Матните зделки во Меѓународен сојуз биле правени под покровителство на Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
21122021_PVRSM_Tirana_OtvorenBalkan-3

Вчерашното сведочење на обвинетиот Бојан Јовановски во случајот Меѓународен сојуз потврди дека Зоран Заев стои зад секоја матна зделка и корупција во Македонија. Впрочем ова уште еднаш покажува дека сите рекетирани пари во Македонија треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Ако имаше правна држава после вчерашните тврдења на Јовановски обвинителството ќе го повикаше на распит Зоран Заев да одговори каква била неговата улога во спорната зделка меѓу бизнисмените и Меѓународниот сојуз. Како што сведочеше обвинетиот Јовановски за оваа зделка знаеле Зоран Заев, Александар Кирацовски и Стефан Богоев. Како што изјавил и бизнисменот Амзовски ваквите зделки ги правел само затоа што политичари од власта тоа му го советувале. Сведоштвата потврдуваат дека Зоран Заев знаел за работењето на Меѓународниот сојуз кој сега е предмет на судски прогон, бил добро информиран и давал поддршка активностите.

Ова значи дека сите активности за кои сега се товари меѓународниот сојуз биле правени под покровителство на Зоран Заев, само што обвинителството и судството во Македонија се ставени под канџите на Заев и не смеат да ја истражат неговата улога. Секое споменување на неговото име во судница е строго забрането, а секое обвинение кое се поврзува со него завршува или во фиока или со нова „аболиција“

— реклама —

Заев треба да знае дека правдата можеби е бавна, но ќе пристигне“, се ели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања