Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Приведен 25-годишен скопјанец, расчистена тешка кражба

На 21.10.2020 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Гази Баба го лишиле од слобода М.Ш.(25) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, извршено ноќта на 14/15.05.2020 во стан на ул.„Вамбел“ во Скопје.По добиена наредба од Кривичен суд Скопје, полициските службеници извршија  претрес во домот кај М.Ш. и при претресот се пронајдени предмети кои потекнуваат од наведеното кривично дело. М.Ш. е приведен во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на предметниот материјал против него ќе биде поднесена кривична пријава. 

Скопје | пред 5 години

MVR

Екстрадирано лице од Германија со вкупна затворска казна од 20 години, последниве месец дена над 100 лица приведени за издржување затворска казна

Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург  го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Република Северна Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно  времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи во рамките на оперативната акција „Бегалец“ превзема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на Република Северна Македонија.Во периодот од 15 септември до 20 октомври на територијата на Република Северна Македонија приведени се над 100 лица за издржување на затворска казна до 10 години и истите се спроведени во казнено поправните институции.Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивните мерки и активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.

Македонија | пред 5 години

antonijo

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ предлага предлог закон за формирање на специјална државна комисија за борба против КОВИД

Антонијо Милишоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,  на денешната прес конференција истакна неколку ставови поврзани  со предлогот на закон за заштита на населението од заразни болести кој што во текот на вчерашниот ден за прв пат пратениците имаа можност да го добијат.Од она што можеме да го видиме од дадениот предлог закон гледаме дека овој закон нема конкретни мерки за борба против пандемијата, во овој закон нема мерка за зајакнување на капацитетите на институциите кои што вршат КОВИД тестови, нема мерка за поевтино тестирање на ризичните групи на население како пензионери или хронично болни, ниту има мерка за пошироко тестирање по однос на бројка во позагрозените општини како што се Скопје, Прилеп, Струмица, Тетово и други градови, истакна Антонијо Милишоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Затоа сметаме дека овој закон е повеќе техничка измена и дополнување наместо да биде закон во кој што би имало суштински мерки за борба и справување против пандемијата. Морам да напоменам дека на ова ниво на загрозеност од пандемијата каде што Македонија за жал има една од најголемите стапки на смртност по однос на еден милион жители во Европа дојдовме и како резултат на несоодветните мерки и слабата доверба која што Комисијата на министерот за здравство ја има кај јавноста.Сметаме дека оваа комисија која што уште пред изборите почна да ги политизира мерките, а во последно време видовме дека беше и пасивна кога некои ресторани, дискотеки во Скопје и во Струмица блиски до семејството на власт правеа концерти, забави, журки и тогаш не се реагираше соодветно носи дел од одговорноста за оваа загрижувачка состојба со пандемијата со КОВИД.Во текот на вчерашниот ден во утринските часови имаше средба на претставник од ВМРО-ДПМНЕ со министерот за здравство по однос на предлог законот за заштита од заразни болести при што беше предложена идејата на ВМРО-ДПМНЕ да се формира една специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии во моментот кога постојат или во иднина во момент кога повторно би се случиле. Во однос на комисијата за справување со пандемија и епидемија предложивме таа комисија да брои 11 члена по функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и  специјалист интернист еден член.На наше разочарување оваа идеја и предлог не беа прифатени од министерот за здравство. Очигледно е дека министерот за здравство за разлика од мнозинството во јавноста се уште има блиска доверба во неговата советодавна Комисија за КОВИД што ја предводи докторот Караџовски, за која Комисија ние сметаме дека носи дел од одговорноста за многу ненавремени или за многу несоодветно преземање на мерки изминативе пет месеци. Затоа сметаме дека Македонија мора да реагира посериозно, мора некој за сегашната ситуација да понесе одговорност и мора постручни лица да ги заземат местата на оние членови на Комисијата кои одеа на концертот на Владо Георгиев во дискотеката „Мош“.Не може таков здравствен работник и член на Комисијата да влева доверба кај населението и да наложува мерки, а истиот не ги почитува. И затоа Македонија денес за жал има 408 починали лица како стапка на смртност на еден милион жители, во споредба со нас Србија има 89 смртни случаи на еден милион, БиХ има 311, Бугарија има 147, Хрватска има 96, Грција има 51, Албанија има 159 итн. Затоа сметаме дека министерот треба уште еднаш да размисли зошто се одбива ваква една иницијатива за формирање на специјална државна комисија за справување со КОВИД пандемијата која што би ја предложила Владата, а би ја изгласало Собранието.Ние како партија забележуваме дека на власта често и треба изговор и кривец. До пред 3-4 месеци се вадеа со паролата Наќе е крив, потоа кога Наќе веќе не беше министер, народот е крив, сега ќе бараат кривец во опозицијата или во некои други структури, но не само во власта. Затоа за да не им послужи како изговор тоа што законот кој го предлагаат има недостиг од суштински мерки за борба против пандемијата  и да не почнат со спинови за тоа кој е виновен за слабото работење на Комисијата на министерот за здравство, ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта уште во текот на денешниов ден, да закаже собраниска седница. Знаеме дека немаат кворум, но ние ќе бидеме коректни, ќе го направиме кворумот на собраниската седница. Иако ќе бидеме воздржани, сепак ќе овозможиме овој предлог закон да помине. Но, предупредуваме уште еднаш, ваков каков што е не очекуваме да донесе преголеми резултати, бидејќи во законот недостигаат суштински мерки за борба против пандемијата, истакна Милошоски.

Македонија | пред 5 години

talir

„Талир“: Јанакиевски и Божиновски од сопственикот на „Урбан инвест” барале 15.000 евра

Денешното судско рочиште „Талир” за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење 5 милиони евра почна со казна на адвокатот Донче Наков со 500 евра од страна на судијата за организиран криминал Осман Шабани.Денеска сведочи еден од сопствениците на кавадаречката компанија „Урбан инвест” Јован Грков,  кој е управител и еден од сопствениците на фирмата кој кажа дека лично од обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски добил наредба да даде од џеб 15 илјади евра пред избори.На прашање на обвинителката Ленче Ристоска дали некој од ВМРО-ДПМНЕ барал пари од него, односно од фирмата, адвокатите на сите обвинети приговараа дека прашањето е наведувачко, по што тоа беше преформулирано.„Некаде пред изборите добив СМС-порака од Марјан, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Центар. Ми пиша дека треба да отидам во Владата. Во посоченото време отидов, ми кажаа пред која канцеларија. Почекав, ме викнаа Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Состанокот траеше кратко, ми рекоа дека имам обврска да дадам 15 000 евра и да му ги предадам на Марјан. Не ми кажаа зошто треба да ги дадам парите. По неколку дена, му ги дадов тие 15 000 евра на Марјан. Му ги дадов на рака. Потврда, документ не добив за парите што ги дадов“, одговари сведокот.На прашањето, дали се спротивставил на ова барање, тој одговори со ,,не“ и додаде дека знаел дека мора да го исполни барањето.Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари Никола Груевски за Злоупотреба на службената положба и овластување и за Перење пари и други приноси од казниво дело.  За истите две кривични дела, казниви со затвор, обвинети се и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор.

Македонија | пред 5 години

joci-111

Јоци за новите владини мерки: Дали од Владава, прошетал во град, до кафана, кафуле, да види дека угостителиве немаа никаква работа, улици се пусти, градов речиси е празен навечер и затвораа во 22ч

Нова мерка: угостителски објекти ќе работеле до 23 ч.Добро, некој од Владава, прошетал во град, до кафана, кафуле, да види дека угостителиве немаа никаква работа, улици се пусти, градов речиси е празен навечер и затвораа во 22ч.Или меркиве се од виртуелна реалностМош-бош, беше само секвенца од филмот, сите други едвај преживуваат.А, за тоа време, додека приватен сектор пропаѓа, администрацијата, од која половина напикана во режимско време, пак ќе седела дома со фул плата. Да не се чуди Владава утре кога ќе пукне филмот на многумина, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот фејсбук профил.https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10223749248099114

Македонија | пред 5 години

sekerinska

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, како одговор на изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека ќе прати бугарски војници во Македонија за да ги отстранат спомен плочите на кои Бугарија се нарекува фашистички окупатор.„Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин на кој комуницираат или треба да комуницираат членки на Алијансата.Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои сме ги испраќале минатите години. Нашите граѓани не плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедски односи“, рече Шеќеринска.Таа вели дека очекува Бугарија, која беше една од државите од регионот која од самиот почеток ја поддржа нашата независност, но и нашето членство во НАТО и ЕУ, тоа да го прави и сега.„Пријателските народи македонскиот и бугарскиот можат да одат напред само ако се поддржуваат“, рече Шеќеринска.За Шеќеринска нема ништо сериозно во најавата на Каракачанов дека ќе прати војници да тргаат споменици во Македонија

Македонија | пред 5 години

nastava-onlione

Бирото за развој препорачува оценувањето засега да биде онлајн

Поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на наставниците, доставиме допис до сите училишта со препорака оценувањето да се одвива на далечинаБирото за развој на образованието доставило препорака до сите училишта оценувањето да биде онлајн преку платформата, велат од Бирото за порталот факултети.мк.Причина за ова е влошената епидемиолошка состојба.„Предвидени се средби со физичко присуство, на кои учениците треба да се тестираат, но поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на наставниците, доставиме допис до сите училишта со препорака оценувањето да се одвива на далечина преку платформата на која се изведува наставата. Оние наставници што не можат да утврдат оценки, можат да организираат средби на кои ќе ги видат постигнувањата и ќе утврдат оценка“,велат во Бирото за факултети.мк.Од Министерството за образование и наука вчера преку соопштение информираа дека има упатство за наставниците според кое оценувањето може да биде комбинирано – наставникот да го оцени ученикот за неговото учење на далечина, а по потреба може да организира и средби со ученици, на кои ќе мора да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19: средбите со учениците ќе траат од 20 до 30 минути, а на нив може да присуствуваат најмногу до 10 ученици.Првите оценки треба да бидат формирани до 20 ноември. 

Македонија | пред 5 години

kovid-nova-maska

Презентација на нов вид заштитна маска за заштита од Ковид-19

Презентација на иновација на нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита од вирусот Ковид-19 ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот, во организација на Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ), со поддршка од Министерството за здравство.– Пронаоѓач од НАИМ патентирал целосно нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба од која се очекува решавање на проблемот на „одбојност кон употреба на заштина маска" што е и една од главните причини за несузбивање на пандемијата Ковид 19, наведуваат од НАИМ.Оттаму посочуваат дека при употреба на овој нов вид на заштитна маска, воздухот се вдишува низ платното на заштитната маска, и тоа низ нос, а се издишува низ посебни канали вон внатрешноста на заштитната маска.– На овој начин корисникот на заштината маска, вдишува секогаш свеж воздух, што не е случај при користењето на постоечките маски, посочуваат од НАИМ.Авторот на овој проект, смета дека со производството на овој вид на заштитна маска и нејзината широка употреба во светот, во значителна мера ќе се подобри ситуацијата со Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

509 санкционирани возачи во Скопје: 75 за пречекорена брзина, 66 технички неисправни возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци, 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Кривична пријава за скопјанец поради измама преку социјалните мрежи

На 20.10.2020 СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, за постоење основано сомнение дека пријавениот во повеќе наврати врз повеќе лица сторил кривично дело „измама“ по чл.247 од Кривичниот законик. Имено, преку социјалните мрежи пријавеното лице објавило огласи за продажба на апарати - бела техника, кои што не ги поседува и со измама ги довел во заблуда оштетените лица, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупна вредност од 89.350 денари.Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал беа преземени соодветни мерки и активности, како и претрес на домот на осомничениот и по обезбедувањето на доказите и целосното документирање на случајот  до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „измама“ по чл.247, извршено од Ф.М.. 

Скопје | пред 5 години

mobilen-telefon

На автобуска постојка украл мобилен телефон вреден 30.000 денари

Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје.Обвинетиот се товари дека на 15 октомври, на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“, одзел мобилен телефон вреден 30.000 денари од една оштетена. Тој ја забележал оштетената која се упатила кон еден автобус и во тој момент од џебот на јакната и го одзел мобилниот телефон, но веднаш бил забележан од полициски службеници кои го лишиле од слобода.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство.​

Скопје | пред 5 години

deratizacija

Ќе се врши превентивна систематска дератизација во Охрид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ 66/2004, 139/2008,  99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на Одлука на Советот на општина Охрид, на 20.10. и на 21.10.2020 година (вторник и среда) ќе се спроведе превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка.Според планираното, екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ќе извршат системска дератизација во стариот дел од градот, населбите „Билјанини Извори“, „Гоце Делчев“, „Воска“ и „Далјан“, на булевар .„Туристичка“ и на улиците „Питу Гули“, „Железничка“, „Јане Сандански“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“ и „Момчило Јорданоски“.

Македонија | пред 5 години

skopje-centar

Мораториумот во Општина Центар повторно пред Уставен суд

Во архивата на Општина Центар стигнало писмо од Уставниот суд. Од локалната власт се бара најдоцна неделава до Судот да ја прати одлуката за мораториум и да одговори на наводите на двајцата иницијатори од Охрид, Александар Илиоски и Игор Влакевски, дека суспендирањето на плановите е незаконско. На крајот на 2017 година Општина Центар прогласи мораториум на вкупно 31 детален урбанистички план. Чекорот значеше забрана за нови одобренија за градба сѐ додека не се преработат старите планови, постапи по забелешките од комисијата, се согласно законите и Генералниот план на градот. Градежните компании се пожалија пред Уставниот суд, но иако спорот почна неповолно за локалната власт, Центар го задржа мораториумот. Сега во нова иницијатива до Уставниот суд – повторно се бара во Центар да се гради по старо, објави 360stepeni.mk. „Со оспорената одлука, Општина Центар ги доведува во нееднаква правна положба граѓаните што имаат сопственост на недвижности на територијата на Општина Центар во однос на граѓаните на другите општини. Во смисла на ограничување на правото непречено да ги уживаат правата, вклучително и правото на градење“, се вели во иницијативата до Уставниот суд.Претседателот на Градежната комора и еден од инвеститорите, Ивица Јакимовски, вели дека тие не ја поднеле новата иницијатива, но се согласни дека мораториумот е незаконски и дека процесот заглави предолго, што на градежниците им донело загуби од половина до една милијарда евра. Убедува дека градежниците не се тие што ги попречуваат новите детални урбанистички планови, но вели и дека нема да дозволат да им се намалат површините за градење нацртани во старите планови, односно т.н. „стекнато право“. Тој изјави: „Не постои барање од ниту една компанија во моментот да бара да ѝ се зголеми повеќе од тоа што го има во моментот, никој не бара. Доколку постојат услови и општината процени дека треба да се зголеми, ние нема да кажеме ‘не зголемувај, зголеми го’. Но, претходно тоа што си го имал како сопственост, да го намалиш, тоа е недозволиво и тоа не може да помине“.Постапката за некои планови трае долго, доскорешната претседателка на Советот на Општина Центар и граѓанска активистка Јана Белчева, вели дека не гледа вина кај локалната власт. Вели, се соочуваат со апсурдна ситуација – планерските фирми кои ги најмува општината за изработка на детални планови не ја слушаат локалната власт. Таа изјави. „Некои планови се заглавени зашто очигледно е немањето волја на некои од планерите да постапуваат по забелешките на стручните тела и стручната комисија на одделението за планирање кои совесно си ја работат својата работа, останувајќи на принципите што треба да се коригира во плановите“.Текстот во целост може да го прочитате на: 360stepeni.mk. 

Скопје | пред 5 години

isceznat

Семејството го пронајде дедо Васил

Семејството Ангеловски од скопско Маџари пред неколку часа објави дека трага по дедо Васил.Синот Бошко преку својот Фејсбук профил побара помош од сите кои можат да му дадат било каква информација за неговиот татко. На истото место, синот ја соопшти убавата вест, дека дедо Васил е пронајден. 

Скопје | пред 5 години

bracen-par-1

Македонските актери Николина Кујача и Владо Јовановски станаа бугарски брачен пар

Порталот „Офф.нет.мк“ објавува пример како бугарската јавност систематски се манипулира со наводниот бугарски карактер на Македонците.Во најновиот инцидент, профилот „Бугарски национализам“ на социјалните мрежи сака да ги украде македонките актери Николина Кујача и Владо Јовановски.Објавената фотографија е дел од филмот „Прашина“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Хасани: Здравствените работници максимално се исцрпуваат да им помогнат на пациентите

Заменикот министер за здравство доц. д-р Илир Хасани, вечерва во гостувањето на телевизија 24 изјави дека сите промени во Законот на заштита на населението од заразни болести се од итен карактер и треба што побрзо да се донесат поради општото добро.Тој потенцираше дека на денешната седница, Владата ги усвои предлозите кои Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ги предложи со цел спречување на ширење на ковид-19 вирусот.На 13. владина седница, прифатени се препораките за ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака, како и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.Исто така, прифатена е препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или  редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.Заменикот министер Хасани јавно се заблагодари до сите медиуми во однос на информирањето на граѓаните за ковид-19 кризата.„Сакам јавно да се заблагодарам до сите медиуми, до вас и до сите други медиуми кои се борат заедно со сите нас во оваа тешка борба против еден непријател којшто за нас е многу непознат. Медиумите имаат многу важна улога во овој процес на убедување на луѓето за мерките кои треба да се почитуваат“, изјави Хасани.Тој потенцираше дека нема пари што може да ја платат посветеноста на здравствените работници што работат со пациентите заразени од коронавирус.„Двојно да им се зголеми платата е малку. Нема пари што може да ја платат таа посветеност што здравствените работници ја прават внатре. И здравствените работници кои се наоѓаат во ковид единиците тие се свесни дека ова не се плаќа во пари. Тие се борат со животите на луѓето и максимум се исцрпуваат за да им помогнат на луѓето. Генерално, лично мислам дека треба да се најде начин вработените во инфективната клиника и другите инфективни одделенија во цела држава кои се соочуваат со овој непријател достинствено да се наградуваат“, рече заменикот Хасани.

Македонија | пред 5 години

isceznat

Апел за помош: Исчезнат е Васил Ангеловски

Семејството на Васил Ангеловски од скопско Маџари упатува апел за помош. Тие бараат какви било информации за Васил, кој исчезнал од дома во 13 часотКако што велат од семејството на Васил, тој е склеротичен и со деменција. Од дома излегол облечен во сина јакна без ракави, на глвата носел светло сина капа, а со него имал велоиспед „Пони“.Телефон за контакт е 070 383 343Татко ми Ангеловски Васил не е вратен од 13 часот, го бараме насекаде. Човекот е склеротичен и со деменција, излезен е со пони точак црвен со плава јакна без ракави шушкавец. Носи капа светло плава, ќе ве молам споделете. тел. за контакт 070 383 343, Скопје од Маџари – се наведува во апелот за помош.

Скопје | пред 5 години

protest-2

Костовски: Не смее да си дозволиме патриотите да гнијат по затворите, а криминалците од власта да бидат на слобода

Пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, од пред владата истакна дека масовното присуство на граѓаните протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот од страна на власта предводена од Зоран Заев и СДСМ, покажува дека целата македонска јавност е уверена дека во последниот период, особено периодот од кога СДСМ е на власт оваа држава не е ниту малку слободна.Имам прилика вечерва да говорам во очи на можеби најголемиот македонски национален празник основањето на ВМРО. Практично организацијата ВМРО или уште поточно македонскиот народ, уште во 1893 година поставиле една идеја, идеја за слободна Македонија, повторувам идеја за слободна Македонија.Вечерва сме на протест пред Владата на Република Македонија, против криминалот, против невидената корупција од огромни размери и исклучително против политичкиот прогон кој што се случува во Македонија. Како што се вели во политичката наука, политичка репресија која се јавува кај политички неистомисленици т.е. се јавува спрема оние кои што немаат ист став со актуелната власт користејќи ги сите државни апарати, односно злоупотребувајќи ги – потенцира Костовски.Тој додаде дека ова е период на милионски тендери коишто Владата ги мести, но истовремено се одвива и рекет на сите можни нивоа, од високи бизнисмени, до локални гранапчиња во населените места, а, во меѓувреме, народот нема ни за леб.Половина милион жители во Република Македонија живеат со само 130 денари дневно, додека 25 илјади жители во Македонија живеат со минимални само 44 денари дневно, додека луѓето од власта енормно се богатат.Не смее да си дозволиме патриотите да гнијат по затворите, а криминалците од власта да бидат на слобода. Оваа власт додека ги пушта криминалците на слобода, многу често и го обвинува народот дека е виновен за најразлични политички текови во државата и тоа можеби е еден од првите симптоми дека станува збор за диктаторска власт.Овој политички прогон мора веднаш да запре, знаеме дека се случува поради немоќта на власта. Таа е исплашена дека за многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе се соочи лице во лице со чистата и јасна правда, меѓутоа ова што му го прават на македонскиот народ, тој нема да го заборави и ќе го казни час поскоро – порача Костовски.

Македонија | пред 5 години

image-20-10-20-20-00

Петкоска: Поради селективното рушење на дивоградбите загрозен е статусот на Охрид во УНЕСКО

Гласот на граѓаните мора да се слушне. Денеска преку протестот со возила охриѓани го искажуваат незадоволството од криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот коишто ги спроведува власта на СДСМ и Заев. Македонија стана земја на криминалци на власт, предавства и неправда. Неспособноста на власта да се справи со КОВИД-19 удира по животите на граѓаните. Прогонот на политички неистомисленици, криминалот и корупцијата станаа секојдневие. Поради селективното рушење на дивоградбите загрозен е статусот на Охрид во УНЕСКО. Никако не смее да се заборави дека враќањето на долговите со пари од граѓаните власта го изврши на крајно сомнителен начин. За жал, како народните пари да им беа малку, па започнаа да ги крадат и европските пари. Корупциските скандали и афери станаа нормалност, истакна Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието на Република Македонија на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Власта на СДСМ во индустриската зона Мауцкер коруптивно на коалициониот партнер Нефи Усеини му продаде парцели по пат на јавно наддавање за багателна сума од 71 денар по метар квадратен и однапред договорени услови. Власта и Георгиески имаа претходен предизборен договор за бетонската база, а правеа пред народот само предизборен театар. Овој случај веднаш да се истражи од Државната комисија за спречување на корупција и Љупчо Николоски со кој градоначалникот Георгиески со поставените услови го ограничил конкурирањето на потенцијалните купувачи и на тој начин свесно го оштетил буџетот на општина Охрид, како и буџетот на Република Македонија.СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата за Македонија да има светла иднина.Изразуваме благодарност до сите граѓани и порачуваме дека и понатаму ќе продолжиме со сите демократски алатки за да се чуе нашиот глас, истакна Петкоска.

Македонија | пред 5 години

lidija-dimova

А1 дојде до нови документи: Фризерницата добила пари иако била петта на ранк - листата

Скопската фризерница „В.Е.З. трејд“ немала да го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите. „А1он“ дојде до документот според кој четири организации имале повеќе бодови од фризерницата. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуационата комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Кај одбиената организација е констатирано дека има судир на интереси, а претседателката веќе има поднесено тужба до Управниот суд, но и жалба до Брисел. Сличен конфликт на интереси има и кај сопственикот на „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, но сепак тој добил грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Според ранг-листата до која дојде „А1он“, од првото и второто место на резервната листа се преместени здружението на граѓани „Платформа за зелен развој“ со 83 бода и Бизнис-конфедерацијата на Македонија со 82 бода. Според извори на „А1он“, одлуката за да не се финансираат двете организации е поради големите буџети што ги имале иако претходно било направено и кратење. Финансиран е треторангираниот апликант, средното училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, на кое му се одобрени 125.068 евра, а побарани биле 135.935 евра. Училиштето добило грант за проектот „Избери сирење – резултат“, кој, според описот, има цел да поттикне производство на сирење од мал обем преку обезбедување обуки и активности за развој на производи. Доколку се финансирале проекти според ранг-листата, буџетот од 448.742 евра ќе бил потрошен со доделувањето грантови на првите три организации.Текстот во целост: А1 ОН

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Затвореник пронајден мртов во ќелијата во затворот во Шуто Оризари

Педесет и двегодишен затвореник од Скопје вчера утрото бил пронајден мртов во ќелијата во затворот во Шуто Оризари, соопшти МВР.Од страна на лекар од Итна медицинска помош била константирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Скопје | пред 5 години

saso-tasevski

Сашо Тасевски реизбран за директор на Бирото за јавна безбедност

На денешната седница Владата го прифати предлогот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Сашо Тасевски да биде именуван за директор на Бирото за јавна безбедност.„На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен“, објави Спасовски на својот фејсбук-профил.Тој му посака на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и досега, со, како што наведува, успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција.„Многу е важно во секој момент да ги имаме вистинските луѓе на вистински места, одговорни и чесни луѓе кои доверената раководна позиција ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата“, пишува Спасовски.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1743751449135804/

Македонија | пред 5 години

modularna-2

Филипче: Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница до Инфективната клиника

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вечерва во вестите на Канал 5 телевизија информираше за состојбата со болничките капацитети и изјави дека од денеска се сместени пациенти во модуларната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.„Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети во повеќе инфективни одделенија во државата, во болницата во Куманово, Штип, Струмица. Почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Во Прилеп и Битола менаџираме помеѓу двата центри. Во Охрид добро се менаџира бројот на хоспитализации и тука имаме слободни болнички кревети. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако ние оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час“, потенцираше министерот Филипче.Филипче истакна дека нашата земја ги следи препораките на Светската здравствена организација. Принципите на превенција насекаде во сите земји се истите. Никаде нема различни мерки и препораки. Има различен временски период и интензитет со кои тие се препорачуваат и импелентираат согласно епидемиолошката состојба.„Мерките за заштита од ковид-19 мора итно да се донесат. Апелирам до сите пратеници да покажат одговорност и да ги изгласаат промените во Законот за заштита на населението од заразни болести што поскоро. Да се покаже единство, нека се донесе законот едногласно за да се покаже колку е важно за сите граѓани почитувањето на заштитните мерки. Мерките не се ништо ново. Се имплементираат во многу европски земји. Почитувањето на мерките кои и сега се на сила значајно придонесуваат да се запре ширењето на инфекцијата. Пред нас е најризичниот период од неколку месеци, есенски и зимски месеци во коишто може да се комплицира епидемиската ситуација во земјата и со дополнителен број на случаи од други заболувања, сезонски грип и настинки. Почитувањето на мерките, носењето на маските и одржувањето на дистанца освен што значи заштита на сопственото, јавното здравје, здравјето на најблиските, значи и почит кон работата на здравствените работници кои деноноќно од почетокот се борат со оваа криза“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

lidija-dimova

Премиерот го прифати барањето да препорача разрешување на Димова од директорската функција на Националната агенција за европски образовни програми

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на оваа седница ја информираше Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, задолжен и за спроведување на Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и дека ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност.

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

Се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.Владата денеска ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.На оваа седница Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања