Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

jahoski

Пратеникот Јахоски од ДУИ хоспитализиран на Инфективна со симптоми на Ковид-19

Пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, сопственик на нафтената компанија „Пуцко Петрол“, од вчера итно е хоспитализиран на Инфективна клиника. Јахоски во болница е примен со покачена температура и симптоми на Ковид-19.Пред да стане пратеник, Јахоски претходно во пет мандати беше градоначалник на општина Пласница.извор: Лидер

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се чистат спомениците на НОБ

Во пресрет на 11 Октомври - Денот на народното востание, Град Скопје почна со акција за чистење на спомениците на Народно-ослободителната борба (НОБ).Со оваа акција веќе се исчистени спомениците на жената борец, на Благоја Деспотовски - Шовељ, Перо Наков, Панче Пешев, како и споменикот на УРС-овите синдикати.Во наредниот период ќе продолжи акцијата за чистење на другите споменици на НОБ.Спомениците на учесниците во НОБ кои се поставени во Скопје заслужуваат посебно внимание и затоа Град Скопје ќе продолжи да се грижи тие редовно да се одржуваат заедно со просторот околу нив.

Македонија | пред 5 години

jorgo-1

ДЕМОКРАТИ: Економска катастрофа во Македонија како последица на три децениското уништување на економијата од страна на властите

Према Светската банка економскиот модел во Македонија кој е дарежлив во јавната потрошувачка преку субвенции и даночни ослободувања, не е одржлив. Државата мора да одреди нови приоритети каде да ги троши јавните пари, да зајакнат приходите и да се скратат непотребните трошоци, напишаа во својата објава на ФБ Демократи.Тие додаваат:За жал ќе продолже да се зголемува бројот на сиромашните граѓани како последица на уништената економија и коронакризата..Исто така секој ден се зголемува долгот на државата, долг кој не само што ние ќе мора да го плаќаме, туку и нашите деца и внуци.Властите ова катастрофална економска состојба во која се најдува Македонија ја прикажуваа како последица од ковид кризата, но ДЕМОКРАТИ сакаат да ги потсетат политичките манипуланти, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициони приврзоци дека три децении ја крадеа државата, ја уништиваа економијата и го осиромашуваа народот.На место да работат на креирање на светска економија и повисок животен стандард, тие ја пустошеа државата за свои лични интереси на богатење, напишаа Демократи на ФБ. 

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Доколку мерките не се почитуваат, ќе има препорака за рестрикција во движењето

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вечерва изјави дека доколку мерките за заштита од ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето.Филипче рече дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите и сестрите се под притисок. Но, тие се мотивирани, работат и нема да се случи болните од ковид да останат без медицинска нега.Заради очекуваниот есенски бран и зголемениот број на нови случаи Филипче истакна дека Комисијата за заразни болести предложи до Владата нови рестриктивни мерки како задолжително носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот. Зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и ингеренции ќе даде резултати.„Искрено верувам дека овие мерки ќе дадат резултат. Но, доколку не дадат сигурно дека ќе има препорака за рестрикција во движење. Најпрво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, угостителски објекти итн., но и рестрикција во движењето. Видовме какви искуства имаа некои земји кои нагло ги отворија градинките и училиштата. Затоа ние поучени од тоа, постепено ги отворивме училиштата. Но, тие земји се соочија со еден нагол скок на случаи, нагло оптеретување на болничките капацитети, како во Израел, каде мораа да воведат рестрикција во движењето. Тоа ќе следи ако имаме и понатаму зголемување на бројот на дијагностицирани случаи и дополнително оптеретување на болничките капацитети“, потенцираше Филипче.Во однос на обвинувањата од страна на опозицијата, тој посочи дека единствено се обидуваат политички да поентираат и немаат никаков аналитички концепт, ниту пак намера нешто добро или квалитетно да препорачаат.„Да сакаа да помогнат тие ако ништо друго ќе го потпишеа заемот. Дополнителната заменичка министерка за финансии не го потпиша заемот кој беше помош за нашиот здравствен систем. 35 милиони евра од Светската банка. Тоа е кредит којшто од почетокот на кризата го добија 100 земји во светот. Да го потпишеше тогаш опозицијата во техничката влада сега мобилните ковид центри ќе беа инсталирани насекаде во државата. Апсолутно сметам дека станува збор за крајно несериозен пристап. За потценување на целата оваа борба, за поигрување на здравјето на граѓаните. Впрочем никогаш немале сериозен однос кон здравствениот систем. Оваа клиника којашто е позади нас повеќе од 10 години немаше топла вода Тоа го направивме во изминатиот период“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

Ministerka

(ВИДЕО) Уапсен помошник министерот за земјоделство во Србија, примала мито

Во Србија помошник министерка за земјоделство Д.Ј.Н  е уапсена денес околу пладне под сомнение дека примила мито, објави Курир.рс.Покрај неа, уапсен е и Д.Ц. за кривично дело мито.Според обвинителството, постојат основи на сомнение дека осомничената  Д.Ј.Н, од осомничениот Д.Ч добивала месечна рата, ветени придобивки однапред да помогнат во добивање договор во поста. му ветила исплата на поволности во износ од околу 1.000 евра месечно, во следните две години, додека трае реализацијата на договорот за јавна набавка“, соопштилообвинителството.Осомничените биле приведени од полицијата и со кривична пријава ќе бидат спроведени во Обвинителството за организиран криминал.Министерот за земјоделство, Бранислав Недимовиќ изјавил дека кој и да бил, ако се огрешил пред законот мора да одговара."Ако некој сторил нешто спротивно на законот, треба да одговара, без разлика за кого станува збор. Нулта толеранција за корупција. Ја познавам површно, само од работа. Досега работеше коректно“ рекол тој.

пред 5 години

mickoski-protest

Мицкоски: Се врши тортура и реваншизам, се бркаат луѓе од работа, тоа е знак на страв и слабост на мафијата на власт

И покрај заразата, тоа што денес сме собрани овде укажува дека на народот му е преку глава и има вистинска мака, а таа мака се вика мафија, рече на почетокот од своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот протест, кој неговата партија го организира против „неправдата, реваншизмот и политичкото насилство“.Тој пред присутните наведе неколку примери за, како што рече, реваншизам и политичкото насилство и побара јавноста да ги запамети тие случаи:„Денеска можете да сретнете татко на три деца, кој останал без работа, само затоа што одбил да излезе и да гласа за СДСМ на последните избори. Самохрана мајка е оставена без единствените приходи и избркана од работа, само затоа што одбила да биде дел од структурите на СДСМ и да земе членска книшка. Преместен на работно место од Скопје во Кичево на ископ на јаглен за сам да си замине од работа затоа што гласно рекол дека Заев е криминалец. Го дале на дисциплинска одговорност, само затоа што бил забележан во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ за изминативе избори“, наброја Мицкоски.Посочи дека, покрај реваншизмот во државните институции, теророт на мафијата е насекаде каде што таа може да допре.„Имаме отпуштања од работа кај поголеми приватни фирми блиски до власта. Да не зборувам за уцените што ги прават кон газдите на компаниите за тие благонадежно да одработуваат за истата таа власт. Сакам сите да знаат – овој терор и реваншизам се случуваат не затоа што е силна мафијата, туку затоа што се кукавици и затоа што се уплашени. Тие се уплашени затоа што луѓето гласно говорат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните на протестот.Посочи дека секој што е жртва на ваква ситуација може да се обрати до ВМРО-ДПМНЕ, која како партија на народот, ќе му помогне и ќе го одбрани.„Секој обесправен, сè до последниот, без разлика дали таа тортура е кон Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, Египќанец и другите да ми простат што не ги споменав наши сограѓани од друга етничка припадност, може да се обрати до нашата партија и ќе наиде на отворена врата“, посочи Мицкоски и им порача на присутните дека заеднички ќе ги победат тортурата и неправдата и ќе ги одбранат националните и државните интереси на Македонија.

Македонија | пред 5 години

protest-12

Кире Михаилов: Татко на малолетни деца, ме избркаа од работа затоа што напишав статус против власта

Јас сум Кире Михаилов од Струмица, еден во низата луѓе неистомисленици на оваа власт, кој поради тоа не најдовме на улица. Се сеќавате на Валандово и изјавата дека од чистачка до министер ќе не избркаат сите?Се сеќавате на изјавата дека живи луѓе ќе јаделе?Е токму тоа ни се случува, секојдневно во секоја институција, на секое поле ни се случува. Работев во ЈП Македонски Шуми каде чесно и професионално си ја работев својата работа, работа од која ја издржував мојата фамилија. Меѓутоа замислете, избркан сум од работа заради еден фејсбук пост, и тоа во период кога бев на неплатено отсуство, т.е. не бев во работен однос, за жал тоа е реалноста во Македонија, истакна на денешниот опозициски протест Кире Михаилов.Тој во своето обраќање пред присутните додаде:За една напишана реченица против власта. Може ли да замислите до кај може да им оди умот и што може да направат и на што се се подготвени. За која демократија ние зборуваме, слобода на говор, што беше тоа ?Ова не е демократија, овде нема ниту слобода на говор, овде нема ниту човечност.Овде има реваншизми и терор.Ова што ми се случува мене е прогон врз мојата фамилија и лично врз мене затоа што не се согласувам со погубните политики на СДСМ и еве јавно како и до сега повторно ќе кажам дека не знаат што прават, и дека не само што е лошо, никогаш не било полошо.Ова се случува со секој еден кој што ќе се спротивстави на оваа власт на било кој начин, и ова го прават затоа што се плашат и на овој начин мислат дека ќе не скршат, но се лажат, ниту ќе не скршат, ниту ќе не предомислат, само ќе не мотивираат.Заев сака да се откажеме и да избегаме од државата, сите ние кои не се согласуваме и се спротивставуваме на неговите погубни политики за да може да го тероризира секој еден.Но тоа нема да се случи.Јас лично ќе се борам за Македонија затоа што сум Македонец и затоа што си ја сакам Република Македонија.Јас сум од Струмица и живеам во Струмица можам да ви кажам и гарантирам дека во Струмица со Заеви нема живот. Нема, затоа што цела Струмица е окупирана од нив.Никој не може да тргне на работа ако нема амин од Заеви, никој не може да почне приватен бизнис ниту да го работи доколку не е вмежен во нивниот октопод на бизниси. Тоа е реалноста во Струмица, тоа е реалноста која ја преточија низ цела Република Македонија.На ова насилие, раваншизам и терор мора да му се стави крај.И ќе му ставиме крај.Затоа, одовде и сега јасно и гласно да им порачаме на Зоран Заев и неговите послушници дека ќе не гледаат овде и секаде, сега и секогаш кога ќе биде потребно затоа што Македонија која  ним не им значи ништо, таа нам ни е сѐ.Ќе не гледаат додека не го го потрошиме и последниот атом од нас, затоа што Македонија ни е аманет на нас, затоа што Македонија ќе биде аманетот од нас.За крај да сте ми живи, здрави и долговечни, да ни е вечна организацијата, да ни е вечна и вековита Република Македонија, истакна Михаилов. 

Македонија | пред 5 години

gfrizer

Фризерско студио добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“

Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова, објави А1ОН.На фирмата „В.Е.З. Трејд“ со основна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, а регистрирана и со општа клаузула за бизнис, ѝ било овозможено да добие грантови за проекти од областа на едукацијата. Истовремено, во правилата на „Еразмус“ пишува дека правното лице мора да е активно во сферата на едукацијата, обуката, младите и спортот.Во други земји, вакви грантови за едукација добиваат школи, универзитети, здруженија и државни институции, но не и фирми регистрирани со дејност „фризерски салони“. Сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, кај вработени во Нациоаналната агенција е познат по тоа што држел обуки кои биле организирани од оваа институција.„А1он“ ја посети фризерницата на Златковски, која се наоѓа на булеверот Видое Смилевски Бато во населбата Аеродром. Станува збор за мала просторија, која е опремена со берберски столчиња и опрема за работа. На вратата пишува „фризерски салон“, а во ќошот стои бројот на локалот, „15Б“.Директорката Лидија Димова тврди дека не е спорно што фирма со дејност фризерница и годинава добила четири грантови во три акции од „Еразмус+“.„Во правилата стои дека им се овозможува апликација на сите фирми. Мојата фирма е пристапна. При регистрација на неа, таа има општа клаузула и претежна дејност. Претежната дејност е фризерско студио, а општата сите дејности. Имам приложено тековна состојба, па во европскиот систем сум заведен како „В.Е.З. Трејд“, а „Вредност на европско знаење се генерира од порталот“, рече сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, без да појасни за кој портал станува збор.извор: А1ОН

Македонија | пред 5 години

09102020_PVRSM_MZ_Sredba_5

Заев и Филипче се сретнаа со претставници од дејноста прослави и свадби: Дијалогот е започнат, заедно ќе ги најдеме најдобрите решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, од претставник на Комисијата за заразни болести и од националните координатори за култура и за комуникации, попладнево одржа работен состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите кои настапуваат на естрадата.На средбата засегнатите страни ја поздравија конструктивноста и отвореноста на Владата и изразија разбирање и свесност за ризиците кои групирањето на граѓаните на отворени и затворени простори ги носи по јавното здравје. Во исто време, премиерот Заев и претставниците на Владата демонстрираа запознаеност и разбирање за економските ризици и загуби кои се случуваат во дејноста прослави и свадби.После покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба  дијалогот е започнат и дека во периодот којшто следува претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите кои настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби.Заедничка цел на вклучените во дијалогот е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови кога коронавирусот e во експанзија насекаде низ регионот и Европа, да се оневозможат услови за дополнително зголемување на бројот на заболени и со тоа на бројот на смртни случаеви, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста прослави и свадби која е меѓу најпогодените, со цел намалување на економската штета.

Македонија | пред 5 години

star-grad

Георгиески со жители од „Стар Град“, „Рача“, „Центар“ и „Кошишта, разговараше за сите комунални потреби, идеи и предлози

Со граѓаните на урбаните заедници „Стар Град“, „Рача“, „Центар“ и „Кошишта“ разговаравме за сите комунални потреби, идеи и предлози кои можат да бидат опфатени во рамки на годишните програми и општинскиот буџет за 2021 година. Партиципативното учество на граѓаните е од исклучително значење за донесување на соодветни одлуки и квалитетни комунални решенија на локално ниво, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.694235714515368/694235557848717/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Запленет кокаин, приведен дилер од Албанија

На 09.10.2020 околу 17.15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан- Струга запреле возило „голф“ и го привеле Р.К. (23) од Либразд, Албанија, кај кого е пронајдено околу 50 грама кокаин. Р.К. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Утре забрана за сообраќај на “Железничка и на дел од „Егејска “ и „Будва“, во Охрид

Се известуваат  жителите на општина Охрид дека утре (10.10.2020 година) во период од 05:00 – 16:00 часот,   улицата  „Железничка“ целосно  ќе биде затворена за сообраќај  на автобуси и товарни  возила на потегот од Клучката   до кружната  крстосница кај Здружение на возачи.  Овие превозни средства ќе се пренасочуваат   на улицата   „ Туристичка “ од една страна и ул. „ 7 – ми Ноември “ од друга страна.Во  овој период  по налог на Општина Охрид  АД „Илинден“ од Струга ќе реализира градежни активности за преуредување и асфалтирање  на четворокраката  крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва “ во кружна, а ќе се воведе и нов   сообраќаен режим.За останатите превозни средства и пешаци   забраната на  сообраќање и движење ќе важи од крстосницата  на ул. „Железничка“ со ул. „Кленоец“ и тоа  во насока кон Струга и  од  Клучката  на влезот од  Охрид кон  Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата Железничка и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка “. 

Македонија | пред 5 години

kola

(ФОТО) Дрво  падна врз автомобил во движење полн со патници

Дрво  падна врз автомобил која со патници се движеше низ улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец кај ТЦ „Зебра“.Дрвото паднало дирекно врз автомобилот , но за среќа патниците поминале без повреди бидејќи стеблото удрило врз хаубата на колата.  Причинета е само материјална штета.Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека виновни што дрвото паднало се од фирмата која работи на реконструкција на улицата.

Скопје | пред 5 години

policija-22

Фирма од Радовиш во својот ресторан организирала матурска прослава во време на епидемија, заработи кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против фирма од Радовиш и Л.П.(44) од Радовиш, сопственик и управител во фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.На 06.09.2020 полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на фирмата и констатирале дека на летната тераса  била организирана матурска прослава, спротивно од член 12 од Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Маж пронајден мртов на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш

На 08.10.2020 околу 16.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш, во патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, бил пронајден починат Р.К.(65).Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт.Увид извршиле екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција во Клиничка болница Штип.

Македонија | пред 5 години

ddv

Инспекциските служби ќе вршат интензивни контроли за време на викендот без ДДВ за почитување на здравствените протоколи и цените на производите

Инспекциските служби за време на викендот без ДДВ, ќе продолжат со интензивни контроли на терен, во делот на почитување на здравствените протоколи, како и на цените на производите.Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува контроли со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите. Конкретно ДПИ ќе врши контрола дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите. Паралелно ДПИ, ќе спроведува интензивни контроли во однос на почитување на здравствените КОВИД протоколи во моловите и трговијата на мало (маркети, бутици итн). Конкретно, во моловите, дали се почитуваат мерките во делот на одржување на физичко растојание меѓу купувачите и продавачите од 1,5-2м, работно време, дали е обезбедена заштитна опрема (маски и ракавици), одржување на ред за влез во продавниците, обезбедени средства за дезинфекција, редари, регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, ред при пробување во продавниците за облека, обeлежани места за чекање пред касите и друго. Во делот на трговијата на мало, ќе се контролира почитувањето на протоколите во однос на запазување на големината на објектот и дозволеното присуство на бројот на купувачи, заштитна опрема за вработените (маски и ракавици), редарска служба, соодветни ознаки за правец на движење. За непочитувањето на здравствените протоколи предвидени се глоби во зависност од големината на трговците.Од страна на ДПИ се преземени сите активности за превенирање на можни пропусти за време на викендот без ДДВ, за што се известени поголемите трговци и менаџери на моловите.Воедно, продолжуваат интензивните контроли од страна нa сите инспекциски служби во зависност од нивните надлежности (Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство Државен инспекторат за транспорт, Државен инспекторат за труд, Агенција за лекови) во однос на почитување на здравствените протоколи.Инаку, на последната владина седница се усвоија измените на Законот за заштита на население од заразни болести со кои сите инспекциски служби ќе добијат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на КОВИД протоколите. Досега само Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаше овластувања да изрекува мерки, а другите инспекциски служби само поднесуваа кривични пријави за непочитување на протоколите согласно Кривичниот законик. Со новите законски измени вакво овластување за изрекување на забрана за работа и прекршочен платен налог добиваат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и другите инспекторати на централно и локално ниво. Конкретно, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти кои не ги почитуваат мерките. Дополнително според новите законски измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект.Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, апелираме граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Крстосницата кај собрание затворена за сообраќај во наредните три дена

Градот Скопје известува дека почнувајќи од утре (10.10.2020 година, сабота) во 6 часот, па се до понеделник (12.10.2020 година) во попладневните часови, целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата кај Собранието на Република Северна Македонија, односно крстосницата меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев, поради изведување градежни работи.За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11 Октомври и десното вртење од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски.Автобускиот превоз ќе се движи по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација. 

Скопје | пред 5 години

fiskalni333

Владата ги усвои измените на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица

„Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица денеска е усвоен на седница на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа се овозможува практичната имплементација на мерката „Викенд без ДДВ“, која ќе се спроведе во претстојниот продолжен викенд, односно во деновите 10, 11 и 12 октомври“, соопшти вршителот на должност директор на Управата за јавни приходи,Фарук Омери.„Викенд без ДДВ е меѓу првите мерки од 4–тиот пакет мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија за справување со последиците од пандемијата  предизвикана од вирусот  КОВИД-19.  Како и во претходниот период,  Управата за јавни приходи  продолжува со активно учество  во реализација на сетот мерки на Владата на Република Северна Македонија, а се со цел поддршка на домашната економија. Мерката „Мој ДДВ“ која ние како Управа за јавни приходи во целост ја реализиравме минатата година и која постојано и успешно ја надградуваме, ја прилагодивме и за реализација на мерката „Викенд без ДДВ“. Започнавме скромно, но од ден на ден бројот на регистрирани обврзници кои ја користат апликацијата растеше, за да денес истата ја користат 350.000 илјади граѓани“, посочи Омери.ВД директорот на УЈП нагласи дека сите граѓани кои се корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври, и пријавени во УЈП со скенирање преку апликацијата „Мој ДДВ“, за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема, ќе им се врати целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки. Ако досега се враќаше 20% од пресметаниот ДДВ за македонски производи, овој продолжен викенд се враќа целосниот износ на пресметаниот ДДВ.„Значајно е дека, за враќање на целиот износ на данокот граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се враќа 20% од искажаното ДДВ во фискалната сметка. Важно да се напомене и дека, вкупниот промет од македонски производи, услуги и комјутерска опрема за кои ќе се враќа целосен износ на ДДВ е 30 илјади денари по лице, а за надминатиот износ на вкупнио промет ќе се пресметува според редовната пресметка односно 20 %“, објасни директорот Омери.„Република Северна Македонија располага со голем асортиман на домашни производи почнувајќи од прехранбените продукти, текстил, облека, градежни материјали, мебел и друго, што значи дека е широка лепезата на нашите домашни македонски производи и граѓаните може  овој викенд да ги направат потребните набавки. Исто така, акцент е ставен и на компјутерската опрема со тоа што во овој период, односно од 10-12 октомври, истата независно од потеклото, во фискалните сметки ќе се регистрира како промет од македонски производи, се со цел граѓаните да ги искористат придобивките од купување на компјутерската опрема, имајќи во предвид колку е таа сега во овој период неопходна“, истакна Омери.„Враќањето на данокот на додадена вредност кај граѓаните што го оствариле за време на викендот без ДДВ ќе се реализира во рок од 15 дена од денот на издадената фискална сметка, односно најдоцна до крајот на месец октомври. Основната цел на „Викенд без ДДВ“ е повеќе пари кај граѓаните,  особено во овој период од годината кога трошоците во домаќинствата  се зголемени, при што граѓаните ќе може да купуваат домашни производи и компјутерска опрема, преку што ќе се поттикне потрошувачката , а истовремено  ќе се поддржи и  домашната економија.  Но, на подолг рок мерката „Мој ДДВ“ значи борба со сивата економија, што значи дека  секој граѓанин е инспектор на терен,  со тоа што тој бара да му се издаде валидна фискална сметка,  а доколку не му се издаде валидна фискална  сметка може да пријави во Управата за јавни приходи, каде што нашите инспектори излегуваат на терен и неиздавањето на фискални сметки го санкционираат“, нагласи ВД директорот на УЈП Фарук Омери, на прес-конференцијата на која беа презентирани деталите за мерката „Викенд без ДДВ“.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Граѓаните да бидат одговорни - да носат заштитна маска, да одржуваат физичка дистанца и хигиена

Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани да бидат одговорни и совесни - да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на ковид-19.Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание од два метри и честото миење на раце - одржување хигиена се клучни во борбата со коронавирусот. Ова се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот. Ова се мерки со кои се заштитува сопственото здравје, но и здравјето на сите околу нас - најблиските, родителите, пријателите.За потсетување, вчера, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека согласно епидемиолошката слика и анализите на Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести, донесена е одлука за препорака до Владата на Република Северна Македонија за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на ковид вирусот.„Состојбата со вирусот е многу сериозна, токму онака како што со месеци најавувавме дека може да се случи. Европа и светот постепено се затвораат со силни рестриктивни мерки кои е очигледно дека не може да ги избегне ниту една земја. Како ќе се развива состојбата кај нас, во која насока ќе се движиме, колку брзо ќе го стабилизираме и овој удар зависи само од една работа, а тоа е однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки кои се на сила. Потребно е одговорно и совесно однесување за да превенираме пренатрупување на болниците, тоа не смееме да го дозволиме. Воопшто не е тешко и комплицирано да се следат основните правила за заштита. Сега веќе не верувам дека има човек којшто точно не знае како да се заштити себе и другите, сега е само прашање на волја и да се придонесе во битката со вирусот, личната заштита и заштита на сите граѓани.“ – потенцираше Филипче.

Македонија | пред 5 години

cekostina

Соопштение во врска со најавениот протест на жителиод населба „Чекоштина“

Во врска со најавениот протест на жители од населбата „Чекоштина“ ја информираме јавноста дека посочениот населен потег не е во рамки на утврдените урбани зони со уредено градежно земјиште, при што општина Охрид нема обврска за комунално уредување на истиот.Сите граѓани односно инвеститори кои граделе објекти на овој потег во договорите за регулирање на правата и обврските за уредување на градежно земјиште, кои ги имаат склучено со општина Охрид имаат дадено согласност дека се обрзуваат на сопствен трошок да ги регулираат обврските од член. 97 од Законот за градежно земјиште со кој инвеститорот се ослободува од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште.(комуналии)Жителите од овој дел на градот кои се организирани во здружение на ден 13.07.2020 година остварија средба со градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески на која беше посочено дека во рамки на општинскиот буџет за 2021 година се планира издвојување на средства за соодветно уредување на просторот во населбата „Чекоштина“ и решавање на приоритетните комунални проблеми. Во овој период не постоеше реална можност за спроведување на постапка за изработка на проекти и спроведување на тендерски постапки за уредување на градежно земјиште, бидејќи истите не беа предвидени во програмите за 2020 година. Во моментов општина Охрид има активен тендер за јавно осветлување и ќе се вложат напори во текот на наредниот период да биде исполнето барањето на жителите за решавање на проблемот со осветлување.Општина Охрид останува отворена за соработка и продолжува да работи во интерес на потребите на граѓаните. Се упатува јавен повик до сите жители на оваа населба да ги поднесат своите предлози и барања до службите на општина Охрид и активно да се вклучат на средбите со граѓани кои се организираат со жителите на месните и урбаните заедници

Македонија | пред 5 години

abas-emin

Општина Охрид со детали за реконструкцијата на улицата „Абас Емин“

Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ е еден од најзначајните инфраструктурни проекти кои во моментот се реализираат во општина Охрид. Ја информираме јавноста дека веќе е подготвен оперативен и динамички план за изведување на сите следни градежни активности со кои во најбрз можен рок и во согласност со проектот, ќе се создадат услови за непречен сообраќај на овој потег и ќе се нормализира животот на граѓаните.Сите досегашни градежните активности за реконструкција на улицата до сега се одвиваа по предвидената динамика. По завршување на тендерската постапка за реконструкција на горниот строј на улицата, која поради сложеноста на проектот и неговата вредност траеше 55 дена, денес започнаа работите за ископ, замена на тлото во длабочина од 40 сантиметри и тампонирање. Во моментот подготвителните работи се изведуваат во рамки на првата фаза од реконструкцијата, на потегот од „Дејан Војвода“ до пресекот во близина на „Тубелес“.Во рамки на втората фаза од реконструкцијата, во тек е преприклучувањето на новата фекална и водоводна линија. По завршување на предвидените активности на подземната инфраструктура ќе следува реализирање на подготвителни работи за асфалтирање на потегот од „Тубелес“ до пресекот со улица „Охридска Бригада“.По комплетно завршување на подготвителните работи, ќе следува поставување на два асфалтни слоја на коловозот, нови рабници како и изведба на тротоари на местата каде што е предвидено, врз основа на проектот и фактичката состојба на терен.Упатуваме апел до граѓаните за поголемо разбирање и трпение. Станува збор за голем зафат, кој поради својата вредност, обемност и сложена динамика бил одложуван од сите претходни власти. Со релизицијата на овој проект се решава еден деценски инфраструктурен проблем и ќе се обезбедат подобри услови за жителите од овој потег во градот. 

Македонија | пред 5 години

bajraktarov

Бајрактаров: Сите активно да се вклучат во поддршката на менталното здравје

Менталното здравје е од огромна важност за нашето секојдневно функционирање и за квалитетот на живот кој го имаме.Сите треба активно да се вклучат во поддршката на менталното здравје кај себе, своите семејства, пријатели, колеги, заедници и да се трудиме негата и поддршката да бидат достапни за сите, вели со писмена изјава директорт на Универзитетската клиника за психијатрија и претседател на Национална комисија за унапредување на менталното здравје, доц. д-р Стојан Бајрактаров.Последните неколку месеци, посочува тој, светот активно се бори со ширењето на Ковид-19 и стручните лица напорно работат во изнаоѓање решенија за заштита на нашето физичко здравје.– Но, промените кои ги искусуваме овој период и предизвиците со кои се соочуваме влијаат не само на нашето физичко здравје, туку и на нашето ментално здравје. Ова е тема која често ја занемаруваме и е проследена со зголемена стигма и со предрасуди. Познато ни е дека милиони луѓе и нивните семејства низ светот страдаат од нарушено ментално здравје и ментални растројства. Денеска 10 октомври е само краток но важен потсетник да инвестираме во менталното здравје во нашата држава, истакнува доктор Бајрактаров.Потенцира дека како стручни лица вложуваат значителен труд во изнаоѓањето иновативни решенија во адресирањето на ментално здравствените проблеми во овој тежок период.– Во последните неколку години направивме значителен напредок, со големи вложувања, пред се, во медицинскиот персонал, но и во подобрувањето на условите за работа и можностите за третман, со активна поддршка од Европската Унија, СЗО, УНИЦЕФ и од други значајни интернационални институции, додава д-р Бајрактаров.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

178 лица позитивни со КОВИД 19 денеска во Скопје, по општини во моментов најмногу активни има во Центар

Денеска се регистрирани 386 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 20163 Оздравени се 154 пациенти– починати се 6 лица. Најмногу позитивни и денеска има во Скопје 178 лица. Од  8088 пак досега регистрирани, во моментов активни во главниот град се 1432 лица.Активни случаи по општини Скопје денеска:• Чаир – 73• Гази Баба – 147• Аеродром - 257• Карпош – 242• Центар – 265• Кисела Вода – 157• Ѓорче Петров – 118• Бутел - 56• Шуто Оризари – 13• Студеничани – 2• Сарај – 16• Арачиново – 4• Илинден – 31• Сопиште – 4• Чучер Сандево – 2• Петровец – 9• Зелениково - 4• Странец – 10• Нераспределен-22

Скопје | пред 5 години

koronavirus-ukrepi-

386 нови случаи на Ковид 19 во земјава и починати 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-178, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-20, Тетово-13, Струга-9, Велес-5, Битола-13, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-4, Гевгелија-18, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-10,  Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-7, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-5.Во болнички услови починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20163, бројката на оздравени пациенти е 16009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3373. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 8088, активни 1432• Куманово 1854, активни 162• Дебар 292, активни 34• Штип 1327, активни 92• Прилеп 773, активни 144• Тетово 1549, активни 188• Струга 708, активни 51• Велес 357, активни 36• Битола 367, активни 90• Охрид 454, активни 42• Кавадарци 263, активни 47• Гостивар 967, активни 72• Гевгелија 178, активни 78 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 27 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 394, активни 232• Крива Паланка 142, активни 45• Радовиш 122, активни 47• Крушево 20, активни 1• Кочани 475, активни 207• Пробиштип 123, активни 18• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 95, активни 2• Пехчево 46, активни 3• Берово 139, активни 53• Валандово 60, активни 45• Виница 130, активни 40• Делчево 180, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 26, активни 2• Свети Николе 394, активни 65• Кичево 347, активни 30• Ресен 167, активни 8• Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2267 теста се преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-515,  Биотек-277, МАНУ -143, Жан Митрев (Филип Втори)-424, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-89, Инфективна клиника-10, ГАК-16, Синлаб-31, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 203779 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 73• Гази Баба – 147• Аеродром - 257• Карпош – 242• Центар – 265• Кисела Вода – 157• Ѓорче Петров – 118• Бутел - 56• Шуто Оризари – 13• Студеничани – 2• Сарај – 16• Арачиново – 4• Илинден – 31• Сопиште – 4• Чучер Сандево – 2• Петровец – 9• Зелениково - 4• Странец – 10• Нераспределен-22

Македонија | пред 5 години

foto-5

Бочварски: За 2021 година обезбедивме 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард

Бочварски на средба со АМЕРИТ: За 2021 година обезбедивме 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард„Електронското пријавување за ЦЕМТ дозволите е од 13-ти до 15-ти овој месец. За 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски обезбедени се 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард“ – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната средба со СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, која се одржа во Радовиш.На средбата се разговараше за активностите кои Владата и Министерството за транспорт и врски ги преземаат со цел да ги поддржат транспортните компании и да се овозможи стабилност на работните места.Министерот Бочварски истакна дека Министерството за транспорт и врски презеде низа активности во насока на надминување на предизвици кои настанаа како резултат на Ковид-кризата.„Во услови на вонредна состојба поради здравствената криза, Министерството за транспорт и врски презеде конкретни чекори за поддршка на транспортерите: континурирано се издававаа транспортните дозволи, се пролонгира важноста на Сертификатите на возачите, се воведоа протоколи за превоз, транспорт и испорака на стока, како и низа други мерки со кои  во такви услови се овозможи непречен транспорт на стока. Но не застануваме тука. Во рамките на четвртиот сет економски мерки продолжуваме со поддршката за исплата на плати, која важи и за последниот квартал од годината, односно за месеците октомври, ноември и декември. Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Поконкретно, од 30% до 40% намален приход финансиската поддршка ќе изнесува 14.500 денари, од 40% до 50% намален приход 15.955 денари поддршка, од 50% до 60% намален приход -  17.410 денари поддршка, од 60% до 70% намален приход  18.865 денари поддршка, од 70% до 80% намален приход  20.320 денари поддршка и за над 80% намален приход финансиската поддршка ќе изнесува 21.776 денари. Исто така, како дел од сетот економски мерки кои чекаме да бидат изгласани во Собрание, Министерството за транспорт и врски предлага да се изврши пролонгирање на важноста на лиценците за плус една година, со што ќе бидат опфатени 7000 транспортери на кои ќе им се продолжи лиценцата за работа дополнително за една година, без надомест“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Министерот Бочварски нагласи и дека по консултации и разговори со здруженијата на транспортери извршена е измена на Уредбата која го решава моментот на нераспределени годишни дозволи и истата во моментов е во владина процедура.На крај, министерот Благој Бочварски додаде дека ресорното министерство и Владата остануваат  целосно транспарентни и отворени за соработка со транспортните компании и најави дека во наредниот период ќе бидат преземени дополнителни активности во насока на јакнење на транспортната дејност во нашата држава.  

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања