци кои што шират омраза и повикуваат на насилство.

Македонија | пред 5 години

07102020_Zaev_Varheji_svecena-sednica_2-1

Вархеји: Без решение со Бугарија ќе биде многу тешко работите да се придвижат напред

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа свечена седница на која комесарот за соседство и проширување на Европската комисија Оливер Вархеји ги презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за нашата земја и Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во своето поздравно обраќање му посака срдечно добредојде на комесарот Вархеји и се заблагодари за неговиот ангажман за унапредување на ЕУ интеграциите на Северна Македонија, како и на целиот регион на Западен Балкан.„Вашата посета е знак на исклучителна поддршка за нашата земја. Таа ја потврдува поддршката и солидарноста која не изостанува од ЕУ во овие тешки времиња на пандемија од коронавирусот. Сакам да ја изразам благодарноста на Владата и на сите граѓани, за солидарноста и помошта од страна на ЕУ за здравствениот сектор, финансискиот пакет за соочување со социо-економските последици, како и макро финансиската помош која ќе биде нивно важно надополнување“, истакна премиерот Заев.Премиерот Заев нагласи дека посетата на комесарот Вархеји се остварува во исклучително значаен момент за нашата земја, во година кога станавме членка на НАТО и во период кога се очекува усвојување на Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија до крајот на 2020 година за време на германското претседавање со ЕУ.„Сега е вистинското време генерацијата на домашни професионалци да се зафати со можеби најзначајната задача која ќе го одбележи ова доба – полноправното членство во ЕУ. ЕУ е Унија на вредности и принципи, и е најуспешниот интеграциски потфат на континентот кој преку Заедничкиот пазар обезбедува економски прогрес и благосостојба за своите граѓани. Ние сме уверени и подготвени дека можеме да го изодиме тој пат и во иднина да придонесуваме за единството и развојот на ЕУ како глобална сила во светот“, рече претседателот на Владата Заев во поздравната реч на свечената седница на Владата на која комесарот Вархеји ги презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за нашата земја и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан.Како што е познато, вчера Европската комисија го објави Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, како два исклучителни важни документи за  ЕУ агендата на Република Северна Македонија.„Тие ќе придонесат кон создавање силен политички моментум за конечен исчекор во европската агенда на земјата, отпочнување на преговарачкиот процес согласно новата методологија и влегување во нова повисока фаза во остварувањето на нашата стратешка цел - членство во ЕУ. Извештајот на ЕК дава јасна слика за напредокот на земјата, но и за областите каде треба дополнително подобрување и усогласување со европските стандарди. Извештајот ќе го искористиме за подготовка на првите акциски планови и стратегии од првиот кластер посветен на Темелните вредности, кои натаму ќе се преточат во преговарачки позиции на нашата земја“, потенцираше премиерот Заев, и истакна дека финансиската поддршка од 9 милијарди евра преку ИПА 3, ќе испрати силна порака за поддршка на ЕУ перспективата на Регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој.Во своето обраќање на свечената седница на Владата на Северна Македонија, комесарот за соседство и проширување на Европската комисија  Оливер Вархеји нагласи дека ова е ден за паметење за нашата заедничката цел на Северна Македонија и Европската Унија – стартот на преговорите и остварувањето на членство на Република Северна Македонија во ЕУ.Вархеји додаде дека добрата вест е што сега Северна Македонија има уште една силна причина да работи уште повеќе на спроведување на реформите и на успешна завршница на подготовките за преговорите бидејќи станува збор за остварувања што ќе ја променат иднината на земјата.Еврокомесарот Вархеји потенцираше дека со економската помош за земјите од Западен Балкан во висина од 9 милијарди евра, ЕУ се обврзува да ја забрза европеизацијата на регионот и со забрзано економското закрепнување и за оваа намена извештајот на Европската комисија ги нотира главните области кои треба да бидат помогнати.Како посебно важни, комесарот Вархеји ги истакна регионалните инфраструктурни проекти за автопатно и железничко поврзување на главните градови на земјите од регионот, за што ЕУ направи и измени во своите политики и согласно планот на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан учеството на ЕУ во кофинансирањето на овие проекти ќе биде во висина од 40% наместо досегашните 20%.Во планот за реализација на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан приоритет има и поддршката на енергетските проекти за регионално поврзување, како и инвестирањето во социјалните и човечките ресурси во образованието и во политиките за спречување на иселувањето на младите.Во продолжение на денешната свечена седница се обрати и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров кој рече дека годинешниот извештај на ЕК за Северна Македонија е реална и објективна слика, но и референтна основа за нашите обврски во овој период.„Подготвени сме да испорачаме резултати, да одговориме на сите задачи за членство во ЕУ, и како прв чекор е да ја дочекаме  следната нова добра вест, со ваша помош, со помош на Европскиот Совет, да биде усвоена преговарачката рамка и да ја одржиме првата Меѓувладина конференција. Трите столба на европската иднина на Северна Македонија се испорачани: новата методологија, зеленото светло за почеток на пристапните преговори и инвестицискиот план за регионот економски да почне да фаќа чекор со земјите членки на ЕУ. Ова е историска шанса што имаме намера да ја искористиме“, истакна Димитров.На седницата говореше и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој се осврна на некои  актуелни регионални и соседски прашања во регионот и изрази благодарност што комесарот Вархеји и Европската комисија зазедоа принципиелни позиции околу обликувањето на делот за добрососедските односи и употребата на државните атрибути во нацртот на преговарачката рамка.„По потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, зајакнувањето на внатрешната кохезија преку доследна имплементација на Охридскиот договор, како и реформските постигнувања сега потврдени со вашиот Извештај, Северна Македонија врз основа на своите сопствени заслуги без никакво дополнително одложување и натамошно оспорување на суштински елементи за кои никој во Европа не се осмелува да спори, категорично заслужува да ги започне преговорите“, нагласи Османи и додаде дека во конструктивна и продуктивна атмосфера која ќе се ориентира кон постигнување на заедничко прифатливи заклучоци со Република Бугарија за време на неговата посета на Софија за средба со колешката Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.На свечената седница на Владата се обрати и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој потенцираше дека институциите се подготвени за трансформација и европеизација на Северна Македонија во очекување на конечното напуштање на чекалната на ЕУ и на почетокот на првата Меѓувладина конференција во декември оваа година.„Во Извештајот е оддадено признание за добриот напредок на реформите во правосудството и борбата против корупцијата, и се констатира усогласеност на законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мера. Мој приоритет, како за отворање на преговорите, така и за целиот тек на преговорите ќе биде изградба на транспарентни, ефикасни, независни и непристрасни правосудни институции базирани на принципот на владеење на правото и заштита на човековите права. Остануваме на заложбата сите реформските процеси од Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права да се прават во блиска координација и партнерство со ЕУ  и под лупата на Брисел“, рече министерот за правда Маричиќ.Во завршницата на свечената седница на Владата, премиерот Заев истакна дека годинешниот извештај на Европската комисија, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, најавуваат нова ера за успешно спроведување на реформите, за регионалната соработка, и дека планот на ЕК во наредните 4 до 5 години се поклопува со мандатот на оваа Влада со што се совпаѓаат целосно интересите на ЕУ со Програмата на Владата на Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

policija

Финасиската полиција „фрли“ мрежи, во акцијата „РИБАР“ уловени бизнисмени, банкари и сметководители

Дваесетина бизнисмени, банкари и сметководители се уапсени во акцијата “Рибар” на Управата за финансиска полиција, дознава Фокус од доброупатен извори.Акцијата е во тек, односно се вршат разговори со приведените, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања