Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

DARUVANJE-KRV-2

Обезбедени 187 единици конвалесцентна плазма, околу 170 третирани со крвна плазма

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 98 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донор.Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170 пациенти со Ковид-19.Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот. Да им помогнеме на лицата кои во моментов се борат со коронавирусот - да донираме ковалесцентна крвна плазма, апелира Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19.Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

viber_image_2020-06-19_11-08-46

Универзална сала ќе биде реконструрирана до идната година, најави Шилегов

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување концерти.Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.– Со обезбедените буџетни средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на овој објект во постоениот облик и габарит, одржувајќи го својот автетичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На овој чекор се одлучивме после широката подршка која што јавноста ја даде за идејата да се сочува Универзалната Сала во постојната форма, на постојната локација, што пак не значи дека сме се откажале од идејата и за нова концертна сала со придружни други конгресни капацитети на друга соодветна локација, изјави Шилегов.Воедно, тој нагласи дека оваа реконструкција не ги задоволува потребите на граѓаните на среден и долг рок.– Изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно собраќајни решение за пристап и ред други технички стандарди од ваков тип е нешто што мора да му се случи на Скопје, час по скоро, посочи Шилегов.На овој настан присуствуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, која наведе дека тие како институција работат на новиот буџет за 2021 година и дека планират за следата година да започне изградбата на новата концертна сала во Скопје.Постојат повеќе готови проекти за изградба на нова коцертна сала. Јас сум за проектот „Јајце”, зошто да не, тоа е работен проект, подготвен. Но, исто така разгледуваме и други можности, надеве министерката Стефоска.Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година одвоени се средства во износ од 120 милиони денари.Меѓу другото, министерката Стефоска, потсети дека Универзалната сала е изградена со финансиска помош од повеќе држави меѓу кој Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јемен, Сирија, Турција и многу други. Според неа, овој објект ќе остане траен симбол на меѓународната човечка солидарноста на обновата на Скопје на 26 јули 1963 година.

Скопје | пред 5 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Лекарите и медицинските сестри се подготвени, наплив на заболени по болниците се очекува

Во моментов низ болниците во државата хоспитализирани се 895 пациенти заразени со Ковид-19. На Инфективната клиника во Скопје и во модуларната болница нема повеќе слободни крвети. Таму се примени 150 пациенти, од кои 130 се на кислородна поддршка.Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од денеска практично целата зграда за интерни болести ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид.„Лекарите и медицинските сестри се подготвени. Дополнителниот број кревети кој ќе биде на располагање е околу 150 и дополнителни стотина на клиниките за оториноларингологија и очни болести“, додаде Филипче.Во функција е ставен и Центарот за белодробни болести. Поради напливот на пациенти, активиран е планот за хоспитализација на интерните клиники од приземните спратови каде што се клиниките за дерматологија и неврологија, понатаму горните спратови кае што се клиниките за гастроентерохепатологија, ревматологија, и нефрологија. Филипче посочи дека земен е во предвид и делот за дијализа.Министерот напомена дека кога ќе почне пополнувањето на сите овие кревети, нема да се поремети нормалното функционирање на овие клиники односно системот Мојтермин и понатаму ќе функционира.Тој вчера на прес-конференција ја оцени состојбата со коронавирусот како крајно сериозна, но изрази уверување дека здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот.Рече дека вирусот е широко распостранет, и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција. Апелира да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки и да не се излегува од дома ако се нема потреба, освен во маркет, на работно место или во училиште.

Македонија | пред 5 години

08052020_DUJP_Lukarevska_pres-konferencija-2

Може да се аплицира за државна поддршка за исплата на плати, објавени условите и начинот

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја објасни постапката за добивање на финансиска поддршка за работодавачите, за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година. Таа посочи дека се аплицира преку системот за Е-даноци, најдоцна до 10 во месецот. Лукаревска посочи и девет услови кои секој работодавач мора да ги исполни за да му бидат исплатени средствата.„Со Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од кризата се овозможува исплата на плати за секој вработен, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година во износ најмногу до 21 776 денари. Постапката за добивање на оваа финансиска поддршка се остварува со поднесување барање за финансиска поддршка преку системот за Е-даноци на УЈП, најдоцна до 10 овој месец за октомвриската плата, а за другите исплати најдоцна до 10-ти во месецот за претходниот месец. УЈП по ова барање ќе одговори дали истото е комплетно или не, во рок од 3 дена од доставување на барањето. Доколку работодавачот добил потврден одговор од УЈП дека барањето е прифатено, тогаш во МПИН пресметката, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, внесува шифра 5001. По обработката на образецот, УЈП го известува работодавачот за вкупниот износ на финансиската поддршка која ќе му биде исплатена за соодветниот месец“, кажа Лукаревска.За намалени приходи од 30.01 процент до 40 проценти државата планира да врати до 14.500 денари по вработен. За намален приход од 40.01 процент до 50 проценти, планирани се 15.955 денари по вработен. За намален приход од 50.01 процент до 60 проценти, планирани се до 17.410 денари по вработен. За намален приход од 60.01 процент до 70 проценти, планирани се 18.865 денари по вработен. За намален приход од 70.01 процент до 80 проценти планирани се 20.320 денари по вработен. И за намален приход од над 80 проценти, износот за финансиска поддршка за исплата на плати изнесува 21.776 денари по вработен.„Работодавачот кој освен финансиска поддршка за исплата на плата на работниците, има право да користи и мерка субвенционирање на социјалните придонеси и или данок на личен доход во полето 3.23 во полето од МПИН образецот ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја користи со шифрата 5001. По обработката на податоците, УЈП ја информира Владата односно генералниот секретаријат за тоа кои работодавачи исполниле услови за финансиска поддршка, а Владата ги исплаќа средствата до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец“, додаде Лукаревска.Работодавачот ќе треба да врати 50 проценти од примената финансиска поддршка во буџетот на државата, по посебни услови предвидени во законот. Работодавачите кои ќе искажат негативен финансиски резултат нема да треба да ги враќаат средствата.„Условите за добивање на финансиска поддршка се опишани во законот. Работодавачот потврдува дека ги исполнува во соодветното барање. Условите се остварениот приход на работодавачот во референтниот период од април до септември 2020 година да е намален за 30 проценти споредено со истиот период минатата година, за исплатата на плата за октомври, односно референтниот период од април до октомври 2020 година со истиот период во 2019 година за поддршката во ноември. Под број два, бројот на вработени во месецот за кој што се бара финансиската поддршка да е ист или поголем во однос на бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година, со исклучок на одјавените работници согласно условите од овој закон. Односно, тоа е отказ од страна на работникот, пензионирање, смрт, престанок на работен однос по дисциплинска постапка, по судска пресуда или трајна неспособност. Под број три, работодавачот не исплатил и нема да се изврши исплата на дивиденда и награда за деловна успешност, или друг вид на деловна награда на вработените или органите на управување, барател на финансиска поддршка до денот на исплаќање на платата во месец декември 2020 година“, објасни Лукаревска.Износот на финансиската поддршка по вработен ќе зависи од степенот на намалениот приход. Услови има и во делот на работниците за кои се бара финансиска поддршка.Работникот за кого се бара финансиска поддршка, нема остварено нето плата поголема од 39.000 денари за месеците јуни, јули, август или септември 2020 година, за секој месец одделно и сразмерно на часовите за сработено работно време. Под број пет, работодавачот не исплатува плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка на повеќе од 10 проценти од вкупниот број на вработени. За работниот за кој се бара финансиска поддршка, работодавачот не користи ослободување од плаќање на данок на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност односно од мерките од проектот ‘Македонија вработува’. Под број седум, работникот за кој бара финансиска поддршка не е работник пријавен на дополнително работно време. Под број осум, во годишната сметка и финансиските извештаи за годините 2017, 2018, 2019 година има остварено кумулативно, акумулирани добивки пред оданочување помали, односно поголеми од 600.000 денари, ако има повеќе од 2.000 вработени лица во месецот во кој користи финансиска поддршка. Последниот услов под број 9 е во времетраењето на финансиската поддршка и два месеци по месецот за кој е користена финансиската поддршка, нема да го намали бројот на вработени“, кажа Лукаревска.

Македонија | пред 5 години

zadusnica

Се одбележува Задушница: се верува дека е голем грев ако некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви.На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив.Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември).Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Македонија | пред 5 години

heroin-pakuvanja

Дрога се продава на секој чекор: драма во Гостивар, бегале од полицијата сосе хероин

Со Наредба за спроведување истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, гостиварци на возраст од 50 и 34 години, заради сторено кривично дело – Неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.По оперативни сознанија и преземени мерки, овластени службени лица на 5 ноември 2020 година, во 22.30 часот го забележале патничкото моторно возило во кое двајцата соизвршители ја превезувале дрогата. Откако осомничените ги виделе службените лица , кај местото викано Врапчишка петља, со возилото се дале во бегство. По околу 300 метри, едно од осомничените лица преку прозорот на возилото фрлил пластично полиетиленско пакување во кое имало 29,65 грама хероин.Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот е прифатен од Судот, кој на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.

Македонија | пред 5 години

skopje-1

Тмурно време со ветер, има ли шанса за сонце?

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 16 степени.Од денес следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини бидејќи ќе биде и претежно тивко наутро.

Македонија | пред 5 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Мерката за носење маски и натаму не се почитува, како и претходно

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 436 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

Во Скопје се вози лудо и брзо, казнети се 353 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 353 мерки, меѓу кои 45 за возење без возачка дозвола, 29 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 40 мерки за некористење на сигурносен појас, 20 за користење на мобилен телефон, а изречени се и 95 мерки за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

zaev

Славите се следна закана за ширење на коронавирусот, Заев апелира граѓаните да не се собираат

Пред нас се зимските празници, традиционално придружени со семејни собири. Но, за жал, ние сме во најинтензивниот бран на ширење на коронавирусот. Од тие причини беа донесени и последните мерки и препораки за граѓаните да ги носат маските на отворено за лична и за заштита на другите и да не се групираат.Со приближувањето на зимските празници, апелирам да нема собирања по домовите. Да останеме скромни, воздржани и одговорни за време на славите и имендените оваа година. Тие ќе бидат тука и идната година, и тогаш, здрави и живи, ќе си честитаме и ќе прославиме согласно традицијата, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.„Оваа година да си посакаме здравје и живот, и „за многу години славата и вечно име“ преку телефон, со порака, со видео повик. Ништо нема да ја намали искрената желба што на тој начин ќе им ја упатиме на славениците и на домаќините за нивните домашни слави.Сите мора да прифатиме дека оваа ситуација ќе потрае, но со дисциплина околу мерките за заштита можеме значително да го успориме ширењето на вирусот и да се заштитиме. Нема импровизации со заканите од ширењето на КОВИД-19. Тој што не ги почитува мерките за заштита го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи од нив и се однесува несериозно – загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот!Немаме друг избор освен секој од нас да биде одговорен и да го даде својот личен придонес да ја запреме оваа пандемија, за да дојдат моментите на стабилизирање и намалување на рестрикциите, додека не биде достапна вакцината.Во деновите на семејните празници да останеме дома, да не се групираме. Сите заедно да помогнеме и на себе и на нашите семејства. Да им помогнеме на лекарите, на медицинските сестри и на другиот медицински персонал, да ѝ помогнеме и на државата.Чувајте се, придржувајте се до мерките, останете дома и во добро здравје“, напиша Заев.

Македонија | пред 5 години

Lj.Nikolovski-ZOOM-Konferencija-Stip-2

Николовски на општинска конференција на СДСМ Штип: Со Николов СДСМ е апсолутен фаворит на изборите во Штип

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва присуствуваше на Конференција на ОО СДСМ Штип која поради заштита на јавното здравје се одржа дигитално, на далечина.На конференцијата беше потврден предлогот на Извршниот одбор на СДСМ, кандидат за градоначалник на СДСМ на предвремените локални избори во општина Штип да биде доктор Сашко Николов, кардиохирург и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.Во своето обраќање, генералниот секретар Николовски истакна дека со Николов, СДСМ е силен фаворит на претстојните предвремени избори за градоначалник на Штип.- Секому му е јасно дека СДСМ е фаворит на изборите во Штип, и поради кандидатот што го имаме и поради успешните политики во интерес на граѓаните, но и поради досегашната работата на еден од најуспешните градоначалници, Благојчо Бочварски. Имаме многу проекти релизирани во Штип, градинка во Сењак, улици, мост, тротоари, водоводи, започнува изградба на браната Отиња и многу други. Тоа му е јасно и на Мицкоски и на сите во ВМРО-ДПМНЕ и затоа бараат одлагање на изборите. Не затоа што се исплашени за здравјето на граѓаните, како што лажат, туку затоа што се исплашени дека убедливо ќе загубат, посочи Николовски.Генералниот секретар Николовски порача дека СДСМ покажа дека може и знае да организира избори целосно безбедни по здравјето на граѓаните и дека така ќе биде и на локалните избори во Штип.- Следејќи ги и почитувајќи ги протоколите за заштита, СДСМ организираше избори кои беа максимално безбедни за граѓаните, а успеавме да допреме до секој човек, да ги пренесеме нашите пораки, нашите проекти на коишто како одговорна Влада, веќе работиме. Така сигурни и безбедни ќе бидат и локалните избори во Штип, порача Николовски повикувајќи го членовите како и досега, да водат кампања согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

igralista

Превентивно затворени детските игралишта во Охрид

Сите детски игралишта на подрачјето на Општина Охрид од денеска ќе бидат времено затворени и нема да може да се користат.Оваа мерка е преземена согласно препораките за заштита од ширењето на Корона вирусот КОВИД 19. Претходно, согласно истите препораки беше извршена целосна дезинфекција на игралиштата.Се упатува апел до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка и да избегнуваат непотребни групирања и на други отворени локации.

Македонија | пред 5 години

koronavirus

Д-р Стевановиќ: Секој кревет на Клиниките рационално се троши

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ, денеска на одговор на новинарско прашање во врска со времетраењето на лекувањето на ковид пациетите, посочи дека секој е различен, но во просек 16 дена се лекува средно-тешка клиничка слика, на заразен од Ковид-19, а многу повеќе време е потребно за тешките случаи, зошто кај тие пациенти и откако ќе станат негативни на вирусот, инфекцијата кај нив остава големи последици.„Оттука имате и еден индиректен одговор колкава е фрекфенцијата на приеми и на исписи. Навистина, исклучително рационално се користи секој кревет, секое едно легло на располагање на Клиниката, вклучувајќи ја тука и модуларната болница. Тоа оди во периоди – одеднаш се полни болницата, па за тој период се испишуваат пациенти. Секако сите ние сакаме пациетите да бидат излекувани, незвисно колку време тоа ќе трае“, рече д-р Стевановиќ.Во однос на екипираноста на болниците со медицински кадар, директорката на Инфективна посочи дека во ваква криза секогаш се добредојдени плус две раце.„Никогаш нема да бидеме задоволни од бројот на персонал во ваква криза. Секогаш се добредојдени плус две раце. Уморни сме, ни требаат дополнителни луѓе, секогаш ќе бидат добредојдени. Недостатокот на медицински кадар како во цел свет така и кај нас и во криза и вонкриза бил проблем. Ние максимално се трудиме, секој еден од нас кој работи во болниците да го дадеме својот максимум независно на која позиција работиме. Од исклучително големо значење е хигиеничарот во нашата клиника, транспортерот и болничарот, медицинските сестри, како и одделенските сестри кои го организираат процесот до секој еден од најмлад до најстар лекар кој го има своја функција во работењето и навистина го дава својот максимум во својата работа, - изјави Стевановиќ.

Македонија | пред 5 години

korona5

Во Аеродром има над 1000 активни случаи со коронавирус, бројките растат во Карпош и Центар

Во последните 24 часа според иизвештајот на Центарот за Јавно здравје се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу позитивни има во  Скопје, дури 569 позитивни лица во 24 часа.Активни случаи по општини Скопје денеска со бројки изгеда вака:• Чаир – 378• Гази Баба – 847• Аеродром -1021• Карпош – 892• Центар – 848• Кисела Вода – 780• Ѓорче Петров – 527• Бутел - 350• Шуто Оризари – 88• Студеничани – 31• Сарај – 64• Арачиново -13• Илинден – 150• Сопиште – 54• Чучер Сандево – 39• Петровец –58• Зелениково -32• Странец – 75• Нераспределен- 125

Скопје | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Нови 1128 заболени, а најмногу починати повторно во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-569, Куманово-51, Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Охрид-38, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, Неготино-8.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-10, Дебар-7, Штип-18, Прилеп-27, Тетово-29, Велес-12, Битола-19, Гостивар-12, Гевгелија-14, Струмица-25, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-12, Ресен-4.Починати се 12 лица, четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68г), двајца од Битола (44 и 72г), еден од Куманово (70г), еден од Прилеп (59г), еден од Охрид (68г), еден од Струмица (76г),еден од Радовиш (58г) и еден пациент од Кичево (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37499, бројката на оздравени пациенти е 22835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13568. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 16401, активни 6372• Куманово 2574, активни 605• Дебар 373, активни 72• Штип 1867, активни 381• Прилеп 1688, активни 721• Тетово 2597, активни 821• Струга 904, активни 161• Велес 1057, активни 609• Битола 939, активни 442• Охрид 884, активни 357• Кавадарци 662, активни 322• Гостивар 1381, активни 338• Гевгелија 461, активни 199 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 78 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1146, активни 614• Крива Паланка 271, активни 118• Радовиш 284, активни 104• Крушево 45, активни 22• Кочани 826, активни 244• Пробиштип 246, активни 92• Демир Хисар 99, активни 30• Македонски Брод 111, активни 11• Пехчево 60, активни 4• Берово 231, активни 55• Валандово 114, активни 33• Виница 213, активни 96• Делчево 288, активни 133 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 87, активни 56• Свети Николе 525, активни 108• Кичево 680, активни 244• Ресен 280, активни 86• Неготино 205, активни 118 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3082 теста се преку: ИЈЗ-898, ЦЈЗ Скопје-135, Авицена-500, Биотек-231, МАНУ -269, Жан Митрев (Филип Втори) -340, Систина со PCR метода -356, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-23, ЦЈЗ Битола-111, Инфективна клиника-18, ГАК-0, Синлаб-63, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-26, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -34, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 265.528 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 48 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.Во болницата во Битола се хоспитализирани 70, а во болницата во Штип се 58 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 458 позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 378• Гази Баба – 847• Аеродром -1021• Карпош – 892• Центар – 848• Кисела Вода – 780• Ѓорче Петров – 527• Бутел - 350• Шуто Оризари – 88• Студеничани – 31• Сарај – 64• Арачиново -13• Илинден – 150• Сопиште – 54• Чучер Сандево – 39• Петровец –58• Зелениково -32• Странец – 75• Нераспределен- 125

Македонија | пред 5 години

vakcina

Вакцинацијата против сезонскиот грип почнува во вторник

Пристигнати се сите вакцини за грип, а за време на викендот ќе се направи дистрибуција, информира министерот за здравство, Венко Филипче.„Спремни се пунктовите во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје и вакцинацијата ќе почне од вторник“, рече министерот.Филипче на денешната прес-конференција повторно апелира до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид-19. Тој нагласи дека вирусот е широкораспостранет и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Калеска Ванчева: Случајот „тенк“, со кој е осуден Груевски, треба да послужи како пример за сите кривични совети

Ако некој го руши дигнитетот и независноста на судот тоа е опозицијата, три дена во собраниската распраа не застанавте во она што значи рушење на независното судство, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.Таа им порача на пратениците од опозицијата дека не Добрила Кацарска таа што го крши уставот, туку тоа е ВМРО-ДПМНЕ.Вие сте тие што не го почитувате ниту уставот, ниту законот за судови, ниту редовното судство, рече Калеска Ванчева.Таа го цитираше извештајот на ОБСЕ за случаите на СЈО, за 5-те случаи кои се завршени, во кој се наведува дека за случајот „тенк“ со кој му се судеше на поранешниот премир Никола Груевски е добар обрзаец дека е можно висок функционер да биде осуден.Без разлика на бегството од правдата и поранешниот премиер Никола Груесвки што следеше подоцна, овој судски процес беше пример дека е можно висок функционер да одговара, пресудата беше добро образложена и јасно ги презентираше доказите на кои судот им дал верба при утврдување на вината, а пресудата содржеше јасно објаснување зошто судот ја отфлрил теоријата на одбраната, нагласи Калеска-Ванчева.Таа додаде дека случајот „тенк“ треба да послужи како пример за сите кривични совети.ВМРО-ДПМНЕ тука дискутира за стручноста и компетентсноста на судија кој е судија 34 години, и ниту еден друг процес не ги интересира, освен процесите против високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева на расправата за именување на судјката Добрила Кацарска за уставен судија.

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски: По ветото од Бугарија имаме неуспех на политиките на Заев, оставка и експертска влада

Доведена е до знак на прашање европската перспектива на Македонија под раководство на Зоран Заев. Поразена е неговата политика на свиткана кичма, очигледно е дека доволно не ја свиткал кичмата.„Гледаме денеска што ни се случи, очекуваме да нашите партнери од ЕУ го ревидираат нивниот став и веќе на министерско ниво или на премиерско ниво да го корегираат и Македонија без разлика дали оваа влада или некоја идна влада да го отпочне процесот на преговори со ЕУ. Бидејќи тоа се вредностите во кои што ние веруваме, и тоа се вредностите кои што ние ги заслужуваме да ги споделиме со нашите сограѓани Европјани. Но она кое што денеска ни се случи е уште еден доказ за националната катастрофа која што ја донесе Зоран Заев и на македонската нација, на граѓаните на Македонија без разлика на нивниот етнички состав, и на македонската држава. И во име на тоа најчесно би било тој и неговиот тим на политичари веднаш да заминат, да дојдат луѓе кои што ќе ја креваат Македонија од оваа положба во која што тие ја донесоа. Тоа е би рекол не граундзиро како што популарно се нарекува туку под тоа. За тоа веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори на кои што би можеле граѓаните во термин во кој што нормално здравствените услови ќе дозволат да се случи такво нешто, а веднаш сега можеби треба и да почнеме да размислуваме за една идеја која што ја почнаа од Алијансата за Албанците, а тоа е една Влада за национален спас, техничка влада или некој друг тип на форма.Бидејќи ова се неспособни политичари, луѓе кои што гледаме не доведоа до бездната, не станува збор само за блокадата што денеска ја добивме, до вчера зборуваа дека блескаме и дека работата е под контрола со пандемијата, а денеска гледаме еден драматичен и трауматичен прес . поразена е политиката на Зоран Заев и во здравството, и во образованието одамна е поразена, а за друго не ни сакам да зборувам. Буквално нема што денеска да кажеме дека функционира во државата. За прв пат граѓаните се беспомошни и се чувствуваат дека системот не функционира, дека тонеме од ден во ден. Затоа веднаш да се седне, понудивме лидерска средба токму заради овие работи да ги разговараме, понудивме начин како да излеземе од сето тоа, еве начин веднаш да се седне и да разговараме да видиме како понатаму со нашата држава“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија ги повлекува веќе утврдените партиски кандидати за Штип и Пласница, еве ги причините...

Извршниот комитет на Единствена Македонија синоќа на вонредна седница донесе едногласно одлука да ги повлече веќе утврдените партиски кандидати за локалните избори за градоначалник во Штип и Пласница. Утре, сабота, кога истекува крајниорт рок , Единствена Македонија нема да поднесе кандидатски листи за градоначалници до општинските изборни комисии во Штип и Пласница.Во изминатите 15 дена по анализите и внатрепартискиот избор беа утврдени двајца млади и амбициозни луѓе како кандидати за градоначалник на Единствена Македонија кои имаат народна визија во интерес за општините Штип и Пласница.Но, во актуелните околности кои ги прават овие избори да не се исти со кои било други избори, Единствена Македонија нема да учествува на избори во Штип и Пласница закажани за 13 декември од најмалку две причини:Првата причина е неучеството на повеќе политички партии, особено најголемата опозициска партија што ги прави изборите нелегитимни. Единствена Македонија е силно мотивирана за изборен мегдан со сите партии по тешкиот изборен фалсификат врз Единствена Македонија на изборите од 15 јули на кои партијата според историскиот скандалозен преседан со планот за колатерална штета на тие избори на кои Единствена Македонија требаше не да биде поразена, туку понижена. Да потсетиме, јавноста се запозна со планерите и со монструозниот план како и со доказите за тешкиот изборен фалксификат врз Единствена Македонија на прес конференцијата од 26 јули на претседателот на партијата Јанко Бачев.Втората причина е тешката здравствена состојба во земјата. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Одложувањето на овие избори е единствен начин да го заштитиме народот. Сега е потребно домашно единство а доколку големиот број на заразени и починати не се доволно за сплотеност, тогаш, што уште треба да се случи за да видиме домашно единство. За таа цел, Единствена Македонија со неучество на изборите на конкретен начин покажува дека секогаш е на страната на народот. Но, за да ја добиеме битката со коронавирусор потребно е знаење, спообност и достигнување. Владата во Скопје во овој момент го нема тоа.Единствена Македонија ќе продолжи одговорно да се однесува и останува до крај на страната на народот и целосно посветена на елиминирање на последиците од оваа криза. Да го заштитиме здравјето на народот, па, ајде сите на избори!

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба

По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува: НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА Темата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент ОхридскиПо овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:  I  За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение); II  За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);III За ученици во средно образование (од прва до четврта година). Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари;Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари;Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари. Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот  на Општина Охрид.Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2020 година, треба да се доставуваатна следната адреса:Општина Охрид, – ул.”Димитар Влахов“бр.57 (со назнака : За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.Авторството се докажува со четвртиот примерок.Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид.  

Македонија | пред 5 години

Sv_Kliment_1280

Конкурс за доделување повелба – патрон на градот “Св.Климент Охридски”

Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признинија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” По повод 8-ми Декември – “Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2020 година. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Северна Македонија и во светот, во период од една година.Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.”Димитар Влахов” бр.57, за Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)   

Македонија | пред 5 години

Sv_Kliment_1280

Конкурс за доделување општинска награда – патрон на Градот “Св.Климент Охридски“

Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува: КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ По повод 8-ми Декември–“Св.Климент Охридски”, градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2020 година.Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Северна Македонија и светот.Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.Наградата “Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.Пријавите да се достават на адреса: ул. “Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”). 

Македонија | пред 5 години

mak-prosvet

Јавна расправа за планот за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА), реконструкција на „Македонски просветители“ во Охрид

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ „План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности, Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Охрид организираат јавна расправа која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео-конференција на 12 ноември (четврток) 2020 г. со почеток во 12.00 часот. Линк до објавата:https://we.tl/t-qRcqVzmRXV

Македонија | пред 5 години

ribar

Информација за ОН-ЛАЈН обуки за рибарство

Амбасадата на Израел задолжена за Република Северна Македонија во соработка со Општина Охрид објавува информација за учество на он-лајн обуки за рибарство на тема „Интензивно одгледување на риби“.Обуките се организирани од Израелската агенција за меѓународна соработка-МАШАВ и Центарот за земјоделски обуки-МАТЦ и се наменти за професионалци од надлежните институции, универзитетите, истражувачките институти, приватните компании и невладините организации од областа на рибарството.Оваа серија на предавања има за цел да сподели со учесниците некои аспекти на израелското искуство за развој на секторот за одгледување на риби. Исто така, обуките имаат за цел да создадат рамка за интернет дебата, овозможувајќи им на учесниците да ги проценат можностите за имплементација на новите стратегии и технологии во нивните локални услови.Он-лајн обуките ќе бидат организирани во периодот од 26.11-17.12.2020 година и ќе се одвиваат на англиски јазик. Сите лица кои се заинересирани за учество на обуките, можат да достават пополнета апликација до Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид на електронската адреса info@ohridler.gov.mk заклучно со 12.11.2020 година (четврток).Повеќе информации за обуките може да се прочитаат во приложената брошура.БРОШУРААПЛИКАЦИОНА ФОРМA

Македонија | пред 5 години

dezinfekcija-2

Се врши дезинфекција на јавните површини во Охрид

Од утринава ЈП „Охридски Комуналец“, врши дезинфекција на јавните површни низ градот. Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците низ целиот град, градскиот кеј, пешачките патеки, просторот во и околу болничкиот комплекс и сите фреквентни локации во градот.Дополнително се изврши дезинфекција во околните охридски села.Ваквата активност ќе продолжи и во наредниот период.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања