Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

johan-tarculovski

Јохан Тарчуловски е позитивен на Ковид-19

Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ е позитивен на Ковид-19. Тој објави на својот Фејсбук дека засега нема никакви симптоми.„Зарем некое зло ќе ме одмине. Нема шанса, ПОЗИТИВЕН сум на тестот за Ковид. Немам никакви проблеми се надевам ќе остане така и до крај. Да сте живи и здрави се гледаме после карантинот“, напиша Тарчуловски на Фејсбук.https://www.facebook.com/Johan.Tarculovski/posts/3506553282721021

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Користете ги алтернативните рути за излез од Скопје додека се реконстриура булеварот Александар Македонски

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски.Ги замолуваме учесниците во сообраќајот да ја користат скопската обиколница преку излезите во Визбегово (Качанички пат), клучката кај Мирковци и клучката по новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош, како и паралелните улици 808 (кај фабриките „Европа“ и „Скопска пивара“), крстосницата на булеварот Киро Глигоров, завртување по улицата Перо Наков (кај „Металски завод“ и „Електроелемент“), вклучување на улица Благоја Стефковски и потоа користење на правецот за Куманово од кај СЦ „Хиподром“ и кон Велес преку Идризово.Градот Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот, како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на фреквентниот булевар Александар Македонски.

Скопје | пред 5 години

brza-pomos-2

Teшко повреден градежен работник

Во попладневните часови на 13 октомври во скопската полиција било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди бил донесен 59-годишниот В.С. од Скопје.Според пријавеното, тој се повредил додека извeдувал градежни работи за фирма во скопската населба Илинден.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

policija-123

Полицијата трага по 14-годишно девојче од Скопје

Синоќа, околу 1 часот по полноќ, 49-годишна скопјанка во полиција пријавила дека од домот се оддалечила ќерка ѝ.Како што инфоримираат од МВР, станува збор за 14-годишно девојче со иницијали Ш.А..Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничката.

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Во овој момент нема потреба од други дополнителни рестрикции

Во овој момент освен препораките од минатата недела нема потреба од други дополнителни рестрикции поради Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.Во текот на минатата недела, посочи министерот, препорачавме да нема собири со повеќе од четири лица после 22 часот, да нема собири со повеќе од четири лица во домашни услови, нешто што го имплементираат и други европски земји и препораката за носење маска на отворено заради тоа што сметаме дека тоа е мерка што ќе влијае да се намали овој бран со кој сега се соочуваме.– Од формално правен аспект треба да се промени законот, заради тоа што сите овие мерки вклучително и носење на лична заштитна опрема на отворено се регулираше со уредба со законска сила која се донесе при крајот на вонредната состојба. За да може ова да се спроведе и за да може институциите да го контролираат иако не се спроведува да го санционираат мора да се направи законска измена. Најбрз начин е да се интервенира амандмански во Законот за заштита на населението од заразни болести кој е веќе во собраниска процедура, рече Филипче. 

Македонија | пред 5 години

117716316_10158941134712932_7925944148486856837_o

Заев: Македонија и Бугарија имаат разговори, се прават напори за наоѓање решение

Премиерот Зоран Заев денеска нагласи дека македонската и бугарската страна имаат разговори и дека целта е земјата да оди напред, за што верува дека од нашата страна се прават максимални напори.-Не знам на што мисли Мицкоски точно, но ние имаме разговори, дел од тие разговори се со пишани материјали, мора да ги дадеш формулациите со кои се разговара, а јас не би ги коментирал. Одговорни сме, сакаме земјата да ни оди напред и верувам дека ги даваме максималните напори и посветеност, имаме позитивни аспирации, внимание, пријателство за да ги постигнеме договорите, рече Заев.Заев нагласи, даваме шанса да продолжат понатаму нашите министри, советниците од кабинетите, сите стручни луѓе кои учествуваат во ова да разговараат за да се изнајде решение.– Решение може да се изнајде. Кога зборувате за нешто што ви е дел од веќе прифатени и усогласени работи, како што е заедничката историја. Тогаш треба да бидете паметни и да го искористите тоа за пријателство, а не за непријателство и за поделби, тука е суштината. Затоа сме вака внимателни и не навлегувам во суштината на одговорот директно. Треба да се даде шанса на успешни процеси на разговорите. Досега успеавме, земјата ни оди напред, можеме да ја ефектуираме одлуката за почеток на преговорите со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, истакна премиерот Заев. 

Македонија | пред 5 години

14102020_PVRSM_ZPVRSM_Sredba_1

Заев и Битиќи на средбата со оштетените од „Еуростандард банка“: Ќе ги поддржиме сите законски механизми за изнаоѓање ефикасни решенија за обесштетување

Премиерот Зоран Заев, придружуван од  вицепремиерот Фатмир Битиќи, се сретна со претставниците на Здружението на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.На средбата претставниците на оштетените штедачи ги предочија проблемите со коишто се соочуваат физичките и правните лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и понудија предлози за можни решенија.Премиерот Заев ги сослуша нивните барања и истакна дека Владата има силна волја да им излезе во пресрет на оштетените граѓани и дека тоа ќе се направи согласно постоечката законска рамка. Тој предочи дека Народната банка на Република Северна Македонија навремено реагирала и презела сѐ што е во нејзина надлежност во однос на нерегуларностите во работењето на „Еуростандард банка“.„За нас како Влада првенствен е вашиот интерес како оштетени граѓани, во смисла да обезбедиме соодветни услови за ваше обесштетување. Тоа што е во наша моќ, ние ќе го направиме, но мораме да ја почитуваме законската рамка. Законската рамка и правила се јасни и тие не предвидуваат државата директно да се инволвира преку исплаќања од буџетот. Тоа не смееме да си го дозволиме затоа што тоа е спротивно на законите“, истакна премиерот Заев на средбата.Тој додаде дека се покренати кривични пријави и други мерки што се во надлежност на јавното обвинителство и ги увери претставниците на оштетените граѓани дека нивните предлозите и сугестии ќе бидат следени од страна на институциите и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за нивно обесштетување согласно законот и стечајната постапка.

Македонија | пред 5 години

posta.jpg

Владата подготвува терен за приватизација на Македонска Пошта

Освен „Македонскa поштa“ можно е приватизирање на Еурокомпозит, ТЕЦ Неготино, Македонски железници - Транспорт, но и други претпријатија, најави денеска премиерот Зоран Заев.-Јавно-приватното партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на економските политики во следниот период поради обидот да ги максимизираме сите ефекти за рестарт, односно за економски раст и развој кој верувам дека ќе биде пример во следните четири години – рече Заев.Во однос на приватизацијата на Пошта, рече дека државите со кои се натпреварува Македонија имаат доминантно приватни пошта, а целта граѓаните да имаат поквалитетни поштенски услуги. 

Македонија | пред 5 години

dzaferi-so-albanska

Пaрламентарци од Албанија на средба со Џафери: Потребни се повеќе албански инвестиции во Северна Македонија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска имаше средба со мешана делегација од Албанија, во чиј состав покрај пратеници во албанскиот парламент, беа и градоначалникот на Општина Прењас, Нури Белба и бизнисменот Ѓерѓ Луца.Како што информираат од кабинетот на Џафери, разговорот се одвивал во насока на взаемно споделување на искуствата од работата на двата законодавни дома и за начинот на прилагодување на работата на истите во време на пандемија.Предводникот на албанската делегација, пратеникот Таулант Бала истакнал дека обемот на албански инвестиции во Северна Македонија е мал и ги претставил градоначалникот на Прењас и бизнисменот Луца, за кој посочил дека е отворен за нови соработки.Џафери потврдил дека улогата на политиката е да создаде услови за непречено движење на луѓето, стоките и капиталот, за крајно да имаат подобар живот граѓаните на двете земји.Соговорниците споделиле и размислувања и надежи во насока на непречено одржување на меѓувладините конференции на Европската комисија со Македонија и Албанија, при што посочиле дека од суштинско значење е да се искористи моментумот за време на актуелното германското претседателство.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов: Време е човекот да му врати на најдобриот пријател

Со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.На големо задоволство на сите нас од денеска и официјално го пуштаме во употреба новиот стационар за бездомни кучиња на ЈП „Лајка“. „Лајка“ не е само објект, тоа е еден сосема поинаков концепт во третманот на бездомните животни. Имено, пред година и половина кога размислувавме за решавање на деценискиот проблем што Градот Скопје го има со кучињата скитници, рековме дека целосно треба да го смениме концептот и ова што го гледате денеска е само почеток на тој концепт и официјален крај на „Вардариште“. Градот Скопје е меѓу ретките градови, единствен во регионот кој заради посветеноста на овој проблем има сопствено јавно претпријатие, не сме веќе дел од „Комунална хигиена“ и во коешто ќе работат обучени луѓе. Капацитетот на објектот е некаде околу 100 кучиња, станува збор за убедливо најдобрите стандарди што се пропишуваат во оваа област. Секој од кафезите, односно целиот објект е со подно греење со цел на животните да им обезбедиме комоција, секој дел е засебен, тргнати се прифатилиштето и тргнато е приемното одделение. Можете да ги видите амбулантата, операционите сали, собата за интензивна нега, собата за постоперативен третман  и карантинскиот дел и се надевам дека „Лајка“ ќе стане центар за вдомување на кучиња и ред други работи кои подразбираат еден многу повнимателен и поодговорен однос со овие животни - рече денеска Шилегов,  на отворањето на новиот стационар.Тој додаде дека „Лајка“ ќе биде многу повеќе од обичен стационар, односно ќе  значи дом за сите овие кучиња кои по игра на судбината немаат друг дом. Исто така, дека во блиска иднина „Лајка“ ќе значи истовремено и занемарливо мал број на кучиња на улиците што ќе води речиси до нула каснувања за луѓето.Новиот концепт за третман на кучињата скитници не значи само ново ЈП и нов објект, туку воспоставување на систем на контрола на нивната популација која ќе подразбира вклучување на повеќе општествени чинители. Популацијата на бездомни улични кучиња не може успешно да се контролира само со нивно заловување и сместување во стационар додека не им се најде нов дом. Новиот концепт ќе подразбира чипирање и на овие кучиња, но и систем на контрола на чипирањето на домашните миленици и зголемување на бројот на санкциите за неодговорните сопственици заради кои најчесто овие животни завршуваат на улица.Шилегов се заблагодари на директорот на  Агенцијата за храна и ветеринарство и ги охрабри градоначалниците од другите општини во државата, а пред се на другите општини во скопската котлина, да бараат решенија и сите да пристапат кон решавање на овој проблем преку еден повисок степен на посветеност и сериозност.Мое лично убедување е дека е време човекот да му врати на неговиот најдобар пријател - изјави Шилегов.На отворањето на новиот стационар и јавното претпријатие за благосостојба на кучињата скитници „Лајка“ беа присутни директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорката на ЈП „Лајка“, Тина Петрушевска, како и неколку скопски градоначалници.  

Скопје | пред 5 години

janko-bacev

Единствена Македонија објави јавен повик за избор на претседатели на општински комитети

Извршниот комитет на Единствена Македонија на својата редовна седница ја разгледа општествено-политичката ситуација во државата, а беше донесена и одлука за објавување на Јавен Повик за кандидирање на претседатели на Општински  комитети на партијата..Со ова започнува процесот за внатрешно реструктурирање и реформи во Единствена Македонија со цел јакнење на партиските капацитети.Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси има обврска да ги ангажира најдобрите и најмотивираните кандидати во битката заедно со народот против злото во Република Македонија кое наметна безаконие, корупција, криминал и национално предавство.Јавниот Повик важи за сите 80 општини во Република Македонија.Кандидатите за претседатели на Општинските комитети на Единствена Македонија е потребно да достават допис за кандидирање со свои податоци. По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Единствена Македонија и со него ќе биде извршен разговор.Кандидатите треба својата кандидатура да ја достават најдоцна до 18 ноември 2020 година (среда) преку електронска пошта press@edinstvenamakedonija.mk или во инбокс на фејсбук страната на Единствена Македонија или во седиштето на партијата.

Македонија | пред 5 години

14-10-2020-Kuzeska

Кузеска: Со ребалансот на Буџетот, 470 милиони евра се обезбедуваат за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев  продолжува сo силна, ефикасна и навремена поддршка за компаниите погодени од негативните економски последици од коронавирусот. Со ребалансот н буџетот, 470 милиони евра се наменети за реализација на четвртиот пакет економски мерки за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Една од мерките за помош на приватниот сектор, во овој четврт пакет е Државната кредитна гаранција.Со оваа мерка на располагање се ставаат 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик.Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.Покрај кредитната, следува реализација  и на мерката Државна царинска гаранција, којa има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.Со 3 милиони евра државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг,  го поддржуваме извозот и увозот и истовремено, го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра.Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите во овој пакет , е и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината, како и мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината.И во услови на светска економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ со одговорно управување со јавните финансии, помага на секој поединец, на секоја компанија која има потреба од помош и поддршка.Тоа, во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро, за да спасиме што повеќе работни места, да поддржиме што повеќе компании, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

14102020_Inspekciski_Sovet_Press_1

Инспекторите напишале 19 кривични пријави за прекршување на протоколите за ширење на КОВИД 19

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција информираше за инспекциските надзори направени од страна на шест инспекторати во периодот од 5-ти до 11-ти октомври, а кои се однесуваат на почитување, односно непочитување на Владините уредби, одлуки, протоколи и мерки за превенција и спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19 во Северна Македонија, но и во однос на почитување на материјалните закони.  Со оглед на изминатиот „викенд  без ДДВ“, претседателката Филиповска-Грашкоска, ги презентираше и податоците за контролите на Државниот пазарен инспекторат, а кои се однесуваат конкретно на изминатите три дена додека траеше викендот без ДДВ.Како што информираше Филиповска-Грашкоска, при овие контроли поднесени се 23 прекршочни пријави, 19 кривични пријави за непочитување на ковид протоколите (свадби, дозволен број на маси, дозволено растојание) и изречени се 5 решенија за други прекршоци.Државен здравствен и санитарен инспекторат во истиот период извршил 126 надзори по однос на здравствените протоколи и по претставки и издал 3.929 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на ковид-19 и лица кои биле во контакт со заболени.Филиповска-Грашкоска, одговорајќи на новинарско прашање за тоа дали родителите на деца кои се позитивни на ковид-19 добиваат решенија за изолација, рече дека медицинските лица кои ги спроведуваат епидемиолошкие анекти утврдуваат дали лицето кое има контакт со заболен од ковид-19 е од низок, среден или висок ризик и дали ќе добие решение за изолација.„Дојдени се информации дека има одредени број лица заболени во училишта. Имаме подоаток во училишта за четири лица кои се позитивни и 59 контакти кои се ставени во изолација. За тоа кој ќе оди во изолација е оставено на одлука на медицинските лица кои ги спроведуваат анкетите. Зошто и колку од лицата се ставени во изолација, тоа е врз основа на спроведените анкети и дека одредени лица кои се во среден и восок ризик се во изолација, а оние со низок ризик не се ставаат во изолација“, рече Филиповска-Грашкоска, упатувајќи на подетелен одговор од Санитарниот инспекторат.Државниот инспекторат за труд, во истиот период спровел 409 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори трудовите инспектори донеле 17 решенија кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи.Во истиот период Инспекторат за транспорт извршил 48 надзори, при што изречени се 2 кривични пријави за непочитување на здравствениот протокол за меѓународен превоз на патници на граничниот премин Деве Баир, како и 4 прекршочни пријави, 5 решенија и 9 платни налози по основ на прекршување на материјалните закони (Закон за превоз во патен сообраќај, Закон за време на мобилните работници и Законот за превоз на опасни материјали).Во истиот период, МАЛМЕД има спроведено 60 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата на РСМ и издавањето на антибиотици, при што не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 5 до 11 октомври извршила 287 надзори, при што се издадени 5 решенија , 2 платни налози и 40 едукации за неизвршени здравствени прегледи, неводење на записи за хигиена,  неспроведување на општи хигиенски мерки. 

Македонија | пред 5 години

14-10-2020-Naumovska

Наумовска: Заврши реконструкцијата на еден правец од булеварот Александар Македонски

Градската и локалната власт во Гази Баба, предводени од СДСМ секојдневно работат и завршуваат проекти во интерес на сите.Имено, во процесот на инфраструктурната офанзива овој период со забрзана динамика го реконструиравме бул. Александар Македонски, источниот влез на градот Скопје, истакна Мартина Наумовска од ОО СДСМ Гази Баба.За само 30 дена реализирана е реконструкција во должина од 5,3 километри и истиот е пуштен целосно за сообраќај.Во следниов период интензивно продолжуваме со работа на излезот од градот на овој булевар исто така во должина од повеќе од 5 километри со што ќе го заокружиме процесот на обнова на правците за влез и излез на кои не е работено повеќе од 40 години.Нагласуваме дека Градот Скопје за првпат ќе изврши експропријација на земјиште за изградба на велосипедска патека на овој булевар што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните и граѓанките од Ченто и Маџари со остатокот од градот.Почитувани, одговорно и посветено продолжуваме понатаму.  Го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните и секојдневно започнуваме и реализираме проекти кој се во интерес на секој граѓанин, истакна Мартина Наумовска од ОО СДСМ Гази Баба.

Скопје | пред 5 години

naum-3

Стоилковски: Конфликт на интереси: Владата на Заев им даде 30-годишна концесија на фирмата на бате Вице и бате Трајче

Според одлуката на владата на 6 октомври, Еленица, семејната компанија за цигли на Трајче Заев, на Вице Заев и на Катерина Бојовиќ Заева, доби концесија на цели 30 години за експлоатација на минерална суровина на локалитетот „Раборци“ во струмичко.  Внимавајте, владата на Заев, им дава концесија на фирмата на бате Вице и на бате Трајче, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.Концесија за руда за следните цели 30 години, на семејната фирма на Заев.Ова е конфликт на интереси и класична злоупотреба, ова е класична приватизација на владата и на државните ресурси, целосна неетичност во водењето политики. Ова е безобразно.Ако антикорупционерите тука не видат конфликт и злоупотреба, ако не гледаат влијание, и ако за ова ДКСК остане сокриена зад недоречености, тогаш слободно Антикорупциска нека се самораспушти.Додека Заев се закануваше дека ќе ги остави малите компании да згаснат во кризата и дека нема намера да им помогне, истовремено со одлука на неговата влада непречено ги помага фирмите на Бате Вице. Ете затоа е мафија!Ова не е прв пат Заев да ја форсира фирмата на бате Вице и бате Трајче- компанија со годишни обрти од над 5 милиони евра. Еленица се најде во скандал од 220.000 евра пари од Фондот за иновации, годинава Еленица зема пари- државна помош од 841.000 денари за минимални плати за работниците, а сега Заев обезбеди 30 годишна концесија за минерални суровини.Бате Вице врти милиони со фирмите само и само заради Зоран Заев!Во Македонија со Заев, нема фонд, нема помош, нема концесија за никого, освен за фирмите на бате Вице и на мафијата на власт, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

dimce-4

Арсовски: Лидија Димова јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите

Навршува скоро една недела откако излезе скандалот со сомнеж за злоупотреба на пари во Националната агенција со која раководи Лидија Димова, а се уште нема никаков потег и чекор од страна институциите. Ниту од ЈО, ниту од МВР, ниту од било која друга институција, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Лидија Димова се уште оди на работа и не дава оставка, се уште зема огромна плата, се уште се вози во две луксузни возила купени на лизинг од близу 100.000 евра земени на лизинг и се уште постои простор да влезе и во друга афера и друг скандал од ваков тип. Односно, доколку навистина има сомнеж за кривично дело во претходниот скандал со фризерницата, се уште постои простор да се повтори такво дело.Затоа Лидија Димова треба да си даде оставка уште веднаш!Дополнително, 6 дена се кријат ранг листите на сите рангирани конкуренти за проекти кои што аплицирале преку Еразмус + програмата.Зошто Лидија Димова не ги објавува ранг листите на проектите да видиме кој правен субјект со својот проект со колку бодови ги добиле парите?Ако постои сомнеж како што се појави во јавноста дека одреден проект од оние што ги добила фризерницата, не исполнувал критериуми на бодување, а сепак го добил проектот и финансирањето, тоа е голем скандал.Затоа, Лидија Димова треба јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите за да се тргне оваа дамка, овој сомнеж од рангирањата, но тоа не ја исклучува од целиот скандал каде што има сомнеж дека се проневерени пари.Само по себе е скандал што фризерница добива проект за медиумска писменост и едукација и неколку други проекти во вредност од над 270.000 евра, а не пак рангирањето кое дополнително фрла сериозни сомнежи на целиот процес.Затоа бараме оставка од Лидија Димова уште веднаш, да нема ни ден повеќе, ни минута повеќе простор било како да управува и раководи со Националната агенција и бараме ЈО, МВР, Финансиска полиција уште веднаш да отворат случај за овој сомнеж за проневера на пари каде што ќе се доведе до разрешница и крај, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.  

Македонија | пред 5 години

5-1

Состанок Ангеловска-Бежоска – Паолучи: Мерките на Народната банка беа соодветни и придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата

Од исклучително значење за македонската економија се вложувањата на Народната банка во одржувањето на финансиската стабилност. Ова се согледува и во текот на ковид-кризата, кога сите стандардни показатели за оценка на состојбите во банкарскиот систем се задржуваат на солидно ниво. Светската банка постојано ги следи активностите и спроведувањето на препораките, вклучително и во однос на воспоставувањето соодветна макропрудентна рамка и во унапредувањето на анализите и на следењето на системските ризици, согласно со највисоките меѓународни стандарди. Соработката меѓу двете институции во претстојниот период и дополнително ќе се засили преку веќе планираните проекти на Народната банка за коишто Светската банка дава поддршка. Ова се дел од констатациите од првиот работен состанок меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка и новиот директор на Канцеларијата на Светската банка во земјата, Масимилиано Паолучи, и дел од неговиот тим, којшто се одржа видеотелеконференциски. Како што беше истакнато на состанокот, со заедничка посветеност ќе се продолжи со развивање на капацитетот за следење на системските ризици, унапредување на на макропрудентната рамка, збогатување на инструментите за решавање на банки и сл. Овие активности меѓу другото ќе треба да резултираат и со Закон за финансиската стабилност, како и со измени на постојната законска регулатива со коишто ќе се прошири инструментариумот на Народната банка. На состанокот се разгледаа и остварувањата на македонската економија во актуелниот период, ефектите од ковид-кризата и досегашните преземени мерки за неутрализирање на ефектите. Тимот на Светската банка се осврна на досегашните мерки на Народната банка, вклучително и на дадената можност за одложување на наплатата на кредитите и другите мерки за олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците, како и на прудентниот третман на кредитите за коишто се користат овие мерки за поддршка. Kако што беше посочено, овие мерки имаа клучна улога во ублажувањето на неповолното економско влијание на пандемијата, а на состанокот се разговараше и за важноста на внимателното димензионирање на мерките, за да се избегнат непотребни и несакани ефекти, како и за потребата од издржана излезна стратегија. Кон завршницата на состанокот, Ангеловска-Бежоска и Паолучи искажаа решеност во претстојниот период и дополнително да се засили комуникацијата и соработката меѓу тимовите на двете институции.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

ИЈЗ: Зголемување на бројот на новодијагностицирани и процентот на позитивни од тестирани - најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври 2020г., тестирани се вкупно 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, или 32,5% повеќе во однос на минатата недела.Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000.Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17.2% или 5% повеќе во однос на претходната недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=456, 20,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=440; 19,6%), 20-29 (n=414; 18,5%), над 60 (n=405; 18,1%) и 50-59 (n=343; 15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=53; 2,4%) и 10-19 години (n=132; 5,9%).Во споменатиот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.347; 60,1%), регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај 319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6%) лица со историја на патување (во последни 14 дена)По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе споредено со претходната недела.Пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 5-11.10.2020г., како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Левица: Агресивно се наметнува нелегитимното име врз учениците – наставниците се должни да се спротистават

Деновиве, до нас пристигнуваат реакции и поплаки од страна на родители во врска со зачестена, преизнасилена и агресивно наметнувачката употреба на името Северна Македонија од страна на одделенски наставници на часовите со најмладите, како и корегирање и инсистирање истото име да го употребуваат и децата, односно учениците. Многу е веројатно дека наставниците се инструирани и дека им се врши притисок да инсистираат на употреба на државното име кое жителите на Македонија го отфрлија на противзаконскиот и нелегален референдум со бојкот на срамното и манипулативно прашање, се вели во соопштението од Левица.Ваквото политичко насилство врз децата е монструозно. Тоа не е ништо друго, туку образовна пропаганда која на вештачки начин се обидува да го наметне името кај најмладите и на таков начин да придонесе кон втемелување на историскиот ревизионизам и бришење на колективната меморија на Македонија и македонскиот народ.Никој не смее да врши политичко влијание врз деца, а училиштата да ги користи за место за ширење политичка пропаганда. Дури и кога договорот во Преспа не би бил ништовен, односно, дури и ако истиот беше склучен и потпишан во склад со законите и испочитувани процедури на институциите, како и волјата на македонскиот народ, повторно не би имало основа за демонстрираниот изнуден ентузијазам на наставниците. Ваквото однесување претставува психолошка тортура, а и покажува дека властите на агресивен начин ги користат сите формални и неформални институции во обид на вештачката шовинистичка индоктринација. Ги повикуваме наставниците и родителите активно да се спротивставуваат на ваквите обиди. Во услови на тортура од властите, граѓанска непослушност која служи да ја сузбие пропагандата, е должност на сите нас – а особено на оние кои ги образуваат децата.Родителите апелираат дека децата треба да бидат оставени на мир и да се престане со притисок врз наставниците. Училиштата треба да понудат едукативни, а не пропагандно-манипулативни содржини,  се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 5 години

zaev-otvoranje-fabrika

Почна со работа новата фабрика за медицински канабис во Македонија

Фабрика за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди денеска официјално беше отворена во Општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.Во новиот објект на Фармакан, досега се вложени 20 милиони евра. Компанијата ги доби највисоките стандарди, а производите веќе се присутни на светскиот пазар."Измените во законот за опојни дроги се во собраниска процедура и преку нив дополнително ќе ги стумулираме и инвеститорите и младите луѓе да останат тука и да најдат работа во овој сектор", рече министерот за здравство, Венко Филипче.Премиерот Заев испрати порака до инвеститорите да го следат примерот и да вложуваат во нови производи со поголема додадена вредност.-Упатувам искрени честитки за отворањето на овој нов капацитет. Во овие услови на пандемија ваквите сериозни инвестиции влеваат сигурност и отвараат нови работни места. ,,НЈСК Холдинг” извезува производи до сите континенти во светот. Потребно е да се насочиме кон производство на производи со висока додадена дејност и да фатиме чекор со светските трендовите. Секоја криза е можност за нов почеток, а наша задача е да создадеме услови за инвестиции, додека претпријатијата треба тоа да го искористат. Ние сме за тоа оваа гранка да се равива по европските и светски стандарди. Верувам дека и парламентот е подготвен за такви измени и ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели. Ако тоа се случи очекуваме отворање на илјадници нови места и извоз на 250.000 производи од канабис – истакна Заев.Премиерот додаде дека со измените на Законот за опојни дроги ќе се отвори вратата за 250 милиони евра производство следната година. 

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

22 годишен скопјанец паднал од автобус, со тешки повреди е пренесен во болница

Патник со тешки повреди бил пренесен во болница по пад од автобус.Настанот се случил вчера попладне на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје,„Во автобус управуван од Б.М.(59) од Скопје, при сопирање, патникот Б.А.(22) од Скопје паднал на подот од автобусот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски“, информира МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Сопругата од Мијалков позитивна на КОВИД 19, Сашо Мијалков развил симптоми, а ќе се тестира денеска

Судењето за случајот „Таргет -Тврдина“ денеска е одложено бидејќи обвинетиот Сашо Мијалков развил симптоми на Ковид-19. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски, во судницата рече дека синоќа бил известен од Мијалков дека неговата сопруга Ана Мијалкова е позитивна на тестот на коронавирус.Мијалков денеска ќе биде тестиран, а резултатите потоа ќе бидат доставени до судот.Во предметот „Таргет-Тврдина“, покрај Милајков обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. 

Македонија | пред 5 години

nastava

МОН: Расте бројот на ученици кои следат онлајн настава

Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година до денес бројот на ученици кои следат настава од далечина е зголемен за 17%, односно околу 87% од учениците успешно ја следат онлајн наставата.„Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал“, велат од МОН.Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата.МОН апелира до наставниците и учениците коишто се со физичко присуство, доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита.

Македонија | пред 5 години

narodna-banka-na-rm

Народна банка: Поставеноста на монетарната политика е оценета како соодветна на макроекономските услови

На 13 октомври 2020 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи придонесоа за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување, а при и понатаму присутни ризици, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка во април и мај е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.Последно расположливите макроекономски показатели упатуваат на годишен пад на бруто домашниот производ во првата половина од годината од 6,4%. Во однос на априлската проекција на Народната банка, ова претставува малку послабо остварување од очекувањата главно како резултат на отстапувањето за првиот квартал, додека остварувањето во вториот квартал беше во целост во согласност со проекцијата на Народната банка. Тековно расположливите високофреквентни податоци за третиот квартал од 2020 година упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, поместување коешто е очекувано и во проекцијата на Народната банка. Ова е видливо преку забавувањето на годишните стапки на пад на индустријата, градежништвото, прометот во угостителството, а делумно и кај трговијата.Просечната годишна стапка на инфлација и натаму е на релативно ниско и стабилно ниво и за првите девет месеци од годината изнесува 0,9%, за што главно придонесуваат повисоките цени на храната. Во однос на проекцијата, ваквите остварувања се над очекувањата за стапка на инфлација од 0% во 2020 година. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и нивна голема променливост посебно изразена во услови на глобалната пандемија, неизвесноста околу остварувањето на проекцијата на инфлацијата за 2020 година е зголемена, со претежно нагорни ризици.Девизните резерви и на крајот на третиот квартал на 2020 година се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона, а во почетокот на октомври беше остварен дополнителен прилив од 80 милиони евра врз основа на заем на државата во рамките на макрофинансиската поддршка на Европската комисија. Главни фактори коишто делуваа врз промената на девизните резерви во третиот квартал се редовните отплати на обврските на јавниот сектор кон странство и интервенциите на Народната банка на девизниот пазар. Податоците од надворешнотрговската статистика заклучно со август упатуваат на можност за остварување трговски дефицит главно во согласност со очекуваниот, согласно со априлската проекција.Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за септември покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, којшто е повисок во однос на проекцијата за третиот квартал од годината.Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банкарскиот систем во домашна валута дополнително се зголеми, што придонесе за многу ниска и повремена потреба на банките за тргување со краткорочни денарски ликвидни средства на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари за септември 2020 година упатуваат на натамошно подобрување на движењата и на девизниот пазар, со оглед на порастот на понудата на девизи од физичките лица на менувачкиот и девизниот пазар. Овие случувања беа проследени со одржување на девизната ликвидност на банките на стабилно ниво и придонесоа за натамошно намалување, не само на присуството на Народната банка на девизниот пазар, туку и на износот на интервенции за продажба на девизи на банките поддржувачки, којшто во септември беше најнизок (11 милиони евра) од почетокот на кризата наваму. Поволните движења на девизниот пазар продолжуваат и на почетокот на октомври, кога банките на нето-основа откупуваат девизи од економските субјекти, а Народната банка нема интервенции.За разлика од оптимистичките согледувања на учесниците на меѓународните финансиски пазари во август, минатиот месец преовладуваше зголемена загриженост на инвеститорите поврзана со: новиот бран на ширење на корона-вирусот, особено во Европа, неизвесноста околу дополнителната фискална поддршка во САД и изгледите за Брегзит со или без постигнат трговски договор. Во такви околности, инвеститорите имаа поголем интерес за вложување во побезбедни финансиски инструменти, а зајакна и САД-доларот. Следствено, умерено се зголемија цените на државните обврзници издадени од земјите на еврозоната, а на релативно високи нивоа се задржаа и цените на државните обврзници во САД.Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата предизвикана од ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамките на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција, доколку тоа е потребно.

Македонија | пред 5 години

ramdesivir

Република Северна Македонија и преку ЕУ добива пристап до лекот Ремдесивир

Преку Европската Унија, Република Северна Македонија добива брз пристап до лекот Ремдесивир. Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од „Veklury“, бренд името на лекот „Ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините.Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.Veklury (Ремдесивир) е лек за третман на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш.Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна , респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.Инаку, Република Северна Македонија преку Клиничката студија на Светската Здравствена Организација веќе го има лекот Ремдесивир, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од истиот.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања