Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

26102020_ZPVRSM_Bitikji_ME_Bekteshi_pres-konferencija-1

Битиќи и Бектеши: Потпишани договори за финансиска поддршка со 48 компании, кои и покрај светската економска криза, инвестираат во развој, нови вработувања

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа прес-конференција на која беа презентирани податоци поврзани со договорите за државна помош потпишани со компании кои аплицираа за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за 2020 година.Вицепремиерот Битиќи, кој се обрати преку видеоконференциска врска, потсети дека како дел од Планот за економски раст, во 2018 година беше донесен Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кој се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија.„Оваа година се потпишаа нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Ова се финансиски средства кои компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој како и стекнување конкурентска предност. Ова носи напредок и развој за нивните вработени, но во ова време на непредвидливост и светска криза, значи стабилност на нивните работни места и отворање на нови. Дополнително, ова се инвестиции кои компаниите ги прават во време на светска криза предизвикана од КОВИД-19. Токму затоа би сакал да ги поздравам одлуките на овие 48 компании, кои решија да реализираат нови инвестиции, со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, но уште поважно, на меѓународните пазари“, рече Битиќи на почетокот на своето обраќање.Вицепремиерот нагласи дека кумулативно, од 2018 година до денеска, по овој Закон се потпишани 245 договори со компании. Во однос на компаниите кои потпишаа договори во 2020 година, вкупниот инвестициски циклус на 48-те компании изнесува 53,4 милиони евра, од кои 29,4 милиони евра се инвестиции на новите 38 компании, а во 2019 година, сите 48 компании, реализирале инвестиции од 17,5 милиони евра.„Инвестициите направени во првата година, односно во 2019 година, донесоа нови 146 работни места во овие 38 компании кои оваа година потпишуваат нови договори, а планирано е овие компании, со комплетирање на бизнис плановите да вработат 498 лица. Ме радува регионалната распределба на инвестициите по градови, на компаниите кои аплицирале, ова е значајно за рамномерниот регионален развој и рамномерната дистрибуција на помош и поддршка. Осум од компаниите (или 21%) се од Скопје и општините кои гравитираат кон Скопје, додека останатите 30 (или 79%) се од останати градови или населени места, како што се Битола, Кочани, Струмица, Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Куманово, Охрид, Струга, Штип, Боговиње, Виница, Делчево, Кавадарци и Неготино. Тоа значи дека се повеќе компании од помалите места, се развиваат, а тоа е одлична вест токму за граѓаните од тие места, да добиваат можност да работат во својот роден крај, да останат дома и да придонесуваат за развојот на компанијата и локалниот економски раст“, посочи Битиќи.Во однос на големината на компаниите, вицепремиерот укажа дека најголемиот дел се мали фирми (до 50 вработени), вкупно 20 (или 53%), по што следуваат средни компании, вкупно 10 (или 26%), па 5 микро компании (13%) и најмалку се големите компании, само 3 (8%).„Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докажуваат дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании во земјата, независно од нивната големина или местоположба. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење и да не го намалуваат бројот на вработени со текот на годините. Економскиот развој, унапредување на конкурентноста на компаниите на домашниот и меѓународните пазари и подигнување на животниот стандард на вработените, останува врвен приоритет на Владата. Во овој момент фокусирани сме кон амортизирање и намалување на штетите предизвикани од коронавирусот и на спроведување на четвртиот сет на мерки со кои ќе ги поддржиме граѓаните и компаниите во овој тежок период, сепак паралелно мораме да работиме и на подолгорочно планирање и да бидеме подготвени за брз раст и развој на економијата по стабилизирање на состојбата со коронавирусот, односно во пост-ковид периодот. Инвестирајте и развивајте се, во државата имате партнер, Владата е тука да го поддржи и следи вашиот развој“, потенцираше вицепремиерот Битиќи во своето излагање.Министерот за економија Крешник Бектеши нагласи дека му претставува задоволство што и покрај пандемијата која предизвика и економска криза, заедно со вицепремиерот Битиќи имаат можност да објават дека и оваа година Владата продолжува со поддршка на бизнисот и поддршка на домашните компании, коишто покрај се успеале да работат успешно во текот на претходната, но и во текот на оваа година.„Кога го создадовме Планот за економски раст пред 3 години многу луѓе беа скептични дека овој План нема да даде резултати, нема да креира нови работни места, нема да имаат бенефит нашите компании, но нема да поттикне и раст на инвестициите. Но податоците во изминатите 3 години покажуваат дека со вакви планови, со ваква транспарентност, со ваква предвидност од страна на нашите компании ние успеавме да поддржиме како што кажа и вицепремиерот над 240 компании“, подвлече министерот.Бектеши нагласи дека Владата и Министерството за економија, со цел да дополнително ги поттикнат компаниите да реализираат нови инвестиции објавија јавен повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД-19 периодот, што практично може да го земеме како дополнително зајакнување на мерки за производни компании кои реализирале инвестиции во 2020 година, а за чија реализација се обезбедени дополнителни 20 милиони евра поддршка за компаниите.„Одлучивме оваа година дополнително да ги помогнеме нашите компании кои ќе имаат храброст да инвестираат во тек на ковид криза, но и пост-ковид кризата, значи и во 2021 година, со дополнителни 20 милиони евра. Што се однесува до процесот можам да ја информирам јавноста, а особено компаниите кои аплицирале дека е при крај евалуацијата на сите апликации и наредната недела ќе доставиме извештај од страна на Комисијата која е во склоп на Министерството за економија, до Владата на Северна Македонија, по што ќе продолжиме и со потпишување на нови договори за инвестиции кои што очекуваме да надминат 100 милиони евра во текот на 2020 година и 2021 година“, рече министерот Бектеши.Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Министерството за економија во тесна соработка со Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за финансии започнаа со изготвување на текст за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, имајќи ги во предвид критериумите кои се моментално во тој закон, со цел за да им се олесни аплицирањето на нашите домашни компании, за наредната година да можат да аплицираат. Измените ќе бидат во насока на олеснување на критериумите за компаниите кои што се однесуваат за намалување на бројот на вработени и намалување на приходите кои во моментот се предвидени како основни критериуми за да можат да се квалификуваат компаниите за аплицирање за мерки од ЗПФИ.

Македонија | пред 5 години

karadzoski-3

Караџоски за предлогот од ВМРО НП: Тестовите за Ковид-19 не се тестови за бременост, за да се продаваат во аптеките

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, на денешната прес конференција со  министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека утре се отвораат нови простории, во Институтот за јавно здравје. На овој начин како што кажа Караџовски ќе се намалат гужвите за тестирање.-Отвораме нови простории утре наутро, уште едно приемно одделение и ќе ја убрзаме процедурата за земање на тестови. Па така редот од овие 20-30 луѓе што чекаат нема да го има утре.Работиме и прва и втора смена, работиме по 16 часа, за да го надминеме овој проблем. Луѓето грешат сите доаѓаат во 8 часот наутро и затоа се создаваат гужви, рече Караџовски.На прашањето за тоа дали тестовите ќе ги има во продажба во аптеките, Караџовски истакна дека тестовите за Ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките, туку дека има точен протокол по кој се врши тестирањето и дека тој се почитува.

Македонија | пред 5 години

povorka-amdi

Осуда за погребалната церемонија на Амди Бајрам со над 300 присутни, упати Филипче

Осуда за погребалната церемонија за Амди Бајрам на која имаше околу 300 лица упати министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека поради такви препкршувања, постојано има зголемување на бројот на заболени.„Сметам дека никој не треба да ги прекршува протоколите, а секој да се придржува до апелите и препораките. Никој не треба да се чувствува дека е привилигиран и тоа да го прекршува. Со секоја почит кон починатиот и целата церемонија. Но, од такви прекршувања имаме проблем целиот овој период. Немаме проблем таму каде нема собирања и се носат маски. Го осудувам тоа прекршување на таа наша препорака“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

filipce-karadzoski

Македонија го набавува лекот кој докажано се справува со коронавирусот

Владата денеска ќе одлучува за набавката на лекот Ремдесивир кој им помага на заразените од Ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.Тој соопшти дека земјава има обезбедено финансии за набавката на лекот кој е докажано дека им помага на инфицираните од вирусот.Филипче најави дека утре пред пратениците во Собранието ќе се најде Законот за заштита од заразни болести.„Се надевам дека пратениците се свесни за состојбата во која се наоѓаме и брзо ќе го изгласаат“, изјави Филипче.Тој на денешната прес конференција ја запозна јавноста со состојбата во болниците, модуларната болница до Инфективната веќе почнува да се полни, додека одделението во Гостивар е полупразно.Меѓудругото, Филипче најави дека од НАТО ќе добиеме 60 респиратори и лична заштитна опрема која ќе биде распределена во здравствените институции во земјава.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Приватни интернисти се вклучуваат во системот на дежурства за справувањето со КОВИД 19

Се соочуваме со силен бран на вирусот, ситуација која значително ги тангира сите сегменти во здравствениот ситем, од лабораториските капацитети со сместувачките капацитети, истакна предмалку министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција пред Министерството за здравство.–Ја очекувавме оваа ситуација, слична е состојбата во сите европски земји. Мора луѓето да покажат свесност. Доколку доследно се почитуваат мерките ќе има резултати. Се мобилизираат лекарите. В среда ќе одржиме состанок со приватните интерснисти кои се 56 на број. Половина од нив се од Скопје, а останатите од други градови. Ќе разговараме за нивно вклучување во системот на дежурства“, рече  Филипче.Филиче истакна дека се менаџира до интерното одделение на Општата болница во Охрид со цел да се обезбеди место за дополнителн број пациенти заразени од КОВИД 19. Како што истакна Филипче ваквиот начин се спроведува со сите болници во државава со цел да се излезе во пресрет на новиот есенски бран на коронавирусот.-Модуларната болница се полни брзо, правиме план за дополнителни болнички капацитети, се прирпемаат и две одделенија во болницата “8ми Септември” во Скопје. Исполнети се и инфективните одделенија во останатите градови Куманово, Штип, Струмица каде се обезбедува како ковид центар новиот кат, Битола се прават дополнителни капацитети и Прилеп. Тетово досега се исполнети 26 кревети а на рсполагање се 100 кревети.На владината седница како што истакна Филипче е донесена одлука за набавка на лекот ремдесивир а обезбедени се и дополнителни тестови 150 повеќе на дневно ниво.За утре е најавена собраниската седница на која треба да се изгласа Законот за заштита на населението од заразни болести. Исто така набавени се и 60 респиратори кои се помош и ќе се распределат соодветно по градови каде што ќе има потреба.Министерот упати уште еднаш апел за придржување на мерките за заштита и хигиена.

Македонија | пред 5 години

26102020_PVRSM_Zaev_sredba_SSM-1

Заев и претседателот на Сојузот на синдикати Димовски: Социјалниот дијалог е на високо ниво

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими делегација на Сојузот на синдикатите (ССМ) предводена од претседателот Дарко Димовски.Учесниците на средбата, го поздравија напредокот на социјалниот дијалог, меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како единствена движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и подобрување на квалитетот на сите граѓани.Беше констатирано дека постои волја за унапредување на социјалниот дијалог, за кој е заклучено дека изминатиот период е издигнат на високо ниво, со цел да се придонесе за унапредување и заштита на работничките права и обезбедување поголема социјална сигурност во кризните услови предизвикани од КОВИД-19.На средбата беше разговарано и за активностите на ССМ со посебен фокус на прашања кои се отвораат и кои е потребно да се регулираат во новиот Закон за работни односи за време на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, како и интервентни измени во постоечкиот Закон како одговор на сегашните предизвици на пазарот на трудот.Премиерот Заев истакна дека Владата на Северна Македонија останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, посебно нагласувајќи дека задоволните работници ја движат државата напред и истакнувајќи ја улогата и партнерскиот однос со синдикатите и работодавачите.Претставниците на Сојузот на синдикатите изразија поддршка за мерките кои Владата ги носи за обезбедување поголема сигурност и подобрувањето на животниот стандард на работниците, за надминување на актуелната криза и обезбедување на егзистенција на сите работници, компании и граѓани.

Македонија | пред 5 години

Aleksandar-03-800x533

Александар Јосифовски од Тетово боледува од цистична фиброза, но се искачи на Титов Врв

Александар Јосифовски од Тетово боледува од цистична фиброза, хронична болест на белите дробови, но тоа не било пречка заедно со своите родители да го искачи Титов Врв, вториот највисок планински врв во Македонија. Во искачувањето им помогнал нивниот сосед Зија Јонузи, кој е искусен планинарски водич. На 15-годишниот Александар му требале три и пол часа да ја оствари желбата за која долго сонува, објави САКАМ ДА КАЖАМ. „Секој ден се подготвуваше и имаше голема желба да се искачи на Титов Врв. Може да се каже дека ова е неговото најголемо доживување. Кај лицата со цистична фиброза најмногу страдаат белите дробови, но тоа е и мултисистемска болест, па затоа ова искачување за нас е голем успех, екстра достигнување и тоа значи дека стабилно стоиме со болеста“, објаснува Мирјана, мајката на Александар.Поради болеста, Александар мора постојано да вежба и да одржува добра кондиција. Родителите будно го следеле тоа и процениле дека оваа есен тој е подготвен за еден ваков голем потфат.Текстот во целост на САКАМ ДА КАЖАМ. 

Македонија | пред 5 години

slava

Комисијата за односи со верските заедници: Домашните слави да се слават исклучиво во кругот на семејството

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број на семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници упатува апел овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.„Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно. Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје кое би ја предизвикало со повикување на гости, но и секој добронамерен кон семејството кое прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана“, се наведува во апелот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Општина Центар отстрани 4 помошни објекти на булеварот „Гоце Делчев“

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатата недела изврши отстранување на 4 помошни објекти во населбата Маџир Маало, односно на булеварот „Гоце Делчев“.На барање на жителите кои живеат во овој дел на општината, отстранети се објекти кои се наоѓаа на просторот веднаш под Железничкиот мост, кој ги поврзува општините Центар и Аеродром.Овој запуштен простор, населен од бездомни семејства и полн со диви депонии, беше извор на загадување и зарази и претставуваше голем проблем на жителите од околните места и на минувачите.Со целосно почитување на постапката и законските одредби, откако инвеститорите по издаденото решение за самостојно отстранување не ги отстранија објектите , Секторот за инспекциски работи со помош на механизација пристапи кон присилно отстранување. По отстранувањето на објектите, општината го исчисти просторот и дополнително истиот ќе биде уреден.Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со активностите со нелегално изградените објекти и воедно апелира до граѓаните да не градат каде што тоа не е предвидено, да ги почитуваат законите и да се придржуваат до постоечките правилници за градба, со цел заштита на животната средина и со тоа Центар да биде еколошко, пристојно и современо место за престој и живеење.

Скопје | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

Спасовски: Сообраќајните контроли даваат резултат, се намалува бројот на сообраќајни незгоди!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше гостин во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, каде во фокусот на вниманието беа зајакнатите акциски контроли во областа на сообраќајот што се реализираат во сите градови, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на свеста кај граѓаните од потребата за почитување на сообраќајните правила и прописи, што пак влијае на намалување на сообраќајните незгоди со тешки последици.„Контроли се прават на територијата на целата држава врз основа на претходно изработен план. За помалку од месец дена изречени се над 14.000 санкции во зајакнатите сообраќајни контроли ширум државата и овие мерки даваат резултат, бидејќи до овој момент имаме намалување на 7,5 % на бројот на сообраќајни незгоди од почетокот на засилените контроли“, истакна министерот Спасовски.На новинарското прашање кога ќе почнат да се казнуваат пешаците кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, министерот Спасовски посочи дека и во моментов има изрекување на санкции кон овие учесници во сообраќајот.„Иако е поголем бројот на казни за возачите, во рамки на овие контроли, секогаш кога ќе се забележи непочитување на сообраќајните прописи од страна на пешаците, имаме изрекување на санкции и за нив“, појасни министерот Спасовски, додавајќи дека така и ќе се продолжи, сѐ со цел воспоставување на ред во сообраќајот, што како горлива точка е нотирано од сите наши граѓани.Меѓу темите на разговор беше и почитувањето на мерките за спречување на ширење на коронавирусот, односно санкциите кои се изрекуваат за неносење на заштита на лицето, кои исто така се зачестени, а дел од јавноста ги толкува како начин на полнење на државниот буџет.Министерот Спасовски посочи дека таквата констатација не е точна односно во ниту еден случај не станува збор за полнење на буџетот, туку за придонес во спречувањето на ширењето на овој вирус.„Само заеднички можеме да придонесеме за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа зависи од сите нас. Секој граѓанин мора да е во функција на заштита на јавното здравје“, нагласи Спасовски.

Македонија | пред 5 години

hasis

(ВИДЕО) Пронајдени околу 100 кг хашиш - пресечен меѓународен транспорт на дрога

Во текот на вчерашниот ден (25.10) Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во заедничка акција со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и СВР Охрид  пресече меѓународен транспорт на наркотична дрога – хашиш во количина од околу 100 килограми.Имено, околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле товарно возило - комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Р.Турција. При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника е извршена обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч.Б. е лишен од слобода и приведен во СВР Охрид.По преземени мерки и активности е утврдено дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Република Северна Македонија и во Скопје остварил средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција.По комплетирање на целосната документација против Ч.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор.  Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода  уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со Јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена.Министерството за внатрешни работи успешно продолжува со борбата против сите видови криминал, вклучувајќи и спречување на недозволена трговија со наркотични дроги, за што сведочат и секојдневните случаи на заплена на дрога.

Македонија | пред 5 години

korona-test

ВМРО НП: Зошто македонските фармацевтски гиганти не ги увезуваат и пуштаат на пазарот брзите ПЦР тестови?

Според наши потврдени информации, во некои од соседните земји веќе се продаваат брзи ПЦР тестови каде што луѓето можат самостојно да го купат во аптека и самостојно во рок од петнаесет минути да направат проверка дали нивниот резултат е позитивен или негативен. Цената на овие брзи ПЦР тестови изнесува околу 12 евра, се вели во соопштението од ВМРО НП.Тие во соопштението додаваат:Зачудени сме зошто македонските фармацевтски гиганти не ги увезуваат и пуштаат на пазарот ваквиот тип на тестови кои од една страна ќе доведе до значитечно финансиско олеснување на луѓето, а од друга страна пак ќе се избегнат долгите редици во медицинските центри и лабораториите со што дополнително ќе се спречи и можноста за ширење на дополнителна зараза.Ако фармацевтските компании немаат интерес за ваков увоз тогаш може и самата Влада да направи директен увоз на вакви ПЦР тестови и да се пуштат во широка продажба за масовна самоконтрола и проверка на луѓето, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Кумановец под истрага за недозволена трговија со кокаин

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 22 октомври, осомничениот 28-годишен кумановец, движејќи се во близина на влезот на Ургентен центар во Куманово, кај себе држел 7 грама наркотична дрога – кокаин спакувана во две најлонски опаковки во кутија од цигари и во паричникот. Дрогата му била пронајдена при личен претрес од страна на овластени службени лица.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

mitko

Јанчев за „Во Центар“: Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата, но некој нареди да не се продава

Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата. Не може да бидеме народна партија во држава каде што дел од народот и наши гласачи живеат дневно со по две евра, а ние да функционираме во палата каде еден кваратен метар од паркетот чини околу 500 евра, вели актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев во интервјуто за емисијата Во Центар. Тогаш предложив да ја продадеме Белата палата. Извршниот комитет на партијата го прифати мојот предлог и ме задолжи да ги почнам преговорите со Комерцијална банка и со некои бизнисмени кои би биле заинтересирани за купување на зградата.Јас имав средба со директорот на Комерцијална банка, Хари Костов и требаше да најдеме овластена куќа која ќе изврши проценка на вредноста на Белата палата, вели Јанчев.И тогаш почнуваат игрите и опструкциите внатре во партијата. Не можам да кажам дали тоа го нареди Груевски или некој друг но почнаа опструкциите околу продажбата на зградата.Сега таа не може да се продаде, вели Јанчев, бидејќи со процесот Талир е замрзнат имотот на партијата. Но ако еден ден дојдам на чело на партијата веднаш ќе ја продадам Белата палата, вели тој.Во интервјуто за емисијата Во Центар, Митко Јанчев зборува за тоа какви му се односите со Вице Заев. За Сашо Мијалков. За средбата со Зоран Заев во хотелот Сириус. За тоа каде завршија акциите на Христијан Мицкоски во малите хидроцентрали. извор: Во Центар. 

Македонија | пред 5 години

IMG_5315

Во Скопје отворена Ветеринарна болница со нови простории за сместување и нега на животни со најсовремени третмани

Нови простории и опрема од денеска се во функција на Универзитетската ветеринарна болница за општи и специјалистички прегледи на домашните миленици. Болницата е опремена со најсовремена апаратура која е интегративен дел од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.- Универзитетската ветеринарна болница сега има на располагање скоро 500 м2 простории за вршење ветеринарна дејност кои сочинуваат една функционална целина која е единствена во земјава и пошироко во регионот со ваков капацитет, најави проф. д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.Тој соопшти дека болницата е дизајнирана за општи и специјалистички прегледи на домашните миленици и е опремена со најсовремена апаратура, поседува две комплетно опремени хируршки сали со апарати за инхалациона анестезија, болнички стационар, стоматолошки кабинет, дијагностичка лабораторија со современи апарати за биохемиска, паразитолошка, микробиолошка и молекуларна дијагностика, нова опрема за рендген дијагностика како и ултразвучна и ЕКГ-дијагностика.- Според регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство ова е единствената овластена Ветеринарна болница во државава која е одобрена од надлежните органи и има капацитети за сместување и нега на животни, објасни проф. д-р Пендовски.Во Универзитетската ветеринарна болница работи високообучен тим на експерти, професори, соработници - докторанти, сите специјалисти од различни области, кои се обучени во најсовремените центри за третман на домашни миленици.Во делот на болничко лекување, има посебен дел предвиден за сместување и терапија на животните, просторија за вештачко оплодување на животни со рана дијагностика на гравидитет како и капацитети за дијагностика на малигни заболувања и хируршки интервенции.- Сопствениците на домашните миленици, ќе добиваат совети и упатства за нивна нега и исхрана, превентивни вакцинации, контрола на паразити и најважно од се згрижување на итните и критичните случаи.Со ова, Факултет за ветеринарна медицина – Скопје значително го зголеми ветеринарно-здравствениот капацитет во нашата држава а Универзитетската ветеринарна болница со своите капацитети, опрема и професионален кадар се потврдува како лидер во ветеринарната медицина со примена на модерна дијагностика, превентива и лекување на домашните миленици, потенцираше деканот Пендовски.

Скопје | пред 5 години

Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

Нов успех на „Врба“- Aмериканската премиера крунисана со наградата за најдобар филм

Aмериканската премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски e крунисана со наградата Најдобар филм на фестивалот во Синеквест, Калифорнија. Ова е главната награда на Синеквест што ја доделува меѓународно жири, а „Врба“ е претставен како „филм што нема да го заборавите“.Успехот на „Врба“ е многу значаен за претставувањето пред американската публика, затоа што Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската долина, седиште на најголемите технолошки гиганти како Фејсбук, Епл, Твитер, Нетликс, Зум, Линкедин. Фестивалот е специфичен по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Овогодишното јубилејно 30-то издание на фестивалот место во март, поради пандемијата се одржа онлајн од 1 до 14 октомври, со програма од 154 филмови од САД и светот, учествуваа вкупно 950 артисти, а се одржаа и 95 специјални настани поврзани со филмската работа. Фестивалската програма за кратки и анимирани филмови се квалфикува и за Оскар.Неделава „Врба“ ќе ја има и шпанската премиера во конкуренцијата за награди на фестивалот во Валенсија. Изминатиов период „Врба“ доживеа големи интернационални успеси: во септември беше избран во селекцијата за престижната награда за најдобар филм на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како Европски Оскар, а доби и две номинации (за најдобар игран филм и за најдобар режисер) на еден од најголемите фестивали за независен филм Рејнденс во Лондон.Измина точно една година од светската премиера на фестивалот во Рим, при што „Врба“ постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, ласкави критики во светските медиуми („длабок, суптилен”), над 20 фестивали на четири континенти, и 3 награди, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради ковид-19 пандемијата. Исто така, се очекува следната недела „Врба“ да се врати и во македонските кина, како дел од програмата на кино Синеплекс во Скопје.Во исто време со успехот на „Врба“, се подготвува и новиот филм на Манчевски „Кајмак“, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а сега доби поддршка и од данската држава – од Данскиот филмски институт.„Данскиот филмски институт го поддржа ‘Кајмак’, а дански продуцент на филмот е славната Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентката на филмовите ‘Меланхолија’ и ‘Антхрист’ на Ларс фон Трир, на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера’ и на ‘Сопругата’ за кој Глен Клоус доби номинација за Оскар, како и на хит сериите ‘Премиерката’ и ‘Рагнарок’, меѓу другите. Многу сме задоволни што по соработката со британската легенда Ник Пауел за ‘Врба’, новиот филм на Манчевски ќе овозможи во македонска меѓународна копродукција да влезе уште една реномирана европска и светска продуцентка како Мета Фолдагер“, вели Јане Ќортошев, македонскиот продуцент на „Кајмак“.Новиот филм на Манчевски „Кајмак“ е поддржан во првиот рок на одлучување на конкурсот на Агенцијата за филм, како проект со мнозински македонски удел, а во него се активни продуценти од дури осум држави: Данска, Велика Британија, Белгија, Луксембург, Полска, Унгарија, Албанија и Словенија.извор: Макфакс 

Магазин | пред 5 години

policija-2-1

222 санкционирани возачи во Скопје, меѓу кои 60 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти. Изречени се 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

klupa

Клупата на Горан Стефановски е готова, кога ќе биде поставена во Дебар Маало?

Клупата на Горан Стефановски е сосема готова! Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него. Е сега, не се знае кога ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за поставувањето, ама важно е готова, напиша на Фејсбук неговиот син Игор Стефановски.-Втората работа е дека формиравме Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски. Целта на Здружението е едноставна: опусот на Горан да биде секогаш на дофат, во различни форми (и дигитални), дека тој не пишуваше само драми и не мора да си академик за да го разбереш. Би сакале бар едно нешто од него постојано да биде во книжарниците во нашата земја, бидејќи тој е еден од оние кај нас кои го заслужуваат тоа. Доста беше ситуација во која Диво Месо се чита во гимназија, а ја нема никаде да се купи како лектира. Тоа е таква балканска Кеч22 ситуација — баш таквите него го фасцинираа и го инспирираа. Памтам дека средношколци редовно ни тропаа на врата барајќи копија од драмата, и кога веќе немаше за давање, татко ми почна да им кажува: прашај ја учителка ти зошто немаат тие да ви дадат…“, пишува Игор.Ова не значи дека, додава тој, ќе ве тераме на сила да ги читате неговите драми.-Сепак, би било убаво што повеќе луѓе да знаат за што се работи Диво Месо, исто како што оние во дијаспората (или оние кои планираат да отидат натаму) би требало да ја знаат премисата на Тетовирани души. Се разбира, Горан остави и многу други бисери и мудрости во есеи и говори кои се надеваме дека ќе можеме да ги прошириме во јавноста, особено за помладите генерации. Свесни сме дека нема да успееме без ваша помош и поддршка, и сакам и да ви кажам дека сме подготвени за секаков вид на соработка, со секого, за да ја реализираме нашава идеја (ова е сепак отворено здружение на граѓани). А за вас кои сè уште го читате ова, имаме мала награда/изненадување… Со цел да го обележиме нашето основање и, еве, да почнеме да го правиме она за кое сме тука, имаме 25 копии од новото издание на култната Конзервирани Импресии на Горан за давање! Во соработка со издавачот Темплум, првите 25мина кои ќе отидат на ФБ страницата на Здружението (побарајте во search…) ќе можат да си подигнат копија од нешто што навистина мора да се прочита. Затоа, посетете нè, лајкнете/зачленете се и земете си гага книвче“, напиша Игор Стефановски.

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Есенскиот бран на вирусот „коси“ - очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени

Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Министерот во својата објава додава:Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.

пред 5 години

strasevski-1

Членови на ВМРО-ДПМНЕ бараат од раководството на партијата да организира протести против власта

Адвокатот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Страшевски, денеска одржа прес конференција пред седиштето на опозициската партија на која на Христијан Мицкоски му даде рок од 7 дена за да организира и реализира, масовни протести на членството се до , како што рече,  падот на СДСМ и ненародната власт.Тој побара да престане и поделбата на љупчовисти, грујовисти и мицковисти.” Ако ова не го направи претседателот на ВМРО ДПМНЕ  тогаш ние членовите на ВМРО ДПМНЕ  ќе бидеме приморани сами да го повикаме членството на масовни протести против оваа влада и СДСМ,ви ветувам  од  денес нема да е се исто нема да има еден мирен ден за оваа ненародна влада, 7 дена се доволни за да се направи еден голем чекор напред”.Страшевски потенцираше дека рокот од 7 дена не е ниту ултиматум, ниту уцена, ниту повод за нови поделби во ВМРО ДПМНЕ, туку се доволен  период, раководство на ВМРО ДПМНЕ  тргне во едно, според него, историско обединување не само внатрепартиско туку и сенационално обединување.Видеото може да го погледнете на овој линк.

Македонија | пред 5 години

Filipce-2

Состојбата со коронавирус во Македонија е аларматна, Филипче моли за одговорност кај граѓаните

Министерот за здравство, Венко Филипче, откако дневните статистики покажуваат рекорден број на починати лица од коронавирус, посочува дека состојбата станува исклучително критична и сериозна. Тој упати и порака дека мора ова да се сфати сериозно и да се почитуваат мерките за заштита.„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран. Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“, напиша Филипче.

Македонија | пред 5 години

skopje-1

ФОТО: Смрдлив и загаден воздух во Скопје, а уште не е ниту зима

Скопје се гуши во смог. На самиот старт на грејната сезона  граѓаните реагираат дека во главниот град неможе да дишат. Мерните станици покажуваат високо ниво на загаден воздух.  Секоја вечер во Скопје се бележи се поголемо загадување на воздухот. Жителите веќе се жаќат на високите вредности на загаденост кои ги покажуваат мерните станици. Но, никој не презема ништо.Сите се веќе уплашени бидејќи загадувањето доаѓа уште пред почетокот на зимата, но и во време на пандемија предизвикана од коронавирусот. Паниката е поголема откако се прошири веста дека вирусот се шири и преку загадениот воздух.Град Скопје презема беколку иницијативи за да го намали загадувањето. Една од нив беше замената на шпоретите на дрва со инвертер клима уреди. Но се чини, дека резултати во пракса нема.

Скопје | пред 5 години

droga-1

Лице од Турција фатено со 100 килограми марихуана во Охрид

Во голема акција на полицијата денеска се запленети над 100 килограми марихуана, дознава порталот Centar.mk.Според истиот извор, во акцијата било уапсено едно лице, турски државјанин во чие возило марка „Цитроен“ била транспортирана дрогата.Тој бил уапсен во близина на охридските гробишта.МВР во текот на утрешниот ден треба да изнесе детали за оваа заплена.извор: Centar.mk фото: Centar.mk

Македонија | пред 5 години

korona6

УЖАС: Починаа 22 лица, инфициран е секој трет од тестираните

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4.Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408. Денеска се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 11473, активни 3562• Куманово 2124, активни 331• Дебар 321, активни 57• Штип 1548, активни 201• Прилеп 1087, активни 316• Тетово 1923, активни 408• Струга 774, активни 78• Велес 508, активни 151• Битола 542, активни 182• Охрид 604, активни 167• Кавадарци 429, активни 176• Гостивар 1105, активни 144• Гевгелија 332, активни 180 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 736, активни 434• Крива Паланка 204, активни 75• Радовиш 201, активни 74• Крушево 22, активни 2• Кочани 644, активни 212• Пробиштип 159, активни 29• Демир Хисар 72, активни 10• Македонски Брод 100, активни 4• Пехчево 57, активни 9• Берово 193, активни 57• Валандово 92, активни 40• Виница 163, активни 59• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 37, активни 11• Свети Николе 452, активни 70• Кичево 481, активни 124• Ресен 224, активни 55• Неготино 120, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1901 теста се преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-511, Биотек-229, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со PCR метода -139 , лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-88, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-32, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 166• Гази Баба – 450• Аеродром - 699• Карпош – 547• Центар – 519• Кисела Вода – 417• Ѓорче Петров – 286• Бутел - 152• Шуто Оризари – 26• Студеничани – 7• Сарај – 24• Арачиново – 10• Илинден – 63• Сопиште – 30• Чучер Сандево – 14• Петровец –21• Зелениково - 9• Странец – 22• Нераспределен- 100

Македонија | пред 5 години

1-2

Заев: Нема потреба од нов договор со Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека нема потреба од нов договор со Бугарија бидејќи постоечкиот е одличен.-Точно е, дека нема потреба од нов Договор, и Бугарија се согласува со тоа. Немаме проблем со усна, писмена изјава или декларација, со која ќе изјавиме дека Република Северна Македонија или кратко Северна Македонија се однесува на територијата на нашата држава, дека немаме територијални претензии кон Бугарија или соседите. Се согласуваме тоа што ни постои во Уставот и во Договорот со Бугарија дека немешањето во внатрешните работи на соседните земји е принцп во кој веруваме. Спремни сме во таа изјава или декларација да ги потврдиме успесите кои ги постигнала Историската комисија. Спремни да преземеме обврска за зајакнување на економска соработка, најави Заев.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања