Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Osmani

Османи на средба со Борисов и Захариева, ќе разговараат за актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и други значајни меѓународни теми

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, 9 октомври, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде што ќе има средби со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и со вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.„Посетата претставува прва билатерална посета на министерот Османи и е во духот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји и интензивирањето на политичкиот дијалог. На средбата ќе се разгледаат можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на инфраструктурата, здравството, одбраната, туризмот, образованието, културата, како и сите други области, во кои се остварува успешна соработка во согласност со напорите за спроведување на договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, соопштија од МНР.Од таму велат дека министерот Османи со премиерот Борисов и со Захариева ќе размени мислења за напредокот на регионот во процесот на европската интеграција, како и за активностите што ѝ претстојат на Република Северна Македонија, напредокот на реформскиот процес и одржувањето на првата меѓувладина конференција и формалното почнување на пристапните преговори со ЕУ до крајот на годината за време на германското претседавање со Советот на Европската Унија.Како копретседавачи со берлинскиот процес, министерот Османи со својот домаќин, министерката Захариева, ќе ги разгледа досега преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и самитот на берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 10 ноември во Софија.Тема на разговорите ќе бидат и актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и други значајни меѓународни теми.

Македонија | пред 5 години

oliver-1

Спасовски: Полицијата ќе може да влегува во домовите само со налог од ОЈО

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во вестите на телевизијата „Сител“, истакна дека уставното загарантирано право за неповредливост на домот останува и оти од тој аспект полицијата не може да делува. Единствено може да делува по пријава од соседите, рече министерот, коментирајќи ги предлозите на Комисијата за заразни болести да се забранат големи семејни собири и прослави во домовите и групирање по 22 часот, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.– Од Комисијата за заразни болести се нудат одредени предлози да имаме некаква рестрикција, која ќе помогне во спречување на ширењето на коронавирусот. Јас очекувам тие предлози да стигнат на седница на Влада за кои ќе разговараме. Ваквиот предлог веројатно е базиран на податоците за случаите кои се позитивни токму од таквите групирања во домашни услови на семејни веселби. Секако дека уставно загарантираното право за неповредливост на домот останува и тука не може да делува полицијата. Меѓутоа, многу е поважно да разбереме, дека групирањето, прославите во домашни услови, претставува најголем ризик. Токму поради тоа, треба да се преземаат некакви мерки, рече министерот Спасовски.Министерот истакна дека полицијата ќе постапува само ако има пријава, но со почитување на уставните начела кои ја гарантираат неповредливоста на домот, во соработка со јавното обвинителство. 

Македонија | пред 5 години

zaev-stoltemberg

(Видео) НАТО ќе ѝ испрати помош од 1,4 милион евра на Македонија за справување со коронавирусот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев во седиштето на НАТО рече дека бројките на новозаразени од коронавирусот растат во цела Европа, како и во Северна Македонија, и од тие причини НАТО продолжува со поддршката за земјата со нов ковид-пакет во медицинска и друга опрема вреден 1,4 милион евра.На прес-конференцијата во рамките на официјалната посета на владина делегација на седиштето на НАТО во Брисел, во чиј состав се и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев, рече дека посетата на седиштето на алијансата како негова прва официјална меѓународна посета на почетокот на вториот мандат ја потврдува посветеноста за активно учество и исполнување на обврските што произлегуваат од нашето членство во НАТО.„Станавме полноправна членка на крајот на март 2020 година во исто време кога пандемијата на Ковид-19 почнуваше да се шири. И покрај пандемијата и последиците од неа, имавме многу топло добредојде како нова членка на НАТО и веднаш бевме сведоци на силната солидарност од нашите сојузници. Сојузниците на НАТО му обезбедија помош за нашиот здравствен сектор и за справување со последиците од Ковид-19. Ние сме многу благодарни за тоа и нашите граѓани сега уште повеќе ги спознаваат пошироките придобивки од нашето членство во НАТО“, рече премиерот Заев на прес-конференцијата во Брисел.Во однос на регионот, Заев истакна дека Западен Балкан сè уште се соочува со разни предизвици и затоа, како што рече, постои потреба за негова јасна перспектива во НАТО и ЕУ бидејќи се покажа дека тоа е од суштинско значење за градење безбедна средина, која овозможува понатамошен просперитет.„Западен Балкан не е изолиран остров. Тој е неразделно поврзан со западноевропските и трансатлантските вредности и Северна Македонија ќе продолжи да биде силен промотор на регионалната политичка и одбранбена соработка и дијалог преку структурирање на регионалните активности и иницијативи што ќе ги подобрат нашите одбранбени способности и ќе развијат интероперабилност како за заеднички интереси така и за наши индивидуални цели“, рече Заев.

Македонија | пред 5 години

Ilir_Hasani

Наместо да оди во самоизолација, заменик министерот за здравство гостува по емисии и се спрема за кафе во Приштина?

Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, од редовите на ДУИ, кој воедно е и лекар (!), во гостување на телевизијата Клан Македонија призна дека седел во локал со 4 лица, од кои едното е позитивно на коронавирусот.„Јас вчера бев на една маса со 4 лица… од кои кај едниот од нив денеска излегол резултат дека е позитивен. Иако држевме доволно дистанца меѓу нас, иако беше надворешен амбиент. Но многу подруго е да се контролираат 4 лица, отколку 12 лица…“, изјави Хасани во вчерашното гостување на Клан МК, објави  frontline.mk.Се поставува прашањето, зошто заменик – министерот не е во самоизолација по контактот со заболено лице, туку гостува во ТВ емисија, доведувајќи во потенцијален ризик и други луѓе?Инаку, новиот заменик-министер за здравство Хасани, откако стапи на функцијата, стана „популарен“ по неговата неодамнешна изјава дека „набргу ќе се пие кафе во Приштина без ПЦР тест“. По вакви неодговорни постапки, останува да видиме кој ќе биде јунакот што ќе пие кафе со него во Приштина?Извор: frontline.mk

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: Еве зошто силните милијарди евра од ЕУ во Македонија се една голема лага

Колумна, 8 октомври 2020, проф. д-р Јанко Бачев претседател на Единствена МакедонијаЕврокомесарот Вархеи, вчера на свечената седница на владата во Скопје без око да му трепне извади од ракав нови 9 милијарди евра помош за Македонија и земјите од регионот.Мора да признаеме дека ЕУ има фантастична тактика. Бомбастично најавуваат силни милијарди евра кои убаво звучат за народот иако тоа останува само голема лага и ветувања. Да илустрирам со неколку примери:Во контекст на војната во 2001 година, ЕУ преку т.н. Пакт за стабилност тогаш најави донаторска конференција од која очекуваат 200 милиони долари помош за Македонија и за како што го нарекуваа тогашното храбро македонско раководство кое го склучи капитулантскиот рамковен договор. На крај, тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и тогашниот министер за финансии Никола Груевски кажаа дека од донациите остана само ветувањата, не доделија од ЕУ ниту цент. Дури, Георгиевски и Груевски уште кажаа дека овие од ЕУ всушност се мајтапат со нив, бидејќи, како што рече Груевски првично им рекле донации а сега им нуделе кредитни линии со што само се зголемува задолженоста на земјата.На 24 септември 2015 ЕУ објави дека и доделува на Македонија 700 милиони евра за справување со мигрантите. Покасно, на 14 март 2016, ЕУ дополни дека на Македонија и  доделува уште 50 милиони евра за справување со мигрантите. Меѓутоа, истиот ден дојде одговорот за оваа голема лага на ЕУ, и тоа не од било каде туку од најкомпетентно место – од  претседателот на државата, тогаш Ѓорге Иванов кој рече дека ЕУ не доделила ниту цент помош за Македонија за проблемот со бегалците.Јоханес Хан во својство на еврокомесар на 7 февруари 2018 изјави дека ЕУ ќе додели над една милијарди евра за Западен Балкан за да се подготват за влез во Унијата. Убаво за слушање. Ќе ни дале една милијарда евра за да се подготвиме за влез во ЕУ. Хан си замина од функцијата, му истече мандатот а од парите ништо. Тогаш Хан уште рече дека од 2007 до 2017 ЕУ донирале, внимавајте добро, 9 милијарди евра во Западен Балкан. Во реалноста едно големо ништо.Во 2018 од ЕУ рекоа дека се доделени уште над 1 милијарди евра. На крајот на таа истата 2018 година, поточно на 18 декември, ЕУ објави дека и дава на Македонија нови 70 милиони евра а до 2020 година дополнителни 250 милиони евра за модернизација. Одлично, ќе не модернизирале. Меѓутоа, еве ја дојде 2020 година, од парите ниту цент.Во мај 2020 на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, срцепарателно изјави дека ЕУ имала посебна одговорност за нас, значи ептен биле потресени за нас и без око да и трепне од Загреб порача дека даваат 3,3 милијарди евра помош за Македонија и земјите во регионот. Во реалноста, пак, едно големо ништо.Приказните со наводните силни пари од ЕУ ги видовме и во ова тешко време во кризата со коронавирусот. Зоран Заев во месец март, три дена го лажеше народот за добиена помош од 70 милиони евра од ЕУ за борба против коронавирусот. Тогаш, го повикав Заев да го покаже изводот од буџетската сметка каде се легнати 70 милиони евра од ЕУ. Поминаа 6 месеци и до денешно време нема ниту 7 евра, а не пак 70 милиони евра. Се разбира, не мора мене да ми верувате, ама еве пак го повикувам Заев да го покаже изводот од буџетската сметка каде се пуштени 70 милиони евра. Во краен случај, тоа се јавни пари, не се државна тајна. Меѓутоа, и ова е една голема лага. За волја на вистината Самуел Жбогар во својство на евроамбасадор ни даде 25 шатори, 200 душеци и 1.000 ќебиња од ЕУ во борбата со коронавирусот.И најново сега од вчера, ќе ни дале нови 9 (и со зборови: девет) милијарди евра.Да не редам повеќе примери, многу милијарди ветувања, а во реланоста – тишина. Едно големо ништо. Ни пари, ни бутур.Во 1990 година кога се срушија социјалистичките држави, богатите држави од запад практично воспоставија ново неоколонијално ропство спрема Македонија и земјите од Источна Европа. Во такви околности во изминатите 30 години ЕУ од овие земји има извлечено силни милијарди преку разни методи (со оглед на просторот во друга прилика) и не случајно богатите земји стануваат уште побогати. На пример, поучен е случајот со Бугарија членка на ЕУ. Таму пред три години излегоа показатели дека богатите држави од ЕУ од Бугарија во изминатите десетина години имаат извлечено 25 милијарди евра, а во форма на донации назад имаат повратено околу 15 милијарди евра. Пред некој ден излезе информација и за Хрватска дека ЕУ има повеќе извлечено отколку дадено. Од Македонија, досега, во изминатите 30 години се извлечени околу 5 милијарди евра а во форма на донации се вратени назад околу 400 милиони евра и тие им служат во наменската кампања на ЕУ да го замајуваат народот или народски кажано да му ги замачкуваат очите. Па така, од време на време ќе слушнеме како ЕУ изградила некој селски пат, школо, амбуланта… а еден дел од тие пари им служат за купување на домашните политичари-марионети кои потоа верно им служат како и финансирање на разноразни невладини организации, наменски експерти, професори, новинари….Далеку од паметот е да се мисли дека има на запад некои луди германци, холанѓани, швеѓани кои ќе го полнат буџетот на ЕУ за да тие истураат силни милијарди во Македонија оти ептен се потресени да не направат богати, среќни и весели. Ова е надвор од секаква човечка логика. Треба да се има реална слика за природата на ЕУ како организација која функционира како своевиден картел на интереси каде богатите сакаат да станат уште побогати преку неоколонијализмот врз останатите.За крај, да не бидам погрешно разбран колумната е само во функција на разјаснување на наменската политика на ЕУ со силните милијарди кои остануваат ветување и лага. Инаку, никој не е должен некому нешто да дава и дека со питачење и молење на странска помош држава не се прави. Дури, Македонија и утре да стане членка на ЕУ пак ќе си биде исто. Доколку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, никој од надвор нема да го направи тоа.

Македонија | пред 5 години

palmi-ohrid

Во акцијата „Рибар“ е уапсен и сопственикот на фирмата која ги увезуваше кинеските палми

Го уапсија за фиктивни палми, но не за палмите садени во акцијата Засади Дрво. Во акцијата Рибар е уапсен и сопственикот на фирмата која ги увезуваше кинеските палми кои се садеа по скопје и во други градови низ Македонија во акцијата Засади Дрво, потврдија од Финансиската полиција за Телма.Оттаму велат „дека кривичното дело за кое се товари приведеното лице во акцијата ,,Рибар ,, не се однесува за конкретната набавка на палми за акцијата Засади дрво, туку  за фиктивна набавка на  хортикултурни растенија меѓу кои се набавени и  палми. 

Македонија | пред 5 години

puska

Приведени лица за незаконит лов во Македонски Брод

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, по претходно добиени оперативни сознанија за извршено кривично дело „незаконит лов“, по член 228 став 1 од Кривичниот законик и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, врз основа на судска наредба, денеска(08.10) во периодот од 06.00 до 11.00 часот, извршија претрес на дом и помошни простории кај лицата И.Б.(65), М.Б.(37), С.Б.(33) во с.Долно Крушје, општина Македонски Брод.При претресот биле пронајдени и одземени поголема количина месо од уловен дивеч, еден ловен карабин калибар 7.9 мм, една ловечка пушка едноцевна Руска, една ловечка пушка букерица ИЖ 27 ЕМ Риска калибар 12 мм., 130 парчиња муниција 7.9 мм х57, 13 парчиња муниција 8х57, две парчиња муниција 7.9х57, осум парчиња муниција 7,62х51 и 14 патрони за ловечка пушка калибар 16 мм.Исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и во домот и помошните простории на лицето Б.Б.(80), а се во владение на неговиот син Д.Б.(53) во с.Долно Крушје, Општина Македонски Брод, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка двоцевна Руска калибар 16, поголема количина месо од уловен дивеч и 42 парчиња патрони за ловечка пушка калибар 16 мм.Од слобода биле лишени М.Б.(37) и С.Б.(33) и биле задржани во ОВР Македонски Брод. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Претседателот Пендаровски се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава, на тема „Западен Балкан по Ковид-19“.Потенцирајќи го извештајот на Европската Комисија од 2016-та година во којшто нашата земја се посочуваше како „заробена држава“, претседателот Пендаровски во своето обраќање истакна сега Северна Македонија е полноправна членка на НАТО и на чекор до формален почеток на преговорите со Европската Унија. Во овој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за почеток на преговорите.  Исто така, како што посочи претседателот Пендаровски, „не очекуваме нова блокада, овој пат, од Република Бугарија“, додавајќи дека кон средината на овој месец предвидена е нова средба на македонско – бугарската комисијата за историски и образовни прашања.„Како што договорот од Преспа реши повеќедецениски проблем, верувам дека во духот на договорот за пријателство и добрососедска политика, Република Бугарија нема да биде причина за ново разочарување за сите нас. Бидејќи ако се случи тоа, незадоволството кај нашите граѓани и кај политичарите ќе биде големо“, подвлече претседателот Пендаровски во своето обраќање.„Токму овие денови, Европската Унија ја покажа својата солидарност кон земјите од Западен Балкан“, рече претседателот Пендаровски поздравувајќи ја одлуката на ЕУ да додели 9 милијарди евра во рамките на новиот економско-развоен пакет за државите од нашиот регион.Осврнувајќи се на дијалогот помеѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски подвлече дека ќе ја поддржи одлуката на двете земји, каква и да е, се додека таа одлука придонесува за регионалната стабилност и не ги допира суверените права на соседните држави.„Мојата главна улога како претседател на државата е да ги штитам националните интереси на мојата држава. Затоа бараме од меѓународната заедница кое било решение што ќе го постигнат Белград и Приштина да содржи гаранции за регионалната стабилност. За доброто на целиот регион, секако би сакале што поскоро да се постигне договор помеѓу Србија и Косово“ заклучи претседателот во своето обраќање на глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“.Прашан за иницијативата “Мини Шенген“, претседателот Пендаровски повтори дека ја поддржува бидејќи иницијативата е автентична идеја на нашите држави и ќе придонесе кон економската соработка во регионот и креирањето на регионален пазар. Секако, крајната цел е целосна интеграција во Европската Унија на сите држави на западниот Балкан. 

Македонија | пред 5 години

32

(ВИДЕО) Приведен и шестиот член на организираната група за криумчарење мигранти - одреден притвор за сите лица

По преземени  соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници е приведен Д.В. од Богданци, еден од шестмината членови на организираната криминална група за криумчарење на мигранти, која беше сузбиена на 06 Октомври. Претходно беа приведени четири лица, а едно од претходно е на издржување на мерка притвор. Петмината приведени беа изнесени пред судија на претходна постапка и за сите е одредена мерка притвор во траење од  30 дена.На 06.10.2020 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, беше спроведена координиранаполициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-Липковскиот регион.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

364 нови случаи на Ковид 19 денеска , во болнички услови починати се 3 лица, еве ги деталите ...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-184, Куманово-13, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-19, Струга-6, Велес-4, Битола-10, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Кочани-17,  Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-11, Кичево-3, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-12, Дебар-2, Штип-3, Прилеп-16, Тетово-6, Струга-3, Велес-4, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1.Во болнички услови починати се 3 лица, од Охрид (73г.), Гостивар (62г.) и Радовиш (72г.).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19777, бројката на оздравени пациенти е 15855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3147. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 7908, активни 1315• Куманово 1836, активни 167• Дебар 291, активни 34• Штип 1319, активни 88• Прилеп 754, активни 134• Тетово 1536, активни 181• Струга 700, активни 46• Велес 352, активни 36• Битола 354, активни 84• Охрид 447, активни 35• Кавадарци 260, активни 44• Гостивар 963, активни 70• Гевгелија 160, активни 61 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 23 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 350, активни 203• Крива Паланка 135, активни 40• Радовиш 118, активни 45• Крушево 20, активни 1• Кочани 466, активни 199• Пробиштип 121, активни 18• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 94, активни 1• Пехчево 46, активни 3• Берово 132, активни 50• Валандово 57, активни 42• Виница 128, активни 38• Делчево 179, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 26, активни 2• Свети Николе 391, активни 66• Кичево 343, активни 31• Ресен 167, активни 8• Неготино 62, активни 14 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2140 теста се преку: ИЈЗ-533, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-375,  Биотек-212, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори)-400, Систина со PCR метода -184, лабораторија Лаор –48, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-23, ГАК-8, Синлаб-35, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 201512 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 72• Гази Баба – 140• Аеродром - 240• Карпош – 214• Центар – 241• Кисела Вода – 138• Ѓорче Петров – 104• Бутел - 49• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 4• Сарај – 15• Арачиново – 4• Илинден – 31• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 4• Петровец – 8• Зелениково - 4• Странец – 10• Нераспределен-17

Македонија | пред 5 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Болниците во Прилеп, Струмица, Велес полни со пациенти со КОВИД 19, новите пациенти се препраќаат во други градови

Во моментов целосно се полни инфективните одделенија во Прилеп, Куманово, Струмица и Велес. Пациентите од овие места ќе се препраќаат во другите градови, истакна на денешната прес конфереција министерот за здравство Венко Филипче.„Спремна е болницата во Кочани и Кавадарци. Новото крило во струмичката болница и во други одделенија во тетовската болница, освен во инфективниот оддел. Во Скопје има 20 празни места на Инфективната клиника и 72 во монтажната болница. Првично ќе сместуваме пациенти во Инфективната клиника и монтажната болница, со цел болницата ‘8 Септември’ да може да продолжи со нормална работа и во другите оддели за други болести“, рече Филипче .Министерот додаде дека има место за сместување на пациенти и во другите оддели на болниците, но тоа, како што рече, ќе влијае на лекувањето на пациенти со други заболувања.

Македонија | пред 5 години

popis-696x522

Предлог законот за попис испратен во Собрание

Владата до Собранието испратила предлог закон за попис и тоа во идентична форма како што беше во собраниска процедура во претходниот парламентарен состав. Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува за законот поддршка да даде и опозицијата и тој да биде донесен навреме со цел пописот да се одржи во април наредната година, објави ТВ 21.– Последниот попис во нашата земја е одржан во 2002 година. Тоа е пред 18 години, така што сме единствена држава во регионот, а и во Европа која што се уште нема одржано попис во толкава временска дистанца со толкава временска разлика. Затоа, Владата остана на оној текст на законот што веќе го поднесе во Собранието претходно. Значи, ние мисламе дека изградивме еден систем во кој нема да има Државна пописна комисија, туку целиот процес ќе се одвива преку Заводот за статистика. Имаме една ситуација во која што ќе се користат сите современи достапни инструменти за попишување и сметаме дека е ова добра основа и добар текст на законот којшто може и треба да помине во Собранието со мнозинска поддршка, рече на денешната прес-конференција министерот Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.Спред него, секое натамошно одолговлекување на процесот на разговори, преговори и повторно отворање на текстот на законот може само да доведе до ново одлагање на оперерацијата.– Единствена можност и најдобра можност за пописот да се одвива и да се случи во 2021 година е тоа да се случи напролет, поточно во април затоа што знаеме дека веќе во октомври идната година имаме редовни локални избори и невозможно е наесен да биде спроведен пописот. Ние имаме коалициска одлука, владина одлука дека е добро тој попис да се одржи напролет и затоа остануваме на тој Предлог-закон којшто го предложивме во Собранието. Веруваме дека опозицијата ќе биде разумна и дека ќе ја разбере потребата и неопходноста од донесување на овој закон брзо, во брз рок за да можеме да го спроведеме пописот на пролет, рече тој. 

Македонија | пред 5 години

deca-korona

Нови мерки: Носење на маска и на отворено, освен за деца и при спортување, забрана за групирање во домовите и на јавни места

Забрана на големи семејни собири и прослави во домови, во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе. Забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица. Задолжително носење маски секаде, на отворен и затворен простор. Исклучок е спортување на отворено и затворено и возење на возило освен ако се од исто семејство и во угосителски објекти, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.Ова се новите мерки кои комисијата за заразни болести ќе ги достави до Владата:-Забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови. Групирањето во домовите, слави, други собири во групи во едно живеалиште може да бидат најмногу четири лица од една сита фамилија, и плус најмногу четворица други од надвор. Анализите покажуваат дека големиот број од новозаразени се од семејни прослави– Се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 луѓе после 22 часот. Забрана за собирање во паркови, бензински пумпи итн.– Се воведува задолжително носење на заштитни маски или друга заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во било кои јавни објекти, во јавен и приватен транспорт. Исклучок од ова се при спортување, при транспорт во приватно возило ако сите во него се членови на една фамилија, при престој во службени канцеларии ако лицето е само во канцеларија, при седење во кафуле со почитување на мерките. Исклучок за носењње маски имаат и децата до 6 години.

Македонија | пред 5 години

slika

ВМРО ДПМНЕ утре ќе одржи протест против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици

Македонија е заробена држава од страна на мафијата на власт. Главна одлика на власта се реваншизмот и теророт врз сите граѓани, нивни неистомисленици. Оваа ненародна власт зема од лебот на народот, за да стави во сопствениот џеб, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Стотици луѓе низ цела држава, кои не се истомисленици со Зоран Заев и неговите луѓе се тероризираат и се преместуваат на работни и по повеќе од 50 километри од нивното место на живеење. Оние кои не можат да ги скршат ги бркаат од работа, и оставаат цели семејства со 3 и 4 деца без леб.Тоталитаризмот на оваа власт го зема својот данок. СДСМ нема проблем да отпушти самохрана мајка од работа, а уште помалку да врши мобинг на работно место.Додека народот нема опција за преживување, тие купуваат луксузни вили на Халкидики.За Заев школки, за народот трошки – Ова е суровата реалност со СДСМ и Заев.Заради целиот терор и реваншизам, за секој избркан од работа, за секое семејство оставено без леб. Утре на протест, со почеток од 18.30 часот пред министерството за правда, од каде ќе започне протестниот марш до министерството за информатичко општество и администрација. На протест против реваншижмот и теророт.Изживувањето, отпуштањето и аздисаноста мора да запре, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

364 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека се регистрирани 364 нови случаи на Ковид-19 во нашата земја.Филипче, на денешната прес конференција соопшти дека заедно со Комисијата за заразни болести ќе предложат нови мерки за превенција од ширење на вирусот.„Бројот на новозаболени продолжува да расте секаде во светот. Речиси сите земји воведуваат нови мерки, есенскиот бран го зафаќа и регионот“, рече Филипче

Македонија | пред 5 години

filipce

(ЖИВО) Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

narodna-banka-na-rm

Позитивни оцени за Народната банка во најновиот Извештај на Европската комисија

Во најновиот Извештај на Европската комисија за нашата земја, дадени се оцени и за области коишто се во надлежност на Народната банка. Притоа, оцените упатуваат на релативно висока усогласеност со барањата и законодавството на ЕУ. Во подрачјето на монетарната политика, во рамки на Извештајот, усогласувањето на регулаторната рамка на земјата со законодавството на ЕУ се оценува дека е во напредна фаза. Во овој контекст, Европската комисија дава позитивна оцена и за реакцијата на централната банка на ковид-кризата, оценувајќи дека Народната банка реагираше брзо и со целни мерки за поддршка на економијата, како преку инструментите на монетарната политика, така и со направените промени во регулаторната рамка, велат од Народна Банка.  Истовремено, Европската комисија констатира и напредок во однос на банкарската регулатива. Во Извештајот е нагласено дека правилата за управување со ликвидносниот ризик и лимитите на изложеност се надградени, а воедно позитивно се оценува и новото регулаторно барање банките да воспостават процес на утврдување на интерната ликвидност и да го интегрираат во нивниот систем за управување со ризици. Комисијата констатира дека е постигнат напредок и со измената на методологијата за адекватност на капиталот, што овозможува посоодветен третман на ризикот од порамнување и ризикот на другата договорна страна. Според оцените на Европската комисија презентирани во Извештајот, банкарскиот систем останува добро капитализиран и ликвиден, со стапка на адекватност на капиталот којашто го надминува регулаторниот минимум. Квалитетот на кредитното портфолио, според оцените на Комисијата се подобри во изминатиот период, при што е намалено учеството на нефункционалните во вкупните кредити на банкарскиот систем. Во тој контекст, во Извештајот е напоменато дека е важно што централната банка е посветена на спроведувањето на Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити. Одделно е посочена важноста и на Стратегијата за денаризација, при што се издвоени и податоците од крајот на 2019 година коишто покажуваат дека учеството на кредитите деноминирани во странска валута во вкупните кредити е намалено во изминатиот период. Во поглавјето за статистиката, посебна оцена е дадена и за статистиката којашто е во надлежност на централната банка. Притоа, Европската комисија напоменува дека Народната банка е целосно посветена на примената на кодексот на статистичките стандарди и дека го подобрува својот капацитет за нивно постојано имплементирање во своето работење. Оцените на Европската комисија презентирани во најновиот Извештај претставуваат потврда на заложбите и остварувања на Народната банка во изминатиот период. Народната банка и натаму секојдневно ќе биде посветена на остварување на својата стратегиска определба за забрзано чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки, велат од Народна банка. 

Македонија | пред 5 години

prozori

Георгиески: Продолжуваат инвестициите за подобрување на условите во образованието

Продолжуваат инвестициите за подобрување на условите во образованието.Во тек се работни активности за промена на дограмата во ОУ „Григор Прличев“. Нови ПВЦ-прозорци се поставуваат во сите училници на приземјето од новиот училишен објект. Претходно беше извршена реконструкција на подовите во дел од училниците, се изврши обнова на дел од надворешните ѕидови на стариот објект и беше извршена промена на дограмата на првиот кат во новиот објект на училиштето, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески . https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.693590961246510/693590837913189/

Македонија | пред 5 години

antonijo-milosovski

Одбиени приговорите на обвинетите за случај „Моќник“против 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот Милошоски и неговиот татко

Советот за оценка на обвинението за случај „Моќник“ против 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му, ги одби приговорите на обвинетите и во целост го одобри обвинителниот акт, соопшти Основниот кривичен суд.„Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, додаваат од судот.Според обвинението, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, татко му и  поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, заеднички издејствувале за 100 денари од квадратен метар да се продаде објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.Во случајот се инволвирани уште 10 лица кои биле вклучени во продажбата на објект во с. Ижишта – општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.По предметот, во јавноста познат како „Моќник“, пред неговото преземање од Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше СЈО. 

Македонија | пред 5 години

bolnica_strumica

Двајца лекари и три медицински сестри од струмичката болница позитивни на Ковид-19

Двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација, потврди директорот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“, д-р Наќе Гогов.Според него отсуството од работа на лекарите и сестрите се чувствува во секојдневното работење и тешко се организира работата на одделенијата од каде се заразените.Информираше дека се полнат капацитети во болницата каде се примаат ковид-пациенти. Во дополнителниот адаптиран простор на поранешните хирурушки амбуланти има слободни само два кревети, додека капациетите на Инфективното оделение се оддамна полни. 

Македонија | пред 5 години

obvinitel

IN MEMORIAM - Почина Никола Неделкоски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга

На 7.10.2020 година, во Струга,  на 65-годишна возраст почина Никола Неделкоски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга.Никола Неделкоски беше роден на 14.12.1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26.03.1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето работење како јавен обвинител, тој даде значаен придонес кон унапредувањето на обвинителската фела.Со неговата смрт обвинителството загуби професионалец и голем пријател.

Македонија | пред 5 години

4

(ВИДЕО) Приведени седум дилери, запленето оружје, лабараторија за дрога, хероин и марихуана

Министерството за внатрешни работи во рамките на засилените активности и мерки во борбата против недозволена трговија со дрога и оружје, вчера заплени осум парчиња оружје, како и лабараторија за дрога, хероин и марихуана и притоа приведе седум лица.Полициски службеници од Одделот за Криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на 07.10.2020 во координација со СВР Куманово СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, а по претходно обезбедени наредби за претрес од Основен суд Куманово и Основен суд Штип извршија претрес во домови и помошни простории  во с. Којково- кратовско и во с. Злетово и ги приведоа Д.М. (25), З.М. (44), М.М., и Љ.М.. При претресите пронајдени се осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во с. Којково откриен е насад засаден со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадена во пластеници (високи од околу 2 м), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на марихуана во процес на сушење, сад во кој се вари марихуана, остатоци во кесиња од цедена марихуана. Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на Т.Ј. (26) од Велес и при тоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети.Во дополнителна акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес.  На 07.10.2020 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица презеде мерки и активности и кај С.И. од Струмица пронајде 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица. Лицата се дале во бегство со возило бмв, но по преземани мерки  тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес  и М.О. (34) од с.Бузалково.Против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога и оружје и другите видови криминал.

Македонија | пред 5 години

deca-skola-korona

МОН: Во изолација 53 ученици и 8 наставници, навремено реагираме во училиштата каде има позитивни случаи

Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници. Во сите училишта каде има позитивни случаи во рамки на наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес.Во овој момент дополнително се истакнува потребата од учење од далечина, односно од комбиниран модел на настава кој се применува во училиштата. Имено, шест од вкупно осум наставници не биле во директен контакт со децата, бидејќи предавањата ги држат онлајн. Дополнително, сите наставници и ученици кои се во изолација преминуваат на учење од далечина, со што се обезбедува континуитет на образовниот процес. МОН потесетува дека паралелно со онлајн наставата, се реализира и емитување на 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио телевизија. Исто така се доставуваат печатени материјали до децата и тие се во постојана комуникација со нивните наставници.Од вчера вечерта во изолација се 10 ученици од второ одделение во ОУ „Кочо Рацин” во с. Подареш, Општина Радовиш, откако нивен соученик е позитивен на Ковид-19. Засега во ова училиште нема наставници кои се заболени или во изолација.Двајца наставници кои работеле со физичко присуство во ОУ „Гоце Делчев“ и еден ученик се позитивни на вирусот Ковид-19, а 39 деца од истото училиште од вчера се превентивно во изолација. Другите три деца кои се позитивни се индивидуални случаи – едно во тетовското училиште ОУ „Адрија Савески Ќиќиш“, и едно дете во ОУ „Ванчо Прке“ од Штип, и едно во „Кирил и Методиј“ – Кочани. Од центрите за јавно здравје се следат алгоритмите и за нив не се дадени препораки за изолација бидејќи биле почитувани мерките за заштита.Министерството за образование и наука на дневно ниво ја следи состојбата со Ковид-19 во училиштата и повикува на почитување на заштитните мерки и протоколите. Целта на мерките кои ги носи Владата е да се заштитат сите наставници и ученици и да се овозможи непречен образовен процес. Апелираме до сите наставници максимално сериозно да пристапат кон личната заштита од Ковид-19 во следниот период. Тие носат одговорност за сопственото здравје, но и за задравјето на учениците, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 години

filipce-dozd

Филипче: Не излегувај од дома без маска. Би излегол од дома на дожд без чадор?

Нов начин на живот значи нови навики. Да ги почитуваме мерките за заштита и да сфатиме дека веќе се дел од нашето секојдневие, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Во својата објава министерот апелира на свеста на граѓанитге преку преку фото - илустрација.„Не излегувај од дома без маска. Би излегол од дома на дожд без чадор?“https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2514227815550903/

Македонија | пред 5 години

a1_televizija

(АУДИО) Две нови „бомби“ за затворањето на А1 ТВ

На Јутјуб каналот Fenix A1 се објавени две нови „бомби“. Овој пат станува збор за телефонски разговори кои ја откриваат политичката позадина на случајот со затворањето на А1 Телевизија.Во првата „бомба“ се слуша разговор за кој објавата на Јутјуб каналот тврди дека се води помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска а во разговорот на интерфон учествува и тогашниот обвинител Љупчо Шврговски.Втората „бомба“ открива разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски.Шврговски обвиниението протов А1 го креира во кабинетот на премиерот Груевски.Во првиот како што се тврди во објавата разговараат тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во разговорот на интерфон учествува и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Од разговорот кој се слуша се открива дека целта на случајот “Пајажина” не била да се наплатат парите кои наводно ги должи А1 Тв тука дека главна цел на таа операција била затворањето на тој медиумСпоред кажувањето на тогашната министерка Гордана Јанкуловска, Управата за јавни приходи немала за цел да го наплати долгот од 7 милиона евра кои според властите бил стакнат на основа на затајување данок туку дека целата операција се водела со цел да се угаси А1 Тв.Никола Груевски ја бара Гордана Јанкуловска за да ја праша зошто не се одземени пари од сметката на А1 Тв. Не е јасно од разговорот во кое својство Гордана Јанкуловска учествува во овој разговор со оглед на фактот што станува збор за проблематика која е надвор од најзините ингеренции како министер за внатрешни работи.НГ: Горде, да прашам вака твое мислење со Љупчо Шврговски сме заедно. Нешто си правиме муабет вака за ова со Пајажина. Зошто не се одеше со собирање на парите од сметка што ги должи он.ГЈ: Ама они ни сега не им се земени парите, они само ги блокираа пошто не може одма да ги земат.НГ: Епа он прашува зошто ги блокираа а не одма да им ги повлечат парите со нешто извршно решение, еве ќе ти го дадам.Потоа во разговорот се вклучува тогашниот јавен обвинител Шврговски кои во моментот додека се води разговорот се наоѓа во кабинетот на тогашниот премиер.ЉШ: Ало Горде здраво, еј види знаеш што ми е, мислам сега веке е касно мислам дека кај направивме една грешка во чекори. Ние мислам дека лошо направивме што ги блокиравме тие пари сеа мене не ме прашаа за совет. Ние имавме од управа решение со кое што он беше задолжен да ги плати тие пари, 7 милиони , колку има тамо, евра ли…ГЈ: ДА ДА ДА, Според управа за јавни проходи.ЉШ: Епа зошто не го активиравме ние тоа решение, фирмата ке нема во рок од 45 дена да плати и во стечај ке ја фрлевме.ГЈ: Знаеш што мислам Љубчо, зашто управа не го активираше, зошто они ако наплатат даночен долг, после не можеш да ги гониш за истото дело.ЉШ: Не е точно не е точно!ГЈ: Така тврдеа они мислам дека е заради таа логика.ЉШ: Не е точно тоа е нон сенс Горден, тамам работа. Плаќањето на должност не го ослободува од кривична одговорност, таман работа… не не ..ГЈ: Епа јас мислам дека по таа логика не им го наплатија наночниот долг…ЉШ: НЕ НЕ НЕ грешка си, не бе тоа е надвор од памет.ГЈ: Мислам дека тоа беше Љубчо логиката.ЉШ: Не не не тоа е само основа за поблаго казнување, но мегутоа не и за амнестурање на одговорност кривична. Не не надвор од памет.ГЈ: Епа мислам дека по таа логика одеа.ЉШ: НЕ! Не не грешка e. Tоа е не издржано.ГЈ: Мислам можно е да сме направиле грешка.ЉШ: 100%ГЈ: Се случува но мислам дека во неколку наврати со Горан кога сме збореле они цело време збореа абе да не им наплатиме нели она со 70% да не им ги легализираме парите.ЉШ: А според закон за спречување корупција.ГЈ: Па незнам ко кој закони они идат посто фактички 70% ако платиш веке ти се легални. И они цело време одбиваа да го извршат тоа даночно решение.ЉШ: Не мислам дека тука направивме грешка али добро.ГЈ: Епа можно е да сме направиле грешка, но мислам дека тоа им беше на нив.ЉШ: Не тоа не ја исклучува одговорноста, кривичната одговорност не, во никој случај.мислам зборувам од искуство од пракса, тоа како постапуваме.ГЈ: Да де да, нормално ти имаш повеке од сите други искуство во овој дел, но меѓутоа мислам дека таа логика им беше, за дирекната наплата.ЉШ: Добро…мислев знаеш да не биде толку експонирано и ова напаѓањево од странциве дека се врши атак на телевизија, можеше многу елегантно, не ви замрзнуваме сметки платете си го ова, не го плаќате во стечај фирмата, ај да видам сеа што ке зборите… ме разбираш нема што да зборите ајде платете ги парите нема тоа е, нема како да ги платите и во стечај.ГЈ: Да де да ама и некако тогаш околу сумите они некако не беа сигурни, нели имаше еден дел проверена документација другиот не проверена, па знаеш како она малку несигурно дали е повеке или помалку сумата, иако они цело време викаа дека повеке ке дојде и најверојатно било сплет на повеке околности. Но главното мислам дека им беше ова со со 70% нели ако наплатиш после влегуваат во легалниот систем.Латас и директорот на УЈП, Горан Трајковски договараат стратегија за затворање на А1Втората „бомба” е разговор кој, како што се тврди на Јутјуб каналот, се води помеѓу новинарот Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски. Од разговорот се открива дека „странци” бараат објаснувања за случајот А1.ГТ: Смртно се интересираа за А1 кога ќе им е….м….Кога ќе им наплатиме . Во моментот пијат кафе кај мене у ходник а Весна ми кажува дека во правда има некој прес и дека од таму излегла бува дека сум седнал и сум почнал преговори за А1. И сега и велам на Весна да пушти дека ниту преговарам ниту имам намера да преговарам за разликите околу ставовите.ДПЛ: Ти нема што да преговарашГТ: Ма нека се носат…гони гу у п…м…ДПЛ: Мислам дека треба да има стечај и по закон да им се одземе опремата а на сите други да им се каже дека се навработени и од сабајле да ве нема повеќе тука.ГТ: Дента се носи решение и сите се без работа. Тоа е по сила на закон. Дента се носи решение и по сила на закон дента се сите без работа.ДПЛ: Да да..тоа е најдобриот начин.ДПЛ: Ти кога може да побараш стечај?ГТ: Уфф, еве сега ги правиме математиките и има различни математики. Најпесимистички е 5 август. Во моментов сме симнати на 15 јули.ДПЛ: Па 15 јули е добар датум. На одмор се сите никој жив нема, кој видел видел кој невидел..невидел..ГТ: Ќе си течат дејствија и ние секој ден си работиме на нивна тема.ДПЛ: И со стечај секој и во Европа ќе те разбере . Фирма должи 9 милиона и оди во стечај……..Од двата разговора објавени синоќа на Јутјуб каналот Fenix A1 се заклучува дека постапката за затворање на А1 Тв се водела во политички кругови и надвор од законски релевантните институции на правосудиот систем.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања