Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-test

На 6 пункта во Скопје се тестира со брзи тестови, ПЦР или брз тест е одлука на матичниот лекар

Од денеска на 6 пункта во Скопје се се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит Пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан. Овие тестови се за детектирање на вирусот КОВИД 19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути.Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест.Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку Мој термин. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен но симптомите сугерираат на КОВИД 19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на КОВИД19 вирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината. МЗ контиунирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава .

Македонија | пред 5 години

avtomobil-skopje

ФБ: Кога еден маж ќе е промискуитетен тогаш тоа е нормално, ако тоа го прави жена е Ку*ва

ФБ статус, по денешната објава дека е демолиран автомобил во Скопје, поточно испишан со погрдни зборови. Обајавата ја пренесуваме во целост:“Еби се со маж ти курво” - како освета веројатно од прељубена жена. Зошто мажот ти не се ебе со тебе туку се ебел со неа? Тука се сите двојни стандарди наметнати од општеството за машката и женската сексуалност. Дури и подлабоко дека жената е секогаш виновна - како во случајот, наместо сопругот на дотичната.Кога еден маж ќе е промискуитетен тогаш тоа е нормално, дури и охрабрувано од општеството со листи на мажи кои имале секс со најмногу жени, ако тоа го прави жена е курва, ороспија или што и да не друго. А сексуалната желба не е само одлика само на еден пол.Премногу лесно сме навикнати да го прифаќаме тоа етикетирање од општеството на жените и расфрлање со зборот курва. Не ти вратила на пораки - курва, не е заинтересирана за тебе - курва, не и се допаѓаш - курва, носи кратко - курва, самостојна е - курва којзнае со кој се има ебено да успее... 

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Истрага за едно лице за сторено кривично дело криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет и четиригодишен жител на Арачиново. Лицето е осомничено дека како соизвршител сторило кривично дело Криумчарење мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.Осомничениот заедно со непознато лице, по претходен договор, во патничко моторно возило марка „Опел-Зафира“, во доцните ноќни часови, прифатиле десетмина мигранти од Авганистан, кои илегално влегле на територијата на нашата држава. Петмина од мигрантите биле малолетни лица од четиринаесет и петнаесет години. Откако ги сместиле во возилото, осомничениот и непознатото лице кое го управувало возилото, по регионалниот пат ПЕ 1102, се упатиле кон границата со Р.Србија.Во близина на фабриката „ХИФ“ – Велес, во правец Градско – Велес на светлосната сигнализација од полициските службеници не застанале​, туку со брзина поголема од 100 км на час продолжиле да се движат. На околу 300 метри оддалеченост одеднаш го сопреле возилото и осомничениот и НН лицето се дале во бегство. Полициските службеници во напуштеното возило ги пронашле мигрантите, а по извршената претрага на теренот бил пронајден и лишен од слобода и осомничениот.На предлог на обвинителството судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со Решение на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

kosta

(ВИДЕО) Изјава на градоначалникот Георгиески за ребалансот на буџетот на Општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 51-та седница на Советот на Општина Охрид.-Буџетот кој беше изгласан на 26.12.2019 година, уште од самиот почеток на оваа календарска година беше изложен на предизвикот со кој се соочи нашата држава и целиот свет, а тоа е пандемијата од корона вирусот КОВИД 19.И покрај тоа што бевме изложени на еден ваков предизвик кој донесе низа социо-економски турбуленции, кои траат повеќе од осум месеци, среќен сум што Охрид успеа да заокружи една исклучително успешна година, со значајни капитални инвестиции во инфраструктурата и во образованието, но и да овозможи навремено сервисирање на процесот на раздолжување.Согласно мојот принцип на транспарентност во работењето, сакам да ја информирам јавноста дека со ребалансот на буџетот се кратат дел од средствата кои се планирани и се во тек на реализација, а за наплата ќе пристигнат во новата 2021 година. Со оглед на тоа, нивото на вкупниот буџет е намалено за 9% и изнасува 1.113.433.751 денар, додека основниот буџет изнесува 548.300.000 денари.Остварувањето на носечката програма во Буџетот за 2020 година-Уредување на градежно земјиште заклучно со 31.10.2020 година изнесува 70%. Ваквото високо ниво на реализација на оваа програма се должи на успешното завршување на реконструкцијата на улиците „Охридска Бригада“, „Прва Македонска Ударна Бригада“, улицата во населбата „Христо Узунов“ и улицата која минува низ поранешната касарна.Исто така беше реализирана изградбата на тротоари и велосипедски патеки на улица „15 ти Корпус“, беше извршено асфалтирање на тесни улици во повеќе села и населби, а во тек е релизацијата на големиот инфраструктурен проект за реконструкција на улица „Абас Емин“. За реализација на овие инвестициски проекти и голем број други проекти во делот на инфраструктурата, од општинскиот буџет беа издвоени околу 92 милиони денари.Со донесениот ребаланс на Буџетот се овозможува реализација на проектите за кои се завршени тендерските постапки, склучени се договори и се очекува во текот на последните два месеца од годинава да започнат со реализација. Дел од овие инфрструктурни проекти ќе се исплаќаат и во текот на 2021 година.Тука би сакал да ги издвојам проектите за реконструкцијата на улицата „Марко Цепенков“; изградба на коритото на река „Грашница“ во делот од булевар „Туристичка“ до улица „Железничка“; Изградба на резервоар за водоснабдување на селото Горно Коњско; изградба на потпорен ѕид во стариот дел на градот, поставување на подземни контејнери на повеќе локации во општината; набавка и поставување на типизираните тезги за продажба на сувенири и други предвидени програмски активности. Во делот на образованието продолжуваме со инвестициски активности во речиси сите основни и средни училишта.Оваа прилика сакам да ја искористам да упатам одговор и појаснување на неколку дезинформации, кои деновиве беа изнесени од страна на опозицијата:Како прво, привремените вработувања за 2020 година со предложениот ребаланс на буџет ги намалуваме од првичните 8,5 милиони денари на 5 милиони денари. Односно, општина Охрид во 2020 година за привремени вработувања ќе потроши нешто помалку од оваа сума. Врз основа на овој факт, смешна е изјавата на опозицијата дека се предвидуваат нови средства на оваа ставка.Не обвинуваат за враќање на стари долгови, а не го вреднуваат она што е најголем успех на оваа локална власт, а тоа е раздолжувањето на општината. Доколку не знаат еве да ги потсетам, долгот од 1.600.000.000 денари кој го наследивме во 2017 година, го сведовме на ниво 470 милиони денари по сите основи.Ова е податок што пред неколку дена го соопшти и Министерството за финансии, па така по скоро две децении, општина Охрид повеќе не е на првото место на листата на најголеми должници како локална самоуправа.Опозицијата треба да знае дека тие 40.000.000 кои ги споменуваат се по спогодби кои се потпишани и со нивно непочитување, се крши законот и се создава ризик за нови судски процеси и нови долгови за општината. Општина Охрид константно го намалуваа својот долг и не генерира нови долгови, тоа е за секое поздравување, а не за неосновани и празни критики. Се работи за инвестиција во иднината. Се работи за еден процес кој од самиот старт е јасен и транспарентен. Уште еднаш потенцирам дека за нецели две години долгот на општината е намален за фантастични 1,2 милијарди денари.На оваа тема, јавно би го запрашал господинот Сашо Донев, кој во име на опозицијата често изнесува невистини – Дали е грев што општина Охрид го исплати наследениот долг кон ЈП „Нискоградба“ во износ од 13.600.000 денари, од времето кога тој беше на челната позиција во тоа јавно претпријатие?Во делот на непродуктивните расходи, сакам да истакнам дека Општина Охрид оваа 2020 година ќе ја заокружи со нула трошоци за ресторански услуги и репрезентација и со реализација само на една исплата на име на трошоци за обележувањето на 8-ми декември 2019 година. Исто така, во програмата Градоначалник патните и дневните расходи со овој ребаланс се скратени за 355.000 денари.Воедно сакам да информирам дека сите средства што ми се исплатени на име патни и дневни расходи во 2020 година на крајот на годината ќе ги уплатам на сметката на Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“.За обвинувањата на опозицијата кои беа изнесени за намалувањето на средствата за изработката на просторни и Урбанистички планови, сакам да нагласам дека јавноста беше навремено информирана и дека оваа година се склучија четири договори со економски оператори за изработка на урбанистички планови во вредност од 9.858.421 денари. Се работи за подготовка на урбанистички планови за речиси сите села на подрачјето на општината.Би сакал да појаснам дека во програмата Изградба на системи за водоснабдување со донесениот ребаланс намалени се средствата за реконструкција на пумпната станица во Метропол во износ од 17.000.000 денари. Оваа програмска активност е во тек и за истата финансиските импликации ќе бидат во буџетот за 2021 година.Јас како градоначалник и оваа локална самоуправа, продолжуваме да работиме посветено и одговорно во остварување на сите планови и програми кои се во насока на исполнување на ветувањата кои се дадени пред граѓаните. Убеден сум дека и во иднина ќе оствариме значајни резултати во сите сегменти, кои ќе овозможат подобар развој и подобра иднина за нашата општина, изјави Георгиески за медиумите.

Македонија | пред 5 години

1

Маричиќ на онлајн конференција на министри за правда: Евроинтеграциите ќе ги забрзаат реформите во судството

Министерот за правда Бојан Маричиќ учествуваше на онлајн конференција на министрите за правда, која се одржува под покровителство на грчкото претседателство со Советот на Европа.Во обраќањето пред своите европски колеги, министерот се осврна на потребата од зголемување на довербата која граѓаните ја имаат во правосудниот систем.Маричиќ истакна дека зголемената отвореност и транспарентност на судството и обвинителството се клучните принципи на која се темели реформата и неговата мандатна мисија, чија главна цел е зголемување на довербата.- Остануваме посветени на реформскиот процес од Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални правда во блиска координација и партнерство со Брисел и Стразбур. Патот на евроинтеграцијата за нас е невообичаено долг, но посветеноста да се стане членка на ЕУ, секогаш била присутна и силна.Северна Македонија се согласи со новата преговарачка методологија и посилно партнерство со ЕУ и се надеваме дека историските прашања нема да бидат пречка за подобра иднина на земјата и регионот.Покрај сите турбуленции, Северна Македонија очекува отворањето на преговорите за пристапување кон ЕУ, а тесната соработка со институциите на ЕУ да бидат дополнителен, моќен мотив за подлабоки реформи во судскиот систем.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Од полноќ се зголемува цената на бензините

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 2.11.2020 година.Малопродажната цена на „евродизел“ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 49,50 денари/литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,365 денари/килграм и ќе изнесува 26,196 денари/килограм.Од 10.11.2020 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 58,50 (денари/литар)– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 60,50 (денари/литар)– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 49,50 (денари/литар)– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 49,50 (денари/литар)– мазут М-1 НС – 26,196 (денари/килограм)

Македонија | пред 5 години

sazdo_komita-678x381-36jhagx7hzqhqehk62lszk

Скопјанец обвинет за убиството на Никола Саздовски

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 21-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Обвинетиот, заедно со уште две лица за кои постапката беше радвоена и за кои веќе е донесена првостепена пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, на 29.06.2018 година на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Тие му пристапиле на оштетениот на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал, тие му се обратиле со зборовите „А ти си тој Никола Саздовски викан Саздо“, по што сите тројца заедно започнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силината на ударите оштетениот изгубил рамнотежа и паднал на тротоарот, по што обвинетите продолжиле со клоци да го удираат во градите и главата. Од ударите Саздовски западнал во коматозна состојба и како резултат на наесените тешки телесни повреди починал на 09.07.2018 година на Одделението за анестезија и реанимација при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ.Со Обвинителниот акт јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да влијае врз сведоците.​

Македонија | пред 5 години

zaharieva-osmani

Објавен нон-пејпрот - Македонија е подготвена официјално да изјави дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година

Австрискиот новинар Кристијан Фердинанд го објави нон-пејпрот, што било договорено на средбата во Берлин меѓу министрите Никола Димитров, Бујар Османи и Екатерина Захариева, минатата недела.Во документот пишува дека Бугарија ќе ја одобри преговарачката рамка за Македонија и ќе се согласи на одржување на првата меѓувладина конференција, објави Телма.Македонија, пред членките на унијата и пред европските институции официјално ќе изјави дека краткото име, Северна Македонија се однесува исклучиво на политичкиот ентитет Република Северна Македонија.Како што пишува во нон-пејпрот договорен во Берлин, Бугарија го задржува правото, во унилатерална изјава која ќе биде анекс на преговарачката рамка, да објави дека македонски јазик го подразбира македонски јазик во согласност со Уставот на Северна Македонија.Македонија е подготвена официјално да изјави дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година.Што стои понатаму во нон-пејпер договорот на: Телма  

Македонија | пред 5 години

ilinden

МД „Илинден“: Ние сме Македонци, во Албанија ниту имало, ниту има Бугари

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, остро реагира на, како што стои, неоснованите тврдења на друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча, за постоење бугарско малцинство во Албанија, како реакција на ставот на „Илинден“ дека во оваа земја немало и нема Бугари.МД „Илинден“-Тирана своите ставови и објави ги потпишува со името и презимето на претседателот, за да се знае дека има и претседател, раководство и членство, претставувано од претседателот и никогаш не се затскривало јасно и гласно да го каже својот став.– Претседателот на МД „Илинден“-Тирана е Македонец, роден во Тирана со предци кои потекнуваат од Голо Брдо. И затоа не се срами, како Македонец да се потпише на реакцијта на членството на друштвото што го претставува. За разлика од тоа, реакцијата на друштвото за бугарско-албанско пријателство од Корча нема потпис, ниту име на претседател, ниту заменик. Па, прашањето кое реално се наметнува е кои се тие Бугари во Албанија кои се срамат да си го напишат името како Бугари? Или, дволичноста повеќе се исплати, прашува друштвото.

Македонија | пред 5 години

zaev-3

(ВИДЕО) Заев: Граѓаните од трите земји ќе се движат без ПЦР тестови и само со лични карти

Со денешниот потпишан меморандум за соработка, доколку македонски граѓанин се затекне позитивен на територијата на Албанија или на Србија, а има потреба да биде хоспитализирн и лекуван на таа територија, трошоците ќе ги покрие државата. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на потпишувањето на меморандумот за соработка во битката против Ковид-19 меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија кои ги потпишаа премиерите Заев, Рама и Брнабиќ.Исто така Заев објасни дека почнува влегувања за трите земји без дополнителен ПЦР тест и со лични карти, како што беше и досега.Заев истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка помеѓу земјите.„Со денешниот меморандум го поставивме патот за уште подобра соработка на нашите соседни земји, сакаме да го ослениме животот на граѓаните и да поставиме основи за економско закрепнување. Почнувајќи веднаш работиме на координација во обезбедување на ваквина за Ковид-19“, истакна Заев.Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е многу среќен и горд што трите земји го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во борбата против Ковид-19, како што рече тој преку Меморандумот земјите ќе можат заедно да разменуваат информации и ќе превземаат мерки во борбата против коронавирусот.„Важно е со тоа да создаваме поголема блискост и доверба, да можеме и на најконкретен начин да им помогнеме на нашите луѓе. Со овој меморандум ќе можат нашите болници да ги примат на лекување луѓето од С. Македонија и Албанија кои се заразени со вирусот и на тој начин ќе постигнеме поголема меѓусебна сигурност“, рече српскиот претседател.Вучиќ истакна дека е многу важно тоа што земјите меѓу себе не ги затвораат границите оставајќи простор заедно да се борат со вирусот бидејќи тој не познава националности.„ММФ предвидува дека нашите три земји во следниот период од три години ќе имаат најголема стапка на развој во овој дел од Европа и верувам дека со дополнително поедноставување на процедурите и зголемување на капитал и луѓе можеме да постигнеме многу кога формално ги решивме сите пречки. Ќе имаме многу повеќе Албанци во Ниш што сакаат да ја посетат Србија, но и многу Срби што сакаат да ги видат Драч, Тирана и Валона и сите други места во Албанија, како што сакаат да ги видат Скопје, Охрид и Велес во С.Македонија“, рече Вучиќ.Премиерот на Албанија, Еди Рама потпишувањето на Меморандумот и меѓудржавниот договор за слободно движење на српските и албанските граѓани со лични карти ги оцени како историски чекор напред за трите земји.„Среќен сум што од утрешниот самит во Софија почнува една нова фаза на нашата тесна соработка и Косово ќе се предружи на иницијативата. Многу е важно таму да ја повториме нашата посветеност за интеграција на балканските земји во ЕУ и зелениот договор кој сите го прифаќаме. Цврсто сум уверен дека оваа иницијатива ќе расте и ќе ни помогне на сите нас“, рече албанскиот премиер.Рама додаде дека за земјите не постои друг пат ниту можност од меѓусебна соработка и комуникација за подобра иднина, тој исто така, упати благодарност за денешната иницијатива и организацијата на македонската влада.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Двајца државјани на Албанија осомничени за трговија со марихуана и за напад на полицаец во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца албански државјани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службени дејствија од член 382 став 1 од Кривичниот законик.Лицата на возраст од 21 и 19 години набавиле наркотична дрога – марихуана од Република Албанија и преку нелегален премин ја внеле во земјава со намера да ја продадат. На 6 ноември, при обид да им биде извршен личен преглед, осомничените дале отпор и ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со тупаници. Првиот осомничен бил совладан и лишен од слобода, а во неговата чанта биле пронајдени околу 890 грама марихуана. Вториот осомничен се дал во бегство, но во утринските часови следниот ден сам се предал во полициска станица.Јавниот обвиител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повторат делото и да влијаат врз сведоците.​​

Македонија | пред 5 години

09-11-2020-Kostadinov

Костадинов: Со ребалансот на Буџетот обезбедивме пари за санирање на здравствено -економските последици од коронавирусот

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е максимално посветена на санирање на економските и здравствените последици од коронакризата. Последен пример за тоа е усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година. Со него, се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет мерки вреден 470 милиони евра, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Костадинов додаде дека обезбедиле силна помош за стопанството, но и за граѓаните кои се погодени од кризата. 70 милиони евра се наменуваат за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари.Обезбедени се сериозни средства за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, занаетчиите и вршителите на самостојна дејност.Со 27,6 милиони евра ја стимулираме приватната потрошувачка преку платежни картички од 6.000 денари за 283.000 наши сограѓани.Дополнителни 243 милиони денари се наменети за справување со здравствените последици од коронавирусот. Овие средства ќе бидат распределени за набавка на лекови, вакцини и тестови за ковид 19.Во овие 243 милиони денари, вклучени се и средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот, во сите ковид центри низ државата.Истовремено, со ребалансот се обезбедуваат и средства за финансирање 19 капитални проекти на локално ниво во десетици општини низ државата.И во време на сериозна здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ континуирано работат на зајакнување на здравствениот систем и обезбедување силна поддршка за секој граѓанин и секоја компанија погодени со кризата, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

avtomobil-skopje

(ФОТО) Демолиран автомобил во Скопје, со спреј напишано: „Ку*ва, е*и се со маж ти“

На социјалната мрежа Твитер објавени се фотогрфии од демолиран автомобил во Скопје. На фотографиите пишува:Кога се зафаќаат по две паркинг места....а на автомобилот: „Ку*ва, е*и се со маж ти“https://twitter.com/yarrre/status/1325738394136272896?s=20&fbclid=IwAR1JHzQ69F8Dwu1Fsagii_Bix0jrhilG61A_se7ubYmDYe4tfmwtJgbknOQ

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Кисела Вода продолжува да прави попис на урбаното зеленило

Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за воспоставување на зелен катастар на својата територија.Со пописот на урбаното зеленило во рамки на првата фаза од проектот, во сите основни училишта и градинки на територијата на општината, и во урбаните заедници „Бирарија“, „11 Октомври - згради“ и во дел од УЗ „Цветан Димов“, беа евидентирани сите зелени површини, дрва и останати садници. Со втората фаза од проектот, која во моментов е во тек, во дел од УЗ „Цветан Димов“ и во УЗ „Кисела Вода“, ќе бидат опфатени 2.300 дрва и грмушки.Сите информации за урбаното зеленило во Кисела Вода, ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило, кој ќе биде достапен на веб страната на Општина Кисела Вода. Собирањето и анализата на просторните податоци за зеленилото, на терен го врши фирмата „Трифор“.Согласно правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото, Зелениот катастар е попис и „лична карта“ на урбаното зеленило и претставува основа за изработка и следење на спроведувањето на Стратегија за развој на зеленилото, Основен план за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита и реконструкција на зеленилото и Годишна оперативна програма за подигање и одржување на урбаното зеленило. За секое регистрирано дрво и грмушка ќе има податоци за степенот на апсорпција на штетни материи преку утврдените индикатори на штетност, неговата старост, потенцијалната опасност и потреба од сеча, а ќе се утврди и можноста за засадување на нови садници.Општина Кисела Вода минатата година во соработка со Градот Скопје и со УНДП, започна со активности за изработка на Катастар на зеленило.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Ацева: Целосно реконструирана улица Востаничка во Кисела Вода, обновена е и водоводната мрежа

И покрај пандемијата со коронавирусот, СДСМ континуирано работи на реализација на бројни инфраструктурни проекти во Градот Скопје.  Посветениот и плански пристап на локалната власт во Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов му дава на Градот нов, урбан лик, со постојан развој и инфраструктурно уредување, истакна Бојана Ацева, советничка на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода.Ацева додава:Се наоѓаме на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, чија реконструкција се изврши на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На делницата долга 1.100 метри се обновени коловозот и рабниците, а се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките.Истовремено, на улицата Востаничка беше обновена и водоводната мрежа и беа изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа реконструирани минатата година.СДСМ како на локално така и на централно ниво постојано работи и вложува во упаредувањето на патната инфрастурктура. Обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај за сите граѓани.Во период што предстои посветено продолжуваме да вложуваме во развојот на инфраструктурата во општина Кисела Вода и Град Скопје.Градиме по план во интерес на сите граѓани. работиме уште повеќе за да биде уште подобро, истакна советничката на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода. 

Скопје | пред 5 години

sudija

ВМРО ДПМНЕ: Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат, со Заев секој суд стана како пљачката СЈО

Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат. Додека во земјава народот се вори за живот тие немаат право да си ги покачат парите. Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе. На земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Тие додаваат:Дополнително Уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Гласањето на додаток на плата е незаконски.Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, се друго е кршење на законите.Дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?!Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

DZIMI

Симон Поликарп-Џими: Не смееме да дозволиме Македонија да се испусти, да стане како Сахара – без луѓе

Симон Поликарп-Џими е првиот Африканец што станал кандидат за градоначалник, на предлог од Интегра за предвремените избори за градоначалник на Штип.Тој вели дека не размислувал многу за предлогот на Интегра, а како што порача во интервју за ММС, главен приоритет ќе биде да ги задржи младите во градот.„Јас сум прв Африканец, прв Нигериец што станал кандидат за градоначалник. Како што многу дошле и останале, така и јас ја засакав оваа мила и убава земја која за мене секогаш ќе биде Македонија. Не смееме да дозволиме Македонија да се испусти, да стане како Сахара – без луѓе“, вели Џими.

Македонија | пред 5 години

petar-kolev

Колев: ГДУ не учествува на избори каде што исходот се знае предвреме

Има неколку причини поради кои ние мислиме дека не треба да учестуваме на предвремените локални избори. Со спортски речник ова е наместен натпревар, односно со крај што се знае предвреме, изјави во Утрински брифинг Петар Колев, претседател на ГДУ, за не учеството на неговата партија на локалните избори во Штип.Наместо да бидат печатени материјали и трошење средства на рекламен материјал овие пари може да се пренаменат на справување со ковид-19. Од друга страна имавме поместување на предвремените избори и не знам зошто се инсистира на овие локални во Штип. Кога има желба и волја во едно општество секогаш може да се најде легитимен начин да се излезе од овој вакуум, смета Колев и додава дека ова е нелогично решение мотивирано од политички интереси. Прашањето е што добиваат штипјани од избори во декември. Јас ве убедувам дека нема да добијат ништо. Немаме капитални инвестиции, немаме средства во буџетот. И во едни вакви избори да се трошат пари за рекламирање, ставање на ризик на сите инволвирани во овој процес е безсмилено, непрагматично и нерелевантно“, изјави претседателот на ГДУ Петар Колев во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна тв.Во продолжение целиот разговор со Колев:

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

Уставните судии сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите

Уставните судии на 22 октомври сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите, но направиле преседан. Додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место парламентот да им ги изгласа со закон, објави СДК.МК.Кај нас, со посебни закони за плати на судиите (во редовното судство) и на обвинителите се регулирани надоместоците на овие две професии, како што е секаде пракса во светот кога станува збор за ризици во работата. За уставните судии таков закон нема, зашто тие земаат поголеми плати од обвинителите и од редовните судии во основните, апелационите, управните судови и во Врховниот суд, а немаат ни толкав ризик во работата.Уставните судии не сослушуваат обвинети, не одредуваат притвор, не судат за организиран криминал, ниту за корупција, убиства, силувања, педофилија. Не одат на увид на несреќи, не трпат таков тип ризик во работата. А тие токму за овие ризици си предвиделе надоместоци со Деловник за работа.Текстот во целост на:  СДК.МК. 

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Почнува враќањето на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“

Од денекса ќе почне исплатат на средствата на „Викенд без ДДВ“ од скенираните фискални сметки за време на Викендот без ДДВ.Сите кои купуваа домашни производи, компјутерска опрема или користеа услуги, во целост ќе го добијат платениот данок од 20, односно 10 отсто на нивните трансакциски сметки.Викендот без ДДВ е мерка дел од четвртиот сет на антикризни мерки со цел да се вратат повеќе средства кај граѓаните, а со тоа да се поттикне потрошувачката и економијата.Кон крајот на наредната недела УЈП ќе започне и со редовната исплата за скенираните сметки за претходното тримесечие, односно за месеците јули, август и септември.

Македонија | пред 5 години

evropski-sud

Судот во Стразбур пресуди во корист на тужители Роми и ѝ наложи на Македонија да им исплати надомест поради малтретирање од полицијата

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во корист на двајца тужители, Роми, застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР), кои биле малтретирани додека биле малолетни, од страна на полицијата во Скопје, во 2014 година.„Судот ѝ наложи на Владата на Северна Македонија да им исплати на Ромите, кои се сега на возраст од дваесет и три години и деветнаесет години, износ од 7.500 евра, поединечно“, се наведува во соопштението на ЕЦПР, објави Макфакс.Предметот се однесува на инцидент од 19 мај 2014 година. Тужителите тогаш биле на возраст од 16 и 13 години.Полициските службеници, припадници на „Алфите“, барале двајца силеџии, кои биле пријавени дека нападнале и ограбиле дваесетгодишна жена и кои биле опишани како мажи со темен тен, на возраст помеѓу 16 и 18 години. Подоцна, полициска патрола ги пронашла двајцата малолетници, веднаш напаѓајќи ги на улицата, пред да го однесат шестнаесетгодишниот во полициски притвор во полициската станица Центар. Во полициската станица, шеснаесетгодишното момче било наводно дополнително тепано неколку часови од страна на службениците, до кога неговиот татко бил повикан во станицата и на момчето му било кажано „најди ја чантата или ќе те убијам пред татко ти.“ Под закана, тој потпишал признание дека тој украл рачна чанта од дваесетгодишна жена, претходно истата вечер. Тринаесетгодишното момче исто така изјавило дека полициските службеници го шамарале по лицето и на улицата му извикувале „вие Цигани, вие лажете и крадете!“. 

Македонија | пред 5 години

taco

Почина младиот спортист од Охрид Трајан Целески Тачо

Почина младиот спортист од Охрид Трајан Целески Тачо, за кого охриѓани во неколку наврати сплотено се собираа средства за операција.На Тачо во 2016 година кога му беше дијагностициран тумор на мозокот. Тој не се откажуваше. Неговиот ведар дух, позитивна мисла и голема поддршка еднаш успеа да ја совлада болеста и после се, се врати на спортските терени но за кратно. Болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба стануваше се полоша.Трајан Целески-Тачо боледуваше од тумур Астроцитома.Охриѓани собираа парични средства за операција во Италија, но за жал Тачо не издржа.Нека почива во мир.

Македонија | пред 5 години

sovetnicka

54-годишна советничка на општина Крушево почина од Ковид-19

54-годишна советничка во општина Крушево почина од коронавирус.Оваа вест е потврдена од страна на градоначалникот на општина Крушево, Томе Христовски кој на својот Фејсбук профил додава дека секогаш ќе го паметат придонесот на Агапи Чункоска.„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот.Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот“, посочува Христовски. 

Македонија | пред 5 години

zaev213

Заев, Вучиќ, Брнабиќ и Рама ќе потпишат меморандум за соработка во услови на ковид-кризата

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а во присуство на министрите за здравство, ќе одржат координативен состанок преку интернет видео врска, по што ќе потпишат меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови на Ковид-19 кризата.Премиерот Зоран Заев ќе биде и домаќин преку видео врска и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.По потпишувањето на договорот ќе следат кратки обраќања на лидерите.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведен тетовец затоа што кафаната му работела по 21 часот

Синоќа околу 22.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(29) од Тетово, поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по чл.206 од Кривичниот законик.При контрола на угостителски објект во Тетово, во негова сопственост, било констатирано дека истиот бил отворен по 21.00 часот и во него престојувале гости. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања