Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Guzvi-ohrod

(ФОТО) Гужви во Охрид, маски некој носи некој не...

Гужви во Охрид, групирања, кејот полн, најдојдени за викенд, некој носи, некој не носи маски.. За разговор со пријателите кои случајо се среќаваат по кејот, се вадат маските за муабетење..

Македонија | пред 5 години

skopje-nova-godina-7-28871

ЗЗРП: Парите за новогодишно украсување да бидат искористени за здравството

Во ситуација кога голем дел од јавните здравствени институции работат без основните средства неопходни за нормално пружење на здравствена заштита, а друга страна коронавирусот секојдневно зема загрижувачки број животи, бараме и инститираме градот Скопје и сите други поголеми градови и општини, средствата кои во буџетот ги намениле за новогодишно украсување да ги пренаменат и да ги инвестираат во опрема за јавните здравствени установи, велат од Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП).„Трошење на средства за новогодишни декорации во услови на пандемија и здравствена криза е непотребно. Анализите покажуваат дека секојдневно губиме млади животи како резултат на несоодветна здравствена грижа и недоволно опрема во јавните здравствени установи. Бараме итно локалната самоуправа да ги стопира сите постапки за јавна набавка и средствата веднаш да бидат пренаменети за здравството“, се наведува во соопштението.Во него се додава дека според пресметките на Здружението, со средствата кои градот Скопје планира да ги потроши на новогодишни декорации, може да се набават околу 20 болнички возила кои решаваат сериозен и значаен проблем во здравството.„Потребна е итна акција и делување веднаш. Ги повикуваме членовите на локалните општински совети на првата наредна седница да го постават ова прашање како тема за одлучување и уште веднаш да донесат одлука за пренамена на овие средства“, порачуваат од ЗЗРП, а Владата и ресорните министерства ги повикуваат да ги преземат сите законски можности со цел спречување на, како што велат, непотребно трошење на средства.

Скопје | пред 5 години

pozar

Пожар избувнал во две семејни куќи во Куманово

Пожар избувнал ноќва во две семејни куќи, лепенки во кумановската населба „Циглана“, соопштија денеска од територијаланата противпожарна единица.Пожарникарите интервенирале два часа во гасењето на пожарот.-ТППЕ Куманово во текот на изминатата ноќ кај месноста викана „Циглана“ бележат интервенција на опожарени две куќи лепенки Интервенирано е од 02:02 до 04:10часот со две противпожарни возила и шест пожарникари, соопштија од кумановската противпожарна единица.Надлежните ќе ги утврдуваат причините за избувнување на пожарот како и материјалната штета.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Филипче: Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека состојбата со Ковид-19 е критична, а болнииците веќе ги полнат сите капацитети.„Пред нас е веројатно најтешкиот период на справување со пандемијата. Барам сите да бидеме максимално одговорни и свесни за сериозноста на состојбата. Вирусот е широко проширен. Секое најмало невнимание или непочитување на мерките за заштита може да значи инфекција. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку - само да го штитите сопственото здравје“, рече министерот Филипче.Тој потенцираше дека сите ние жртвуваме нешто во нашите животи оваа година.„За некои од нас жртвата значеше помалку финансии, загубена работа, неможност да се видиме со нашите блиски. За други тоа значеше месеци и месеци непрекината работа без одмор. За трети пак таа жртва значеше загубено здравје или загубен живот. Колку доследно ќе ги почитуваме мерките за заштита ќе биде одлучувачки за тоа колку дополнително ќе се жртвуваме до крајот на пандемијата. Секој за себе ќе реши дали неговата жртва ќе е носењето маска, негрупирањето, држењето дистанца, или пак жртвата ќе значи продолжување на здравствената и економска несигурност. Изборот е тој, а моќта за промена на работите е кај секој од нас. Почитувајте ги мерките доследно. Носењето маска и држењето дистанца се многу мала жртва во споредба со се друго“, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: Кои барања на источниот сосед ги прифатиле Заев и Димитров во Берлин?

Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски се луѓето кои го излажаа и изманипулираа целиот македонски народ. „Домат“дипломатијата и „Кај си љубави те поздрави Зоки” дипломатијата не може да не однесат како држава во ЕУ. Пазарџиското однесување на Заев, каде што ветува, а не исполнува не е и не може да биде начинот и патот на станување земја членка на Република Македонија во ЕУ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Заев, Пендаровски и Димитров неколку дена молчат и не кажуваат што тоа договориле во Берлин, односно што прифатиле во Берлин на штета на македонскиот народ?Сите политички субјекти и најважно граѓаните, за преговорите со источниот сосед дознаваат од бугарските медиуми и бугарските политичари кои што гордо можат да се пофалат со се она кои што им го ветил Зоран Заев.Заев и останатите од СДСМ и од Владата ги потценуваат граѓаните мислејќи дека нема да се дознае што ветуваат, и што договараат и нормално што прифаќаат.Она што може да се сретне и чуе низ бугарските медиуми и политички чинители е дека постоеле три услови, а тоа се јазикот, името на државата и добрососедските односи, односно ова се услови кои директно удираат врз идентитетот, државноста и постоењето.Никој не ги споменува историјата и хероите, и тука сакаме да прашаме дали тоа значи дека Заев, Пендаровски и Димитров и останатите прифатиле се што источниот сосед побарал во однос на историјата и историските личности, односно македонски херои?Дали ова значи дека Заев се откажал и од Гоце и од сите останати историски ликови и случувања во минатото, врз кои што почива македонската држава и македонскиот идентитет?Веднаш мора да кажат Заев, Пендаровски, Димитров и Османи што прифатиле на преговорите во Берлин и зошто го кријат тоа што го прифатиле односно го ветиле од македонската јавност?Јасно е, изборот е едноставен, Заев премиер, асимилација и интеграција или дезинтеграција и негација.Решението е оставка веднаш и експертска влада за национален спас, во која никогаш повеќе нема шарлатани да ни ја водат надворешната политика, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Живковиќ: Продолжуваме со унапредување на работничките права - недела ќе биде неработен ден за сите работници

И во претходниот и во сегашниот мандат, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано работи во насока на подобрување на условите за работа за сите. Владата ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓаните. Сега во надлежното министерство, во Министерството за труд и социјална политика се создава законско решение со кое недела ќе биде слободен ден за оние кои сакаат да бидат со своите семејства, истакна Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.Ова е сериозен чекор во градењето на фер и праведно општество за сите, сериозен чекор кон унапредување на условите за работа на работниците и работничките.Преку отворен и инклузивен процес на дебата ќе дојдеме до решение кое ќе биде целосно прифатливо и за работнциите и за синдикатите и за работодавачите и за стопанските комори.Оваа мерка е контиунитет во политиките на СДСМ кои обезбедуваат унапредување на работничките права.Како за потсетување: ја покачивме минималната плата прво на 12.500 а потоа и на 14.500 денари и ја израмнивме за сите стопански гранки. Наша интенција е до крајот на мандатот, до 2024 година таа да изнесува 20.000 денари.Покачувања на платите добија вработените во сите сектори, вклучително и оние во приватниот сектор, а со мерките од четирите пакети антикризни мерки спасивме стотици илјади работни места и помогнавме илјадници компании.Сигурни сме дека ќе има работодавачи и менаџери дури и работници и работнички за кои недела како неработен ден нема да биде начелно прифатлив - и тоа секако е нивно право. Но со недела како неработен ден за сите, нашето општество ќе добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефитот ќе биде за сите!Како партија која се води од интересите на работниците и работничките продолжуваме со мерки и политики кои обезбедуваат заштита и унапредување на работничките права и постојана помош и поддршка на нашата домашна економија.Покажуваме дека можеме уште повеќе и уште подобро за нашите сограѓани, истакна Живковиќ.

Македонија | пред 5 години

Biba

Биба Додева позитивна на КОВИД 19, со внучето играат преку прозорец

Поп-пејачката и претседателка на Здружението за борба против ракот на дојка „Борка“ Биба Додева на својот инстаграм профил објави дека е позитивна на Ковид-19.„Време е за Ковид-19. Дај Боже да помине поскоро“, напиша Биба покрај фотографиите со нејзиниот внук.Додева, во јавноста е присутна со Здружението „Борка“ која ја организира розовата трка и прошетка за подигање на свеста за ракот на дојка, а чии подржувачи се првата дама Ѓоргиевска и претставнички од дипломатскиот кор во земјата.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на клиника во Скопје. Момчето било затекнато на улица со две убодни рани во седечка положба и во свесна состојба. По укажаната прва помош, тоа било било пренесено во Болницата во Кавадарци.„Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Клиниката за торакална хирургија во Скопје“, изјавил д-р Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени разбојници од Скопје

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево на 07.11.2020 ги лишиле од слобода Р.Н. и М.Н. од Скопје, поради основано сомнение дека на 06.11.2020 во 18 часот извршиле кривично дело разбојништво врз М.К.(34). Лицата се приведени во Полициска станица Аеродром, а одземените пари се пронајдени. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Скопје | пред 5 години

zaev

Заев апелира да нема собирања по домовите за време на претстојните слави: Да не си играме со здравјето и животот

Пред нас се зимските празници, традиционално придружени со семејни собири. Но, за жал, ние сме во најинтензивниот бран на ширење на коронавирусот. Од тие причини беа донесени и последните мерки и препораки за граѓаните да ги носат маските  на отворено за лична и за заштита на другите и да не се групираат , напиша на својот ФБ профил премиерот Зоран Заев.Премиерот во објавата додава:Со приближувањето на зимските празници, апелирам да нема собирања по домовите. Да останеме скромни, воздржани и одговорни за време на славите и имендените оваа година. Тие ќе бидат тука и идната година, и тогаш, здрави и живи, ќе си честитаме и ќе прославиме согласно традицијата.Оваа година да си посакаме здравје и живот, и „за многу години славата и вечно име“ преку телефон, со порака, со видео повик. Ништо нема да ја намали искрената желба што на тој начин ќе им ја упатиме на славениците и на домаќините за нивните домашни слави.Сите мора да прифатиме дека оваа ситуација ќе потрае, но со дисциплина околу мерките за заштита можеме значително да го успориме ширењето на вирусот и да се заштитиме.Нема импровизации со заканите од ширењето на КОВИД-19. Тој што не ги почитува мерките за заштита го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи од нив и се однесува несериозно – загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот.Немаме друг избор освен секој од нас да биде одговорен и да го даде својот личен придонес да ја запреме оваа пандемија, за да дојдат моментите на стабилизирање и намалување на рестрикциите, додека не биде достапна вакцината.Во деновите на семејните празници да останеме дома 🏠, да не се групираме. Сите заедно да помогнеме и на себе и на нашите семејства. Да им помогнеме на лекарите, на медицинските сестри и на другиот медицински персонал, да ѝ помогнеме и на државата.Чувајте се, придржувајте се до мерките, останете дома и во добро здравје. 

Македонија | пред 5 години

skopje

Скопјани мака мачат и со загадувањето и бегаат на Водно, но оттаму се гледа магла, но не и градот

Покрај со КОВИД19, Скопјани мака мачат и со загадувањето. Само две од триесетина мерни станици во Скопје, покажуваат дека воздухот не е загаден. Жителите на Главниот град велат дека неможат да дишат. Воздухот мириса на чад, велат тие. Дека воздухот е загаден е забележливо и од маглата.Утрово погледот од Водно кон Скопје е разочарувачки. Од таму освен густа магла, градот не може да се види.Загаден воздух, според апликацијата „Мој воздух“ детектираат мерните станици МЗТ-Гази Баба, Автокоманда, Кисела Вода односно мерната станица во близина на улицата „Борис Трајковски“, Аеродром кај Тобако, Маџир Маало, Клинички Центар, Центар, мерната станица кај „Излет“ во близина на булеварот „Партизански одреди“, мерната станица во Градски парк, Козле, како и мерната станица во СУГС Никола Карев во Карпош 3, Ѓорче Петров, Бардовци.Делумно загаден воздух покажуваат мерните станици во Аеродром кај Реонски центар и булеварот „Јане Сандански“, Ново Лисиче, Гази Баба, Црниче, Железара, Центар 2, Карпош 2, Алуминка, Карпош 4, Топанско Поле.Високо ниво на загаденост покажува мерната станица во Кисела Вода, лоцирана во близина на улицата „Димо Хаџи Димов“.Чист воздух, покажуваат мерните станици лоцирани кај Министерството за внатрешни работи и Сопиште.Инаку долготрајната изложеност на загадување на воздухот може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од Ковид-19 во светот во просек за околу 15 проценти, покажуваат неодамна објавеното меѓународно истражување. Студија објавена во списанието „Кардиоваскјулар рисерч“ (Cardiovascular Research) се обидува да процени до кој степен загадувањето на воздухот, кое веќе предизвикува предвремена смрт, може да влијае на смртноста од Ковид-19.Тој однос може да биде околу 19 проценти во Европа, 17 отсто во Северна Америка и околу 27 проценти во источна Азија, според професорот Џос Леливел од Институтот за хемија Макс Планк во Мајнц, Германија, објави Сител.Долготрајната изложеност на загадување на воздухот придонесе за 29 отсто од смртните случаи од Ковид во Чешка, 27 отсто во Кина, 26 отсто во Германија, 22 отсто во Швајцарија, 21 отсто во Белгија, 19 отсто во Холандија, 18 отсто во Франција и 15 отсто во Италија, 14 проценти во Велика Британија, 12 проценти во Бразил, 11 проценти во Португалија, девет проценти во Шпанија, шест проценти во Израел, три проценти во Австралија и само еден процент во Нов Зеланд.Истражувачите користеле претходни американски и кинески епидемиолошки податоци за загадувањето на воздухот и Ковид-19 и САРС од 2003 година, болести слични на новиот коронавирус. Во нивните пресметки, тие ги комбинираа со сателитски податоци за глобално изложување на мали честички на загадување (PM2, 5) и податоци од мрежи за следење на загадувањето на почвата.Авторите не утврдуваат врска помеѓу директната причина и последиците од тоа загадување врз смртноста од Ковид-19.

Скопје | пред 5 години

marjanco

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид 19

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски е позитивен на коронавирус. Тој ова го соопшти на социјалната мрежа Фејсбук.„И, покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за ковид 19, сум позитивен“, напиша Стојановски.Тој додава дека ќе биде во изолација и сите службени обврски и работни активности ќе ги извршува од домашни услови.„Да бидеме одговорни, дисциплинирани и совесни, бидејќи само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата“, додава Стојановски.

Македонија | пред 5 години

lap-top

ВМРО-ДПМНЕ: 200 илјади евра за новогодишно украсување, Шилегов да ги донира за лаптопи за учениците

Кога градот Скопје е најпогоден град од корона-заразата и луѓе умираат секој ден, на Шилегов му дојде до новогодишна забава, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.„Тој распиша тендер за новогодишно украсување на Скопје од цели 200 илјади евра во време кога илјадници ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата поради недостиг на компјутерски уреди“, се додава во соопштението.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија бара прифаќање на веќе еднаш одбиената иницијатива парите за новогодишно украсување да се пренаменат за купување на лаптоп компјутери за учениците кои немаат и не ја следат квалитетно онлајн наставата.„Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје. Потсетување, за само неколку години се потрошени половина милион евра за новогодишни прослави“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека на Скопје му треба градоначалник, а не шминкер.

Скопје | пред 5 години

gjorgi-naumov

Почина првиот министер за правда на независна Македонија

На 90 годишна возраст денеска починa Ѓорѓи Наумов, првиот министер за правда во независна Македонија, кој на оваа функција беше од 20 март 1991 до 4 септември 1992. Тој беше еден од активните политички чинители во 90-те години на минатиот век и министер за правда во првата Влада на Република Македонија избрана по воведувањето на политичкиот плурализам и по одржувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година. На нејзино чело беше избран Никола Кљусев, а по својот карактер беше експертска, техничка Влада.Во деведестите години Наумов беше дел од познатата штипска политичка четворка, Киро Глигоров, Никола Кљусев и Јордан Мијалков кои ги yдријa темелите на независна Македонија.Наумов е роден штипјанец, кој основното образование го завршил во родниот град, а Правен факултет во Скопје. Магистрирал на правни науки на Универзитетот во Загреб. Професионално кариерата ја почнува во Јавното oбвинтeлство, а извесен период бил и заменик Републички oбвинитeл.Поcмpтните останки ќе бидат изложени од 12 до 13 часот во Градската капела, а опелото ќе биде извршено во црквата „Света Тројца“ во Штип.

Македонија | пред 5 години

korona-maski

Филипче: Носете маски, асимптоматски се 75 отсто од случаите на ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче повторно апелираше да се носат маски, со објаснување дека 75 проценти од сите случаи на ковид-19 нсе асиптоматски и може да го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа.„Дури 75 проценти од сите случаи на ковид-19 се асиптоматски, односно немаат симптоми. Тоа значи дека тие може да го пренесуваат вирусот без воопшто да бидат свесни за тоа. Затоа е важно сите да носиме маски и да бидеме сигурни дека и асимптоматските носители не го шират вирусот. Со носењето маска се штитиме себе, но пред сѐ другите. Личната одговорност и свесност е клуч во борбата со пандемијата, а маските докажано се успешни во спречувањето на ширење на вирусот. #НосамМаска“, напиша Филипче на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

DZIMI

Нигериец кој живее во Македонија - кандидат за градоначалник во Штип

Прв пат во историјата на Македонија на избори се појавува човек со потекло од Африка кој живее во Македонија.На изборите во Штип ќе имаме пет кандидати од кои еден е со потекло од црниот континент, поточно роден е во Нигерија, а со децении живее во Штип и е добро познат на македонската јавност.Штипјанецот Симеон Поликарп Џими стана кандидат за градоначалник од партијата „Интегра“.Покрај Џими во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија.

Македонија | пред 5 години

pulmologija

Момче позитивно на КОВИД 19 предизвикало инцидент, нападнал болничар, затоа што не го пуштил без маска

Момче и неговата мајка двајцата позитивни на КОВИД 19, вчера попладне предизвикале инцидент во модуларната Ковид амбуланта на Пулмологија.Двајцата без маски сакале да влезат во амбулантата и кога биле опоменати да не влегуваат без маски и двајцата во исто време заради ковид протоколот момчето почнало да вика и да се заканува и на крај го нападнал болничарот.Откако си заминале тој повторно се вратил но овој пат со група другари со возила без регистарски таблици влегле во амбулантата и го нападнале болничарот. Кога дошла полиција тие се тепале и со полицајците и се е снимено на безбедносните камери велат за Либертас од Клиниката за пулмологија.Текстот во целост на:  Либертас

Македонија | пред 5 години

doktor-1

КОВИД 19 причина за смртта на уште еден здравствен работник - почина д-р Владимир Евтимовски

Здравствен работник е новата жртва на коронавирусот во Македонија. На 50-годишна возраст почина радиолог од Клиничката болница во Тетово, д-р Владимир Евтимовски.Неговите колеги изразуваат сочувсто на Фејбсук.„Мојот драг колега др. Владимир Евтимовски му ја предаде својата душа денеска на Господ Севишен, служејќи им на своите пациенти и во најтешките моменти! Почивај во мир драг пријателу! Секогаш ќе ни недостигаш!, вели неговиот колега од Тетово Арѓент Имери, радиолог и субспецијалист по дијганостика на дојка и изразува сочувство на Фејсбук.Имено, во понеделникот почувствувал симптоми, се тестирал, а позитивниот тест за присуство на коронавирус пристигнал во вторникот. Состојбата нагло му се влошила по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но по кратко боледување денеска ја изгубил оваа битка.   

Македонија | пред 5 години

infektivna_klinika-610x400

Пратеничка хоспитализирана на Инфективна: „Собрав малку сила да ви пишам…“

Пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова е позитивна на коронавирус и хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од Корона вирусот“, пишува Зајкова.Таа додава дека и нејзините родители се позитивни, за среќа со полесни симптоми и се борат со фамозниот непријател.„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле“, додава Зајкова.Како се чувствувам?– Телесната температура не ми спаѓа под 38.5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна!На Инфективна хоспитализиран е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за кој последно министерот за здравство рече дека е во добра здравствена состојба.

Македонија | пред 5 години

pendarovski

Пендаровски: Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за изборната победа!

Претседателот Стево Пендаровски ја честиташе победата на Џо Бајден за претседател на САД, како и на потпреседателката Камала Харис.-Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за изборната победа! Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата, напиша претседателот Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 5 години

krazba-kradenje

Приведен разбојник од Скопје

Полициски службеници од ОКР Карпош денеска (07.11.2020) го приведоа С.Р. (23) од Скопје, осомничен за разбојништво во книжарница на ул. Московска, обид за разбојништво во аптека и тешка кражба на ул, Бранислав Нушиќ. Против разбојникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до јавното обвинителство.

Скопје | пред 5 години

Mickoski-PRESS-2301-2

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до Џо Бајден за изборот

ВМРО-ДПМНЕ го честита изборот на новиот претседател на САД, Џо Бајден. Во честитката се вели:Посакуваме многу успеси, плодна работа и истрајност во борбата против глобалните предизвици. Се надеваме дека политиките на меѓународно поле ќе донесат мир и стабилност и ќе го обезбедат толку посакуваниот просперитет на секаде во Светот, но и во нашиот регион.Светот минува низ тежок период, можеби најтежок по Втората светска војна, затоа потребни се одлучност, крупни чекори и промени. Секој поединечно може да направи добри работи, но сите заедно и обединети во нашите заеднички цели можеме да постигнеме големи дела.Честитки за изборот!

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев: Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис!

Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла, Напиша на својот ФБ профил премиерот Зоран Заев. 

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Починати 14 лица и нови 1285 нови случаи на Ковид 19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43, Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадраци (21г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38782, бројката на оздравени пациенти е 23011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14661. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 16924, активни 6732• Куманово 2615, активни 641• Дебар 376, активни 74• Штип 1913, активни 424• Прилеп 1765, активни 798• Тетово 2670, активни 890• Струга 929, активни 186• Велес 1120, активни 672• Битола 996, активни 495• Охрид 924, активни 397• Кавадарци 708, активни 367• Гостивар 1437, активни 393• Гевгелија 478, активни 215 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 83 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1182, активни 649• Крива Паланка 279, активни 125• Радовиш 296, активни 115• Крушево 46, активни 23• Кочани 848, активни 266• Пробиштип 248, активни 94• Демир Хисар 104, активни 34• Македонски Брод 115, активни 15• Пехчево 60, активни 4• Берово 236, активни 60• Валандово 117, активни 36• Виница 224, активни 107• Делчево 299, активни 144 (74 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 90, активни 59• Свети Николе 543, активни 125• Кичево 724, активни 286• Ресен 284, активни 90• Неготино 232, активни 145 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3404 теста се преку: ИЈЗ-1181, ЦЈЗ Скопје-117, Авицена-534, Биотек-251, МАНУ -302, Жан Митрев (Филип Втори) -243, Систина со PCR метода -359, лабораторија Лаор –87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-127, Инфективна клиника-17, ГАК-0, Синлаб-83, Ремедика-44, лабораторија болница Козле-32, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -25, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 400• Гази Баба – 913• Аеродром -1079• Карпош – 923• Центар – 893• Кисела Вода – 803• Ѓорче Петров – 555• Бутел - 366• Шуто Оризари – 93• Студеничани – 33• Сарај – 63• Арачиново -14• Илинден – 160• Сопиште – 58• Чучер Сандево – 47• Петровец –62• Зелениково -37• Странец – 88• Нераспределен- 145

Македонија | пред 5 години

grad-skopje-2

(ФОТО) Изгасени огнови на отворено во Вардариште и Горно Лисиче

Благодарение на совесни граѓани кои веднаш пријавиле на отворената телефонска линија 193 и брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита и на Инспекторат на Град Скопје, во најбрз можен рок се изгасени намерно запалени огнови на отворено во Вардариште и во населбата Горно Лисиче, се вели во објавата од Град Скопје.Од Град Скопје додаваат:Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено на 193, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања