Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

fiskalni333

Ќе доцни исплатата на повратот од „Викенд без ДДВ“

Ќе доцни ли повратот од викендот без ДДВ. Mерката „Викенд без ДДВ“, беше спроведена  од 9-ти до 11-ти октомври, а најавите за исплата на средствата од ова мерка требаше да се исплатат во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки.Иако поминаа повеќе од 15 дена од последниот ден од скенирање на сметки, граѓаните сеуште немаат никакви средства.Oд Управата ја јавни приходи се огласија со соопштение каде посочуваат  дека Собранието прво треба да го усвои ребалансот на Буџетот за 2020, а веднаш потоа на сметките на граѓаните ќе им биде исплатенповратот на данокот од „Викенд без ДДВ“За долго најавуваниот „Викенд без ДДВ“ иако очекуваше граѓаните да потрошат околу 170 милиони евра, беа потрошени едвај 10 милиони евра.Кај потрошувачите пак од поврат наместо првично предвидените 17 милиони ќе завршат 1 милион евра. 

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа и од приватниот и од државниот сектор

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик“, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски додава дека бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки. Да спасиме живот, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Владата издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници

Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот. Парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи.Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со марихуана

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт за 37-годишно лице кое се товари дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 14 октомври, при претрес во домот на обвинетиот во Драчево, полицијата пронашла опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 51,61 грам, спакувана во 10 зипер вреќички и во една најлонска ќеса.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на пртетходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. ​​

Скопје | пред 5 години

mitko

Дали т.н. Мериот коалиција ќе му даде поддршка на Јанчев за најавениот протест за смана на Мицкоски?

Дали т.н. Мериот коалиција ќе даде поддршка на најавениот протест на 2 ноември пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ? Таа дилема треба да биде расчистена во текот на денешниот ден, пишува vocentar.com. Доцна синоќа тој на својот фејсбук профил најави протест за 2 ноември за оставка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Фејсбук статусот на Јанчев го објавуваме во целост:Почитувани,Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски.Инаку, во последната емисија Во Центар, Јанчев ја најави својата кандидатура за лидер на партијата:Градоначалникот на Кавадарци и поранешен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев изјави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО ДПМНЕ бидејќи партијата оди во погрешен правец и бележи само порази на политичката сцена.Според Јанчев мора да се прекине со праксата лидерот на партијата да биде избран или поставен од мала група луѓе и потоа тој да им биде должник и да работи за нивните интереси. Јанчев смета дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ треба да биде избиран со гласање на целокупното членство.Јанчев уште на 16 јули, еден ден по изгубените избори, побара оставка од Мицкоски. 

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

448 санкционирани возачи во Скопје, од кои 52 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 448 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 52 прекршоци, 33 мерки за технички неисправни возила и 43 за возење без возачка дозвола. Изречени се 67 мерки за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“, санкционирани се и 23 пешаци, а изречени се 64 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

eurostandard

Oштетени штедачи од „Еуростандард“ банката ќе протестираат пред Народна банка

Здужението Оштетени штедачи на Еуростандард банката еден ден пред Светскиот ден на штедењето, на 30 октомври ќе протестираат пред зградата на, како што велат, еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, Народната банка.– Имено, нашиот протест ќе биде со почеток во 15 часот ден порано (30ти Октомври) од светскиот ден на штедењето 31Ви Октомври, кој се до црната за нас среда 12ти Август беше и наш празник кој гордо го славевме како депоненти во овој наш банкарски систем регулиран од НБРМ, институција која еве не натера место да празнуваме да протестираме против криминалот направен над нас, посочуваат тие.– Воедно ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на било кој начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните а не на криминалците. На 30ти Октомври ќе протестираме а на 31ви Октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно. Воедно би сакале јавно да се заблагодариме на политичките партии кои јавно не подржаа во нашата цел за докажување на криминалот направен врз нас преку закажување на Надзорната расправа во Сообранието како и за идното поднесување на предлог законот за наше целосно обештетување и воедно конечно расчистување со криминалот во банкарскиот систем и вадење на криминалците пред лицето на правдата, велат од Здружението. 

Македонија | пред 5 години

mitko

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест во понеделник во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).Како што се наведува во соопштението, протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски.Интересно ќе биде да се види кој од експонираните политички имиња од партијата ќе се појават на протестот и ќе застанат зад Митко Јначев, но и дали опкружувањето на Мицкоски ќе молчи и ќе го игнорира протестот или ќе го брани актуелниот лидер на партијата.

Македонија | пред 5 години

lidija-dimova

Јовески за ТВ 24: Кривична пријава против Лидија Димова за 4 кривични дела

Финансиска полиција најави, а во меѓувреме мислам дека е и доставена пријава до обвинителството за случајот со Лидија Димова, рече јавниот обвинител Љубомир Јовески на ТВ 24. Тој посочи дека станува збор за четири казнени дела од кои две ги направила самата директорка на Националната агенција за европски образовни програми, а во другите две учествувале и други лица.„Таму финансиската полиција и можеби е веќе доставена кривичната пријава до основното обвинителство за гонење на организиран криминал и крупција во која се работи за 4 кривични дела од кои две самата директорка ги извршила, а останатите две со други соизвршители, но тоа е само кривична пријава. На обвинителството му требаат одредени факти и наоди. Тие наводи во кривичната пријава кои се поткрепени со докази обвинителството треба да процени дали се доволни за отварање на истрага. Тоа се злоупотреба на службената положба и овластување. Опфатен е и случајот „Фризерница“ и други случаји на извлекување на 15 000 евра од касата на агенцијата и уште некои други дејствија.“ - изјави Јовевски

Македонија | пред 5 години

kuzeska

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска е позитивна на ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска е позитивна на ковид-19, информираше вечерва на својот профил на Фејсбук.„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг. Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.Чувајте се!“, напиша Кузеска на Фејсбук. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus-ukrepi-

Нови 628 нови случаи на Ковид 19 денеска во земјава и починати 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје-281, Куманово-18, Дебар-12, Штип-6, Прилеп-9, Тетово-31, Струга-4, Велес-9, Битола-15, Охрид-8, Кавадарци-9, Гостивар-11, Гевгелија-10, Струмица-14, Крива Паланка-12, Радовиш-3, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-9, Валандово-2, Виница-6, Делчево-31, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-7, Неготино-2.Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27827, бројката на оздравени пациенти е 19479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7399. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 11941, активни 3551• Куманово 2161, активни 337• Дебар 321, активни 44• Штип 1574, активни 212• Прилеп 1144, активни 349• Тетово 1966, активни 409• Струга 797, активни 90• Велес 548, активни 177• Битола 578, активни 200• Охрид 632, активни 178• Кавадарци 438, активни 170• Гостивар 1122, активни 146• Гевгелија 332, активни 160 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 45 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 762, активни 430• Крива Паланка 213, активни 66• Радовиш 206, активни 76• Крушево 22, активни 2• Кочани 647, активни 187• Пробиштип 167, активни 34• Демир Хисар 75, активни 13• Македонски Брод 102, активни 6• Пехчево 57, активни 7• Берово 195, активни 47• Валандово 92, активни 33• Виница 164, активни 54• Делчево 231, активни 100 (50 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 37, активни 10• Свети Николе 458, активни 69• Кичево 494, активни 124• Ресен 228, активни 56• Неготино 123, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2236 теста се преку: ИЈЗ-404, ЦЈЗ Скопје-80, Авицена-398, Биотек-254, МАНУ -283, Жан Митрев (Филип Втори) -366, Систина со PCR метода -246 , лабораторија Лаор –68, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-58, Инфективна клиника-7, ГАК-0, Синлаб-61, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на ковид-19Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 169• Гази Баба – 460• Аеродром - 661• Карпош – 541• Центар – 508• Кисела Вода – 432• Ѓорче Петров – 299• Бутел - 168• Шуто Оризари – 29• Студеничани – 8• Сарај – 27• Арачиново – 8• Илинден – 61• Сопиште – 31• Чучер Сандево – 19• Петровец –21• Зелениково - 9• Странец – 20• Нераспределен- 80

Македонија | пред 5 години

melanija

(ФОТО) Насмевката од Маланија збуни многумина, велат има двојничка, дали е така?

Фотографијата од насмеаната Меланија Трамп како излегува од хеликоптерот доведе до вистинска збунетост на социјалните мрежи, а многумина сугерираат дека тоа е всушност нејзината двојничка бидејќи нејзината насмевка не одговара на суптилното смеење што сме навикнале да го гледаме на нејзиното лице. https://twitter.com/meiselasb/status/1320206528100487168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1320206528100487168%7Ctwgr%5Eshare_3%2Ccontainerclick_1&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fdali-melanija-tramp-navistina-ima-dvojnichka-ekspertite-otkrivaat-shto-se-krie-zad-fotkite-od-lazhnata-prva-dama%2FТеоријата на заговор за двојничката на Меланија Трамп, која ја менува на јавни настани, кружи низ социјалните мрежи со години, а се појавува секогаш кога некој ќе забележи најмала промена во неа.Естетскиот практичар др Хусеин Чема изјави дека насмевката може драматично да го промени изгледот на славната личност, особено кога станува збор за личност со камен израз на лицето, пренесува Дејли Мејл.– Било кој израз на лицето бара употреба на нашите мускули на лицето. Кога ќе се насмевнеме, мускулите се собираат во долниот дел од лицето со цел да ја покажат нашата насмевка.Според неговите зборови, тука не се работи за двојничка туку само за фактот дека луѓето не се навикнати да ја гледаат Меланија Трамп како се смее.Сепак, експертите сега откриваат како позната личност која инаку одржува израз без емоции, може да стане „непрепознатлива“ кога ќе се насмевне поради „кревање масни јаболчници“ и „движење на наборите на кожата“ на лицето.

Магазин | пред 5 години

policija-1

Пронајден мртов скопјанец во неговиот дом

Вчера утро во 09: 50 часот било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат Б.Р.(54).Од страна на лекар била констатирана смрт, увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција

Скопје | пред 5 години

1-1-1

Откако Спасовски објави дека е позитивен на КОВИД 19, се тестираше и Заев, неговиот тест е негативен

Откако министерот за внтареѓни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на КОВИД 19, се тестираше и премиерот.  Заев  најави дека ќе се тестира затоа што имал контакти со Спасовски.„Денеска го добив резултатот од тестот за ковид-19 и тој е негативен. Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со ковид-19“, вели Заев.

Македонија | пред 5 години

micevski

Мицевски: Ребаланс на Буџетот застана во Владата пет дена, а самата таа обвинува дека опозицијата е кочничар

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се обрати денес на собраниска седница. При своето обраќање посочи дека Владата не работи ефикасно, поради нивното несериозно работење се доцни со ребалансот на Буџетот.„Владата она што го бараше како брзо донесување на ребаланс на Буџетот за изгласување на четвртиот пакет на мерки и како процедура која што заврши во Собранието во четвртокот на 22, денеска сме 27-ми, пет дена во текот на вчерашниот ден во 20:50 часот добивме информација дека ребалансот на буџетот е вратен од Влада во Собрание. Значи пет работни дена за пет или осум амандмани за нешто, за кое што ја убедуваат македонската јавност дека се брза, дека Собранието и опозицијата се кочничари, застана во Влада пет дена“, нагласи Мицевски.Мицевски додаде дека сите пратеници се сведоци, дури и тој самиот е сведок на десет буџети, десет ребаланси најмалку во ова Собрание кои се имаат донесено. Владата дури работела и во текот на викендите и веднаш ги враќала во Собрание за да има три дена за да ги разгледаат пратениците и допуните да ги достават.„Јас повеќе реагирам на работата на Владата, која што доцни со донесување на ребалансот, а од друга страна на јавноста и укажува дека брзаме да ги фатиме последните денови од октомври за да можат мерките од четвртиот сет да важат“, истакна Мицевски.Мицевски посочи дека во наредните седници ќе укаже на уште факти од неефикасното работење на оваа Влада.

Македонија | пред 5 години

ramdesivir

Одобрена набавката на лекот Ремдесивир, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет месеци, државата ќе потроши 67,5 милиони денари.„Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)“ за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година“, соопшти Владата.

Македонија | пред 5 години

sanja-l

Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи

Владата на денешната седница го разреши Фарук Омери од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, и на оваа функција ја именува Сања Лукаревска.По верификувањето на мандатот за пратеник во август, Лукаревска ја напушти функцијата директор на Управата за јавни приходи, а на нејзино место за в.д. директор беше поставен Омери.На денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука и Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.Исто така, Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот.На оваа седница Владата го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Македонија | пред 5 години

mile-janakieski

Одложено е утрешното рочиште за предметот ТНТ, во кое обвинет е Јанакиески

Одложено е утрешното рочиште за предметот ТНТ, во кој обвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, бидејќи тој се наоѓа во самоизолација по контакт со заразено лице со Ковид-19, соопшти Кривичниот суд.„Поради интерес на медиумите и невладините организации, кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 57/17 од Обвинителството означен како ТНТ, Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека до судот е доставено известување од обвинетиот М. Ј., според кое тој со решение на здравствените власти е задолжен со домашна изолација поради контакт со заразен од Ковид-19.Поради тоа, утрешната расправа за предметот ТНТ се одлага, а следното продолжение на расправата е насрочено на 4.11.2020 година во 10 часот за што веќе се известени странките во постапката“, се вели во соопштението од судот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Забрана за сообраќај на крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“

Се известуваат жителите на Општина Охрид дека на 27.10.2020 година (вторник) ќе се врши хоризонтално обележување на кружната крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.За реализација на овие активности, во временскиот период од 08:30 часот до 12:00 часот, улицата „Железничка“ на потегот од клучката за влез во Охрид од насока на Струга до кружната крстосница кај „Здружение на возачи“ ќе биде целосно затворена за сообраќај. Возилата ќе се пренасочуваат кон булевар „Туристичка“ од една страна и улицата „ 7-ми Ноември“ од друга страна.За останатиот сообраќај, забраната на движење ќе важи од крстосницата на улица „Железничка“ со улица „Кленоец“ и тоа во насока кон Струга и од клучката за влез во Охрид во насока кон Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата „Железничка“ и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка“.

Македонија | пред 5 години

zaev-gruevski

СДСМ: За 91 советник на Груевски годишно се одвојуваа над 1,7 милиони евра од Буџетот, денес кога се е транспарентно

Никола Груевски со години беше советуван од 91 советник меѓу кои и неговиот потрчко Христијан Мицкоски. Ангажманот на 91 советник на Груевски државата годишно ја чинеше 1,73 милиони евра, сума за над седум пати повисока од онаа што денеска ја соопштува ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата од СДСМ која се однесува на прес-конференцијата на Димче Арсовски .Во продолжение на реакцијата од СДСМ се додава:Во отсуство на конкретни идеи и проекти, безидејното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да конструира непостоечки случаи кои служат единствено за замајување на јавноста.Таков е и последниот случај со советниците на премиерот Зоран Заев, позиции кои постојат во секој претходен кабинет.Денес, во отсуство на идеи ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за надоместоците на советниците во кабинетот на премиерот Заев, а јавноста многу добро памети колку советници го советуваа Никола Груевски и колку тоа ги чинеше граѓаните.Додека го советувал Груевски како да се водат погубни енергетски политики, Мицкоски добивал месечен надомест од 1.000 евра, или над два милиони денари за целиот ангажман, иако со месеци лажеше дека тоа го правел про-боно.Меѓу листата на советници на Груевски за кои од Буџетот се одвојуваа над 1,7 милиони евра годишно, покрај Мицкоски се наоѓал и Луке Галевски, актуелниот шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, денеска најголемиот извор на лажни вести и конструирани случаи.Додека советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев се криеја од јавноста, Владата предводена од СДСМ во континуитет ја унапредува транспарентноста и отченоста пред јавноста. Тоа е огромна, суштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

MAD_3902

(ФОТО) Шилегов се сретна со пожарникарите, како Градот Скопје гледа на проблемот?

Градоначалникот Шилегов денеска имаше средба со пожарникарите, а потоа одржа прес-конференција во дворот на Станицата на Противпожарната бригада во населбата Автокоманда.- Денеска, како што видовте, со дел од Противпожарната бригада имавме состанок. Јас не сум човек што бега од проблемите и сакам да ги видам сите луѓе што имаат проблем со начинот на исплата на платата на пожарникарите. Овој проблем е стар повеќе од 15 години, мапиран е и лоциран е, направена е работна група, се вршат измени во Законот за пожарникарство, коишто треба да стапат на сила во јуни 2021 година, каде што дел од барањата што ги имаат пожарникарите ќе добијат законски основ. Во меѓувреме секој од пожарникарите, по своите поединечни тужби ги добива надоместоците, односно Градот им ја врши исплатата. Со цел да помогнеме да се забрза тој процес или да има законски основ да ги исплаќаме, ние нудиме во тој процес да влезе и медијација, со цел некаде во јуни месец 2021 година, кога ќе стапи на сила Законот, едноставно до тогаш да не бидат пожарникарите оштетени - изјави Шилегов по средбата со пожарникарите.На средбата со пожарникарите градоначалникот Шилегов нагласи дека Градот не е институција што носи закони, но ги има мапирано и лоцирано проблемите и во рамките на Министерство за одбрана, Министерство за финансии, Министерство за локална самоуправа, како и ЗЕЛС, работната група го работи текстот и законот што треба да стапи на сила 2021 година. Исто така, тој појасни дека не станува збор за недостаток на волја, туку станува збор за недостаток на законски основ за да може да се исплаќа платата така како што бараат пожарникарите.

Скопје | пред 5 години

avtobus

ИЈЗ: Скопје со најголем број на регистрирани и највисока неделна инциденца - и натаму најголем дел од регистрираните на возраст од 30-39

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 19 до 25 октомври 2020г., тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од (5,9%) во однос на минатата недела.Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24%.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%).Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3%.По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 477 повеќе во однос на минатата недела.Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6%.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 19-25.10.2020г., како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

avtobus

(ВИДЕО) Во време на епидемија автобусите во Градскиот превоз преполни

Бројот на позитивни на коронавирусот во државава од ден во ден расте, а статистиката на центарот за јавно здравје покажува дека најмногу заболени на дневно ниво има во Скопје.Граѓаните се револтирани затоа што градскиот превоз е преполн. На социјалните мрежи се споделуваат видеа на кои се гледа дека во автобус неможе ни да се стои, а не пак да се седи.Загрижувачко видео е објавено на ФБ. Еве како изгледа автобус во Скопје во време од епидемија. 

Скопје | пред 5 години

nikolovski

Николовски: Поради природата на мојата работа се тестирав за Ковид 19 и тестот е негативен,

За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето.Но, поради природата на мојата работа се тестирав за Ковид 19 и тестот е негативен, напиша на својот ФБ профил Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.Николовски додава:Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во борбата против коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

skopje-1

Загадувањето на воздухот може да ја зголеми смртноста од Ковид-19 за 15 отсто?

Долготрајната изложеност на загадување на воздухот може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од Ковид-19 во светот во просек за околу 15 проценти, покажува денеска објавено меѓународно истражување. Студија објавена во списанието „Кардиоваскјулар рисерч“ (Cardiovascular Research) се обидува да процени до кој степен загадувањето на воздухот, кое веќе предизвикува предвремена смрт, може да влијае на смртноста од Ковид-19.Тој однос може да биде околу 19 проценти во Европа, 17 отсто во Северна Америка и околу 27 проценти во источна Азија, според професорот Џос Леливел од Институтот за хемија Макс Планк во Мајнц, Германија, објави Сител. Долготрајната изложеност на загадување на воздухот придонесе за 29 отсто од смртните случаи од Ковид во Чешка, 27 отсто во Кина, 26 отсто во Германија, 22 отсто во Швајцарија, 21 отсто во Белгија, 19 отсто во Холандија, 18 отсто во Франција и 15 отсто во Италија, 14 проценти во Велика Британија, 12 проценти во Бразил, 11 проценти во Португалија, девет проценти во Шпанија, шест проценти во Израел, три проценти во Австралија и само еден процент во Нов Зеланд.Истражувачите користеле претходни американски и кинески епидемиолошки податоци за загадувањето на воздухот и Ковид-19 и САРС од 2003 година, болести слични на новиот коронавирус. Во нивните пресметки, тие ги комбинираа со сателитски податоци за глобално изложување на мали честички на загадување (PM2, 5) и податоци од мрежи за следење на загадувањето на почвата.Авторите не утврдуваат врска помеѓу директната причина и последиците од тоа загадување врз смртноста од Ковид-19.Се чини дека загадувачките честички ја зголемуваат активноста на еден рецептор наречен ACE-2, кој се наоѓа на површината на клетката и учествува во начинот на кој Ковид-19 ги ​​инфицира пациентите, велат истражувачите. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања