Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Amdi-Bajram

Наместо да ечи цела Шутка утре таму без свадба- Амди Бајрам ја одложи прославата за внуката

Лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам ја откажал свaдбата на внуката Перјан, која претходно била закажана во ресторан во Шуто Оризари. Покана за семејната забава на која пишува дека ќе се одржи утре, беше објавена на социјалните мрежи, по што се покрена лавина на реакции, бидејќи свадбите се забранети поради пандемијата со корона вирус.Во телефонски разговор за “Фокус” Бајрам појаснува дека нема да има ништо од најавената свадба, бидејќи ги почитува одлуките на здравствените власти.Целиот текст на следниов линк.

Македонија | пред 5 години

gfrizer

Јовевски: Не се исклучува можноста за да се отвори случај за Фризерскиот салон кој доби 270.000 евра

Фризерскиот салон кој доби 270.000 евра за образовни обуки преку програмата Еразмус + е под лупа на Обвинителството. Државниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за ТВ24 не ја исклучи можноста да се отвори истрага:„Ги следиме сите информации, доколку има основ, зависно од проценката на колегите, не се исклучува можноста за да се отвори случај“ – изјави Јовески за телевизијата.Станува збор за скопски фризерски салон за мажи, со адреса во Ново Лисиче, кој три години по ред европски пари за програма поврзана со обуки на студенти. Исплатата на средствата оди преку Агенцијата за европски образовни програми, каде директорка е Лидија Димова. Агенцијата ги исплатила парите на сметката на В.Е.З Трејд. (Вредност на европско знаење) и оваа фирма која редовно аплицира и добива проекти има регистрирана основна дејност фризерски салони и салони за разубавување, но и општа клаузула за бизнис. 

Македонија | пред 5 години

korona6

Денеска 393 нови случаи на Ковид 19 и починати 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-189, Куманово-14, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-27, Струга-7, Велес-12, Битола-9, Охрид-5, Кавадарци-8, Гостивар-6, Гевгелија-15, Струмица-15, Крива Паланка-4, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13,  Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-6, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-34, Куманово-7, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-4, Радовиш—2, Пробиштип-2, Берово-5, Валандово-2, Свети Николе-2, Кичево-2.Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20555, бројката на оздравени пациенти е 16099, на починати е 785, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3671. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 8277, активни 1586• Куманово 1868, активни 168• Дебар 294, активни 36• Штип 1340, активни 101• Прилеп 792, активни 155• Тетово 1577, активни 213• Струга 715, активни 58• Велес 369, активни 47• Битола 376, активни 97• Охрид 459, активни 46• Кавадарци 271, активни 55• Гостивар 972, активни 69• Гевгелија 193, активни 91 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 408, активни 245• Крива Паланка 146, активни 45• Радовиш 132, активни 54• Крушево 21, активни 2• Кочани 488, активни 220• Пробиштип 126, активни 19• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 97, активни 4• Пехчево 48, активни 5• Берово 142, активни 51• Валандово 61, активни 44• Виница 130, активни 40• Делчево 183, активни 92 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 27, активни 3• Свети Николе 396, активни 65• Кичево 353, активни 33• Ресен 168, активни 9• Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2464 теста се преку: ИЈЗ-737, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-562,  Биотек-244, МАНУ -120, Жан Митрев (Филип Втори)-288, Систина со PCR метода -134, лабораторија Лаор –107, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-80, Инфективна клиника-6, ГАК-16, Синлаб-86, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 206243 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 родители позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 83• Гази Баба – 163• Аеродром - 282• Карпош – 276• Центар – 288• Кисела Вода – 178• Ѓорче Петров – 129• Бутел - 62• Шуто Оризари – 14• Студеничани – 3• Сарај – 17• Арачиново – 3• Илинден – 33• Сопиште – 8• Чучер Сандево – 4• Петровец – 7• Зелениково - 4• Странец – 14• Нераспределен-18

Македонија | пред 5 години

zatvor

Притвореник избодел затворски чувар во затворот Шутка

На 09.10.2020 во 11.30 часот во СВР Скопје, од притворското одделение во Затвор Скопје било пријавено дека притвореникот Д.Ф. од Скопје со остар предмет нападнал вработен во затворот и му нанел повреди на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

berlin

Берлин донесе нови мерки

Главниот град на Германија, Берлин од денеска на баровите и рестораните им забрани да работат од 23 до 6 часот наутро, поради загрижувачкиот раст на заразата со коронавирус.Градот Франкфурт претходно презеде слична мерка, која на сила стапи вчера вечер помеѓу 22 и 6 часот, со затворање на баровите и рестораните и забрана на продажбата на алкохол.Во Берлин, оваа мерка, која ги погодува сите локали, освен аптеките и бензиските пумпи, ќе биде на сила најмалку до 31 октомври, соопштија властите.Продажбата на алкохол на бензиските пумпи или во прехранбените продавници исто така е забранета по 23 часот.„ Не е време за забава“ рече социјалдемократскиот градоначалник на главниот град на Германија, Михаел Милер.Во текот на денот во затворен простор може најмногу 10 луѓе, наместо досегашните 25.Овие мерки во главно се насочени кон спречување на клучните забави и непријавени масовни прослави, за кои берлинските власти сметаат дека се извор на ширењето на новиот коронавирус. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Есенска акција за расчистување на отпад во Општина Центар

Во тек е редовната есенска акција за расчистување на отпадот на службите за одржување на хигиената на Општина Центар.На повеќе локации низ општината, службите ги расчистуваат паднатите лисја од дрвата, расфрланите отпадоци, градежниот шут и кабастиот отпад. Есенската акција ќе продолжи и во периодот кој следи.Во рамки на акцијата за чистење, Општина Центар, пред големиот државен празник, 11-ти Октомври, ги чисти спомениците и бистите на народните херои од НОБ.Исчистени се спомен обележјата на борците кои ги положиле своите животи во борбата за ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор.Со овој гест општината сака да ја изрази својата благодарност за сѐ она што борците од НОБ го постигнале во тоа херојско поглавје од поновата светска историја.Истовремено, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, упатуваат апел до граѓаните, својот отпад да го одложуваат на места означени за таа намена, со цел чиста и уредна општина, затоа што здравата животна средина е придобивка која е важна за сите нас и од која сите имаме голем бенефит.

Скопје | пред 5 години

banka-koski-3

Филипче: До крајот на годината отвораме банка за ткива и коска

Министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче и Националната координаторка за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска, денеска одржаа прес-конференција, по повод одбележувањето на Европскиот ден на органодарителство - 10 Октомври.На денот на одбележувањето, исто така, министерот Филипче и д-р Мојсова им доделија благодарници на семејствата Диневи и Пиневи кои донираа органи од свој близок, на Медицинскиот факултет и на здравствените установи кои активно се вклучени во трансплантацијата со една единствена цел - спасување на човечки животи и шанса за втор живот на пациентите на кои им е неопходна трансплантација на орган.На прес-конференцијата, министерот Филипче истакна дека за првпат во нашата земја се направи трансплантација на срце, во услови на пандемија од ковид-19, а потоа се направија и две трансплантации на бубрези.„Трансплантацијата е процес којшто е многу сложен, комплексен. Вклучува активности на експерти од повеќе специјалности. Таков мултидисциплинарен, мултисекторски пристап е нешто што со години функционира во сферата на трансплантација на бубрезите, во сферата на трансплантација на коскена срцевина. Со интензивна работа во изминатиот период го надградивме системот и Програмата во Министерството за здравство. За трансплантацијата на бубрези се направи електронска листа на чекање и софтвер за избор на потенцијални приматели на органи во ситуација кога има кадавер во системот на Мој Термин. Тоа значи дека секој пациент којшто е кандидат за трансплантација на бубрег има направено ХЛА типизација. Се направи листа на чекање на пациенти на кои им е потребна трансплантација на црн дроб, понатаму на коски и сето тоа е дел од таа национална листа за чекање, заедно со Националната листа на потенцијални приматели на срце и педијатриската листа на срце. Ова сето бараше еден мултидисциплинарен пристап и соработка од сите лекари специјалисти, од сите сфери“, истакна министерот Филипче.Тој информираше дека преку аплицирање за ЕРАЗМУС програма добивме едукација на наши кадри во еминентни европски центри.„Секоја од клиниките номинираше по еден член од стручниот колегиум, којшто во периодот којшто е пред нас ќе биде упатен на едукација. Вкупно ќе трае две години, а започнува со три месечен престој во овие европски институции кои се дел од ЕРАЗМУС размената, првпат на ваков организиран начин. После тие месеци продолжува соработката со менторите од европските институции, со цел методите коишто не се работат кај нас да бидат имплементирани во нашите институции или доколку веќе нешто се спроведува да биде доусовршено согласно сознанијата и напредокот во различни специјалности во европските центри. Сметам дека трансплантацијата на срце што се случи во месец мај беше доказ дека ваков еден системски пристап дава резултати. Во изминатите две години наш кардиохирург од Универзитетската болница во Франкфурт доаѓаше секој месец или на два месеци и работеше со нашите колеги од Клиниката за кардиохирургија“, посочи Филипче.Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска потенцираше дека освен софтверскиот систем Националната листа за бубрези, се работи и на ист таков софтверски систем за срце, црн дроб и коски и ткива во склоп на Мој Термин.„Одлучивме да ги зголемиме тимовите за трансплантација и бројот на болничките координатори. Се започна и со проект за отворање на Банка за ткива и коски кој треба да се реализира до крајот на годината. Се работи за просторија во која може да чуваме коски и ткива во објектот на Мајчин дом, каде успеавме да најдеме соодветна опрема и лица кои ќе се грижат за истата" - истакна д-р Мојсова и додаде дека во наредниот период се планира почесто говорење на темата за трансплантација и подигнување на свеста кај истата за разбирање на целиот процес.

Македонија | пред 5 години

pozar-galicica

(ВИДЕО) Пожар на Галичица

Пожар изби на планината Галичица кај Охрид. Од видеото може да се види густ чад во делот каде има густа шума. https://www.facebook.com/ohrid1/videos/1709070569261775

Македонија | пред 5 години

VladimirCetkar

Концерт на Четкар на плоштадот во Охрид на националниот празник 11 Октомври

На националниот празник 11 Октомври,  во  недела   со почеток во 13 часот на плоштадот  „Св. Климент Охридски“ во Охрид концерт ќе одржи Владимир Василески – Четкар со неговиот бенд.Концертот ќе се одржи по строго предвидените мерки за заштита од КОВИД 19. Екипи на Црвен Крст- Охрид ќе им  мерат телесна температура на присутните , а задолжителна ќе биде и дезинфекцијата на раце.Организаторите упатуваат апел до сите  оние кои сакаат да бидат дел од музичкиот настан да ги почитуваат и да се придржуваат кон  пропишаните протоколи за заштита  и спречување на ширење на заразата, односно да носат заштитни маски за уста и нос и да го држат потребното растојание меѓу себе  од  минимум два метри.

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

ДПИ вчера изврши 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти, изречени се четери кривични пријави

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државата се извршени  вкупно 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти.Контролите се вршени по основ на придржување на објектите на пропишаните здравствени протоколи и пропишаното работно време. При тоа, утврдени се неправилности во 4 угостителски објекти, коишто ги прекршиле протоколите.  Поточно, во 3 објекта во Скопје и во 1 објект во Битола, за што ДПИ  ќе поднесе кривични пријави. Истотака, затекнати се два нерегистрирани објекти во Битола и Дебар, и еден објект во Скопје кој не го почитувал пропишаното  работно време за што ќе се спроведе прекршочна постапка. Воедно изречени се две мерки за прекршок според Законот за угостителство на два угостителски објекти во Дебар и Скопје.Поединечно по градови, во Скопје се извршени 7 надзори, 230 контроли, при што ДПИ изрече три кривични пријави, една прекршочна пријава и една мерка едукација (прекршок по Закон за угостителска дејност). Во Битола ДПИ спроведе 2 надзори, 15 контроли, и изречени се една кривична пријава, и затекнат еден нерегистриран објект. Во Дебар, се извршени 7 надзори, затекнат е еден нерегистиран објект и изречена е една мерка за прекршок по Закон за угостителство.Останатите надзори и контроли се спроведени во Прилеп, Делчево Кочани, Свети Николе, Струмица, Гевгелија, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Куманово, при што од страна на ДПИ не се констатирани прекршувања на протоколите.Со оглед на тоа дека од денеска заклучно со понеделник (12.10.2020) трае викендот без ДДВ, инспекциските служби на ДПИ во текот на денешниот ден и следните денови се постојано на терен и спроведуваат интензивни контроли, не само во делот на почитување на здравствените КОВИД протоколи , туку и во делот на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите, со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите. 

Македонија | пред 5 години

naum-3

Стоилковски: Дали со ШИК Јелак Заев пере црни пари од Панама?

Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и УЈП мора да направат истрага за парите кои што стојат зад скандалот со  ШИК Јелак – Тетово и за тоа да испратат информација до ЈО! Овие институции мора да покажа и да истражат за потеклото на 2 милиони  евра, пари од основачкиот влог, со кои што е отворена компанијата на Миодраг Дака Давидовиќ во Македонија  која што стои зад скандалот ШИК Јелак, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Скандалот ШИК Јелак од ден на ден расте се повеќе, излегуваат се повеќе информации, ама тој е невидлив за овие институции кои што мора да бидат активни!ШИК Јелак во себе содржи елементи на криминал и на висока корупција, содржи елементи на поткуп, нетранспарентно финансирање на СДСМ, содржи елементи како во земјава влегуваат црни пари од Панама и постојат елементи на поврзаност на владата на Мафијата директно со докажани анти ЕУ и анти НАТО балкански мешетари!Парите со кои е купен ШИК Јелак, парите заради кои Заев нарачува менување на ДУП-от, парите кои што стојат зад сиот скандал доаѓаат од ОфШор фирма од Панама, каде сопственик е Миодраг Дака, заедно со двајца фиктивни физички и правни лица и чии што потписи стојат на уште 8-9 илјади такви фирми! Тоа само по себе зборува дека се работи за можеби фиктивна фирма на Панама со претпоставена цел, покритие на можеби нечесно стекнати пари на Миодраг Дака Давидовиќ.Дали со ШИК Јелак Заев и Ахмети во Tетово перат црни пари од Панама? Дали зад ова нема перење пари, тоа треба да го докажат токму соодветните институции, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и УЈП. Се друго е криење и со тоа соучество!Ова е милионски скандал со огромна можност за политичка вмешаност во криминогени дејства, однапред договорени владини одлуки, влијание на Заев врз општински советници за промена на ДУП, а целиот скандал фрла правен сомнеж за политички цели, за можно носење на политички одлуки за имотно- правна корист, за злоупотреба на службена положба, и што ли уште не согласно 353 од КЗ на Република Македонија.Институциите повеќе не смеат да молчат, ова е огромен скандал којшто носи можност за заработка и крие можеби политичко влијание и злоупотреба на службена положба и овластување, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

dimce-2

Арсовски: Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а Лидија Димова си дели270.000 евра за фризерница

Вчера преку медиумите и истражувачкото новинарство, дознавме дека најрпофитабилен бизнис во Република Македонија е фризерската дејност.  Честитки за новинарите и медиумите за ова истражување!Додека во граѓаните не можат крај со крај да врзат, гледаме дека функционерите во СДСМ си делат европски пари за едукација, образование, млади и спорт, на фризерници кои немаат врска со темата на проектот со кој што аплицирале, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Во сите други земји вакви како што видовме за овој проекти добиваат угледни школи, училишта и универзитети, додека пак во Македонија вакви проекти добиваат берберници и фризерници, иако условот за добивање на грант е правниот субјект да дејствува во областа на проектот. Затоа и на ова дереџе ни е  дојдено образованието во Република Македонија.Лидија Димова, директорката од СДСМ, исплатила европски пари 270.000 евра во рок од 3 години преку неколку грантови на фризерски салон или берберница со две столчиња, сеедно, каде што една од темите на грантот за оваа година била фризерницата да едуцира за медиумска писменост во дигиталното опкружување. Неверојатно.Епа народе, на здравје бричење од страна на СДСМ. Граѓаните во сиромаштија, функционерите на СДСМ во луксуз.Имено за лицето Зоран Златковски кој е сопственик на фризерницата се знае дека бил обучувач на наставници во агенцијата со која раководи Лидија Димова и познато е дека близок нејзин пријател од порано од граѓанскиот и партискиот активизам на СДСМ.Ова е класична злоупотреба на пари во институција, каде што треба да се поведе соодветна постапка.Јавното обвинителство за организиран криминал до сега требаше да биде влезено во агенцијата со која раководи Лидија Димова и да има отворено истрага. Но, тоа нема да се случи доколку не се изврши јавен притисок, бидејќи со тоа Јавно обвинителство командуваат Русковска и Зоран Заев.Ова е тажната вистина за Македонија. Некој зема одвај минималец плата или не зема воопшто, но затоа некој функционер на СДСМ доделува 270.000 евра за 3 години на фризерница како грантови за едукација, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени двајца дилери на дрога

На 09.10.2020 околу 21.30 часот на автопатот Миладиновци – Штип, кај клучка Север, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, ги лишиле од слобода Ф.А.(19) и А.Н.(20), двајцата од Штип, затоа што при преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.А., а сопатник бил А.Н., била пронајдена марихуана.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 5 години

jahoski

Пратеникот Исмаил Јахоски позитивен на КОВИД 19

Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19, се вели во соопштението од Собранието.Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.Апелираме до сите останати пратеници, освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските.

Македонија | пред 5 години

infektivna_klinika-610x400

По медицинските сестри и докторка инфектолог заминува од Клиниката за инфективни болести

Докторка – инфектолог дала отказ од Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница, а исто така и докторката која го раководеше Инфективното одделение во Градската болница „8 Септември“ најавила дека ќе замине во приватна болница, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.-Не знам дали е формализирано сето тоа, јас разговарав со неа, но таа е решена за тоа. Таму има други двајца инфектолози. Размислуваме и веќе разговаравме за начинот на којшто ќе се засили тоа одделение. Засега, заедно со интернистите, имајќи го овој број на пациенти кои се хоспитализирани и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволно, рече Филипче. 

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Епидемиолози им прават анкети на пратениците откако нивниот колега беше примен на инфективна

По приемот на Инфективната клиника на пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ со симптоми на ковид-19, претседателот на Собранието Талат Џафери итно сабајлево се јавил кај претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Не се знае дали Собранието ќе продолжи да работи со физичко присуство на пратениците, сè зависи од резултатите од епидемиолошката анкета со пратениците која почнува да се прави веднаш, објави СДК.МК.Караџовски не одговарал на телефонските повици, но извори за СДК.МК велат дека на спикерот Џафери му било кажано оти епидемиолози од Центарот за јавно здравје ќе ги анкетираат пратениците поединечно за контактите со него. Потоа ќе се одлучи дали поединци ќе одат во изолација, или сите 120 пратеници.

Македонија | пред 5 години

pozarna

Пожар во Куманово, изгоре кровната конструкција од куќа

Кровната конструкција на куќа во Куманово вчера изгорела во пожар што околу пладне избувнал во Куманово.Како што информираат од Центарот за управување со кризи, две противпожарни возила и шестмина пожарникари го гаснеле огнот, кој избувнал околу 12:40 часот.Пожарот бил изгаснат околу 14:25 часот, а причината како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.kumanovskimuabeti.mk

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

Филипче: Доколку не се почитуваат мерките, следниот чекор е целосен карантин

Доколку мерките се почитуваат ќе го избегнеме карантинот, но мора сите да се придржуваме до нив, рече денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.Тој не ја исклучува можноста за целосен или делумен карантин, доколку не се почитуваат мерките.- Искрено верувам дека овој предложен пакет на рестриктивни мерки кои се практично клучна алка ќе даде резултат. Следниот чекор е целосен карантин, или целозно затварање. Ние сме сега далеку од тоа сценарио, но тоа ќе биде следниот чекор. Ги ицрпуваме можностите, има и можност да се интервенира во јавниот превоз или во скратување на работното време во некои економски компании и угостителски објекти, но тоа се опции. Сакаме да го избегнеме тоа. Добро се димензионирани мерките ако се почитуваат, на тој начин ќе го избегнеме карантинот, рече денеска Филипче.

Македонија | пред 5 години

popis-696x522

Пописот ќе се спроведе по нов метод

Првиот човек на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21  изјави дека пописот ќе биде реализиран по сосема нов метод во нивната практика.„Пописот ќе биде по сосема нов метод во нашата практика, не е нов во светот. Истовремено ќе се прашува на терен, ама ќе се користат и податоци коишто ги имаме задржани во базата на податоци коишто постојат во државата, тука мислам на официјалните бази на податоци. Пописот нема да оди на хартиени прашалници туку на електронски прашалник“, изјави Симовски.Пописот  треба да се спроведе на пролет во 2021 година. 

Македонија | пред 5 години

deca-korona

Две одделенија од ОУ „Лазо Трповски” ставени во изолација, откако било потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на ковид-19

Две одделенија од ОУ „Лазо Трповски” од општина Карпош се ставени во изолација откако вчера било потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на ковид-19. Во изолација се и три наставнички кои предавале во одделенијата. Ова за „Слободен печат“ го изјави мајка на првооделенец која од вчера е во самоизолација.  

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Изморени од борбата со Ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника

„Изморени од борбата со Ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника“, истакна министерот за здравство венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за најавата на  заминувања на одредени доктори од Државната болница.

Македонија | пред 5 години

Posteri-kampanja-Strnista-2

Град Скопје: Пријавувајте огнови на отворено на 193 и не ги палете стрништата

Градот Скопје за да го намали  аерозагадувањето и годинава продолжи  бесплатно да ги собира остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а четврта година по ред ја спроведува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193.За да се заштити воздухот од загадување  заинтересираните граѓани од целиот Скопскиот плански регион, може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад од нивните обработливи површини.Со кампањата  Градот Скопје сака на скопските земјоделци да им помогне  да стекнат навика да не ги палат  стрништата,  да се зачуваат плодноста на почвата која ја обработуваат и да добиваат ѓубриво како субвенција за предадените остатоци од бербата.Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.Палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на одредени граѓани, но сите заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да го намалиме загадувањето на воздухот во Скопје. Град Скопје преку сопствениот Инспекторат и  Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено, но тимовите можат да работат ефикасно само доколку се реагира брзо на единствениот проверен начин, а тоа е  со телефонскиот повик на 193.Градот Скопје ги повикува граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193.Овие две кампањи, заедно со субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.  

Скопје | пред 5 години

IMG_4385

Милевски: Крушево станува центар за авантуристички туризам

Со активностите во општина Крушево се изврши реконструкција и доградба на полетувалиште за параглајдеристи, како еден од најголемите туристички потенцијали за авантуристички туризам во Пелагонискиот регион и во целата држава. Исто така се изврши набавка и монтажа на вештачка трева за полетувалиште на површина од 2042 метри квадратни во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој.- Во рамки на овој проект сакаме да се подобри искористувањето на туристичките потенцијали на Крушево, како и зголемување на влијанието на Пелагонија како туристичка дестинација. Крушевчани треба да се горди на овој проект кој чини 4 милиони денари, бидејќи ќе придонесе за зголемување на туристите од странство во иднина а со тоа градот ќе има и економскиот раст. Потребно е сите општини во иднина да предлагаат проекти кои ќе се од особено значење за локалните жители се со цел да се подобри животниот стандард, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.Вкупната сума за развој на Крушевскиот регион е околу 4 милиони денари.- Крушево е наш туристички бисер, се надевам дека местото од каде што е полетувалиштето Мечкин Камен кое е познато нели во историјата по едни други настани од македонската историја исто така ќе има големо значење во овој нареден период што доаѓа и дека сето тоа ќе има придонес за развојот на економијата во Крушево, локалната економија нели и воопшто за развојот на туризмот и за оваа дестинација да се прочуе во светот како една од најзначајните дестинација за параглајдерство и развој на овој туристички спорт, вели заменик-министерот, Зоран Димитровски.- Веќе 3 години работиме на проекти и инвестираме во туризмот. Изработивме стратегија за туризам и ги детектиравме главните потреби во оваа област. Поставувањето на нова вештачка трева и уредувањето на параглајдинг полетувалиштето е проект кој го унапредува ова место каде што секоја година се одржуваат бројни меѓународни натпревари. Тука доаѓаат илјадници спортисти од целиот свет, а новата вештачка трева обезбедува побезбедно полетување и професионална организација на меѓународните натпревари. Горд сум што Крушево станува топ 3 светска дестинација за авантуристички туризам благодарение на проектите кои ги имплементираме со централната власт, изјави градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.Покрај останатите примати кои ги има Крушево, претставува град со огромен туристички потенцијал, светски препознатлив.- Развојот на самото Крушево на цел пелагониски регион е веќе препознатлив во цел свет и доаѓаат туристи, како домашни така и странски. Така произлезе и овој проект, по барање на градоначалникот  на Општина Крушево а со средства од Министерството на локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион го имплементираше овој проект со кој што набави и монтира вештачка трева на површина од повеќе од 2000 м2 за параглајдеристите, додаде директорот на Центарот за развој на Пелагониски плански регион, Гого Видимче.Во 2021-ва година во Крушево ќе се одржи Светското првенство во змајарство, а од годинава официјално станале тест центар за еден од најголемите произведувачи на падобрани.Параглајдеристката Христина Пејчиновска додаде: Крушево е една од најдобрите и најбезбедните дестинации за полетување. Со поставување на новата вештачка трева на полетувалиштето се овозможува истовремено полетување на повеќе параглајдеристи, со тоа исто така се зголемува и безбедноста на полетување што е особено важно за нас како параглајдеристи.

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

283 санкционирани возачи во Скопје, од кои 104 за пречекорување на дозволената брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 283 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 104 прекршоци, 16 технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мотоцикли, 66 мерки за непрописно паркирање, 55 возила подигнати со пајак, а изречени се 40 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

MentalHealth_Flickr

Светски ден на грижа за ментално здравје: Реализирани бројни инвестиции за унапредување на условите и третманот на пациентит

Денес на одбележувањето на Светскиот ден на грижа за ментално здравје, 10 октомври потсетуваме на важноста на менталното здравје за целата популација. Во услови на Ковид-19 важно е да се обрне внимание на влијанието на кризата врз менталното здравје на групите под ризик, како што се повозрасни лица, децата и адолесцентите, различни групи со зголемен ризик за насилство, лицата кои веќе се лекуваат од ментални растројства, како и на здравствените работници, кои несебично ги вложуваат сите свои човечки потенцијали за справување со пандемијата и за зачувување и подобрување на здравствениот статус на населението.Грижата за нашето ментално здравје е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје.Во поддршка на овој важен сегмент на колективното здравје, Клиниката за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот и токму во насока на унапредување на менталното здравје. Клиниката има отворено повеќе телефонски линии за различни целни групи и почнувајќи од март оваа година досега се реализирани над 4500 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19.Од Клиниката информираат дека во тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија, а координатор за нашата држава е токму Универзитетската клиника за психијатрија. Оваа студија се спроведува со цел да се изврши процена на влијанието на пандемијата Ковид-19, како и воведените рестриктивни мерки врз менталното здравје кај нашето население како основа за развој на соодветни здравствени интервенции.„Во изминатиот период покажавме вистинска грижа и беа реализирани бројни активности за унапредување на условите за третман за пациентите во установите кои ја третираат оваа категорија пациенти. Универзитетската клиника за психијатрија е учесник во два интернационални проекти за ментално здравје во заедницата во рамки на програмата Horison 2020 на Европската Комисија - ИМПУЛС кој е раководен од Queen Mary University од Лондон и RECOVERY кој е раководен од Trimbos Institute од Утрехт. Во овој период на пандемија со Ковид, имаме опсежна и успешна соработка со УНИЦЕФ, како и координираност со СЗО.“ – изјавуваат од Клиниката за психијатрија.Направени се значајни инвестиции во унапредување на условите за пациентите во болницата, како и осовременување на опремата и терапиите. При што, обновен е апаратот за транс-кранијална магнетна стимулација, набавен е тест за дијагностика на состојбата на вниманието и хиперактивност кај деца и возрасни. Воведени се и дијагностички процедури таргетирани за деменции. Отворени се неколку нови кабинети – за снимање на состојбата при спиење, за ментално здравје на жени во перинатален период, кабинет за деменција.Исто така, комплетно се реновирани и опремени болничките соби за третман на хоспитализирани пациенти. Инсталирана е дигитализација на објектот, како и климатизација на сите простории. Целосно е реновиран и амбулантскиот дел и кровот на зградата.Во Психијатриската болница Демир Хисар е комплетно изграден нов машки павилјон за чија изградба средствата ги обезбеди Американската амбасада. Уредувањето го финансираше самата болница. Павилјонот е со површина од 510м2, каде се сместени болнички дел со 36 болнички кревети, санитарен и административен дел. Инаку, ова е прва посериозна интервенција на капацитетите од основањето на институцијата пред 63 години.Значително се унапредении условите и во Психијатриската болница-Негорци во Гевгелија каде е отворено ново одделение за акутни состојби во психијатријата. Новото одделение е изградено од темел, на место на постојното одделение. Изградено е од цврста градба, со површина од 560 m2 и е енергетски ефикасно со термоизолациска фасада, квалитетна столарија, соларен систем и панелен кров со највисок изолациски коефициент. Исто така, во изминатиот период е извршена уште една комплетна внатрешна реконструкција на хроничното одделение со површина од 450 m2, при што се поставени нови подови и плочки, целосно нови купатила и тоалети и извршено е реновирање на целата површина на ѕидови и тавани, при што е поставена целосно нова столарија и соларен систем за целото одделение.Токму на овој ден уште еднаш потсетуваме за важноста од грижата на нашето ментално здравје, посебно во време на светска пандемија со Ковид-19 и апелираме граѓаните да побараат стручна помош, психијатар или психолог доколку стресот е присутен во текот на дневните активности подолг период и не успеат да најдат начин како да се справат со него.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања