Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Додека државата и граѓаните тонат во кризи и сиромаштија, владата на СДСМ и ДУИ си трошела на луксуз, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17012022_VRSM_1vaSednica-3

Додека државата и граѓаните тонат во кризи и сиромаштија, лицемерната влада на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски си трошела на луксуз, вели опозицијата.

„Скоро 5 месеци знаеле дека ќе следува толку голема криза, но наместо мерки за заштита на стандардот на граѓаните ДУИ и СДСМ трошеле на мебел, возила, цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.

— реклама —

Наместо да спречат ценовен шок, поважно за власта било министерството за надворешни работи да има 1.370.000 денари за мебел, 590 илјади денари за подароци и 350 илјади денари за цвеќиња.

Наместо помош за граѓаните и стопанството, за власта поважно било министерството за политички систем да троши 350 илјади денари за перење автомобили, 530 илјади денари за ажурирање на веб сајт, 400 илјади денари за набавка на жардињери, а за консултантски услуги 470 илјади денари.

— реклама —

Наместо да има поевтино гориво и поевтина струја за граѓаните, за власта било поважно секретаријатот за европски прашања раководен од Маричиќ да потроши 700 илјади денари за мебел и перење на коли, а министерството за внатрешни работи на Спасовски дури 15.400.000 за канцелариски мебел.

Знаеле за кризата, но сепак во рок од 5 месеци потрошиле над 2 милиони денари на непродуктивни трошоци. И откако си ги обезбедиле хировите, лицемерно велат дека треба да се штеди.

— реклама —

Да биде катастрофата поголема потрошиле над 2,5 милиони евра за набавка на нови луксузни автомобили од кои повеќето чинат над 30.000 евра, во период кога илјадници граѓани остануваа без работа и илјадници компании затворија.

Да се штеди требаше уште од порано бидејќи додека тие аздисувале со народни пари кризата удри по граѓаните и стопанството.

— реклама —

Но, штедење и домаќинско работење не е симбол за оваа расипничка и криминална влада на СДСМ и ДУИ.

Најголеми виновници за кризата која ја зафати Македонија се СДСМ и ДУИ, тие се проблемот и изворот на кризи, затоа потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија и граѓаните да може да тргнат нагоре“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања