Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Mickoski

Мицкоски: Македонија се соочува со огромна здравствена и национална криза а владата дава 270.000 за фризерница и пари за обука на магариња

Македонија се соочува со огромна здравствена и би рекол национална катастрофа. Само денес 383 новозаразени, додека 7 животи згаснаа поради Ковид, тоа се 7 семејства кои изгубија свој близок, 7 места помалку на трпезите во 7 семејства. Тоа се личности со име и презиме, а не само бројка. Денес секој 4ти кој се тестирал за Ковид е позитивен, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во својата објава додава:Што направи Владата? Владата дава пари од 270 илјади евра за берберница и пари за обука на магариња и коњи.Неспособноста на Владата чини животи.И една порака до челниците на Владата кои делуваат како мафија: украдовте избори, делевте картички, парите на народот ги трошевте додека сите нѐ задолжувавте, брутално крадете, нема гадост која не ја направивте и работа за која не излажавте, сето тоа не придонесе да се решат проблемите, вие тие проблеми ги создавате.Имате две опции, или системот мора да профункционира за да се спасат животи или оставки веднаш. Животите се прескапи за мафијата толку евтино да си игра со нив.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1687020028140116 

Македонија | пред 5 години

cveke

Цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОБ

Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Константин Георгиески по повод 11 Октомври- Денот на Народното востание , положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци  во градски парк, во дворниот простор на  Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“  и во Основниот Суд  како и во близина на Градските Гробишта.Пред спомен обележјата на борците покрај градоначалникот Георгиески се поклонија Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и  советникот Димитар Манчев.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Тешка сообраќајка во Трубарево, загина моторциклист и 10 годишно дете

Денеска околу 13.00 часот во с.Трубарево се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Д. (1948), пешак малолетник и мотор управуван од Ќ. И. (1980) од.с.Долно Лисиче.Очевидците тврдат дека возачот на „БМВ“ бил во видно алкохолизирана состојба. Набрзо пристигнала брзата помош. На лице место загинал возачот на моторот, а детето беше однесено на „Карил“ каде им подлегнало на повредите.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани 383 нови случаи на Ковид 19 и починати 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1648 тестирања, а регистрирани се 383 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-201, Куманово-11, Штип-21, Прилеп-20, Тетово-8, Струга-5, Велес-9, Битола-12, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-7, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-2, Неготино-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од: Скопје-43, Куманово-6, Штип-3, Тетово-10, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-1, Гевгелија-3, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-8, Берово-2, Валандово-3, Свети Николе-2 и Кичево-2.Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20937, бројката на оздравени пациенти е 16194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3951. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 8478, активни 1743• Куманово 1879, активни 172• Дебар 294, активни 36• Штип 1361, активни 119• Прилеп 813, активни 176• Тетово 1585, активни 210• Струга 720, активни 63• Велес 378, активни 56• Битола 388, активни 105• Охрид 463, активни 48• Кавадарци 278, активни 60• Гостивар 978, активни 75• Гевгелија 201, активни 95 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 428, активни 264• Крива Паланка 152, активни 48• Радовиш 139, активни 57• Крушево 20, активни 1• Кочани 495, активни 219• Пробиштип 129, активни 22• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 96, активни 3• Пехчево 48, активни 5• Берово 147, активни 54• Валандово 65, активни 45• Виница 131, активни 41• Делчево 187, активни 96 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 27, активни 3• Свети Николе 401, активни 68• Кичево 357, активни 35• Ресен 170, активни 11• Неготино 67, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1648 теста се преку: ИЈЗ-517, ЦЈЗ Скопје-105, Авицена-425,  Биотек-144, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -108 , Систина со PCR метода -136, лабораторија Лаор –111, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-4, ГАК-4, Синлаб-24, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 58 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 41 пациент. На респиратор се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 195, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 92• Гази Баба – 168• Аеродром - 311• Карпош – 301• Центар – 316• Кисела Вода – 208• Ѓорче Петров – 149• Бутел - 67• Шуто Оризари – 15• Студеничани – 3• Сарај – 16• Арачиново – 4• Илинден – 31• Сопиште – 9• Чучер Сандево – 6• Петровец – 7• Зелениково - 3• Странец – 14• Нераспределен-23

Македонија | пред 5 години

konj

83.240 од власта евра за да тренира магаре!

Скандалот со фризерскиот салон кој добил 270 илјади евра дадени за проекти со ЕУ пари преку Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност, не е единствениот на Агенцијата.Директорот на СОЗСУ „Ѓорче Петров” во Кавадарци, Горан Велковски брат на пратеникот на СДСМ, Диме Велковски ќе добие над 83 илјади евра за тренирање на магаре и коњ и коњско однесување.Оној кој тренира Магариња, е на прав пат, идеме во ЕУ, #ниесменато, еден и единствен 👉 Директорот на СОЗСУ “Ѓорче Петров” во Кавадарци, Горан Велковски брат на пратеникот на СДС, Диме Велковски … А П Л А У З pic.twitter.com/Fj3MNPRJt5 — 🅰️псаана (@aps_aana) October 11, 2020https://twitter.com/aps_aana/status/1315285779841769472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1315285779841769472%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmakedonija%2Fovoj-chovek-kje-dobie-82-240-od-vlasta-evra-za-da-trenira-magare%2F

Македонија | пред 5 години

Zaev-Borisov-F

Заев: Бугарските предлози не се ни добрососедство ниту братско, најмалку европско

Премиерот Зоран Заев од Пробиштип, одговорајќи на новинарско прашања, истакна дека ако Бугарија не ги смени ставовите кон нашата земја, можеби ќе треба да се подготвиме дека ќе нема меѓувладина конференција во декември, а со тоа и нема да почнат преговорите на Северна Македонија со ЕУ.„Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не беа баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември“, кажа Заев во Пробиштип.Македонските власти како и Германија, која е актуелен претседавач со Европската Унија, очекуваат првата меѓувладина конференција, како официјален почеток на преговорите, да се случи во декември. Отворените прашања на македонско - бугарската релација се тема на состанокот на мешовитата историска комисија, која ќе се одржи кон средината на месецов.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Велешанец повреден од неисправна гасна инсталација за проточен бојлер

Велешанец во својот дом  на ул. Христо Татарчев“ во близина на ООУ „Васил Главинов“ во бањата синоќа,  20 – тина минути по полноќ се здобил со повеќе  изгореници на лице и раце од експлозија која настанала од неиправна гасна инсталација на проточен бојлер.Повредениот 48 годишен К.Б.веднаш со возило на Итна помош  бил однесен во велешката Општа  болница каде му биле санирани повредите и е задржан на понатамошно лекување.Како што информира за МИА,д-р Весна Неделковска Николова  пациентот се здобил со изгореници од прв и втор степен на лице и на двете подлактици,а има и отворена рана на левата подлактици, но е вон животна опасност.-Повредите и раната му се обработени и санирани и оставен е на лекување во Хирушкото одделение при велешката Општа Болница,информира д-р Неделковска Николова.Настанот за МИА  го потврди и портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски чија екипа на СВР Велес  направила увид во несреќата.На местото на настанот била повикана  и екипа на Територијалната противпожарна единица. Оттаму информираат дека  бидејќи немало пожар при експолозијата, немало и потреба од нивна интервенција.

Македонија | пред 5 години

korona-bolnica

МЗ: Активно се работи на реорганизација на болницичките капацитети и медицинскиот кадар

Министерството за здравство информира дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации кај пациенти со ковид-19.Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера, за хоспитализација и третман на пациенти е целосно подготвена модуларната болница со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.Во изјава за медиумите, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар - доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8ми Септември“. Тој појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да трпат работа останатите одделенија и тие здравствени работници.Здравствениот систем е подготвен, но апелираме до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

11102020_PVRSM_11POktomvri-2

Под слоганот „Честит 11 Октомври! Секогаш слободни!“ се одбележа големиот историски чин со кој започна и впишувањето на македонската држава на мапата на народите на светот

Во организација на Владата на Република Северна Македонија, денеска во Куманово, Прилеп и Скопје се организираа свечености по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.Свеченостите, под слоганот „Честит 11 Октомври! Секогаш слободни!“, се одржаа во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници, односно без масовни народни собири и културно-уметничка програма, со минимум присутни лица и обезбедена дистанца и заштита.Претседателот на Владата Зоран Заев по повод чествувањето на 79 години од Денот на народното востание на македонскиот народ, ја предводеше делегацијата во која беа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, која положи цвеќе пред Спомен – Костурницата во Куманово.Венци со свежо цвеќе пред Спомен – Костурницата во Куманово положија и повеќе делегации на Претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието на Република Северна Македонија, Сојузот на борците, на Армијата на Република Северна Македонија, на парламентарните политички партии, на дипломатскиот кор и на Општина Куманово.Како дел од свеченото одбележување на државниот празник 11 Октомври, владини делегации положија цвеќе и во Прилеп и Скопје.Во Прилеп, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, придружуван од министерката за образование и наука Мила Царовска, положија цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, на Алејата на народни херои, на Споменикот „Жена борец“, како и на спомен обележјето Могилата на непобедените.Венци цвеќе, пред Споменикот на борците, кои паднаа за ослободување на Скопје, положи владина делегација предводена од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за здравство Венко Филипче.Претседателот на Владата Зоран Заев во обраќањето на свеченоста пред Спомен – Костурницата во Куманово, истакна дека на денешен ден 11 Октомври - Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, се одважија и презедоа акции со кои го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и во триумфот на победата го остварија вековниот сон – сопствената и заслужена државност.„Со овој голем историски чин започна и впишувањето македонската држава на мапата на народите на светот. Патот на македонската држава е проследен со борба против сите форми на фашизам, репресии и неправда. Но, и со постојан стремеж за слобода, правда и еднаквост за сите чесни и добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, водени од желба за подобар живот. Денеска, стоиме тука во Куманово, во градот херој, горди, со кренати глави чувајќи го заветот на нашите државотворци. Поради храбрите борци на НОБ денес сите ние имаме патриотска должност да се обединиме во создавањето на едно праведно општество“, рече во своето обраќање премиерот Заев.Благодарение на овој самопрегор, продолжи Заев, денес Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност. Нашето место во Обединетите нации е кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазикот се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани. Во европските институции во Брисел и во Стразбур.„Одбележувањето на ваквите денови е најсилниот потсетник за начелата и вредностите кои не смееме да ги заборавиме, но и за патот по кој треба да продолжиме. Тоа е европскиот пат, патот кон демократските вредности“, потенцираше претседателот на Владата и потсети дека во минатиот мандат Владата што ја предводи приоритетите ги насочи на надворешен план кога беа постигнати и Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција,  со кои по децениско заостанување Северна Македонија направи пробив на меѓународен план.„Сето ова се реализираше првенствено низ полноправното членство на нашата држава во НАТО и со утврдувањето на почетокот за преговори со Европската Унија, како и низ градењето на партнерски однос со сите наши соседи. Благодарение на овие договори Северна Македонија од држава оставена на маргините, се претвори во активен чинител на меѓународната сцена. Денес нашата држава е ценет и посакуван партнер. Успешна приказна која започна да го менува наративот на Балканот“, потенцираше премиерот Заев.Претседателот на Владата истакна дека членството во НАТО ја редефинираше нашата улога на меѓународната безбедносна арена и ни овозможи активно да учествуваме во широк спектар на безбедносни мисии за колективна одбрана. Ги зацементиравме основите за зголемена стабилност и просперитет на нашата држава.Во продолжение на своето обраќање премиерот Заев рече дека покажавме дека знаеме и дека имаме волја да ги решаваме горливите проблеми, и дека затоа граѓаните на последните избори го дадоа својот глас за континуитет на овие политики со нов четиригодишен мандат со јасна и недвосмислена порака за правда.„Бидејќи мирот, не се остварува само и исклучиво тогаш кога нема конфликти и тензии, туку тогаш кога е максимално присутна правдата и владее правото. Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Новата Влада започна бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. Никој не е над законот. Кој не сака да го почитува законот, ќе се соочи со законот. Патот на правдата понекогаш знае да биде бавен, но покажавме дека знаеме и можеме да се движиме во таа насока. И од овој пат враќање нема“, истакна Заев.Во своето обраќање премиерот Заев посебен акцент стави на борбата за спречување на ширењето на КОВИД-19 и на справувањето со последиците од пандемијата.„Светот го очекува неизвесна есен во која ќе се соочиме со многу предизвици. Борбата со пандемијата продолжува и ќе се вжештува. Ова секогаш мора да ни биде првата мисла при будење, додека не ја извојуваме и оваа битка со овој невидлив непријател. Но, како и светот, така и ние, ќе се справиме само ако сме здружени и ако ги почитуваме мерките. Токму затоа од ова место на непокор и стремеж за слобода сакам да испратам порака - Ова важи за сите, без исклучоци. Ова е нашата битка денес. Имаме невидлив непријател со кој очекувам да се избориме заедно, институциите и граѓаните“, рече Заев.Премиерот Заев потенцираше дека освен грижата да се зачува здравјето на граѓаните, во текот на оваа криза Владата води борба и за справување со економската криза и за зачувување на секое работно место.„Со антикризни мерки се обезбеди егзистенцијата за голем број граѓани, се зачуваа работните места и се одржува кондицијата на економијата. Особено се води грижа за ранливите категории граѓани и најпогодените економски сектори. Со тоа да обезбедуваме моќен рестарт и враќање на патеките на раст кои ги имавме пред кризата предизвикана од пандемијата“, нагласи претседателот на Владата Зоран Заев.Во завршницата на своето обраќање премиерот Заев ги истакна признанијата за постигнувањата на нашата земја што дојдоа со најновиот Годишен извештај на Европската Комисија за Северна Македонија за остварените резултати во областите  на фундаментални  вредности,  избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи  дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми.„Денес, кога имаме признаена држава со сите нишани, ни се отвора неповторлива можност самоуверено заедно да зачекориме по европскиот пат. Ве уверувам, тоа е шанса која нема да ја пропуштиме“, потенцираше премиерот Заев, упатувајќи честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.На свеченоста пред Спомен – Костурницата во Куманово, свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој истакна дека секоја генерација има свои битки, и дека битката на оваа генерација освен остварувањето на нашата интеграција во ЕУ и битката за економски просперитет, е и битката против КОВИД-19 во кој секој треба да го даде сопствениот придонес.Во обраќањето од свеченоста во градот херој – Прилеп, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров истакна дека борбата за “светата народна слобода” против најцрната страница од историјата - фашизмот, е една од најзначајните борби на нашите предци на кои денеска им положуваме цвеќе и кои ни оставија држава во аманет.„Првата цел на нашата борба како илинденски и асномски наследници, беше да ја зацврстиме и обезбедиме државата преку членството во НАТО. Таа работа ја завршивме. Сега треба да ‘строиме живот, слобода, иднина за жени, деца, старци, младинци’, сега треба европскиот начин на живот да го донесеме дома, Република Северна Македонија. За да имаме просперитетна држава и силна економија, со добри работни места и плати, со правда за сите, со европско образование и здравство, со чиста животна средина“,  нагласи Димитров, на свеченоста во Прилеп, како дел од свеченостите во организација на Владата на Република Северна Македонија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.

Македонија | пред 5 години

11102020_PVRSM_11POktomvri-1

(Видео) Заев: Македонскиот јазик и идентитет се меѓународно потврдени

Премиерот Зоран Заев од Спомен-костурницата во Куманово, по повод Денот на востанието против фашистичкиот окупатор – 11 Октомври, ги нагласи успесите на државата на меѓународен план, со членството во НАТО и отворениот пат кон почеток на преговорите за членство во Европската Унија.Тој уште еднаш истакна дека македонскиот јазик и идентитет се меѓународно потврдени.„ На денешен ден 11 Октомври – Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и го започнаа остварувањето на вековниот сон – сопствена и заслужена државност. Со овој голем историски чин започна и впишувањето на македонската држава на мапата на нациите на светот.Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. Во темелот се вградени заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации.Благодарение на овој пркос, денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена и со сојузничка армија, со државна валута и со сите постулати на државност.Денес стоиме горди, со кренати глави, чувајќи го заветот на нашите предци.Благодарение на договорите со Бугарија и Грција, нашата држава од држава оставена на маргините се претвори во активен чинител на меѓународната сцена. Денес нашата држава е ценет и посакуван партнер. Успешна приказна која почна да го менува наративот на целиот Балкан. Соседите денес ни се сојузници и силни поддржувачи на меѓународен план.Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание!“ порача Заев.

Македонија | пред 5 години

Slika-1

Арсовски: Евидентна е приватната блискост меѓу Димова и сопственикот на фризерницата

Достигнат е врвот на скандалите во СДСМ. Лидија Димова доделила на свој пријател 270.000 евра, односно доделила грантови за едукација за медиумска писменост во дигиталното опкружување на фризерница.  Според сликава позади мене која е на увид на медиумите, можеме да видиме прилично опуштена атмосфера во кафеана каде што седат добитникот на грантот и сопственик на фризерницата Златковски, како и директорката на агенцијата која ги доделува парите Лидија Димова. Директорката назначена од СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Од сликата јасно се гледа дека прилично добро се познаваат и се блиски двајцата. Дополнително Зоран Златковски бил обучувач ангажиран преку агенцијата за проектите во програмата Еразмус +, односно ангажиран како надворешен соработник.Член 21 од статутот на агенцијата вели, член на советодавното тело и надворешен соработник не можат да бидат корисници за програмата која е избран.Затоа прашуваме, дали Златковски бил обучувач на програмата Еразсмус +, ангажиран од агенцијата и од Лидија Димова?Дали е законски и дали смеела Лидија Димова да дозволи обучувачот Златковски на програмата Еразмус + да биде и добитник на грант од истоимената програма Еразмус + според овој член од статутот?Дали ова е противзаконско доделување на грантови?Дали ова доколку е така е класична злоупотреба на пари во институција?Прекршување на закони, сомнеж за проневера на пари, директорување на директорка кое е под знак прашалник дали било чесно, или не, а по сите сомнежи изгледа дека не, патем и за која се води постапка во антикорупциската, а јавното обвинителство се уште молчи за овој  скандал каде што се доделени 270.000 евра на фризерница за еден од грантовите, едукација за медиумска писменост во дигиталното опкружување.Фризерница и едукација за медиумска писменост немаат никаква допирна точка.Ова ќе биде, по се изгледа, уште еден случај каде што има сомнеж  за директор од СДСМ дека злоупотребува службена должност и пари, јавното обвинителство и Заев го штитат и не дозволуваат да се истера правдата на виделина.За крај, бараме оставка уште веднаш од Лидија Димова. Ваков кадар не смее да раководи со институција која што е директно под надзор на Европскиот совет и комисија и не смее ваква директорка да не срами пред Европската Унија и европските земји, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

fiskalni333

УЈП: Прометот од македонски производи вчера е зголемен трипати

На првиот ден од „Викенд без ДДВ“ вчера (10 октомври) прометот од македонски производи е зголемен за трипати, соопшти Управата за јавни приходи по обработените податоци.– На граѓаните кои вчера ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи / услуги, како и за купена компјутерска опрема, во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на овој месец, соопшти УЈП.Мерката трае заклучно со утре, 12 октомври, а граѓаните треба да ги скенираат сметките во рок од три дена по нивното издавање.

Македонија | пред 5 години

dimitrov

(ВИДЕО) Ако ЕУ дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“

Aко Европската Унија дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција, тогаш нема да ја заслужи придавката „европска“ во своето име, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од Прилеп, каде ја предводеше владината делегација по повод 11 Октомври.„ Мислам дека е неевропски предизвик македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција. Ако ЕУ дозволи на некој начин ова да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“. Не знам дали ќе можеме да веруваме на таква Европска Унија. Мора мудрост и почит. Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели мора да не` прифатат кои сме и каков јазик зборуваме – ние зборуваме македонски јазик. Без елементарна почит не може да се развие блискост или пријателство. Никој друг на светот, ниту една друга држава, ниту соседна ниту подалечна, па ниту меѓународна организација нема право да се меша во нашето самоопределување“ нагласи Димитров.Тој истакна дека борбата за “светата народна слобода” против најцрната страница од историјата – фашизмот, е една од најзначајните борби на нашите претци на кои денеска им положивме цвеќе.„Ни оставија држава во аманет. Првата цел на нашата борба како илинденски и асномски наследници, беше да ја зацврстиме и обезбедиме државата преку членството во НАТО. Таа работа ја завршивме.Сега треба да “строиме живот, слобода, иднина за жени, деца, старци, младинци”, сега треба европскиот начин на живот да го донесеме дома, во нашата Македонија, во Република Северна Македонија. За да имаме просперитетна држава и силна економија, со добри работни места и плати, со правда за сите, со европско образование и здравство, со чиста животна средина.Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание,вечна слава на паднатите борци. Од Прилеп, градот Херој!“ истакна Димитров.

Македонија | пред 5 години

bulevar

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје, една поинаква приказна ...

Бул. Видое Смилевски Бато !Скопје, една поинаква приказна ... https://www.facebook.com/100006438224726/videos/pcb.3400165666874674/3400165006874740/

Скопје | пред 5 години

Janko

Бачев: 11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело, Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонската држава

Во мое лично име и во име на Единствена Македонија на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија им го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор, напиша на својот Фб профил претседарелот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.-„Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата започна на 11 октомври 1941 година со вооруженото востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор кои во рамките на глобалниот германски фашизам ја окупира територијата на Македонија, со што, заедно со големата Црвена армија на Советскиот сојуз дојде слободата за народите на светот и остварувањето на сонот за формирање на македонската држава.Борбата на нашите предци беше македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме од домашните и надворешните непријатели на македонското дело кои сакаат да избришат се што е македонско и да го срушат сето она што го постигнаа борците во антифашистичката борба со својата храброст, решителност и одлучност.Пред нас е нова борба откако е распослана тажната слика за Татковината од налетот на марионетската власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонската држава, македонскиот народ и сите лојални граѓани на Република Македонија, никогаш нема да ја заборави жртвата на македонските партизани и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.Нека е честит 11 Октовмри! Нека е вечно делото на борците во Народноослободителната борба за социјално и национално ослободување на македонскиот народ, да ни е вечна Република Македонија, се вели во честитката од Бачев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поведена постапка за дилер на дрога, кај албански државјанин пронајден кокаин наменет за продажба

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 23 – годишен државјанин на Република Албанија за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот управувал патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки во близина на село Франгово, Струга, кога бил сопрен од полициски службеници. При извршен личен претрес на осомничениот, надлежните службени лица кај осомничениот пронашле 50 грама наркотична дрога – кокаин, која тој неовластено ја држел заради продажба.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга по донесувањето на Наредбата за спроведување истражна постапка, до Основниот суд Струга достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

11-Oktomvri

Честитка на градоначалникот Георгиески за 11 октомври

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка  по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.– Денот на востанието е симбол на македонската борба за слобода.  Оддавајќи им почит на сите храбри борци и учесници во народноослободителното востание  ние славиме за почетокот на антифашистичката борба и поставување на темелите на македонската државност. Патот до конечната победа преку Народноослободителна борба исполнет со хероизам  и страдање ни обезбеди место на страната на правдата и на човечноста. На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна, суверена  и независна држава. Тој идеал нè води и денес во остварувањето на подобра сегашност  и иднина за нас и нашите поколенија.Стремежот на борците  станува наш аманет за креирање  просперитетна и напредна држава  која  ќе се интегрира во европското семејство како рамноправна и еднаква со другите земји членки. Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведени крадци од струмичко

Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, на 09. и 10.10.2020, по претходни оперативни сознанија, во с.Иловица, струмичко, од слобода лиши три лица поради сомнение дека извршиле повеќе тешки кражби во куќи на подрачјето на Струмица и околните села. Во СВР Струмица биле приведени Ш.М.(32), С.М.(18), двајцата од село Иловица и 17 – годишен малолетник од с.Свидовица. Во врска со кражбите, на разговор во СВР Струмица бил повикан и Ш.М.(18 ) од с.Иловица.Расчистени се тешки кражби кои ги извршиле во куќи во с.Колешино и с.Куклиш и пронајдени се и одземени повеќе предмети кои им припаѓаат на оштетените. Исто така, извршено е и препознавање на Ш.М.(32) од страна на оштетените.По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

437 санкционирани возачи во Скопје, од кои 140 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 437 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 50 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, 40 технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мотоцикли, 79 мерки за непрописно паркирање, 48 се подигнати со пајак, а изречени се 59 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Да ги следиме идеалите на хероите од 11 Октомври

Честитка по повод празникот 11 Октомври – Денот на  народното востание, од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски. Во честитеката се вели:Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври. Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор го продолжи стремежот на македонскиот народ за слободен живот и сопствена држава. На 11 Октомври македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, се спротивстави против теророт и застана страната на правдата, човечноста и слободата.Со народно ослободителната борба македонскиот народ го потврди континуитетот на борбата за државност и самостојност и ги реализира целите и идеалите на Илинденците, со што ги постави темелите на македонската држава. Со тоа се оствари и вековниот сон за кој животот го посветија и дадоа многу македонски херои.Патот по кој одеа нашите и дедовци и татковци, и дадоа жртва за остварување на идеалот за државност и слобода, не води и денес во остварување на подобра држава Македонија и подобра иднина за нас и нашите идни генерации.За жал денеска народот повторно е обесправен, а се тргува и со темелот на македонската држава и борбата на оние кои ни ја донесоа слободата и дадоа жртва борејќи се против неправдата. Денеска гледаме откажување и продажба на македонските национални и државни вредности додека врз народот се врши невидена тортура и реваншизам. Неправдите, сиромаштијата и криминалот се секојдневие во Македонија. Токму затоа денес повторно е неопходно да застанеме против  неправдите и да се избориме против злото за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, градејќи светла и сигурна европска иднина.Сите граѓани во Македонија го живееме истото секојдневие и затоа на 11 Октомври да се потсетиме на жртвата кои ја дадоа македонските херои и да го продолжиме нивниот идеал, да се избориме за правдата и за доброто на државата и идните генерации.Патот до слободата е вечен, а тој пат го оди и нашата генерација.Честит 11 Октомври!

Македонија | пред 5 години

Foto

Пендаровски со порака за 11 Октомври: Чувањето на слободата е важно еднакво колку и самиот чин на ослободување

Претседателот Стево Пендаровски, упати порака по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.„ Карактерот на еден народ се цени според неговото однесување во пресвртни историски периоди. За време на Втората светска војна, кога поголемиот дел од Европа беше окупиран, а милиони луѓе беа обесправени, фашизмот, на врвот на својата моќ, изгледаше застрашувачки. Токму во тие мрачни времиња, македонските граѓани имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20-от век.На 11 октомври 1941 година македонските партизани го означија почетокот на народноослободителната борба. Станавме дел од антифашистичката коалиција и заедно со останатите праведници, ја избравме вистинската страна на историјата.Борбата предводена од партизаните беше општонародна и надидеолошка. Во народноослободителниот фронт беа обединети мажи и жени од различна етничка, верска, социјална и идеолошка позадина. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, христијани, муслимани, Евреи, атеисти. Сите заедно се изборија за слободна македонска држава што подеднакво ќе им припаѓа на сите нејзини граѓани.И денес, во вонредни услови поради пандемијата, 11 Октомври го празнуваме со чувство на одговорност и огромна благодарност. Благодарни сме на хероите за нивната жртва, но, имаме и одговорност да продолжиме да ја градиме Република Северна Македонија според концептот што тие ни го оставија во аманет. Бидејќи, чувањето на слободата е важно еднакво колку и самиот чин на ослободување.Тогаш поразен, фашизмот, за жал, сеуште не е целосно искоренет. Оваа идеологија што ги исклучува различните, останува да биде најголемиот непријател на слободата на народот и вроденото достоинство на човекот. И денес треба да се бориме, секој поединец, независно од неговата припадност, да биде безбеден и почитуван. Затоа што еднакво вредни делови на нашата човечност не се само нашите сличности, туку и нашите разлики.Антифашизмот е цивилизациска придобивка, но, антифашистички се и темелите на македонската држава. Како наследници на славната воена генерација, но, денес и како дел од НАТО алијансата со јасна европска перспектива, имаме одговорност да се спротивставиме на растечкиот расизам, дискриминација и неофашизам. А тоа се прави само на еден начин: со градење на демократска држава, во која граѓаните се еднакви пред законот, и нема недопирливи за правдата. Затоа е нужно, час поскоро, да се помириме и обединиме во изградбата на солидарно општество во кое ќе се почитува правото на достоинствен живот на секој македонски граѓанин. Со тоа ќе го дадеме нашиот придонес кон прогресивното, глобално движење за човекови права и слободи, за социјална правда и еднаквост„ се вели во честитката.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

СДСМ: Секој граѓанин е одговорен и важен за намалување на растечкиот тренд и спречување на ширењето на коронавирусот

Состојбата со коронавирусот е сериозна, бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови е голем, а заострувањето на мерките за заштита зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и протоколи.Здравствениот систем и сега во есенскиот бран на коронавирусот и растот на бројот на инфицирани е подготвен, да се бори и ќе се бори со вирусот.Но, секој граѓанин е одговорен и важен за намалување на растечкиот тренд и спречување на ширењето на коронавирусот, со носење заштитна маска, одржување физичко растојание од два метри и честото миење и дезинфекција на рацете.Почитувањето на мерките и протоколите се најдобриот начин за заштита од коронавирусот, а оние кои ги прекршуваат ќе се соочат со санкции.Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести. Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите.Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти.Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет. Потребна е сериозна поддршка од сите граѓани. Неопходно е доследно почитување на мерките за заштита од коронавирусот. 

Македонија | пред 5 години

venko-filipce

ВМРО ДПМНЕ: Колку побрзо Филипче си поднесе оставка, толку повеќе животи ќе се спасат

Министерот Венко Филипче секој ден ја покажува и докажува својата неспосовност. Филипче велеше се е под контрола, а сега одеднаш нема место во клиниките, а ги нема ниту најавените 16 монтажни болници кои требаше да бидат готови. Истите беа бомбастично најавувани во првата половина на јули или уште пред одржување на изборите на 15 јули. По се изгледа најавата служеше за изборни цели, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Освен што почнува да снемува место по клиниките, од здравствените установи почна да заминува и медицинскиот кадар.И наместо да ја прфрла вината Филлипче треба да сфати дека трена да работи. Но осум месеци не направи ништо освен погрешни прогнози, погрешни чекори, погрешни, несоодветни и задоцнети мерки. Од неговата проценка дека ќе има околу две илјади заразени, бројката достигна 20.555, а бројката на починати се движи кон 800.Веќе неколку дена има повеќе од 15 проценти заразени од вкупниот број на тестирани.За погрешните политики и последиците од нив Филипче мора да понесе одговорност. Филипче да поднесе оставка, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

patricija

Каламарас: Ќе работам и во „Аџибадем Систина“ и во ГОБ „8-ми Септември“, Бог да ни даде сила во оваа битка

Патриција Карамалас, шефицата на одделот за инфективни болести во ГОБ „8-ми Септември“ вели дека останува во болницата, и паралелно ќе работи и во „Аџибадем Систина“.-Пред се сакам да се заблагодарам на убавите желби и честитки. Во моментот сум се уште консултант во Аџибадем Систина. Сакам јавно да се заблагодарам на господинот Јордан Камчев за поддршката за јавното здравје како и за разбирањето на нашиот министер за здравје и директорот на ГОБ „8 Септември“. Ќе работам и во двете установи заедно со целиот тим. Искрено се молам на Бога да ми даде сила на мене и на целиот здравствен пресонал да издржиме во оваа битка, напиша докторката на фејсбук.

Македонија | пред 5 години

laze-tanevski

Уште еден пратеник позитивен на КОВИД 19 - Охриѓанецот Лазе Таневски

Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен, напиша на својот ФБ профил, пратеникот и претседател на ОО СДСМ Лазе Таневски.Танески во својата објава додава:Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам, напиша Таневски во својата објава на ФБ.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања