Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

trajko-2

КОВИД 19 го одложи судењето познато во јавноста како „Организаторите на 27 април”.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и ексминистерот Спиро Ристовски добија решенија за изолација. Поради ова денеска да се одложи судското рочиште за предметот познат во јавноста како „организаторите на 27 април”.Решенијата за самоизолација ги добиле откако нивни блиски се позитивни на ковид-19. Позитивен на вирусот е и адвокатот на Ристовски. 

Македонија | пред 5 години

Karadzovski

Караџовски: Со вакво непочитување на мерките може да има и по илјада новозаразени

Комисијата за заразни болести во моментов не размислува да предложи воведување рестрикции во движењето. Засега ќе се предложат два сета мерки – оние со кои треба да се воведе задолжително носење маска и на отворено и да се забрани групирање во домовите, а за кои ќе се носат законски измени, како и нови рестрикции во јавниот превоз и ограничување на работата на угостителските објекти и одредени економски субјекти каде што се смета дека има ризик.„Не сме ги исцрпеле уште сите мерки за да можеме да размислуваме за полициски час. Но, доколку ништо од ова не се почитува, што ни останува понатака. Затоа ве замолувам и медиуми и населние, самите ако не си помогнеме, не можат да ни помогнат уште 500 доктори , 500 сестри и уште 20 болници. Сето тоа ќе се исполни брзо, ако имаме зголемен број, а ние работиме уште од март месец со засилено темпо.  Зголемување на бројките ќе не одведе до преполнување на болничките капацитети. Ние можеме да правиме ротации на колегите, меѓутоа тоа се тие луѓе, нивниот број е ограничен. Не по 500, 600 луѓе на ден, можеме да имаме и по 1.000 доколку не почитуваме“, истакна доктор, Караџовски.Според Караџоски журките, евентите, свеченостите, сè она што го гледавме, со сето тоа непочитување на мерките, неносење маски и недржење на растојание, немиење раце, е причина на зголемување на бројот на новозаразени во есенскиот бран на коронавирусот.„На овие настани никој не носеше маска, тоа го видовме и во медиумите. Од анкетите што ги направивме увидовме дека тоа се луѓе помеѓу 20 и 39 години и ова ни укажува дека тие не биле на домашна свеченост, туку во локал на журка, каде што имало групирање и не се почитувале мерките. Ние уште пред неколку месеци најавивме дека ќе дојде овој есенски бран на ширење на вирусот. Но, би рекол дека кај нас подрани, затоа што временските услови не се такви да имаме групирање во затворен простор. Но, со доаѓањето на сезонскиот грип, оваа шанса за зголемување на бројот поради групирање во затворен простор , бројката ќе биде поголема“, рече Караџовски. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов, Заев и Ковачевски во посета на пунктот за предавање печки

Пунктот во Рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош, каде што  граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите ги предаваат своите печки, денеска го посетија градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Владата, Зоран Заев и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.На самиот почеток на грејната сезона, заедно со претседателот на Владата на РСМ и директорот на ЕСМ сме собрани денеска овде затоа што ова се трите институции коишто ја почнаа најголемата акција досега спроведена во градот Скопје, а тоа е замената на старите печки на тврдо гориво со современи инвертери. Како што знаете вакви акции имавме во Шуто Оризари и Сарај, овде ќе биде викендов, односно општините Ѓорче Петров и Карпош се под овој пункт и ќе продолжиме и понатаму. Начинот е веќе познат, доаѓаат граѓаните ги оставаат своите печки, коишто потоа завршуваат на „Дрисла“, ја земаат потврдата и добиваат субвенции во износ до  000 денари.  Градот доби средства за замена на некаде околу 5.300 печки, 4.080 апликации веќе имаме добиено, во наредната недела ќе го продолжиме аплицирањето на граѓаните и во текот на оваа зима ќе имаме некаде околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина - изјави Шилегов.Тој додаде дека во изминатите две години аерозагадувањето  во Скопје  бележи тренд на опаѓање и ги повика градоначалниците на општините Сопиште, Чучер Сандево, Арачиново, Илинден и Петровец и тие да се вклучат со организирање вакви акции затоа што воздухот не познава граници и на тој начин сите жители на Скопската котлина ќе дишат почист воздух.Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, ги повика граѓаните да се вклучат во овој проект и да обезбедат почисто, поевтино и поеколошко греење за себе и за своите семејства, а со тоа да инвестираат во зачувување на чистиот воздух.  Сите кои имаат дилема околу потрошувачката на електрична енергија сакам да ги информирам дека инвертерите трошат малку струја, а во секој случај, по сите пресметки, штетата за околината од производството на струјата потребна за греење на домовите преку инвертери, е далеку помала од штетата која настанува од греењето на тие домови со печки на дрва или јаглен - нагласи Ковачевски.Премиерот Зоран Заев потенцираше дека оваа акција е дел од стратешките   приоритети коишто минатата година си ги постави Владата.Јас сакам да се заблагодарам на АД ЕСМ за обезбедените 10 милиони евра за реализација на оваа акција за замена на нееколошките грејни тела со висококвалитетни инвертери, како и на Град Скопје и на градските јавни претпријатија што ја реализираат оваа замена, но секако и на граѓаните на Скопје. Како Влада ќе продолжиме да преземаме мерки за да обезбедиме здрава животна средина за нас и нашите деца - изјави Заев.Согласно со условите, на овој јавен повик поради состојбата со коронавирусот, онлајн можеа да аплицираат сите жители (домаќинства) на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе  го инсталираат  уредот. Новитет оваа година е што граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.Во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија.Доделувањето на субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата е дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акцискиот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.Акцијата во општина Карпош ќе трае од 10 до 16 часот, а ќе продолжи и утре и во недела.  

Скопје | пред 5 години

mijalkov-2

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ е одложено за 3 ноември, поради позитивниот тест на Мијалков

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ е одложено за 3 ноември, поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков кој е позитивен на коронавирус.Бранителот на Мијалков, Љупчо Шврговски до судот го достави позитивниот тест и терапијата која му е препишана.Пред два дена, рочиштето за овој предмет беше одложено откако Мијалков развил симптоми на болеста. Подоцна тој во објава на социјалните мрежи ја потврди информацијата коментирајќи ова е борба со непознат непријател, но нема предавање.„Максимално се трудев да ги почитувам мерките и препораките на експертите, но, за жал, добив резултат кој вели дека сум позитивен на Ковид 19“, напиша Мијалков.Во предметот „Таргет-Тврдина“, покрај Милајков, обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за поседување дрога и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 во врска со член 45 и за кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.Кај обвинетиот 29-годишник, на 28 септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски” била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 25,69 грама, во различни пакувања, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Cannabis, како и наркотична дрога – кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. Исто така, била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Обвинетиот недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол. При претрес на адресата на која престојувал обвинетиот на улица „Париска” во Скопје, пак, биле пронајдени уште 3,31 грама наркотична дрога – марихуана.Надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за  продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.​

Македонија | пред 5 години

121720902_367282811133843_8914419302329340525_n

Привршува уредувањето на пешачките патеки покрај улицата „Коста Новаковиќ“

Општина Аеродром деновиве ја привршува реконструкцијата на веќе постојните, како и изградбата на новите пешачки патеки во непосредна близина на улицата „Коста Новаковиќ“ во Стар Аеродром.Станува збор за патеки што се наоѓаат меѓу зградите на улица „Коста Новаковиќ, со површина од 3 500 квадратни метри, со павер-елементи во боја и со нови рабници.Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и изградба на целосно нови пешачки патеки на ниво на целата територија.

Скопје | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Во текот на вчерашниот ден полицијата спречи нелегален влез на 252 мигранти

Полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10), во рамки на оперативната акција „Рефлекс“ спречија влез на 252 лица-мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија и внатре, на територија на Република Северна Македонија. Покрај, тоа, како што веќе информиравме, во текот на вчерашниот ден беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење на мигранти. МВР и во наредниот период продолжува со мерки и активности за спречување на илегален влез на териоторијата на Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче за новите мерки: Ќе предложиме целосна забрана на настани, преполовен бројот на луѓе во јавен превоз

Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз на 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти во 23 часот, се новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.Целта на овој пакет мерки ќе биде да се намали ширењето на вирусот без директен респираторен контакт, бидејќи се поголем број од новозаразените не знаат каде и од кого се заразиле.„Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледаме околностите со пандемијата, некои епидемиолошки податоци од анкетите. Состојбата во болниците е таква да целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако се уште нема таму сместено пациенти. Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот се зголемуваат дијагностицираните случаи, со очекуваниот есенски бран“, рече Филипче.Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа.Тоа е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Лајка ќе биде место за убиство на кучиња, таа не е решение за проблемот, ни треба европски стационар

Градоначалникот на Град Скопје манипулира со целата јавност и со друштвата за заштита на животни кога вели дека со отворањето на така наречениот стационар ЛАЈКА ќе го реши проблемот со кучињата скитници на територијата на Градот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Со отворањето на безпотребно ново јавно претпријатие каде се вработени исклучиво партиски луѓе кој немаат никаква допирна точка со активисти на кучиња и познавање на проблематиката а  кој  цели 17 месеци земаат плата а не одеа на работа од причина што Градоначалникот и неговиот тим советници не успеаја  за 3 години  да го реконструираат односно отворат стационарот , истите тие за 17 месеци го оштетија  значително буџетот на Град Скопје со префрлање на плата за нив и за непотребниот управен одбор кој исто така е нелегитимно избран во него членуваат само партиски луѓе а не активисти или пак некој здруженија за заштита на животни.Иако како што вели Градоначалникот дека стационарот е реконструиран со донации тој умешно ги крие  и ја лаже јавноста за  потрошените пари од градската каса во висина од 30 000 евра за набавки на мебел и канцелариска опрема која не знаеме зашто е потреба во ваков објект .Градоначалникот манипулира со јавноста и дрско лаже дека проблемот со бездомните кучиња е решен , како што самиот се пофали дека ова е само едно привремено живеалиште на бездомните кучиња , таму ќе се стерилизираат и потоа повторно ќе бидат пуштени на улицата од кај што ќе бидат заловени и со самото тоа проблемот не се решава, повторно ќе гледаме кучиња како напаѓаат луѓе, повторно ке гледаме неубави глетки со труење на кучиња и сообраќајни незгоди предизвикани од кучињата по улиците.Петре Шилегов ги излажа и изманипулира сите активисти кој се борат за права на бездомните кучиња како и друштвата за заштита на миленици , во овој стационар кој е  со нелегална програма за работа и истата е сомнително донесена без да се консултираат друштвата за заштита на животни и активистите   се вели дека куче кое е со најмала болест ќе биде еутанизирано односно убиено а не излекувано  , Петре Шилегов ја отвори Лајка за да го реши проблемот со бездомните кучиња на начин што истите ќе ги убие и наместо урбано чување на бездомните кучиња и третман во стационарот – Лајка ќе биде местото на злосторот на кучињата! Од тука итно повикуваме повлекување на спорната програма за работа и изработување на нова со консултација на сите друштва за заштита на животни.Постојат големи сомнежи со ова  партиско јавно претпријатие Лајка за кое сме сигурни дека е отворено парење на пари и за се останато освен на професионален стационар и третман на бездомните животни и решавање на долгогодишниот проблем во кој се соочува нашата метропола.На Скопје му треба стационар како во Европските Метрополи , стационар во кој бездомните кучиња ќе бидат собрани од улиците и ќе имаат третман во стационарот кое ќе биде нивно трајно живеалиште со одлични услови а не како што Градоначалникот Шилегов направи дека секое куче повторни ќе се врака на улица, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

matka

Две лица обвинети за узурпација на локација прогласена за споменик на природата во Матка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик.Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум  со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик на природата. Имено, на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2.Вториот обвинет, 25-годишник од Глумово, делото го сторил така што на пет катастарски парцели исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција и со површина од 189,54 м2, на која изградил времен објект со површина од 187 м2.​

Скопје | пред 5 години

soobrakajna-nesreka-1

Тешка сообраќајка во Аеродром, повредените префрлени во болница

Утринава околу осум часот се случи тешка сообраќајна несреќа на булеаврот „јане Сандански“ во близина на Мајчин дом.  Според информации од очевидци, во директниот судар на две возила има повредени, кои со возило на Брза помош се префрлени во билница, објави Република. Детални информации за причините за сообраќајката кога ќе заврши увидот на полицијата.

Скопје | пред 5 години

w_55952187

СДСМ: Владата ги усвои новите мерки за заштита од коронавирусот

Владата ги усвои препораките од Комисијата за заразни болести со цел поголема заштита на јавното здравје и на здравјето на секој еден граѓанин, соопштија од СДСМ. Од партијата додаваат дека мерките кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од четири лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од четворица гости, покрај членовите на семејството.„Веќе им се зголемени ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите. Живееме со вирусот, ова е нов начин на живот, мора да воспоставиме нови навики, мора да бидеме дисциплинирани и одговорни граѓани и да ги почитуваме мерките и протоколите“, соопштија од СДСМ.Од таму додаваат дека борбата против коронавирусот е заедничка, на сите граѓани и на сите институции, сите заедно мора да бидеме свесни и одговорни, за да ја добиеме оваа војна со невидливиот непријател.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче со студентите по медицина: Спремни се да помогнат

– Министерот за здравство, Венко Филипче утрово се сретнал со студентите од шеста година по општа медицина, кои ќе помагаат во битката со Ковид-19.-Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шестта година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза. Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа.Тој посочи дека нивниот придонес е многу значаен, и им посака успешна работа.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2521488768158141/

Македонија | пред 5 години

ambulanta-2

За еден месец повеќе од 1.820 прегледи и контроли во мобилната амбуланта на Клиниката за пулмологија

Во новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија за еден месец се извршени повеќе од 1.820 прегледи и контроли. Во просек, дневно, доаѓаат меѓу 70-80 пациенти за преглед или за контрола, закажани преку системот МојТермин, како и за време на дежурство во вечерните часови. Во изминатиот период зголемен е бројот на пациенти за преглед, информира директорот на Универзитетската клиника за пулмологија, д-р Дејан Докиќ.Во новиот објект се наоѓаат четири ординации, две амбуланти за пациенти преку МојТермин, една за прием на интервентни пациенти и приоритетни упати, и една за контролни прегледи. Две простории – дневни болници се наменети за сместување амбулантски пациенти, како и кабинетите за спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања, за ЕКГ, две  посебни чекални и други помошни простории.- На овој начин пациентите коишто имаат проблеми со белите дробови ги одделуваме од сите други пациенти во останатите амбуланти, кои претходно сите беа на едно место, и со тоа го намалуваме ризикот од трансфер на коронавирусот на пациентите кои доаѓаат овде во Клиничкиот центар и за друга симптоматологија, посочува д-р Докиќ.Во новиот објект во целост се почитуваат сите мерки за заштита на пациентите, на влез се мери температура, секој добива електронско бројче во чекалната, а посебно назначени лица ги насочуваат пациентите внатре во амбулантите. Во посебни простории се изведуваат различни дијагностички и амбулантски процедури, што создава можност за помала концентрација на пациенти на едно место и запазување на мерките и протоколите, кои го спречуваат ширењето на коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

tose

13 години од загинувањето на Тоше Проески

На денешен ден пред тринаесет години пејачот Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб, на 26-годишна возраст.Во чест на Тоше десет маратонци денеска напладне треба да стигнат во Крушево. Поради пандемијата годинава маратонот се одржува само во границите на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска и таму ќе положат цвеќе.Годишнината ќе биде одбележана кај новозиграденото спомен обележје на неговото почивалиште на Гумење.На музичката ѕвезда почит ѝ оддадоа и велосипедисти од тиквешкиот регион кои од 20 септември во рамки на проектот „Од срце за Тоше“ возеа низ цела држава за да пристигнат во Крушево. Годинава на 9 август на Крушевското Езеро, пак се одржа првиот пливачки маратон „Тоше Проески“ организиран од пливачкиот клуб „Вардар 2018“ од Скопје, со идеја да биде традиционален. На маратонот имаше повеќе од 40 учесници кои пливаа два и пол километри.Поради пандемијата, оваа година не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“ која фановите во изминатите години ја организираа на 5 октомври на плоштадот „Македонија“ во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион.Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992), каде што испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп во 1997 година и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјата и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата.

Македонија | пред 5 години

Ljupco-Nikolovski

Николовски: Димова треба да понесе политичка одговорност, на следната владина седница ќе побарам разрешување

Kако задолжeн за спроведување на Етичкиот кодекс, и согласно моите надлежности на следната владина седница, согласно членот 22 од Етичкиот Кодекс, ќе побарам барање за оставка односно налог за разрешување од надлежниот Управен одбор на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Николовски посочи дека Димова треба да понесе морална и политичка одговорност, а надлежните институции целосно да го расчистат случајот.„Ако Димова не поднесе оставка, бидејќи тоа е работа на Управниот одбор на Националната агенција, ќе побарам нејзино разрешување.односно налог за разрешување од надлежниот Управен одбор наНие сме на почеток на преговори со ЕУ ги отвораме сите фондови, пред нас се големи предизвици и затоа законот мора да важи за сите, никој не е недопирлив. Секако постои пресумпрција на невиност, но Етички кодекс за чиешто спроведување сум задолжен јас, а со кој се офатени членовите на Владата и избраните функционери предвидува и санкции, како и поднесување на политичка и морална одговорност. Со ова разрешување сакаме да пратиме порака до сите дека навистина сме спремни да се бориме против корупцијата, дека немаме двојни аршини, сме добиле огромна чест и одговорност од граѓаните, која мораме да ја оправдаме“, изјави вицепремиерот Николовски.При тоа Николовски посочи дека дека на институциите треба да им се остави простор за да се утврди вистината и дека секој случај мора се расчисти, вклучително и случајот со Националната агенција. Николовски потенцираше дека транспарентноста мора да функционира и сите функционери мора да се приджуваат кон принципите на Етичкиот кодекс, во кој се имплементирани и препораките од ГРЕКО. 

Македонија | пред 5 години

pecak-1

Пецаков за прерано починатиот Нешковски: Мојт пријател, другар брат! Заесекогаш во моето срце!

Смртта на пулмологот и поранешен претседател на СДММ, Трајче Нешковски во сообраќајна несреќа ја потресе пошироката јавност, но сепак не ги одмина меѓупартиските пресетки на социјалните мрежи.  Социјалните мрежи се исполнети со коментари по смртта на Нешковски кој почина вчера попладне, откако добил срцев удар додека возел на улица „Рузвелтова“, по што се судрил со автомобилот во дрво.Во текот на вчерашниот ден, речиси сите сопартијци се простуваа со својот пријател на Фејсбук и Твитер, меѓу нив и премиерот, повеќе министри, како и министерот Филипче кој напиша дека е секогаш ќе биде горд на Нешковски.Фотографија со Нешковски објави и пратеникот Кирил Пецаков. Тој кратко напиша:Мојт пријател, другар брат! Заесекогаш во моето срце!

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Утре Комисијата за заразни болести ќе дискутира дали се потребни дополнителни рестрикции

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека сите земји во Европа, па и ние го очекувавме овој бран, и ние соодветно на тоа ги подготвивме капацитетите. Во контекст на високите бројки на новозаразени Филипче истакна дека доколку се почитуваа мерките за заштита немаше да дојде до вакво зголемување на бројот на позитивни со ковид-19.„Ова се случува насекаде во земјите во регионот, насекаде во Европа. Значајно се зголемува бројот на новодијагностицирани случаи. Во таа смисла, и овие мерки кои сега чекаат законски измени, а веќе следната недела законот е во собрание, се дел од нашиот план за заострување и рестрикции за да некако го ублажиме овој скок на новозаразени лица. Ние живееме со вирусот, така и цела Европа. Доколку се почитуваа мерките немаше да има ваков скок на новозаразени. Свесни сме дека ако тие мерки не се почитуваат, треба дополнителни рестрикции“, рече министерот Филипче.Тој информираше дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од тие коишто се сега на сила.„Тоа би вклучувало рестрикција на јавниот превоз, ограничување на работа на угостителски објекти, одредени економски субјекти, компании итн, секаде каде што сметаме дека има ризик. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава. Сето тоа ќе го дискутираме на утрешниот состанок“, потенцираше Филипче.На прашањето дали може да се предложи и да стапи на сила мерка со полициски час, министерот Филипче посочи дека во овој момент е се уште рано, но во даден момент може да биде предложена.„Еден од најдобрите параметри коишто ги следиме е капацитетот во болниците. Иако има слободни места, капацитетот се исполнува. Само претходниот ден имаше голем број на приеми. Во функција е модуларната болница со дополнителните тимови. Болницата во Козле исто така е спремна. Но, гледаме дека се исполнуваат капацитетите и согласно тоа можно е да предложиме и дополнителни рестрикции“, изјави Филипче.Тој информираше дека денешниот состанок со директорите на установите бил за да се направи системот на ротација на лекарите специјалисти кои ќе работат во модуларното одделение од повеќе интернистички одделенија, како и список за ротација на медицинските сестри, кои исто така таму ќе работат.Денеска, министерот Филипче остави средба и со студентите од шеста година на Медицинскиот факултет да се вклучат во помош на Центрите за јавно здравје за правење на епидемиолошките анкети„Причината зошто овие денови доцнат статистичките податоци е заради тоа што навистина епидемиолозите не можат да постигнат, со оглед на големиот број на анкетни листови коишто се пополнуваат. И затоа студентите во рамките на својот стаж ќе се приклучат и ќе помагаат во овој дел“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче, оставка веднаш!

Најважната антикризна мерка што може Владата да ја донесе е Венко Филипче да си даде оставка.  На Венко Филипче бројката од 535 новозаболени не му алармира дека треба да си поднесе оставка, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.За Филипче ова не е ништо, вели секаде и во регионот и пошироко било исто. Филипче заборави дека сите како во регионот, така и во Европа по првиот бран некаде во мај се вратија во функција градинки, училишта, а кај нас се доцнеше. Како да се чекаше есенскиот бран за да почнат да работат градинки, училишта.За Филипче и по оваа драконска бројка сепак му е рано за мерки, освен постоечките, следната недела ќе се разговарало за законски измени за маска на отворено и слично.Знае ли Филипче што може да се случи за една недела ако секој ден има огромно зголемување на бројката на новозаразени во едно деноноќие.Македонија прва во регионот по заболени и мртви.Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица.Филипче, оставка веднаш, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

bazen-1

Младо момче се удави во базен

Вчера во 15.23 часот во СВР Штип, Д.П.(38) од Виница, пријавил дека во базен од куќа сопственост на Р.Б. на ул.„Маршал Тито“ во Виница го пронашол удавен П.З.(28) од Виница.Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Виница телото било извадено, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош Виница, при што не биле констатирани траги на насилство.Телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Влада: Одобрена финансиска поддршка за инвестициите на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра

Во продолжението на 12-тата редовна седница кое што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија го разгледа извештајот на Агенцијата за странски инвестиции, дополнет со мислењето на Комисијата за евалуација за исполнетост на условите, за пристигнатите барања за склучување на Договор за доделување на финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.Од извештајот на Агенцијата, потврдено со мислењето на Комисијата, на повикот за финансиска поддршка на инвестициите, согласно Планот за економски развој и Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена/дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните  инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во  Законот за финансиска поддршка на инвестициите.Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10% до 20%, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра.Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.

Македонија | пред 5 години

blagajnicka1

(ВИДЕО) Благајничката тврди дека Лидија Димова ѝ вршела мобинг: Имав притисок и од нејзина соработничка, со закани за убиство

Благајничката Ана Павлиду, која до денеска работеше во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја обвинува директорката Лидија Димова дека ѝ вршела мобинг на работно место.Павлиду во интервју за „А1он“ тврди дека Димова неосновано ја обвинувала за недостиг на пари во благајна, бидејќи друго лице кое било ангажирано во агенцијата веќе потпишало изјава со која ја презема целата одговорност за случајот.Таа додава дека Димова неколку месеци одбивала да ја пензионира, бидејќи и покрај изјавата за одговорност, барала од неа да ги врати парите. Благајничката покажа и службена белешка во која навела дека добивала смртни закани од соработничка на Димова.

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Се размислува за нова вонредна состојба и полициски час поради есенскиот бран на коронавирусот

Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за прогласување нова вонредна состојба и воведување полициски час, вели за „А1он“ Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје и член на Комисијата за заразни болести. Зголемените бројки на новозаразени во есенскиот бран Стојанов вели дека се резултат на масовното непочитување на мерките.-Сите опции се ставени на маса. Размислуваме и за нова вонредна состојба и за полициски час. Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо. Дали и кога ќе ги препорачаме, зависи од исполнетоста на болниците. Сите болници веќе се полнат, но сè уште има слободни места, а ја имаме и монтажната болница – вели директорот Стојанов за „А1он“.Тој апелира да се носат маски оти, засега, нема друга алтернатива за заштита од вирусот, но разочаран е од олабавениот однос на граѓаните кои во секој момент може да станат пациенти.-Сведоци сме дека други земји ги затвораат кафеаните, еве на пример Белгија, а ние се соочуваме со притисоци од угостителите поради мерките што ги предлагаме. Сведоци сме и дека цело лето не се почитуваат мерките. Имаше групирања, неносење маска, а исто е и сега. Не носат маска додека се на работа, велат колеги им биле, а протоколот е јасен – маска треба да се носи и на работа – вели директорот Стојанов.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Нов страшен рекорд, 535 нови случаи на Ковид 19 и починати 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-277, Куманово-17, Дебар-7, Штип-22, Прилеп-26, Тетово-18, Струга-8, Велес-10, Битола-13, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-24, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-5, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-15, Ресен-8, Неготино-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од: Скопје-68, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-11, Струга-4, Велес-5, Битола-10, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-5, Струмица-8, Кочани-14, Пробиштип-1, Берово-5, Виница-4, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-1, Неготино-2.Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22170, бројката на оздравени пациенти е 16758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4597. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 9149, активни 2178• Куманово 1915, активни 184• Дебар 301, активни 43• Штип 1402, активни 143• Прилеп 865, активни 192• Тетово 1640, активни 233• Струга 735, активни 69• Велес 402, активни 73• Битола 416, активни 113• Охрид 480, активни 62• Кавадарци 288, активни 65• Гостивар 1008, активни 86• Гевгелија 229, активни 112 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 32 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 503, активни 303• Крива Паланка 163, активни 56• Радовиш 154, активни 68• Крушево 20, активни 0• Кочани 524, активни 199• Пробиштип 133, активни 20• Демир Хисар 64, активни 3• Македонски Брод 96, активни 3• Пехчево 48, активни 4• Берово 155, активни 46• Валандово 69, активни 41• Виница 142, активни 43• Делчево 196, активни 102 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 27, активни 3• Свети Николе 416, активни 64• Кичево 378, активни 51• Ресен 179, активни 18• Неготино 73, активни 20 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2445 теста се преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-131, Авицена-579,  Биотек-282, МАНУ -175, Жан Митрев (Филип Втори) -305, Систина со PCR метода -185, лабораторија Лаор –54, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-86, Инфективна клиника-5, ГАК-8, Синлаб-42, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 19 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 63 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани ХХ, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 96• Гази Баба – 213• Аеродром - 429• Карпош – 373• Центар – 395• Кисела Вода – 257• Ѓорче Петров – 183• Бутел - 82• Шуто Оризари – 14• Студеничани – 3• Сарај – 15• Арачиново – 4• Илинден – 32• Сопиште – 18• Чучер Сандево – 6• Петровец –10• Зелениково - 5• Странец – 12• Нераспределен-31

Македонија | пред 5 години

cetinski

Цетински со емотивна порака за Тоше на ден пред 13-годишнината од смртта

Еден ден пред 13-тата годишнина од трагичната смрт на Тоше Проески, хрватската ѕвезда Тони Цетински објави фотографија со емотивен опис.Како речиси секоја година, исто и оваа, по повод ден пред годишнината од трагедијата, хрватскиот пејач Тони Цетински, кој водено му беше добар пријател на Тоше, сподели емотивна објава на неговиот Instagram, заедно со фотографија.https://www.facebook.com/tonycetinskiofficial/posts/4526977870707737„Долги 13 години.На утрешен ден, некаде во ова време нè напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку ми недостасуваш и до денес, и колку ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер…Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да плачам… На улица сум, нормално, и врне одвратен дожд, но твојата насмевка е надеж која во ова денешно и чудно време им е толку потребна на сите. Ќе биде сè во ред додека те имаме тебе, кој нè чува со својата присутност, песни и сè убаво и добро што остави на оваа планета.Ти си ангел да добрината. Знам дека нè чуваш, како што и треба да знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сака твојот брат“, пишува Тони.

Магазин | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања