Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Шилегов: Се ослободуваат и уредуваат нови јавни простории, Свер Јадран ќе добие нов лик

Уредувањето на Сквер Јадран, во центарот на градот, е во целосна согласност со тенденцијата на Град Скопје да ослободи и да уреди колку што е можно повеќе простор за пешаците и за велосипедистите, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на реконструкцијата на овој сквер. На денешната прес-конференција присуствуваа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателот на здружението „Гоу Грин“, Антонио Јовановски.Градот Скопје ја поддржува акцијата што ја презема Општина Центар, таа е во насока на она што и Градот Скопје го работи на подрачјето на Малиот ринг. Знаете како денес изгледа делот од плоштадот каде што порано на секој дожд се создаваше вирче и граѓаните не можеа да го користат, знаете како порано тротоарите кај „Тинекс“ беа користени за паркирање, облагороден е просторот пред Пошта, а во моментов се работи спроти Охридска банка. Централното градско подрачје треба да стане простор којшто ќе служи на потребите на граѓаните, а не на нивните автомобили – рече Шилегов.Градоначалникот Богдановиќ денеска најави дека во текот на реконструкцијата на Сквер Јадран ќе се заменат бекатон-плочките и рабниците, ќе се постават нови клупи, корпи и корпи за селектирање на отпад, ново осветлување и нови дрвја со систем за наводнување.За првпат на територијата на Општина Центар и воопшто на територијата на цела држава, ќе бидат поставени паметни клупи на јавна површина од страна на здружението „Гоу Грин“. Новите паметни клупи ќе обезбедат бесплатен интернет и можност за полнење на мобилни телефони – најави Богдановиќ.Со цел проектот што го реализира Општина Центар да биде поуспешен, обезбедена е и донација од Еврејската заедница за нов дрворед од јапонски цреши.Антонио Јовановски објасни дека проектот „Еко иновативни зони“ по иницијатива на „Гоу грин“ наишол на целосна поддршка од Општина Центар и со поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој, успеале овој проект да стане реалност. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Сквер Јадран – нова еко иновативна зона во Центар

На денешната прес – конференција, градоначалниците на Општина  Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, како и претседателот на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина - Гоу Грин Скопје, Антонио Јовановски го најавија започнувањето на проектот "Еко иновативни зони за почист воздух". Проектот предвидува партерно уредување на зелена зона на улицата „Васил Главинов“  на Сквер Јадран, со ново концептуално зеленило и поставување нови паметни клупи.За првпат на територијата на цела држава, во Општина Центар  ќе бидат поставени паметни клупи на јавна површина.„Потребата за еден ваков проект беше неопходна за центарци, но и за сите граѓани на територијата на Град Скопје. Потребна ни беше нова стратегија која ќе се базира на основните еколошки и социјални принципи за одржлив развој на нашиот град. Поставувањето на трите паметни клупи се важен дел од аспект на одржлива урбана опрема која ќе овозможи услуга во секојдневието на минувачите, како и неверојатни погодности за граѓаните. Новите паметни клупи ќе обезбедат бесплатен интернет, сензор за квалитет на воздухот и полнење на мобилни уреди од соларна енергија. Секој граѓанин, преку користење на мобилна апликација ќе може да ги користи придовките од паметната клупа, посебно во делот за мерење на индексот на загадениот воздух во Скопје“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ.Здржението Гоу Грин преку овие паметни клупи според Меморандум потпишан со Општина Центар ќе прибира средства за одржување на еко зоните и проширување на нивната содржина во иднина.Главниот концепт е поставување зелена зона, како континуирана лента на зелен појас во централното градско подрачје од двете страни на профилот на улицата "Васил Главинов" со широчина од 120 см. Во рамки на оваа зона, предвидено е садење на нов дрворед од 20 дрва од типот Prunus serrulata Kanzam [Јапонски цреши], како и континуирано ниско зеленило во долната зона со зелени грмушки од [Ligustrum taxanum] и [Abelia Kaleidoscope] и Перени од типот [Hemmerocalis]. Со ова ќе се намали поплочената површина и ќе се зголеми површината со зеленило долж тротоарот за движење на пешаците и велосипедистите.„Покрај зелената зона предвидени се нови клупи за седење и корпи за отпадоци, како и корпи за селекција на отпад, а постојните елементи од урбаната опрема и зеленило кои се оштетени и нефункционално поставени, ќе бидат отсранети, а ќе се задржат канделабрите со зеленило кои дополнително ќе бидат искроени, средени и адаптирани во новиот концепт на зеленило. Вкупниот износ на целиот проект изнесува 39.000 швајцарски франци, со дополнителна финансиска поддршка од Општина Центар за реконструкција и хортикултурно уредување на дел од ниското зеленило и донација од Фондот на холокаустот на Евреите од Северна Македонија за поставување нови 20 дрва од видот Јапонски цреши “ -  изјави градоначалникот  Богдановиќ. Општина Центар во соработка со Гоу Грин Скопје, кој е иницијатор на проектот "Еко иновативни зони за почист воздух", како дел од проектот "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ - проект на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој, заеднички ќе го реализираат проектот за уредување на Сквер Јадран, а ќе се спроведува од страна на Скопски плански регион.

Скопје | пред 5 години

fiskalni333

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ги изманипулира граѓаните, наместо четири, еден викенд без ДДВ, и тоа со низа недостатоци

СДСМ ги манипулира граѓаните. Во предизбори ветија четири викенди без ДДВ во септември, а сега гласаат само еден викенд без ДДВ, и тоа со низа недостатоци, не за септември, туку за во октомври, и сето тоа откако ВМРО-ДПМНЕ направи притисок, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ ветија, но не реализираа. СДСМ не се стави над ситуација и над секојдневната теза за добивање ситни политички поени и не го прифати предлог амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за четири викенди без ДДВ.Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ реално ќе се помогнеше на граѓаните, а не само декларативно. Доколку СДСМ беа искрени во намерата да им помогнат на граѓаните, ќе го прифатеа овој наш амандман. Така и ќе го реализираа она што го ветија.Законот за викенд без ДДВ ваков како што го истурка СДСМ не носи придобивка за сите граѓани. Граѓаните кои немаат паметен телефон, немаат право на поврат на ДДВ! - привилегија имаат само оние граѓани кои ја инсталирале апликацијата МОЈ ДДВ. Тие што немаат пари за набавка на опрема за учениците и овој викенд ќе немаат да купат! А најважно од се‘ е што есенскиот бран на зараза зема замав, а граѓаните во брзање да го искористат единствениот викенд без ДДВ, ќе го ризикуваат своето здравје.Доколку СДСМ излезеше од партиската политика и малку се ставеше во функција на народот, ќе се заштитеше здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, но СДСМ избра повторно да оди на штета на народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

ilce

Шахпаска: Се уште ги немаме добиено резултатите од обдукцијата на телото на 11-годишниот Илче од Охрид

Министерството за труд и социјална работа се уште ги нема добиено резултатите од обдукцијата на телото на 11-годишниот Илче од Охрид, кој беше оставен од своите родители, а потоа сместен во мал групен дом во Демир Капија.– Се потрудивме да му овозможиме услови да биде сместен пристојно и да добие соодветна заштита и грижа по престојот на Клиниката за детски болести каде тој беше сместен две недели, а од 7 август беше сместен во Демир Капија во мал групен дом. Тој во малиот групен дом постојано бил под надзор од матичен лекар и има постојана здравствена заштита по излегувањето од болница. За време на престојот во домот неговата здравствена состојба била добра. Денот кога Илче почина негователката која се грижела кога видела дека наеднаш починал, повикала матичен лекар кој пак се јавил во полиција. Вклучен е и јавен обвинител и институциите постапуваат согласно закон. Беше индицирана обдукција, тоа е завршено и кога ќе ги имаме резултатите ќе знаеме која е вистинската причина за смртта, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на мал групен дом во Скопје. 

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica1

Пратениците го изгласаа законот: Граѓаните овој викенд ќе купуваат домашни и ИТ производи без ДДВ

Пратениците со 71 глас „за“, девет „воздржани“ и ниту еден против го изгласаа Законот за „викенд без ДДВ“. На 10, 11 и на 12 октомври ќе можат да се купуваат македонски произоди и услуги и компјутерска ИТ опрема.Според власта, со Предлог на законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица по скратена постапка, се врши поттикнување на продажбата на домашните производи.Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ  истакна дека законското решение има многу недостатоци. Велат  гужвите во продавниците дополнително можат да ја зголемат бројката на заразени од коронавирус.

Македонија | пред 5 години

zaharieva-osmani

Захариева: Бугарија не сака ништо повеќе освен да се исполнат клаузулите од Договорот за добрососедство, каква е клаузулата за јазикот во Договорот, така сакаме да биде во сите документи

Бугарија прва ја призна независноста, тогаш на Република Македонија и одамна ја прозна современата политичка реалност. Секогаш ја поддржувала независноста и државниот суверенитет на РС Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не го оспорила правото на самоидентификација на нејзините граѓани, изјавила министерката за надворешни работи Екатерина Захариева по средбата со министерот Бујар Османи во Софија.Затоа, според Захариева, неумесно е да се обратни тези, како меѓу граѓаните на двете земји, така и на меѓународен план. Како што пренесува БГНЕС, таа кажала дека „сега е неопходно од страна на РС Македонија да се признаат историските реалности, поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет“.„Бугарија не сака ништо повеќе освен да се исполнат клаузулите од Договорот за добрососедство. Каква е клаузулата за јазикот во Договорот, така сакаме да биде во сите документи меѓу двете држави. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат проблеми таму каде што ги нема“, изјавила Захариева.

Македонија | пред 5 години

spasovski

Спасовски: Полицијата има механизми и по дома да проверува дали се почитуваат мерките за Ковид-19

Полицијата има механизми и по дома да проверува дали се почитуваат предложените мерки за заштита од ширењето на корнавирусот, рече денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој не откри кои се механизмите и најави дека по седницата на Влада пред јавноста ќе бидат објаснети сите детали за мерките кои ќе бидат усвоени.– Не би сакал да разговараме за мерки кои не се усвоени на Влада. На седницата ќе ги чуеме мерките и аргументите од здравствените власти. Граѓаните треба да знаат дека полицијата исклучиво ќе ги брани уставните одредби, а неповредливостa на домот е уставна категорија. Тоа е светост и никој не може да го загрози, но ќе има механизми“, рече министерот Спасовски и нагласи дека и сега полицијата прави контроли во домовите каде што има потреба.  

Македонија | пред 5 години

osmani-1

Борисов до Османи: Се надевам дека ќе се движите по патот за влез во ЕУ

Се надевам дека Република Македонија ќе ги добие потребните гаранции од нас и дека ќе се движи на патот за пристапување во Европската унија, порача денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи.– Неопходните компромиси мора да се направат, како што направија многу други. Ние сме должни за сегашните и за идните генерации да осигуриме дека во никој случај Република Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан нема да бидат запрени на патот кон Европската унија, изјави Борисов.Како што јави БГНЕС, на средбата Борисов истакнал дека е „многу загрижен поради вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во една политичка резолуција во Европскиот парламент“.– Тоа во никој случај не е од полза – и за историчарите и за нашите политички партнери во Република Македонија, во овој момент кога бараме компромис за да се најде решение, изјави Борисов.Тој нагласи дека уште со денешните средби треба да започнат разговорите на сите нивоа, со цел до 10 ноември, кога Бугарија и Македонија ќе копретседаваат со Самитот на Берлинскиот процес, да може да се постигне компромисно решение што ќе ги задоволи сите.– Имате многу работа да направите, ова е многу сложен, многу брз и истовремено важен и неопходен процес, ја пренесува БГНЕС изјавата на Борисов.Според него, македонските граѓани треба да знаат дека нашата земја во Бугарија има и секогаш имала најголема поддршка.– Треба само да ја направиме историјата мост на пријателството и блискост, а не урнат мост преку кој Република Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри, порача Борисов за време на средбата.Според него, сегашните перспектива и момент се исклучително важни и „би било грев пред историјата“ доколку сегашните политички раководства во Бугарија и Република Македонија не успеат да најдат компромис. – Ни светот нема да не разбере, додаде Борисов.

Македонија | пред 5 години

osmani-borisov

(ФОТО) Османи и Борисов: Пријатен и пријателски старт на посетата на соседна Бугарија

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Република Бугарија и веќе оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и заменик-претседателката на Владата за правосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.„Убав начин да се демонстрира добредојде преку кратка средба со премиерот Бојко Борисов како подготовка за средбата со колешката Захариева.Искрен, пријатен и пријателски старт на посетата на соседна Бугарија“, напиша Османи на ФБ.https://www.facebook.com/bujar.osmani.7/posts/3382518505173434

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Скопје

На 08.10.2020 полициски службеници од OВР Кисела Вода го лишиле од слобода Ф.П.(27) од Скопје поради сомнение дека на подрачје на ОВР Кисела Вода извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин на 06.10.2020 и обид за „тешка кражба“ на дрзок начин на 04.12.2019..На 06.10.2020 на ул.„Михаил и Евтихиј“ од И.Т.(86) од Скопје одзел паричник, а на 04.12.2019 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје на А.К.(19) се обидел да и одземе чанта .Тој бил приведен и задржан во полициска станица, каде што бил препознаен од оштетените.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    

Скопје | пред 5 години

SEMM-22

Истражување на СЕММ: Најчести прекршувања на новинарските стандарди за време на пандемијата

Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела - членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ.Истражувањето на СЕММ, коешто е прво од ваков вид во глобални рамки, денеска го објави и УНЕСКО. „Задоволни сме што преку проектот финансиран од ЕУ го поддржавме објавувањето на ова истражување. Во УНЕСКО, силно веруваме дека советите за етика имаат критична улога во одбраната на слободата на изразување и во адресирањето на проблемот со дезинформациите. Ова особено се потврдува за време на криза. Сепак, зголемена е загриженоста за влијанието на пандемијата и последиците од проблемот што ќе го има финансиската криза во медиумите врз иднината на овие совети. Се надеваме дека со анализата на СЕММ ќе се зголеми свесноста за потребата од обезбедување финансиска стабилност“, истакна Аделин Хулин од канцеларијата на УНЕСКО во Брисел.Советите за етика периодов, неретко, добивале и жалби за известување во насока на теориите на заговор:„Коронавирусот е проект, не е неизлечив, имаме ‘лек’! Вирусот е патентиран во 2015 година“. „Кликбајт“ наслови од типот „Коронавирусот не може да преживее“, ,„Лек за коронавирусот почнува да се продава од утре“ се дел од новинарските текстови за коишто биле поднесени жалби до босанскиот Совет за етика.Со ширењето на пандемијата, се зголеми и загриженоста околу заштитата на приватноста и заштитата на податоците во медиумското известување. Случаи во кои биле нарушени овие принципи многу често се пријавувале до советите за етика во медиумите во повеќе држави. Во Советот за етика во Ирска биле пријавени случаи кога одредени весници објавиле имиња на лица заразени со ковид-19, што предизвикало негативни реакции во јавноста. „Сепак, весниците беа многу внимателни и ги идентификуваа само оние лица коишто се согласиле на тоа. Можеби секогаш постои аргументот за јавниот интерес, но идентификувањето на поединците е избрзан чекор“, нагласуваат од ирскиот Совет за етика.  Во одредени држави имало реакции и на објавувањето фотографии од медицински лица. Таков пример е регистриран во саморегулаторното тело во Велика Британија ИПСО. Самиот здравствен персонал укажал дека во услови кога се под екстремен притисок и поминуваат низ многу тешки времиња ваквото однесување е нападно. „За нас, како саморегулаторно тело, беше интересно прашање за тоа какви се правата на медицинските работници во овие околности, бидејќи во нормални услови би им објасниле дека се во фокус на јавноста и се претставени во професионално светло, а тоа не е во доменот на приватното“, нагласуваат од ИПСО.Пристапот до информации беше клучниот проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата кoи новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните.За справување со овие нови ситуации во едно комплексно време, имајќи предвид дека во некои држави корона-кризата се поклопи со одржување и на избори, како што е случајот со нашата држава, соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, медиумите и нивните асоцијации, со институциите и граѓаните, се покажа како мошне значаен механизам за советите за етика. Мултисекторската соработка меѓу ситезасегнати страни е во согласност со некои од клучните препораки на меѓународните организации за заштита на слободата на изразувањето и информирањето во време на криза.

Македонија | пред 5 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: И додека функционерите на СДСМ земаат илјадници евра плата, прогнозите на Светска банка се сиромаштијата во Македонија е покачена во за 6.4%

Грижата на власта не е за граѓаните, туку единствено за нивните фотелји и луксуз.  Над 40.000 граѓани на Република Македонија останаа без работа, огромен дел од компаниите се принудени да им исплаќаат им минималец плата на вработените, но затоа функционерите на СДСМ земаат огромни плати од граѓаните во илјадници евра, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Трет ден прашуваме јавно и бараме одговори од директорите, назначените функционери од СДСМ за висината на нивната плата која е исплатена со парите на граѓаните кои едвај мака мачат крај со крај да врзат низ месеците.Дали Марко Бислимоски како претседател на Регулаторна Комисија за енергетика има приходи од околу 2.000 евра месечно? Или тоа е 8 пати повеќе секој месец од некој граѓанин што зема минималец плата додека трае корона кризата.Дали Томислав Тунтев секој месец зема околу 3.000 евра месечно плата од Агенцијата за цивилно воздухопловство? Или тоа е 12 пати повеќе од некој граѓанин што зема плата минималец во оваа криза. Замислете, некој вработен во приватна компанија што зема минималец цела оваа година заради корона пандемијата, Томислав Тунтев истите тие пари кои што ги зема граѓанинот за цела година ги зема за само еден месец и тоа од данокот што го плаќаат граѓаните. Тунтев за една година зема плата колку што некој што зема 250 евра плата треба да работи 12 години.Дали Кристијан Трајковски, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со јавен, станбен и деловен простор зема плата од над 75.000 денари, плус бонуси и додатоци вклучени во менаџерскиот договор?Претпријатието тоне во долгови, а платите на менаџерскиот тим се огромни.И додека функционерите на СДСМ и Заев земаат илјадници евра плата, прогнозите на Светска банка се дека сиромаштијата оваа година е покачена во Македонија за 6.4%. Над 23.3% од населението живее во длабока сиромаштија, но затоа функционерите на СДСМ живеат во најголеми луксузи.Земаат илјадници евра плата и се возат во најлуксузни коли на терет на државата и граѓаните.Одговори на овие прашања мора да има. Лицемерието на власта мора да прекине и нека не ги лажат граѓаните дека се грижат за нив и нивната егзистенција, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: Членството во НАТО носи конкретна помош во борбата против коронавирусот, обезбедени 60 респиратори и друга итно потребна медицинска опрема

Со членството во НАТО, Република Северна Македонија оствари децениска стратешка цел и ја осигура безбедноста, стабилноста и територијалниот интегритет. Освен безбедносни гаранции, членството во НАТО за нашата земја обезбедува помош и поддршка и во справување со здравствената криза со коронавирусот. НАТО Алијансата за Република Северна Македонија обезбеди 60 респиратори и друга итно потребна медицинска опрема во вредност од 1,4 милиони евра, како директна помош во справува со коронавирусот, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. ont-weight: 400;">Ова, е доказ за силното сојузништво што Северна Македонија го гради со новите партнери во НАТО, доказ дека можеме да сметаме на поддршката на 29 земји членки на Алијансата.Членството во НАТО значи помош и поддршка во секакви кризни ситуации во кои би се нашла нашата земја и затоа беше важно да станеме дел од овој силен меѓународен сојуз.Покрај помошта од НАТО, за нашата земја, од страна на ЕУ обезбедени се 80 милиони евра макрофинансиска помош за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот.СДСМ како државотворна и одговорна партија продолжува да работи на интеграција и зајакнување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.Продолжуваме да градиме силни меѓународни односи, да ги јакнеме пријателствата и сојузништвата кои значат поголема поддршка и помош за нашата татковина.Остануваме целосно посветени на евроинтегративниот процес. Влеговме во НАТО, ќе покажеме дека можеме и во ЕУ, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. 

Македонија | пред 5 години

krvodaritelska-akcija

Крводарителска акција в среда во Општина Аеродром

Крводарителска акција ќе се одржи в среда, 14 октомври, во просториите на Општина Аеродром.Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09:00 – 14:00 часот, а крв можат да даруваат сите заинтересирани граѓани. Притоа, ќе се почитуваат сите мерки за заштита од КОВИД-19.Крводарителската акција е во организација на Црвен Крст на Р. Северна Македонија - Општинска Организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин.

Скопје | пред 5 години

bebe

Земјава рангирана меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца

Министерството за здравство информира дека според најновиот извештај на УНИЦЕФ, Република Северна Македонија е меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца во периодот меѓу 2000 и 2019 година. Анализата на податоците покажува дека стапката на мртвородени деца во Северна Македонија се намалила од 10,8 мртвородени, на вкупно 1.000 раѓања во 2000 година, на 6,2 во 2009 година и на 4,1 во 2019 година.Овој значаен напредок е резултат на континуираната соработка на Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, УНИЦЕФ, УНФПА и Светската здравствена организација во изминатите три години, со што се овозможи значително унапредување на перинаталната грижа. Значаен придонес кон овој успех има и Комитетот за безбедно мајчинство во нашата земја.  Според извештајот на УНИЦЕФ, нашата земја покажува најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд.Изминатиот период токму во оваа сфера беа реализирани конкретни мерки за подобрување на условите во родилиштата во земјава, подобрување на системите за транспорт и обезбедување пристап и брз трансфер до одделенијата за неонатална интензивна нега во случај на компликации, а воедно е изработен и генерален (мастер) план за перинатална грижа до 2030 година, кој опфаќа планови за натамошно зајакнување на здравствениот систем и обезбедување најсовремени услуги за бремените жени и новороденчињата.Исто така, реализирани се бројни инвестиции за зајакнување на капацитетите со нова медицинска опрема и набавка на инкубатори за интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство и во клиничките болници во Штип, Тетово и Битола, како и набавка на CTG-апарати, друга медицинска опрема и комплетно реновирање на гинеколошките сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир. Воедно се унапредени условите за лекување и третман во поголем број гинеколошките одделенија низ државата.За унапредување на перинаталната грижа придонесе и активното функционирање на Комитетот за безбедно мајчинство во рамки на Министерството за здравство, под раководство на д-р Ана Данева-Маркова, кој го сочинуваат врвни експерти со долгогодишно искуство во областа на гинекологијата, акушерството, неонатологијата, педијатријата и сродни дисциплини, со цел координиран пристап во унапредување на здравјето на мајките и децата.

Македонија | пред 5 години

narodna-banka-na-rm

Народната банка започнува со редовно објавување нови подетални податоци за вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност

Народната банка постојано работи на подобрување и проширување на статистичките податоци и нивно усогласување со меѓународните статистички стандарди. За таа цел, од октомври 2020 година започнува и со редовно објавување нови подетални прегледи со податоци за состојбата на вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност. Во досегашните статистички прегледи за портфолио-инвестициите на нашите резиденти во странство беа опфатени неколку димензии на вкупните, сопственичките и должничките хартии од вредност – приказ врз основа на земјата во која се инвестира, врз основа на оригиналната валута (за вкупните вложувања), врз основа на секторот на домашниот инвеститор, како и врз основа на рочната структура на должничките хартии од вредност. Во новите прегледи, податоците за вложувањата во странски хартии од вредност ќе бидат прикажани врз основа на неколку вкрстени димензии. Имено, со новите прегледи ќе се овозможи вкрстено прикажување на податоците за портфолио-инвестициите според институционалниот сектор и земјата на издавачот на странската хартија од вредност, како и според институционалниот сектор на домашниот инвеститор и институционалниот сектор на издавачот на странската хартија од вредност, за одредена група земји. Со вкрстеното прикажување на податоците според наведените обележја значително се зголемува аналитичката вредност на објавените податоци за портфолио-инвестициите – средства во рамките на извештајот за меѓународна инвестициска позиција. Воедно, новите прегледи ќе се доставуваат и до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на истражувањето за портфолио-инвестиции (КППИ), како дел од статистичкиот стандард СДДС плус. Доставувањето на овие податоци од страна на носителите на статистички истражувања до Меѓународниот монетарен фонд е доброволно. Оттука, одлуката и подготвеноста на Народната банка да ги доставува и овие податоци во рамките на највисокиот статистички стандард на ММФ е уште една потврда на нејзините постојани напори за целосно исполнување на највисоките статистички стандарди. Во согласност со календарот на објавување податоци, овие податоци ќе се објавуваат на редовна полугодишна основа и ќе бидат достапни преку статистичкиот веб-портал на Народната банка „НБСтат“. Проширениот сет расположливи статистички податоци за портфолио-инвестициите, со податоци со состојба за 30 јуни 2020 година, веќе е објавен на веб-порталот „НБСтат“. 

Македонија | пред 5 години

rosica

(ФОТО) Нов кров на објектот „Росица“ во Охрид

Во објектот „Росица“ од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, заврши реконструкција на кровот. Стариот и дотраен кров, беше заменет со нов лимен.Вредноста на зафатот изнесува околу три милиони денари, средства обезбедени од  буџетот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.Претходно во овој објект беше променето осветлувањето со нови енергетски ефикасни светилки.

Македонија | пред 5 години

transparentnost

ЕК: Институциите да бидат транспарентни и да ги вклучат граѓаните во одлуките од значење за животната средина и климата

Во извештајот на Европската комисија се вели дека постои потреба од подобрување на пристапот до информации, учество на јавноста и консултирање во процесот на носење на одлуки од значење за животната средина и климата. Институциите треба да бидат повеќе транспарентни и на најсоодветен начин да ги вклучат и информираат граѓаните кога станува збор за носење и имплементирање на политиките во овие сектори.- Во делот на аерозагадувањето според ЕК недостасува соработка помеѓу институциите како и имплементација на плановите кои веќе ги имаме. Според нас, меѓусекторска соработка недостасува и во сите други области во поглавјето 27, и сметаме дека е повеќе од потребно сите институции да имаат обучено и стручно лице кое ќе биде посветено на соработката со другите институции во справување со итни теми како аерозагадување, климатски промени, заштита на биодиверзитет. За подобра имплементација на општинските планови за аерозагадување потребно е подобро информирање и консултирање на одлуките со граѓаните како и консултирање на општинските планови со националните како не би имале мерки кои си пречат една на друга, наместо да се надополнуваат, заклучуваат од Еко-Свест.Според извештајот Македонија се уште нема  систем за селектирање на отпад, за сепарација и рециклирање на целиот отпад кој го создаваме како едно од побарувањата за намалување на емисиите на стакленички гасови. Воспоставување на функционален систем за справување со отпадот е и основно побарување на патот кон зелената економија.- Иако сме земја со изобилие на водни ресурси, ние сѐ уште лошо ги управуваме и дозволуваме да им се намали квалитетот или целосно да ги загубиме. Секторот води е и еден од секторите ранливи на климатски промени и ние мораме брзо да ги алармираме сите институции за лошата состојба на водите во земјата и да започнеме интерсекторски пристап кон управување со водните ресурси кој ќе значи долгорочен план со јасни чекори и мерки. Тука се надоврзуваат и забелешките во секторот природа каде мора да има посилна иницијатива и сериозен пристап во имплементација на политиките и законите, особено кога станува збор за спас на трите природни езера и реките во земјата, посочуваат од Еко-Свест.Европската регулатива од секторот климатски промени сеуште не е транспонирана во националното законодавство. Законот и стратегијата за климатска акција мора соодветно да се консултираат со сите засегнати страни и мора да бидат донесени побрзо. Во овие документи треба  да бидат внесени што повеќе обврски кон ЕУ, бидејќи имаме амбициозна енергетска стратегија која и овие документи би требало да ја следат.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално

Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2515024098804608Вчера на прес-конференција тој соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе предложи маската да биде задолжителна секаде, и на отворено и во затворен простор, а исклучок ќе бидат само децата до 6-годишна возраст. Исто така, маска нема да мора да се носи и при спортување и во автомобил само доколку сите лица се од иста фамилија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Притвор за дилер на дрога​

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице од Велес на 26 годишна возраст за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 1229 грама сместена во 4 стаклени тегли и наркотична дрога – хашиш во количина од 1.04 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата е пронајдена и одземена при вршење претрес од овластени полициски службеници врз основа на Наредба донесена од судија на претходна постапка.Со оглед на постоење на основан страв дека осомничениот може да се даде во бегство или со влијание врз сведоци да ја попречува истражната постапка, како и можност тој да го повтори кривичното дело, по предлог на јавен обвинител, Основениот суд Велес на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски: Власта си игра со оган, опозицијата не е прашана за пописот не туркаат кон непризнавање на резултатите

Пописот во Македонија е клучно политичко прашање. Сега ќе почне и расправа во Собранието на таа тема. Затоа што после Рамковниот договор правата за помалите етнички заедници е според процентот кои што ги има во државата. Тоа е еден Либански модел за кој што јас сум против. Затоа што неможе еден човек да го цениш според процент, туку според квалитет. Затоа членови на  СДСМ се пишуваат како албанци за да добијат работа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.Инаку, од друг аспект пописот е важен од економски аспект. Инвеститори доаѓаат во Македонија и сакаат да инвестираат во одреден град и незнаат со колку луѓе располага тој град. Во таа насока гледано економски пописот е многу битен, а политички е прашање е број еден во Македонија неможе да има попис без консензус. Мора да има разговор со опозицијата, и не само со ВМРО-ДПМНЕ, туку и со албанската опозиција. Мора да има консензус за да има доверба во пописот. А што прави СДСМ со ДУИ го турка на сила. Го пуштиле предлогот на Бојан Маричиќ во Собрание, ниту ни се јавиле ниту не побарале. Да ги предупредам од тука вечерва дека си играат со оган, бидејќи ова е исклучително важно политичко прашање. Затоа ВМРО-ДПМНЕ додека не биде вклучено од самиот почеток во подготовката и изгласувањето на законот за попис, не сум сигурен дека ќе ги признае резултатите од пописот. Нека се прави пописот според ЕУРОСТАТ или според моделот во Словенија, ете Словенија е членка на ЕУ, дециден е Николоски. 

Македонија | пред 5 години

fiskalni333

Од утре до понеделник викенд без ДДB

Утре треба да почне викендот во кој повратот на ДДВ за купените домашни произвиди и компјутери ќе биде целосен.Законските измени со кои треба да се овозможи овој продолжен викенд да се реализира мерката од четвртиот пакет – Викенд без ДДВ е на дневен ред на денешната собраниска седница што треба да почне во 12 часот.Пратениците од власта и од опозицијата вчера дебатираа по оваа точка и разменија остри тонови за проектот. Додека власта вели дека ова е за целосен бенефит на граѓаните, од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека Викендот без ДДВ е само за тие кои имаат паметни телефони и кои скенираат сметки. Сепак ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ги поддржи измените.  

Македонија | пред 5 години

DSC3861

ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и проектот „Ритам на мирот“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска потпишаа меморандум за соработка

ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и проектот „Ритам на мирот“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска потпишаа меморандум за соработка.Во следните 12 седмици, училиштето и амбасадата ќе реализираат проект кој има за цел кај учениците од сите возрасти, преку повеќе активности да ги развие когнитивните и социјално емоционалните вештини.  Проектот на децата ќе им помогне да научат подобро да зборуваат англески јазик, преку  три различни активности на танц (комбинација на модерен, поп и балет) да научат да танцуваат, да научат да работат тимски и да се стекнат со поголема самодоверба. Покрај ова, ќе се одржат и курсеви по претприемништво и комуникациски вештини. По завршувањето на обуките, децата ќе знаат како да носат позитивни одлуки во нивните животи, а и како да влијаат на заедницата.Обуките и часовите по модерни танци ќе ги држат професионалци, мешани тимови од САД и Северна Македонија. Проектот го имплементира MindLeaps од САД.На потпишувањето на меморандумот присуствуваа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски.За поддршката на училиштето, Општина Кисела Вода упатува голема благодарност до Американската амбасада.Сите заинтересирани средни и основни училишта во државата, за вклучување во активностите, за новата рунда на обуки, може да се пријават на: davis@mindleaps.org.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен по должината на Повардарието, информира УХМР.Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степени.До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, кои в сабота и в недела некаде ќе бидат и неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 5 години

zaev-torta

(ФОТО) Премиерот прослави роденден во седиштето на НАТО во Брисел

Премиерот Зоран Заев денеска наполни 46 години. Роденденот премиерот го прослави  со министрите Шекеринска и Османи во Брисел. Заев доби чоколадна торта, а дуваше и свеќичка.Инаку генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во седиштето на НАТО приреди вечера за македонската делегација. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања