Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

IMG_0791

Мемориjален фудбалски турнир во спомен на бранителите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го отвори централниот турнир во мал фудбал, во чест на загинатите бранители на Република Северна Македонија 2001-2015, кој се одржа во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, под покровителство на Министерството за внатрешни работи.„Сеќавањето има една благородна цел - преку зближувањето да го направиме споменот траен, бесмртен. Таквата традиција, независно како се манифестира, е важна, хумана и достоинствена. Драго ми е што и овој пат повторно ја имам честа во име на Министерството за внатрешни работи, но и во свое име, да бидам дел од еден таков чин, на спортско—меморијална манифестација, преку која повторно го оживуваме споменот на нашите колеги и пријатели, што ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината, а тоа е човечкиот живот“, истакна Спасовски, изразувајќи задоволство што овој меморијален фудбалски турнир прерасна во убава традиција, која дава можност не само за другарување и натпреварување, туку и да се оддаде должна почит кон оние заради кои што и постои турнирот – хероите бранители.„Тоа е доблесно, дури би рекол – неопходно, затоа што претставува наша должност и обврска да ги изразиме нашата благодарност кон нашите херои и огромната почит кон семејствата на загинатите бранители“, порача Спасовски, прогласувајќи го турнирот за отворен и им посака на учесниците, во духот на спортското натпреваруварување, успех и добри резултати. 

Македонија | пред 5 години

stapkata-na-siromashtija-vo-2013-godina-242-otsto-258097-200029

Заев: Социјалната реформа направи пресврт во начинот на кој државата се грижи за социјално-ранливите, и го подобри животот на околу 300.000 граѓани

„Сиромаштијата е една од најтешките состојби за било кое општество. Вие граѓаните најдобро знаете дека не само зборот, туку и делата за искоренување на сиромаштијата се нашиот секојдневен мотив.  И не само на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, туку секој ден. И не само заради социјалдемократските вредности, туку заради човечноста“, истакна премиерот Заев по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата.Премкерот додаде дека социјалната реформа направи пресврт во начинот на кој државата се грижи за социјално-ранливите, и го подобри животот на околу 300.000 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Денес над 22 илјади дечиња ги користат детските мерки со што ги извлекуваме од синџирот на детската сиромаштија.„Државата не ги заборави и не ги остави на цедило и стечајците, за кои обезбедивме месечен надоместок, исто како што обезбедивме државна пензија за оние кои не ги исполнуваа условите за редовна пензија.  Низ укинување на радиодифузната такса, воведување на евтина дневна тарифа на струјата, намалување на сметките за парно, а некаде и намалување на цената на водата за пиење, влијаеме врз домашните заштеди кои се одразуваат во сиромаштијата“, истакна Заев и додаде:„Во кризата се познава грижата, а ние не дозволуваме никој да остане незгрижен. Борбата со сиромаштијата е заедничка, и заедно ќе ја водиме, се додека не обезбедиме подобар живот за сите“, истакна премиерот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Град Скопје го продолжува јавниот повик за субвенции за инвертер клима уреди

Град Скопје ги информира граѓаните дека од денеска, 17.10.2020 година, сабота, го продолжува распишаниот јавен повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните ќе може да аплицираат и  онлајн.Откако Градот Скопје  ги обработи пристигнатите 4.282  барања за субвенции и утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена,  ја информира јавноста дека повикот продолжува и ги повикува граѓаните да аплицираат и на тој начин да придонесат за почист воздух во Скопје.Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до денот на исцрпување на средствата.Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија и со овие средства се очекува замена на некаде околу 5.300 печки со инвертери, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина.Согласно со условите, на овој јавен повик поради состојбата со коронавирусот, онлајн можеа да аплицираат сите жители (домаќинства) на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе  го инсталираат  инвертерот.Новитет  годинава е што граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, мазут или нафта, а досега се предадени над 1.000 печки на пунктовите во Сарај, Шуто Оризари и во пунктот во Рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош.  Акцијата во општина Карпош  почна вчера, а ќе трае и денеска  и утре од 10 до 16 часот.Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.Во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/Онлајн аплицирање: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Скопје | пред 5 години

struja

Бислимоски: Ако сметките за струја се повисоки од реалната потрошувачка, граѓаните да поднесат приговор

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до РКЕ доколку добиените сметките за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка на електрична енергија.-Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, тие може да поднесат претставка до РКЕ. Комисијата за жалби која функционира во рамките на РКЕ ќе им даде приоритет на решавање. Во изминатиов период имаме укажување од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување. Ние по овие претставки постапуваме веднаш, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.Тој потсетува дека потрошувачите имаат можност за контрола на начин што самостојно ќе ги отчитаат броилата по што можат онлајн да ја пријавуваат состојба на броило во ЕВН, со што врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа ќе добијат реална фактура за потрошената електрична енергија.– Во исто време ги потсетуваме потрошувачите од категорија домаќинства дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија.  Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема – потенцираат од Регулаторната комисија.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени четири лица од Куманово за издржување казна затвор до шест години

На 16.10.2020 во 08.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Б.С.(26) од Куманово за издржување казна затвор од пет ипол години во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за извршено кривично дело „обљуба“ по член 187 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.На 10.10.2020 во 01.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Е.Б.(25) од Куманово за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за извршено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.На 13.10.2020 во 00.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.Т.(29) од Куманово за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.На 15.10.2020 во 09.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.Д.(28) од Куманово за издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за извршено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Куманово. 

Македонија | пред 5 години

trifun

Трифун Костовски: Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината

„Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината. Задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин“, вели бизнисменот Трифун Костовски, едне од акционерите на Еуростандард Банка, по вчерашната информација дека Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје.Костовски додава:Денес 17 октомври, јас еден од акционерите на Еуростандард Банка добив известување преку медиумите дека се покренати кривични пријави од Народна Банка против високи структури на Еуростандард Банка кои директно учествувале во носење на банката во стечај.Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин.Кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на ЕСБанка, а финализирани ако не од било кој друг, туку од Народна Банка.По мене мојата колумна објавена на 13.10. 2020 на порталите, првенствено Инбокс7, Либертас и останатите беше повод за давање на зелено светло на Народна Банка за покренување на вакви кривични пријави, вели Костовски.

Македонија | пред 5 години

Vmro-bez-maska

Филипче одговори на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка

Министерот за здравство доктор Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која се гледа дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.„Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, напиша Филипче. 

Македонија | пред 5 години

11-1

Македонската армија заминува во прва мисија како членка на НАТО

Денеска, во касарната „Илинден“ во Скопје, со присуство на највисокиот воен и државен врв, ќе се реализира воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР.На Свеченоста пред припадниците од контингентот ќе се обратат претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, високи претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, генералите во Армијата и воените аташеи од НАТО-земјите членки акредитирани во земјава.Во првата ротација во мисијата КФОР во Косово задачите ќе ги извршуваат вкупно 44 припадници на Армијата, составен од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.Пред упатувањето во оваа мисија припадниците на Армијата поминаа низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција, каде што се извежбуваа и обучуваа за изведување задачи што ги очекуваат за време на мисијата.Припадниците на Армијата својата подготвеност, интероперативност и способност за извршување најтешки задачи веќе ги имаат докажано во досегашното 18-годишно учество во мировните мисии „Исаф“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан и мисиите „Слобода за Ирак“, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина“ и „Унифил“ во Либан.Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО првпат директно учествува во мисијата КФОР, а во досегашниот период учествуваше посредно преку обезбедување логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој вршеше координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување.Активноста ќе се реализира во согласност со протоколите и преораките на Комисијата за заштита од заразни болести за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.

Македонија | пред 5 години

ljubco

БГНЕС: Скопје го испраќа Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија

Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. Посетата ќе се одржи откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев, пишува бугарската агенција БГНЕС пренесувајќи делови од неговото синоќешното интервју.„Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа правилно да го процени однесувањето на врвните македонски лидери.Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја“, пишува БГНЕС.Според агенцијата, Георгиевски признал дека многу малку е направено за приближување кон Бугарија во последните 30 години и дека македонската дипломатија ја преспала последната година, а особено периодот кога рамковната позиција за Македонија беше расправана и усвоена во бугарскиот парламент.„Проблемот со препрочитување на македонската историја не е заради Договорот со Бугарија, ние тоа треба да го направиме за нас самите. Ние негираме огромна, богата историја само затоа што има многу силна врска со Бугарија. Ние негираме жив народ затоа што тие се идентификуваа како македонски Бугари “, агенцијата го цитира Георгиевски.

Македонија | пред 5 години

POLICIJA-PESHACI-SKOPJE

192 санкционирани возачи во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на општина Ѓорче Петров изречени се вкупно 192 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 28 лица, 17 технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 прекршоци на мотоциклисти... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

milososki

Милошоски: Одговорноста за нерационално потрошените над 500.000 евра лежи и кај оние кои ја поставиле Димова

ВМРО-ДПМНЕ  вечерва го изрази својот протест против незаконското трошење на пари на европските даночни обврзници кои што се наменети за образование и образовни проекти на македонските граѓани, кажа Антонијо Милошоски во изјава за медиумите на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.„Директорката Лидија Димова, кадар на СДСМ потрошила речиси 500.000 евра за тренинг на магаре, за испробување на сирење и за проекти со нејзиниот пријател кој што има фризерница. Мислиме дека е многу неморално во вакво време на пандемија и би било многу посоодветно овие 500.000 евра да биле потрошени за помош на болницата во Струмица, на болницата во Битола и на болницата во Тетово за обука на персонал и за поддршка на овие болници во борба против пандемијата или во најмала рака овие 500.000 евра да биле потрошени за купување на 2.200 компјутери за деца кои што не можат да ја следат наставата во овие кризни услови. И затоа сметаме дека одговорноста не е само кај Лидија Димова, туку одговорноста е кај тие што ја поставиле, нејзиниот шеф Зоран Заев како и нејзината пријателка Радмила Шекеринска“, рече Милошоски.По однос на изјавата дека сопартијците на Домова во Владата ќе ја повикаат да даде оставка или доколку не даде оставка дека ќе ја разрешат, Милошски оцена дека станува збор за „стари трикови“ на властите СДСМ кои ги применуваат кога сакаат да прикријат корупција и незаконско трошење средства го прави овој повик за оставки.Како најдобар пример за тоа Милошоски го посочи примерот со поранешниот пратеник на парламентарното мнозинство врз кого откако беа емитувани снимки на кои наводно нарачува дрога, бил направен притисок во јавноста да даде оставка.„СДСМ тврдеше дека тој ќе одговара пред обвинителството никогаш никој не поведе постапка“, рече пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Милошоски своето тврдење го поткрепи и со случајот на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за кого беше емитувана видео снимка како зема пари во готовина и какви односи имал со фирмата „Диамед“, кој исто така поднесе оставка, но потоа за неговиот случај немаше никаква рекција од Обвинителството.„Затоа сметаме дека повикувањето на оставки е само трик доколку би била искрена намера, СДСМ ќе треба да ги повика да дадат оставки и директорот на училиштето во Кавадарци кој што земал големи суми на средства околу 200.000 и неговиот брат-пратеник кој што е актуелен пратеник и висок функционер во СДСМ заради конфликт на интереси“, рече Милошоски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

80-годишен старец од велешко силувал малолетно девојче

Во СВР Велес синоќа 28-годишна жена од велешко пријавила дека 80 годишен старец од велешко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, се работи на расчистување на случајот и превземање на соодветни санкции за сторителот на делото.

Македонија | пред 5 години

w_56083030

Нови 438 случаи на Ковид 19 денеска и починати 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-21, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-13, Тетово-27, Велес-7, Битола-18, Охрид-16, Кавадарци-9, Гостивар-2, Гевгелија-10, Струмица-30, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравени пациенти од: Скопје-85, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-10, Битола-4, Кавадарци-7, Гостивар-5, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-21, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.Во болнички услови починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22607, бројката на оздравени пациенти е 16949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4837. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 9349, активни 2290• Куманово 1936, активни 193• Дебар 302, активни 43• Штип 1420, активни 151• Прилеп 878, активни 198• Тетово 1666, активни 249• Струга 735, активни 69• Велес 409, активни 80• Битола 434, активни 127• Охрид 496, активни 78• Кавадарци 297, активни 67• Гостивар 1011, активни 84• Гевгелија 239, активни 118 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 33 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 535, активни 334• Крива Паланка 168, активни 59• Радовиш 159, активни 68• Крушево 20, активни 0• Кочани 538, активни 192• Пробиштип 134, активни 20• Демир Хисар 64, активни 3• Македонски Брод 96, активни 3• Пехчево 51, активни 7• Берово 157, активни 42• Валандово 72, активни 44• Виница 145, активни 44• Делчево 201, активни 106 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 28, активни 4• Свети Николе 418, активни 61• Кичево 387, активни 58• Ресен 184, активни 21• Неготино 78, активни 24 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2306 теста се преку: ИЈЗ-561, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-636,  Биотек-259, МАНУ -144, Жан Митрев (Филип Втори) -244, Систина со PCR метода -209, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-95, Инфективна клиника-1, ГАК-7, Синлаб-80, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 216.541 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 96• Гази Баба – 221• Аеродром - 456• Карпош – 392• Центар – 394• Кисела Вода – 268• Ѓорче Петров – 188• Бутел - 87• Шуто Оризари – 14• Студеничани – 3• Сарај – 16• Арачиново – 4• Илинден – 35• Сопиште – 19• Чучер Сандево – 7• Петровец –12• Зелениково - 6• Странец – 13• Нераспределен- 59

Македонија | пред 5 години

goce-delcev

Нема договор за Гоце Делчев во македонско-бугарската комисија

Македонските и бугарските историчари не постигнале напредок во однос на Гоце Делчев, но мал напредок е постигнат во делот на учебниците за средновековието. Во однос на Свети Кирил и Методиј е постигната согласност дека се сесловенски и христијански просветители.По дводневниот состанок во Скопје, членовите на македонско-бугарската Билатерална мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања договориле нова средба до крајот на годинава и уште пет наредната година.-Има мали стапки поместување на напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите, рече копретседавачот на комисијата од македонска страна Драги Ѓоргиев.Неговиот бугарски колега Ангел Димитров истакна дека на комисијата воопшто не станало збор за македонскиот јазик и дека тоа е тема за која треба да разговараат лингвистите.Комисијата заседаваше по пауза од речиси една година. Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил. Усвоени за препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 7одделение/6 клас. 

Македонија | пред 5 години

mizrahi

Мизрахи: Како држава ние веќе го прекршуваме задолжувањето по Мастрихт, во превод – банкротирани сме !

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, денеска на собраниската комисиска расправа за финансирање и буџет истакна дека земјава веќе го прекршува задолжувањето по Мастрихтшките критериуми или веќе сме банкротирана држава која има јавен долг над 60% или 3,143 евра задолжување по глава на жител.-Ќе ми простите што не прифаќам климања со глава и аминувања со неанализиран датум, која ја одлучува иднината на граѓаните на државата, затоа што простете иако зборуваме на јазикот на тема за финансии, зборуваме за луѓе, а со тоа одлуката за животот на секој граѓанин не треба да се гледа преку бројки или како сува статистика - вели Мизрахи.По предложениот ребаланс на буџетот, Мизрахи праша дали има пилот во авионот, па гo посочи следново:-Во однос на јавниот долг заклучно 30.06.2020 година кој изнесува 402,6 милијарди денари или 6,5 милијарди евра;-Бројката на население во Република Македонија е два милиони граѓани, па јавниот долг по глава на жител изнесува 193,947 денари или 3,143 евра по глава на жител;-Јавниот долг како процент од БДП заклучно вчерашниот ден е 60,3%;Доколку се ревидираат сите макроекономски проекции на ММФ моментално се прогнозира пад од 4,4% и доколку се прифатат новите проекции на Светка банка за пад од минус 4,1 % од БДП, долгот е далеку над 60%, со што далеку ги прекршивме Мастрихтшките критериуми за задолжување на државата или во превод банкротирани сме – посочи Мизрахи.Мизрахи критикуваше дека власта не треба да се повикува на КОВИД-19 кризата за овој банкрот, туку треба да се навратиме на катастрофалните лошите финансиски политики на власта изминативе неколку години кои ја доведоа  државата во банкрот.

Македонија | пред 5 години

narodna-banka-na-rm

Народна банка со кривична бара ЈО да ги гони одговорните за стечајот на Еуростандард банка

Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, стои во соопштението на Народната Банка.Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не би можела да сподели подетални информации, се вели во соопштението

Македонија | пред 5 години

pumpi

(ФОТО) Реконструирани пумпните станици во Трпејца и Љубаништа

Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС„Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“).Реконструкцијата е извршена согласно стандардите за водоснабдување DIN 1988 и DIN EN 806 за транспортирање на вода од напоен до потисен резервоар, а сите делови на постројката се од материјали отпорни на корозија и со (WRAS/ KTW/ ACS) одобренија за вода за пиење.Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 4.120.000 денари, а средствата се обезбедени од Агенцијата за рурален развој во соработка со Општина Охрид. Покрај поставувањето на нови пумпи, извршена е и целосна замена на електричната и водоводна инсталација во објектите.Новите пумпни станици значително ќе придонесат за ефикасно водоснабдување на двете населени места и на угостителските и сместувачките капацитети на овој потег. Исто така, според пресметките, со замена на пумпните постројки ЈП „Водовод“  годишно ќе заштеди околу 540.000 денари за потрошена електрична енергија и значително ќе ги намали средствата за редовно одржување на истите.  

Македонија | пред 5 години

16102020_PVRSM-Zaev_Krusevo_3

Заев присуствуваше на откривање на спомен обележјето и вечното почивалиште на Тоше Проески

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски присуствуваа на откривање на спомен обележјето на Тоше Проески и положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.Посебен момент и големо значење на настанот дадоа и маратонците кои трчаа од Табановце преку Скопје до Крушево за да одадат почит на музичкиот великан Тоше Проески.„Му оддадовме достојна почит на нашиот Тоше пред реализираното идејно решение на неговото вечно почивалиште, кое се оформи како конечно низ постојана комуникација и консултација со родителите на Тоше. Од денеска натаму сите ние, како и сите фанови на Тоше од другите земји, ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште кое како симбол ја одразува искрената религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кој тој ја споделуваше и преку неговата музика.  Тоше на најдобар можен начин, успеа да го обедини Балканот. Онака како што треба, успевајќи со својата искрена желба, неповторлива харизма и со своите безвременски песни да ги премости сите навидум непремостиви нешта. Тоа е нашата македонска гордост, кој со својот ангелски глас и непосредност, полнеше стадиони, плоштади и сали, каде и да се појавеше, истакна премиерот во дел од своето обраќање.Заев додаде дека огромното влијание и споменот на неговата силна личност и исклучителен талент, никогаш не ги оставија без посетители неговото гробно место и спомен куќата, но од денеска натаму имаме вечно почивалиште и спомен дом достојни за големината на Тоше.„Загубата на Тоше Проески со ништо не може да биде надоместена. Но, затоа е тука вечното сеќавање на благородната душа која со своите постапки и со своите песни обележа цела една епоха од нашето културно и естрадно творештво. Беше Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Голем хуманист кој заслужено ја доби наградата „Мајка Тереза", бидувајќи до крај доследен на неговата изјава: „блажена е душата што дава". Тоа е нашиот Богољубив Тоше Проески. Зад него останаа да се прераскажуваат убавите приказни за манастирот Свето Преображение во Крушево, за Клиниката за детски болести, за сите негови хуманитарни концерти и животни епизоди полни со човекољубие и милосрдие“, истакна Заев.„Голема заслуга и благодарност за тоа му припаѓа и на нашиот Тоше Проески, а наша обврска останува и понатаму достојно да му се оддолжиме за неговиот придонес со постојано сеќавање на неговите музички и хуманитарни остварувања“, истакна Заев.

Македонија | пред 5 години

BITIKI0

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во изолација поради контакт со позитивен на Ковид-19

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави дека оди во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19.„Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но од друга страна и одговорност за себе и луѓето околу нас и почитување на насоките на Институтот за јавно здравје за изолација и тестирање кога сме имале контакт кој можеби нè става под ризик“, напиша Битиќи на Фејсбук.https://www.facebook.com/FatmirBytyqiOfficial/posts/135005385009398Тој информира дека поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена оди во самоизолација, по што ќе направи тест.„Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби. Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет. Бидете здрави и живи и ова ќе помине“, порача тој на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

MOBILNI_TIMOVI_16.10-2

Седум месеци непрекината поддршка за ранливите категории

Mобилните тимови на Црвен крст Охрид и на Општина Охрид непрекинато седум месеци се вклучени во напорите за ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19. Овие тимови им укажуваат поддршка на ранливите групи граѓани од градот и од неговата околина, а во првите месеци од кризата им пружија поддршка и налицата кои беа сместени во државните карантини во Охрид.Започнувајќи од 16.03.2020 година, заклучно со вчерашниот ден 15.10.2020, овие тимови одговориле на 670 барања за набавка и достава на прехранбени продукти, на средства за хигиена и на лекови, како и за други видови асистенција на постари и изнемоштени лица, лица со хронични заболувања, самохрани родители, лица со попреченост и други граѓани на кои им била неопходна поддршка. Дополнително, во соработка со Министерството за здравство, Клиниката за онкологија и Црвен крст на Град Скопје, мобилните тимови доставиле хронична и онколошка терапија во 127 наврати.Исто така, мобилните тимови беа ангажирани и за дистрибуција на хуманитарна помош до социјално загрозени граѓани. Во изминативе кризни месеци, овие тимови доставиле 955 пакети со прехранбени продукти и 882 пакети со хигиенски средства, обезбедени од Црвен крст Охрид, Општина Охрид, општествено одговорни компании и организации и хумани граѓани.Покрај тоа, во текот на хуманитарната акција на Општинскиот кризен штаб и на „Жито леб“, која се реализираше од средината на април до средината на јуни, мобилните тимови дистрибуирале 881 мал пакет со леб и печива до домаќинства на лица во социјален ризик. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus

Три медицински сестри во струмичката болница - позитивни на КОВИД 19

Нови три медицински сестри од струмичката болница се позитивни на ковид-19. Станува збор за персонал кој работеше во новоотворениот ковид центар заради што струмичката болница ангажираше сестри од другите одделенија каде исто така заради обемот на работа недостасува персонал, објави СДК.МК.„За да функционира новоотворениот ковид центар ангажираме сестри од други одделенија. Но и таму е зголемен обемот на работа така што ни недостасува персонал. До Министерството за здравство испративме барање за одобрување на дополнителен персонал во Струмица односно доктори и медицински сестри да бидат регрутирани од други градови за овде да работат оти ни требат во овој период“ вели  директорот Гогов кој минатата недела откри дека вирусот бил дијагностициран кај 5 здравствени работници од болницата. Тексто во целост на:  СДК.МК.  

Македонија | пред 5 години

7

Град Скопје со реакција по соопштението од ВМРО ДПМНЕ за „Лајка“

Град Скопје реагира на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ околу состојбите и условите во новиот стационар „Лајка“. Воо реакцијата се вели:Град Скопје со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.Новиот стационар за кучиња на ЈП „Лајка“ е нов и модерен стационар, согласно со сите европски стандарди за ваков вид на објекти.Сакаме да потенцираме дека изминатиов период беа извршени серија на зафати, а како најважни можеме да ги издвоиме:- Во соработка со Општина Гази Баба, целосно гo легализиравме објектот на стационарот, кој со години функционираше како дивоградба;- Извршивме целсна реконструкција на двата објекти на стационарот, каде што беше извршена целосна демонтажа на постојните метални боксови и елементи, се изврши реконструкција на покривот, поставена е изолација и фасада која воопшто ја немаше досега;- Во објектот е поставено ново подно греење;- Изградена е нова ветеринарна амбуланта во стационарот;- Добиен е нов простор за администрацијата на јавното претпријатие;- Изграден е нов парк за кучиња, со терени за ресоцијализација на трауматизирани кучиња, како и нов пристапен пат;- Со реконструкцијата и проширувањета на стационарот „Лајка“, покрај подобрувањето на условите, во однос на поранешниот стационар „Вардариште“, двојно е зголемен неговиот капацитет, поточно внатрешниот капацитет е зголемен од 81 на 100 внатрешни апартмани за кучиња со подно греење и дополнително се изградени и 60 надворешни боксови за кучиња.Дополнително, сакаме да потенцираме дека овој стационар и програмата се само дел од новиот концепт за хуман третман и справување со големиот број на улични кучиња. Една од главните цели во воспоставувањето на систем за контрола на нивната популација бара вклучување на повеќе општествени чинители, а клучен во него е процесот на чипирањето на уличните кучиња и домашните миленици што го реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Скопје | пред 5 години

oliver

Спасовски: Иднината на регионот е во ЕУ, а наша одговорност е заеднички тоа да го реализираме

„За кусо време и во релативно бурен политички период во целиот регион на Западен Балкан, утврдивме јасен правец на дејствување и патека по која сакаме да се движиме, со што полека но сигурно Регионот станува сопственик на процесите кои сака да ги воведе. Тоа е повеќе од очигледно со оглед на сите реформски потфати,  добрососедски политики и иницијативи, затворање на децениските отворени прашања кои во изминатиот период се реализираа во нашите земји. Во името на МВР на Република Северна Македонија, дозволете ми да подвлечам дека остануваме целосно посветени на нашата европска агенда и продолжуваме понатаму со несмален интензитет, посветена и одговорна работа и реализација на сите активности кон европеизација на нашата земја и нејзино приближување до евроатлантските системи, но исто така, ќе настојуваме да останеме позитивен пример во одржувањето на добрососедски односи со креирање на долгорочни партнерства за нашите идни генерации“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во воведното обраќање на состанокот на министри за внатрешни работи во рамки на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, кој во моментов се одвива во Скопје.„Дозволете ми  да изразам особено задоволство од соработката и координацијата што сами по себе се наложија со преземањето на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес со Република Бугарија. Заедничкото организирање и претседавање на овој состанок се вистински доказ дека со волја и посветеност можеме да постигнеме многу, дури и во услови на пандемија.  Иднината на Регионот е во ЕУ, а наша одговорност е тоа да го реализираме. Заедно секогаш можеме повеќе!“, истакна Спасовски, изразувајќи благодарност до Владата на Обединетото Кралство за постојаната посветеност и работа во областа на министерствата за внатрешни работи и сигурност во нашиот регион, како и до Сојузна Република Германија, од аспект на визонерската иницијатива за формирање на Берлинскиот процес, како платформа за развој на регионалната соработка во Западен Балкан и неговата европска интеграција.Во однос на првата точка од Агендата, на тема: „Олеснето движење во регионот на Западен Балкан со лични карти: Кон Регионален договор за поблизок, подобро поврзан регион и повеќе предности за граѓаните“, министерот Спасовски ја поздрави и поддржа иницијативата за Регионален договор за слобода на движење и престој со лична карта, како еден од важните приоритети на годинешното заедничко Претседателство со Берлинскиот процес и упати благодарност до Советот за регионална соработка, како важен партнер во операционализацијата на оваа иницијатива.„Олеснетите процедури за движење на лица ќе придонесат кон зајакната регионална размена и трговија. Дополнително, слободата на движење во регионот ќе ја зголеми и конкурентноста на пазарот, а уверен сум  дека бизнис заедницата, но и сите граѓани што живеат овде тоа и го очекуваат од нас. Од овие причини, ние, министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, треба да ја поддржиме и поттикнеме практичната реализација на проектите од наша надлежност, а особено на оваа иницијатива“, посочи Спасовски. 

Македонија | пред 5 години

16102020_PVRSM-Zaev_pretovarna-stanica_5

Заев во обиколка на локациите за одложување на нееколошки грејни тела

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски, и  директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани, извршија обиколка и увид на претоварната станица во Карпош-Скопје, каде што граѓани ги одложуваат старите печки на нееколошки горива, дрво,  јаглен и фосилни горива, откако претходно се пријавиле на јавниот повик за добивање субвенции за набавка на инвертер клима уреди, кои се еколошко и далеку поевтино греење.„Сето ова се финализира пред почетокот на новата грејна сезона, со што, следејќи ги сите анализи кои покажуваат дека нееколошкото греење е најголемиот загадувач на амбиенталниот воздух, со замената на греењето со еколошки системи, драстично ќе се намали загадувањето“, рече премиерот Заев.Посочувајќи дека имплементирањето на оваа мерка за намалување на загадувањето е при крај, како дел од реализирањето на Планот за чист воздух како стратешки приоритет,  премиерот Заев, ја искористи приликата да изрази благодарност кон АД „ЕСМ“ за обезбедувањето на средства во висина од 10 милиони евра, односно 618 милиони за реализација на мерката субвенционирање на високоефикасни инвертери, како и до јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и вработените во депонијата „Дрисла“ за финализирање на мерката.Премиерот Заев подвлече дека вратените печки, покажуваат дека толку домаќинства годинава нема да бидат извор на концентрации од загадувачки супстанци.„Ние како Влада, продолжуваме со преземање на мерки за целосно справување со загадениот воздух. Покрај соочувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, продолжуваме со активностите за заштита на здравјето на сите граѓани и за обезбедување на здрава животна средина за нас и нашите деца“, истакна премиерот Заев.Градоначалникот Шилегов  информираше дека јавниот повик за субвенционирање на инвертер клими е најголем што досега го има реализирано Град Скопје, објаснувајќи  дека секој граѓанин кој аплицирал за набавка на вакви уреди, а притоа ја вратил старата печка, добива можност да му биде вратен целиот износ за набавка на уредот најмногу во висина до 62.000 денари.„Град Скопје досега има примено околу 4.060 апликации од кои досега околу 1.000 печки се вратени само во општините Сарај и Шуто Оризари. На оваа локација согласно примените апликации се очекува да бидат вратени околу 1.300 печки од општините Ѓорче Петров, Карпош и Центар. Пред 20-тина дена повикот беше стопиран, со цел да се провери уште колку средства остануваат за доделување, имајќи во предвид дека различните уреди кои ги набавуваат граѓаните имаат различни цени, а согласно тоа потребно е време прецизно да се пресметаат преостанатите средства“, рече Шилегов кој најави дека повикот повторно ќе продолжи и за тоа ќе бидат информирани граѓаните.Градоначалникот Шилегов нагласи дека оваа мерка за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, со враќање на старите печки кои користат нееколошки енергенси, во Скопје, ќе има околу 4.000-5.000 оџаци помалку и изрази уверување дека тоа ќе биде забележано и од мерните станици за мерење на аерозагадувањето во градот.„Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во овој проект, да обезбедат почисто, поевтино и поеколошко греење за себе и за своите семејства, а со тоа да инвестираат во зачувување на чистиот воздух. Сите кои имаат дилема околу потрошувачката на електрична енергија, сакам да ги информирам дека, инвертерите  трошат малку струја, а во секој случај, по сите пресметки, штетата за околината од производството на струјата потребна за греење на домовите преку  инвертери, е далеку помала од штетата која настанува од греењето на тие домови со печки на дрва или јаглен“, рече директорот Ковачевски кој упати благодарност до премиерот Заев и до Владата за, како што рече, слухот кој го покажува за енергетиката и особено за инвестициите во обновливи извори на енергија.За време на обиколката на претоварната станица, при што премиерот Заев беше запознаен со процесот на складирање на кабаст отпад, пластика и старите грејни тела, повеќе граѓани кои аплицирале за субвенционирање на замена на сопственото греење со инвертер клими ги одложуваа своите стари шпорети и ја завршуваа процедурата околу добивање на повратните средства за набавените еколошки грејни тела, односно инвертер клима уреди.

Македонија | пред 5 години

dimce-5

Арсовски: Барањето оставка од Димова е само театар, потребна е кривична одговорност, ЈО да отвори случај, а документите да бидат јавно објавени

Театарот кој го прават СДСМ, Лидија Димова, Љупчо Николовски и Зоран Заев е само со една и единствена цел, а тоа е да се дефокусира јавноста од криминалот кој е сторен во Националната агенција. Оваа смешна препирка низ медиумите дали Лидија Димова ќе си даде оставка или не, дали Владата ќе ја разреши или не, е само театар за граѓаните, да мислат дека оваа Влада е одговорна и чесна, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Не! Ниту е одговорна, ниту пак е чесна.Оваа Влада е се, само не е одговорна и чесна.Лидија Димова влезе во низа од скандали кои достигнуваат огромни суми на пари, а сепак нема ниту еден отворен случај, ниту од Јавното обвинителство, ниту е повикана да биде сослушана.Сведоштво од вработени во Националната агенција, дека над 20.000 евра пари се извадени од благајна со факсимил на Лидија Димова без покритие.Овде има сериозен сомнеж за кривично дело, вклучително што ова сведоштво е доволен показател за јавното обвинителство и другите институции да влезат во Националната агенција и тој што сторил одреден криминал, ако го сторил да одговара.Потоа, набавка на 2 луксузни возила во вредност од 100.000 евра.Доделување проекти за медиумска писменост и други на фризерница во вредност од 270.000 евра.Доделување проект на брат на пратеник на СДСМ за дресура на магариња во вредност од над 83.000 евра.Доделување проект на истиот брат на пратеникот од СДСМ за едукација за избор на сирење во вредност од над 125.000 евра.Ова се неколку скандали во вредност од неколку стотици илјади евра. Кој ли знае уште колку вакви скандали ќе излегуваат на површина.Дополнително, сеуште сметаме дека Лидија Димова треба да си даде оставка веднаш, а пред тоа да ги објави транспарентно сите документи за спорните проекти за кои што има сомнеж во јавноста.Ова е најкриминалната Влада што може да постои. Ова е се, само не е Влада која работи по европски вредности, истакна истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања