Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

pavle-trajanov

Демократски сојуз: Османи да му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор

Демократскиот сојуз ја осуди изјавата на потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, дека ќе испрати инженериски полк на бугарската армија или членови на организацијата ВМРО која ја предводи за да ги отстрани спомениците во Македонија на кои има табли дека станува збор за жртви на бугарскиот фашистички окупатор.Демократскиот сојуз смета дека најмалку што треба да направи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, е да го повика на разговор амбасадорот на Бугарија во нашата држава и да му врачи протестна нота, усна или писмена, за прекршување на дипломатските правила на однесување на високиот претставник на бугарската Влада.Исто така, од ДС велат дека очекуваат и премиерот на, како што велат од партијата, пријателска и сојузничка Република Бугарија, Бојко Борисов, да се огради од ваквите изјави на потпретседателот Каракачанов.„Скандалозно и непримерно е министер за одбрана на членка на НАТО во која членува и нашата држава да дава вакви изјави насочени кон својот сосед со кој Бугарија официјално декларира дека сака да негува добрососедски и пријателски односи. Република Бугарија и РС Македонија се сојузници во НАТО-алијансата во која безбедноста, мирот, добрососедската соработка се основни вредности и принципи, а изјавите за испраќање воени единици ги будат мрачните духови на минатото“, велат од ДС.Ставовите на потпретседателот на бугарската Влада, Каракачанов, како и на европратеникот од владејачката партија ГЕРБ, Андреј Ковачев, во кои се доведува во прашање прославата на 11 Октомври, Денот на востанието против фашистичкиот окупатор, како услов за поддршка на официјална Софија за нашето евроинтегрирање, додаваат од партијата, се навреда за македонскиот народ, кој ја извојува својата национална слобода во Втората светска војна во борбата со фашизмот.Од ДС велат дека Република Бугарија треба да се соочи со историската вистина дека во текот на Втората светска војна монархистичкиот режим на бугарскиот цар Борис бил сојузник на фашистичка Германија, го потпиша Тројниот пакт, а за возврат од фирерот Хитлер добил награда да ги окупира териториите на Вардарска Македонија, Беломорска Тракија и Егејска Македонија. Дека станува збор за окупација на територијата на денешна РС Македонија, велат од ДС, сведочат и документи на бугарската армија и изјави на тогашниот бугарски премиер Богдан Филов, кои се јавно достапни на интернет.„Демократскиот сојуз смета дека бугарскиот народ и современата бугарска држава треба да демонстрираат дека немаат ништо заедничко со фашистичкиот режим на цар Борис. Европската Унија почива врз принципите на извојуваната слобода во борбата против фашизмот и обидот да се негира фашистичката окупација и да се претстави како ослободување во најмала рака е антиевропски и антицивилизациски чин“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 5 години

droga

Пронајдено големо количество на дрога во Гевгелија, четири лица се приведени

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Гевгелија вчера (21.10) приведоа четири лица и пронајдоа околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, лабараторија за производство на масло од канабис...Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Лицата се приведени , а потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната. При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис.Пронајдено е околу четири килограми марихуана, метамфетамин, како и масло канабис, како и лабараторија за производство на масло од канабис. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Кривична пријава против скопјанец за даночно затајување, добивал пари од Индонезија и Кина, а не ги пријавил во УЈП

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Т.П.(57) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“, по чл.279, во врска со чл.45 од Кривичниот законик.Имено пријавениот, во периодот од 01.01.2017 до 31.12.2018 во 45 наврати имал реализирано приливи на девизни средства од повеќе физички лица од Индонезија, Кина и Велика Британија, во вкупен износ во денарска противвредност од 3.609.378 денари, по пат на користење на услугите за брз трансфер на пари, а од негова страна во вкупно девет наврати испратени се девизни средства во вкупен износ од 1.810 евра и 3.315 американски долари на лице од странство.Т.П. со намера да го одбегне плаќањето на персоналниот данок на доход за 2017 и 2018, во износ од 10% од износот од примените парични средства, не ги пријавил како друг доход и не поднел Годишни даночни пријави за персонален данок на доход до УЈП како даночен орган, иако согласно одредбите на член 12 од Законот за персоналниот данок на доход бил должен за овие износи да пресмета и плати персонален данок на доход во вкупен паричен износ од 360.937 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

IMG-12781e22996bf8b425a43d67a3741060-V

(ФОТО) Претреси во Синѓелиќ, запленети пиштоли

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје на 22.10.2020, по добиена судска наредба, извршија претрес во два објекти во населба Синѓелиќ. При претрес во домот на К.И. пронајден е пиштол со една рамка и два куршуми, а при претрес на возило „голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми. Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 5 години

22102020_PVRSM_Sostanoci_EU_02

Заев, Димитров и Османи на онлајн средба со потпретседателот на Европската Комисија Борел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари онлајн средба со високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, како дел од серијата средби со највисоките претставници на институциите на ЕУ што се договорени за денеска и кои вклучуваат разговори со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, и со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји.На онлајн средба со високиот претставник и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, премиерот Заев упати благодарност за личниот придонес на потпретседателот на ЕК Борел за пристапниот пат на Северна Македонија во ЕУ, при што ја издвои одлуката на Советот на ЕУ во март да отпочнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со што се означи новата ера во меѓусебните односи.Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев изрази надеж дека оваа поддршка ќе се формализира и со усвојување на Рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината.„Одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и ЕУ ќе испрати позитивен сигнал и до регионот и ќе ја потврди европската перспектива на Западен Балкан како гео-стратешки интерес на Европската унија“, потенцираше премиерот Заев на онлајн средбата со високиот претставник и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел.Северна Македонија останува посветена на негување на добрососедските односи со континуирана имплементација на Договорот од Преспа и на Договор за добрососедство и пријателство со Бугарија кои донесоа нова енергија и придонесоа за обновување на интензитетот за проширување на ЕУ со земјите од регионот.Премиерот Заев истакна дека новата коалициска влада и сите институции се целосно функционални и посветени на континуитетот на реформите и на остварувањето на резултати од владеењето на правото и на борбата против организираниот криминал и корупцијата како најголем приоритет.Постигнатите важни резултати во зајакнувањето на независноста на судството, донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и резултатите од истрагите и конечни пресуди за случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво, се регистрирани и во годишниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, и понатаму ќе бидат наш фокус со отворена покана за вклучување на опозицијата во Парламентот, како и низ дијалог со граѓанското општество и нашите меѓународните партнери.На онлајн средбата како исклучително значаен беше оценет Економскиот и Инвестициски План за Западен Балкан, кој е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот.Цврстата заедничка поврзаност на ЕУ со Република Северна Македонија, рече премиерот Заев на онлајн средбата со потпретседателот на ЕК Борел, се потврди и во поддршката на земјата во заеднички одговор за справување со последиците од КОВИД-19 и придонесе за зацврстување на врските со ЕУ.Високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел на онлајн средбата со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, истакна за Брисел е исклучително значајно што продолжува интензивната соработка со влада која е докажано посветена на интегративниот процес на Северна Македонија во ЕУ, и дека очекува колку што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција за да ја градиме иднината заедно.

Македонија | пред 5 години

maska

Расте бројот на заболени, но и на лицата кои не носат заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 899 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. 

Македонија | пред 5 години

korona5

Д-р Стевановиќ: Ние здравствените работници мораме да издржиме - граѓаните мора да ни помогнат со почитување на мерките

Во вчерашната изјава за медиумите, директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ информираше дека е започната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката.Во однос на кадарот кој работи во модуларната болница,  д-р Стевановиќ изјави:„Постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега".Модуларната болница има капацитет од 70 кревети и истата е целсоно опремена за третман на пациентите со ковид-19.„Модуларната болница е целосно опремена. Централен довод на кислород до секое легло и се она што ни е потребно од опрема и функционира на клиниката, го има и во модуларната болница“ – потенцираше д-р. Стевановиќ.Таа изјави дека заради динамиката на приеми и исписи не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што можевме да го предвидиме и на што апелиравме и сѐ уште апелираме е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.„Истите мерки важат насекаде во светот, многу едноставни и лесни за придржување. Само треба дисциплина, а таа сега ни е исклучително потребна. Држете дистанца, избегнувајте групирања, носете маска, “ – потенцираше д-р Стевановиќ.Д-р Стевановиќ изјави дека тие, здравствените работници, мора да ја издржат оваа битка.„Едноставно мораме да издржиме, заради нас, заради вас, заради нашите и вашите семејства. Граѓаните мора да ни помогнат„ – потенцираше директорката на Инфективната клиника и апелираше до медиумите да испрата порака до јавноста за почитување на мерките.Дополнително, таа апелираше и до инфицираните со ковид-19 во целост да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари.„Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација“  - потенцираше д-р. Стевановиќ.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Болниците полни, бројот на позитивни од ден во ден се поголем - ќе има ли полициски час?

Инфективната болница е преполна, модуларната ги отвори вратите за пациентите, а во болниците во внатрешноста е критично. Состојбата, според лекарите, е алармантна. Се поизвесен е полицискиот час.Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје.Само вчера регистрирани беа 641 заразени, а починаа 12 лица.Во ГОБ „8 Септември“ петмина лица се на респиратор, а таму во моментот се лекуваат 47 пациенти.Во Козле хоспитализирани се четири деца и шест мајки. Во болницата во Битола се 52, а во болницата во Штип 50 пациенти.На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци, се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Министерот за здравство Венко Филипче предупреди дека болничките капацитети се еден од главните параметри, па ако овие капацитети се исполнуваат тогаш ќе препорачаат целосна рестрикција во движењето, односно полициски час.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, оздравени се 17.905, а починаа 862.

Македонија | пред 5 години

ohrid-Andrej

Aнализа за исполнувањето на препораките од УНЕСКО - реално разочарување од постигнатиот напредок

Фронт 21/42 направи анализа за исполнувањето на препораките од УНЕСКО, која ја објавуваме во целост.По објавата на последниот извештај за РСМ на Европската комисија, неисполнувањето на препораките од УНЕСКО, кои се основен предуслов за зачувување на Охридскиот регион и превенција од неговото запишување на листата на светски наследства во опасност, дефинитивно станува европско прашање:„Преземени се неколку чекори за спроведување на заклучоците на УНЕСКО за природното и културното наследство на регионот на Охрид. Сепак, сè уште се потребни значителни напори, особено за да се спречи да се најде на листата на светско културно наследство во опасност“, се вели во Извештајот.И во дипломатскиот речник на ЕК може да се забележи реално разочарување од постигнатиот напредок.Зачувувањето на Охридскиот регион de facto е европско прашање: Охридското Езеро е најстарото езеро на европскиот континент, на чие подрачје се развивала една од најстарите населби на европската цивилизација, регионот е едно од само 7 мешовити (природни и културни) наследства во Европа, итн. ЕУ има целосно право да направи се што е во нејзина моќ за да зачува едно од своите ретки природни и културни богатства.Во оваа насока, како придонес кон (суштинско/вистинско) приближување на земјава кон ЕУ, Фронт 21/42 направи анализа за исполнувањето на препораките од УНЕСКО, која ја објавуваме во целост.Потсетување – големата измама во БакуВо 2017 мисијата на УНЕСКО ја класифицира ситуацијата со природното и културното наследство во Охридскиот регион како ранлива и критична и даде 19 препораки поделени во кластери – итни, краткорочни и долгорочни.За жал, од сите 19 препораки, досега е исполнета само препораката Македонија да се откаже од ски-центар на Галичица. И ова со напомена дека во моментов се изготвува План за управување со Галичица и сè уште не можеме со сигурност да тврдиме дека некоја верзија на овој проект (или некој друг подеднакво апсурден) нема да се појави повторно.Во 2019 година, македонската влада го излажа УНЕСКО дека новиот Закон за управување со Охридскиот регион е усвоен, кога во суштина предлог-текстот беше само усвоен на влада, а самиот закон беше повлечен од собраниска процедура непосредно по Баку. Пред да го испрати во Собрание новиот Предлог закон, Владата се обиде да ги избрише членовите кои уредуваа градежна и урбана инспекција.Ова не успеа затоа што ја алармиравме јавноста, тие членови ги вратија, но тоа што не знаевме тогаш, а го дознавме набргу по Баку, е дека Владата изменила други членови – оние кои го уредуваа составот на Советот кој треба да управува со светското наследство и начинот на кој ќе носи одлуки (внесувајќи Бадентеров принцип во изборот на дел од членовите и во носењето одлуки). Со ова наместо експертите, пресуден глас во одлучувањето добиваат членовите избрани врз основа на етничка припадност.Овие измени беа направени зад затворени врати, јавноста во Македонија имаше на увид (објавен на Енер) поинаква верзија, за таа верзија беа организирани консултации со јавноста и јавна расправа, таа верзија јавноста ја коментираше. Јавно познатата верзија беше испратена и до Центарот за светско наследство, за истата Владата излажа дека ја усвоила и доби пофалба во Одлуката од Баку.По бурната реакција на јавноста и нашето известување за задкулисно изменетиот Закон до Центарот за светско наследство и ЕУ – Законот е повлечен и од тогаш нема никаков абер за истиот.Мотивот за измамата лежи во градењетоНајголемиот проблем беше и понатаму е градењето – планови за нови градби и нерешавање на проблемот со дивоградбите, односно спроведувањето на Препораките бр.6 и 9.Наместо во Собрание да испрати Закон кој би наметнал вистинско спроведување на препораката бр.6 за мораториум, Владата го затвори новиот закон во фиока, а општинските власти (по налог на Владата) усвоија „Одлуки за мораториум“ – кои не само што имаа огромен број исклучоци, туку не содржеа никакви одредби за надлежен орган одговорен за спроведување на „мораториумот“. Со други зборови, немаат механизам за санкции доколку некој не ги почитува одлуките за мораториум и реши да гради. Сето ова нашата држава го прикажа како серија мерки за зачувување на светското наследство.Под лупа: спроведување на Препорака бр. 6Препораката бр.6 е клучна алка во целиот процес, и таа гласи: „Да се вoспoстави мoратoриум на сите крајбрежни и урбани трансфoрмации на пoдрачјетo на Светскoтo наследствo, барем дoдека не се изгoтват и усвoјат сите релевантни плански дoкументи (План за управување, урбанистички и крајбрежни мастер планoви базирани на ИУВ, итн.), и додека не се oдoбрат ефективни закoнски регулативи за заштита, како и ефективни механизми за кoнтрoла“.Инаку, ова е итна мерка која УНЕСКО бараше да се спроведе најдоцна до фебруари 2018.Наместо тоа, во фебруари 2018 нашата држава го поднесе официјалниот Извештај за состојбата на доброто за 2017 (до Центарот за светско наследство). Во истиот Македонија наведува дека не може да ја спроведе препораката за Мораториум поради „правни пречки“, но „спроведува политика на контролиран урбан развој“, благодарение на која во периодот ноември 2017 – октомври 2018 (од кога во државата има нова Влада, таа која го поднесува извештајот) не е усвоен ниту еден урбанистички план.Во реалноста: немаше никакви правни пречки (напротив, неколку членови од неколку закони налагаа обврска да се прогласи мораториум), а во периодот ноември 2017-јуни 2019 беа иницирани и/или продолжени постапки за 28 урбанистички планови (16 од нив во периодот ноември 2017 – октомври 2018, кој се споменува во Извештајот на нашата држава). Дел од новите урбанистички планови беа: нов урбан комплекс во с. Трпејца; план за урбанизација на Елшани; нов, голем, туристички комплекс во Горица; план за нова индустриска зона (ниско-загадувачка индустрија) во Лескоец; план за нов (проширен) кеј, итн.Истиот месец, на 6-ти февруари 2018, Владата на Република Македoнија, на 53. седница, усвoи Инфoрмација за текoт и прoгресoт на активнoстите за уредување на плажи на брегoт на Oхридскoтo, Дoјранскoтo и Преспанскoтo Езерo вo Република Македoнија. Информацијата се oднесува на пoтребата за приoретизирање на активнoсти за уредување на пoвеќе плажи, меѓу кoи се наведени и: Љубаништа (500м), Даљан (120м), плажа вo близина на Извиднички камп (120м), плажа на пoтегoт oд Студенчишкo блатo дo хотелот „Парк“ (700м) и плажа Дебарца.Во Инфoрмацијата за напредoкoт на реализацијата на активнoстите за санација на пристаништата вo Свети Наум, Радoжда, Трпејца и Пештани, какo и за изградба на платфoрма кај Oхридскиoт аерoдрoм е наведен Заклучoк дека прoектната дoкументација е изгoтвена, а реализацијата ќе зависи oд oбезбедувањетo на средства oд Буџетoт на Република Македoнија.Во реалноста ова значи продолжување на деструктивните проекти и планови на претходната власт и е во спротивна насока од прогласување мораториум за било каква урбана и крајбрежна трансформација. Испративме допис до Заев, со барање да се почитува препораката за мораториум. Не добивме одговор. Во текот на 2019, на средба во Охрид, Заев изјави дека лично ќе се заложи спорниот хотел во Лагадин да ја добие потребната дозвола, и дека општинските служби мора да најдат начин како да се продолжи со градење (и покрај правните пречки).Како последица на ваквото „спроведување“ на препораките, што неминовно значи продолжување на деструкцијата на, веќе загрижувачки ранливите ИУВ – следеше препораката на експертските тела и Центарот за светско наследство во 2019 Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност.Општински мораториуми по налог на Владата за мачкање очиПо сесијата во Баку во јули 2019, каде македонските власти издејствуваа политичка, а не експертска одлука, Охрид да не отиде на листата на светски наследства во опасност, и беше даден дополнителен рок на државата да ги спроведе препораките и да извести за напредокот до 01.02.2020). Во исто време Општините Охрид, Струга и Дебарца усвоија „одлуки за мораториум“.Во одлуките на општините т.н. Мораториум не се однесува на проектите и плановите кои имаат решение, како ни на серија други зафати (катни гаражи, паркиралишта, споменици, плоштади итн.). Мораториумот на општините не споменува ни можни трансформации „на мала врата“ и без учество на јавноста, како оние усвоени со општ акт (на пример планираната урбанизација на Елшани). Мораториумот не важи за проектите кои ќе поднесат барања до 09.08.2019 и оние кои веќе имаат дозвола (новиот кеј во Охрид, кој влегува 3 метри во езеро; сите приватни објекти кои ги исполниле овие барања); не важи за проекти кои ќе добијат решение за измени во тек на градба; не важи за катни гаражи, паркиралишта, спортски сали, споменици, плоштади и сл; не важи за реконструкција, адаптација и пренамена; не важи за барања за изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти; итн. На 30.09.2020 година, општината ја дополни Одлуката за мораториум, односно се додаде дека истата не се однесува ниту на „отпочнатите постапки за оттуѓување на градежно земјиште.“„Одлуката за мораториум“ на Струга (усвоена на 14.08.2019) е слична на таа од општина Охрид, плус во Струга „мораториум“ нема ниту за урбанистичките планови и проекти кои ќе добијат позитивно мислење од Комисијата за УНЕСКО. И Струга ја дополни првата одлука – на 12.11.2019 и додаде дека мораториумот не се однесува и за барања за: Измена и дополнување на текстуален дел на ГУП за град Струга; и за Исправки на технички грешки на усвоени ДУП-ови.Слично е и со Дебарца, нивната „одлука за мораториум“ дополнително не важеше ни за изградба на објекти со намена А1 – домување во станбени куќи.Ваквите одлуки кои не стопираат секаква урбана и крајбрежна трансформација – како што стои во препораката на УНЕСКО, општините одлучија да важат до донесување на Планот за управување со Охридскиот регион или најдоцна до 01.02.2020 година (а не до усвојување на сите релевантни планови, законска регулатива и ефективни механизми на контрола – како што се бара со препораката).Сето ова нашата држава го прикажа како серија мерки за зачувување на светското наследство.Покрај сите претходно наведени планови за градење и глумење мораториум, во моментов општина Охрид спроведува процеси за усвојување на 4 нови урбанистички планови, меѓу нив се и плановите за Коњско и Трпејца (и двата во склоп на Националниот парк Галичица). За новиот урбанистички план за Коњско општината организираше јавна расправа за Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на планот врз животната средина – без да го објави планот!ЗаклучокКлучната Препорака бр.6 Македонија и македонските власти ја „спроведуваат“ со тоа што: продолжија (и продолжуваат) со крајбрежна и урбана трансформација; спречија (и сѐ уште спречуваат) носење на ефективна законска регулатива и механизми за контрола; во отсуство на ефективна законска регулатива (која регулира и носење и спроведување на План за управување со регионот) донесе План за управување со Охридскиот регион (во процес проследен со серија законски прекршувања); општините усвоија неефикасни одлуки со кои привремено се отежнаа дел од плановите и/или проектите за крајбрежна и урбана трансформација.Доколку властите и Владата продолжат со политика на манипулација на сопствените граѓани и УНЕСКО, сега лагата станува поголема и ја вклучува и Европската Унија. За влада која целата државна стратегија ја базира на членство во ЕУ, која ветуваше прекин со деструктивните политики на претходната власт, оваа хипокризија и контрадикторност станува неиздржлива, и таа порано или подоцна ќе се сруши под товарот на институционалните лаги. Власта го загрозува статусот на Охрид, но и нашиот статус на аспирант членка во Европската унија.

Македонија | пред 5 години

konkurs

Општина Охрид објави конкурс за доделување стипендии

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува:КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНАКОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА ОХРИД ЗАПИШАНИ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА C.МАКЕДОНИЈА И НА ДРЖАВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА

Македонија | пред 5 години

naum-3

Издадена наредба за присилно приведување на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук објави дека е издадена наредба за негово присилно приведување.-Хунтата издала наредба за мое ПРИСИЛНО ПРИВЕДУВАЊЕ! Чист притисок и обид за заплашување, еј на гласноговорник на опозиција! Внимавајте, БЕЗ НАРЕДБА ЗА ПРЕТРЕС да влезат во домот, но и во други простории ЗА ПРИСИЛНО ДА МЕ ПРИВЕДАТ! „Огласот“ за нова Кацарска е отворен, па удри колку можеш! На нозе утрово беше дигнат цел полициски вод! Дома, на работа, низ Скопје!Како да сум УБИЕЦОТ ОД СМИЛКОВСКО! Како да сум УБИЕЦОТ НА МАРТИН НЕШКОВСКИ!Како да сум оштетил буџет, земал местени тендери и пари од фондови, сум дал лиценци на брат на 30 години, како да перам пари од Панама, дрпам од набавка за систем Леонардо, или тендераш ми гради куќи на Водно, или сум снимен директор како ставам снопче пари во чанта, делам фабрики за марихуана …!?Или пак кај мене завршија парите од Рекет, па трошам без покритие, за вили во Грција или скапи станови и мотори? Да сме на чисто, ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ МЕНЕ НЕМА! УРЕДНО ПРИМЕНА ПОКАНА, КАКО ПРЕТСТАВНИК НА ПРАВНО ЛИЦЕ. ОВА Е ЧИСТО ИЗЖИВУВАЊЕ! ПОРАКА “ЕВЕ ШТО МОЖЕМЕ”!ОВА Е ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ НАСОЧЕН КОН МЕНЕ, МОЕТО СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА!НО!Но нема да ме замолчите! И да, вечерва ќе ја споделам колумната за Вилма и Добрила, за идолите и основоположниците на оваа Инквизиција!*До исполнувачите:Ќе ве потсетам дека и по Катица вака трчавте! **До полицајците; Ве разбирам момци, нека не ви е непријатно, како хунтата губи тло под нозе, се почесто вакви наредби ќе добивате, објави Стоилковски. 

Македонија | пред 5 години

Screenshot_11-20-696x373

Мисајловски: Македонската историја не може да ја измени никој на светот, Гоце Делчев е Македонец

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно?" гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Владо Мисајловски кој се осврна на лошите политики на Владата во однос на Ковид пандемијата, распродажбата на националните интереси, како и на други политички теми кои се актуелни во изминатиот период.Според Мисајловски, бугарските политичари можат да кажуваат што сакаат за нивната историја, но не и за македонската историја. Националните интереси не се мала работа, ниту пак е нешто што може да се занемари, едноставно не смее да се попушта за такви прашања."Бугарските политичари велат дека Гоце Делчев бил Бугарин. Тоа не само што не е вистина, туку таквото размислување е повеќе од комично. Гоце Делчев е Македонец. Роден како Македонец и загинал како Македонец и точка. Тука нема што повеќе да се додаде. За револуциониери од калибарот на Делчев, Карев, Питу Гули и сите други, никој не смее ниту да разговара, ниту да преговара, ниту да донесува било какви одлуки. Сите тие се Македонци и ништо друго", вели Мисајловски.Мисајловски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е бедемот на македонизмот и браникот кој секогаш ќе се бори за зачувување на македонската историја. Ниту една Влада, ниту еден политичар нема право да се меша во тие работи. Доволно е што самите револуционери живееле и загинале за Македонија. Тоа е доволен доказ за тоа дека биле горди Македонци, кои ниту својот живот не го жалеле за слобода на својата земја Република Македонија.

Македонија | пред 5 години

protest3

Протести со автомобили во Скопје и до Штип на денот на ВМРО

На 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава.Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат.Токму затоа ги покануваме сите граѓани масовно да ни се приклучат на протест против мафијата, за правда и слобода.Протестот ќе започне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф др Христијан Мицкоски.По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.Време е за одговор. Од секој зависи, велат од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен маж од Албанија, баран од Интерпол

На 20.10.2020 во 13.10 часот на Граничниот премин Ќафасан приведен е М.М. (42) од Република Албанија затоа што се барал со потерница од Интерпол-Италија. Лицето е спроведено до Полициската станица Струга за натамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

korona6

Починати 12 лица и нови 641 случај на пациенти позитивни на Ковид 19 денеска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Неготино-1.Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85г), еден од Куманово (59г), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75г), двајца од Велес (61 и 62г), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76г), еден од Струмица (66г) и еден пациент од Свети Николе (69г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24836, бројката на оздравени пациенти е 17905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6069. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 10493, активни 2983• Куманово 2024, активни 252• Дебар 310, активни 49• Штип 1486, активни 172• Прилеп 973, активни 237• Тетово 1786, активни 314• Струга 759, активни 78• Велес 458, активни 113• Битола 490, активни 152• Охрид 543, активни 116• Кавадарци 352, активни 102• Гостивар 1053, активни 111• Гевгелија 287, активни 150 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 630, активни 369• Крива Паланка 193, активни 67• Радовиш 184, активни 72• Крушево 21, активни 1• Кочани 583, активни 181• Пробиштип 144, активни 16• Демир Хисар 71, активни 10• Македонски Брод 98, активни 4• Пехчево 57, активни 11• Берово 175, активни 46• Валандово 86, активни 46• Виница 154, активни 51• Делчево 215, активни 118 (43 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 34, активни 8• Свети Николе 430, активни 59• Кичево 442, активни 96• Ресен 210, активни 46• Неготино 95, активни 39 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2688 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-702,  Биотек-253, МАНУ -186, Жан Митрев (Филип Втори) -245, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-32, ЦЈЗ Битола-161, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-96, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 226.612 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 134• Гази Баба – 353• Аеродром - 592• Карпош – 479• Центар – 476• Кисела Вода – 332• Ѓорче Петров – 240• Бутел - 122• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 6• Сарај – 23• Арачиново – 9• Илинден – 49• Сопиште – 25• Чучер Сандево – 11• Петровец –20• Зелениково - 9• Странец – 14• Нераспределен- 72

Македонија | пред 5 години

mila-carovska

Царовска: Наставниците ќе предаваат од дома за да се заштеди на греење, а екскурзии нема да има

Онлајн наставата успешно функционира на ниво на држава и 88% од учениците без потешкотии ја следат наставата од своите домови, што покажува дека имаме континуитет во образовниот процес во државата, изјави денес министерката за образование Мила Царовска при посета на неколку училишта во Кочани.Министерката нагласи дека за сите кои немаат ИТ уреди, обезбедена е опција за следење на наставата преку 15 минутни часови кои се емитуваат на националната радио-телевизија, но и преку доставување на печатени материјали од страна на наставниците кои имаат обврска да ги контактираат и да го следат совладувањето на материјалот.Што се однесува до организирање екскурзии, министерката кажа дека годинава не се дозволени.„Годинава екскурзиите не се дозволени. Учениците може да имаат прошетка заедно со наставниците до пет километри оддалеченост. Од друга страна она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби. Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите да ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. “, истакна Царовска.

Македонија | пред 5 години

Scarlet12

Наскоро во ЗОО Скопје сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис

Наскоро во Зоолошката градина Скопје ќе пристигнат сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис. Сервалите се африкански предатори од семејството мачки. Сервалот е еден од најголемите претставници од седумте видови мали мачки, кои го населуваат континентот.Сервалот претежно живее во Африка, во супсахарскиот дел на континентот со исклучок на тропските шуми. Бројот на сервалите, за жал, почна да се намалува, а како главна причина се наведува човекот. Модерните ДНК-анализи покажуваат дека сервалот има сродна врска со каракалот.Птиците од видот црвен Скарлет Ибис потекнуваат од егзотичните делови на Јужна Америка и Карибите и се национално обележје на Тринидад и Тобаго. Нивната специфична боја ги прави препознатливи, а во светот имаат статус на заштитен и загрозен вид. 

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Полицаец удрен со автомобил во Скопје, по што повеќе лица ги нападнале неговите колеги

Во вечерните часови на 20. октомври на скопската улица „Ѓорче Петров“ автомобил „ауди“, управуван од А.А.(26) од село Кондово, не застанал на даден знак и удрил во полициски службеник, кој преземал службени дејства.По преземени мерки од полицијата, А.А. бил пронајден.Според пријавеното, потоа повеќе лица физички ги нападнале полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајо

Скопје | пред 5 години

lap-top

Нема за ученици, има за пратеници: Собранието си купи 100 лаптопи

Со потпис на спикерот Талат Џафери, Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто лаптоп компјутери. Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ.Инаку додека собранието набавува компјутери, власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн или со физичко присуство на пратениците во законодавниот дом.

Македонија | пред 5 години

Kislorodna-poddrska-3

Половина од пацинетите со КОВИД 19 во штипското Инфективно одделение на кислородна поддршка

Во регионалниот ковид центар во штипското Инфективно одделение  од 50 пациенти, речиси половината се на кислородна поддршка, а имаат и пациент на 25 години. Неколку дена поради исполнетиот капацитет, пациентите се препраќаат и во кочанската болница, објави Телма. Штип и Свети Николе и понатаму се на врвот како општини со најголем број на регистрирани случаи на 100.000 жители, стои во последната анализа на Институтот за јавно здравје. На оваа листа високо котираат и Кочани, Делчево и Берово од Брегалничкиот регион. 

Македонија | пред 5 години

bolnica-kumanovo-2

Од коронавирус почина д-р Тасевски, хирург во кумановската болница

Кумановскиот хирург д-р Драган Тасевски почина како последица на коронавирусот, потврдија денеска од Општата болница во Куманово. Од Центарот за јаво здравје информираа дека тој пред десетина дена бил евидентиран како позитивен на коронавирус. Се лекувал најнапред на Инфективната клиника, а потоа и во приватна здравствена установа.Доктор Тасевски работеше во кумановската болница повеќе од триесетина години.

Македонија | пред 5 години

21102020_Inspekciski-sovet_pres_1

Филиповска-Грашкоска: За една недела извршени 2.183 контроли, инспекциите продолжуваат со интензивни контроли и за новите мерки

Во периодот од 12 до 18 октомври, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства реализираа вкупно 2.183 контроли, во врска со законите по кои постапуваат, како и по однос на одлуките на Владата од кои произлегуваат протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти на денешната прес-конференција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.„Изминатите неколку недели, за жал, сведоци сме дека епидемијата на коронавирусот не само што не стивнува, туку уште повеќе го зголемува својот интензитет, што се рефлектира преку голем број на новоинфицирани лица. Оваа состојба доведе до предлагање на нови мерки кои дел се во надлежност на инспекциските служби , а дел на други органи со кои инспекциските служби постојано соработуваат. Инспекциските служби кои вршат надзор и контрола на почитувањето на одлуките кои ги носи Владата, ќе продолжат со редовни и интензивни контроли на терен и изрекување на казни, за оние кои не ги почитуваат здравствените КОВИД протоколи. Искрено очекуваме, дека ќе се подигне колективната свест  и  преку почитување на мерките за заштита на јавното здравје сите заеднички ќе придонесеме за намалување на ширењето на коронавирусот, истакна Филиповска-Грашкоска.Таа додаде дека на вчерашната владина седница, се усвои предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој работното време за економските оператори се ограничува до 23:00 часот, како и за ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници, предвидени во едно возило. Денеска ќе се објават овие мерки во Службен весник, со што веднаш ќе стапат на сила. Апелирам до сите економски оператори да ги почитуваат овие одлуки,  а инспекциските служби редовно ќе вршат контроли за почитување на сите здравствени протоколи.Во периодот од 12 до 18 октомври, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства реализираа вкупно 2.183 контроли, во врска со законите по кои постапуваат како и по однос на одлуките на Владата од кои произлегуваат протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот.Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат,  во посочениот период, извршија вкупно 1.180 контроли, од кои 538 инспекциски надзори се спроведени согласно материјалните закони по кои оваа инспекциска служба постапува меѓу кои се и  Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност…( Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето). Дополнително пазарниот инспекторат изврши  642 контроли по основ на здравствените Протоколи за  работа на угостителски објекти, истакна Грашкоска.Инаку Државните пазарни инспектори изрекле вкупно  24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност, пречекорување на работно време и слично, како и 7 кривични пријави за угостителски објекти од кои 2 кривични се за организирање на свадби во Тетово и Скопје, и уште 5 кривични пријави за угостителски објекти во Скопје кои не ги почитувале протоколите во смисла на дозволено растојание помеѓу поставените маси, број на маси и слично.  Дополнително,  изречени се 52 решенија и 76 прекршочни платни налози за различни субјекти на територијата на целата држава.Државниот здравствен и санитарен инспекторат, покрај активностите поврзани со издавање на 5243 решенија за здравствен надзор и домашна изолација на заболени лица од КОВИД-19, како и на лица кои биле во контакт со позитивен на КОВИД-19, спроведе вкупно 116 надзори во субјекти во нивна надлежност, односно во приватни и јавни здравствени установи, домови за стари лица и други правни субјекти во нивна надлежност, а во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал и за прием и постапување со инфицирани пациенти од коронавирусот КОВИД-19, за што се донесени 13 решенија за констатирани неправилности.Државниот инспекторат за труд, реализираше вкупно 395 инспекциски надзори  кај работодавачи, врз основа на законот за работни односи и законот за безбедност и здравје при работа, како и врз основа на протоколите за заштита на вработените од корона вирусот. При овие надзори од страна на трудовите инспектори изречени се  23 решенија  за работодавачи во повеќе градови низ државата (Дебар, Струга, Гевгелија, Кичево, Неготино , Тетово и  Пробиштип) за отстранување на утврдените недостатоци во однос на начинот на исплата на плата, работното време и безбедноста и здравјето при работа, истакна Грашкоска.

Македонија | пред 5 години

21102020_Portparol_redovna-pres-konferencija_1

Арсовски: Изјавите на Каракачанов се недостојни и недолични

Новоименуваниот портпарол на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски, денеска ја одржа првата прес-конференција во владиниот Медија центар, со што повторно се воведува практиката на редовни прес-конференции на портпаролот по завршувањето на владините седници.На прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање за несоодветната и провокативна изјава на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, дека е подготвен да испрати инженерски полк и ги отстрани спомениците и спомен-плочите на кои пишува фашистички окупатор, портпаролот Арсовски го наведе ставот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и истакна дека ваквите изјави се недостојни и недолични, како и дека претставници на две земји членки на НАТО не може на ваков начин да комуницираат меѓу себе.Воедно портпаролот Арсовски изрази убеденост дека Бугарија како земја-сосед која прва ја призна независноста на Северна Македонија и која беше прв промотор на нашата интеграција кон НАТО и ЕУ нема да помисли да го оспорува правото на идентитетско самоопределување на  пријателскиот македонски народ.Тој го изрази оптимизмот на Владата на Северна Македонија дека ова не е став на мнозинството во Бугарија и дека ќе се изнајде решение со кое ќе се надмине ова недоразбирање со нашиот сосед.Во однос на новинарското прашање за декриминализација и депенализација на канабисот, портпаролот Арсовски истакна дека Владата е подготвена суштински да пристапи кон оваа тема преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци.„Потребно е да има широка и стручна дебата каде ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија, медицинската фела. Треба да се видат ефектите од користењето, понатаму системот за контролирање, како тоа ќе се контролира и изведе. Ова е процес во кој неопходен е ставот на сите. Предложено од Владата е донесување на измени и дополнувања на Законот за опојни дроги ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места“, истакна портпаролот Арсовски.Тој наведе дека во овој момент, одгледувањето на канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување на канабис издадено од Министерството за здравство, по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија.Во однос на прашањето за евентуално воведување вонредна состојба, портпаролот Арсовски го пренесе владиниот став, дека нема во моментот потреба од такво нешто имајќи предвид дека имаме активно Собрание.Воедно тој го повтори апелот на Владата до сите пратеници веднаш да ги прифатат законските измени за здравствените мерки, бидејќи се работи за здравјето и животот на граѓаните.Портпаролот Арсовски на оваа прес-конференција ги соопшти одлуките од вчерашната 13-та седница  Владата на Република Северна Македонија меѓу кои и дека:- Владата ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23:00 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.- Владата ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.- Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на Република Северна Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19.- Претседателот на Владата Заев ја информираше Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, задолжен и за спроведување на Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и дека ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.- Владата денеска го утврди најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за научно-истражувачка дејност. Со предложените измени се пролонгира рокот за избор во научни звања, односно лицата кои се фаза на стекнување на овој статус да ги завршат докторски студии и да бидат избрани во научно звање научен соработник, со што се надминува состојбата поради која немаше законски основа за исплата на септемвриската плата во научните институти.- Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според висината на пензијата.- Владата ги именуваше Сашо Тасевски за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР и Пеце Мирчески за директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, додека пак Висара Риза е разрешена од должноста в.д. директор на Агенцијата за лекови и медицински средства и на таа позиција е именуван Лирим Шабани.

Македонија | пред 5 години

opstina-centar

Општина Центар достави одговор на иницијативата против „Мораториумот“

Денеска во Уставниот суд на Република Северна Македонија, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, достави одговор на Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови од 27.3.2019 година.Врз основа на тврдења наведени во Иницијативата, ја информираме јавноста  дека Деталните урбанистички планови кои што се опфатени во Одлуката за начиниот на применување на деталните урбанистички планови од 27.3.2019 година, не се усогласени по ниту еден основ со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 година.  ДУП-те кои се опфатени со одлуката од страна на Општина Центар, се констатирани како штетни и како локална самоуправа сметаме дека директно и индиректно ќе влијаат врз загрозување на животот и правата на граѓаните кои произлегуваат од планската документација, доколку останат во сила.Донесувањето и спроведувањето на деталните урбанистички планови претставува дел од двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање. Ако генералните урбанистичките планови служат за да ја одредат намената на земјиштето и функционалната организација на просторот, примарните инфраструктурални мрежи и основните услови за изградба, деталните урбанистрички планови служат за разработка и спроведување на ГУП-от,  согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.Според тоа, ниту едно право, вклучувајќи го и правото на сопственост, не смее да биде исклучиво над друго право. Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 и деталните урбанистички планови, не смеат и не ги третираат поединечните права како исклучиви над преостанатите поединечни права.Од тие причини, Општина Центар смета дека Иницијативата од страна на подносителите е неоснована.За потребите и подготовката за изработка на одговорот на Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста, се вклучи и експертската јавност, вклучувајќи професори од Уставното право, Управното процесно право и Казненото право.Во наредниот период, Општина Центар очекува позитивен исход од Уставниот суд, со што нема да поведе постапка по однос на поднесената Иницијатива.

Скопје | пред 5 години

21102020_SEP_MP_MVR_3

Димитров, Маричиќ и Спасовски учествуваа на 4-от состанок на Секторскиот мониторинг комитет

По Заедничкиот ИПА мониторинг комитет, дебатата се насочува кон секторот владеење на право и темелни права на денешниот 4-ти состанок на Секторскиот мониторинг комитет со кој што заедно со претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, ко-претседаваше заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров. Од македонска страна, на состанокот учествуваа и ресорните министри за правда и внатрешни работи, Бојан Маричиќ и Оливер Спасовски.Таргетираното и ефикасно искористување на финансиската поддршка која што се обезбедува од Европската Унија за реформите во овој сектор е особено важно со оглед на значењето на овие области кои се дел од кластерот Темели.Заменик-претседател на Владата Димитров: „Сѐ што ќе искористиме од тековната помош од ЕУ ќе ни биде од значење за подобра подготвеност и сигурен старт на пристапниот процес во кластерот што се отвора прв, а затвора последен и влијае на динамиката на целокупниот преговарачки процес“.Министер за правда Маричиќ: „Минуваме низ крупни реформи во секторот правда.  Целокупната поддршка од ЕУ и сите проекти нè донесоа чекор поблиску и придонесоа за подобрување на независноста, отчетноста и ефикасноста на судството и обвинителството, овозможија подостапна правда за граѓаните, како и значително подобрување на условите во затворите - во согласност со европските стандарди“.Министер за внатрешни работи Спасовски: „Една од причините за нашиот успех постигнат во последните неколку години е токму постојаната помош која ја добиваме преку ИПА. Би сакал да напоменам дека со помош на овој инструмент, МВР како еден од најголемите корисници на ИПА фондовите, овозможи реализација на многубројни проекти, со што нашето Министерство обезбеди значителна поддршка во спроведување на реформските процеси, како и голема материјална поддршка со што видливо се подобрија човечките, техничките и инфраструктурните капацитети неопходни за ефикасно работење“.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања