Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

parking

Минатата недела санкционирани се 182 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 182 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 12.10. до 18.10.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 84 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 98 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.      

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

301 санкционирани возачи во Скопје: 69 за пречекорена брзина, 14 за минување на црвено светло

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 69 прекршоци, 14 мерки за возачи кои поминале на затворен семафор (црвено светло) и 22 за технички неисправни возила. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 5 санкционирани мотоциклисти, 64 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со „пајак“ и 42 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

saksija-aa

(ВИДЕО) Жена украде огромна саксија пред кафe бар во Дебар Маало

Нов случај на кражба на украсно цвеќе фатена на камера се појави во скопско Дебар Маало, а снимката покажува како една повозрасна жена со кратка коса, подига и носи голема саксија поставена пред „Радио бар“, тешка најмалку 20 килограми.https://www.facebook.com/wish.ko/videos/10160228414239325  

Скопје | пред 5 години

nema-voda

Саниран дефектот кој предизвика прекин на водоснабдувањето - скопјани ќе добијат вода до полноќ

Отстранет е дефектот кој ги остави жителите на Скопје без вода. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје се затвори цефка од ф1400мм, а до полноќ водоснабдувањето ќе биде нормализирано.Имено, екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје, непрекинато работеа на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстранија истиот. “Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување. 

Скопје | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски: Лидија Димова е зрела за кривична одговорност за злоупотребите во Националната агенција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на граѓаните на LiveChat во живо на Фејсбук, истакна дека Лидија Димова е зрела за кривична одговорност пред законите за злоупотребите во националната агенција.- Јас би рекол дека Лидија Димова не е зрела за оставка, туку е зрела за кривична одговорност и пријава поради злоупотреба на службена должност. Ценам дека Лидија Димова со сите оние злоупотреби кои ги направи во агенцијата, не треба да се бара оставка туку веднаш детална истрага од страна на обвинителството за начинот на кои се делеле тие средства и дали ја оправдале целта и намената за која биле трошени, потенцираше Мицкоски.Тој додаде по завршување на дебатата поврзана со ребалансот, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи надзорна расправа за работата на Лидија Димова во Националната агенција.На прашањата во врска со потенцијални коалициски окрупнувања во следниот период, Мицкоски истакна дека она што ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија ќе го прави во следниот период е окрупнување на коалицискиот потенцијал против политичката мафија која владее во Македонија.Претседателот Мицкоски посочи дека приоритетно треба да биде обединувањето заради спас на Македонија од  деструктивните и криминално, погрешни политики на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.-Веќе започнавме еден процес на окрупнување до сега структури како дел од политичката партија Интегра преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, изминатиот викенд членови на дел од движењето ФРОДЕМ исто така преминаа во ВМРО-ДПМНЕ и во периодот кој што следи ќе има и други структури на политички партии кои ќе преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, и она што е најважно е дека работиме на коалицискиот потенцијаал, обединување и окрупнување и наоѓање на заедничка сврзна точка, тоа е борбата против понатамошното пљачкање на државата и политичката мафија која владее во Македонија, објасни Мицкоски. 

Слајдер | пред 5 години

skopje

ВМРО ДПМНЕ утре ќе протестира во 7 градови против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот

Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Тие додаваат:Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите.Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протести со возила на територија на Град Скопје, и општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола утре вторник 20.10.2020 година со почеток во 18:30 часот. Протестот со возила на територија на Град Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот. Ова самоволие на власта мора да прекине!

Македонија | пред 5 години

19102020_PVRSM_Zaev_ZPVRSM_Bitikji_MF_Besimi_sredba_ADKOM-2

Заев на средба со претставници на АДКОМ: Државата ќе им излезе во пресрет на јавните комунални претпријатија во тековниот кризен период

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии Фатмир Бесими, и преку онлајн врска со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, остварија средба со претставниците на Здружението на даватели на комунални услуги - АДКОМ, кое ги претставува јавните комунални претпријатија во Република Северна Македонија.На средбата беше разговарано за состојбата и тековните предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија во земјата и можностите да го одржат квалитетот на услугите кон граѓаните во претстојниот кризен период предизвикан од пандемијата од вирусот КОВИД-19.Претставниците на АДКОМ, на чело со претседателот Зоран Георгиев, го запознаа Премиерот со актуелните проблеми и барања на Здружението на даватели на комунални услуги кои се однесуваат на даночни и друг вид финансиски олеснувања и субвенции со цел да ја подобрат ефикасноста на своето работење.Премиерот и министрите ги разгледаа нивните барања и изразија цврста волја да им се даде силна поддршка во претстојниот период.„Сите заедно пребродивме една тешка сезона и државата чувствува должност да им помогне на јавните комунални претпријатија. Ние тоа ќе го направиме и преку зајакнување на општините преку следниот пакет за децентрализација“, порача премиерот Заев.Премиерот Заев изрази уверување дека Владата, во соработка со државните институции, ќе најде решение за отпис на каматите за долгови што ги имаат јавните комунални претпријатија кон државните институции, а во наредниот период преку еднократна интервентна мерка ќе ги поддржи јавните комунални претпријатија во износ на една минимална плата за вработените.

Македонија | пред 5 години

klinika-678x292

За раководител на Клиниката за ортопедија назначен е д-р Далип Јахја

Министерството за здравство информира дека за раководител на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ назначен е д-р Далип Јахја од ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска 161 нов случај до КОВИД 19 во земјава, починаа 12 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2.Починати се 12 лица, 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82г), пациент од Струга (67г), од Тетово (85г), од Битола (68г), од Кавадарци (56г) и пациент од Прилеп (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 9942, активни 2674• Куманово 1986, активни 225• Дебар 309, активни 50• Штип 1446, активни 159• Прилеп 931, активни 226• Тетово 1727, активни 288• Струга 749, активни 75• Велес 433, активни 97• Битола 466, активни 151• Охрид 510, активни 86• Кавадарци 323, активни 85• Гостивар 1040, активни 104• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 588, активни 358• Крива Паланка 178, активни 62• Радовиш 172, активни 70• Крушево 20, активни 0• Кочани 569, активни 195• Пробиштип 141, активни 20• Демир Хисар 65, активни 4• Македонски Брод 98, активни 4• Пехчево 53, активни 7• Берово 170, активни 44• Валандово 83, активни 47• Виница 150, активни 49• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 31, активни 7• Свети Николе 424, активни 58• Кичево 418, активни 78• Ресен 201, активни 38• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 771 теста се преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0,  Биотек-29, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -158, Систина со PCR метода -154, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 115• Гази Баба – 280• Аеродром - 534• Карпош – 446• Центар – 445• Кисела Вода – 320• Ѓорче Петров – 216• Бутел - 111• Шуто Оризари – 16• Студеничани – 5• Сарај – 16• Арачиново – 8• Илинден – 36• Сопиште – 21• Чучер Сандево – 9• Петровец –17• Зелениково - 8• Странец – 12• Нераспределен- 59

Македонија | пред 5 години

kamnar

Директорот на Клиниката за ортопедија д-р Виктор Камнар поднесе оставка

Клиниката за ортопедија која е дел од ТОАРИЛУЦ остана без раководител откако утринава доктор Виктор Камнарси поднесе оставка. Но, како што изјави досегашниот шеф на Клиниката за ортопедија, на негово место пристигнува друг „сериозен колега“.„Се повлекувам од позицијата, а на мое место ќе дојде друг сериозен колега кој ќе раководи со Клиниката за ортопедија. За овие три години сметам дека направивме многу. Ги реновиравме хируршките сали, ја унапредивме ортопедијатѕа во повеќе насоки, но сега се повлекувам, од позицијата раководител. Секако и понатаму останувам во оваа Клиника“, изјави Камнар за „Фактор“.Имено како што дознава Курир коалицискиот договор за директор од ДУИ е причината за денешната оставка на Камнар, а не поради лични причини.На негово место доаѓа Д-р Далип Јахја.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: На утрешната владина седница ќе предложиме уште еден пакет мерки кој може да го намали бројот на новозаразени од ковид-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска изјави дека по утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести го информираа штабот во Владата во однос на капацитетите на болниците и ја презентираа двонеделната анализа со епидемиолошката состојба во земјава.Во епидемиолошкиот дел се бележи значителен раст на новодијагностицирани случаи, процентуално најмногу во возрасните групи од третата, четвртата и петтата декада со карактеристики како во Скопје, така и во цела држава.„Што се однесува до капацитетите во болниците, тие продолжуваат да се пополнуваат. Се уште нема сместено, иако е целосно подготвена модуларната болница до Инфективната клиника, кадарот е тука, подготвен. Интернистите коишто доаѓаат по системот на ротација, како и медицинските сестри. Исто така, ГОБ „8 Септември“ со целокупниот персонал којшто работи на оваа проблематика, интернисти и анестезиолози коишто работат заедно со инфектолозите, меѓутоа веќе се исполнија одделенијата инфективни во Струмица, во Куманово и во Штип, а почнуваат да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема места во болницата во Прилеп, и уште едно крило е отворено во болницата во Битола за целиот тој регион. Забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар.“, потенцираше министерот Филипче.Тој истакна дека на утрешната седница ќе предложат уште еден пакет на мерки.„На Владата на утрешната седница ќе предложиме уште еден пакет мерки. Сите економски оператори да работат до 23 часот, како и ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака до целата државна и јавна администрација, препорака до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес. Сето ова со пакетот на мерки кој утре ќе се дискутира во Собранието. Законот е веќе даден по скратена постапка. Законот за заштита на населението од заразни болести, а во тој закон се веќе вметнати предлозите за задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири. Сметаме дека тоа е еден пакет мерки којшто значајно може да го намали бројот на новодијагностицирани случаи“, рече министерот Филипче.Во изјавата за медиуми, министерот Филипче упати порака до граѓаните.„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, односно полициски час. Да собереме сили сите, да ги почитуваме мерките за да го избегнеме сето ова, заради тоа што ова е начинот на којшто ќе треба да се функционира, во периодот што е пред нас доаѓаат уште поладни есенски и зимски месеци“, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен државјанин од Албанија баран од Интерпол

На 19.10.2020 во 08 часот на Граничниот премин Блаце е приведен З.А. (23) од Република Албанија, затоа што се барал по потерница од Интерпол- Германија. По приведувањето, почната е постапката за одредување на екстрадициски притвор за лицето 

Македонија | пред 5 години

izmamnici

МВР со апел до граѓаните за претпазливост: Измамници бараат пари од повозрасни лица за наводни сообраќајки

Во дневниот билтен на МВР сведоци сме на зачестени измами што ги пријавуваат граѓаните, кои се најмногу насочени кон повозрасните лица.Начинот на измама e со телефонско јавување на измамниците кај постари лица,  при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека нивните син или ќерка предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор. Има и такви случаи кога измамниците ги доведуваат во заблуда оштетените дека телефонски разговараат наводно со сопственото дете, кое со вознемирен глас им кажува да прават тоа што се бара од нив.Притоа, измамниците ги наведуваат оштетените за кусо време да ги обезбедат бараните парични средства, кои ќе бидат преземени од сторителите.  Од оперативни сознанија на МВР, измамниците на ист начин функционираат и во Бугарија и другите соседни земји.Затоа, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на пријавените сторители на измами.

Македонија | пред 5 години

19-10-2020-Kaleska-Vanceva

Калеска -Ванчева: Со четвртиот пакет мерки 5.726 самохрани родители добиваат платежни картички

Владата предводена од СДСМ континуирано им помага на граѓаните и стопанството да се справат со негативните последици од коронакризата. Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.283.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 27,6 милиони евра.Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза.Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.Овој сет економски мерки има за цел да им помогне на што повеќе граѓани и на што повеќе домашни компании во надминувањето на негативните економски последици.Затоа е важно сите пратеници да дадат поддршка на измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година, ребалансот да биде усвоен и 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.СДСМ како одговорна партија, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува со вистинска грижа за сите. Работиме уште повеќе посветено за интересите на граѓаните, за да биде уште подобро за сите, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Отворен новиот памптрак велодром во вториот дел од Градскиот парк

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите од денеска можат да го користат новиот памптрак полигон во вториот дел од Градскиот парк, во непосредна близина на просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт. Ова е втор памптрак изграден во Скопје, првата ваква адреналинска патека лани беше оформена на просторот пред Олимпискиот базен. Овој проект е изработен во соработка со долгогодишниот партнер на Градот Скопје во развојот на велосипедизмот и алтернативниот начин на движење – Стопанска банка АД Скопје. Сакам да упатам голема благодарност до Стопанска банка за целокупниот ангажман што го имаше досега, таа е сериозен партнер на кој може да се потпре Градот Скопје. Во овие тешки времиња соработката меѓу општествено одговорните компании и институциите може да даде квалитет во уредувањето на отворениот простор каде што граѓаните ќе можат безбедно да се движат, да се рекреираат и да се дружат - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на отворањето на велодромот во Градскиот парк.Новиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти. Градот Скопје преку своите јавни претпријатија се погрижи овој простор да добие соодветно осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода. Со цел овој простор да биде попристапен за граѓаните целосно беше реконструиран и големиот паркинг во непосредна близина.Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, Диомидис Николетопулос, денеска изрази задоволство што брендот Стопанска банка АД – Скопје се повеќе станува синоним за соработка со заедницата, инвестирање во подобра животна средина и граѓанска активност.

Скопје | пред 5 години

dimce-4

Арсовски: Кога планираат Русковска и Јовевски да отворат случај за проневера на над 20.000 евра пари од благајна од Националната агенција?

Поминаа точно четири дена откако Љупчо Николовски најави дека ќе побара оставка од Лидија Димова. Еве и после четири дена, ниту Николовски побара оставка, ниту пак Лидија Димова даде оставка.  Како што и рековме, класичен театар за замајување на јавноста од генералниот проблем, а тоа е криминалот и корупцијата кои што дивеат во оваа влада, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Јавното обвинителство се уште нема отворено случај за сомнежите за криминал во Националната агенција.Кога планираат Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да отворат случај за сомнежот за проневера на над 20.000 евра пари кои што фалат од благајната од Националната агенција за кое што има и јавно сведоштво од страна на благајникот кој што работел во Националната агенција? Притоа парите биле земани со факсимил на Лидија Димова.Кога Лидија Димова планира да ги објави бодувањата и рангирањата на проектите за кои што се доделени сериозни пари?Кога Лидија Димова планира да ги објави крајните контрактори каде завршиле парите од проектите кои ги доби братот на Диме Велковски и познатата фризерница од Аеродром? Притоа станува збор за некаде околу половина милион евра.Имаше сомнеж дека се перат пари преку проектите кои ги дели Лидија Димова на своите кафеански пријатели. Кога планираат институциите да го истражат тоа?Лидија Димова мора веднаш да си даде оставка. Начинот на работа на Владата на СДСМ е единствено криминален и никако поинаку.Сите работат по примерот на Зоран Заев. Криминал, криминал и само криминал и многу корупција.За ова мора да има одговорност и оставки уште веднаш, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

koronasvadba

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

На 18.10.2020 во периодот од 20.00 до 23.30 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Глумово - Сарај. Притоа, во објектот, сопственост на Б.Ј.(35) од с.Глумово, се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 250 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата на Владата на Република Северна Македонија за неносење на лична заштита на лицето.Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето. 

Македонија | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Кој е Ристо Новачевски уапсениот кум на Никола Груевски?

Полицијата го приведе Ристо Новачевски, кум на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Тој е осомничен, како дел од поголема група, за сторено кривично дело перење пари. Според извори во истрагата групата и Новачевски се осомничени за купување градежни парцели на Водно. Во една од објавените бомби, во проектот Вистината за Македонија, Никола Груевски објаснува како нашол за џабалак плац на Водно, објави vocentar.com.Порталот додада дека имаат информација дека на Ристо Новачевски, кум на некогашниот премиер Никола Груевски и воедно брат на неговата лична секретарка, Диамед Македонија во периодот 2014 до 2017, му исплаќа вкупни износи од плата од преку 10 милиони денари, исплата на надоместоци околу 17 милиони денари, разни готовински исплати од речиси 9 милиони денари и преку картичка на Диамед Македонија, лицето подига 12 милиони денари, кеш пари од банкомат, рече Дончев.Ристо Навачовски му беше кум на Никола Груевски во неговиот прв брак, во вториот брак на Груевски негов кум беше тогашниот министер за финансии, Зоран Ставревски.Новачовски се спомнуваше како можен конзул во Солун но под притисок на јавноста не беше испратен на таа функција.Важи, заедно со Тони Димитриевски, за човек од најголема доверба на Груевски. Новачовски и Димитриевски беа претседатели на Управниот и Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Преку тоа претпријатие помина голем дел од екипата на Груевски и Мијалков: Никола Тодоров, Биљана Бришковска други.Текстот во целост на: vocentar.com.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња од градинките и околу 50-тина вработени

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, соопшти дека според последните бројки кои ги реферирале денеска имало 18 позитивни деца и 55 вработени од почетокот на работа на градинките.Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени.Според министерката состојбата се следи и ќе се носат одлуки во консултација и соработка со здравствените и локалните власти.– Будно се следи состојбата. Ќе носиме одлуки заедно со локалните самоуправи затоа што не секаде епидемиолошката состојба е иста. Најважен капитал е здравјето на граѓаните и на најмладите, рече Шахпаска, одговарајќи дали се размислува за затворање на градинките.  

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Утврдени новите цени на горивата

Од вечерва на полноќ цената на бензините се намалува за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за половина денар на 59 и 61 денар за литар.Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 денари и ќе изнесува 26,754 денари за килограм.

Македонија | пред 5 години

OBROK-page-001

Општина Аеродром доделува субвенции за топол оброк

Општина Аеродром објавува јавен повик за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта за учебната 2019/2020 година.Општина Аеродром со цел да му излезе во пресрет на секое семејство од подрачјето на Општина Аеродром што имало ученик во дневен престој/целодневна настава во основните училишта и користел топол оброк за време на престојот, ќе му се исплатат средства во износ од 25% од уплатениот износ за топол оброк за еден месец, но не повеќе од 500,00 денари.Јавниот повик ќе трае од 20 октомври 2020 година заклучно со 6 ноември 2020 година.

Скопје | пред 5 години

centralen-registar

Централен регистар станува подостапен - има нов Портал на услугите

Новиот веб портал на Централниот регистар на Република Северна Македонија, е пуштен на продукција и достапен за јавноста.Концептот на порталот е внимателно дизајниран да се прилагоди на потребите како на професионалните корисници (адвокати, нотари, сметководители, комори, новинари, општини) така и на потребите на деловната заедница и граѓаните како корисници на услугите.Сите ние сме сведоци за тоа колкаво е значењето на дигитализацијата поттикнато од пандемијата со која сме соочени. Електронската комуникација, можноста услугите да се добијат преку електронски пат станаа императив со цел да се овозможи непречено функционирање како на државата, така и на деловната заедница. За среќа, Централниот Регистар се определи за целосна дигитализација многу пред самата пандемија, и во тој поглед претставува пример за јавниот сектор.Стандардите за квалитетни услуги согласно кои работи оваа институција, меѓу другото,  наложуваат постојана и бескомпромисна грижа за своите корисници, мерење на нивото на задоволство, но и детална анализа на нивните барања и потреби.Многу сме благодарни за соработката! Таа соработка и нивните ставови јасно искажани преку можноста која постојано им ја даваме на граѓаните, безрезервно ни помогнаа да ги канализираме развојните проекти во насока најдобра за сите.Слухот за потребите не престанува овде. Секој предлог, секоја потреба, секоја сугестија, проблем, жалба или пофалба детално се разгледувани, а од секој предлог развиени се соодветни решенија во насока на исполнување на корисничките барања.На Новиот, современ мултијазичен портал на услугите на ЦРРСМ, кој обезбедува  структурирано и стандардизирано организирање на информативните податоци за услугите на институцијата, корисниците можат да пристапат едноставно и интуитивно, брзо, и без никакви потешкотии при пронаоѓање на потребните системи и услуги.Дизајнот на порталот, заедно со неговата организација и видливост на податоците кои ги содржи се главните аспекти кои проектните тимовите ги конструираа со цел да обезбедат што е можно поедноставно пронаоѓање и користење на услугите од страна на корисниците на ЦРРСМ. Водејќи се од барањата за овој проект, сугестиите кои беа прифатени, стратегијата за воспоставување на ЕТК, како и стратегијата за развој на институцијата во периодот 2018-2022 отвораме едно ново поглавје во административното работење – Современ, дигитален кориснички пристап, преку нов, сервисен модел на веб портал.Паралелено, сите основни системи со кои раководи Централниот Регистар се усогласени со новиот дизајн и корпоративен идентитет, нозаради обезбедување на максимална расположливост и функционалност на системите за поднесување на пријави за упис во регистрите, нивното пуштање во работа со нов интерфејс усогласен со дизајнот на новиот портал ќе се одвива фазно во периодот што следи.Преку Отвореното владино партнерство креиравме ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ, нужни за професионалните корисници, коморите и за сите кои имаат потреба од информации од јавен карактер поврзани со бизнис климата во земјава.Услугата „Основен профил на регистриран субјект“ има за цел да и овозможи на јавноста основен преглед на јавните податоци кои ги администрира ЦРРСМ, а кои се однесуваат на основната регистрација на субјектите. Со ова Централниот Регистар ќе ги исполни и барањата на јавноста за транспарентност и достапност на одреден сет на податоци за деловните субјекти но и задолженијата согласно програмата за Отворено Владино Партнерство.Во листата на субјекти кои се резултат од иницијалното пребарување , корисникот ќе може да одбере конкретен субјект и ќе може да ги види следните податоци за одбраниот субјект:ЕМБС;ЕДБ;Целосен назив;Скратен назив;Датум на основање;Правна форма;Правен статус;Адреса;Дополнителни информации (во стечај/во ликвидација);Претежна дејност;Големина.Истовремено со ова се врши и усогласување на Централниот Регистар со најновата Директива на ЕУ за примена на дигитални алатки и дигитални процеси во трговското право во поглед на отворање на основните податоци за правните лица. Услугата „Последни објави од Едношалтерски систем и Регистар на Дисквалификувани Субјекти“ има за цел да и овозможи на јавноста преглед на последните промени во овие 2 регистри, што претставува законска обврска на ЦРРСМ.Услугата „Статистички билтен“ има за цел да понуди преглед на низа сумарни, макроекономски податоци од регистрите кои ги управува ЦРРСМ кои ја одразуваат генералната економска клима на државата.Сите статистички филтри се имплементирани да даваат податоци на ниво на целата држава, како и на ниво на секој статистички регион одделно.Дополнително, секој подносител во системите ја има можноста да го следи статусот на обработка на предметот за кој е поднесена пријава, преку услугата Статус на обработка на предмет.Интегрален дел од овој проект преставува и имплементацијата на Заедничката платформа за отпочнување бизнис преку интеграција на системите на ЦРРСМ, УЈП и АВРСМ, преку која се овозможија и нови услуги во функција на олеснување на влез во бизнисот и тоа:Доброволната регистрација на субјектите (трговски друштва) како ДДВ обврзници при Управата за јавни приходи при самиот упис на основање иДоброволното пријавување на овластеното лице за застапување (застапникот по закон) во задолжително социјално осигурување (АВРСМ),Со ова го заокруживмее проектотЗаедничка Платформа за отпочнување на бизнис, и започнуваме ново поглавје за македонското стопанство, кое се надеваме дека ќе биде валоризирано во следниот извештај на Светска Банка во поглед на рангирањето на земјата, а со тоа ќе се даде и дополнителен стимул и импулс во привлекувањето на нови инвестиции кои се од насушна важност за нашето стопанство.Централен регистар е секогаш на страната на корисниците и постои за да даде максимална поддршка на секој постоечки и потенцијален правен субјект во земјава, на сите кои имаат регистрирано сопствен бизнис, но и на секој еден кој би сакал да стане дел од бизнис заедницата во РСМ.Централниот регистар  останува на располагање и е достапен за било какви прашања преку контакт формите за техничка помош, маркетинг и рекламации и будно ќе ги следи потребите на сите граѓани и во иднина. Со новиот портал отвораме и дополнителен директен електронски канал за комуникација со нашите клиенти и партнери бидејќи нивните потреби и нивната критика е тоа кое дава правец на нашиот развој. 

Македонија | пред 5 години

martin-1

Мартин Протуѓер е позитивен на Ковид-19 - се одложи „Титаник“

Мартин Протуѓер, поранешен шеф на кабинетот на Никола Груевски, двајцата обвинети во случајот „Титаник” денеска не дојде на закажаното рочиште за процесот бидејќи, како што извести неговиот адвокат, тој бил позитивен на тестот направен за ковид-19.Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена, односно во тој период нема да се одржат главните расправи. 

Македонија | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

ЈО со истрага за Перење пари против шест лица меѓу кои и Груевски, еве ги деталите

По повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик .Во периодот од 2006 до 2012 година првоосомничениот искористувајќи траен однос и исти прилики противправно за себе присвоил туѓи подвижни предмети што му биле доверени. Имено, тој како претседател на политичка партија дел од паричните средства кои во овој период ги примил лично или преку општинските комитети на партијата како донации за финансирање на политичката партија, не ги прикажал како примени донации во финансиските квартални извештаи на партијата и од нив за себе присвоил пари во износ најмалку од 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари.Во периодот од октомври 2012 година до септември 2013 година средствата прибавени со кривичното дело – Затајување од чл.239 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик ги пуштил во оптек со купување на градежно земјиште на Водно. Второосомничениот, иако знаел дека паричните средства се прибавени со кривично дело, стапил во контакт со сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и побарал документацијата, печатите и жиросметката да му бидат дадени на располагање. Во јули 2012 година била основана фирма – ќерка во Скопје на која, по претходен договор со првоосомничениот, станал управител третоосомничениот. На сметката на правното лице во повеќе наврати биле пуштени во оптек средствата прибавени со кривично дело. По постигнување на согласност за купопродажната цена, третоосомничениот во својство на управител на правното лице извршил плаќање кон сопствениците на земјиштето, со што бил прикриен изворот на парите и вистинскиот сопственик на земјиштето со вкупна површина од 11.000м2.Во периодот од 20 јули 2015 до 26 јуни 2019 година, по јавно објавените разговори кои ја откриваат сопственоста на градежните парцели во КО Центар 2, со цел да се прикрие вистинскиот сопственик третоосомничениот како управител на правното лице, ја пренел сопственоста на друго правно лице. Тој, по претходен договор со првооосомничениот, користејќи полномошно издадено од сопственикот на правното лице од Белизе ја пренел сопственоста на правното лице чиј управител е петоосомничениот, а шестоосомниченото лице се јавува како краен сопственик на правното лице. За да се прикрие локацијата, движењето и сопственоста на имотот „новите сопственици“ донеле одлука за преименување на правното лице и одлука за физичка делба на парцелата од 6785м2 на три нови парцели.За да ја прикријат локацијата и сопственоста плацовите биле пренесени на физичко лице без платен удел, но со определен рок од 3 години за исплата на купопродажната цена.Во утринските часови денеска, третоосомничениот е лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје. Обвинителството ќе му предложи на судот на осомничениот да му биде определена мерката притвор. За останатите осомничени судот веќе има изречено превентивни мерки за обезбедување на присуство во други предмети, а првоосомничениот е недостапен на органите на прогон.​

Македонија | пред 5 години

milososki-antonijo

Милошоски открива за каква дефиниција за Гоце Делчев расправале комисиите од Скопје и Сoфија

Пратеникот Антонио Милошоски повикувајќи се на дипломатски извори во МНР открива кој е предлогот на Бугарија за Гоце Делчев. Дефиницијата е “Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.Според Милошоски, ова е една од причините зошто Заев бега од лидерска средба за позициите на Македонија во врска со односите со Бугарија. https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3757285897624182

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања