За 60 дена видовме дека Спасовски може и полошо од претходно, 50 разбојништва во Скопје и 3500 кривични настани, вели Петрушевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
133482167_1805636049614010_615093259097823783_o

„Поминаа 60 дена откако Оливер Спасовски беше реизбран за министер за внатрешни работи, а овие 60 дена криминалот буквално метастазираше. Впрочем како што и претходните 4 години мандат на Спасовски во МВР царуваше криминалот, така, па и уште полошо, продолжи во овие 60 дена“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

„Ако милевме дека видовме се од неспособноста на Спасовски до сега, од делење на 215 пасоши на белосветски криминалци, до фаќање на полициски началник со дрога од страна на американската ДЕА, сега во овие 60 дена гледаме дека Спасовски може и полошо.

— реклама —

Од јануари до денес на територија во Скопје имаме преку 50 разбојнички кражби како од криминалистичките филмови. Буквално во секоја општина секојдневно криминалците пљачкаат со употреба на калашникови, сред бел ден ограбуваат продавници, банки, кладилници, приватни бизнисмени, куќи, легнуваат вработени по земја, ги тепаат, ги малтерираат и со парите си одат како ништо да не било. Таков беше и последниот случај со ограбувањето на банка во Скопје во кој учествувале полицаец и наркобос кој требало да биде во куќен притвор.

Спасовски треба да каже зошто криминалците се чувствуваат вака слободни и заштитени да прават дрски вооружени грабежи.

На ниво на цела Македонија за само два месеци има над 3.500 кривични настани и тешки кражби каде Битола и Велес водат по сите параметри, или ако сакате попрецизно за овој период од два месеци само во Скопје имало 516, во Битола 300, Велес 110 тешки кражби и илјадници други дела.

Ова е неуспехот на Спасовски. Ова е цената која граѓаните ја плаќаат поради неспособноста на Спасовски. Спасовски е одговорен зошто во Македонија наместо владеење на правото гледаме дивеење на криминалот. Спасовски е одговорен зошто дел од полицијата е во коалиција со криминалот, а дел е нем сведок на зулумот кој се случува.

Се додека Спасовски е на чело на МВР, до тогаш граѓаните ќе бидат небезбедни, а криминалците ќе бидат конфорни“.

F-Ja3oE1UBU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања