Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

3-3

Николовски: Победата на СДСМ на изборите се должи на многу труд, работа, себе-жртвување, на демократски, партиски ангажман

Зад нас е многу значајна победа на парламентарните избори, формирање мнозинство и раководни структури во институциите за повторно, со нов мандат од граѓаните да им служиме, и на граѓаните и на нашата татковина, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во обраќањето на 25. Конгрес на СДСМ.Тој истакна дека ваа победа се должи на многу труд, работа, себе-жртвување, се должи на државнички, но и соодветен, демократски, партиски ангажман.  Се должи и на создавање нов партиски систем на работа, отчетност и следење на работата, организирано, темелно и јас би рекол одговорно.Покажавме дека тимската работа, фокусирање на интересот на татковината и граѓаните заедно со воспоставување на функционален систем е клучот на успехот, рече Николовски, додавајќи дека на овој успех му претходеше период на силен партиски ангажман и со силно присуство на терен каде директно, очи во очи разговаравме со граѓаните, ги презентиравме нашите идеи и проекти и ги слушавме нивните предлози и забелешки.Блгодарен сум на поддршката од граѓаните ама Ви благодарм и Вас за поддршката. И кога ја презедов одговорноста и честа да бидам Ваш генерален секретар, и кога воведовме нов систем на работа и функционирање на партијата. Сакам да се заблагодарам и на мојот тим и мојот кабинет, без Вас, без нив, овој систем и нов начин на работа на партијата немаше да биде успешен, порача Николовски на отворањето на 25-тиот Конгрес на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

povorka-amdi

(ВИДЕО) Со голема поворка поранешниот пратеник, Амди Бајрам испрaтен до вечното почивалиште

Со голема поворка поранешниот пратеник, Амди Бајрам испрaтен до вечното почивалиште во гробиштата во Бутел.Поворката трга од семејната куќа на Бајрамови во општина Бутел, објави Сител. Погребот е закажан за во 15:00 часот.

Македонија | пред 5 години

1-2

Заев: Преку дигитален конгрес даваме пример што значи одговорност за јавното здравје

Претседателот Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално, на далечина со цел заштита на јавното здравје.  Во своето обраќање, претседателот Заев посочи дека со овој Конгрес, СДСМ покажува одговорност во заштита на јавното здравје, а истовремено ги почитува статутарните одредби и уште повеќе се демократизира.„Во време кога ние, со целиот свет, се соочуваме со постојана борба против коронавирусот, СДСМ застанува одговорно, да направи пресек на сработеното и да ги дефинира новите стандарди, европските стандарди како задолжителни одредници и репери во своето работење. На овој Конгрес, уште повеќе се демократизираме, продолжуваме да се менуваме, ја зголемуваме отчетноста, преземаме храбри чекори и вложуваме огромен напор, за да обезбедиме најдобро за сите наши граѓани, за секој македоински граѓанијн да живее подобро, помирно, помотивирано.Ова е  првиот дигитален Конгрес на СДСМ и првиот дигитален конгрес на која било политичка партија во земјава, целосно обезбеден со електронски начин на комуникација, преку конференциски видео врски со оштинските организации. Имаме обврска да се грижиме за здравјето на граѓаните, затоа највнимателно пристапуваме и успеваме да организираме Конгрес со актувно учество на сите делегати, од далечина. И на овој начин, СДСМ дава пример што значи одговорност. Институциите ги водиме одговорно, но и партијата е одговорна.Ова е отчетен Конгрес, согласно Статутот на СДСМ. Тука сме пред вас, пред делегатите кои го црпите целосниот легитимитет од сите членови на СДСМ – тука сме пред целата партија, пред сите членови и пред целиот наш народ,  стоиме со крената глава, горди и достоинствени – и зборуваме за резултати, за успеси, за подвизи, за преминати препреки и за многу победи. За многу победи на граѓаните“ порача Заев.Заев, потенцира дека 25.Конгрес е прв конгрес кој доаѓа после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија, нешто што се нема случено од 1994 година.„Овој Конгрес доаѓа после победата на предвременитепарламентарни избори на кои граѓаните повторно ни ја дадоа довербата, ни јаукажаа честа да продолжиме по вистинскиот пат. Овој Конгрес е после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија. Нешто што се случи првпат од постоењето на партијата имајќи во предвид дека во 1994 година, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се повлече од учество на изборите во вториот изборен круг.“ заклучи Заев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев му пиша на Трамп: Македонците во Македонија и во САД се со вас, после изборната победа да ја решиме „длабоката држава“ и во Македонија

Во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември 2020, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев денес упати писмо до претседателот на САД Доналд Трамп. Во писмото Бачев пишува: Почитуван г-не претседателе,Ви ја доставувам на вашата екселенција волјата на партијата Единствена Македонија и поголем дел од македонскиот народ за ваша победа на изборите на 3 ноември која може да придонесе за спречување на „длабоката држава“ во Македонија да го избрише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Моето обраќање до Вас се темели врз едноставна правдина - да ја држиме судбината во наши раце и врз желбата на мојот македонски народ гордо да ја ставиме Македонија на прво место во согласност со вашите залагања да ги ставаме своите земји на прво место и дека тоа е во ред и тоа е она што треба да го правиме.Ние високо ги цениме вашите упорни усилби за еден нов свет на слободни, национални и суверени држави. Затоа, имам задоволство да ве информирам дека во пресрет на изборите во САД на 3 ноември, сите очи на Македонците во земјата и странство се свртени во ваша победа на изборите која е големата шанса за човештвото и македонскиот народ.Да потсетам, во вашиот инагуративен говор во јануари 2017 година порачавте дека САД нема да му го наметнат својот начин на живот никому.На 24 септември 2019 година во Генералното собрание на Обединетите нации повикавте на негирање на глобализмот и прегрнување на национализмот, дека иднината не им припаѓа на глобалистите, туку на патриотите, да се заштити историјата и културата на секоја земја, да ги сакаме сопствените нации ќе го направат светот подобро место за сите нации. И дозволете ми да додадам дека треба ве паметиме како претседател на САД кој не започнал никаква војна!На 22 септември 2020 година на 75. Заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации порачавте: „Со децении, истите уморни гласови ги предлагаат истите неуспешни решенија, следејќи ги глобалните амбиции на штета на сопствениот народ. Но, само кога ќе се грижите за сопствените граѓани, ќе најдете вистинска основа за соработка. Како претседател, ги отфрлив неуспешните пристапи од минатото и гордо ја ставам Америка на прво место, исто како што треба да ги ставате своите земји на прво место. Тоа е во ред. Тоа е она што треба да го правите“.Наспроти вашите определби, „длабоката држава“ преку дипломатски претставници на САД во Македонија со години во Македонија инсталира марионетски влади, назначува претседатели на политички партии, фалсификува избори...и што е најстрашно, сега се архитектите за бришење на Македонците од светската мапа на нации.  „Длабоката држава“ ја подарува Македонија на Бугарија, Грција и Албанија преку бришење на се што е македонско. Капитулантските договори со Грција и Бугарија и т.н тиранска (албанска) платформа за националното злосторство врз Македонците претставуваат и едно тешко предавство на основите начела и принципи на меѓународното право.„Длабоката држава“ ги фалсификуваше и последните избори во Република Македонија на 15 јули 2020 година само за да ја одржи марионетската власт во Скопје. За овој изборен фалсификат поседуваме докази.„Длабоката држава“ во Македонија мора да ја сфатат простата вистина дека иднината на светот му припаѓа на националните сили, патриорите и суверенистите кои сакаат држави со национален и религиски идентитет и кои светот го разбираат како културен натпревар меѓу народите. Според тоа, активностите на дипломатските претставници на САД во Македонија, се во целосна спротивност со вашите заложби за иднината на нациите и државите во светот.Токму затоа длабоко сум загрижен од националното злосторство врз македонскиот народ од страна на „длабоката држава“ преку дипломатски претставници на САД во Македонија кои дејствуваат на начин кој не одговара на нивниот дипломатски статус. Македонскиот народ и македонската држава преживуваат најтешки моменти од кога било досега. Ни се одзема правото да си ја сакаме нацијата и да се гордееме со својата држава.Односно, „длабоката држава“ во Македонија не ги почитува вашите заложби дека иднината им припаѓа на патриотите кои си ги сакаат своите суверени и национални држави. Впрочем, и јас, и Вие, многу добро знаеме што значат обидите за брутално мешање на „длабоката држава“ во внатрешните работи на една суверена држава.Македонија го декларира своето право против бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ на референдумот од 30-ти септември 2018 година. Меѓутоа, „длабоката држава“ не ја почитува ниту директната демократија - референдумското изјаснување на македонскиот народ.Македонците се силно убедени во вашата победа на изборите на 3 ноември со што ќе се овозможи САД исто така и на мојата Република да и додели признание да биде горда држава. Принципите за слобода и човекови права, самоопределување, промоција на патриотизам и суверени и национални држави, трасирање на патот на мирољубив период во кој нациите ќе бидат на прво место и потребата за одбегнување на понатамошна нестабилност на вознемирениот Балкан, бараат ова прашање со „длабоката држава„ да се реши колку што е можно побргу.Ние Македонија ја гледаме како фактор на стабилност на Балканот и Европа. Цврсто ги поткрепуваме вашите усилби во оваа насока и веруваме дека ќе останете активно ангажирани во овие напори. Затоа, го сметаме за историски за стабилноста и просперитетот на Балканот, економскиот договор од 4 септември 2020 потпишан под Ваше покровителство!Ви го пишувам ова не само како претседател на Единствена Македонија туку и како Македонец, кој добро ја познава историјата и проблемите на мојот македонски народ кој во изминатите векови ги преживеал болните авантури и несреќни интервенции на вонбалканските фактори.Македонците веруваат во вас и мислат дека тоа е вистинскиот избор. Македонија со САД ги врзува посебно пријателство. Моите мисли и мислите на Македонците се со вашата победа на изборите. Со нетрпение ја очекуваме информацијата за вашата победа на 3 ноември. Се надевам на континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу САД и Република Македонија засновани на принципите кои силно ги промовирате.Знам колку овие прашања се важни за вас и длбоко го ценам времето што ќе го употребите да ги разгледате моите размислувања. Уште повеќе што ова писмо во Македонија ќе доживее целосна медиумска блокада. Македонија е земја во која владее целосен медиумски мрак за прашања вон интересот на „длабоката држава“.Ве молам, Ваша екселенцијо, предупредете ме за секакви пречки за кои гледате дека стојат на патот за елиминирање на „длабоката држава“ и во Македонија, зашто јас ќе ги сметам како пречки за вашите определби кон коишто се стреми македонскиот народ. Ако пак ги нема, Ве молам, известете ме како ние, македонските патриоти може да ви помогнеме да направиме чекор понатаму од елиминирањето на „длабоката држава“ во Македонија кое го бараме, кон трајна соработка меѓу македонските и американските патриоти и сите патриоти во светот кои ги гледаат нациите и нивните судбини на начин како што никој друг не ги гледа.Во меѓувреме, имам задоволство да ве информирам дека Македонците во САД масовно го прифаќаат повикот од Единствена Македонија да гласаат на 3 ноември за вашата кандидатура. Денес бројката на Македонци во САД е околу 200.000. Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е македонски кој уште во 1920-тите бил забележан во американските пописи.Бог да ве благослови, г-дине претседателе. Бог да ја благослови Америка. Бог да ги благослови нациите во светот. И Бог да ја благослови Македонија и сите патриоти во светот.д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија 

Македонија | пред 5 години

UaYct-

Голема количина дрога запленета во близина на охридското село Лескоец

Во акција на МВР, предмалку во близина на  селото Лескоец и градските гробишта е запленета голема количина дрога.Акцијата е во тек. Детали за истата во текот на денов.

Македонија | пред 5 години

kongres-sdsm

(ЖИВО) Прв дигитален Конгрес на СДСМ

Владејачката партија СДСМ денеска го одржува 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласуваат од партијата, се користат современи дигитални платформи и алатки.Првиот дигитален Конгрес на СДСМ се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.

Македонија | пред 5 години

stojanoski

Стојаноски: Власта одби 16 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ со кои ќе се обезбедеа пари за училишта, градинки, амбуланти и канализациони мрежи и водоводи

Три години СДСМ на власт, три години ниту еден проект во Ѓорче Петров.  СДСМ е на власт и на локално и на централно ниво, а Ѓорчепетровци се целосно заборавени. Во последните три години владата на СДСМ нема завршено ниту еден проект во Ѓорче Петров, истакна Бојан Стојаноски, Претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.Криминалот, неработењето и лагите како заштитен знак на СДСМ се присутни и во Ѓорче Петров, па така лажните ветувања се редат како на лента, а реалните дела ги нема никаде. Ѓорче Петров стана општина која е препознатлива само по неработењето и недомаќинското кафанско трошење парите на граѓаните, по менувањето на ДУП со цел изградба на згради и со криминалите на власта. Единствените проекти кои ги заврши локалната власт се забрана за сушење на алиштата на терасите и најскапото уредување на дворот на градоначалникот Наумоски или таканаречено Корзо кое ги чини граѓаните скоро половина милион евра.Дури и кога имаат можност да го променат тоа, власта на СДСМ нема слух. Имено, заедно со Владо Мисајловски како пратеници на ВМРО - ДПМНЕ од Ѓорче Петров поднесовме 16 амандмани со цел дел од најголемите проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров да бидат решени преку ребалансот на буџетот, а владиното мнозинство не најде начин да направи простор за овие проблеми и покрај историски највисокиот буџет во историјата на Република Македонија.Власта на СДСМ одби да обезбеди средства за доградба на ОУ Димитар Беровски во Хром и ОУ Тихомир Милошевски во Ново Село, за нова амбуланта во Дексион, за две нови детски градинки, за решавање на проблемите со депониите во Ново Село и на кејот на реката Лепенец. Власта не обезбеди средства ниту за поставување на нови водоводни и канализациони мрежи, за асфалтирање на улички и решавање низа други проблеми на граѓаните.Ѓорче Петров не виде ништо добро од власта на СДСМ освен криминал, крадење и безброј лаги, промена на име и низа национални понижувања и затоа убедливо ги казнува на сите изборни соочувања.ВМРО–ДПМНЕ ќе продолжи да победува во Ѓорче Петров и ќе им се оддолжи на граѓаните за довербата со многу работа и реализирани проекти, истакна Стојаноски.

Скопје | пред 5 години

naum

Стоилковски:Заев јасно да го каже ставот за Делчев и македонскиот јазик!

Зоран Заев молчи и не кажува дали ги распродава Гоце Делчев и македонскиот јазик?! Зоран Заев мора да престане да бега и да каже што ветил во Бугарија и што сега треба да исполни! Зоран Заев мора да излезе и јасно да го каже неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик!Повели Заев излези и кажи го твојот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик?Македонија не е пазар, а македонското културно и историско наследство и јазик не се фирмите на Заеви па да се распродаваат по сопствена волја на Зоран Заев, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев мора да излезе и да каже дали се вистините наводите на историчарите кои што тврдат дека Македонија треба да прифати и вина за депортацијата на македонските евреи кои што беа однесени во логорот Треблинка?!Македонскиот народ е дел од антифашистичката коалиција, дел од народите кои што го возобновија светот по втората светска војна.Зоран Заев нема право да менува историски вистини и да ја понижува Македонија, ниту пак македонскиот народ.ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија која што е интегрирана во НАТО и ЕУ, слободна и демократска, идеи кои што се темел на ЕУ. Токму затоа ние сме за отпочнување на преговорите со ЕУ, бидејќи тоа се темели на нашиот стремеж како народ за слободна, демократска и интегрирана држава.Уште еднаш потенцираме дека доколку Зоран Заев прифати нешто кое што би значело распродажба на Гоце Делчев и на македонскиот јазик, таа одлука веднаш ќе биде поништена со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и нема никогаш да го почитуваме таквиот договор, истакна Стоилковски.

Македонија | пред 5 години

Amdi-Bajram

Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните, велат од општина Бутел

На социјалните мрежи се појавија реакции на соопштението на неговата партија дека починатиот експратеник ќе биде погребан во Алејата на великанитеАмди Бајрам ќе биде погребан на муслиманска парцела позади еврејските гробишта во Бутел, велат за порталот Либертас од управата на АД Бутел.Објаснувањето од АД Бутел следува по реакциите на социјалните мрежи на соопштението на неговата партија дека починатиот експратеник ќе биде погребан во Алејата на великаните. 

Македонија | пред 5 години

tekstilna-industrija

Тортевски: Три текстилни работнички треба да работат по 33 години, за да заработат 270.000 евра колку што чини проектот за фризерницата

Адвoкатот Тортевски на Телевизија 24 со низа критики кон скандалозните грантови во илјадници евра кои излегоа во јавноста на Националната агенција кој ја води Лидија Димова, истакна дека три текстилни работници треба да работат по 33 години за да добијат 270 илајди евра колку што му е дадено на фризерскиот салон во проект за медиумска писменост.-270 илјади евра за медиумска писменост на фирма која има само еден мал фризерски дуќан или берберница, тоа е адекватно на платата на една текстилна работничка за 100 години, значи три текстилни работнички толку ќе заработат за 33 години, критикуваше Тортевски.Тој вели дека 83 илјади евра за проектот за „тренирање на хрватско магаре и коњ липицанец“, „липицанец“, а во проектот дури не знаат како се нарекува тој коњ, што зборува за една некреативност и не можноста да се смисли ниту еден наслов на проект што ќе личи на нешто за да добие финансиски средства. 

Македонија | пред 5 години

gordana

Димитриеска Кочоска: Филипче каде исчезна 1/3 од македонскиот буџет?

ФБ статус на поранешниот заменик министер за финансии од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска - Кочоска-Венко Филипче, твојте театрални настапи кои ти ги спрема дружината за односи со јавност веќе не поминуваат.Те прашувам како универзитетски професор, не се срамиш од таквото однесување? Секој ден имаш стотици новозаразени, имаш смртни случаи, а ти твојата неспособност ја криеш зад опозицијата? Па да, тебе те изненади снегот во јануари. Одговорен менаџер секогаш има по неколку сценарија кога сака да стигне до својата цел. Твојата цел која е? Да го спасиш народот или да ги наполниш џебовите?Ти пишав и пред некој ден дека МОЈОТ ПОТПИС НЕ БЕШЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН. Исто така те прашав зошто Нина не го потпиша кредитот пред избори?А сега те прашувам што им направивте на 1,1 милјарда евра кои ги потпишав токму за корона кризата. Каде исчезна 1/3 од македонскиот буџет. Дали ти човеку знаеш колку пари се тоа и дали си свесен колку си неспособен?Денес ќе те поздравам со уште еден факт. Еврообврзницата ја побаравте на 800 милиони евра, а на крајот зедовте 700 милиони евра. Ти добро знаеш дека каматата на еврообврзницата иако повисока во однос на каматите во тој период, сепак беше пониска отколку каматата на кредитот од светска банка.Зошто се одлучивте да земете 100 милиони помалку а поевтини од овие 90 милиони?За крај, дај оставка спаси го народов. 

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Тешко повредено 15-годишно момче удрено од автомобил во Скопје

На 24.10.2020 во 16,30 часот било пријавено дека во Скопје на бул. „Александар Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.В. од Крива Паланка удрило во пешак на возраст од 15 години од Скопје, информира МВР.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 5 години

memed

Соработник на Амди Бајрам повика на масовна поворка пред денешниот погреб

Блискиот соработник и пријател на Амди Бајрам, Аднан Мемед преку Фејсбук ги повика граѓаните да се приклучат на погребната поворка на Амди Бајрам која ќе тргне од куќата на Бајрам во Бутел кон неговото вечно почивалиште.- Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема. Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот!!!Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел – напиша Мемед.

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Џафери: Законите по брза за добро на државата

За носењето закони по скратена постапка, кои беа дел од реформскиот процес, избравме поарно да биде оценката послаба по однос на Собранието, одошто државата да има последици по однос на членството во НАТО и преговорите со ЕУ, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за РСЕ. Спикерот Талат Џафери во денешното интервју за Радио Слободна Европа рече дека според Уставот, Собранието работи само во собраниската зграда. Овој став е во спротивност со препораката на Владата и Собранието да работи онлајн, на што се спротивстави опозицијата. Во меѓувреме треба да се донесат неколку значајни законски измени, а на владеачкото мнозинство му се потребни сите пратеници.-Сега се најдовме среде пандемија. Што вели народот, не дал господ пожар, каде ќе работи собранието? Со Уставот е тесно дефинирано дека собранието работи во собраниската зграда, во таа и таа сала, и што сега ќе останеме заробеници на тоа? Скопје и скопската котлина е трусно подрачје, гледано сеизмолошки. Во случај на земјотрес и поголемо оштетување на објектот, каде ќе се одржуваат седници? Не е дефинирано. Затоа сега кога се најдовме во оваа ситуација е неопходно да размислиме да имаме резервни правила како и на кој начин би ја извршиле нашата функција и во такви услови, а не тоа да биде замена за редовната работа. Но во секој случај пратениците, субјектите, политичките партии имаат за право да имаат пристап онаков каков што пристапиле кон оваа идеја. Јас опстојувам на фактот дека ако не сега, во идно време ќе мора да имаме алтернативни решенија за алтернативна работа во алтернативни услови. За нормални услови кој нормален човек би побарал да си работи од дома? Но ситуацијата наметнува да размислуваме и за тоа.Интервјуто со Талат Џафери во целост на: РСЕ.

Македонија | пред 5 години

maski-debar-4

Короната зема замаф, а маски не се носат - 846 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 846 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.  

Македонија | пред 5 години

policija-2

429 санкционирани возачи во Скопје, 62 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 429 санкции, меѓу кои 62 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 35 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 за возење без возачка дозвола, а 58 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

51505985_2506183096064236_1721897855490195456_n

Синот на Амди Бајрам за Фокус раскажува: Татко ми почина додека чекавме пред вратата на ургентното одделение, на носилката

Доцна синоќа, во телефонски разговор за ,,Фокус”, синот на Бајрам, Габриел, раскажа што се случува во нивниот дом, но се наврати и на последните денови на неговиот татко.-Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен.Да се навратам на случувањата од последните денови.Дента пред да почине, се беше во ред, никој не можеше да претпостави што не чека. Но, вчера, во околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен.Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение, тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот.Внатре го внесоа веќе починат, а ние останавме да чекаме околу час или два.Тексто во целост на: ,,Фокус” 

Македонија | пред 5 години

1-1

(ФОТО) Запленет кокаин во Кичево, приведен дилер

Во рамките на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во координација на Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи вчера во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево приведоа дилер и беа запленети над 100 грама кокаин и други предмети.На 24.10.2020 околу 20.20 часот на бул.Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети. Одземено е возилото "цитроен", како и возило "порше". Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава. 

Македонија | пред 5 години

Debata-Inspektorat-opstini-7-1

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се осврна на неколку проблеми со кои се соочуваат општинските инспекторати, како и на потребата од итно менување на постојната регулатива.- Добар дел од времето во мојот мандат го имам посветено да помогнеме системот да стане функционален. Она со што мора да се согласиме и да се соочиме е дека ние имаме нефунционален систем. И, поради тоа состојбата ни е ваква. Јас би ги укинал централните инспекции, целосно да не постојат, да не постои државен инспекторат. Може да постои државен орган којшто ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции, дури ни пазарната инспекција не смее да биде централна. Различни ни се приоритетите како органи. Недавањето на градоначалниците моќ или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради која се наоѓаме во ваква состојба на терен. На пример, јас сакам да спроведам акција на Битпазар. Треба да се молам со Пазарна. Да не бидам лошо разбран, не велам дека е лоша соработката. Но, мојата правна позиција е дека треба да се молам со пазарната инспекција. Понатаму, во Железара има улица која ги дели општините Гази Баба и Бутел. Инспектор за животна средина од Бутел фаќа на лице место сторител како исфрла шут, човекот се легитимира, но шутот го исфрла десно, во Гази Баба. И инспекторот не му може ништо. Скопје е многу поспецифично од другите единици на локална самоуправа имајќи го предвид дуализмот во локалната самоуправа, затоа одлучивме дека е паметно ова што го имаме како концепт, додека не се реши системски што со комуналната полиција. Еве да го отвориме предизвикот – да ги укинеме државните инспекции, имаме најкатастрофален Државен инспекторат за животна средина, со многу субјективни слабости, јас така ги дефинирам некои појави за кои сме сите свесни дека постојат. Па, Градскиот инспекторат излегува да мери ниво на загаденост на реки, па градски инспекторат фаќа криминал со медицински отпад. Медиумите се тука, прашајте ги обвинителите до каде се со тој предмет. Знаете дека стои? По прес-конференцијата тогаш, пред пандемијата, се крена малку фама, почнаа некои дописи, дојдоа некои истражители, фати пандемијата и се е под радар. Затоа системот за кој ние воочуваме дека е нефункционален треба да се исправи, со законски измени – рече Шилегов.Затоа, се надоврза тој, и се предлага регионален пристап во инспекторирањето, имајќи предвид дека не сите општини имаат капацитет да издржат инспекторат на свој грб, ниту пак имаат толкав човечки потенцијал.- И за мене, со целосна почит, имањето лиценца за „инспектор за ...“ е една од поголемите глупости. Или си инспектор за сите области, или не си. Така ќе супституираме многу од луѓето кои ни фалат, на пример, имаме инспектор за животна средина, ама немаме градежен. Што ни фали истиот човек да може да ја обавува инспекциската работа? Јас сакам чекор по чекор да ги реализирам работите – ќе го направиме унифицирањето на инспекциските служби во општините од територијата на Град Скопје, ќе инсистирам до крај за носење на закон за комунална полиција која што не е само скопска, туку напротив, предвидува можност за регионализација, па ќе дојдеме до тоа дека треба да се укинат лиценците за инспекции, па ќе го предизвикаме државниот инспекторат. Ако државниот инспекторат за градежништво утврдил дека е „англиска кралица“, поднел иницијатива да му се смени статусот да биде активен во предметите или си седат сега? И викаат „ние немаме моќ“. Тоа е типично македонско однесување, „ова не е моја надлежност“. Па, Градот се вмешува во работи што не се негова надлежност – да утврди состојба на вода во река Вардар, да утврди дека на определена локација се прават глупости со медицински отпад, па дигаме на граница на законот возила зашто немаме наша комунална сообраќајна полиција и не можеме со сообраќајна полиција да се договориме каде е приоритетот – објасни Шилегов.Тој додаде дека категоријата на морална и човечка одговорност, надвор од политичката одговорност, за носителите на јавна функција е сериозен недостаток на нашето општество.- Или ќе ја оправиме работата или ќе треба да си заминеме. „Ама ние немаме законска ингеренција“, а имате ли поднесено иницијатива да добиете законска ингеренција? Секој во микросветот во којшто ги водиме институциите знае каде се аномалиите и знае зошто не може да интервенира во некој случај. Па чекајте, многу е едноставно, правите допис – иницијатива, пишувате до Влада, Секретаријат, законодавство, се составува работна група, се подготвува текст, за месец дена излегуваат измените и дополнувањата. Особено, ако го знаете, може и готов текст да пратите во Влада, како што ние пративме за закон за комунална полиција. Мислам дека е многу покомотна позицијата да кажуваме дека немаме ингеренции. А дефинитивно не се сложувам дека тоа треба да се централизира. Како вие овде во Скопје, како државен градежен инспекторат, ќе знаете дека Гевгелија има дивоградба? Па, таму Поцков ќе си има свои инспектори и ќе си ја заврши работата регионално – Гевгелија, Валандово... ги кажувам единиците на локална самоуправа што немаат капацитет, но во ред е, ќе ги здружиме. Ние во Скопје ако се здружиме ќе имаме над 100 луѓе на терен. Ако ја тргнеме ступидноста на имањето лиценци тогаш ќе имаме 100 и кусур луѓе на терен за се. Е, тогаш ќе се прашаме дали ќе имаме случаи како Матка и Мавровка, ги кажувам како најекстремни. Имаме зад параван, каде што не се гледа, милион такви случаи. Треба поодговорно да ја сфатиме функцијата која што ја имаме и да овозможиме да се формира систем кој што е функционален. Добриот дел од работата е што во СДСМ тоа го имаме увидено. И во програмата на Владата, ако видите, добар дел од овие работи за кои зборувам, а за кои сме се бореле внатре во партијата да влезат во приоритети, влегоа во приоритети и се во Програмата на Владата како измени на законски текстови или носење закони – рече Шилегов.Преговорите со Европската Унија, додаде тој, не ни ги носат вредностите на Европската Унија, туку нашето менување во категоријата одговорност во работата што ја работиме ќе не однесе во квалитетно функционирање на институциите, како што впрочем сите посакуваме.- Ама, никако да се централизира, не! Да се дисперзира, да се знае кој е крив. Ние сега имаме позиција дека градоначалниците можеби се добар чадор, политички гледано. Пример, паркирање на кеј. Логично е како граѓанин да викате „што прави градоначалникот“? Логично е. Затоа треба да внимаваме кога посакуваме централизација. Не, ние треба да дисперзираме, да унифицираме во смисла на лиценци и тогаш ќе може слободно да кажеме „е, сега, не е толку лесно и едноставно да ни се случуваат некои работи, како што ни се случуваат“ – нагласи Шилегов.

Скопје | пред 5 години

vasko-mitko

Што побарал Орце Камчев од Митко Јанчев?

Пред изборите на мобилен ми се јави Орце Камчев. Ми рече дека е во Зелениково со Александар Пандов, сега прв човек на Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ, и со рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Камчев побара од мене да пренесам две пораки. Едната до Вице Заев, а втората до Сашо Мијалков. Му реков: Ги имаш нивните броеви и можеш сам да им се јавиш.Ова во интервјуто за емисијата Во Центар која се емитува вечерва ( недела ) во 22 часор, на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави актуелниот градоначалник на Кавадарци и поранешен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев.Јанчев потврди дека во мандатот на владата на ВМРО ДПМНЕ, во барот Сушико во центарот на Скопје, бил “убедуван” од Камчев и првиот човек на Пелистерка да им ја продаде компанијата Кожуфчанка. Јас тоа го одбив вели Јанчев и оттогаш односите ни се такви какви што се.Инаку во периодот на владеење на ВМРО ДПМНЕ, од 2006 до 2017 година, Камчев, Панделевски и Самсоненко имаат “купено” повеќе компании во Македонија, како што е Здравје од Радово и слично на тоа.Во интервјуто Јанчев ја најави своја кандидатура за лидер на ВМРО ДПМНЕ.извор: Во Центар

Македонија | пред 5 години

51505985_2506183096064236_1721897855490195456_n

Денеска ќе биде погребан Амди Бајрам

Денеска ќе биде погребан лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина вчера на 64-годишна возраст.Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните.Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.МЗ изрази сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

maricic

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата.„Ова ново време на светска пандемија, донесе нови предизвици и за правосудство и бара нови решенија како да функционира системот, да продолжат судските рочишта и постапките пред судовите и обвинителствата. Учениците, наставниот кадар и образовниот систем со извонредна посветеност, соочувајќи се со многу предизвици, покажаа дека системот во овие времиња треба и може да функционира и онлајн. За време на вонредната состојба, во судството имаше примери кои потврдија дека може да се функционира и онлајн, што е добар показател дека доколку има таква потреба, во иднина ова може повторно да се воведе во пракса“, изјави Маричиќ.Во едно демократско општество, посочи министерот, важно е граѓаните да бидат добро информирани како да си ги остварат своите законски загарантирани права, како да добијат заштита на тие права и како сите да имаат еднаков и фер пристап до правдата.Министерот Маричиќ најави дека наскоро се очекува намалување за осум пати на максималната судска такса, која досега беше 48.000 денари, а сега ќе изнесува најмногу 6.000 денари. Со ова, како што посочи министерот, судските трошоци за граѓаните ќе бидат значително намалени, со што правдата ќе стане подостапна за нив.

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Бачев: Очекувам околу 200.000 Македонци во САД да гласат за Трамп бидејќи веруваме во него и мислам дека е вистинскиот избор

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на Флорида, предвреме, за изборите за претседател на Америка.Очекувам и околу 200.000 Македонци во САД да гласат за Трамп бидејќи веруваме во него и мислам дека е вистинскиот избор. Победата на Трамп на изборите е големата шанса за човештвото, но и за македонскиот народ, напиша на својот ФБ профил претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев.Бачев во својата објава додава:За тоа е потребна една претходна ситуација да дојдат македонските патриоти кои сакаат и знаат како да излобираат и да ја промовират вистината кај американските патриоти против „длабоката држава“ во Македонија која кго прави токму спротивното од она за што се залага Трамп. На Македонија и треба стратегија во меѓународни рамки за промоција и одбрана на македонските интереси а не стратегија за бришење на се што е македонско.

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Градоначалникот на Охрид во изолација, неговите родители се позитивни на КОВИД 19

И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика.Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација.Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита. 

Македонија | пред 5 години

Amdi-Bajram

Дали Амди Бајрам ќе биде погребан според протоколите за починати со корона?

Без оглед на тоа што е позитивен на ковид-19, Амди Бајрам нема да биде погребан според протоколите за заразени од корона, туку како што веќе информираше фокус.мк неговата фамилија засега планира да прави голем погреб со сите церемонии.Вечерва неговото семејство и поблиските роднини и пријатели, цела вечер ќе бидат во неговиот дом на бдеење и последно простување.Целиот текст може да го прочитате на Ммс.мк

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања