Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

brza-pomos-3

Повреден градежен работник во Скопје

Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен С.Ѓ.(60) од Крива Паланка за укажување на лекарска помош.Според пријавеното, тој се здобил со тешки телесни повреди при пад додека изведувал градежни работи за фирма, на улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје. Излезено било на местото на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Критичари

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)Преокупираноста со постапките и однесувањата на другите е знак за празно и површно живеење. Некои лица како да се опседнати од потребата да нурнат во туѓите животи и да бараат слабости кај лицата кои ги опкружуваат, наместо да се соочат со сопствените погрешни убедувања и да го хармонизираат својот живот.Отсекогаш постоеле поединци кои се преокупираат со другите, тие не ги практикуваат сопствените вредности, туку тежнеат да го анализираат и критикуваат туѓото однесување, обидувајќи се да проникнат во сè што прават другите.Прашањето е зашто се тие завидливи и од каде потребата за критички пристап?Преокупираноста со постапките и однесувањата на другите е знак за празно и површно живеење. Некои лица како да се опседнати од потребата да нурнат во туѓите животи и да бараат слабости кај лицата кои ги опкружуваат, наместо да се соочат со сопствените погрешни убедувања и да го хармонизираат својот живот.Отсекогаш постоеле поединци кои се преокупираат со другите, тие не ги практикуваат сопствените вредности, туку тежнеат да го анализираат и критикуваат туѓото однесување, обидувајќи се да проникнат во сè што прават другите.Прашањето е зашто се тие завидливи и од каде потребата за критички пристап?

Магазин | пред 5 години

pozar-1

Пожар во маркет на Партизанска

Во скопската полиција, синоќа околу 2 часот по полноќ, било пријавено дека настанал пожар во маркет на булеварoт Партизански одреди.При тоа биле опожарени два ладилника и дел од стаклото на излогот од маркетот.Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

gradinka-2

Неготинчанец го оставил детето во градинка и заминал да се тестира, резултатот позитивен

Маж од Неготино во четвртокот го оставил своето три-годишно дете во градинка и заминал да се тестира за корона вирус. Неговиот резултат е позитивен. Мајката не се тестирала, а детето ќе биде тестирано- информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци, објави skopskoeho.mk. Во истата група во која престојува детето на позитивниот маж, денес е регистриран позитивен случај кај дете на три годишна возраст, кое било тестирано бидејќи пројавило симптоми. 

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Не гледам потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно национално или стратешко прашање

Нема лидерска средба за преговорите со Бугарија. Премиерот Заев не го прифати барањето на Мицкоски да седнат на заедничка маса и отворено да дискутираат за сите отворени прашања, вклучувајќи го и ризикот од можно вето. Мицкоски не сака договор, бара само начин како да и наштети на државата, вели Заев за Телма.Не гледам потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно национално или стратешко прашање. Мицкоски не е за договор на која на било која тема, тој бара начин како само да и наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ, истакна Заев. 

Македонија | пред 5 години

liderska-sredba

СДСМ не гледа потреба од лидерска средба

Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави денеска портпаролката на СДСМ во одговор на новинарско прашање."Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа", изјави портпаролката Кузеска." Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ", кажа Кузеска

Македонија | пред 5 години

w_56083030

Денеска нови 428 нови случаи на Ковид 19 и починати 10 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5.Починати се  10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 9854, активни 2655• Куманово 1973, активни 218• Дебар 309, активни 50• Штип 1443, активни 160• Прилеп 925, активни 227• Тетово 1722, активни 291• Струга 749, активни 79• Велес 429, активни 96• Битола 467, активни 155• Охрид 510, активни 89• Кавадарци 321, активни 89• Гостивар 1028, активни 97• Гевгелија 267, активни 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 580, активни 360• Крива Паланка 176, активни 60• Радовиш 170, активни 72• Крушево 20, активни 0• Кочани 567, активни 205• Пробиштип 139, активни 24• Демир Хисар 65, активни 4• Македонски Брод 98, активни 4• Пехчево 53, активни 9• Берово 164, активни 41• Валандово 82, активни 50• Виница 150, активни 49• Делчево 210, активни 114 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 31, активни 7• Свети Николе 423, активни 59• Кичево 416, активни 78• Ресен 201, активни 38• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1853 теста се преку: ИЈЗ-644, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-456,  Биотек-202, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -85, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-37, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 118• Гази Баба – 282• Аеродром - 531• Карпош – 437• Центар – 448• Кисела Вода – 312• Ѓорче Петров – 208• Бутел - 107• Шуто Оризари – 15• Студеничани – 4• Сарај – 16• Арачиново – 7• Илинден – 36• Сопиште – 20• Чучер Сандево – 8• Петровец –16• Зелениково - 8• Странец – 12• Нераспределен- 70

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Претрес во Бутел, приведен дилер на дрога

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 21.00 часот на 16.10. до 02.00 часот на 17.10.2020, по претходна судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на подрачјето на Бутел, во кои престојувал Н.А.(21) од Скопје.За време на претресот пронајдени биле девет ќеси со марихуана, а Н.А.(21) од Скопје бил лишен од слобода по чл.215 од Кривичниот законик и приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

2d

Одбележан Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе

Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе г-ѓа Магдалена Несторовска се обрати по повод одбележувањето на 18 октомври - Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, на онлајн настан со новинари, претставници на медиумите и граѓанското општество.Свое излагање имаа и Светлана Влаховиќ Димановска, началник на Сектор за преговори и евроинтеграција во МВР и заменик национален координатор за борба против трговија со луѓе, како и Љупчо Маркудов, началник на Единицата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во МВР.Настанот е организиран во заедничката акција на Европската Унија и Советот на Европа за „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија" , во соработка со Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и со учество на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика.За време на овој настан,  новинарите, дописниците и претставниците на медиумите имаа можност да слушнат и да разменат мислења во однос на институционалната рамка за спречување и борба против трговијата со луѓе, улогата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, улогата на Нaционалнaта единица за сузбивање на трговијата со луѓе и илегалната миграција, начинот на кој може да се подобри медиумското известување за случаи на трговија со луѓе, разликите помеѓу трговијата со луѓе и илегалната миграција, заштита на лични податоци на жртвите на трговија со луѓе.

Македонија | пред 5 години

DSC_0048

70 санкции за еден час во Кичево, над 12.000 за три седмици во државата

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кичево, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кичево. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кичево да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „Само за еден час во денешната акциска контрола во Кичево се изречени 70 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кичево ќе бидат презентирани утре.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Улиците Лазар Личеноски и востаничка од утре отворени за користење -Градот Скопје ги заврши реконструкциите во рекордно време

Екипите на Град Скопје во рекордно време ја завршија реконструкцијата на  улицата Лазар Личеноски кај скопското Кале. Улицата се реконструираше на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.Со нанесување на завршниот асфалтен слој на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, екипите на Град Скопје, ја завршија реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. Во изминатиот период на оваа делница долга 1.100 метри беа обновени коловозот и рабниците, а беа реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, но беа и изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување. Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа предмет на реконструкција минатата година.Во текот на денешниот ден ќе биде завршена реконструкцијата на коловозот на улица Никола Карев кај Нова железничка Станица и тоа на потегот од к-ца со булевар Кузман Јосифовски Питу до к-ца со бул. 3-та Македонска Бригада, со што целосно ќе бидат завршени три скопски сообраќајници. Долж улицата освен реконструкцијата на асфалтот од коловозот во должина од 510 метри, реконструирани се и тротоарите, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници. Со пробивањето на улицата Есенинова, реконструкцијата на оваа сообраќајница, па преку улицата Беласица, Град Скопје прави поврзување на три општини Кисела Вода, Центар и Гази Баба, а патувањето на возилата од бул. Борис Трајковски до клучката Континентал се очекува да биде скратено за повеќе од 10 минути. 

Скопје | пред 5 години

taleski

Талески: Институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните, сега е време на ред, правда и дисциплина

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е посветена на обезбедување ред, правда и дисциплина на сите нивоа.  Доказ за тоа, меѓудругото е и посветената работа на Министерството за внатрешни работи на спречување на прекршувања на законите во речиси сите области, истакна Миле Талески, пратеник од СДСМ.Преку професионална, одлучна акција припандници на МВР спречија влез на 252 мигранти, при што во истата акција сузбиена беше 12 члена организирана криминална група за круимчарење мигранти.Владата предводена од СДСМ и институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните.Јавноста е сведок на секојдневни акции на МВР за пронаоѓање лица во бегство од издржување казна затвор, на откривање економски криминал, како и на борба против трговија со дрога и психотропни супстанци.Во последниот период засилена е контролата на сообраќајни прекршоци. Само во петокот, само на територија на Град Скопје изречени се 400 санкционирања за различни сообраќајни прекршоци.Припадниците на полицијата активно работат и на санкционирање на прекршителите на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.Борбата против криминалот и корупцијата останува врвен приоритет за СДСМ и владата што ја предводи. Следува процес на целосно прочистување на судството и уште поголема транспарентност и отвореност на државните инситуции.Градиме држава на ред, правда и дисциплина, држава во која законите важат подеднакво за сите, истакна Миле Талески, пратеник од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

dimce-5

Арсовски: Кога ЈО ќе отвори случај за сведоштвото на благајничката од Националната агенција?

Како што можете да забележите огромна е ароганцијата и дрскоста кај функционерите на СДСМ. Покрај ароганцијата и дрскоста, Лидија Димова и Љупчо Николовски прават театар пред граѓаните, преку медиумите со кој ги замајуваат граѓаните неколку денови, дали треба да си даде оставка Лидија Димова од директор на агенцијата или не треба да си даде, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Сето ова се прави медиумски за да се дефокусира јавноста од криминалот кој што се случувал во агенцијата.Имаме јавно сведоштво од благајник кој работел во Националната агенција дека фалат 20.000 евра, односно нема покритие за таа сума на пари, кои се подигнати од благајната на Националната агенција со факсимил на Лидија Димова.За ова сеуште нема отворено никој случај, се уште не е влезено Јавното обвинителство, се уште државниот завод за ревизија нема влезено да направи ревизија на работењето и најважното, се уште Лидија Димова е на функцијата директор на Националната агенција.Уште колку пари треба да фалат во благајната за да си даде оставка Лидија Димова?Се уште Лидија Димова не го објавува рангирањето на проектите, односно бодувањето на проектите, кој проект колку бодови имал на рангирањето во Агенцијата. Тука вклучително говориме за оние проекти на фризерницата која што доби над 270.000 евра.Се уште братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски не го објавува јавно финалниот извештај кој што го побаравме и ние и граѓаните, да го објави од проектите за магариња и сирење, на кој начин и каде завршиле над 200.000 евра.Лидија Димова е влезена во скандали за кои што слушаме само последнава недела, во висина од над 600.000 евра, а Заев се уште плаши да ја смени.Зошто се плаши Зоран Заев да ја смени Лидија Димова од позицијата директор на Националната агенција?Дали парите од дел од проектите завршувале кај блиски луѓе од СДСМ наменети за предизборната кампања на СДСМ?Ова се прашањата на кои треба да одговорат од Владата, СДСМ, но и од Јавното обвинителство доколку се разбуди од зимскиот сон.До тогаш, Лидија Димова воопшто да не чека, да не прави театар низ медиумите со Љупчо Николовски, туку веднаш да си даде оставка од позицијата директор на Националната агенција, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

stevanovic

Д-р Стевановиќ за РСЕ: Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио нема да ни избега

Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио нема да ни избега, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) зборувајќи за состојбата со коронавирусот во земјава.Докторката одговара на прашањето, во кое сценарио би ја сместила Македонија од трите што ги предвидува Светска банка за земјава во зависност од употребата на мерките: првото дека ќе се заразат 25 проценти од населението, второто – 50 проценти или третото дека ќе се заразат 80 проценти.„Секако ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега, мораме да севратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија. А тоа е навистина толку многу пати повторено на сите различни нивоа, во смисла да се допре до сите различни таргет цели за примена на овие препораки и информации“, вели Стевановиќ, за slobodnaevropa.mk.Во интервјуто таа предупредува и на тоа дека не треба да дозволиме да почнеме да веруваме дека постои вирусот дури тогаш кога некој наш близок ќе има потреба од болница и од сериозно лекување.Интервјуто во целост со доктор Милена Стевановиќ може да го погледнете на овој линк. 

Македонија | пред 5 години

policija-2

151 санкционирани возачи во Горно и Долно Лисиче

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Горно и Долно Лисиче изречени се вкупно 151 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 20 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, девет прекршоци на мотоциклисти... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

partenij

Г. Партениј: 1000 години Бигорски Манастир – 1000 години родољубие, преродба, светост

Со синоќешната архијерејска Вечерна богослужба, на која молитвено претстоеше надлежниот архиереј, неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско– кичевски г. Тимотеј, почна одблежувањето на големиот јубилеј 1000-годинишнната од основањето на Бгорскиот манастр.Пред почетокот на Вечерната богослужба, во храмот на Чесниот Претеча, слово одржа епископот Антаниски г. Партениј, во кое меѓу другото рече дека илјадагодишното наследство во коешто се слева текот на богослужбениот и аскетско-исихастичкиот живот, го направиле ова место плодотворна почва за обожение, Едемска градина за духовно наситување и за успокојување, прибежиште на душите изморени и обременети од гревот и светот.„Во текот на десетте изминати столетија, Бигорски заблескал подобно на Горнатата одаја во Ерусалим, и во него секојдневно се слуша шумот на Педесетницата; оваа благословена падина на Бистра се открила како нова Таворска Гора, каде што преку зраците на Таворската светлина се преобразиле и осветиле многу души; реката Радика, пак, се покажала како некој нов Јордан, каде што непрестајно одекнува Претечевиот повик за покајание: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно – повик којшто силно одекнувал во нејзината клисура со векови, и оттаму се ширел како ехо низ нашите градови и села“, рече г. Партениј.Додаде дека кон богопрославеното бигорско илјадалетие, на наша чест, но и на голема одговорност, се додаваат и последниве две и половина десетлетија откако е возобновен монашкиот живот во него.„Накалемено на духовната ризница на благодатта Божја, напластувана на ова осветено место со векови, нашето скромно монашко братство смирено ја продолжува мисијата на своите претходници, чиешто присуство од небесната Црква силно го чувствува и преку него се утврдув“, рече епископот.Заради се она што го направил за манастрот, како и несебична помош и поддршка за прославата на великиот јибилеј, на г. Тимотеј му беше врачено највисокото милениумско одликување на Свештената бигорска обител – лента со ѕвезда и крст со ликот на Чесниот Претеча.Во Бигорски денеска е централната манфестација на одбележувањето на Миленумскиот јубилеј. Тука е претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на одбележувањето. Тој беше пречекан од г. Партениј и традицинална мијачка гарда.Почна и Божествена архијерејска литургија, со која чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан,во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, претседателот на државата  Стево Пендаровски.Во продолжение, од страна на митрополитот г. Тимотеј и епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен 23-годишен крадец од Скопје

На 17.10.2020 полициски службеници од Полициска станица Карпош го лишиле од слобода С.Р.(23) од Скопје, постапувајќи по пријава на П.В. дека во близина на крстосницата на  бул.„Партизански одреди“ со „Московска“ едно лице со закана од неговиот малолетен син одзело пари од неговата чанта.С.Р. е приведен во Полициска станица Карпош за понатамошна постапка и кај него се пронајдени одземените парични средства. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

maska

Заштитната маска, дистанцата и хигиената на раце се клучни во борбата со ковид-19

Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце - одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со ковид-19.Вчера, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Тој очекува измените во законот да се носат по скратена постапка, да се донесат новите мерки со цел спречување на ширењето на ковид-19.Насекаде во светот, во Европа и во нашата држава бројот на новозаболени од ковид-19 расте. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да се почитуваат универзалните мерки за заштита на индивидуалното и јавното здравје, уште повеќе заради тоа што временските услови се менуваат, а граѓаните почнуваат се повеќе да функционираат во затворени простории.Во моментов, единствениот начин за заштита од вирусот, насекаде во светот не само кај нас, е заштитна маска, потребното физичко растојание и редовна и темелна хигиена на рацете.

Македонија | пред 5 години

micevski

Мицевски: 170-те амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се реалните потреби и барања на граѓаните

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во емисијата „Бизнис поенти“ посочи дека мафијата на власт работи само за свои интереси, и се богатат врз грбот на граѓаните, а тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи насилно и шверцерско носење на закони од страна на парламентарното мнозинство.„Во ребалансот на буџетот поднесени се вкупно 186 амандмани. Од кои повеќе од 170 амандмани се амандмани поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Амандманите се поднесени со цел истите да бидат прифатени. Тоа се реални потреби и барања од граѓаните кои што се артикулирани на листа хартија од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски при гостувањето во емисијата „Бизнис поенти“.Мицевски посочи дека очекува овие амандмани да бидат сериозно разгледани и прифатени од парламентарното мнозинство.„Имаме различни амандмани од  суштински аспект, и амандмани кои што се локални кои што ги бара локалната заедница. Така, да еве би споменал од делот на образование, имаме поднесено амандман за компјутери за 40.000 деца, компјутери за наставниците во основното и средното образование. Зголемување на средствата за наставно - научно истражувачката работа, средства за обука на наставниот кадар и нивните асистенти. Во делот на животната средина субвенционирање на велосипеди, тротинети, енергетска ефикасност, да им се доделат средства на општините кои што ќе можат да ги прераспределуваат во општините со најголемо загадување. Тука се и филтри за индустриски капацитети и слични проекти“, потенцира Мицевски.Мицевски додаде дека се поднесени и амандмани во делот на здравството, во делот на проектите за опремување на инфективните одделенија. Реконструкција и санација на повеќе здравствени домови, зголемување на бодот кај стоматолозите се дел исто така од поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.„Во делот на земјоделието веќе не знам која година по ред го поднесуваме амандманот за издвојување на пари за интервентниот фонд во земјоделие кое што Заев го најави со Програмата во 2017-тата година. А, се уште за жал го нема. Обезбедување на средства односно пари, субвенции за оризопроизводителите, за грозјето, за јаболката, и за сите други земјоделски сектори. А, во делот на транспортот имаме проекти од рехабилитација на локални патишта, патниот правец  Кичево – Охрид, патниот правец Градско – Прилеп, реконструкција на железничкиот сообраќај. Во делот на културата зголемување на средства за археолошки ископувања, тука се Скопското, Виничкото Кале и многу други проекти кои што се вметнати во овие 170 амандмани од страна на опозицијата“, појасни Мицевски.Мицевски во текот на емисијата се осврна и на ставот на ВМРО-ДПМНЕ за заседавање на седници онлајн.„Нашиот став е јасен онлајн седници во оваа фаза не прифаќаме, затоа што тоа е деградација и понижување на институцијата Собрание, а пред се и деградација и замолкнување на институцијата пратеник“, истакна Мицевски.Мицевски нагласи дека пратеникот е избран од граѓани, и негова должност е да искажува ставовите и барањата на истите тие што го избрале.Мицевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ цело време забележува и воочува на власта дека нивните  претходни три пакети на мерки се промашени. А, тоа се забележува преку фактот што 550 милиони евра колку што требаше да се поделат на граѓаните и стопанството, се поделени само некаде околу 180 милиони евра. Односно само 33% од вкупната сума на пари предвидени со трите мерки. Ситуацијата со четвртиот пакет на мерки е иста. Се најавуваат помпезно мерките, се кажуваат високи милионски суми, но за жал тоа го нема. Реализација на тие предвидени мерки е од прилика околу 30-тина проценти. А, во однос капиталните инвестиции Македонија поради власта има поразителни податоци. Заклучно со месец август Македонија има реализација само од 125 милиони евра, или има реализација на вкупно 5% од Буџетот.

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Бачев: Нашиот закон за укинување на функционерските привилегии од 2009 е закочен во собраниските фиоки

Шведска министерка чека на железничка станица да си оди накај дома (слика 1). Холандскиот премиер веќе е тргнат накај дома со точак (слика 2). Зоран Заев накај дома со она на М (слика 3).Нашиот партиски предлог - закон за укинување на функционерските привилегии (слика 4 и 5) е поднесен во Собранието уште во 2009, но, до денес е закочен во собраниските фиоки. Нема чесен и домаќински пратеник да го стави на дневен ред и да престане луксузирањето на македонските функционери врз грбот на народот, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Македонија | пред 5 години

bigorski-manastir

(Живо) Божествена Архиерејска Литургија - Илјада години Бигорски манастир

Денеска еден од најстарите манастири во земјава, Бигорскиот манастир, одбележува илјада години  од своето постоење.  Основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Посветен е на Свети Јован Крстител, за кој во христијанските списи се вели дека „меѓу родените од жена нема поголем од него“. Во илјадагодишното постоење манастирот поминал низ различни периоди и епохи, се соочувал со различни предизвици, кои ги носело времето, а денес кога станува збор за Бигорската обител, невозможно е да не се спомене зборот „препород“ – било да се зборува за славното минато на манастирот или да се суди за денешните негови дела, особено во насока на помошта, која ја пружа на социјално загрозени лица, но и оние кои се борат со секаков вид зависности.https://www.facebook.com/bigorski.manastir/videos/985452481951627Одбележувањето на милениумски јубилеј „1000 години Бигорски манастир“ започна со Божествена архијерејска Литургија, со којашто чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА, .По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен Архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, Претседателот на државата Стево Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

terapija

Пациент прима терапија пред врата на болница во Струмица

Пациент се третира пред болницата во Струмица. На ова видео се гледа како лекарите му ја даваат терапијата пред влезот на објектот. Ова ги вознемири граѓаните кои се во паника – да не случајно се пополнил капацитетот на леглата. Од Министерството за здравство смируваат – пациентот се третираше надвор, по барање на родителите, а не поради тоа што немаше место внатре, објави ТВ 21.Текстот во целост на: ТВ 21.

Македонија | пред 5 години

amdi-svadba

(ВИДЕО) Амди Бајрам прави сведба за внуката во Истанбул, на забавата има 200 гости од Македонија

Поранешниот пратеник Амди Бајрам вечерва прави свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се случува на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија.https://www.facebook.com/gabriel.familija/videos/2754415451503384Во земјава, поради коронавирусот забрането е организирање свадби, па поради тоа Амди Бајрам решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема ваква забрана. Видеа од свадбата на ќерка си на својот Фејсбук профил постави синот на Бајрам, Габриел.Свадбата Бајрам ја имаше закажано за 11 ти октомври, но лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам рече дека ја откажал свaдбата на внуката Перјан, која претходно била закажана во ресторан во Шуто Оризари. Покана за семејната забава на која пишува дека ќе се одржи утре, беше објавена на социјалните мрежи, по што се покрена лавина на реакции, бидејќи свадбите се забранети поради пандемијата со корона вирус.Тогаш Бајрам кажа дека нема да има ништо од најавената свадба, бидејќи ги почитува одлуките на здравствените власти.Но, очигледно Бајрам најде друго решение за да се одржи свадбата. Прашањето е што ќе се случува кога присутните ќе се вратат во Македонија.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-1-219117

Преку системот РАВИО на царинската управа, спречен обид за патување на лице инфицирано со КОВИД 19

На Аеродром Скопје од страна на аеродромските служби (Царинска управа, Гранична полиција, ТАВ) во соработка со Државниот здравствен и санитарен инспекторат - ДСЗИ, денеска е спречен обид за патување - излез од Р. Северна Македонија на лице инфицирано со Covid 19.Лицето се пријави за патување за лет бр. W67729 на релација Скопје-Франкфурт во Меѓународниот Аеродром Скопје, во 11:30ч, М. М. (46) роден во Германија со живеалиште во Кичево.Патникот е автоматски селектиран од страна на системот за контрола на патници кој што се вкрстува со списокот на лица позитивни на Covid 19 за кој се одговорни службите од Институтот за јавно здравје.По добиената нотификација на спомнатиот систем за пријавата за лет на лице позитивно на COVID19 со решение за самоизолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат, информирани се надлежните безбедносни аеродромски служби кои во соработка со соодветните здравствени служби го спречија патникот да ја напушти земјата. Лицето е изолирано на место предвидено за вакви случаеви и истиот со возило на Брза помош е ставен во изолација според здравствените протоколи.Системот за автоматско следење и стопирање на лицата кои се обидуваат да излезат преку аеродромите од државата, а кои во случајот имаат решение за изолација се пушти во функција на 05.10.2020Царинската управа со одлука на Владата на РС Македонија а во соработка со безбедносните и здравствените служби, продолжува со вршење на своите законски обврски во време на пандемијата.https://www.facebook.com/CustomsMK/photos/a.2321820644768533/2845395949077664/

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Бачев: Јане Ченто е суден врз основа на лажна изјава од заштитен сведок со кодно име С1

“Јане Ченто е суден како „терорист“ кој малтене формирал терористичка организација да влезе во Собранието, само врз основа на лажна изјава на записник на четири страни од т.н. заштитен сведок по задача со кодно име C1, напиша на својот ФБ профил претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев.Тој во својата објава додава:Интересно е што преку лажна изјава на овој т.н. заштитен сведок C1 имало обид и за мое местење во настаните од 27 април. Т.н. заштитен сведок како што можете да прочитате, на записник дава лажна изјава дека сум го поврзал членството на партијата со патриотските здруженија за напад во Собранието и после настаните во Собранието сум учествувал во префрлање на уставобрнителите во Јужна Србија.Но, по доставувањето на транскриптите од Управата за оперативна техника на ДБК каде се врши прислушувањето и тајното следење се видело дека е целосна лага, бидејки во тој момент според прислушувањето и следењето не сум бил дури и во Скопје а не пак вечерта на 27 април да вршам префрлање на уставобранители во Србија, што е несоборливо алиби. Ете, произлегува дека понекогаш е дури и добро да те прислушуваат и да ти го знаат движењето.Патем, ова со наводното поврзување на членството на партијата да влегува во Собранието како и префрлање во Србија е целосно забегана работа и лага, по настаните во Собранието уставобранителите си беа тука во Македонија и никој не избега во Србија.Како и да е, сакајќи да ми наштети, со ова всушност се покажува дека власта игра со лажни сведоци против уставобранителите. Во секое зло, добро!, напиша Бачев на ФБ.https://www.facebook.com/JankoBachev66/posts/771331253444787

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања