Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

lidija-dimova

Новинарските здруженија: Осуда за обидот на Лидија Димова да ги дискредитира колегите од „А1он“

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон нашите колеги од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова .„Во соопштението потпишано од Димова и Зоран Златковски, управител на „В.Е.З. Трејд“, објавено како реакција на текстот објавен од „А1он“ со наслов „Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација“, има тенденција за дискредитирање на авторот на текстот, како и обиди за утврдување и оценување на новинарските стандарди, што е исклучиво работа на професионалната новинарска заедница . Неприфатливо е државни функционери од позиција на моќ да се закануваат со тужби за навреда и клевета кон новинари, бидејќи тоа речиси во сите случаи се толкува како притисок врз медиумите и слободата на печатот и обид за наметнување на цензура“, велат од ССНМ и ЗНМ.Потенцираат дека јавните личности, особено избраните и именуваните функционери се подложни на јавна критика и тоа треба да го прифатат како дел од нивната работа .„Ги упатуваме засегнатите наместо јавно да омаловажуваат новинари и да се бават со новинарска етика, да се обратат до Советот за етика во медиумите во Македонија или Советот на честа во ЗНМ, но и да го искористат правото на демант доколку е тоа нужно .Истовремено, апелираме до новинарите и медиумските работници да се придржуваат до кодексот на новинари и до професионалните и етички стандарди и при објавување на содржини за евентуална злоупотреба на јавни фондови внимателно да ги земат во предвид сите кредибилни извори на информации “, велат од новинарските здруженија.

Македонија | пред 5 години

Kozle-1

Во Козле 5 деца и 6 мајки позитивни на коронавирусот

Министерството за здравство информираше дека во болницата во Козле во изминатите 24 часа се хоспитализирани 5 деца и 6 мајки позитивни на коронавирусот, како и 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.Болницата во Козле се користи како Ковид центар, и таму главно се примаат деца.

Македонија | пред 5 години

pijan

Притвор за мажот кој прегази мопедист во Трубарево – возел пијан, а удрил и дете

Судот определи 30-дневен притвор за 72-годишниот возач, кој вчера усмрти мопедист во Трубарево, а потоа повредил и 9-годишно дете.Според информациите од Обвинителството во крвта на возачот била измерена содржина на алкохол од 1,78 промили и 2,43 промили во урината.Возејќи брзо изгубил контрола и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот. Се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во мопедистот Идриз Ќеримовски.Од ударот, мопиедистот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал, велат од Обвинителството.Возачот не застанал тука, туку продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот. Се качил на тротоарот и платото пред „Маркет Бренд“, каде со предниот дел од возилото удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на 9-годишното дете кое стоело на автобуската станица.Од ударот, детето се задобило со тешки телесни повреди.Потоа, пијаниот возач продолжил да се движи по тротоарот каде удрил и соборил дрвена бандера, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 5 години

akopje

Завршена реконструкцијата на ул. 11 Октомви и раскрсницата пред Собрание

Завршена реконструкцијата на ул. 11 Октомви и раскрсницата пред Собрание. Во тек е обележување на хоризонталната сигнализација.Вечерва од 20 часот, сообраќајот низ центарот на градот се нормализира !Скопје, една поинаква приказна, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. 

Скопје | пред 5 години

lidija-dimova

Нов скандал - Димова набавила два автомобили од 90 илјади евра

Нов ден нов скандал. Во последниот, Лидија Димова, екс пратеничката од редовите на Соцјал-демократскиот сојуз, набавила два автомобили во вредност од неверојатни скоро 90 илјади евра како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, објави АЛФА. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во 2018 година, возниот парк на Агенцијата,  која ја води Димова,  била подновена со фолксваген пасат во вредност од над 45 (45,327 илјади евра) илјади евра како и фолксваген тигуан во вредност од над  43 и пол илјади евра (43,576 илјади евра).Скандалите со трошењето на европските пари од страна на Димова будно ги следи и Европската Комисија.Текстот во целост на:  АЛФА. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска 177 нови случаи на Ковид 19 во земјава и починати 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-5, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-19, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-8, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-10, Берово-6, Виница-5, Делчево-4, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-2, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-2, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-5, Радовиш-1, Крушево -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-1, Ресен-2, Неготино-1.Во болнички услови починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 8571, активни 1792• Куманово 1885, активни 176• Дебар 294, активни 36• Штип 1368, активни 123• Прилеп 814, активни 170• Тетово 1604, активни 222• Струга 720, активни 61• Велес 381, активни 59• Битола 389, активни 104• Охрид 463, активни 47• Кавадарци 279, активни 59• Гостивар 984, активни 80• Гевгелија 202, активни 95 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 437, активни 267• Крива Паланка 154, активни 49• Радовиш 141, активни 58• Крушево 20, активни 0• Кочани 504, активни 218• Пробиштип 129, активни 21• Демир Хисар 62, активни 2• Македонски Брод 96, активни 3• Пехчево 48, активни 5• Берово 153, активни 56• Валандово 65, активни 43• Виница 136, активни 46• Делчево 191, активни 99 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 27, активни 3• Свети Николе 401, активни 59• Кичево 357, активни 34• Ресен 170, активни 9• Неготино 68, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 778 теста се преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-100,  Биотек-0, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -105 , Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-12, Синлаб-92, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 92• Гази Баба – 171• Аеродром - 327• Карпош – 319• Центар – 330• Кисела Вода – 210• Ѓорче Петров – 155• Бутел - 68• Шуто Оризари – 15• Студеничани – 3• Сарај – 15• Арачиново – 4• Илинден – 30• Сопиште – 10• Чучер Сандево – 4• Петровец – 7• Зелениково - 3• Странец – 14• Нераспределен-15

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Заев: Искористете го последниот ден од „Викенд без ДДВ“

Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, искористете го за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема, порача премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.„Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема. Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи“, додаде премиерот.https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159099234922932

Македонија | пред 5 години

lopta-fudbal

Тепачка на фудбалски натпревар во Битола

Инцидент бил предизвикан вчера за време на фудбалски натпревар во селото Кравари, Битолско.Фудбалскиот судија, во полицијата пријавил дека бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола и Ј.Ќ.(23) и А.М.(32) – двајцата од с.Грнчари, Ресенско.Од друга страна, пак, Ј.Ќ. тврди дека бил нападнат од страна на помошникот на фудбалскиот судија.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Петгодишно дете од штипска градинка - позитивно на коронавирус

Петгодишно дете во централниот објект на штипската градинка „Астибо“ е прв позитивен случај на коронавирусот меѓу децата кои се згрижени во Штип.Пред шест дена беа евидентирани четири позитивни случаи меѓу вработени во двете детски градинки, по што 24 деца со две вработени беа изолирани.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Единствена Македонија: Документарен филм како сведоштво за битката за референдумот и против промена на името

Единствена Македонија го споделува со пошироката јавност документарниот филм за битката на Националниот блок  „Македонија - Бојкотира“ покасно насловен како „Македонија - Блокира“ за референдумот на 30 септември 2018 година и против уставните измени за промена на името што се случија на 11 јануари 2019 година, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Филмот го опфаќа периодот од јуни 2018 година до јануари 2019 година кога улиците и плоштадите во Скопје и низ Републиката седум месеци беа домот за Единствена Македонија и „Македонија - Бојкотира“ односно, „Македонија - Блокира“ преку секојдневни протести и блокади на улици, плоштади, домовите на одметнатите 8 пратеници, гранични премини...Филмот премиерно беше прикажан на 30 септември 2020 година на народниот собир пред Собранието на Република Македонија по повод одбележувањето на двегодишнината од големата референдумска победа на 30 септември 2018 година.Филмот во траење од 27 минути претставува трајно сведоштво за битката на Македонците против промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Националниот блок „Македонија - Бојкотира“ односно, „Македонија - Блокира“ предводен од Единствена Македонија во кој се здружија 84 организации - партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство, за референдумот успеа, а за спречување на промена на уставот не успеа.Не се откажуваме, Битката за Македонија продолжува, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

18 годишна девојка од Баница почина од струен удар!

На 11.10.2020 година во СВР Струмица било пријавено дека во Итна медицинска помош била донесена Е.Б.(18) од с.Баница, која била почината од струен удар. Веднаш по пријавување на настанот формирана е увидна екипа од СВР Струмица и заедно со Јавен обвинител од ОЈО Струмица извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 5 години

asfaltiranje

(ФОТО) Финишираат градежните активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“

Продолжуваме интензивно да работиме за подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот финишираат градежните активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.Во текот на изминатиот период беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата. Според планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сигнализација и осветлување, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.696182827653990/696182540987352/

Македонија | пред 5 години

stevkovski

Стефковски: Со новиот ДУП во Автокоманда градоначалникот Георгиевски предвидува бетонизација

И во последната година од мандатот како градоначалник, Борис Георгиевски   ги   погазува   интересите   на  Општина  Гази Баба. Овојпат на удар се жителите од урбаната заедница Автокоманда. Поводот за нашата реакција преку оваа прес   конференција  е новиот предлог - Детален урбанистички план кој се   однесува населба Автокоманда. Од досега презентираното, овој   детален   урбанистички   план   е   само   одговор   на потребите   на   одредени  бизнис  и партиски моќници  но   никако   не   ги   задоволува потребите на жителите на оваа населба, истакна на денешната прес конференција Бобан Стефковски.Политиката на СДСМ за бетонизација на Град Скопје е само пресликана со наведениот ДУП. Со него се предвидува многу висококатници и бетонски градби со кои ќе се намали протокот на   воздух   и   дополнително   ќе   се   отежне   сообраќајот   во оваа населба. Борис Георгиевски ги лишува децата од детски катчиња, пензионерите и сите жители од нови паркови и зелени простори. За   да   односот   на   градоначалникот   да   биде   уште   повеќе попонижувачки кон граѓаните, тој не се појавил на јавната расправа за носење   на   овој предлог  ДУП   туку   испратил   лица   од   општинската администрација   кои   немале   одговор   на   поставените   прашања   од засегнатите жители. Нивниот револт е оправдан и тие секојдневно ни се обраќаат на нас и на советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Токму поради   таквиот   игнорантски   однос,   партијата   на   Георгиевски последователно  ги губи изборите во Општина Гази Баба и во оваа урбана заедница. Ги повикуваме жителите на Автокоманда да го разгледаат новиот ДУП кој е објавен во  просториите   на   урбаната   заедница   и   да   ги   достават   своите забелешки најдоцна до 14 октомври 2020 година. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да ги заштити интересите на граѓаните на Општина Гази Баба и на Автокоманда.Оттука уште една потенцираме дека програмата на  Георгиевски како  кандидат  за градоначалник ќе остане пример за една колосална лага.За една година нашата нова локална власт, која ќе направи ревизија на скандалозното работење на Борис Георгиевски и ќе има одговорност, истакна Бобан Стефковски.

Скопје | пред 5 години

blace

(ЖИВО ТВ 21) Километарска колона на „Блаце“ по укинувањето на ПЦР тестот

Километарска колони од возила забележани се попладнево на граничниот премин „Блаце. Oд денеска дозволен е влез на граѓаните на Македонија и Косово во двете земји без обврска за приложување на негативен ПЦР тест, Објави ТВ21. https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1009664532829556

Македонија | пред 5 години

lidija-dimova

А1ОН: Никакви закани, уцени и недолични изјави нема да не запрат - бараме надлежните да извршат детални проверки за злоупотреби на европските пари

Редакцијата на „А1он“ најостро реагира на хајката која во последниве три дена ја спроведува директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, а по објавеното истражување кое фрла сенка за начинот на доделување на проекти преку „Еразмус+“ програмата.Служејќи се со дискредитации за нашиот новинар и автор на текстот, Кристијан Ландов, и преку соопштенија и преку социјалните мрежи, Димова на крајно непристоен начин се обидува да го релативизира истражувањето во кое се опфатени сите засегнати страни и запазени се сите новинарски етички стандарди.Наша обврска како новинари е да отвораме прашања кои се од јавен интерес, а во случајов постојат сериозни сомнежи за злоупотреби, за што редакцијата на „А1он“ ќе стапи со надлежните институции во Брисел.Ги повикуваме новинарските здруженија да реагираат на односот на Димова кон новинарите и кон редакцијата на „А1он“, бидејќи сметаме дека не доликува на еден претставник на влијателна институција на овој начин да комуницира со јавноста. Нападот врз Кристијан Ландов со недолични коментари на социјалните мрежи од Лидија Димова се само одраз за нејзината култура и неможноста да комуницира со аргументи. „А1он“ застанува целосно во одбрана на Кристијан Ландов и ќе го поттикне да го истражи целото работење на агенцијата до детали.Потенцираме дека уште пред објавувањето на сторијата, беа контактирани сите засегнати страни и обезбедени сите документи, вклучувајќи ја на прво место, Димова.Во денешното соопштение, сепак, таа тврди дека Националната агенција не финансирала фризерница, туку претпријатието „Вредност на европско знаење“, со скратен назив В.Е.З. Трејд.Проверките што редакцијата на „А1он“ ги направи, покажаа дека претпријатие со назив „Вредност на европско знаење“ во Централниот регистар не постои. Постои само претпријатие со назив В.Е.З. Трејд, а за тоа што претставува кратенката, не можеме да претпоставуваме, со оглед на тоа што долгиот назив на компанијата е Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, со приоритетна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“.Компарациите, не се правени како што вели Димова, со секторот високо образование, туку со акции за исти грантови за училишно образование. Тоа може да се увиди и од објавените листи на добтници од другите држави.Потенцираме дека нашите новинари се слободни да бидат брифирани и да разговараат со надворешните соработници, чиј идентитет е заштитен и имињата не се објавени. Тоа не е казниво според ниту еден закон, напротив, дел од новинарската работа е да се зборува со што повеќе лица, а со цел да се дојде до вистината.Во однос на на ранг-листите, според освоени бодови на проектите, потенцираме дека „А1он“ уште во петокот ги побара истите, но тие не се јавно објавени и до овој момент се уште не ни се доставени, исто како што не е ниту листата на одобрени проекти кои се на чекање. Во оваа прилика ја повикуваме директорката Димова слободно да ги објави.„А1он“ и понатаму ќе продолжи да ја обработува сторијата преку серијал текстови кои откриваат сериозни сомнежи за злоупотреби на европските пари, на професионален и објективен начин, како што тоа го правеше и досега.Никакви закани, уцени, дискредитации и недолични изјави нема да не запрат да си ја вршиме својата работа како новинари, а со тоа и да ги охрабруваме надлежните институции да извршат детални проверки за она што е објавено.Текстот во целост на: „А1он“

Македонија | пред 5 години

dimce-3

Арсовски: Лидија Димова да си даде оставка веднаш – да не се остава време да се чистат докази

Три дена молк од Јавното обвинителство за случајот со 270.000 евра доделени на фризерница. Лидија Димова како актуелна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, изминативе 3 години е загушена во криминал, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Дали од тендери, дали од набавка на луксузни возила, џипови, дали од доделување на грантови загушена е во криминал, а се уште ЈО нема преземено никаков чекор.Цели 3 години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал поврзани со Лидија Димова, а се уште јавното обвинителство и финансиска полиција  молчат.Замислете, фризерница која земала 270.000 евра за едукација за медиумска писменост, во 2017 година има завршна сметка со нето добивка од 3.000 денари, а веќе 2018 година откако почнува соработката со Лидија Димова и грантовите, истата фризерница има нето добивка од 2.700.000 денари или фризерница со две столчиња има добивка околу 43.000 евра добивка. Ова е пораст од 2017 во однос 2018 од 85.000% на добивката.Неверојатно е како луксузни салони за разубавување не заработуваат толку огромни суми на пари, а не оваа берберница со 2 столчиња.Но, и покрај ваквите сомнежи, ниту Јавното обвинителство, ниту било кој нема да се осмели да покрене било каква постапка. Од едноставна причина затоа што ги штити Зоран Заев и Лидија Димова и сите останати.Ова ќе биде, по се изгледа, уште еден случај каде што има сомнеж  за директор на значен од Зоран Заев и СДСМ, близок директор на Зоран Заев каде злоупотребуваат службена должност, јавното обвинителство и Заев го штитат.Лидија Димова да си даде оставка веднаш! Ваков директор не смее да ја води оваа институција. Секој поминат ден како директор во институцијата е ден повеќе да прикрива докази и сокрива документација истото како што се случуваше од Катица Јанева во СЈО, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

lisici

Претреси во Охрид, лишен од слобода дилер на дрога

Вчера околу 21.30 часот во Охрид, пред угостителски објект кај бензинска станица, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за специјални полициски операции-Единица за специјални задачи и СВР Охрид - Оддел за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода А.И.(44) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела недозволена трговија со дрога и оружје.Имено, при извршен преглед кај него и на неговото возило биле пронајдени марихуана и два ножа, а при претреси во неговиот и домот на неговата сопруга, извршени по претходно издадени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и 331 парче распрскувачки материи.По завршување на претресот, А.И. е приведен во Полициска станица Охрид, а по комплетирање на целокупната документација ќе му бидат поднесени кривични пријави за сторени Кривични дела по член 215 и чл. 396 од Кривичниот законик. 

Македонија | пред 5 години

heroin-pakuvanja

Претреси во Кичево, запленет хероин, приведен дилер

Вчера во Кичево полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-СНТДООМ, во координација со ОВР Кичево го лишиле од слобода А.М.(23) од Кичево, поради основано сомнение дека извршил кривично дело недозволена трговија со дрога – хероин и марихуана.Имено, во 21.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кичево извршен е преглед на А.А., при што била пронајдена марихуана, за која изјавил дека ја набавил од А.М. од Кичево.По претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, од страна на полициски службеници од НККР - ОНТДО Кичево во периодот од 21.50 до 23.00 часот, извршен е претрес во дом, други простории и возила кај А.М.(23) од Кичево, при што се пронајдени и одземени 18 паковки со хероин, ќеса со марихуана, кутија со остатоци од марихуана, 3 дигитални ваги со остатоци од марихуана, нагорени алуминиумски фолии, зипер ќеса со остатоци од марихуана.По завршување на претресот, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кичево, А.М. е приведен во Полициска станица Кичево, каде по комплетирање на целокупната документација ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Град Скопје: Аплицирајте за субвенции за чистење на оџаци

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување  субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.  Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.Оваа година Град Скопје има предвидено 2 милиони денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1660 субвенции.Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/media/4997/javen-povik-cistenje-odzaci-2020.pdf .Целта на овој проект што Град Скопје го реализира континурано е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.Познато е дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена.За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции. 

Скопје | пред 5 години

UaYct-

Поведена постапка за државјани на Албанија кои продавале марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија на возраст од 21 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 10.10.2020 година при извршен личен претрес кај осомничените, а подоцна и извршен претрес во нивното престојувалиште, полициски службеници пронашле вкупно 226,1 грама наркотична дрога – марихуана, Осомничените ја набавиле дрогата со намера да ја продаваат во Гостивар и околината.По донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар достави предлог на осомничените да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените со Решение им определи притвор во траење од по 30 дена.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Двомесечно бебе во Битола позитивно на коронавирус

Двомесечно бебе е најмладиот жител во Битола кој е заразен со коронавирус. Според податоците од Министерството за здравство се заразило од близок член во семејството, односно од неговата баба, пишува СДК.мкОд медиумот додаваат дека во потесното семејство на бебето, исто така и мајката е позитивна на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

policija-2

332 санкционирани возачи во Скопје, од кои 109 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 332 санкции, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина на движење 109 прекршоци, 48 технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.  

Скопје | пред 5 години

granica-so-srbija

Ќе мора ПЦР тестови за патување во Србија, Црна Гора и БиХ, без тест може само во Косово

Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Институциите до детал да ја проверат работата на Лидија Димова, а таа да објасни врз основа на кои критериуми се делени тие пари

Откако јавноста беше зачудена дека еден фризерски салон во Скопје добил 270.000 евра европски пари од програмата „Еразмус+“ премиерот Зоран Заев побара од директорката на Националната агенција, Лидија Димова, да објасни на кој начин се делени тие пари и врз основа на кои критериуми. Во изјавата за „А1он“ Заев бара од Димова на прес-конференција да ги објави сите детали окиолу доделувањето на овие големи средства.„Јас нема да дозволам никаков сомнеж ниту евентуални злоупотреби. Затоа ја повикувам директорката на Агенцијата, Лидија Димова, веднаш да излезе и на прес-конференција да ги презентира целосно транспарентно сите детали во врска со начинот на распределба на средства од европските фондови наменети за образование и млади. Димова целосно и прецизно треба да ги адресира прашањата на кои реагира јавноста и за кои се јавува сомнежот“, вели Заев за „А1он“. Тој, исто така, ги повика надлежните институции да ја проверат работата на Националната агенција. 

Македонија | пред 5 години

Protest3

ВМРО-ДПМНЕ во вторник во 18:00 часот со протести со возила во Скопје, Охрид и Прилеп против мафијата на Заев и поскапување на струјата

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ во вторник 13.10.2020 во 18:00 часот, ќе се одржат протести со возила против поскапувањето на струјата во Охрид, Прилеп и Скопје.Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од РКЕ. Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ е марионета на Заев, скапо платена марионета која удира по џебот на граѓаните за да ги покрие дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт.Сега народот плаќа поскапа струја, дури Бислимовски за своите штетни одлуки за граѓаните го плаќаат 120 илјади денари.ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните уште еднаш ќе порачаат, да се врати старата цена на струјата, да се спречи осиромашувањето на граѓаните, Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања