Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

georgievski-zaharieva

Георгиевски во Софија се сретна со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.Информацијата ја потврди партијата, но нема повеќе детали од средбата.Бугарската министерка ја објави веста на својот „Фејсбук“ и сподели фотографии.https://www.facebook.com/ZaharievaEkaterina/posts/2765042413810372„Јас и мојот тим денеска имавме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзин премиер (1998-2002), Љубчо Георгиевски“, напиша Захариева.Георгиевски претходно најави дека денеска ја почнува турнејата за лобирање Бугарија да не ја блокира Македонија.

Македонија | пред 5 години

Akcija-predavanje-pecki-Gazi-Baba-3

Жителите на Гази Баба и Аеродром што аплицираа за инвертери од денеска до недела ги предаваат старите печки

Жителите на општините Гази Баба и Аеродром што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје во текот на продолжениов викенд (денеска, утре и во недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во Вардариште. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот.Во Град Скопје до вчера се пристигнати 4.800 апликации, а само од општините  Гази Баба и Аеродром се пристигнати  над 1. 000 апликации на овој јавен повик.Изминатите  викенди, ваква акции за предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување се организираа во општините Сарај, Шуто Оризари и Карпош.Значајно е да се нагласи дека во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, за да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфати граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните можеа да аплицираат онлајн.Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.Целта на јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди е да се придонесе за намалување на аерозагадувањето во Скопје преку намалување на бројот на оџаци кои чадат заради загревање на домовите во текот на грејната сезона, односно во зимскиот период. 

Скопје | пред 5 години

svadba

Полицијата прекинала свадба со 200 гости во Арачиново

Полицијата вчера вечерта околу 21 часот прекинала свадба во угостителски објект во скопско Арачиново, пишува Слободен печат.Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на Ковид -19 во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави.

Скопје | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Екс премиерот со историска лекција: Што е 23 Октомври 1893 година?

Македонија има три датуми кои ги слави како свои национални празници а со тоа и неработни денови, за четири клучни историски мигови во добивањето слобода и создавањето на држава и независност: 23 Октоври 1893 година, 2 август 1903 и 1944 година и 8 септември 1991 година.Што е 23 Октомври 1893 година?Во една сложена и тешка, долго време напластувана политичка, економска, социјална и безбедносна ситуација во периодот 1892-1893 година, во услови на многу неправди, потчинетост и пониженост на христијанското население во Македонија, дејствување на разбијнички банди кои го пљачкосувале населението со подршка на властите и беговите, лихварство на кое биле принудени да се потчинат и од чија мрежа неможеле да излезат, експлоататорски даноци од државата и од чифликсајбиите, што ги принудувале скоро сите семејства барем еден член на семејството да пратат во печалбарството за таму да остане долго години за да може неговото семејство да преживее и да ги плаќа даноците и лихвите, многу слаби државни институции на османлиската империја и неправда на секој чекор, започнува едно политичко зовривање, едно течение, едно движење во солунската егзархиска машка гимназија Св. Кирил и Методиј.(Бугарската егзархија како автохефална црква е создадена во 1870 година и е преименувана во бугарска православна црква во 1950 година).Македонската средношколска и студентска младина е полна со револт против турската теократија власт, која произволна деспотски власт ги игнорира најелементарните човекови права држејќи ги христијаните во нај понижувачка состојба. Таа младина наоѓа поле за своја револуционерна акција со која им дава смисла на своите револуционерни идеи, поттикнати од револуционерната социјалистичка, анархистичка, и слична литература. Независно што таа литература се однесувала на други општества, мотивот да се внесе револуционерниот бунт во Македонија, на сите тие струи на млади интелектуалци, Македонија им се претставувала како земја која е пример за општа и комплексна неправда и во која не постојат елементарни човекови права а постојат сите неправди спроведени до крајност на нај загрозувачки и нај понижувачки начин. Така во Македонија се изградуваат многу млади национал револуционери, социјал револуционери, анархисти и припадници на други текови.Истовремено бугарската, српската и грчката пропаганда со своите црковно - просветни дејности го делеле народот во Македонија и го загрозувале неговиот национален индивидуалитет.Пропагандниот натпревар требало да обезбеди повеќе грчки, бугарски и српски национални приврзаници во Македонија со цел во погоден момент при распадот на Османлиската империја кој веќе се чуствувал дека е блиску, требало да послужат како ванатрешни нацинални сојузници и еден вид алиби за нивните територијални претензии во Македонија.Во тој контекст е и писмото на Митрополитот Теодосиј Гологанов од 22. 06. 1891 година, испратено до проигуменот Дионисиј, во кое пишува: Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат.По дипломирањето на медицинскиот факултет во мај 1892 година, Христо Татарчев заедно со својот братучед Божидар веќе во јули истата година се враќа во Македонија од Цирих во првите три години од студирањето, а потоа во Берлин каде ги продолжиле и завршиле студиите на универзитетот “Фридрих Вилхем” каде дипломирале на медицина а веќе во септември истата година е поканет да стане лекар во солунската егзарска гимназија. Тој доаѓа во Македонија веќе со едно искуство од Цирих каде веќе го поттикнал формирањето на студентското балканско друштво “Лозари” создадено со цел да биде пропагирана идејата за зближување на балканските народи врз правото на полна политичка слобода и слободен културен и национален развиток. Тој доаѓа и со едно огромно животно искуство во слободни, напредни и европски држави со далеку понапредно владеење на правото, веќе трансформирани во негов копнеж за слободна Македонија во која ќе владеат правдата и законот и во која ќе има ред и напредок.Татарчев имал и сериозни склоности кон филозофијата, кон нејзините фундаментални и вредносни системи и принципи. Блиски му биле делата на Дарвин, Бока, Шлосер и други кои го влечеле кон системите на идеите и кон судовите за нив како нивна проверка низ бурниот и противречен живот на луѓето и на општествата но и тој и сите други од таа млада генерација на интелектуалци се веќе сведоци на ослободувањето на Бугарија и на соединувањето на источна Румелија со кнежеството, што значи сведоци на успесите на некои балкански народи и вознемирени од положбата на оние кои останале во Османлиската империја со ист статус.Прифаќајки ја поканата за работа во Солун тој се нашол во средиштето на настаните поврзани со Македонија и во политичкиот вриеж во кои главно место има солунската егзархиска гимназија и солунските општинари и првенци. Со Даме Груев се запознал кога тој побарал од него лекарска помош во август 1893 година.Една од работите кои ги поларизирале наставниците и учителите во гимназијата, како и еснафите и граѓаните на солунските општински и градски средини, била егзархиската централистичка политика во училиштето и општините во кои егзархијата и нејзините органи биле тие кои решавале се, од наставни планови и програми, определување и распоредување на учителите, поставување на директори, напредување, плати итн. Овој систем бил протекционистички и селективен.За директори се поставувале лица од Бугарија а не од Македонија, учителите од Бугарија биле поставени погоре во секој поглед од тие од Македонија кои биле и осомничени за бунтовите во ученичките средини и често преместувани со одлука на директорот. Разместувањето и намалувањата на плати најчесто биле кон оние учители кои биле критичари на егзархиската политика и директорот и тоа речиси секогаш биле учителите Македонци, кои биле во спротивниот табор од таборот на директорот. Споровите не биле чисто стручни, туку ги врзувале пошироки, често политички прашања кои ги конфронтирале македонските од бугарските учители во чија група имало и по некој Македонец . Тие се конфронтирале и по други политички и државни прашања. Во овие конфронтации во гимназијата и општините била вршена диференцијација на македонските и бугарските интереси, односно на оние кои биле дојдени од геогравска Македонија под османлиска власт и оние од кнежевството Бугарија, како во училишните работи така и во општествените. Тој вриеж и конфронтации се пренеле и на учениците и сето тоа станува замавно тркало и основа на политичко групирање и организирање на младите Македонци со цел да се превземе целесообразна активна дејност за ослободување на татковината од османлиската власт и за еманципација на македонските интереси од влијанието на соседните балкански држави. Тој процес во 1892-1893 е завлезен во своето финале, така што почнува барање на блиски по идеја и дух сомисленици заради здружување за остварување на заедничката национална цел. Тоа взаемно приближување на блиските по идеја и намера и храбри по решителност, конечно се случило на почетокот на учебната 1893/1894 година кога се состанале Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев во станот на Христо Батанџиев на 23 Октомври 1893 година и решиле да се формира Македонска револуционерна организација (МРО) со цел да се добие автономија на Македонија, предвидена во членот 23 од договорот на големите сили постигнат на Берлинскиот конгрес во 1878 година.По средбата на 23 Октомври и по други средби околу Божиќ и по него, во пролетта 1894 година (на Богојавление и на Велигден) биле одржани уште две други средби на кои бил донесен устав на организацијата и бил конституиран нејзиниот прв централен комитет, именуван како Централен македонски револуционерен комитет, кога за претседател е избран д-Христо Татарчев, а за секретар и благајник Дамјан Груев.Интересно е што на идејата за слобода и автономија на Македонија најмногу се одзвале младите ученици, работници и занаетчии од чии што редови биле првите зачленувања во МРО. Најголем дел од тие први припадници биле од подолните македонски слоеви. Поради тоа, тие први чекори при формирањето на МРО наидувале на голем песимизам и на потценувачки приговори и коментари кај тогашните по издигнати интелектуални и градски категории, кој на целата идеја гледале како на авантуризам, но тоа иако свесни дека е така, не ги обесхрабрило основачите и продолжиле со активности за привлекување што повеќе приврзаници.Сите основачи согласно договорот на 23 Октомври најпрвин се обратиле кон своите лични пријатели, а понатаму и кон нивните блиски ширејќи ја идејата. Дамјан Груев најмногу успех имал во привлекување учители и трговци во револуционерната мрежа. Иван Хаџи Николов преку својата книжарска дејност вршел пропаганда кај младите учители и ученици. Христо Батанџиев кој бил секретар на солунската општина исто така привлекол учители и ученици но и свештеници кои ја посетувале општината. Петар Поп Арсов кој бил професор во егзархиската машка гимназија водел големи расправи и борби со идејните противници и скептици. Андон Димитров делувал по месните средини каде имал голем авторитет. Татарчев како лекар секојдневно стапувал во контакт со многу луѓе и како човек со огромен авторитет исто така вршел пропагандна дејност и учество во привлекување на првите приврзаници и членови на МРО.Резултатите биле неочекувани и многу поголеми од предвидувањата и ги изненадиле и самите основачи. Револуционерната идеја и автономијата биле широко прифатени и вистинско будење на народните маси барајки надеж за подобра, по човечка и поправедна иднина. Тоа е всушност и првата повеќе годишна фаза на организацијата: будење и ширење на идејата низ народните маси.Христо Татарчев подоцна ќе запише: “новото учење се голташе со жар и ликот на слободна Македонија го внесуваше во егзалтација”. Бројот на нови покрстени и зачленети членови брзо нараснал. Вардарска црква во Бугариево и книжарницата на Иван Хаџи Николов станале главно сврталиште и најважни пунктови на идните револуционери каде најчесто се сретнувале. Подоцна револуционерни гнезда се шират низ цела земја но Солун како културен, економски и политички центар на геогравска Македонија, уште долго останал средиште и срце на ослободителното дело.Ѓорче Петров во беседата за Гоце, 27 години подоцна, отценува дека условите биле созреани но основачите ги канализирале.Тие ненадејни и бурни резултати со омасовувањето донеле потреба од побрзо осмислување на структурата на самата организација, утврдување на принципите на нејзиното поврзување и раководење по хоризонтала низ цела Макеоднија и по вертикала од нејзините најосновни ќелии па до нејзиниот врв. Па така од 15 до 18 август 1894 година, во Ресен во куќата на Татарчеви се собрале петнаесетина членови на МРО каде по анализата носат неколку одлуки:1. Макеоднија да се подели на револуционерни окрузи во кои да се постават одговорни лица со нужен авторитет2. Матерјални средства да се собираат, покрај од членовите и од други лица кои се симпатизери на делото3. Во училиштата и црковно училишните институции да се вметнат што е можно повеќе луѓе кои се симпатизери на делото4. Да се засили пропагандата со весници и со револуционерна литература.По Ресенското советување или како што некои историографи го нарекуваат “конгрес”, следуваат уште поголеми омасовување и популаризирање и на МРО му пристапуваат бројни способни и авторитетни кадри како Гоце Делчев, Христо Матов, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Мише Развигоров, Пандо Кљашев, Кирил Прличев, Димитар Мирасчиев и многу други.После Ресенското советување фокусот е на освојување на општините, посебно нивниот училиштен оддел за да може организацијата да ги распредели своите членови учители во поважните градови каде би вршеле пропагандна активност, омасовување и би создавале гнезда на организацијата. Со таа цел, организацијата решила да го кандидира Х. Татарчев за претседател на солунската егзархиска општина но доаѓа во конфликт со т.н. егзарска партија, повеќе постари, угледни и побогати лица кои на идејата на МРО гледале како на авантуристичка идеја на група авантуристи, “даскалчиња” кои можат да навлечат само проблеми на народот. Еден од нив, Коне Самарџиев, никако неможел да се помири и со тоа дека коректорот во неговата печатница Дамјан Груев со неговите другари ќе ја раководи општината, но имал отпор и кон Иван Хаџи Николов кој ја отворил втората книжарница во градот и му станал конкуренција.По освојувањето на солунската егзархиска општина, младите сили на МРО како ново и се попопуларно движење во македонските работи добило и идеен противник од егзархиското движење или течение каде се приклониле богати и угледни преставници тесно поврзани со политиката на Егзархијата и со самата неа, во чие движење се приклучила и една група на учители од солунската гимназија на чело со Михаил Сарафов, кој со повеќе други идеолози на егзархиското движење влегуваат во судири и непријателства до точка на меѓусебна пресметка и ликвидација со МРО, која подоцна ќе биде спречена со умешното посредување на Борис Сарафов како претседател на Врховниот македоно-одрински комитет но и со интервенции од бугарските владини кругови.Година-две по Ресенското советување веќе цела Македонија е покриена со комитети и дружини за што се поставила потребата за одржување на првиот конгрес на МРО, кој Татарчев го нарекува и “конститутивен”, и кој се одржал во Солун во 1896 година со кој претседава Татарчев кој останува претседател на централниот комитет се до неговото апсење во 1901 година.Влегувањето на Гоце Делчев во организацијата следува веднаш по отпуштањето на Делчев од Военото училиште во Софија во септември 1894 година и е во посредство со Дамјан Груев и по претпоставка на Ефрем Чучков, веројатно преку другар на Делчев, кукушанецот Георги Имов, отпуштен од Военото училиште уште пред Делчев, по што веднаш во посредство на МРО е испратен во штипското предградие Ново Село да биде учител, каде постигнува неверојатен успех и заедно со ист таков успех на Пере Тошев во Битола, тие градови и околии се двете најголеми стожери на организацијата во тие години.Со приклучувањето на Делчев организацијата добива многу. Ѓорче Петров во неговата беседа за Гоце одржана на 16 годишнината од денот на неговата смрт, ќе каже: “Кај што ќе стапнеше, работите на организацијата добиваа на брзина, која работа ќе ја почнеше одеше брзо кон нејзиниот крај, а по пат уште и го подигаше расположението. Неговите зборови беа ослободени од секакви скруполи, кога некого канеше да работи, создаваше пламен кај слушателите. Во неговите дела и слава се чуствуваше дух на бестрашност, себе откажување, дух кој ги заразуваше гледачите и слушателите и соучесниците и на тој начин проникнуваше во нив. Со тие свои квалитети тој внесуваше нов живот во краевите кои ги посетуваше, создаваше темперамент и расположение дури и кај луѓето со кои влегуваше во судир.”Ова се само некои делови и фрагменти од почетоците на македонската револуционерна борба чии централен датум е 23 Октомври 1893 година, за кои е убаво да се потсетиме на овој празничен ден.Нека е честит и вечен празникот на македонската револуционерна борба!Нека е вечна Македонија!

Македонија | пред 5 години

hrana1-770x475

Од 1 јануари 10 отсто ДДВ за храна и пијалаци во кафеаните, освен за алкохол

Храната и пијалоците кои се служат во ресторани и кафулиња ќе се даночат по нова повластена стапка.Повластена даночна стапка од 10%, ќе почне да важи од 1 јануари 2021, и ќе се однесува за продавањето храна и пијалаци во угостителските објекти и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.Исто така од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Македонија | пред 5 години

vlada

Владата именува нови директори на јавни претпријатија и државни агенции, еве кои се ...

Владата на седница донесе одлука за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија.„На овие одлуки им претходеше исцрпен процес на интервјуа и разговори за да се идентификуваат и прифатат соодветни кадровски предлози кои ќе ги исполнат критериумите и обврските што произлегуваат од усвоена владина програма, и кои се пред сѐ стручни и компетентни во областите за кои се именуваат“, соопштија од Владата.Станува збор за еден дел именувани како „вршители на должност“, на позициите на кои претходните директори поднеле оставки, додека за еден дел јавни претпријатија и државни агенции не е извршено именување со оглед на фактот што на актуелните директори им тече тековниот мандат. За сите позиции за кои се назначени в.д. директори ќе следат огласи со цел избор на директори со целосен мандат.Согласно ова образложение, Владата денеска ги донесе следните одлуки и заклучоци на Комисијата за именување:Владата констатира дека на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија му е завршен мандатот и донесе заклучок истиот да не биде продолжен, туку да биде објавен јавен оглас за именување нов директор.За членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија Владата ги именува:– Ветон Мурати (дипломиран економист),– Владо Неданоски (дипломиран професор по спорт и физичко образование, м-р по безбедносни науки),– Никола Рилак (дипломиран информатичар),– Зоран Саздовски (педагошки факултет)Со изборот на членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, Владата заклучи да им препорача на членовите да поведат постапка за разрешување на актуелниот директор Шпенд Хајредини, заради индиции за сериозни нарушувања на повеќе одредби од Кодексот за етичко однесување како и заради постапки кои укажуваат на надминување на надлежностите предвидени со Законот за јавни претпријатија.Владата донесе одлука да му предложи на УО на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта да го разреши актуелниот директор Љујзим Фејзулаи заради неисполнети обврски од програмата за работа и заради слаби резултати и на негово место да го именува Нефрус Челику.Владата ја констатираше оставката на Иљми Селами од должноста член на Одборот на директори на АД Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, а за член на Одборот на директори на АД Водостопанство на Република Северна Македонија да го избере Васко Стефанов (дипломиран инженер по индустриска логистика и магистрант на Факултетот за Природни и Технички Науки).За членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на предлог на организациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, Владата ги именуваше:– Наташа Бошкова за областа „Заштита на маргинализираните лица“ од Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини Скопје, и– Снежана Трпевска за областа „Медиуми и информатичко општество“ од Здружението на новинарите на Македонија СкопјеВладата го именуваше Марјан Кицев за член на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, како претставник од репрезентативниот синдикат член на Економско социјалниот совет.Маја Аргировска, е разрешена од должноста член на Комисијата за одлучување по барањата за зголемување на формираната цена на лек, и на нејзино место ја именуваше Аница Иваноска Стрезовски.Со одлука на Владата, Слободанка Колевска е разрешена од должноста член на УО на ЈЗУ Општа болница – Струга, на нејзино барање, а за член на нејзино место е именуван Мартин Џутески.Од должноста в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, денеска е разрешен Арбен Виља, а Дејан Павлески (дипломиран инженер по електротехника), е именуван за в.д. директор на оваа Агенција.Од должноста член на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој денеска е разрешен Александар Стефановски и поради истек на мандатот на претседателот и 5-те членови на Управниот одбор, за членови Владата ги именуваше:– Моника Јованова (дипломиран преведувач и толкувач од албански на македонски јазик и обратно), за период од три години;– Пиштар Љутфиу (м-р од областа на политичките науки), за период од три години;– Калина Лечевска (доктор на социолошки науки), за период од три години;– Бранко Ничота (дипломиран Инженер по електротехника), за период од три години;– Димитрија Анѓелковски, за период од две години;– Синиша Вељановски (дипломиран правник и м-р по меѓународно право и меѓународни односи со положен правосуден испит) за период од две години; и– Дритон Зибери, за период од две години.Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и го назначи Милутин Станчиќ, професор по македонска и јужнословенска книжевност и српски јазик на Филолошкиот Факултет во Скопје за директор на оваа Управа.На оваа седница Измит Нура е разрешен од должноста заменик директор на Агенцијата за млади и спорт и за заменик директор е именуван Авни Рустеми.Аљајдин Хавзиу, е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за труд и на таа позиција е именувана Јована Тренчевска, дипломиран социолог и м-р по социолошки науки.Од должноста членови на Управен одбор – претставници на основачот на ДРЖАВЕН УЧЕНИЧКИ ДОМ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ Владата ги разреши Ангелчо Петков и Косте Бојков, а за членови и ги именуваше Ефремчо Николов, Душанка Трајковска и Павле Лукоски.Владата ја прифати оставката на Билјана Јовановска, и ја разреши од должноста директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Скопје, на нејзино барање и го именуваше Абдуш Демири, дипломиран економист за директор на Агенцијата.Владата ја прифати оставката на Сафет Емрули, и го разреши од должноста директор на Државниот завод за индустриска сопственост, на негово барање и го именуваше Горан Герасимовски, дипломиран социолог и м-р по менаџмент на човечки ресурси за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.Владата ја прифати оставката на Осман Шукриу и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија, на негово барање и го именуваше Измит Нура за заменик на директорот на Агенција за иселеништво.На денешната седница Фејзула Спахија е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за животна средина и на оваа должност е именувана – Ана Петровска.Авдуљ Селам Селами е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Ремзи Абдулахи е разрешен од должноста заменик – директор на Управата за јавни приходи.Владата го разреши Анте Поповски од должноста в.д. директор на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи, и ја именуваше Калтрина Беќири, доктор на стоматологија за вршител на должност директор на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи.Владата денеска го именуваше Авдуљ Селам Селами, дипломиран правник за вршител на должност заменик на директорот на Управата за јавни приходи, а Ремзи Абдулахи, дипломиран правник за вршител на должност заменик на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Џезми Салиу е разрешен од должноста директор на Управата за животна средина, и на оваа позиција е именувам Хисен Џемаили, м-р по менаџмент на животна средина за вршител на должност директор на Управата.Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – НАВ) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Фахрудин Хамиди (м-р по бизнис менаџмент).Со заклучок од оваа седница на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје му е препорачано, од должноста член на Управниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје да го отповика Орхан Муртезани, а за член да го избере Аднан Азизи (дипломиран на Филолошки факултет).На денешната седница Блажена Пејовска, дипломиран градежен инженер, насока-транспортна инфраструктура, е именувана за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Македонија | пред 5 години

policija-2

557 санкционирани возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 557 санкции, меѓу кои 93 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 59 мерки за технички неисправни возила, 52 за возење без возачка дозвола, 16 санкционирани мотоциклисти. Изречени се 93 мерки за непрописно паркирање, а 70 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

policija-2-1

207 санкционирани возачи во Чаир

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на општина Чаир изречени се вкупно 207 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 23 лица, 24 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 31... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

nikola-poposki

Никола Попоски позитивен на ковид-19

Поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски е позитивен на коронавирусот. Оваа информација тој ја сподели на социјалната мрежа Фејсбук.-Добив позитивен разултат на тест за ковид. Добар сум и немам симптоми. Не смееме никако да ја потценуваме епидемијата, напиша Попоски на ФБ.

Македонија | пред 5 години

Durlovski

Потрес: Дурловски го напушта Собранието, нема да биде пратеник

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ се повлекува од пратеничката функција. Тој на социјалните мрежи напиша дека одлуката се должи на тоа што не може да го оствари тоа што го ветил пред изборите.„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам!Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас“, напиша Дурловскиhttps://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/3885175754834306

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Доживотен затвор за сериски убиец од Струмица

Струмичкиот суд го осуди Марјанчо Велев од Добрејци на доживотен затвор за убиството што го сторил над Александар Мицев од пред две години.Телото беше пронајдено лани во резервоар во водите на браната Турија, каде Велев ја фрлил и втората жртва Ристо Иљашев за што во февраури годинава беше осуден 20 години затвор.Имајки ја предвид и претходната казнa, денеска судот му е изрече доживотен затвор, бидејќи на подмолен начин го извршиол не само убистовот над Мицев, туку и на Иљашев.

Македонија | пред 5 години

milososki

Милошоски: Прашање на време е дали Бугарија ќе одлучи да не блокира на самиот старт

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа посочи дека проблемот со Бугарија и најавеното вето од бугарска страна и смета дека ноември не е последниот месец за донесување на одлука за отпочнување на меѓувладината конференција.-Бугарија ги зајакнува своите позициии и прашање е на време дали Бугарија ќе одлучи да ја блокира Македонија на самиот старт или ќе го помести за некоја од следните фази во разговорите помеѓу Македонија и Европската комисија. На ова укажавме уште во март годинава кога се одржа советот на Европската унија и кога бугарската делегација успеа со подобра дипломатска активност да си додаде една изјава која стана составен дел од заклучоците на советот на Унијата и кој се однесува на јазикот. Дури и го оспоруваат и сменетото уставно име и тезата за ширење на државно спонзорирана антибугарска пропаганда. Според мои сознанија, за време на посетата на Османи на Софија имал средба и со Борисов и Захариева и дека на средбата со Захариева, Османи има добиено нон пејпер на кои се наведени условите под кои Бугарија би дозволила да почне меѓувладината конференција без да ја блокира Македонија и за тоа се известени и министерот Димитров и премиерот Заев. Од нивна страна нема подготвеност да се разговара за тоа во Собранието и на лидерска средба, рече Милошоски. 

Македонија | пред 5 години

zaev-borisov-2

Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку Бугарија стави вето за одржување на првата меѓувладина конференција што според најавите треба да се одржи за време на Германското претседателство со Европската Унија, односно најдоцна до крајот на годинава.-Апсолутно не се согласувам со тезата дека треба да поднесам одговорност и да поднесам оставка, бидејќи во предизборието главно ветување ми било почеток на преговорите со Европската Унија. Главен аспект на кој беше насочена кампањата беше борбата против Ковид, новата македонска економија, прочистувањето на правосудството и владеење на правото во државата. Јас не дека ќе избегнам одговори во иднина за било кое прашање, но до последен момент верувам дека ќе успееме во преговорите за разликите со Бугарија, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.Тој нагласи дека и досега покажале сериозни успеси во договарањата и преговарањата и во напредокот на земјата.-Денеска сме членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговори со ЕУ после 15 години. Како и да се спореди ова со претходните владеачки политички структури сепак сме светлосни години понапред од она што претставува алтернатива во нашата земја, потенцира Заев

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Состанокот на министрите за здравство во рамки на Берлинскиот процес, размена на искуства и подобра координација

Министерот за здравство на Република Северна Македонија доц. д-р Венко Филипче и министерот за здравство на Република Бугарија д-р Костадин Ангелов, денеска копретседаваа со Состанокот на министрите за здравство во рамки на Берлинскиот процес, преку видеоконференциска врска, кој за првпат оваа година на агендата го вклучува и секторот здравство. На министерскиот состанок, кој се одржа во Владата преку видеоконференциска врска, покрај министерот Филипче, присутни беа и амбасадорката на Сојузна Република Германија Анке Холштајн, претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, како и членот на Комисијата д-р Сузана Маневска.Тема на дискусија на министерскиот состанок беше здравствениот одговор во услови на ковид-19 во регионот и пошироко, како и координиран пристап за слободно движење на луѓе, стоки и услуги, притоа држејќи ја епидемиската состојба под контрола.Учество во дискусијата земаа претставници од Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија и Полска. Исто така, свои вклучувања имаа и претставникот на ЕУ - советник за здравство и управување со кризи Изабел Де ла Мата, регионалниот директор на Светската организација на Европа д-р Ханс Клуге, проф. д-р Јоана Ханефелд од Центарот за меѓународна здравствена заштита, Robert Koch Институт, д-р Андреа Аман директор на Европски центар за превенција и контрола на болести и д-р Мира Јовановски Дашиќ од Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN).Министерот Филипче се заблагодари за поддршката од сите компании, амбасади, земјите од Европската Унија кои дадоа значителна помош во заштитна медицинска заштита, но и средства за зајакнување на здравствениот систем во услови на ковид. Тој ги информираше учесниците за поддршката и четирите пакет мерки од Владата за помош на граѓаните и компаниите и објасни како функционира здравствениот систем во услови на ковид.„Здравствениот систем од почетокот на кризата е целосно реорганизиран. Во инфективните одделенија кадешто се третираат пациенти со ковид-19 работат доктори и медицински сестри по систем на ротација. Секаде во регионот, Европа и светот бројот на новозаразни и хоспитализирани се зголемува. Се надевам дека резултатот од овој состанок ќе биде воспоставување на систем на подобра размена на искуствата во однос на пандемијата предизвикана од коронавирусот заедно со земјите во регионот. Исклучително е важно со земјите од Западен Балкан да воспоставиме подобра координација со цел поуспешно справување со ковид кризата.“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 5 години

img_1357

Зеќири за ТВ24: Не е време за политички хирови, измените на Законот за заштита на населението од заразни болести е за поголема превенција од коронавирусот

Ситуацијата е крајно сериозна, тактизирањето во врска со донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на опозицијата е несфатливо и за нас и за граѓаните, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири при гостувањето во емсијата „Анализа“ на ТВ24.Тој нагласи дека Законот не се носи за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ, законот се носи за превенција од заразата со која се соочуваме.Не е време за политички хирови, ниту за профитирање преку ситни политички поени, крајно време е да се донесе законот. Во меѓувреме има нови препораки за носење заштитни маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на бројот на домашни гости, амандманите се изготвени од СДСМ да бидат составен дел на законот, рече Зеќири.Потпретседателот Зеќири изрази надеж дека нема да има повеќе потреба од тактизирање и дека измените на законот ќе бидат усвоени веќе следната недела. 

Македонија | пред 5 години

venko-filipce

Филипче: Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема

Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2527784050861946

Македонија | пред 5 години

korona-test

Повторно 12 починати и 640 нови случаи на Ковид 19 во земјава денеска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2.Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 10762, активни 3174• Куманово 2067, активни 290• Дебар 315, активни 53• Штип 1503, активни 181• Прилеп 1014, активни 278• Тетово 1827, активни 345• Струга 762, активни 77• Велес 469, активни 120• Битола 500, активни 159• Охрид 567, активни 137• Кавадарци 394, активни 141• Гостивар 1065, активни 118• Гевгелија 298, активни 159 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 654, активни 383• Крива Паланка 195, активни 69• Радовиш 193, активни 80• Крушево 21, активни 1• Кочани 603, активни 195• Пробиштип 146, активни 18• Демир Хисар 71, активни 10• Македонски Брод 98, активни 4• Пехчево 57, активни 11• Берово 177, активни 45• Валандово 89, активни 46• Виница 158, активни 55• Делчево 218, активни 121 (45 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 34, активни 8• Свети Николе 437, активни 64• Кичево 459, активни 112• Ресен 214, активни 50• Неготино 106, активни 48 (16 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2634 теста се преку: ИЈЗ-758, ЦЈЗ Скопје-114, Авицена-562,  Биотек-235, МАНУ -193, Жан Митрев (Филип Втори) -288, Систина со PCR метода -161, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-51, ЦЈЗ Битола-115, Инфективна клиника-10, ГАК-7, Синлаб-76, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 151• Гази Баба – 379• Аеродром - 631• Карпош – 511• Центар – 484• Кисела Вода – 366• Ѓорче Петров – 255• Бутел - 127• Шуто Оризари – 19• Студеничани – 6• Сарај – 21• Арачиново – 10• Илинден – 51• Сопиште – 26• Чучер Сандево – 12• Петровец –20• Зелениково - 8• Странец – 16• Нераспределен- 81

Македонија | пред 5 години

elen

Ќе се воспоставува центар за згрижување повредени и запленети диви животни

Министерството за животна средина и просторно планирање почна со реализација на активност за изработка на студија за изводливост за воспоставување центар за згрижување повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија, активност што се спроведува во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем“ од Скопје.Во текот на изминатите години во повеќе наврати на подрачјето на државата евидентирани се случаи на повредени диви животни. Честопати причина за вакви случувања се прекинатите биокоридори за миграција на дивите животни со развојот на патната инфраструктура, изградба на енергетски и хидроенергетски објекти, рударски активности, пожари, поплави, но и незаконско ловење и фаќање на животните со замки. МЖСПП како надлежно државно тело за спроведување на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени диви растителни и животински видови (CITES) има региструрано случаи на нелегална меѓународна трговија и промет со диви видови, нивни делови и деривати на територија на нашата земја, каде што запленетите диви животни мора да се одземат и соодветно да се згрижат.Оттука, се наметна потребата од воспоставување центар за згрижување повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија по примерот на европските држави. Имплементатор на активноста е приватната компанија ДЕКОНС ЕМА, која има ангажирано национални и меѓународни експерти.

Македонија | пред 5 години

22102020_PVRSM_Sostanoci_EU_2

Заев, Димитров и Османи на средба со Сасоли: Подготвени сме да бидеме следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија онлајн средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, во рамките на целодневната агенда за онлајн средби со највисоките претставници на институциите на ЕУ.Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев на средбата нагласил дека Владата е целосно посветена да ги реализира сите препораки од извештајот и дека патот на трансформацијата на земјата согласно европските стандарди е неповратен процес.„Северна Мекедонија е подготвена да стане следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ и во прифаќањето на заедничките европски вредности за демократска стабилност, за владеење на правото и за економски просперитет“, истакнал Заев на онлајн средбата.Сите македонски соговорници на средбата со Сасоли нагласиле дека е од исклучителна важност утврдувањето на Рамката за преговори на почетокот на ноември, по што ќе следува првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ со што ќе се означи почетокот на преговорите по поглавја за членство на земјата во ЕУ.Во однос на одржувањето на добрососедските односи, било речено дека земјава со добра волја и низ дијалог има намера да ги спроведе сите обврски утврдени во Договорот од Преспа со Грција и во Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.МАКЕДОНИЈАМакедонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказнаОбјавено пред 2 часа - 22 октомври, 2020Од МакфаксПремиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија онлајн средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, во рамките на целодневната агенда за онлајн средби со највисоките претставници на институциите на ЕУ.Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев на средбата нагласил дека Владата е целосно посветена да ги реализира сите препораки од извештајот и дека патот на трансформацијата на земјата согласно европските стандарди е неповратен процес.„Северна Мекедонија е подготвена да стане следната успешна приказна на проширувањето на ЕУ и во прифаќањето на заедничките европски вредности за демократска стабилност, за владеење на правото и за економски просперитет“, истакнал Заев на онлајн средбата.Сите македонски соговорници на средбата со Сасоли нагласиле дека е од исклучителна важност утврдувањето на Рамката за преговори на почетокот на ноември, по што ќе следува првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ со што ќе се означи почетокот на преговорите по поглавја за членство на земјата во ЕУ.Во однос на одржувањето на добрососедските односи, било речено дека земјава со добра волја и низ дијалог има намера да ги спроведе сите обврски утврдени во Договорот од Преспа со Грција и во Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.Сасоли рекол дека се охрабрувачки пораките од Северна Македонија оти земјата е подготвена низ дијалог да ги затвори сите прашања до затворањето на преговарачката рамка и до одржувањето на првата меѓувладина конференција.Тој потенцирал дека Европскиот парламент е посветен целосно на пристапниот процес за целиот Западен Балкан и го оценил вклучувањето на земјите од регионот како историски исчекор за консолидацијата на ЕУ.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Почина работник на работно место во фабрика

Педесет и тригодишен скопјанец вчера паднал и починал додека извршувал работни задачи во фабрика во Куманово, соопшти МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 5 години

micevski-1

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присустуваат на седницата за Законот за заштита од заразни болести но ќе бидат воздржани

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска изјави дека пратениците од неговата партија ќе присуствуваат на седницата на чиј дневен ред ќе биде Закон за заштита од заразни болести, предвидена за 27 октомври, но дека ќе гласаат воздржано за законскиот предлог.– Самиот Закон за заштита од заразни болести не нуди решенија, односно мерки кои ги очекуваат граѓаните, туку тие треба да ги достави Владата. Во самиот вовед на Законот пишува дека се наметнува потреба за ревидирање на прекршочните одредби од Законот за заштита на населението од заразни болести, што е сосема поразлично од она што го кажува изминатите два дена министерот за здравство Венко Филипче, рече Мицевски.Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ дури побарала седница за овој Закон да се одржи вчера или денеска, посочувајќи дека поголем број од пратениците веќе биле во собраниската зграда поради комисиската расправа за ребалансот.– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здраство за одредени мерки, истакна Мицевски. 

Македонија | пред 5 години

gak

Три медицински сестри од Гинекологија се позитивни на Ковид-19, а доктор и директорката се во самоизолација

Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени членови на нивните семејства.Ова за МИА денеска го потврди директорката Јовановска, која рече дека трите медицинските сестри се заразиле преку контакт од надвор, односно семеен контакт, а не на Клиниката.– Ние двајцата доктори сме во самоизолација, не сме со решение, туку сме во самоизолација поради тоа што во семејствата имаме повеќе од тројца заболени. Се тестиравме и јас и докторот сме негативни. Мајка ми, сестра ми и внучето ми се позитивни и уште две внучиња од сестра ми се позитивни. Јас не сум имала контакт со медицинските сестри. И членови на семејството на лекарот исто така се позитивни. Поради тоа сме во самоизолација, посочи д-р Јовановска.Додаде дека на Клиниката сите ги почитуваат протоколите за носење лична заштитна опрема.– Во овие седум месеци никој не се заразил на Клиниката. Нема никаква опасност да се заразат пациенти и персонал. Од понеделник уште еднаш ќе се тестираме, да имаме негативен тест и ќе одиме на работа, додаде д-р Јовановска.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Викендов почнува зимското сметање на времето

Летното сметање на времето годинава завршува на 25 октомври (недела) во 3 часот по полноќ, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 ќе се смета како 2 часот, информираат од Бирото за метрологија.Од таму потсетуваат и дека одлуката за денот и моментот на воведувањето, и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, број 79 од 26 март.

Македонија | пред 5 години

bista

Спомен бистата на Прличев во Охрид, поставена на нова локација

Заврши дислокацијата на спомен – бистата на Григор Прличев на новиот простор помеѓу двете национални установи што го носат неговото име.По налог на Општина Охрид градежните работи за уредување на просторот и постаментот ги изведоа вработени на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.Идејата за дислокација е уште од мигот кога до поранешната локација на бистата беа поставени подземните контејнери а јавноста излезе со бурни реакции.Сега следува хортикултурно уредување на просторот околу бистата, зафат на кој ќе биде ангажирано ЈП „Охридски комуналец“. Како крајна фаза според проектот на општината останува соодветната илуминација на спомен – бистата на големиот поет и преродбеник од 19 век, Григор Прличев.

Македонија | пред 5 години

dezinfekcija-vo-skolo-1-800x533

34 ученици од Штип одат во изолација, поради позитивен наставник

Триесет и четири второоделенци од штипското основно училиште „Тошо Арсов” и нивните две наставнички заминуваат во изолација, откако наставникот од предметна настава бил позитивен на коронавирусот.Прекин на наставата ќе нема, бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн, објави ФОКУС.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања