Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Benzinski-pumpi-9

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Од вечерва на полноќ малопродажните цени „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“, „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/литар.Од 14.10.2020 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин „евросупер БС-95“ –  59,50 (денари/литар)Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 61,50 (денар/литар)Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 50,50 (денари/литар)Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 50,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС – 26,863 (денари/килограм)Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,895 денари/кг и ќе изнесува 26,863 денари/кг.

Македонија | пред 5 години

majka-tereza-cair

24-годишна девојка почина во Гинекологија Чаир

Синоќа, на Гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир во бесвест била донесена 24-годишна девојка од скопското село Студеничани.Според пријавеното, бил направен обид за реанимација, но во 23 часот била констатирана смрт кај А. Р..По консултација со јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина на обдукција.

Македонија | пред 5 години

lidija-dimova

Финансиската полиција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отворила предистрага за „Фризерница“

Финансиската полиција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отворила предистрага за Националната агенција за европски образовни програми во врска со случајот „Фризерница“, објави „АлсатМ“.-Детали не се откриваат поради тајноста на предистрагата. Од наша страна се преземаат мерки и активности согласно Законот за кривична постапка, велат од Управата за финансиска полиција.Директорката на агенцијата, Лидија Димова на денешната прес конференција демантираше било какви неправилности во однос на делењето пари, а „Фризерница“ било само за замајување на јавноста.И Европската комисија проверува дали има злоупотреби со европски пари во Агенцијата со која директорува Лидија Димова. Од Брисел велат дека секое нерегуларно трошење ќе треба да се врати назад во европската каса. Случајот ќе го проверува и ОЛАВ, европско тело за борба против измами.

Македонија | пред 5 години

120377304_168968318222214_1322109972589320781_o

Општина Кисела Вода од 326 домаќинства собра над 60 тони кабаст отпад

Општина Кисела Вода од 15 септември, од почетокот на активностите за собирање стар мебел и електронски уреди, досега од 326 домаќинства собра над 60 тони кабаст отпад.Бесплатната услуга за собирање и транспорт на отпадот, од домовите на граѓаните со општинските возила ја вршеа 30 работници, ангажирани од Општината. Активностите за собирање на отпад од домаќинствата ќе завршат утре и според планот ќе продолжат да се одвиваат следната година.Благодарност до граѓаните за почитувањето на повикот, отпадот да го одложуваат на површини на кои не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и возачите.Со цел да имаме чисти јавни површини, паркови, детски и спортски игралишта, Општина Кисела Вода повторно замолува за правилно одложување на отпадот, а со тоа и за почитување на Законот за јавна чистота. Општината верува дека заеднички со граѓаните ќе продолжи да создава почиста животна средина.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Утре и задутре улицата Лазар Личеноски целосно затворена за сообраќај

Градот Скопје известува дека улицата Лазар Личеноски ќе биде целосно затворена за сообраќај на потегот од СРЦ „Кале“ до пред Амбасадата на САД во периодот од 05 часот на 14.10.2020 година до 19 часот на 15.10.2020 година, поради асфалтирање.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на воведениот привремен сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

Скопје | пред 5 години

apasiev2

Левица: Антикорупциска наместо да го амнестира Муслиу нека го испита работењето на Сугаревски

Скандалите кои секојдневно ја следат криминалната коалиција на власт се доказ дека државата и институциите се заробени и се користат единствено во насока на задоволувањето на лукративните интереси на раководствата од двете владејачки партии, СДС и ДУИ. Сѐ уште нема никаква иницирана постапка од страна на ОЈО и Антикорупциската комисија за скандалозното носење на ДУП-от за „Шик Јелак”, од кое ќе профитира познатиот бизнисмен од ‘бомбите’, Миодраг Дака Давидовиќ, се вели во соопштението од Левица.Целиот процес на усвојување на спорниот ДУП е контроверзен, со оглед на тоа што се работи за фирма која е регистрирана во оф-шор земја Панама, што отвора индиции за нелегални финансиски активности и перење пари. Дополнително, скандалозно е што поранешниот министер за транспорт и врски – Горан Сугаревски, усвоениот ДУП го потпишал шест дена после распишувањето на изборите, со што се прекршени предизборните правила.Ригидноста и корумпираноста на самата Антикорупциска Комисија е евидентно во нејзиното непостапување против поранешниот министер, додека приоритет на претседателката Ивановска е иницирање законски решенија за бришење на трите пријави поднесени против директорот на Агенцијата за разузнавање – Еролд Муслиу.Иако за бизнисменост Давидовиќ беа објавени и бомби каде се спомнуваат износи од 300.000 евра во конотација со Зоран Заев, Драги Рашковски и финансирање на неуспешниот референдум – обвинителството сѐ уште не отворило постапка за да ги испита наводите од јавно објавената снимка. Дополнително, деновиве премиерот Заев во интервју потврди дека тој бил иницијатор за носење на ДУП-от и влијаел врз советниците од општина Тетово.Узурпираноста и партизираноста на институциите од страна на криминалните владејачки елити ја претвори државата во алатка за репресија само врз најсиромашните и најзагрозените граѓани кои експресно се санкционираат, додека за ниту еден корупциски скандал каде се инволвирани највисоки претставници на власта нема ефективна судска пресуда!Во услови на економска криза, кога секој втор ден по една фирма влегува во стечај и илјадници работници останаа на улица, милионските криминални бизниси на режимот на СДС само се надградуваат, додека институциите кои треба да го заштитат народот од самоволието на властите – се директни учесници во истото. Тригодишното владеење на СДС само ја потврди добро позната премиса дека во Македонија мафијата си има своја држава, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 5 години

121523797_659686728038074_2968233063523954528_n

Градоначалникот Марин во посета на градинката „Срничка“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска ја посети градинката „Срничка“ каде што од директорката на градинката Александра Јелиќ  беше информиран за одвивањето на воспитно-згрижувачкиот процес во услови на пандемија. Во градинката вкупно се запишани 774 деца, а моментално се згрижени 438, меѓу кои нема сомнителни на КОВИД-19.„Се радувам што се почитуваат и се спроведуваат сите здравствени протоколи за прием и згрижување на деца. Многу е важно да се почитуваат мерките за заштита и да се зачува јавното здравје“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Скопје | пред 5 години

vozacka-1

Вработен во МВР одобрувал возачки дозволи на лица без положен испит

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.Ј., помлад референт за управни работи – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од март до мај 2020 година, пријавениот во три наврати ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што постапил спротивно на одредбите од член 272 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и правилникот, односно извршил креирање на барање за возачки дозволи и фотографирање за возачки дозволи, кои ги процесирал во натамошна постапка (одобрување) за три лица, кои воопшто немале положено возачки испит.  Против Ш.Ј. е поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и  суспензија од работното место.  

Македонија | пред 5 години

dimce-4

Арсовски: Лидија Димова да си даде оставка веднаш – ЈО да го истражи случајот за проневера на пари

Со денешната прес конференција на Лидија Димова единствено позбунет од јавноста е самата Лидија Димова. Изгледаше збунето како да крие нешто. Наместо објаснувања и одговори, Лидија Димова ја искористи прес-конференцијата за да напаѓа адвокати, новинари и политички неистомисленици. Нормално, кога не сака вината да ја виде во себе и во своето работење ги напаѓа сите други, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ја уверувам Лидија Димова дека воопшто не сме разочарани што нема да даде оставка, што е и очекувано за нас како политичка партија, нормално е за толкави огромни сомнежи за проневера на пари да знаел и Заев кој патем ја штити Лидија Димова и го штити нејзиното директорско место.Во врска со грантовите на ВЕЗ Трејд правен субјект која се води како фризерница, Лидија Димова должи објаснување кои биле квалификациите на правниот субјект ВЕЗ трејд, патем фризерница е правниот субјект во 2018 за таа да добие грант во две комплетно различни области? Преку фризерница да се обучуваат луѓе за медиумска писменост е неверојатно.Во апликацијата клучно прашање е прашањето за професионална биографија на фирмата за кое нема одговор. Каква врска има фризерница со младинска работа и медиумска писменост?Во тој случај ако тоа е можно фризерница да добие грантови за медиумска писменост, зошто на пример постои Националната агенција како институција, за да ги доделува грантовите, зошто на пример истите грантовите не ги доделува некој правен субјекткој што не е за таа намена туку е ресторан?Дали квалификација за добивање на грантот се можеби кафанските седенки на Димова со сопственикот на ВЕЗ Трејд? Димова не одговори ни дали во исто време сопственикот на фризерницата ВЕЗ Трејд е и стручен соработник за хонорар и грантист на национална агенција? На пример која е дефиницијата за надворешен соработник според Лидија Димова?Не слушнавме ни одговор за документите и дописите на соработници на проекти дека активностите се сомнителни и има наводи за криминал.Практично, во самиот момент кога имало такви дописи, кога имало такви наводи требало веднаш да биде известено ЈО, во спротивно Лидија Димова доколку не го известила самата таа е соучесник и прикривале било какво сторено кривично или било какво дело кое што е против законско.Димова не одговори ни на нашите наводи од пред неколку месеци за возилата набавени во износ од 100,000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби. Вработени во НА известуваа дека дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во ноќните часови.На денешната прес-конференција немаше ниту одговори за кеш пари во износ од над 20.000 ЕВРА кои недостасуваат во благајната на НА. Постои изјава дека парите биле користени со знаење на Лидија Димова, а за нивно подигање бил користен нејзиниот факсимил.Она што застрашува е молкот на државните институции – Министерството за образование и наука, Финансиската полиција, МВР и Обвинителството кое што по обичај спие и не ги истражува сите сомнителни случаеви каде што Зоран Заев ги штити инволвираните.Исто така, на делување ги повикуваме Мисијата на ЕУ во Скопје и останатите амбасади на европските држави, сериозно да се заинтересираат за се извинувам однапред што ќе го кажам овој жаргонски збор но, „магарешкото“ работење на политичари од страна на СДСМ и власта кои трошат европски пари.А, Лидија Димова дали ќе си даде оставка или не, тоа не е прашање кое што треба да биде поставено како дилема, туку треба уште веднаш да си оди и да си даде оставка, не смее ниту една минута повеќе да биде директор на таа позиција  а за тоа директно е одговорен и Зоран Заев кој треба да ја разреши затоа што таа институција не и оставена на Лидија Димова во наследство од мајка и и татко и, туку институција создадена и изградена од парите на граѓаните и даночните обврзници на Република македонија. Затоа оставка треба да си даде веднаш, а не да отвора дилеми дали ќе си даде или нема да си даде оставка, бидејќи секој еден ден поминат во таа институција е простор да прикриват документи и да крие докази кои што може да бидат неопходни понатаму во било каква постапка која што ќе биде отворена, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Jovan-Mitreski

Митрески: Собранието мора непречено да функционира, пратениците позитивни на коронавирус да работат од далечина

Пандемијата со коронавирусот драстично го промени секојдневното функционирање насекаде низ светот.  Исклучок од тоа не се ниту институциите во нашата држава, исклучок не е ниту Собранието на Република Северна Македонија, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата. Заради непречено функционирање на законодавниот дом во време на светска пандемија, како парламентарно мнозинство на денешната координација повторно ја објаснивме потребата од промена на Деловникот со цел воведување работа од далечина само на пратеници кои имаат решение за изолација.Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, пристуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн.Во време на сериозни предизвици, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет. На граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.Вакви примери на комбинирано работење на Парламентите има низ целиот свет.Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефунционалност на државата во борбата со ковид. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот.Наша цел и задача е да им служиме на граѓаните кои не избрле и тоа треба да го правиме во секакви околности, вклучувајќи ја и оваа пандемија. Сега не е време за дневнопартиски калкулации, тука уште повеќе да се посветиме на интересите на граѓаните, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата. 

Македонија | пред 5 години

vilma-39hx5c43qzvu1pe45ap4ao

Судот ја одби тужбата на Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Основниот граѓански суд-Скопје ја одби тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска поднесена против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тужбеното барање не е усвоено, а на странките во рок од осум дена ќе им биде доставена писмената пресуда, каде истата ќе биде и образложена.Инаку, обвинителката Вилма Русковска покрена тужба за клевета против опозициската партија поради предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ кои се емитуваа за време на кампањата пред парламентарните избори што се одржаа на 15 јули годинава. Во два рекламни спота „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“, обвинителката Русковска беше претставена како слуга на СДСМ.Обвинителката Русковска во тужбата наведува дека преживеала анксиозност, душевна болка и загриженост, додека пак од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се бранеа дека доколку судот пресуди во нејзина корист, ќе се загрози слободата на изразување.Адвокатот на обвинителката Вилма Русковска денеска изјави дека ќе почекаат да ја добијат писмената пресуда и соодветно на образложението во пресудата, на истото ќе се жалат.

Македонија | пред 5 години

boemska-1

Парична казна за гостилницата на „Боемска“ каде беше затекнат Христијан Мицкоски за време на eпидемија

По спроведена претходна постапка и обезбедување на сите релевантни докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против две физички и едно правно лице за кои постои основано сомнение дека  сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.Обвинетите, на 3 јуни, во периодот од 13:30 до 18:00 часот, во угостителски објект на улицата „Боемска“, не постапиле согласно прописите и наредбите за спречување на ширењето на заразната болест COVID-19. Првообвинетата, како сопственик и управител-менаџер на обвинетото правно лице, не го организирала процесот на работа на угостителскиот објект согласно Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана. Второобвинетиот – вработен во правното лице, во наведениот период го отворил внатрешниот, затворен дел на угостителскиот објект за работа, каде со храна и пијалоци биле послужувани пет гости. Со овие дејствија обвинетите сториле кривично дело санкционирано во ставот 1 од член 206 од Кривичниот законик, а правното лице – кривично дело предвидено во ставот 2 од истиот член.Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двете физички лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра, додека за правното лице предложи парична казна во висина од 150.000 денари.Од кривично-правен аспект, затекнатите гости не подлежат на кривична одговорност.​

Македонија | пред 5 години

tepacka-4

Обвинение за насилство​ - по главата го удирале со француски клуч и тврд предмет

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица кои го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Настанот за кој се товарат обвинетите се случил на 24 ноември 2019 година, кога тие заедно телесно повредиле едно лице и извршиле грубо насилство.  Откако оштетениот со своето семејство со возило пристигнал до полициска станица да пријави настан, првообвинетиот го удрил  со француски клуч, а второобвинетиот со тврд предмет во пределот на главата. На настанот присуствувале повеќе лица, кај кои од стореното кривично дело било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Еден обвинет за тешки кражби во Скопје - крадел од црква и граѓани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во периодот од март до октомври, обвинетиот во четири наврати сторил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело.На 12.03 во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со провалување во затворени простории, обвинетиот одзел 15.000 денари од продавницата за свеќи.На 08.07, заедно со друго непознато лице, пресретнале еден оштетен во Градскиот трговски центар и му побарале пари. Кога оштетениот им дал пари, а остатокот го вратил во џебот, обвинетиот го фатил за раката и му ги одзел и преостанатите 1.000 денари.На 24.09, на Зелен пазар, обвинетиот се обидел на дрзок начин да одземе предмет – златен ланец. Заедно со уште едно непознато лице на оштетената и пришле од зад грб, започнале да ја тегнат за вратот и блузата со намера да и го земат ланчето, но таа успеала да ги оттргне.На 05.10 во маркет на булеварот „Партизански одреди“ обвинетиот се обиде да одземе пари од дневниот промет. Кога влегол во маркетот ја забележал вработената ако реди роба на еден од рафтовите, а тој се упатил кон касата за да ги земе парите. При обидот бил забележан од вработената, која започнала да вика, па обвинетиот го напуштил маркетот без да ја реализира намерата.Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице поради опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​

Скопје | пред 5 години

w_56083030

Денеска од 680 тестови, 80 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.Во болнички услови починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 8626, активни 1802• Куманово 1886, активни 172• Дебар 294, активни 36• Штип 1368, активни 123• Прилеп 814, активни 163• Тетово 1607, активни 222• Струга 720, активни 61• Велес 385, активни 63• Битола 389, активни 102• Охрид 463, активни 47• Кавадарци 281, активни 60• Гостивар 991, активни 84• Гевгелија 202, активни 92 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 437, активни 260• Крива Паланка 155, активни 49• Радовиш 141, активни 58• Крушево 20, активни 0• Кочани 506, активни 213• Пробиштип 129, активни 20• Демир Хисар 62, активни 1• Македонски Брод 95, активни 2• Пехчево 48, активни 5• Берово 153, активни 54• Валандово 65, активни 41• Виница 138, активни 45• Делчево 193, активни 101 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 27, активни 3• Свети Николе 403, активни 58• Кичево 357, активни 32• Ресен 170, активни 9• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 680 теста се преку: ИЈЗ-153, ЦЈЗ Скопје-9, Авицена-0,  Биотек-159, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -166 , Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-13, Синлаб-19, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациент. На респиратор се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 89• Гази Баба – 171• Аеродром - 338• Карпош – 317• Центар – 328• Кисела Вода – 209• Ѓорче Петров – 154• Бутел - 70• Шуто Оризари – 13• Студеничани – 3• Сарај – 16• Арачиново – 4• Илинден – 31• Сопиште – 12• Чучер Сандево – 4• Петровец – 6• Зелениково - 3• Странец – 14• Нераспределен-20

Македонија | пред 5 години

arosvski

Новинарот Душко Арсовски е нов портпарол на Владата

Новинарот и уредник Душко Арсовски е именуван за нов портпарол на Владата, соопштија од владината прес-служба. Тој е назначен на денешната владина седница, а покрај него портпарол останува и Муамед Хоџа.Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство, а на јавноста ѝ е познат лице од Македонската радио-телевизија (МРТ), каде што од 2012 работи како уредник на надворешна политика, на централниот „Дневник“, а во еден период и заменик главен уредник на информативната програма.„Претходно работел како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на Би-би-си на македонски во Скопје. Две години бил уредник и водител на вестите на ТВ Алфа како дел од тимот којшто ја основаше телевизијата. Кариерата ја започнал во Македонското радио, во програмата за деца, во 1998 година. Подоцна преминал во скопската телевизија Скај нет и во Македонската телевизија каде што работел како новинар за надворешна политика, а подоцна и уредник на Дневникот“, соопштија од Владата.

Македонија | пред 5 години

fiskalni333

ДПИ во изминатите три дена изврши вкупно 1.366 контроли за почитување на здравствените протоколи и 104 контроли поврзани со викендот без ДДВ

Во текот на вчерашниот ден (12.10.2020) од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта се извршени вкупно 9 надзори и 124 контроли во трговски објекти и 93 контроли во угостителски објекти во повеќе градови на територијата на РСМ. Контролите се извршени согласно Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија и согласно здравствените протоколи за отварање и работа на угостителски објекти заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID 19. Во текот на вчерашниот ден, при контролите, изречена е 1 мерка во трговски објект во Струга согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за што следи прекршочна постапка. Во останатите градови, при контролите од страна на ДПИ, не се констатирани неправилности по посочените закони и протоколи.Во изминатите три дена на продолжениот викенд, од страна на ДПИ се извршени вкупно 1.366 контроли и 104 надзори во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, здравствените протоколи, Законот за угостителска дејност, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија и Закон за заштита на потрошувачи. Најмногу неправилности се констатирани во саботата ( 10.10.2020) за кога ќе бидат поднесени 12 кривични објекти кои ги прекршиле здравствените протоколи и изречени се 9 мерки за прекршување на законите за трговија и за потрошувачи.Следниот ден недела (11.10.2020) и во текот на вчерашниот ден понеделник (12.10.2020), ДПИ констатираше намалување на неправилности.При тоа, изречени ќе бидат вкупно 15 кривични пријави на угостителски објекти за прекршување на здравствените КОВИД протоколи и 4 прекршочни пријави за непочитување на работно време, забрана за пушење цигари и затекнати нерегистрирани објекти и една мерка за непостапување по издадено rешение за привремена забрана за вршење на дејност. Во делот на Законите за трговија и за заштита на потрошувачите, во истиот период изречени се вкупно 10 мерки за прекршување на овие два закони, и констатирани се 5 прекршоци на Законот за трговија.Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, апелираме граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. Сите инспекциски служби се постојано на терен и ќе продолжат и во следниот период со интензивни контроли во делот на почитување на здравствените протоколи. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи.

Македонија | пред 5 години

tancerki

Злоупотребен туристички престој, четири странски државјанки забавувале гости во бар

Четири странски државјанки утрово се приведени во полициска станица под сомнение дека нелегално работеле во угостителски објект во близина на Гостивар.Според СВР Тетово, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар спроведеле акциска контрола утрово околу 1:30 часот во угостителски објект лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово.Во локалот сопственост на Р.Б. (46) од Гостивар биле затекнати четири странски државјанки, од кои три од Република Албанија и една од Република Косово.По извршената контрола биле лишени од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта.Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. 

Македонија | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Границите со Грција остануваат затворени до 25 октомври

Границите со Грција остануваат затворени до 25 октомври, откако јужниот сосед ги продолжи за уште 12 дена министерските одлуки што се однесуваат на привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања на земјата и на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, објавија повеќе медиуми, пренесувајќи информации на МИА од Атина. Ограничувањата во однос на копнените граници се за временскиот период од 13 до 25 октомври.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов: Зелениот коридор ќе ја чува автентичноста на природните вредности на крајбрежјето на Серава

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на јавната презентација на Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Серава, која се одржа во салата на Советот на Град Скопје. Овој проект е изработен врз основа на Студијата за воспоставување зелени коридори по теченијата на реките Серава и Лепенец од 2017 година. Предмет на оваа Студија беше да истражи кои се условите и можностите за воспоставување зелен коридор по должината на реката Лепенец, од клучката кај село Орман до вливот во реката Вардар, како и по течението на река Серава, од изворот до вливот во река Вардар. Упатувам огромна благодарност до УНДП, ГИМ и до тимот експерти кои го изработија Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Серава. Минатата недела го презентиравме Основниот проект за зелен коридор на Лепенец, денеска го презентираме проектот за зелен коридор на Серава и со тоа сакаме да ја заокружиме оваа фаза од реализацијата на зелените коридори од оваа студија. Овие зелени коридори беа дел од мојата програма кои влегуваат во фаза на реализација, а убеден сум дека во многу блиска иднина граѓаните ќе имаат можност да почнат да уживаат во она што денеска ќе биде презентирано - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов. Тој појасни дека реката Серава, како поројна река, која во минатото предизвикувала проблеми со излевање, одамна е регулирана, делумно со канали, а делумно е водена под земја. Нејзината улога во пренос на свежите воздушни маси од планината Скопска црна гора, каде што извира, е несомнена. Двете реки, за жал, се користат како реципиенти на отпадни и фекални води од домаќинствата и од производните објекти. Воспоставувањето на зелените коридори на овие две реки значи ставање крај на ваквото уништување на природните убавини со кои Серава и Лепенец можат да го красат нашиот град. На одредени делници, покрај реките, се исфрла отпад, комунален и градежен шут, што значително ги девалвира вредностите на реките и нивните крајбрежја. Затоа, целта на овој проект е да се сочува автентичноста на природните вредности на крајбрежјето на Серава на начин што ќе бидат обезбедени посебни услови за одмор и рекреација на жителите од населбите низ кои минува оваа река. Јас многу не би навлегувал во стручниот дел од оваа презентација, повеќе сакам заедно да ја погледнеме презентацијата со цел да можете да ги поставите вашите прашања и да ни ги испратите вашите стручни коментари – рече Шилегов. Ваквите проекти, нагласи тој, не смеат да се реализираат паушално и набрзина зашто зелените коридори на Лепенец и на Серава се наследство кое ќе им го оставиме на идните генерации.

Скопје | пред 5 години

13102020_PVRSM_Zaev_sredba_EBOR-1

Заев со претставници на ЕБОР: Продолжува соработката во насока на интензивирање на проектите за економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска имаше работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), регионалната директорка за Западен Балкан, Жужана Харгитаи и директорот на канцеларијата во Скопје, Анди Аранитаси.На средбата, од двете страни беше изразено задоволство од позитивната соработка помеѓу Северна Македонија и ЕБОР и беше изразена јасна волја за продолжување на истата со воспоставената динамика, со акцент на имплементација и реализација на тековните проекти, кои обезбедуваат развој на економијата и го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.Беше потенцирано дека продолжува поддршката за реализација на проекти во транспортниот сектор, односно патната и железничката инфраструктура, во делот на енергетската инфраструктура, гасификацијата, проекти за почитување на стандардите за заштита на животната средина и поддршка на малите и средни претпријатија во земјата.Беше изразена подготвеност за интензивирање на соработката во насока на унапредување на поврзаноста на регионално ниво,  со соседните земји, со цел подобрување на економскиот раст и покрај здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.На денешната работна средба беше поздравено објавувањето на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, од страна на Европската Унија и беше оценето дека регионалниот развој и соработката меѓу земјите ќе придонесе за подобрување на условите за инвестирање и отворање нови работни места.

Македонија | пред 5 години

Skolo

Уште двајца наставници од Скопје заразени со Ковид-19

Наставничка по англиски од „Владо Тасевски“ во Карпош е позитивна на корона. Од општината за Телма велат дека таа им предавала на второоделеници, но и дека никој од нив не е во изоалција . Наставничата од средата се изолирала, а во четвртокот добила позитивен тест.„По констатираната состојба (во средата), наставничката веднаш постапила по протоколите и мерките за самоизолација и останала дома. Заразена е надвор од училиштето, односно контактот со заразено лице од ковид-19 го имала надвор од рамките на ООУ ‘Владо Тасевски’. По консултација со епидемиолот, и согласно протоколот и алгоритмот предвиден од Комисијата за заразни болести, е одлучено, учениците од ова одделение да не одат во самоизолација“, велат од општина Карпош .А , уште еден случај на заразен наставник и во општина Центар. Во основото училиште „Димитар Миладинов“ наставникот по физичко , од саботата пројавил симптоми на корона.За сега повеќе од 50 основци и 10 наставници се позитивни или се во изолација поради тоа што биле во контакт со заразен од корона .извор: Телма

Македонија | пред 5 години

lidija-dimova

Димова: Парите се делат по програма утврдена од Брисел

Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одржа прес-конференција на која образложува за последните информации во јавноста, дека е даден грант од 270 илјади евра на фризерница.– Парите се делат по програма која ја утврдува Брисел,  ние добиваме прирачки во кој се дадени сите правила како се оценуваат проектите и даваат парите.Станува збор за давање на грант точно, поточно на повеќе грантови, но не на фризерница, туку на претпријатието В.Е.З ТРЕЈД, а господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната е дека јас со него се наоѓам пред неа. Дури и тоа да беше фризерница, во Еразмус програмата има простор за сите, во минатото сме давале такви грантови и тоа не е ништо спорно. Другата манипулација е дека директорката е таа која ги дава парите, а тоа тотално е неточно. Ние сме на еднакво ниво како и државите членки на ЕУ и ги применуваме нивните правила, изјави Димова. Димова потоа им порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека не планира да поднесе оставка додека не се открие каде се проневерни 2.2 милиони евра европски пари.-ВМРО-ДПМНЕ инсистираше  јас да дадам оставка, но ќе мрорам да ги разочарам, нема да дадаммоставка, нема потреба да се тревожат, системот на Брисел функцонира совршено. Јас ќе останам во оваа агенција додека не се разреши дилемата каде се проневерни 2.2 милиони европски пари – нагласи Димова.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Економски аналитичари очекуваат ниска и стабилна инфлација, како до крајот на оваа година, така и во претстојниот двегодишен период, со постепен раст на цените

Народната банка ги објави резултатите од најновата Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП, спроведена во септември оваа година со анкетирање економски аналитичари од земјата. Резултатите од Анкетата не упатуваат на позначителни промени во очекувањата на анкетираните економски аналитичари за просечната стапка на инфлација. Поконкретно, просечните очекувања за 2020, 2021 и 2022 година се речиси непроменети во однос на претходната анкета спроведена во јуни и упатуваат на просечна стапка од 0,6% во 2020 година, додека за 2021 и 2022 година и натаму посочуваат на просечна инфлација од 1,3% и 1,6%, соодветно. Оттука, и оцените на анкетираните економски аналитичари упатуваат на очекувања за ниска и стабилна инфлација, како до крајот на оваа година, така и во претстојниот двегодишен период, со постепен раст на цените. Во следните две години, испитаниците очекуваат постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата. Во поглед на економската активност, во споредба со претходната анкета, анкетираните аналитичари очекуваат подлабок пад на домашната економија оваа година од 4,3%, но и нешто повисок економски раст во 2021 и 2022 година од 2,7% и 3,4%, соодветно. Слично како и во претходната анкета, ваквите очекувања се поврзуваат со: неизвесноста од глобалната криза од вирусот ковид-19 и можноста за воведување нови рестриктивни мерки за справување со него, неизвесната странска побарувачка и нејзиното влијание врз домашната економија, намалувањето на домашната побарувачка, како и воздржаноста на странските и домашните инвеститори и пониската кредитна активност. Од друга страна, аналитичарите очекуваат дека преземените монетарни и фискални мерки, напредокот во евроатланските интеграции и оптимизмот за пронаоѓање на вакцината којашто би била ефикасна за справување со корона-вирусот, како и забрзаното остварување на капиталните проекти ќе имаат позитивно влијание врз економијата во наредниот период и ќе придонесат за посткризно забрзување на нејзиниот раст. Заклучоците од оваа анкета којашто Народната банка ја спроведува четирипати годишно ги претставуваат ставовите на испитаниците економски аналитичари. 

Македонија | пред 5 години

niko

Беќаровски: Позитивен ПЦР тест не значи дека сте заболен од корона!

Професор и доктор Нико Беќаровски објави неколку тврдења за коронавирусот , кои се погрешни и кои би требало да ги прочита секој еден граѓанин со цел да се информира за некој нејасни работи и дилеми околу болеста која коси низ целиот свет. Тој на својот ФБ профил напиша:ДА РАСЧИСТИМЕ НЕКОЛКУ ПОГРЕШНИ ТВРДЕЊА ОКОЛУ КОРОНАВА Позитивен ПЦР тест не мора да значи дека сте ЗАБОЛЕН  од СарсЦов-2 !!!!!Ако имате покачена температура, сува кашлица, отежнато дишење, изгубен вкус или мирис, главоболка, вртоглавица, пролив, осип по кожата, имате голема шанса дека сте ЗАБОЛЕНИ од СарсЦов-2. Колку повеќе симптоми толку поголема веројатност !!!!!Ако имате повеќе симптоми, побарајте да Ви се направи лабораторија и РТГ на бели дробови, за да се процени тежината на болеста.Дневните извештаи на МЗ покажуваат само колкав е бројот на новооткриени со позитивен ПЦР тест, а НЕ И БРОЈОТ НА ВИСТИНСКИТЕ НОВИ БОЛНИ. Болест без симптоми не постои!!!Болен со симптоми е ЗАРАЗЕН за околината, а човек со позитивен ПЦР тест без симптоми НЕ МОРА !!!!!Бројот на новохоспитализирани и починати е вистински репер за вирулентноста на СарсЦов-2.Не барајте да се зголеми бројот на тестирања во Македонија. Парите може да се искористат за современи лекови. Треба да се тестираат само луѓе со СИМПТОМИ !!!!Негативен ПЦР тест со неколку симптоми на болеста, НЕ ЗНАЧИ дека немате Цовид-19, напротив задолжително направите лабораторија, антитела, РТГ.Сите вируси се лекуваат симптоматски, а мал дел и со антивиремици. За СарсЦов-2 се уште нема ефикасен антивиремик !!!

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања