Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Slika_00002-2

(ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група што криумчарела мигранти, приведени 10 лица

На 15.10.2020 година, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со јавен обвинител од ОЈО за Гонење на организиран криминал и корупција, беше спроведена координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„Криминалистичката истрага над организираната 12-члена криминална група, која подолг временски период делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше во изминатите десетина месеци, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во периодот од декември 2019 година досега. Организаторите на криминалната група М.С., неговиот син С.С. од Богданци, А. А. од Скопје и А.М. од с.Лојане-општина Липково, во соработка со лица од Р.Грција, организирале криминална група со која на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од декември 2019 година досега, организирале криумчарење на околу 100-тина илегални мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист. Најголем број од мигрантите биле по потекло од Aвганистан, Пакистан, Сирија, Иран, Египет и други земји од Блискиот и Средниот Исток, кои претходно престојувале на територија на Р.Грција“, информира Ангеловски.Врз основа на претходен договор помеѓу  организаторите на криминалната група, мигрантите на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани од територијата на Р.Грција, преку илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија и Дојран, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, биле доведувани на претходно утврдени и договорени локации, по што членовите на организираната криминална група ги прифаќале и со возила ги превезувале до одредени локации во Кумановско-липковскиот регион. Организаторот на криминалната група од Кумановско-Липковскиот регион, го организирал нивното прифаќање и времено сместување во објекти на членови, криминални соработници и помагачи на криминалната група, а кога ќе се створеле услови, мигрантите биле прокриумчарени преку границата со Србија, а оттаму кон државите од Европската унија. Цената на транспорт по лице изнесува од 500 до 700 евра.„Извршени се претреси во вкупно 10 објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Скопје, Штип и Куманово, а лишени од слобода беа 10 лица, додека еден веќе  издржува мерка притвор, за претходно сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопшти Ангеловски.ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против 12 лица и тоа против М.С. (49) од Богданци, неговиот син С. С. (23) од Богданци, А.А. (42) од Скопје и А.М. (47) од с.Лојане општина Липково, за сторени кривични дела: „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 1 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4 од КЗ, потоа Б.Ј. (22), М.М. (21) и Д.С. (29), тројцата од Богданци, за кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“  по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, потоа Т.К.Ц. (53) од Штип, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 2, Ј.К. (23) од Богданци и Т.М. (36) од Валандово, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б вв „помагање“ по чл.24, Д.Љ. (39) од Скопје, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4 и Ф.А. (26) од Скопје за „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2 вв ст.2 и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 3 и од КЗ.Министерството за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со интензивни мерки и активности со цел сузбивање на криумчарењето на мигранти, како и на сите други видови криминал. 

Македонија | пред 5 години

Kiceec

Зоран Милески – Кичеец добил упатен акт, во рок од 8 дена треба да се јави издржување на казна

Зоран Милески – Кичеец добил упатен акт за издржување на казна, дознава Охрид 1.Зоран Милески е татко на пет деца, а ја издржува и неговата самохрана мајка. Но и покрај тоа за Охрид 1 вели дека нема да бара одлагање на казната и дека ќе постапи по актот.Упатниот акт на Милевски му го издал Основниот суд во Охрид, кој му дал најкраток законски рок од 8 дена да се јави на издржување на казната (во конкретниов случај, бидејќи 8 миот ден паѓа на државен празник, рокот по кој Милески мора да постапи ќе биде 10 дена).Милевски е осуден во случајот „Рекет“. Тој е единствениот во процесот кој ја призна вината и кој совесно постапи со што придонесе процесот да се скрати и да се олесни постапката на докажување.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Студентите од шеста година по општа медицина во поддршка на своите колеги епидемиолози

Денеска Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и Деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје проф. д-р Соња Топузовска одржаа средба со студентите од шестта година по општа медицина. На средбата се разговараше за вклучување на студентите, идните лекари во процесот на справување од коронавирусот.„Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, студентите по медицина, иднината на нашето здравство, активно се вклучува во поддршка на своите колеги. Студентите се едногласни дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува. Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците. “ – истакнува министерот Филипче по средбата и додава дека тие нема да имаат физички контакт со пациенти заболени или суспектни на ковид-19.Ангажманот на студентите ќе трае шест месеци и ќе биде поделен во три фази. На секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје.„Вклучувањето на студентите по медицина во борбата против ковид-19 е директна помош на здравствените работници и здравствениот систем кои го носат најголемиот товар во оваа криза. Дополнителна придобивка е што студентите освен што ќе стекнат искуство, преку овој ангажман ќе ја реализираат клиничката пракса по јавно здравје која ја извршуваат во шесттата година од студиите и истата ќе им биде признаена“ – потенцира проф. д-р Соња Топузовска, Деканка на медицинскиот факултет во Скопје.Координацијата и распределбата на групите е во тек, ангажманот на студентите ќе започне во најкус можен рок.

Македонија | пред 5 години

Protest3

Утре ВМРО ДПМНЕ ќе протестира под слоганот - Стоп за злоупотреба на европските пари

Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиони евра за тренирање на хрватско магаре, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре 16.10.2020 од 18:30 часот на протест од Министерство  за правда до Секретаријат за европски прaшања и  да се стави стоп за злоупотреба на европските пари, додаваат од партијата во своето соопштение.

Македонија | пред 5 години

pajak-11

За една недела подигнати 249 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (08.10 – 14.10.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 249 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 30 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 219  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 310 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 30 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Скопје | пред 5 години

migranti_kola

Во голема полициска акција на МВР се апсат криумчари на мигранти

Министерството за внатрешни работи од рано утрово спроведува акција на повеќе локации низ Македонија. Опфатени се села во Скопје, Куманово како Штип и делови на Струмица.Според информации на ТВ21 во акцијата приведени се 10 лица.Граѓани велат дека полициските хеликоптери од рано наутро постојано ги надлетуваат местата во кои се извршува акцијата.За повеќе детали МВР најавува и прес конференција за 13.30 часот.

Македонија | пред 5 години

citroen

МВР со детали за вчерашната сообраќајка на „Рузвелтова“

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со информации за вчерашната сообраќајка на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, во која почина 32-годишниот доктор Трајче Нешковски.Сообраќајката се случила вчера попладне во 16:45 часот меѓу патничко возило „Цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н. (32) од Гостивар и патничко возило „Опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (34) од село Просениково, Струмичко.Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила и Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Скопје | пред 5 години

foto-2-1

Министерот Бочварски на средба со Комората на овластени архитекти и инженери

„Министерството за транспорт и врски е силно посветено на унапредување на градежниот сектор и во таа насока ќе се движи нашата соработка со сите Комори и асоцијации. Заеднички го донесовме Законот за урбанистичко планирање и во моментов низ отворени и плодни дискусии со стручната јавност го подготвуваме и Законот за градење“ – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по денешната средба со Комората на овластени архитекти и инженери.На средбата се разговараше за примената на Законот за урбанистичко планирање и очекувањата во однос на Законот за градење. Членовите на Управниот одбор го информираа министерот Бочварски за тарифникот за урбанистичко планирање и тарифникот за инженерски услуги, како и состојбата и потребата од обуки за примена на еврокодови.„Оваа средба на која разговаравме за донесувањето и примената на законските решенија во областа на градежништвото, беше и одлична можност да се запознаам со предизвиците и потребите на архитектите и инженерите, како и со активностите на Комората. Очекувам уште поактивно учество на стручната јавност во дискусиите за донесување на новите законски и подзаконски решенија во сферата на градбата и понатамошна успешна соработка во делот на урбанистичкото планирање и изградбата на инфраструктурата во државата. Верувам дека со ваква заедничка соработка и поддршка од страна на Владата и Министерството за транспорт и врски, градежниот сектор ќе продолжи уште поинтензивно да се развива“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Во текот на средбата, Комората на овластени архитекти и инженери искажа подготвеност за ставање на располагање на сите технички и интелектуални капацитети за реализација на законските решенија кои се очекува наскоро да бидат донесени.Министерот Бочварски истакна дека Министерството за транспорт и врски останува партнер на стручната фела, работејќи посветено и транспарентно со цел да овозможи поволна клима за развој на градежната дејност.

Македонија | пред 5 години

Naum-Stoilkovski

Стоилковски: ДКСК да ја поништи владината концесијата дадена од Зоран Заев за семејната фирма на Заеви

Феудалецот Зоран Заев си ги приграбува државните ресурси, државните  богатство, за себе и за семејните фирми. И тоа го крие од јавноста. Одлуката на владата на Заев за давање на минералните суровини на 30 години на фирмата Еленица на бате Вице и на бате Трајче, ја нема во соопштението од владината седница, туку одеднаш се појавува во Службен весник. А за таа седница, внимавајте владата соопштува дека се зборело за спречување на корупцијата, каква фарса, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани, со одлуката на владата за 30годишна концесија за екслоатација на минерални суровини за семејната фирма „Еленица“ на Заеви, ДКСК има чиста позиција да го поништи договорот за концесија за „Еленица“ на 30 години и конечно да застане на патот на високата корупција.Зоран Заев, кој што бил дел од УО на „Еленица“, сега на бате Вице и на бате Трајче, братот и братучедот, кои што се сопственици на истата фирма, од позиција на премиер им доделува рудни богатства. ДКСК има чиста позиција да донесе одлука за поништување на оваа долгорочна концесија. ДКСК не смее да се крие зад формалности. Министрите во владата донеле одлука, гласаат да му удоволат на шефот што таму ги поставил. Тоа не е приватна седница, тоа е седница на Влада на Македонија, седница на Владата на премиерот Зоран Заев.Со доделување на концесијата, Заев става рака на државното богатство среде мандат, чист феудализам. И тоа за период од 30 години. Колку владини мандати се тоа? Зоран Заев додека е во мандат очигледно има намера да ги подели на своите компании државните богатствата и тоа долгорочно, на 30 години. Додека е во мандат, на 30 години става рака на државни добра. Ќе си оди, тогаш кога сите семејни фирми ќе ги обезбеди на 30 години? Што ќе остави зад себе?Почитувани, се работи за користење привилегии за ставање рака врз државни богатства, суровини и ресурси кои што се во посед на државата. Доделување концесија за братот, за семејна фирма на бате Вице и бате Трајче, е врв на корупција. Ова не е само судир на интереси, има дејствие, има склучен договор за концесија, има лична полза значи има корупција. Има крвно сродство од прв степен браќа и братучеди.Во одлуката има чисто користољубие на Зоран Заев. И нема ниедна друга фирма за концесија, туку само таа, семејната на бате Вице. Ова е чиста позиција за ДКСК за да побара поништување на концесијата за „Еленица“ и ништо друго.Антикорупционерите мора да слезат од скутот на Зоран Заев, , истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

dimce-5

Арсовски: Димова доделила 125.000 евра за проект „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ

Скандалозното однесување и работење на Лидија Димова е недозволиво. За само една недела излегоа на површина сите фекалии од криминалното работење на кадрите на СДСМ во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕДа потсетиме, доделени над 270.000 евра на фризерница за проекти за медиумска писменост. Сеуште не одговори Лидија Димова за сомнежите околу рангирањето на проектите, не ги објави јавно, но и сеуште не сноси одговорност за сомнежот дека против законот е добиен проектот, од страна на надворешен соработник на агенцијата, вклучетелно кој е нејзин близок пријател од кафеански седенки.Исто така купени се две луксузни возила од страна на Лидија Димова за луксузирање во вредност од 100.000 евра.Доделени се над 83.000 евра за дресура на магариња, нешто невидено до сега и тоа овластено лице на носителот на проектот е брат на пратеник од редовите на СДСМ, пратеникот Диме Велковски.Најновиот за кој денеска сакаме да поставиме прашања, помалку чуден проект за кој се доделени пари на братот на пратеникот Диме Велковски, втор проект покрај магарињата, е проектот “Избери сирење”, проект за кој се доделени 125.000 евра од Еразмус + програмата.Значи доделени 125.000 евра европски пари од проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето.Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?Бараме, јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите?Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите?За што постои и сомнеж во проектите поврзани со фризерницата коишто беа јавно изнесени на прес конференцијата на Лидија Димова.Затоа Лидија Димова треба да си даде оставка веднаш. Да не чека ниту ден повеќе. А, кој и зошто ја штити до сега, ќе дознаете наредниов период.Овој скандал со Националната агенција е скандал налик оној на Фондот за иновации каде што милиони беа доделени на роднини и функционери блиски на СДСМ. Сега и во наредниот период ќе се дознае за проектите во Националната агенција, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

popis

„Фајненшл Тајмс“: На Северна Македонија и е неопходен попис на населението

Најновата членка на НАТО, Македонија, според некои статистичари, можеби загуби и до една четвртина од своето население, откако беше единствената земја што мирно се одвои од Југославија во 1991 година, наведува лондонскиот весник „Фајненшал Тајмс“ во текст под наслов „Северна Македонија се соочува со демографски предизвик“.Весникот го цитира претседателот Стево Пендаровски, според кого, падот на населението е најголемиот предизвик за Балканот. – Ако во првите децении (од распадот на Југославија) нашата најголема закана беа етничките тензии, во текот на последната деценија тоа е демографија: се поголем број луѓе заминуваат, ја пренесува „Фејнешл Тајмс“ изјавата на шефот на државата.– Со пописот во 2002 година во земјата се регистирани речиси 2,1 милиони луѓе. Анализата на регистрите на родени и на починати, како и даночните и други бази на податоци, наведоа повеќе експерти на заклучок дека реалното население сега е близу до 1,6 милиони, наведува лондонскиот весник, пренесувајќи го ставот на Пендаровски дека „трендовите се прилично јасни и никој не предвидува дека падот на населениeто ќе запре или ќе забави“.„Фајненшл Тајмс“ потсетува дека пописот кој првично беше најавувано да се одржи оваа година беше одложен поради предвремените парламентaрни избори, додавајќи дека владејачките социјалдемократи предлагаат тој да се организира во април следната година.– Пописот во минатото беше одлаган поради неподготвеноста да се потврди прецизно етничкиот состав на населението меѓу Македонците, Албанците и другите малцинства. Пописот од следната година во Македонија треба да обезбеди важни податоци за стапките на вработување и природниот прираст, смета авторот на статијата.Весникот потенцира дека како и во другите европски држави, стареењето на населението ги оптоварува јавните финансии на земјава.– Македонија има околу 350.000 пензионери, а субвенциите на државните пензински фондови беа на ниво од 4,5 отсто од БДП на земјата во 2018 година. Бранимир Јовановиќ, економист од Виенскиот институт за економски студии и поранешен советник на министерот за финансии, вели дека падот на населението и емиграцијата ги намалува и бројноста на човечкиот капитал и потенцијалот за долгорочен економски раст, додава „Фајненшл Тајмс“.Весникот потсетува дека конечно кон крајот на март ЕУ одобри почетокот на преговорите за членство со Македонија, но наведува дека зачленувањето во Унијата нема да го реши проблемот со намалување на бројноста на населението, посочувајќи ги примерите со Хрватска и Бугарија кои се соочија со голема емиграција по приемот во ЕУ„Фајненшл Тајмс“ пренесува и изјава на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, според која, околу 200.000 Бугари се вратиле во земјата во март годинава по ширењето на пандемијата на коронавирусот низ Европа, затоа „што се чувствувале побезбедно дома во Бугарија“.– Захариева вели дека нејзината Влада работи со големи компании во обид да најдат работни места со цел да ги задржат овие луѓе во Бугарија по завршувањето на пандемијата. Според студијата, спроведена во јануари од страна на бугарското Министерство за труд и социјална политика, 60 проценти од младите кои студираат или работат во странство, би сакале да се вратат во Бугарија, доколку можат да најдат соодветно вработување. Со надеж дека ќе профитира од привремено враќање на граѓаните за време на пандемијата, Владата иницираше кампања „Бугарија те сака“ („Bulgaria wants you“), се наведува во статијата.Што се однесува до земјава, прва работа што треба да ја направи, според весникот, е да утврди колку всушност точно луѓе живеат во неа, по речиси две децениско нагаѓање на бројноста на населението.„Фајненшал тајмс“ за крај на статијата го пренесува ставот на претседателот Пендаровски дека е „апсолутно е клучно земјата да го спроведе пописот следната година, затоа што не е можна здрава политика во која било област без точна статистика. Во моментов сите витални статистички податоци се засноваат на проценки и тоа не е нешто што треба да прави сериозна администрација“.

Македонија | пред 5 години

bujar-osmani

Османи: Убеден сум дека ќе се најде решение во врска со историските прашања и недоразбирања со нашиот источен сосед Бугарија

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференцијата во пресрет на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020 (БП-2020), рече дека самата идеја за процесот е поттикнување на регионална соработка и забрзуавње на евроинтеграцијата на регионот.Тој откри дека во Софија разговарал со бугарската колешка Екатерина Захариева за активностите на Самитот, кој уште утре предвидува средба на министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, а ќе се разговара за идејата за патување со лична карта во шест земји од Западен Балкан.Што се однесува за историските прашања и недоразбирања со нашиот источен сосед Бугарија, Османи вели: Очигледно се чувствува тензија на недоразбирање во преговорите со Бугарија. Се обидувам тоа да сфатам која е причината, но тоа е веројатно поради намалената комуникација поради изборите. Треба со ладна глава да пристапиме на ова прашање и има простор за разбирање на ова прашање. Имаме намера да создадеме амбиент, да ги охрабриме научниците. Јас сум убеден дека било кое решение ќе ослободи енергија и повеќе ќе не зближи. Ние како држава треба да излеземе од чувството на немање самодоверба. Убеден сум дека ќе се најде решение“, истакна Османи.Во врска со тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека на средбата со Захариева му бил предложен нов договор, Османи потенцира дека не постои никаква конспирација во целиот процес и дека основната порака на Бугарија била содржана во изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а тоа е дека не сака Бугарија да дојде во ситуација да ја блокира европската перспектива на земјава. https://www.facebook.com/359477174168894/videos/1001796623666372

Македонија | пред 5 години

korona-test

ДУИ: Со скриениот непријател Ковид-19 мора да се бориме заедно и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките

Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Република Северна Македонија, земјите од регионот и низ цела Европа во последните денови континуирано расте во есенскиот бран на пандемијата.Почитувањето на протоколите, како што се носење маска, одржување на дистанца и дезинфекција односно одржување на хигиената е најефективната и најдобрата заштита за личното и јавното здравје, соопшти ДУИ.„Демократската унија за интеграција како сериозна партија им препорачува на граѓаните да не дозволуваат нашиот здравствен систем да не може да обезбеди грижа за сите кои имаат потреба, бидејќи нашите болници се веќе полни.Строгото придржување кон мерките, носењето маска, одржувањето на дистанца и редовната дезинфекција односно хигиената воопшто, остануваат најдобрите начини да се спречи колапсот на нашиот здравствен систем.Веќе, Владата донесе нови мерки што ќе стапат во сила веднаш по усвојувањето на законските измени во Собранието, овие мерки се во насока на заштита на јавното здравје.Состојбата со новиот бран на погодените од Ковид-19 е исклучително тешка, зависи од нас самите колку брзо ќе можеме да ја стабилизираме оваа состојба што ја погоди не само нашата земја, туку и целиот свет. Овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањетона сите мерки и протоколи“, велат од партијата.Според ДУИ, со скриениот непријател Ковид-19 мора да се бориме заедно и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје, да носиме маски, да одржуваме дистанца и да се грижиме за редовна дезинфекција односно хигиената воопшто.

Македонија | пред 5 години

puma-10

(ВИДЕО) Планинар снимил блиска средба со пума

Планинар во американската сојузна држава Јута доживеа несекојдневна средба со пума. Целата средба траела 6 минути, време во кое пумата се обидела неколку пати да го нападне.Кајл Бургес за среќа излегол неповреден од средбата, но вели дека ако сакала пумата можела слободно да го убие.

Магазин | пред 5 години

bigorski

Претседателот на Бигорскиот манастир ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска напладне ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1.000-годишнината од неговото основање.Се очекува на свеченоста свое обраќање да имаат претседателот Пендаровски и игуменот на манастирот Епископот г. Партениј.На настанот ќе настапи и бигорскиот монашки хор.Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.Најубавиот украс во црквата и она по што е најпознат овој храм, е секако прекрасниот и единствен од ваков вид во православието – иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес. Тоа се прочуените Петре Филиповски – Гарката од село Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник. Тие ова монументално дело го завршиле за зачудувачки кратко време, од 1830 до 1835 година.

Македонија | пред 5 години

race-2

Светски ден на одржување хигиена на раце Во ковид пандемијата хигиената на раце е една од основните превентивни мерки

Светскиот ден на одржување хигиена на рацете - 15 октомври, годинава се одбележува под мотото „Хигиена на рацете за сите“, со цел подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции.Овој ден е посебно значаен  во време кога светот се соочува со пандемија и преку него се акцентира хигиената на рацете како една од основните превентивни мерки за заштита од вирусот.Респираторните вируси како корона вирусот (КОВИД-19) се шират преку слуз или капки што го содржат вирусот, а во организмот навлегуваат преку очи, нос или грло. И ова многу често се случува преку рацете.Во контекст на превенција од КОВИД-19, рацете задолжително треба да се мијат често, а особено по секнење на носот, кашлање или кивање, по посета на јавен простор, присуство во јавен превоз, по посета на пазари и верски објекти, по допирање површини надвор од дома, вклучувајќи и пари, пред, по и за време на грижа за болно лице, пред и по јадење, по употреба на тоалет, ракување со отпад, допирање животни и домашни миленици, менување пелени или помош на деца при одење во тоалет итн.Светската здравствена организација посочува дека честата и темелна хигиена на рацете е една од најефективните мерки за превенција од дијареја, од воспаленија на белите дробови, но и низа други инфекции кои можат да имаат и фатални последици.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен дилер од Скопје

На 14.10.2020 во 22.20 часот во Драчево, полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(37) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена марихуана и вага со остатоци од марихуана.Д.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

467 санкционирани возачи во Скопје, од кои 101 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 467 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 60 лица, 101 прекршок за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 технички неисправни и нерегистрирани возила, 74 мерки за непрописно паркирање и 60 возила подигнати со пајак, а изречени се 46 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

zaev-1

Владата донесе одлука за бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија Ковид 3

Владата на  синоќешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.Во врска со оваа точка Владата го задолжи Министерството за економија да достави Предлог-одлука за префрлање на средствата од програма П1 во вкупен износ од 60.000.000 денари на посебна сметка на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје како буџетски придонес во реализација на мерката, по што банката треба да ги преземе сите активности неопходни за операционализација на мерката и воспоставување на третата бескаматна кредитна линија за поддршка на микро и мали претпријатија.Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, да ја известат Делегацијата на ЕУ во земјата дека мерката е усвоена од Владата на Република Северна Македонија и дека Министерството за финансии, Министерството за економија и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје преземаат активности за операционализација на истатаФинансиските средства за бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на Европска интеграција на Северна Македонија, за кои Владата со официјален допис се обрати до Европската комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19.На оваа седница Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година.Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.

Македонија | пред 5 години

citroen

(ФОТО) Сообраќајна несреќа на „Рузвелтова“, две лица пренесени на Ургентен

Две лица се пренесени на скопските клиники во Ургентниот центар по несреќата што се случи попладнево во Карпош 1.Како што информираат од СВР Скопје  во сообраќајната незгода, која се случила во 16:40 часот, учествувале две патнички возила, „цитроен“ и опел“.Полицијата е на терен и врши увид, по што ќе се знаат повеќе детали за несреќата на крстосницата меѓу „Френклин Рузвелт“ и „Орце Николов“.

Скопје | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Тагата е огромна! Трајче ти благодарам за твојата голема поддршка! Чест ми е што те познавав

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“. Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.Емотивна порака поради прераната смрт на Нешковски  на својот ФБ профил напиша градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.-Денеска згасна еден млад живот, изгубивме голем човек, посветен доктор и вистински другар! Тагата е огромна! Трајче ти благодарам за твојата голема поддршка! Чест ми е што те познавав, почивај во мир! Сочувство до фамилијата.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.697900574148882/697900554148884

Македонија | пред 5 години

trajce-neskovski

Заев: Длабоко ме погоди веста за смртта на нашиот сопартиец, млад доктор, жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“. Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.Премиерот Зоран Заев, министерот венко Филипче, но и останатите сопартијци се опростуваат преку социјалните мрежи од својот пријател.„Длабоко ме погоди веста за смртта на нашиот сопартиец, млад доктор, пулмологот Трајче Нешковски, долгогодишен член на СДСМ и доскорашен секретар на Социјалдемократската младина.Жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите и соработниците, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек.Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, успешен доктор и човек кој силно го сакаше својот роден град, Гостивар.Упатувам искрено сочувство до фамилијата и пријателите, како и другарите и соработниците од Социјалдемократската младина на Македонија.Почивај во мир драг Трајче“, напиша премиерот на ФБ.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.10152031170622932/10159105073047932/„Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја, напиша на ФБ министерот венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2520115644962120/ „Се понадевав дека е грешка или лага... Страшна вест. Почивај во мир Трајче, напиша на својот ФБ Радмила Шеќеринска.https://www.facebook.com/sekerinska/photos/a.10151682409245163/10157203192495163/„Почивај во мир Трајче. Сочувство до семејството“ напиша на својот ФБ профил министерот Оливер Спасовски..https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1737878576389758/

Македонија | пред 5 години

trajce-neskovski

Доктор Трајче Нешковски почина во сообраќајката на Рузвелтова

Доктор Трајче Нешковски (32), поранешен генерален секретар на СДММ е возачот кој почина денеска на Рузвелтова, дознава 24 Инфо.Како што претходно oбјави 24Инфо, на Нешковски му се слошило, односно доживеал срцев удар по што се судрил со друг автомобил и со својот  “цитроен” удрил во дрво.Тој бил однесен во Ургентниот центар но докторите не можеле да го спасат.Нешковски беше раководител на детскиот Ковид центар во болницата во Козле.https://www.facebook.com/kosta.kostadinov.18/posts/10219869545702190

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: 445 новозаразени лица и дури 9 починати - катастрофа за која е одговорна Владата

445 новозаразени лица и дури 9 починати. Национална катастрофа за која е одговорна Владата. Нема изговори. Имаа 8 месеци да се подготват за новиот бран, бараа избори за да ја зголемеле ефикасноста, објаснуваше Заев за "танцот" и "чеканот", и еве ги резултатите, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој прашува:Уште колку семејства ќе се зацрнат за да се сетат за оставки и промена на политиките!? https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1689783844530401/

Македонија | пред 5 години

mucunski-696x465

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани на комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Вечерва во тема на денот на Сител телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој што изјави во однос на новите предлог мерки дека кога ќе дојдат тие предлог законски решенија пред пратениците тие сериозно ќе ги анализираат, ќе се консултираат со сериозни врвни експерти од областа на медицината во пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе направат се што е најдобро и во интерес на граѓаните а со цел соочување со проблем и корона вирусот.„Би нотирал дека голем дел од мерките кои што се носеа во периодот кога постоеше вонредна состојба исто така се носеа преку уредби со законска сила што значи дека владата во тој момент ги користеше надлежностите кои што произлегуваа од вонредната состојба да носи средби со законска сила сега бидејќи веќе немаме вонредна состојба тие надлежности тие надлежности се враќаат таму каде што припаѓаат во Собранието. Сметам дека ние треба да направиме се да се почитуваат и да се воспостават сите соодветни мерки кои што ќе ги препорачаат релевантните здравствени власти. Кога ќе дојдат тие предлог законски решенија пред нас како пратеници ние сериозно ќе ги анализираме ќе се консултираме имаме сериозни врвни експерти од областа на медицината во нашата пратеничка група и верувам дека ќе направиме се што е најдобро и во интерес на нашите граѓани а со цел соочување со овој проблем“ нагласи Муцунски.Муцунски додаде дека тој има сериозна загриженост околу начинот на кој што полицијата би ги спроведувала новите мерки.„Јас имам сериозна загриженост околу начинот на кои што полицијата би ги спроведувала овие мерки и таа дебата беше доста застапена во јавноста, став даде и нашата политичка партија, повторно ќе кажам во врска со тоа прашање јас имам сериозни резерви како истото би можело да се применува а да биде истовремено во рамките на тоа што го определува нашиот устав“ изјави Муцунски.Муцунски истакна дека од особена важност во овој момент е политичкиот  дијалог помеѓу политичките субјекти во собранието со цел да се прифатат најдобрите законски решенија за да се заштитат граѓаните во време на пандемија.„Потребен е дијалог помеѓу политичките субјекти  верувам дека со дијалог со трезвен начин на размислување можеме да дојдеме до решение, кој што ќе овозможи и ефикасен законодавен дом и истовремено почитување на сите мерки. Одговорноста за отворање на таа врата на дијалог во овој момент лежи кај владата, односно кај парламентарното мнозинство“, рече Муцунски.Во однос на новиот ребаланс на буџетот Муцунски истакна дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани и со предлог амандмани за повеќе средства  за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, како амандмани поврзани со намалување на загаденоста на воздухот.„Утре ја почнуваме комисиската расправа за ребалансот на буџетот, ќе кажам дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани меѓу другото и предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за намалување на загаденоста така да продолжува тој дијалог во собранието ние активно учествуваме во подобрување на тој ребаланс на буџетот, од страна на владата ќе видиме колкав е капацитетот за дијалог во интерес на граѓаните а од гледна точка на парламентарна процедура уште утре ќе видите дека тековно функционира собранието“, рече Муцунски.Муцунски додаде дека опозицијата својата поддршка за предлог законот ја условува со прифаќањето односно неприфаќањето на амандманите.„Предлог законот за измени и дополнување на законот за буџет односно таканаречениот ребаланс на буџетот се обезбедува со такво мнозинство кое што е потребно. Значи опозицијата својата поддршка да ја условува со прифаќањето односно неприфаќањето на амандманите“, кажа Муцунски.Во однос на надворешната политика и случувањата околу Бугарија, Муцунски истакна дека сака да верува дека Македонија во рамките на Германското претседателство до крајот на годината ќе биде дел од меѓувладина конференција кој што ќе означи почеток на преговорите.„Јас искрено мислам дека се работи за политичко прашање, мое и субјективно гледиште е дека историјата треба да ја оставиме на тие кои што се најстручни, врвни универзитетски професори кои што се занимаваат со таа проблематика, а обврска на политичките чинители е да гледаат кон иднината .Во таа насока ја следам таа реторика кој што се појавува би рекол и на билатерално ниво и на внатрешно политички јас искрено сакам да верувам дека Македонија во рамките на Германското претседателство до крајот на годината ќе биде дел од меѓувладина конференција кој што ќе означи почеток на преговорите, и доколку Бугарија го овозможи тоа ќе покаже дека е кредибилен и сериозен партнер на нашата земја во Евроатланските интеграции не само декларативно туку и на дело“, заклучи Муцунски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања