Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

policija-1

Претрес во велешко, приведено лице поради палење автомобил

Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Велес на 23.10.2020 по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Велес изврши претрес во домот на Ѓ.П. во с.Ореше, Велешко, заради сомнение за извршени кривични дела: недозволено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали по член 396 и предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ. При претресот пронајдени се предмети поврзани со истрагата, а лицето е приведено во ПС Велес. Против Ѓ.П. до ОЈО Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност со опожарување на моторно возило „опел зафира“ на 03.05.2020 во с.Ореше.

Македонија | пред 5 години

misajlovski

Мисајловски:Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик, доста се крие зад празни флоскули

Зоран Заев молчи во врска со изјавите на врни бугарски политичари дека Гоце Делчев е бугарин, а македонскиот јазик дека е лингвистичка форма на бугарскиот. Заев со своето молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Господине Заев кој е вашиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагирате на бугарските понижувања на нашата нација?!Дополнително зошто владата не упати протестна нота до Бугарија, по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје?!Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?! И дали потклекнувате пред бугарските закани?!Вашето виткање на кичма резултира со понижена Македонија.Ветивте преговори со ЕУ, а ништо од тоа нема. Нема затоа што сте заглавени во криминал. Нема меѓународен извештај кој не сведочи за корумпираноста на владата, и тоа е лошо за државата.Господине Заев мора да знаете дека Македонија не е вашата фирма од Струмица.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да ја разграбувате државата. Македонија мора да почне преговори со ЕУ. А вие не смеете да ги продавате Гоце Делчев и македонскиот јазик. Доколку тоа го сторите, ВМРО-ДПМНЕ веднаш откако ќе дојде на власт ќе ја поништи таа одлука и договор и никогаш нема да ја почитува.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи разградување на Македонија, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поднесени 5000 барања за субвенции - завршува јавниот повик за субвенции за инверетери

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата.Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 5000 пријави. Во согласност со овие бројки, ги информираме граѓаните дека е исполнета предвидената квота за субвенции, па барања од граѓаните за субвенции за инвертери повеќе нема да се примаат.Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн.За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија и со овие средства се очекува замена на некаде околу 5.000 печки со инвертери, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина.

Скопје | пред 5 години

25092020_ZPVRSM-Nikolovski_MP-Marichikj_pres-konferencija_4

Николовски се прости од Бајрам: Со жалост изразувам длабоко сочувство до семејството

„Со жалост изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам, кој почина денеска.Во овие моменти на тага сочувствуваме со Вас, за вашата загуба која знаеме дека не може да се надомести.Амди Бајрам беше долгогодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија, наш коалициски партнер со кој имавме принципиелна соработка, кој учествуваше и во важните процеси за напредок на земјава.Нека почива во мир!“, напиша министерот Љупчо Николовски по вестта дека починал експратеникот Бајрам.

Македонија | пред 5 години

Amdi-Bajram

Почина Амди Бајрам

Долгогодишниот пратнеик Амди Бајрам, починал на 64 годишна возраст, јавува „Канал5 ТВ“. Медиумот се повикува на потврда од партијата Сојуз на Ромите, каде Бајрам беше пратеник.Неофицијално, причината за смртта е проблеми со срцето. Тој починал на приватна клиника каде се лекувал.Амди Бајрам во април годинава за „Скопје1“ изјави дека му ја ампутирале ногата и дека закрепнува.Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.Во 1996 ја основа СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типувал победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102%.Во периодот 1998–2002 ја поддржувал владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстоила поради гласот на Бајрам, по што тој изјавил дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“. Бајрам во 2004 бил обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично бил осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му била намалена на 4 години. На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не била правосилна, се кандидирал за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победил, бил градоначалник нецел месец бидејќи бил однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. Во 2007 казната му била намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излегол од затвор.По напуштање на затворот повторно влегол во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Додека партиципирал во коалицијата на Груевски, Бајрам вербално се конфронтирал со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како Кока-Кола“ во споредба со нив. За време на протестите организирани од СДСМ пред Собранието на 24 декемри 2012, Бајрам им покажал среден прст на насобраните симпатизери на опозицијата.Бајрам ја прекинал коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата заминала во опозиција по парламентарните избори во 2016 и изразил желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Зоран Заев.Амди е татко на политичарот Елвис Бајрам, кој бил градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017. 

Македонија | пред 5 години

sudija

СДК: По 11-годишна правна битка, лице од Скопје ја доби тужбата против државата, успеа да го смени родот од женско во машко

По 11-годишна правна битка пред домашните институции, лицето Икс кое во јануари во Стразбур ја доби тужбата против државата, успеа да го смени родот од женско во машко. Деновиве, Управата за водење матични книги дала одобение за промена на полот, односно родот на Икс од ознаката „ж“ во „м“ и тоа сега има нов матичен број, како машко лице, објави СДК.МК.Станува збор за трансродово лице, родено во Скопје во 1987 година како девојче. Тоа е родено со машки организам, но со погрешен пол. Целосно е маргинализирано, 33 години живее во пекол, нема никакво човеково право. Нема соодветен род во матичниот број како што се чувствува, нема соодветна здравствена заштита, нема хормонска терапија, никој не го вработува, не му издаваат стан зашто во неговиот изглед луѓето гледаат манипулатор кој нема да ја плати киријата, проблеми има во банка, зашто им личи на измамник…„Без работа и практично со ништо остварено во животот Икс неодамна се врати кај родителите. Убавата вест ја дознавме пред неколку дена, среќен е за новиот почеток, среќни сме и ние“, вели Наташа Бошкова, адвокатката од Коалицијата Маргини која го застапуваше и која го доби спорот пред Стразбур, и која Владата ја именуваше за член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.Информацијата ја потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК и од кабинетот на Бујар Дарлишта, директор на Управата за водење матични книги на Република Северна Македонија.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-3

Автобус и три автомобила се судрија во Сопиште, повредени неколку лица

Три автомобила и автобус учествуваа во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Сопиште-Скопско.Како што информира полицијата во несреќата учествувале возило „фиат пунто“, управувано од Д.А.(36), „матиз“ – управуван од И.Б.(47), „цитроен“ – управуван од Н.Ѓ.(70) и автобус управуван од Г.К.(40).„Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото “матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница Св.Наум Охридски“, велат од МВР.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 5 години

georgievski-zaharieva

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување напред

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов, а притоа имаше интервјуа и настапи за повеќе медиуми, се вели во соопштението од ВМРО НП.Господинот Георгиевски се обиде да го објасни неговото мислење и позиција дека сепак во македонско-бугарските односи има напредок и стави посебен акцент на работата на заедничката историска комисија која и покрај тоа што можеби не работи со идеално темпо сепак има направено големо поместување напред што треба да биде позитивно оценето од страна на нашите соседи.Од страна на соговорниците беше потенцирано дека тие не бараат нова промена на Уставот на Македонија, дека не бараат нов посебен договор но инсистираат на спроведување со јасно темпо на досега договореното помеѓу двете држави, со посебен акцент на историската комисија.Притоа на крајот се заклучи дека во наредниот период ќе се интензивира работата за да не дојде до ставање вето на патот на Македонија кон Европската унија, велат од ВМРО НП.

Македонија | пред 5 години

kozle-gubre

(ФОТО) Козле затрупано со ѓубре

Жителите на скопско Козле утрово се разбудија во населба затрупана со ѓубре.Контејнерите не се испразнети веќе неколку дена, па ѓубрето е расфрлано.Читателка на КУРИР која утрово излегла да го прошета своето куче  ги испратила фотографиите со коментар:„Среде епидемија, зарем треба некоја друга зараза да добиеме од што е толку валкано и смрдливо? Козле се гуши во ѓубре. Децата ни дишат неподнослива миризба. Како да не е доволно што дишат загаден воздух, сега уште нов извор на зарази ни требаше“.

Скопје | пред 5 години

maski-debar-3

983 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Реконструиран булеварот Видое Смилевски Бато во Аеродром

Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација, деновиве заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот Видое Смилевски Бато во општина Аеродром.На потегот од крстосницата со булевар Србија до булеварот Февруарски поход, во должина од седумстотини метри во двете насоки на булеварот В.С.Бато, освен реконструкцијата на асфалтот, во изминатиов период беше направена и нивелација на постојните шахти и сливници за одведување атмосферска вода, како и замена на оштетените рабници.Град Скопје со оваа реконструкција направи уште еден градежен зафат што во иднина ќе влијае врз олеснувањето на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, бидејќи со целосната реконструкција на булеварот Февруарски поход, завршувањето на првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, како и градбата на новиот мост од улица  Васко Карангелевски кон Ќерамидница, граѓаните ќе добијат уште една сообраќајна алтернатива за намалување на времето што го поминуваат во возилата. 

Скопје | пред 5 години

radar-policija

370 санкционирани возачи во Скопје, 62 неисправни и нерегистрирани возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 370 санкции, меѓу кои 55 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 62 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 54 за возење без возачка дозвола, а 23 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

vasil

Од компликации со корона вирусот почина пејачот Васил Ангов

По компликации предизвикани од коронавирус, синоќа во Гевгелија почина познатиот музичар, пејач Васил Ангов. Тој е трета жртва од Ковид-19 во Гевгелија.Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.Ангов настапи на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.Неговиот син Андон, доцна синоќа на фејсбук ја објави веста за смртта на познатиот музичар.

Македонија | пред 5 години

policija-2-1

218 санкционирани возачи во Драчево

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Драчево изречени се вкупно 218 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 36 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 14... Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

Policaec

(ВИДЕО) На социјалните мрежи кружи видео во кое, наводно, полицаец се снима како вози 207 км/час во тунел

На социјалната мрежа Твитер е објавено видео на кое лице, кое според профилите на ТикТок и Фејсбук е вработено во МВР, вози пребрзо во тунел. На социјалните мрежи кружи и името и презимето на наводниот полицаец.Во твитер објавата на Две Ѕвезди, за да биде состојбата иронична, пишува дека се работи за вработен во сообраќајна полиција и дека се фотографира со пиштол:„Овој полицаец работи во сообраќајна, а со Фолксвагенот вози 207 во тунел, со Ауди вози 131км на булевар, со Порше се паркира на кеј и плус си вади пиштол за сликање по дома. Па одличен пример за граѓаните кои што ќе бидат казнети. (Видеата се од соц. мрежа на негов профил)https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1319718081267191810?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1319718081267191810%7Ctwgr%5Eshare_3%2Ccontainerclick_1&ref_url=https%3A%2F%2Ffrontline.mk%2F2020%2F10%2F23%2Fvideo-tviter-policaec-se-snima-kako-vozi-207-km-chas-vo-tunel-i-ob-avuva-fotografii-so-pishtol%2F

Македонија | пред 5 години

korona-test

Филипче: Лабораториите работат во три смени - работиме на решение за повеќе термини

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини.„Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата. “, потенцира Филипче.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Дрвокрадци нападнале шумски полицајци

Вработени во шумска полиција во Кочани вчера околу 16,30 часот додека извршувале службени дејствија заедно со полициски службеници од полициската станица Кочани биле физички нападнати од група дрвокрадци при одземање на патничко моторно возило „лада нива“ без регистарски ознаки натоварена со огревни дрва без соодветна документација. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот и приведување на напаѓачите, соопшти полицијата.

Македонија | пред 5 години

muarenmi

Финансиската полиција отвори пред истрагата за Еуростандард банка

Управата за финансиска полиција постапува и во фаза на предистрага е случајот со Еуростандард банка изјави директорот на Управата Арафат Муареми за емисијата Трилинг на 24 Вести.„Само што беше обелоденето дека Еуростандард банка треба да оди стечај, кај нас беше пријавено, добиена е наредба од јавното обвинителство и ние постапуваме, рече Муареи.Додаде и дека докажуваат во моментов дали има злоупотребени пари од ЕУ фондови во случајот за Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност и Лидија Димова.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

518 нови случаи на Ковид 19 во земјава, починаа 9 лица од кои најмладиот 36 год

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-261, Куманово-13, Штип-19, Прилеп-21, Тетово-30, Струга-5, Велес-13, Битола-21, Охрид-15, Кавадарци-11, Гостивар-10, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Планка-4, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-6, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-8, Кичево-13, Ресен-6, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од: Скопје-112, Куманово-2, Штип-7, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-1, Велес-2, Битола-9, Охрид-3, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-10, Радовиш-5, Кочани-8, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-3.Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 11024, активни 3320• Куманово 2080, активни 301• Дебар 315, активни 53• Штип 1522, активни 192• Прилеп 1035, активни 294• Тетово 1857, активни 367• Струга 767, активни 81• Велес 482, активни 131• Битола 521, активни 171• Охрид 582, активни 149• Кавадарци 405, активни 152• Гостивар 1075, активни 120• Гевгелија 309, активни 167 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 676, активни 394• Крива Паланка 199, активни 73• Радовиш 199, активни 80• Крушево 21, активни 1• Кочани 614, активни 198• Пробиштип 152, активни 23• Демир Хисар 71, активни 10• Македонски Брод 98, активни 4• Пехчево 57, активни 11• Берово 179, активни 44• Валандово 92, активни 45• Виница 160, активни 57• Делчево 221, активни 123 (46 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 34, активни 8• Свети Николе 445, активни 68• Кичево 472, активни 122• Ресен 220, активни 53• Неготино 107, активни 49 (16 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2367 теста се преку: ИЈЗ-721, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена-496,  Биотек-271, МАНУ -170, Жан Митрев (Филип Втори) -210, Систина со PCR метода -136 , лабораторија Лаор –77, Судска медицина-28, ЦЈЗ Битола-99, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 159• Гази Баба – 403• Аеродром - 649• Карпош – 516• Центар – 510• Кисела Вода – 387• Ѓорче Петров – 275• Бутел - 132• Шуто Оризари – 22• Студеничани – 6• Сарај – 21• Арачиново – 10• Илинден – 58• Сопиште – 27• Чучер Сандево – 12• Петровец –19• Зелениково - 8• Странец – 19• Нераспределен- 87

Македонија | пред 5 години

zaev-memorandum

И Македонија станува дел од „Чиста 5Г мрежа“, Заев и американскиот потсекретар Крач потпишаа меморандум

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач денеска потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии.Со меморандумот Република Северна Македонија и САД ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со 5Г технологијата која е во согласност со нашиот национален оперативен план што го усвоивме како наш стратешки документ за новата ера на дигитализација на земјата, рече Заев.Потсекретарот на САД Кеит Крач, истакна дека државата е драгоцен стратешки партнер на САД.– Светот се освестува за опасностите и ризичните продавачи. Декларацијата за 5Г го потврдува ова и безбедните чисти мрежи ќе бидат од витално значење за економска стабилност во регионот. Ние го поддржуваме влезот на РС Македонија во ЕУ. Од 27 земји членки на ЕУ, 25 се приклучени на оваа чиста мрежа – која е сеопфатен пристап да се адресираат долгорочните закани за приватноста, безбедноста, соработката и човековите права и таа е вкоренета во меѓународните стандарди и долгогодишно спроведување на оваа стратегија, рече потсекретарот Крач.

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев: Автопатот кон Косово ќе стартува на почетокот на наредната година

Премиерот Зоран Заев очекува дека на почетокот или во првото тримесечје од следната година ќе започне реализацијата на автопатското решение кон Косово.– За првата делница од два километри е завршен тендерот, победи „Гранит“. Втората делница е во фаза на завршување на експропријацијата, треба да решиме со Генераштабот на Армијата за поранешниот полигон кој се наоѓа на таа делница. Во мометот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин, односно како да бидат покриени од ИПА компонентата, информираше денеска премиерот Зорен Заев на заедничката прес-конференција со косовскиот колега Aвдулах Хоти, кој е во официјална посета на земјава.Ако сите овие работи завршат до крајот на годината, премиерот верува дека за две ипол години може да биде готов автопатот, иако според проективните документации на Европската банка предвидено е градежните активности да траат три до четири години. 

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Две семејства во Кондово несогласувањата ги расчистувале со ножеви и пиштоли

На 22.10.2020 во 18,03 часот било пријавено дека во село Кондово-скопско бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу членови на две семејства, информира МВР.Имено, според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на Т.Ф.(45) дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и С.Ф.(45), Р.Ф.(21) и 15 годишен малолетник.Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ.Во 21,00 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет.МВР работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

mickoski-6

Мицкоски: Барам лидерска средба не затоа што Заев ми е мил, туку затоа што мора да се надмине катастрофата со кризата во која се губат животи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протест против мафијата, за правда и слободи, во своето обраќање пред присутните рече дека е потребно организирање на лидерска се со цел надминување на катастрофите со кои се соочуваат и граѓаните и државата.Ако на пролет кога беше првиот бран од оваа катастрофа велеа дека блескаме и дека работата ја имаат под контрола мислејќи дека во текот на летото интензитетот ќе се намали и тие ќе бидат хероите сега драги пријатели се движиме кон многу потежок период од есента доаѓа зимата а ние за жал поради овие калкулантски политики на оваа политичка мафија ќе ја пречекаме оваа зима неподготвени. А тоа денеска чини човечки животи. Неспособноста нивна не е политичка придобивка за опозицијата туку уште еден човечки живот помалку на трпезата на ручек, вечера. Уште едно загубено работно место уште едно предавство и понижување. Затоа еден почитуван мој пријател соборец сопартиец ќе рече не ти требаше да бараш лидерска средба никогаш опозицијата не бара власта не дава. Да можеби е тоа така во некои други мирнодопски времиња но денеска ние се бориме за опстанок. Ова е повеќе од воена состојба катаклизмата е пред нас. И кога гледате дека нема разум чест и честитост тогаш единствено нешто што ви преостанува е сами да се изборите за тоа што можеби вам ви припаѓа. Да се изборите за вашиот народ за вашите сограѓани да се изборите за Македонија. Ете затоа ја побарав таа лидерска средба. Затоа почитувани пријатели нема простор за суетност и гордост, туку за одговорност кон својата држава и граѓаните на Македонија. Затоа треба да се седне и разговара. Тоа ќе значи и спасени животи. И го барам ова не затоа што Заев ми е мил, туку затоа што се работи за нашата татковина и нашите најмили, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека власта не успева да се справи со корона кризата, односно како што рече тој во Македонија освен КОВИД пандемија се случува и Зоран Заев што би се рекло катастрофа на квадрат.Навистина постојат многу предизвици на модерното време. Земји се среќаваат со природни катастрофи, земјотреси, болести и зарази. Светот се соочува со КОВИД-19 пандемијата и на тоа не смееме да делуваме отсутни од реалноста, но во Македонија освен ова пандемија ни се случи Зоран Заев што би се рекло катастрофа на квадрат, порача Мицкоски и додаде:„Бројките кажуваат дека 9 месеци откако се појави оваа пандемија во земјата владата буквално не научи ниту една лекција, не презема ниту една реална и навремена мерка. Се фрлија на поткуп и картички додека неспособноста катадневно се плаќа со човечки животи. Бројката од 2000 заболени која ја прогнозираат на почетокот дека ќе биде вкупна бројка на заразени со која ќе помине земјава, ни се случува за помалку од една недела. Додека светот работи на вакцина Заев и политичката мафија работат на носење на закон без да има мерки за граѓаните, туку регулира надлежности и политики. И сега има разлика го нема веќе ниту Наќе или Гордана да бидат виновни, затоа што Спасовски нели молчи пред дискотеките блиски до власта во Скопје и Струмица, па одново и одново смислуваат смешни изговори за сопствената неспособност. Главното прашање е зошто има огромна смртност меѓу заразените со Ковид вирусот, одговорот е затоа што немаме луѓе кои што навремено ќе донесат вистински мерки. Затоа што овие во Владата се удрија на тендери и грабеж, затоа што имаме над 800 починати од зараза, но и најмалку дупло од ова кои умираат поради тоа што здравствениот систем е управуван од овие политички, мафијашки е блокиран и не добиваат навремена здравствена заштита. Затоа што луѓето побрзо ќе фатат корона отколку да добијат упат за преглед во државната болница.

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Оваа магарешка влада на Заев е најнеуспешната во овие 29 години независност

Имаме работа со влада за која магарињата вредат повеќе од човечките животи. Оваа магарешка влада на Заев е најнеуспешната во овие 29 години независност.Иако сакаат да ја локализираат одговорноста во само еден човек Лидија Димова, Мицкоски вели  можам искрено и од срце да ви кажам дека не е таа причината за лошото раководење на институциите.„Таа е последица и добар пример за лоша работа, за тоа како се краде народот, а богами и Европските пријатели. Ваквите магарешки работи на Заев се само неморалната вертикала во македонската политика каде се срушени сите граници за политичкиот морал“, рече Мицкоски.Ако мислевме дека транзицијата беше нашиот најтемниот период, Заев со неговото работење не разубеди дека и од лошото има и полошо, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Мицкоски истакнува дека проблемот е во нашиве првенци на власт што молчат на таквите провокации, не затоа што се мудри, туку затоа што знаат само да калкулираат. Ним парите им се важни.-Еден бугарски политичар ми вели ние го бараме само она што Заев ни го вети, не знам вели како може така на дневна основа да ги менува само мислењата. Му велам не знам што ти ветил, ама знам дека често ветува, а уште почесто не си ги одржува ветувањата. Тебе ти е му велам прво искуство со него, ама на народот во Македонија секој ден му е исто. И не пробувај да разговараш со Пендаровски, затоа што Стево мисли исто како што мисли и Заев, најпрвин ќе рече дека Гоце Делчев бил бугарин, па потоа пред предвремените парламентарни избори ќе рече дека не е така, денеска кој знае што може да каже – истакна Мицкоски.-Доколку навистина биде прифатено од страна на оваа политичка мафија предводена од Зоран Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец бидејќи бил роден на географската територија Македонија, а по националност бил бугарин, нашиот мајчин македонски јазик е лингвистичка форма на бугарскиот тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава и дополнително понижување. И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле, нагласи Мицкоски.Тој ја обвини власта дека си игра со нашата историја.„Работата дојде до таму што од другава страна ќе праќале полк да ги руши спомениците на хероите во Скопје. И за тоа нема реакција. Народот ќе каже по улица онака разговорно, нашле село без кучиња. Проблемот е во нашиве првенци на власт што молчат на таквите провокации, и не затоа што се мудри, туку затоа што знаат само да калкулираат. Ним парите им се важни. Еден бугарски политичар ми вели ние го бараме само она што Заев ни го вети, не знам вели како може така на дневна основа да ги менува само мислењата. Му велам не знам што ти ветил, ама знам дека често ветува, а уште почесто не си ги одржува ветувањата. Тебе ти е му велам прво искуство со него, ама на народот во Македонија секој ден му е исто. И не пробувај да разговараш со Пендаровски, затоа што Стево мисли исто како што мисли и Заев, најпрвин ќе рече дека Гоце Делчев бил бугарин, па потоа пред предвремените парламентарни избори ќе рече дека не е така, денеска кој знае што може да каже“, кажа Мицкоски.„И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле“, рече Мицкоски.Тој кажа дека Македонија мора да отпочне преговори со Европската Унија час поскоро.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Правиме план за зголемување на здравствени капацитети во интерните одделенија низ земјата

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, денеска одржаа работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје.На состаноците беше договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот во со цел обезбедување на дополнителни капациети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од ковид-19.,,Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период." потенцираше министерот Филипче и додаде дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања