Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

sar-planina-2

Фронт 21/42 незадоволни од расправата за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Фронт 21/42 реагира во врска со јавната расправа по нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.„Вчерашната јавна расправа по нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање, не може да се нарече јавна расправа. Ја разбираме актуелната ситуација предизвикана од пандемијата и неможноста дебатата да се организира со физичко присуство, но тоа не треба да биде причина, ниту оправдување за она што го искусивме. Начинот на кој се одвиваше оваа јавна расправа е директно прекршување на членот 6, став 4 и 5 од Архуската конвенција – главната меѓународна конвенција која го уредува и заштитува учеството на јавноста во донесување прописи и одлуки кои ја засегаат животната средина. Поентата на една јавна расправа, како клучен дел од консултациите со јавноста – е да им даде простор на претставниците на јавноста да ги искажат своите ставови, барања, прашања, итн. за нацрт-документот, пред истиот да биде усвоен. Тоа е поентата на партиципативната демократија – јавноста има улога во кроењето на политики кои ја засегаат“, се вели во соопштението.„Оваа двочасовна јaвна ‘расправа’ се состоеше од речиси час и половина спремни презентации и говори на експертите коишто работеле на документите, а последните триесеттина минути беа оставени за ‘расправата’. Во тоа кусо време, во кое јавноста имаше можност да се вклучи со свои коментари, не му беше даден збор на секој кој побара да го искористи своето законско право; тие што добија збор всушност и не можеа многу да кажат, бидејќи модераторот си земаше за право на непочната реченица да се вмешува во излагањето или воопшто да не им дозволува на говорниците да се вклучат со свои коментари. Во еден момент, текстуално и преку пораки, се поставија повеќе прашања кон Министерството и граѓаните бараа да бидат удостоени со одговор, но од страна на модераторот им беше кажано дека Министерството ќе даде одговори на крај од дискусијата, што реално не се ни случи“, тврдат тие.Според невладината организација, надлежните очигледно немале за цел да ги слушнат коментарите на граѓаните, да организираат суштински дијалог со сите засегнати, како основа за подобрување на законот.„Единствената очигледна цел беше формално ‘штиклирање’ на законската обврска да се организира ‘јавна расправа’. Дополнително, самиот начин на онлајн расправата, како и ограниченото време, не овозможија вклученост на сите страни, бидејќи некои од засегнатите граѓани кои живеат во руралните средини не можат директно да пристапат кон ваквите виртуелни платформи. Ќе ги потсетиме нашите институции и Министерството за животна средина и просторно планирање на последната критика од извештајот на ЕК за нашата земја: ‘Квалитетот на презентациите и на процесот на јавните расправи, особено кога станува збор за проекти поврзани со хидроенергија, рударство и инфраструктура, мора дополнително да бидат подобрени’. Од погоренаведените причини бараме да се закаже и одржи нова јавна расправа, која ќе овозможи доволно време за сите засегнати страни да ги искажат своите ставови, постават прашања, добијат соодветни одговори, итн. – бараме вистинска јавна расправа чија цел ќе биде суштински консултации со засегнатата јавност“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Трансплантацијата е зрак на надeж за пациентите, нивните семејства и општеството

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче вчера учествуваше на панел дискусија на тема „Органодарителство – состојба и предизвици“, во организација на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Целта на панел дискусијата е подигнување на јавната свест за дарување на органи и развој на трансплантацијата во нашата држава. Покрај претседателот и првата дама присуствуваше и Националниот координатор за трансплнатација на органи и ткива доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и координаторите за трансплантација на сите тимови.Министерот Филипче истакна дека трансплантацијата е сфера која секогаш носи предизвици, бидејќи се изведува со мултисекторски и мултидисциплинарен пристап, а подигнувањето на јавната свест за органодонорство е можна само преку отворен пристап, преку споделување на информации, како и со споделување на успешните приказни.„Трансплантацијата е зрак на надеж не само за пациентите, туку и за семејствата на пациентите, за нивните пријатели, но и за општеството“, рече министерот Филипче.Според д-р Маја Мојсова Мијовска, Национален координатор за трансплантација, органодарителството е општо прифатена и успешна метода на лечење, што го продолжува животот, го подобрува неговиот квалитет и е економски исплатлива, бидејќи, како што нагласи, чини многу помалку од сите други методи на одржување во живот на пациентите.Во своето обраќање пред присутните, сопругата на претседателот д-р Ѓоргиевска истакна дека во исклучително тешки услови, кога фокусот на македонскиот здравствен систем е насочен во борбата со пандемијата на КОВИД-19, во нашата земја годинава за првпат беше изведена трансплатација на срце, a се извршија и десет трансплантации на бубрези.„Се разбира, предизвиците што доаѓаат со органодарителството и со трансплантацијата се навистина огромни, дури и за системи коишто се далеку посовршени од нашето здравство, но знаењето, подготвеноста, капацитетите и, пред се, она што е најважно, ентузијазмот на сите оние коишто се вклучени во самиот процес, верувам дека и понатаму ќе резултираат со успех“, рече Ѓоргиевска.На настанот, на кој присуствуваше претседателот Стево Пендаровски и студенти, членови на Македонската медицинска студентска асоцијација и Здружението на студенти по медицина, меѓу говорниците беше Маре Кежароска, којашто пред две години заедно со својот брат, дала согласност да бидат донирани двата бубрези на нивната починатата мајка.„Тешко е сознанието дека за твојот близок повеќе нема никаква надеж. Одлуката да донираш орган од твој близок, за којшто повеќе нема спас, воопшто не е тешка, затоа што знаете дека со сето тоа вие на некој му подарувате шанса за живот“, рече Кежароска.Васил Огњановски, син на Иван Огњановски, на кого му беше трансплантирано срце во мај, на панел дискусијата истакна дека свеста за органодарителството треба да биде на повисоко ниво и повеќе да не претставува табу тема. Како што рече Огњановски, очекува што повеќе луѓе да го следат хуманиот гест на семејството на починатата Емилија Динева.„Можам да кажам дека семејството Диневи не го чувствувам како семејство кое донирало орган, туку чувствувам како јас да сум роден во тоа семејство. Комуницираме речиси секој ден. Имав можност летото да го поминам кај нив. Тоа беше момент преполн со емоции на тага и на среќа. Немам зборови како да го опишам тоа. Благодарен сум на Господ што ми даде шанса да имам уште еден брат, уште една сестра, а можам да кажам дека и нивниот татко го чувствувам како свој втор татко“, рече Огњановски.На панел-дискусијата, д-р Сашо Дохчев, шеф на тимот за трансплантација на Клиниката за Урологија посочи на потребата за поддршка од Владата, Министерството за здравство, Фондот за здравство, но и од невладиниот сектор и медиумите за да се нагласи значењето на органодарителството и да се покрене свеста кај луѓето.Своја презентација на панел-дискусијата имаше и д-р Сашко Јовев, кардиохирург, предводник на тимот којшто ја изврши првата трансплантација на срце во нашата држава, истакнувајќи дека тоа било резултат на неколку годишна подготовка и стекнатото дотогашно искуство.Своите искуства пред присутните ги сподели и д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија, којшто беше дел од тимот што ја изврши првата трансплантација на срце, нарекувајќи ја ноќ што испиша историја во македонското здравство и утро коешто, за време на пандемијата, во целата држава внесе надеж.„Нашата клиника буквално во секој момент е подготвена да направи трансплантација, за што треба сите да бидеме горди, бидејќи тоа покажува дека само со поставена цел и со макотрпна работа можеме да постигнеме многу повеќе од она што се поклонуваме пред Хипократ“, рече Бундовски.Душко Ѓорѓиев, претседател на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ апелираше трансплантацијата во државата да се одвива со уште позасилено темпо и на пациентите на дијализа што побрзо да им се овозможи трансплантација на бубрег, бидејќи како што рече, животот на дијализа е исклучително тежок, сложен и болен.Данијел Тодоровски, претседател на Националното здружението „Храбро срце“, ја истакна потребата за унапредување на свеста за органодарителството.„Ако 70 години се дарува крв и сега немаме проблем со крводарителството и со обезбедувањето крв за клиниките, ајде да почнеме да разговараме и за органодарителството, за можноста, за она што ние често пати знаеме да го кажеме - со една трансплантација на срце, ние пациентите од Храбро срце, што сме со механичка поддршка, можеме да станеме како вас, да живееме нормален живот. Но треба да сфатите дека сите вие во истиот момент можете да бидете на моето место. Тогаш, кога ќе почнеме вака да размислуваме, да разговараме отворено за овие работи, ќе можеме да разговараме и за успешни органодарителски акции“, рече Тодоровски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово

На ден 05.11.2020 година во 22.35 часот од страна на инспектори при Одделението за криминалистичка полиција Тетово, од слобода е лишен Е.И.(31) од с.Д.Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл.206 од Кривичниот законик. При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за работното време на угостителските објекти.

Македонија | пред 5 години

radar-policija

230 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајотСамо на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 77 санкции за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

zemjotres

Земјотрес во Тетово и Гостивар

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека синоќа во 21.18 часот и е регистриран земјотрес чии епицентар се наоѓа 41 километар западно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.4, а беше почувствуван од населението на Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Реконструирана улицата „Востаничка“ во Кисела Вода

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Востаничка во општината Кисела Вода. Оваа значајна сообраќајница се реконструираше на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На делницата долга 1.100 метри се обновени коловозот и рабниците, а се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, онаму каде што беше неопходно.На барање на граѓаните, на тротоарите на раскрсниците на улицата Востаничка ќе бидат поставени столпчиња за да се зголеми прегледноста и безбедноста на раскрсниците, за сите учесници во сообраќајот.Значајно е да се нагласи дека при оваа реконструкција е решен и еден горлив проблем што со години ги мачеше граѓаните од овој дел на градот – на улицата Востаничка беше обновена водоводната мрежа и беа изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа предмет на реконструкција минатата година.

Скопје | пред 5 години

2020-11-05_22-15-08

(ВИДЕО) Запленети 50 килограми дрога во неготинско, приведен дилер (ВИДЕО)

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи - Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, на 05.11.2020 на подрачје на с. Дуброво, неготинско, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории кај Е. Е.(29).При претресот во помошни простории кои ги користел Е.Е. пронајдени се околу 50 килограми марихуана. Е.Е. е приведен, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

„Меѓаши“ бара да се затворат градинките и да има онлајн-настава за сите ученици

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ соопшти дека е загрижена од новите мерки на Владата и Министерството за здравство во врска со спречување на ширењето на коронавирусот. Од таму бараат затворање на градинките и целосна онлајн-настава во училиштата.„Упатуваме апел до властите да дадат поголема поддршка и соодветни услови за работа на здравствените работници вклучително доволно човечки ресурси и доволно заштитна опрема за да не се доведуваат до ситуација самите да ја набавуваат, да препознаат дека сега е соодветно време за префрлање и на децата до трето одделение на онлајн-настава и затворање на градинките, а родителите на децата до десетгодишна возраст да се ослободат од работа“, се наведува во соопштението.Од „Меѓаши“ исто така велат дека загрижува тоа што во детските оддели од болниците во иста просторија се прегледуваат деца за кои постои сомнеж дека се заразени од Ковид-19 и деца дојдени од други причини.Од таму велат дека до нив постојано пристигаат барања за помош и донации од медицинскиот персонал, при што досега најчесто биле барања за донација на заштитна опрема, маски и скафандри, но пристигнало и барање за волонтерска помош.Од Детската амбасада велат дека недостигаат информации за бројот на позитивни случаи на деца заразени од Ковид-19, ниту вкупен ниту на дневна основа.„Недостигаат информации за сместувачките капацитети за хоспитализација на децата што се позитивни и дали има доволен стручен тим посветен само за децата или одговорностите на здравствените работници се и за возрасни и за деца во исто време“, прашуваат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ – Република Македонија.Според нив, потребно е итно дејствување на сите во општеството тргнувајќи, пред сè, од Владата, во насока на мобилизирање на сите ресурси и поставување на здравството како приоритет, вклучително и заострување на мерките.

Македонија | пред 5 години

05112020_Thessaloniki-Sumit_1

Порака од премиерот Заев на „Thessaloniki Summit 2020“: Да ги негуваме европските вредности за просперитетен Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, албанскиот премиер Еди Рама како и со комесарот за соседство и проширување на Европската комисија, Оливер Вархеји на петтиот виртуелен „Thessaloniki Summit 2020″, упатија пораки за добрососедство, афирмација и негување на европските вредности.Премиерот Заев на панел сесијата посветена на „ЕУ перспективата на Западен Балкан“, во видео пораката, истакна дека Владата силно се залага да гради цврсти релации со соседите, со земјите од Западен Балкан и Европа.„Сето тоа го демонстрираме и на дело, делејќи ги европските вредности преку имплементацијата на структурните економски реформи засновани на демократските принципи, владеење на правото и борбата против корупција во насока на градење на просперитетно општество.Заедничката посветена и силна соработка на сите нивоа во овие моменти е неопходна, особено кога проблемите на секоја нација се веќе глобални проблеми.Нашиот сосед, Грција е важен трговски партнер, поточно е во топ петте најголеми трговски партнери на Северна Македонија, со вкупна трговска размена за периодот јануари – август годинава од 414 милиони евра. Како пријателски земји потенцијалите за унапредување на инвестициските активности и економската соработка сметаме дека треба да имаат нагорен тренд“, истакна Заев.Упатувајќи честитки за успешната организација на годинешниот Самит, премиерот Заев подвлече дека придобивките од договорите за стратешко партнерство треба максимално да ги искористиме, да создаваме амбиент за непречен развој на економијата и за нови и современи бизнис иницијативи.Дводневниот „Thessaloniki Summit 2020“ е под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, го организира Федерацијата на индустрии на Грција во соработка со „Делфи економскиот форум” и со поддршка од „Enterprise Europe Network Hellas“.Премиерот Заев и минатата година учествуваше на Самитот во Солун, на кој оствари средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Македонија | пред 5 години

tepa-zena

Семејно насилство во Велес, на сопругата и се заканувал дека ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ, и ќе ѝ го скрши черепот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид).Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“. Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите што и ги нанесол осомничениот, оштетената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката.До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес јавниот обвинител достави предлог за определување на мерката притвор спрема осомничениот.​

Македонија | пред 5 години

pistol

Приведен маж од Скопје, расчистено пукањето на ул. Цветан Димов

СВР Скопје- Единица за насилен криминал го лиши од слобода К.Л. (24) од Скопје и го расчисти кривично правниот настан од 2.11.2020, кога беше пукано кон куќата на А.К. По добиената пријава, веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од страна на полициски службеници од СВР Скопје е приведен К.Л., а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото. Против К.Л. е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена.

Скопје | пред 5 години

Jugo

Се бори со корона и моли за помош, потресна исповед на Југо од болничка постела

Фб статус:Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате,Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на КОВИД-19 и со лоша клиничка слика.Се борам за секој нареден здив, вода пијам голтка по голтка со многу вложен труд и болка бидејќи грлото ми е во рани од кашлица и исплукување крв. Клиниката е преплавена со заболени, лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт.Секој ден се плашам дека можеби ова е мојот последен ден на овој мил свет. Моите сестри веќе заминаа од светот на живите, а јас секој миг се плашам дека мајка ми ќе остане и без последното чедо кое што не успеа да остави ни внуци позади себеси.Сметам дека клиниката неможе да ми ги пружи идеалните услови за мојот организам ги има сите шанси за борба па одлучив да Ви се обратам Вам за помош. Хуманитарните луѓе од млекара Бучен Козјак веќе помогнаа со голем дел од средствата кои ми се потребни да се лекувам на приватна клиника каде што сметам дека медицинскиот тим може да ми пружи подобри шанси за живот, но ми недостасуваат уште 9000 евра за да примам озонска терапија и крвна плазма и да ја продолжам борбата со нови сили.Ве молам сите што сте во можност и на кои нема да можам можеби и никогаш да Ви се одолжам, доколку можете, да ми донирате средства на следните сметки:Банка: Комерцијална Банка АД СкопјеИме: Југослав Николиќтрансакциска сметка: 300007086496153девизна сметка(IBAN): MK07300307015989360 

Македонија | пред 5 години

slika-5

Андоновска: 1.071 каранфил за 1.071 починат од корона кои не се само бројка, оставка на Филипче ВЕДНАШ!

Денес оставивме 1.071 каранфил во знак на почит кон 1.071 починат од корона кои не се само бројка, туку луѓе, човечки судбини кои одат на нечистата совест на Зоран Заев и на најнеспобниот министер за здравство Венко Филипче. Бараме оставка од Венко Филипче веднаш и сега!Зоран Заев и Венко Филипче се главните виновници затоа што сега пандемијата урива рекорди, затоа што сега болниците се полни, и затоа денес имаме 1.071 починат од корона. Филипче и Заев преставуваат закана за здравјето на граѓаните, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тие 1.071 починат, не се само гола статистика, не се бројка, тие се 1.071 се семејства завиени во црно. 1.071 семејство завиено во црно. 1.071 судбина, тоа се нечии родители, деца, браќа и сестри. Тие се луѓе од кои голем број можеби денес ќе беа меѓу нас доколку Филипче не беше толку неспособен и ги послушаше советите на ВМРО-ДПМНЕ уште на почеток на пандемијата. Но наместо разум Филипче покажа ароганција и надменост, и сето тоа за жал на штета на граѓаните.Системот е трул. За тестирање се чека и по неколку денови, а исто толку и за добивање на резултати. Додека пациентот да добие дијагноза тој веќе е во напредна фаза на болеста, а неговото здравје е сериозно загрозено.Овие 1.071 починат се и заради пренатрупаното здравство и немањето место во болниците. Филипче имаше цело лето да ги опреми овие капацитети и да ги оспособи за да може денеска да бидат сместени луѓе, да не шетаат од болница во болница или да бидат оставани дома.Сега имаме криза и хаос. А, жртва се граѓаните.Ова е најголемата трагедија која и се случува на Македонија по Втората светска војна. Македонија немала толкав број на починати, од ниту една болест, од ниту од било каков друг единечен фактор од Втората светска војна се до денес.Ова е трагедија на нашата генерација за која е виновен Венко Филипче и Зоран Заев.Филипче, собери храброст и донеси вистинска одлука, направи го вистинскиот чекор. Имаш 1.071 причина да си поднесеш оставка. Направи го тоа сега. Спаси ја Македонија од нови жртви, истакна Андоновска.

Македонија | пред 5 години

pistol

Скопјанец осомничен затоа што пукал од автоматски пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 24 – годишник, неовластено во својот дом на улица „Божин Стојков“ држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол „Шкорпион“ кој го набавил кон крајот на 2019-та година. На 02 ноември, на улица „Цветан Димов“ во Скопје тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, притоа оштетувајќи три паркирани моторни возила.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Скопје | пред 5 години

Maticno

Шилегов: Напуштениот резбан мебел од поранешно Матично, ќе биде даден на МПЦ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека напуштениот резбан мебел во поранешно Матично, ќе биде даден на МПЦ за да се постави во Соборниот храм.„Денеска имав телефонски разговор со градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и архепискипот на МПЦ ОА г.г. Стефан.Се усогласивме да напуштениот резбан мебел во поранешното Матично, откако ќе биде репариран, да биде даден на МПЦ ОА, која ќе го постави во просторија во рамките на Соборниот храм св. Климент Охридски во Скопје, која што ќе послужи како просторија во која ќе може да се склучи граѓански брак.фото: СДК.МК

Скопје | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Гушење, панични напади, расправии, стресови, брза помош се чека со саати - што поминуваат заболени пациенти со КОВИД 19

Елизабета Трајковиќ од Скопје, од 8 часот изутринава чека брза помош да дојде во нејзиниот дом во Маџари, за да го однесе нејзиниот татко во болница. Нејзиниот татко освен Ковид 19 има и шеќерна болест и стент, се гуши, а ситуацијата особено се влошува за овој 64 годишен човек, затоа што добива и панични напади бидејќи не може да земе здив, објави Слободен печат. Веќе осум дена е позитивен на Ковид 19, пиеше Сумамед. Од вчера наваму не може да дише, не може да станува, почна да врши нужда во кревет. Јас сум сама не можам да кренам човек од 110 килограми, изјавила за Слободен пачат вознемирената жена.Читателка на Слободен печат чие цело семејство е заболено од Ковид 19, имала сериозни проблеми ноќеска нејзиниот болен татко со еден куп коморбидитети да биде примен во болница.Дојде брзата помош. Ни рекоа, да најдеме сигурно обезбеден кревет во болница. Замислете. И го однесоа во ТБЦ во Скопје, не сакаа да го примат, додека сопругот не отиде таму да се расправа, вели жената за Слободен печат.Текстот во целост на: Слободен печат. 

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Починати 13 и нови 1275 нови случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3331 тестирања, а регистрирани се 1275 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-519, Куманово-70, Штип-36, Прилеп-75, Тетово-85, Струга-30, Велес-47, Битола-69, Охрид-24, Кавадарци-40, Гостивар-55, Гевгелија-22, Струмица-39, Крива Паланка-7, Радовиш-15, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-7, Кратово-12, Свети Николе-6, Кичево-34, Ресен-6, Неготино-19.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти од: Скопје-306, Куманово-25, Штип-17, Прилеп-12, Тетово-12, Струга-9, Велес-12, Битола-14, Охрид-28, Кавадарци-6, Гевгелија-12, Струмица-17, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-3 и Неготино-1.Починати се 13 лица, еден пациент од Скопје (86г), еден од Штип (87г), четврорица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73г), еден од Тетово (71г), еден од Струга (31г), еден пациент од Битола (65г), еден од Охрид (82г), еден од Струмица (82г), еден од Кочани (72г) и еден пациент од Берово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 15832, активни 5880• Куманово 2522, активни 564• Дебар 362, активни 68• Штип 1832, активни 364• Прилеп 1646, активни 707• Тетово 2548, активни 801• Струга 888, активни 145• Велес 1013, активни 577• Битола 884, активни 408• Охрид 845, активни 319• Кавадарци 625, активни 285• Гостивар 1371, активни 340• Гевгелија 447, активни 199 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 76 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1113, активни 607• Крива Паланка 266, активни 113• Радовиш 273, активни 101• Крушево 43, активни 20• Кочани 804, активни 237• Пробиштип 239, активни 88• Демир Хисар 94, активни 26• Македонски Брод 110, активни 12• Пехчево 60, активни 6• Берово 228, активни 58• Валандово 113, активни 38• Виница 209, активни 92• Делчево 282, активни 127 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 83, активни 53• Свети Николе 517, активни 104• Кичево 653, активни 230• Ресен 273, активни 83• Неготино 197, активни 110 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3331 теста се преку: ИЈЗ-1152, ЦЈЗ Скопје-173, Авицена-525, Биотек-275, МАНУ -292, Жан Митрев (Филип Втори) -237, Систина со PCR метода -279, лабораторија Лаор –54, Судска медицина-31, ЦЈЗ Битола-148, Инфективна клиника-14, ГАК-0, Синлаб-83, Ремедика-48, лабораторија болница Козле-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 262.446 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 131 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 13 пациенти.Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 452 позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 338• Гази Баба – 781• Аеродром -950• Карпош – 834• Центар – 791• Кисела Вода – 716• Ѓорче Петров – 483• Бутел - 319• Шуто Оризари – 78• Студеничани – 29• Сарај – 57• Арачиново -13• Илинден – 135• Сопиште – 49• Чучер Сандево – 38• Петровец –54• Зелениково -26• Странец – 72• Нераспределен- 117

Македонија | пред 5 години

angel

Врховен суд ја укина пресудата за убиството на Ангел од Ѓорче Петров

Пресудата за убиството на матурантот Ангел Петковски е укината на 30-ти септември од страна на член совет на Врховниот суд, објави телевизија Телма, повикувајќи се на судски извори.Процесот според Врховниот суд треба да се врати на почеток.Ангел Петковски беше убиен со нож на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров на 19-ти мај година. Осомничениот беше фатен многу бргу по настанот.Тинејџерот Насер Ештрефи од општина Сарај беше осуден на 14 години затвор за убиствот Одбраната на осудениот тврдеше дека станува збор за самоодбрана бидејќи бил нападнат жртвата и неговиот татко кои го бркале затоа што сакал да им украде велосипед од дворот. 

Македонија | пред 5 години

mece-1

(ФОТО) Мечето Теди од Штип тргна за резерватот „Паркот на танцувачките мечки" во Белица, Бугарија

Конечно мечето Теди од Штип ќе патува во резерватот „Паркот на танцувачките мечки" во Белица, Бугарија ❤️По иницијатива на нашата колешка Тина која го водеше целиот процес беа исконтактирани 4Paws, најдобрата светска организација за заштита на животните кои ни помогнаа Теди да замине на подобро место.Благодарност до директорот на Скопје ЗОО, Ѓорѓи Галетановски кој од самиот почеток го поддржа целиот процес, ветеринарката Весна Левајковиќ која ја подготвуваше документацијата, Министерство за животна средина, АХВ и општина Штип, се вели во објавата на Зоолошката градина Скопје.Утрово на терен во Штип, Тина и ветеринарот Срѓан Мештеровиќ го испратија Теди и екипата на 4 Paws во резерватот поддржан од фондацијата на Брижит Бардо и 4Paws International.

Македонија | пред 5 години

bolnica-Struga

Во Струга интерното одделение за пациенти болни од Ковид 19 пополнето, ќе се спрема детското одделение

Предвидениот капацитет од 10 легла на Интерното одделение за пациенти болни од Ковид 19 во Струшката општа болница е пополнет.Во моментот, како што информира директорот на Болницата Мухамед Асани, хоспитализирани се 18 лица позитивни или со сипмптоми на коронавирус. На овој оддел, како што појасни, има 32 кревети, кои доколку се потполнат, ќе се прави преадаптација во други одделенија, објави ТВ 21.– Доколку се потполнат предвидените легла на Интерното одделение, ќе го преадаптираме Детското одделение. Секогаш имаме резервна опција, вели директорот.извор: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

despotovski

Директорот на Фондот за иновации има Ковид-19, ќе се врши тестирање на вработените

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, на социјалните мрежи објави дека вчера доцна добил позитивен тест на Ковид-19.„Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски. Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти“, наведува во објавата Деспотовски.Тој нагласи дека како и секој пат кога се појавило сомнеж, ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано.

Македонија | пред 5 години

struja-4

Влада: Неповолната хидролошка состојба го отежнува производството на електрична енергија, разликите ќе се надоместат преку набавка за да не се загрози живиот свет

Согласно задолжението од 14-тата седница на Владата на Република Северна Македонија според кое АД ЕСМ достави до Владата Информација за состојбата со природните езера и вештачките акумулации каде АД ЕСМ има хидроелектрани, во насока на согледување на реалните состојби со водите, како и Информација со производството на електрична енергија во последните три години, денеска на иницијатива на премиерот Зоран Заев се одржа состанок преку видео-врска со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски.Со оглед на тоа што според сите показатели и споредбени просеци во изминатите 15 години, 2020 година е исклучително лоша во однос на хидролошката состојба, како и со оглед на поинтензивната работа на хидроелектраните во одреден период во последните неколку месеци поради елементарните непогоди во рудниците во РЕК Битола, водата во езерата се искористи во пообемна мера и секој понатамошен истек ќе го загрози еколошкиот минимум на котите, неопходен за живиот свет.Од тие причини, на состанокот е заклучено дека со цел да се заштити животната средина и биодиверзитетот согласно обврските од Водостопанските дозволи, потребно е привремено да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите.Според годишниот план за работа на АД ЕСМ, на почетокот на грејната сезона кога е зголемена побарувачката на електрична енергија, беше предвидено вклучување во системот на РЕК Осломеј, каде е обезбедена техничка подготвеност на термоелектраната. Сепак, во овој момент термоцентралата не може да биде ставена во производство поради исто така неповолна хидролошка состојба на системот Студенчица, од каде се обезбедува вода за разладната кула.Во РЕК Битола се работи со два блока, додека на Блок 3 се изведува капитален ремонт. За жал, во изминатите 10 години не беа изведени капитални ремонти, со што беше доведена во прашање доверливоста и сигурноста на блоковите.Од наведените причини, на состанокот е заклучено АД ЕСМ за своите потреби за системски, балански услуги да набави електрична енергија преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд, до нормализирање на природните услови кои ќе овозможат оптимално производство на капацитетите кои директно или посредно користат вода во производниот процес.Заклучено е во наредниот период, АД ЕСМ преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд да го развива трејдингот, односно купувањето и продавањето на електрична енергија, во зависност од берзанската цена на струјата и цената на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, а во насока на заштита на интересот на граѓаните за одржување на цената за домаќинствата на стабилно ниво, како и можна поголемa добивка за буџетот.

Македонија | пред 5 години

nacionalna-agencija

Службеничка ја демантира Димова: Не сум извршила контрола во работењето на фризерницата „В.Е.З. Трејд“ по претходни укажувања за злоупотреби

Програмската службеничка негира дека извршила контрола во работењето на фризерницата „В.Е.З. Трејд“ по претходни укажувања за злоупотреби, како што тврдеше разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.Посочувањето дека службеничката извршила контрола од страна на Димова, дојде откако „А1он“ објави дека повеќе лица ангажирани во проект на фирмата „В.Е.З. Трејд“, преку писма уште лани во април ја алармирале директорката на агенцијата Димова за можни злоупотреби со парите. Службеничката која повеќе не работи во Националната агенција, за „А1он“ вели дека никогаш не потпишала ниту записник за извршена контрола во „В.Е.З. Трејд“.„Немам спроведено таква контрола, нема записник со мој потпис. Не сум запознаена за индиции за злоупотреба на средствата“, вели таа во краток разговор за „А1он“.Откако „А1он“ го објави случајот, Лидија Димова на јавна прес-конференција посочи дека ги добила укажувањата за можни злоупотреби и дека тогаш е направена контрола. „А1он“ ги побара и записниците, на кои, разрешената директорка тврдеше дека е потпишана програмската службеничка, но до овој момент, не ни се доставени.„Бидејќи станува збор за училишно образование, контролата е направена од Деспина Србиновска-Шундуловска. Можете да стапите со неа во контакт во врска со случајот кога сакате. Таа не работи повеќе во Агенцијата. Не сум сигурна дека можам да го доставам записникот, ќе мора да ми оставите време да прашам во Брисел. Меѓутоа, секако, ако можам ќе ви го доставам“, рече Лидија Димова на прес-конфренцијата одржана на 13 октомври, односно ден по објавувањето на втората сторијата.„А1он“ дојде до овие писма, кои содржат обвинувања за пари исплатувани во кеш, нетранспарентност и немање увид во проектот финанисиран од Националната агенција, а кој го спроведувал сопственикот и управител на „В.Е.З Трејд“, Зоран Златковски. Неколкумина ангажирани тврдат дека побарале да бидат изземени од проектот поради сомнежи за незаконско работење, но никогаш не добиле одговор од директорката на Националната агенција, Лидија Димова. Во едно од писмата до Димова тие укажуваат дека не знаат кои обврски ги имаат во проектот, а Златковски им објаснил дека се дел од тимот поради компетентноста, нешто што се оценува и од евалуаторите, а влијае при грантирањето. Фризерницата „В.Е.З. Трејд“ добила грантови во вкупна вредност од 270.000 евра во период од три години.Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага со која се опфатени разрешената директорка Лидија Димова, сопственикот на „В.Е.З. Трејд“ Зоран Златковски. За одделен случај, се гонат и поранешниот надворешен соработник во Агенцијата, Александар Гочев и пензионираната благајничка Ана Павлиду.Судот по барање на обвинител им ги одзеде пасошите на Лидија Димова, Зоран Златковски и Александар Гочев. Според кривичната пријава осомничените причиниле штета на Националата агенција во износ од над 400.000 евра.

Македонија | пред 5 години

pistol

Поведена истрага за недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.На 30 октомври, при претрес на домот на осомничениот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, кај него било пронајдено оружје – пиштол V.BERNADELLI GARDONE со калибар 7,65 и со механички отстранет сериски број, како и една рамка со седум куршуми.За 30-годишниот осомничен, поради околности кои упатуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Скопје | пред 5 години

koronavirus

Почина 21 годишно момче од КОВИД 19 во Кавадарци, пред два дена почина и неговиот брат

Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.Јанчев во објавата додава:Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти. Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија.Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања