Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

zekiri

Зекири, Лукаревска и Кадрија поднесоа оставки

Пратениците Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од редовите на СДСМ и Бајрам Кадрија од ДУИ поднесоа оставки во Собранието, дознава Телевизија 24. Тројцата ќе бидат именувани на директорски позиции.Зекири преминува во Фондот за здравство, Лукаревска во УЈП, додека, пак, Кадрија во АЕК.На денешната собраниска седница, освен нивните оставки ќе биде констатирана и оставката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, по што ќе се случи верификација на новите мандати на пратениците коишто се следни на листите.

Македонија | пред 5 години

klupa

Споменикот за Горан Стефановски е готов и ќе биде поставен во неговото Дебар Маало

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало наскоро ќе постават споменик.Симболичниот споменик, е веќе излеан, се наоѓа во Лондон, Велика Британија и ќе биде поставен во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, веднаш до чинарот, кој минатата година на роденденот на Стефановски – 27-ми април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.Одбележувањето на роденденот на Горан Стефановски е дел од програмата за култура на Општина Центар и со исклучок на оваа година, кога целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот, општината секоја година во Дебар Маало ќе го одбележува со пригоден настан.Од неодамна функционира и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена.Роден во Битола, на 27-ми април 1952-ра година, Горан Стефановски беше еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Беше автор на многу текстови и драми, меѓу кои и “Јане Задрогаз“, “Диво месо“, “Лет во место“, “Хај-Фај“, “Дупло дно“, “Тетовирани души“, “Црна дупка“, “Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, “Бушава азбука“.

Скопје | пред 5 години

lisici

Приведени лица барани со потерница

На 26.10.2020 околу 17.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Р.Б.(27), од долнореканско Врбјане, кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната. Полициски службеници на СВР Тетово на 26.10.2020 околу 11.40 часот го привеле 48-годишниот тетовец Х.Ф., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Х.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

ИЈЗ дневно ќе прави до 1000 тестови, 150 повеќе од досегашните

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ковид-19. На овој начин, ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта.Пунктот работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.Од Институтот информираат дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се вршат до 1000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните. Институтот располага со доволен број тестови за Ковид-19. Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин.Инаку, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јавно здравје. Со овие дополнителни тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2000 тестирања во јавните здравствени установи.

Македонија | пред 5 години

29-ta-sednica-na-sovet-4

Ребалансот на буџетот и акцискиот план за зелен град пред советниците на Град Скопје

Измена и дополнување на буџетот на Град Скопје за 2020 година, како и Акциски план за Зелен град се дел од точките за кои ќе се расправа на 57-та седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи денеска преку конференциска врска.Со предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година вкупниот буџет се зголемува за 81 милиони денари, што претставува зголемување од 1% во однос на првичниот буџет. Зголемување се предлага и во буџетот на кредити, (245 милиони денари) за изградба и реконструкција на повеќе улици и булевари низ Градот Скопје. Зголемувањето се врши и во буџетот на дотации (4 милиони денари), заради буџетирање на дел од непотрошениот вишок на приходи од минатата година во културата. Основниот буџет е намален за 167 милиони денари, при што се предлагаат повеќе измени по програми и проекти согласно со проценетата динамика на реализација на започнатите проекти и роковите на извршување на склучените договори.Заедно со ребалансот на буџетот на Град Скопје за 2020 година, Советот ќе расправа и за Предлогот за изменување и дополнување на Планот на програми за развој за периодот ‎2020-2022 година, со кој се предвидени измени во предвидените финансиски средства за подолготрајните проекти чија реализација се одвива низ повеќе фази во текот на две или на повеќе години.Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за Акцискиот план за Зелен град, кој се изработува во соработка со ЕБОР од март 2019 година, како дел од учеството на Градот во програмата на ЕБОР за зелени градови. Скопје е првиот град во Северна Македонија кој се приклучи во зелените градови на ЕБОР и го започна развојот на Акцискиот план за зелен град (GCAP). Акциониот план ќе му помогне на Скопје да ги утврди, да им даде приоритет и да одговори на неговите најитни предизвици во поглед на животната средина. Истиот има за цел да се справи со најакутните предизвици од климатските промени и животната средина како што се: управувањето со цврст отпад, водата и отпадните води, градските патишта и осветлувањето, градскиот превоз, намалување на локалното загадување, подобрување на енергетската ефикасност и искористеноста на ресурсите, како и промовирање на приспособувањето на климатските промени.Покрај за овие, Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за Одлуката за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со намена B2 здравство и социјална заштита (Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост); Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за изработка на проектна документација за реконструкција на ул. „Перо Наков” од раскрсница со ул. „Маџари” до ул. „Индустриска 2”; Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на улица во Кондово во Општина Сарај; Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на улица 2 во Крушопек во Општина Сарај;Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на локален пат за с. Бојане -Општина Сарај; Одлуката за измена на Одлуката за уредување на односите за реализација на сообраќајница помеѓу Град Скопје и Империјал Тобако ТКС а.д. Скопје; Одлуката за начинот и условите за продажба на стечајно побарување на Град Скопје кон „СИС ИНВЕСТ ГРУП” ДОО-Скопје; Одлуката за набавка на недвижен имот - објект со намена деловен објект во Централното градско подрачје-Мал Ринг за потребите на Град Скопје; Одлуката за одобрување набавка на основни средства во 2020 година-канцелариски мебел и опрема за греење и климатизација; Одлуката за примање на донација на Техничка документација за детално планирање и спецификација за поставување реквизити за развој на детска моторика на планината Водно; Одлуката за дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за вработување на определено време за 2020 година ; Одлуката за давање согласност за преземање вработен; Одлуката за давање согласност на Изменување и дополнување на Инвестиционата програма на ЈП „Паркови и зеленило“, Скопје, за 2020 година; како и Одлуката за давање согласност на Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје во зимски услови за 2020/2021 година (Зимска служба).На дневен ред се и одлуките за давање на согласност на Годишните планови за вработување, за 2021 година на јавните установи, за Извештаите за работењето на јавните претпријатија чиј основач е Градот Скопје, за период од 01.01.2020 - 09. 2020 година, како и за Годишниот извештај на Секторот за внатрешни работи – Скопје, за 2019 година.Советот денеска ќе разгледува и расправа и за повеќе програми за работа, како што се Програмата за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на град Скопје за 2020 година; Програмата за изменување и допонување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година;Програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, за 2020 година; Програмата за изменување и дополнување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на град Скопје за 2020 година;Програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на проекти за развој на занаечиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2020 година; Програмата за изменување и дополнување на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Град Скопје за 2020 година;Програмата за изменување и дополнување на Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во град Скопје за 2020 година; како и Планот за изменување и дополнување на Планот за Енергетска ефикасност на град Скопје за 2020 година.

Скопје | пред 5 години

enver

Хумани граѓани бараат простојувалиште за чичко Енвер Идриз, да помогнеме која како може

ФБ статус, Ве молам барем прочитајте го постот и СПОДЕЛЕТЕ, пишува на почетокот на објавата, а потоа е објаснета приказната за чичко Енвер Идриз.-Ова е чичко Енвер Идриз. Си ставил и друго име, Борче Каранфиловски, за да ги избегнува предрасудите и "полесно" да поминува, како што кажува самиот. Не му врши многу работа ни тоа.Чичко Енвер е бездомник. Моментално е сместен пред Кипер маркет во Ѓорче Петров, пред амбулантата. Благодарност до вработените што не го бркаат.Понудено му е, од страна на општински лица, сместување во прифатилиштата, но не сака да оди, често бил тепан во обид да му се одземе "сиротињата" (паричките што ќе му ги дадат пар луѓе). Не проси, само мирно седи, ако му дадеш нешто е преблагодарен. Ако не, не замара.Има кила околу препони големи колку фудбалска топка 😕 Венко Филипче, long shot, ама да пробаме...Цел е со паметот. Го знам од пред неколку години, но поради мигрирање, го немав видено некое време. Сега го гледам секој ден по неколку пати.Знам дека е криза и најлошо време. Но, него му е цел живот криза. Сѐ што сакам е да му најдеме едно дуќанче, собче, катче, барем да презими. И да се најде начин за отстранување на килата. Студовите почнаа, ќе станува полошо.Ова е шанса и за некој кој има празен простор, сув, со тоалет, да извади некој ситен денар во кризава.Тоа просторче, да ни го даде за минимална некоја надокнада, некоја разумна сума од максимум 100 месечно, да може да собереме 500 евра, за 5 месеци престој.А ние сите да пробаме да собереме и некоја паричка и за сметки, барем за струја, барем за до март.Со малку можеме да направиме многу. Да почнеме од тука. После ќе видиме дали треба кревет, телевизор, греалица..Сите кои имате просторче, пожелно во тој реон, но не е ни толку важно, сте на добра волја или било како можете да помогнете, пишете ми инбокс.*Сметка за донации:- 270 7000500071.35 Халк БанкаВнесете шифра 930 (останати плаќања)Назнака "за чичко Енвер".Оваа е моја приватна сметка, која не ја користам, ќе објавам извод од банката за целиот тек на финансиите.Ве молам и СПОДЕЛЕТЕ! Искрено се надевам дека ќе стигне до некоја институција, функција, човек пред сѐ, и ќе успее да му се помогне.

Скопје | пред 5 години

D8E_8013

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е на напредно ниво

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите.Функционалната и институционалната независност се неопходни барања на секоја централна банка во ЕУ. Овие принципи што се опфатени во законот треба да се применуваат целосно во земјата.Ова се дел од заклучоците од првата работна средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир.На средбата се разговараше и за предизвиците за економијата по избувнувањето на ковид-кризата, при што беше посочено на важноста на поддршката добиена од ЕУ, вклучително и преку макрофинансиската поддршка добиена од ЕУ неодамна. Како што беше истакнато, за овозможувањето поддршка од ЕУ се клучни и позитивните оцени за работењето на Народната банка и за нејзината поставеност во текот на ковид-кризата. Според оцените на ЕУ, во текот на актуелната глобална криза, Народната банка покажа дека е подготвена за максимално користење на монетарните инструменти коишто се клучни за одржување на макрофинансиска стабилност, којашто е неопходна за побрзо заздравување на економијата во посткризниот период. Како што е истакнато и во извештајот на ЕК, Народната банка реагира брзо, со целни мерки за поддршка на економијата, како преку инструментите на монетарната политика, така и со промените во регулаторната рамка.Соговорниците напоменаа дека е исклучително важна и поддршката што Народната банка ја доби од Европската централна банка (ЕЦБ), преку пристапот до девизна ликвидност во евра, овозможен за првпат, којшто може да се користи доколку е потребно, што е дополнителна потврда за подготвеноста на Народната банка за успешно одржување на макрофинансиската стабилност. Со пристапот до девизна ликвидност обезбедена од ЕЦБ, Народната банка доби уште поголем простор за брзо и ефикасно дејствување во случај на остварување негативни ризици поврзани со ковид-кризата, што како што беше кажано на средбата, може да биде особено важно за јакнењето на финансиската стабилност на земјата.На средбата се разговараше и за проектните активности коишто ги спроведува Народната банка со поддршка од ЕУ, меѓу коишто особено се издвојува твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“. Гувернерката и амбасадорот на ЕУ искажаа заемно задоволство за спроведувањето на проектот. Досегашните остварувања овозможуваат простор и за натамошни проекти преку коишто ЕУ ќе ги поддржува определбите на Народната банка за постојано следење на најновите и највисоки европски стандарди и регулативи.Во завршницата на средбата, гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари за поддршката којашто Народната банка постојано ја добива од ЕУ и за успешната соработка со Делегацијата на ЕУ. Амбасадорот Гир истакна дека таквата соработка продолжува и дека во натамошниот период може да се одвива и преку низа нови заеднички активности.

Македонија | пред 5 години

igor

Поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски почина од корона вирус

Во 41 та година од животот почина Игор Ангеловски, поранешниот началник на СВР Велес. Ангеловски  почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последици од Ковид-19.  Беше хоспитализиран на велешкото инфективно одделение на 7. октомври, а потоа му се влошила состојбата, и бил префрлен на скопска клиника. Претходно неколку дена минал на респиратор.Ангеловски беше началник на СВР Велес оваа година од 10 јануари до 27 јули, кога функцијата министер за внатрешни работи ја извршуваше Наќе Чулев.

Македонија | пред 5 години

45872143_1114185682090368_1850485972286832640_o

Јани Макрадули ќе биде нов директор на Македонска пошта?!

Екс заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули како што дознава ТВ21 ќе биде новиот директор на Македонска пошта.Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди пред една недела премиерот Зоран Заев. Рустеми во „Државни патишта“ доаѓа на местото на Зоран Китанов од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Oliver

Оливер Спасовски позитивен на КОВИД 19

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски доцна вчера објави на фејсбук дека е позитивен на ковид 19.„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се.“, напиша тој на фејсбук.

Македонија | пред 5 години

radar-policija

411 санкционирани возачи во Скопје, од кои 83 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, 69 казни за непрописно паркирање и 61 возило подигнато со „пајак“, а 32 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

maksim

Максим Димитриевски ќе му го врати назад орденот кој му го дал Каракачанов

Орденот што го добив "100 годишната од Првата светска војна" во 2018 година од страна на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов ќе му го вратам назад заедно со протестно писмо поради изјавите кои не водат кон добри меѓусоседски односи, напиша на својот ФБ профил Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.Димистриевски во својата објава додава:Овој орден ми го врачија по повод заедничкото чествување на 22.10.2017 година на битката на Страцин каде во Октомври 1944 година партизанските единици од НОБ, кумановската дивизија и бугарската армија водат борби со германските војски кои ја штитеа одстапницата на германската Е Армија во овој дел на Македонија, датум и жртви вредни за заедничко чествување и почит.Ако разговараме за помирување и смирување на односите, заедничко чествување на настани кои не обединуваат како народи недозволиво е во 21 век да има претставници во Влада на земја членка на ЕУ со изјави кои се со заканувачки и омаловажувачки карактер по националниот идентитет на соседите. Нема да дозволиме да се поминат црвените национални граници, особено кога тука, по однос на ова прашање имаме национален консензус и поддршка од сите етнички заедници. Никој нема право да го оспорува нашиот идентитет и наместо да се гледаме во историјата, потребно е да се насочиме кон иднината.Оваа Влада покажа дека води политика на меѓусоседски односи кои промовираат европска политика, напредни сфаќања и просперитет. Сигурен сум дека премиерот знае како да се справи со секоја ситуација, досега покажа дека знае да биде трпелив и да покаже дека со вистински решенија доаѓаат вистински одлуки. Не се сомневам дека и во овој случај тоа ќе биде така.Напоменувам, мојот гест е личен и директно насочен кон популизмот и двојниот пристап на г-дин Каракачанов, ниту во еден момент не е насочен кон граѓаните на Република Бугарија или пак кон нејзините одбрамбени сили кои ги сметам за пријателски и братски народ на Македонскиот.  

Македонија | пред 5 години

slava

Николовски на Сител: Оставете ги домашните славења, да бидеме одговорни кон здравјето

Генералниот секретар на СДСМ на вестите на телевизија Сител, одговараше на прашања за здравствената криза со Ковид 19. истакна дека приоритет останува почитувањето на мерките предложени од лекарите.„Да ги почитуваме мерките на Комисијата за заразни болести. Граѓаните имаат голема доверба во лекарите. Сите ние се поставивме посветено и стручно изминатиот период. Да не ги кочиме измените во законите и со тоа да ја подобриме заштитата од вирусот. Мора инспекциските служби да имаат поголеми овластувања. Токму оваа законска измена е во насока на заштита на здравјето. Очекувам дека деновиве ќе се донесат законските измени. Има разбирање од политичките партии и воопшто не треба да преговараме за мерки кои навистина ќе не заштитат.“- изјави Николовски на Сител.Тој потенцираше дека во моментов е најважно да се носи маска и да се држи дистанца и со тоа да се даде колективен придонес во заштитата од вирусот.„Не сметам дека во моментот мерката со полициски час ќе даде поголеми резултати, да се обидиме да ги почитуваме доследно овие мерки со носењето маски и држење дистанца. Да ги оставиме на страна домашните веселби, групните славења... И сите да сме одговорни кон ситуацијата. Затоа и со дигиталниот конгрес на партијата ние во СДСМ сакавме да испартиме порака дека се однесуваме совесно и одговорно и дека здравјето на граѓаните ни е најважно, заклучи Николовски.

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николовски за Сител: Измените на Статутот на СДСМ е чекор напред кон демократизација и пример за останатите партии

Промените на Статутот на СДСМ усвоени на вчерашниот 25. Конгрес се пример за другите партии во државата, но и во регионот, во поглед на начинот на функционирање, на делување, па дури и во начинот на размислување, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.- Ова е чекор напред кон модернизирање и демократизирање на самата партија но и на државата и тоа ќе биде еден одличен пример, согласно сите норми на статутот е воведена нова целосна група или глава во самиот статут која се однесува на непосредните избори тие ќе се органзиираат преку активна регистрација на целокупното членство кое го имаме, овој период ќе го искористиме и покрај другото да имаме целосна реевиденција на членството на партијата, порача Николовски во одговор на прашање околу измените на Статутот на СДСМ.Генералниот секретар Николовски го објасни процесот на организирање непосредни внатрепартиски избори, како и критериумите за кандидатите за претседател на партијата.- Право на кандидирање ќе има секој член на СДСМ кој има најмалку петгодишно искуство во партијата и бил најмалку еден мандат член на Централниот одбор, истакна генералниот секретар Николовски.

Македонија | пред 5 години

NASA-VODA

(ВИДЕО) НАСА: На Месечината дефинитивно има вода

Американската вселенска агенција НАСА денеска потврди дека на Месечината има вода, пренесуваат светските агенции.https://twitter.com/JimBridenstine/status/1320757460269895680?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1320757460269895680%7Ctwgr%5Eshare_3%2Ccontainerclick_0&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bdd0b0d181d0b0-d0bed0b1d198d0b0d0b2d0b8-d0b3d0bed0bbd0b5d0bcd0be-d0bed182d0bad180d0b8d182d0b8d0b5-d0bdd0b0%2F„По првпат потврдивме присуство на вода на страната на Месечината осветлена од Сонцето, со помош на телескопот ‘Софија’ (@SOFIAtelescope)“, напиша на „Твитер“ шефот на НАСА, Џим Брајденстин.Во неговиот твит се наведува дека допрва треба да се испита дали водата на Месечината може да се користи како ресурс, но дека сознанието за нејзиното присуство на земјиниот стателит е клучно за плановите на вселенската агенција.

Магазин | пред 5 години

strasevski-1

Страшевски до Арсовски: Димса многу си слаткоречив зад камерите еве јавно те повикувам да дебатираме за протестите

Димса многу си слаткоречив зад камерите еве јавно те повикувам и тебе и кој сака од цело раководство на ВМРО ДПМНЕ на кој медиум сакаш и сакате одбрете и водител да дебатираме за протестите и за што сакате за да види цела јавност и членовите на ВМРО ДПМНЕ кој одработува соработува или се прави за да е Заев на власт, напиша на својот ФБ профил Адвокатот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Страшевски, кој вчера преку прес конференција пред седиштето на опозициската партија на Христијан Мицкоски му даде рок од 7 дена за да организира и реализира, масовни протести на членството се до , како што рече,  падот на СДСМ и ненародната власт.Страшевски во својата објава уште додава:Ако си искрен и сигурен повели пред цела јавност да разјасниме не само да циташ нарачани текстови . Јас сум спремен, повели.Ова е по повод вчерашната твој изјава за ТВ21 

Македонија | пред 5 години

w_56083030

Починати 15 лица и нови 247 случаи со Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-116, Куманово-4, Штип-12, Прилеп-23, Тетово-10, Струга-12, Велес-7, Битола-8, Охрид-14, Кавадарци-2, Гостивар-10, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-6 и Ресен-2Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти од: Скопје-189, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-7, Кавадарци-5, Гостивар-3, Гевгелија-7, Струмица-16, Крива Паланка-6, Кочани-11, Пробиштип-2, Берово-3, Валандово-5, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-1.Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 11592, активни 3490• Куманово 2128, активни 322• Дебар 321, активни 56• Штип 1560, активни 204• Прилеп 1110, активни 324• Тетово 1932, активни 406• Струга 785, активни 82• Велес 514, активни 155• Битола 550, активни 187• Охрид 615, активни 170• Кавадарци 431, активни 172• Гостивар 1115, активни 150• Гевгелија 332, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 742, активни 424• Крива Паланка 207, активни 72• Радовиш 203, активни 76• Крушево 22, активни 2• Кочани 648, активни 203• Пробиштип 164, активни 32• Демир Хисар 73, активни 11• Македонски Брод 101, активни 5• Пехчево 57, активни 9• Берово 192, активни 53• Валандово 92, активни 35• Виница 163, активни 59• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 37, активни 11• Свети Николе 452, активни 66• Кичево 487, активни 124• Ресен 226, активни 55• Неготино 121, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 737 теста се преку: ИЈЗ-241, ЦЈЗ Скопје-42, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори) -146, Систина со PCR метода -142 , лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-24, Инфективна клиника-4, ГАК-9, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 146 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 9 позитивни мајки, 5 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 60, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 295 позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 171• Гази Баба – 437• Аеродром - 675• Карпош – 528• Центар – 508• Кисела Вода – 413• Ѓорче Петров – 287• Бутел - 157• Шуто Оризари – 28• Студеничани – 9• Сарај – 23• Арачиново – 10• Илинден – 60• Сопиште – 31• Чучер Сандево – 15• Петровец –21• Зелениково - 9• Странец – 22• Нераспределен- 86

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Владини одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на УО на повеќе ЈП и АД

На оваа своја седница Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.Согласно овие предлози, Владата ја прифати оставката на Борче Хаџиев, и го разреши од должноста директор на Фонд за осигурување на депозити, на негово барање, и за в.д. директор го именуваше Амир Шабани.Владата ја прифати оставката на Армир Садики, и го разреши од должноста в.д. директор на Бирото за јавни набавки, и за директор на Бирото го именуваше Борче Хаџиев.Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија Ц.О. Скопје, за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи.Владата денеска ја прифати оставката на Орхан Рамадани и го разреши од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на негово барање, и го именуваше Фатон Ахмети за в.д. директор на Фондот на здравствено осигурување до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.На денешната седница Владата го именуваше Бесир Деари за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост.

Македонија | пред 5 години

vlada

Утврден ребалансот на Буџетот по амандманската расправа во Собранието

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година со амандманите кои беа прифатени во комисиската расправа во Собранието, и донесе заклучок вака утврдениот ребаланс на Буџетот да биде доставен на усвојување во Парламентот.Согласно дополнувањата, вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со претходните измени и дополнувања на Буџетот истите беа планирани на реално ниво односно пониски за 11,5% во однос на иницијалните проекции на Буџетот.Вкупните расходи се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари или се 4,1%, односно за околу 10 милијарди денари повисоки во однос на планот. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,5 милијарди денари, односно 8,49% од БДП. Имајќи ги предвид настанатите околности извршени се промени во однос на иницијалните проекции на расходната страна на Буџетот на Република Северна Македонија, пред сè за спроведување на активностите предвидени со четвртиот сет на мерки.Во овие рамки обезбедени се дополнителни средства во здравствениот сектор за активности кои директно придонесуваат во борбата против здравствената криза, а се однесуваат за набавка на лекови, имунизација на население и други неопходни средства и поддршка на вработените кои се директно вклучени во борбата против пандемијата.Тековните трансфери се планирани на ниво од 177,3 милијарди денари или за околу 11,2 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2020 година, а се однесуваат пред сѐ на преземените мерки за обезбедување на средства за имплементација на четвртиот пакет економски мерки од донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19, а кои ќе имаат директен импакт врз реалната економија и директно помагање на приватната потрошувачка.

Македонија | пред 5 години

pozarna

Скопските пожарникари протестираат, ги бараат парите за опасност од работа за кои добиле судска пресуда

Скопските пожарникари иако пред осумнаесет месеци добиле судска пресуда со која им се одобрува исплата на надоместокот за опасност при работа, парите се уште ги чекаат. Тие велат дека со години градот не им ги дава тешко заработените пари и дека веќе немаат друг избор освен, повторно да се обидат преку суд да го добијат тоа што им следува.-Иако пред 18 месеци судот донесе пресуда во наша корист, односно надоместокот за опасност при работа (член 13/специфични и отежнати работи во услови при работа) да влезе во плата, градот Скопје сеуште не го зема тоа во предвид, со што се приморани тоа прави да го оствариме преку судови, адвокати, извршители итн. Поради непочитување на одлуката од град Скопје и градоначалникот ние пожарникарите на 15 октомври самоинцијативно се собравме и формиравме иницијативен одбор од 4 члена, по еден член од секоја чета кој ќе не води да си го оствариме нашето правом велат пожарникарите.Градоначалникот се сомнева на политичка позадина во ваквите постапки.-Зошто некој одлучил во вторник да протестира на веќе закажани средби, каде што на се досега пресудено градот ќе исплаќа, јас навистина не знам. Мене малку ми коинцидира со утрешниот најавен протест на НПС, поддржан од Наќе Чулев. Ваквите неприципиелни притисоци се за мене неприфатливи, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Скопје | пред 5 години

sef

Украден сеф со пари од обложувалница на Бит-пазар

Рано утринава, околу четири часот по полноќ, во скопската полиција била пријавена тешка кражба на подрачјето на Бит-пазар.Според пријавата, насилно било влезено во спортска обложувалница и бил одземен сеф со пари.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

DSC_8381

Љупчо Николовски назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска беше назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција за борба со корупцијата. Оваа платформа која делува по примерот на Кралството Холандија и воспоставени позитивни практики во Албанија, ќе делува во насока на постигнување реални резултати во следната година. Со назначување на вицепремиерот Николовски на претседавачката функција ќе се постигне подинамична борба против корупцијата, а преку воведување на успешни меѓународни практики.Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, посочи дека Антикорупциската деловна коалиција има за цел да промовира атрактивна деловна клима преку добро управување, застапување и одобрување на најдобрите меѓународни практики за интегритет и зајакнување на капацитетите меѓу јавните и приватните институции во Република Северна Македонија кои се клучни во градењето на одговорно деловно однесување.„Оваа Влада покажа силна заложба за борба против корупцијата, токму со воведувањето на новата функција во Владата, на којашто сум поставен јас, а што е резултат на нашата силна определба за воведување на систем кој генерира и испорачува правда, правна држава ред и поредок. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата во секоја сфера од општеството. Во целиот процес важни ни се сите, институциите, бизнис-секторот, медиумите, невладиниот сектор, односно сите алки во општеството, за да обезбедиме редот и законот да важат за сите. Во анти-корупциската деловна коалиција за која релевантните чинители ме одбраа и назначија како нејзин претседавач, заеднички ќе работиме на создавање на услови за атрактивна деловна клима преку добро управување, застапување и одобрување на најдобрите меѓународни практики за интегритет и зајакнување на капацитетите меѓу јавните и приватните институции во државата, кои се клучни во градењето на одговорно деловно однесување“, изјави вицепремиерот Николовски.Претставникот од Антикорупциската бизнис коалиција, Габриела Кулебанова истакна дека коалицијата има за цел заедничка акција на надлежните институции и спроведување на мерки и активности за унапредување на доброто владеење и јакнење на културата на интегритет.„Денешниот настан има за цел да ја официјализира поддршката на Владата со цел интензивирање на активностите на Антикорупциската деловна коалиција во борбата со корупцијата. Очекуваме активностите да добијат на интензитет, а меѓународните клаузули и практики кои имаат голема улога во спречување на корупцијата ќе станат дел од нашата пракса во креирање на договорите. Како клучни стратешки чекори кои е потребно да се реализираат е препорака од страна на Владата за употреба на ICC антикорупциската клаузула во договорите за јавните набавки, како и воспоставување на институционална поддршка за упатствата на ОЕЦД. Силно веруваме дека резултати кои биле посакувани со децении, но не биле постигнати на национално ниво, со заеднички сили за кратко време ќе ги постигнеме“, изјави Кулебанова.На работениот состанок, кој се одржа во услови прилагодени на пандемијата присуствуваа и Данела Арсовска, претседавач на Интернационалната стопанска комора, г-дин Роберт Декер, заменик амбасадор на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, претседателката на Државната комисија за борба со корупција г-ѓа Билјана Ивановска, директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители г-ѓа Наташа Габер Дамјановска и Главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија г-дин Максим Ацевски.Во изминатиот период во рамките на коалицијата воспоставена е комуникација и се преземаа активности со релевантните институции кои се важни алки во синџирот и секоја од свој аспект може да даде придонес во борбата со корупцијата.

Македонија | пред 5 години

IMG_0807

Бочварски на третиот Министерски совет ЕУ - Западен Балкан: Интеграцијата во ЕУ е наш врвен приоритет

„Владата на Република Северна Македонија е силно посветена на интеграција на земјата во Европската Унија, унапредување на регионалното поврзување, олеснување на транспортот и трговијата и зголемување на соработката со останатите земји од Западен Балкан. Во ова време на светска здравествена криза, кога меѓусебната зависност на земјите од регионот станува сè посилна и позабележителна, меѓусебната поддршка и соработка е клучна“ – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на третиот Министерски совет ЕУ - Западен Балкан.Целите на Договорот за основање на транспортна заедница и Агендата за поврзување беа едни од главните теми на овој видео-конференциски состанок во кој учество зедоа Европскиот комесар за транспорт Адина Валеан, Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархелји, директорот на Постојаниот секретаријат на транспортната зедница Матеј Закоњшек, претседателот на Министерскиот совет на транспортната заедница и министер за транспорт и врски на Босна и Херцеговина Војин Митровиќ и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан.Претставниците на Европската комисија го презентираа Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, како предвидена помош на Унијата за реализација на планираните инвестициите кои првенствено имаат за цел подобра поврзаност на земјите.„Како Министерство активно сме вклучени во сите активности, кои во голем дел, имајќи ја предвид здравствената криза, се однесуваат на непречено функционирање на „зелените коридори„ особено на транспортот на стока. Во вакви услови од особена важност е добра регионална соработка и функционална транспортна инфраструктура. Имено, ваквата соработка се покажа во пракса кога во текот на здравствената криза, особено на самиот почеток, беше овозможен брз и непречен транспорт на неопходна стока за основни потреби, пред сè на лекови и медицинска опрема, храна и други стоки. Во таа смисла, системот на воспоставување на зелените коридори гарантира континуиран, слободен и побрз транспорт на стока со земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан. Со оглед на тоа што Европската Унија е наш најголем и најзначаен економски и инвестициски партнер, иницијативата за проширување на зелените коридори кон соседните земји членки на ЕУ е од исклучителна важност. Акциските планови, усвоени на Министерскиот совет, за железница, патишта, безбедност и олеснување на транспортот на граничните премини имаат за цел да ги надминат потешкотиите со кои се соочуваме, особено во ова време на здравствена криза. Денеска, мораме да се фокусираме на надминување на последиците од кризата и да го забрзаме опоравувањето на нашите економии“ – нагласи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Во своето обраќање, министерот Бочварски додаде: „Преку отворање на пазарите, либерализација на транспортот и зајакнување на конкурентноста, Транспортната заедница ќе придонесе за зголемена безбедност и ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на транспортните услуги, како и повисоко ниво на општите технички стандарди, што на крај би довело до интеграција во Европскиот пазар. Исто така, Договорот ќе го забрза спроведувањето на реформите во овој сектор и ќе овозможи усогласување на транспортната политика на Република Северна Македонија со транспортната политика и легислатива на ЕУ, што е и еден од условите за полноправно членство на нашата земја во ЕУ. Со спроведување на Договорот за основање на транспортната заедница, ги потврдуваме нашите заложби за унапредување на целокупниот транспортен систем, безбедност на патиштата, подобро регионално поврзување, зголемена економска соработка и интеграција во Европската Унија.“На крај, министерот Бочварски истакна дека во Република Северна Македонија се реализираат крупни инвестиции за изградба и модернизација на патната мрежа на Пан-европските Коридори 8 и 10 и интензивно се работи на надминување на предизвиците и продолжување на изградбата на железничките врски кон Република Бугарија.

Македонија | пред 5 години

zarko-4

Македонец откри како ефикасно да се спречи вирусната инфекција на човекови клетки!

Кичевчанецот Жарко Данилоски, кој е доцент доктор на Њујорк Универзитетот, а кој работи на истражувања од областа на молекуларна и клеточна биологија, објави ново научно откритие поврзано со вирусот ковид-19, односно за спречување на вирусната инфекција на човекови клетки. Трудот е објавен во престижно научно издание.-Ми претставува големо задоволство да го споделам моето најново истражување на вирусот SARS-CoV-2 (што предизвикува COVID19) кое само што беше објавено во престижното научно списание Cell (“Клетка”). Со помош на CRISPR скрининг биотехнологија откривме кои гени од човековиот геном се потребни за вирусот SARS-CoV-2 да ги инфицира човековите клетки. Таргетирање на овие гени со различни методи (како CRISPR, RNAi, мали хемиски молекули) доведува до ефикасно спречување на вирусната инфекција на човекови клетки. Се надеваме дека нашето истражување ќе придонесе до развивање на подобри третмани за пациентите со ковид-19. Истражувањето беше извршено во соработка со научници од New York University, NY Genome Center и Mount Sinai. Целосната студија може да се прочита тука: tinyurl.com/y6f2n54h, напиша доцент д-р Данилоски на својот фејсбук-профил.Тој од лани работи како доцент доктор на универзитетот „Њујорк“ во Центарот за геномика, каде што применува најнови биотехнолошки методи за манипулација на човечкиот геном, за да открие и да развие нови третмани во лекување на ракот. Данилоски е еден од научниците кои се високовреднувани во развиениот свет, кој по завршувањето на студиите во Бремен, Германија, по нови знаења и звања се упатил во САД, каде што на универзитетот „Њујорк“ магистрира, а потоа и стекна и докторска титула на Катедрата за молекуларна и клеточна биологија.За своите истражувања добитник е на неколку меѓународни признанија. Има 29 години. 

Македонија | пред 5 години

spasovski-1

Спасовски: Полицијата ќе може да ви влезе во контрола во домовите, не само по пријава, туку и по допрен глас

Имавме седница на главниот кризен штаб и сè уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Во ниту еден момент нема да правиме да се нарушува неприкосновеното право на домот, но контроли ќе мора да има. Дали со пријави, или по допрен глас, полицијата ќе може да отиде и да интервенира кај сопственикот и да провери дали има нарушувања или не, вели Спасовски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања