Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

grabez-skopje

(ВИДЕО) Вооружен грабеж во Скопје, разбојникот фатен на камера!

На социјалните мрежи е споделено видео од надзорни камери во обложувалница, на кое е уловен моментот кога двајца вооружени крадци вршат грабеж.https://twitter.com/DobitenT/status/1326156804766752770?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1326156804766752770%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fcrna-hronika%2Fvperuva-pishtol-vo-vrabotenata-dodeka-drugarot-krade-snimka-od-vooruzen-grabez-vo-skopje%2F

Скопје | пред 5 години

vakcina

За неколку часа се продадоа сите вакцини против сезонски грип на приватно во Скопје

За неколку часа се продадоа сите вакцини против сезонски грип на приватно во Скопје. Денеска, откако почна вакцинацијата, во Центарот за јавно здравје Скопје продадни се сите 2.000 дози од по 800 денари, изјави за државната агенција МИА директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов.Стојанов вели дека чекаат да добијат уште 2.000 вакцини кои сè уште не им се испорачани од производителот.„Осумдесет отсто од категориите граѓани кои требаше да ги добијат бесплатно вакцините, дојдоа кај нас и ги потрошија. Причината е тоа што преку ‘Мој термин‘ оваа недела им е пополнет терминот и луѓето не сакаат да чекаат, сакаат да си платат и да завршат побрзо работа. Луѓето се исплашени и сакаат да си го заштитат здравјето. Тоа го има во цел свет. Белгија за еден ден ги потроши. Минатата година 610 вакцини против грип ги фрливме, немаше кому да ги дадеме“, вели Стојанов.Комерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат Центрите за јавно здравје (ЦЈЗ), каде и ќе се врши вакцинирањето.Министерството за здравство денеска соопшти дека почната е вакцинацијата против сезонски грип и дека годинава, за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона. Термините за бесплатно вакцинирање ги закажуваат матичните лекари, а се вршат во здравствените домови и општи болници во градовите.

Скопје | пред 5 години

market

Растат трошоците за живот

Трошоците на животот во октомври 2020 година, во однос на претходниот месец, имаат раст од 0,1 отсто, цените на мало намалување за 0,5 отсто. Во однос на октомври лани трошоците на живот бележат рат од 2,1 отсто, а цените на мало од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.Според објавените податоци пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 5,2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,2 отсто, маслото и маснотиите за 3,7 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9 отсто и виното за 0,2 отсто.Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за два отсто, накитот, часовниците и рачните часовници за 1,6 отсто, парамедицинските услуги, градините, растенијата и цвеќињата за 1,5 отсто, гасот за домаќинствата, цврстите горива за 1,4 отсто, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоци за 1,1 отсто, игрите, играчките и хобијата, услугите за култура за 0,3 отсто.Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,7 отсто, рибата и морските плодови за 0,7 отсто, прехранбените производи, неспомнати на друго место за 0,5 отсто, месото за 0,4 отсто и пивото за 0,2 отсто. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 8,4 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за три отсто, течните горива за домаќинствата за 0,8 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, моторните возила за 0,6 отсто, книгите за 0,4 отсто, текстилот за домаќинството, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,3 отсто, мебелот и покуќнината, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите услуги за опрема за сопствен превоз, медиумите за снимање, домашните миленици и сродните производи за 0,2 отсто.

Македонија | пред 5 години

10112020_PVRSM_Zaev_potpisuvanje-na-Deklaracija-1

Лидерите од Западен Балкан ги потпишаа Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција за чекор поблиску до единствениот пазар на ЕУ и Декларацијата за зе...

Лидерите на земјите од Западен Балкан, учесници на денешниот Самит во Софија во рамките на Берлинскиот процес, денеска ги потпишаа Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ, и Декларацијата за зелената агенда, кои се изработени и усогласени во годината кога со процесот ко-домаќини се Република Северна Македонија и Република Бугарија.Во Декларација на лидерите на земјите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар обединувачката заложба е трансформацијата на регионот во склад со правилата и стандардите на ЕУ, а со цел да се зајакне конкурентноста на регионот за да се приближиме до стандардите на единствениот пазар на ЕУ. За оваа на Самитот во Софија е донесен и Акциски план со конкретни чекори кои на регионалниот пазар ќе му обезбедат да се интегрира во ланците на европскиот и светскиот пазар.Во поддршка на реализацијата на оваа цел клучна улога има сеопфатниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан за проекти во производните сектори и одржливата инфраструктура, како неопходен придонес за да се дефинира заедничката иднина на регионот во ЕУ за просперитет на граѓаните и компаниите, кои се залагаат да ги уживаат истите слободи како компаниите и граѓаните во Европската унија.Лидерите на земјите од Западен Балкан денеска ја потпишаа и Декларацијата за зелената агенда за Западен Балкан која има за цел да оствари јаглеродно неутрален континент до 2050 година, заедно со ЕУ, преку воведување во главните текови на строги климатски политики и преку преземање реформи на енергетскиот и транспортниот сектор.Декларацијата на која се обврзаа лидерите од регионот предвидува и деполуција на воздухот, водата и почвата во Западниот Балкан како заеднички интерес и на земјите од регионот и на ЕУ.Оваа декларација го опфаќа и земјоделието за имплементирање на политики за минимизирање на неговото негативно влијание врз животната средина и врз климата, како и за обезбедување на здрава храна по пристапни цени за граѓаните од земјите на Западниот Балкан и извозните пазари.Со оваа декларација земјите од Западен Балкан ги прифаќаат и европските политики за долгорочна стратегија за запирање на губењето на биодиверзитетот, заштита и обновување на еко-системите и биолошки диверзитет за што се предлагаат серија активности.Учесниците на лидерскиот Самит на земјите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес денеска во Софија во завршницата на настанот го усвоија документот „Заклучоци на ко-домаќините“ кој се усвојува после секој Самит од овој процес во кој, меѓу другото, на Република Северна Македонија и на Република Бугарија им оддадено високо признание на спроведувањето и организацијата на сите настани во текот на оваа година во која за прв пат со процесот управуваа две земји, една членка на ЕУ и една земја кандидат за членство.Во прифатените „Заклучоци на ко-домаќините“ сите лидери на Самитот, земјите од Западен Балкан и нивните партнери од ЕУ, се согласија дека идејата за заедничко домаќинство, која за прв пат е применета во рамките на Берлинскиот процес претставува јасен сигнал за зајакнатата регионална сопственост на процесот и дополнително ги зајакнува напорите насочени за политичка и социо-економска конвергенција и кохезија на земјите од регионот и на регионот во целина со ЕУ.Потпишувањето на Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ, и Декларацијата за зелената агенда, го поздравија премиерот Борисов и канцеларката Меркел.

Македонија | пред 5 години

10.11-1

Донација од медицинска опрема за македонското здравство пристигна од Обединетите Арапски Емирати

Во духот на билатералните пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати вчера на аеродромот во Скопје пристигна 10 тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.Доделената помош е во рамките на Емиирејтс еид (ЕMIRATES AID - COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на Шеикот престолонаследник и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби.Министерството за здравство доби донација од заштитни маски, скафандери, визри, заштитни наочари и ковид тестови од Обединетите арапски емирати. Опремата и тестовите во текот на наредните денови ќе бидат распределени низ болниците во земјава.Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се заблагодари за оваа донација посочувајќи дека во време кога целиот здравствен систем секојдневно се бори со зголемениот број на пациенти од вирусот Ковид 19, секоја помош е добредојдена.

Македонија | пред 5 години

10112020_Samit-vo-Sofija-6

Заев: Усвоивме акциски план за заеднички регионален пазар за да го сообразиме нашето идно учество на единствениот европски пазар

Во своето обраќање на пленарна сесија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев ги издвои како особено значајни декларациите за Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан и како нови можности и предизвици за земјите од Берлинскиот процес.Премиерот Заев, како ко-домаќин на Самитот заедно со бугарскиот премиер Борисов, истакна дека во овие невидени времиња заради пандемијата со КОВИД-19, имаме извонредна можност заеднички да поразговараме за визијата за нашиот регион во наредните години благодарение на новите стратешки документи подготвени за време на ко-домаќинството на Северна Македонија и Бугарија – Акцискиот план за заеднички регионален пазар, како и со Економскиот и инвестициски план и Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан.„Влегуваме во нова фаза на економски раст и на нашата регионална економска соработка за да се сообразиме со процесот за пристапување кон ЕУ и за нашето идно учество на единствениот пазар на ЕУ. Во овој контекст, преку воспоставување на рамка и преку дефинирање на конкретни активности во сите области на четирите слободи на ЕУ, збогатени и со дигиталниот, инвестицискиот, иновацискиот и индустрискиот столб, новиот Акциски план за заеднички регионален пазар обезбедува солидна основа во таа насока“, истакна премиерот Заев.Тој додаде дека Акцискиот план за заеднички регионален пазар ќе ја унапреди регионалната трговска размена на стоки и услуги, движењето на луѓе, капитал и знаење, и ќе ги отстрани сите постоечки бариери за тоа дополнително со надградување на процесот на дигитализација, на инфраструктурата, со подобрување на конкурентноста на секое од стопанствата на земјите од регионот, како и со подобри вештини преку подобрено образование, истражување и иновации и зелен развој.Друг многу важен дел од идната визија за Регионот, рече Заев, е неговата зелена трансформација, и во таа насока Зелената агенда е јасен сигнал и чекор напред за поблиска интеграција на Западен Балкан во политиките на ЕУ за животната средина.„Ќе треба да соработуваме поблиску во остварувањето на поамбициозни цели во кружната економија, одржливото земјоделство и производство на храна, и во биоразновидноста. Европската Унија јасно ја дава својата поддршка за зелена и дигитална транзиција на Западен Балкан. Сето ова треба да доведе до одржлив економски раст и креирање на работни места бидејќи Акцискиот план за заеднички регионален пазар и Зелената агенда, заедно со Економскиот и инвестициски пакет на ЕУ претставуваат, креираат синергија со силна политичка порака, којашто ќе му помогне на Регионот на својот пат кон пристапување кон ЕУ“, потенцираше премиерот Заев во своето обраќање на пленарната сесија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија, и додаде дека за успехот на овие иницијативи се неопходни континуираните суштински реформи во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и организираниот криминал, функционирањето на демократските институции и јавната администрација.На пленарната сесија со свои обраќања се вклучија шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, претседателот на Франција Емануел Макрон, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерот на Италија Џузепе Конте, премиерот на Полска Матеуш Моравјецки, министерката за европски прашања и Устав на Австрија Каролина Едштадлер, премиерот на Словенија Јанез Јанша, министерката за европско соседство и Америка на Обединетото Кралство Венди Мортон, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеф Борел, европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји, како и највисоките претставници на Европската инвестициона банка, на Европската банка за обнова и развој, на Светска банка, на RYCO, и на СЗО за Европа.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Филипче: На интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите со ковид

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче денеска во изјава за медиуми се осврна на состојбата со болничките капацитети, особено на интерните клиники кои од неодамна хоспитализираат пациенти со ковид-19.Согласно утринскиот извештај на установите кои згрижуваат ковид пациенти, на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 20, а на Институтот за ТБЦ 54 пациенти.Во моментов слободни места има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, каде во моментов се сместени 161 односно 79 пациенти соодветно.„На Интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите. Огромен е притисокот во изминатите денови меѓутоа со ова дополнително обезбедување на болнички капацитети, оспособување на интерните одделенија, подготовката на кадарот, системот на ротација, обезбедени се слободни капацитети. И за периодот којшто доаѓа имаме план за сместување на пациенти и на други интерни клиники и секако план за распоред на стручниот кадар, лекари интернисти и медицински сестри коишто ќе работат со ковид пациенти. Во овој момент сé уште нема потреба да се менува системот за закажување МојТермин меѓутоа, спремни сме да ако дојде до тоа, практично, се намали редовниот програм во повеќе болнички установи, не само со цел да се обезбеди доволно сместувачки капацитети туку и кадарот да биде на располагање. “- изјави министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

popova

Попова: Жално е што Шилегов одби да се пренаменат 200 илјади евра наместо за украсување во борба против КОВИД, така ќе се спасеа животи

Дрско и неодговорно е расипништвото на скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој во период на најголема светска здравствена и економска криза троши 200 илјади евра за сијалички, лампиони и останати реквизити за новогодишно украсување. Шилегов има пари за лампиони, но болниците немаат возила за итна медицинска помош. Шилегов троши 200 илјади евра за сијалички и украси, а учениците немаат компјутери за да следат он-лајн настава.Градот се расфрла со пари, додека луѓе секојдневно умираат молејќи за донаторска помош, бидејќи државното здравство е во распаѓање. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во градот Скопје поднесе иницијатива за пренамена на средствата за украсување на градот. Еве го тој предлог, кој Шилегов и мнозинството на СДСМ го отфрлија, истакна Ирена Попова, Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.Попова додаде:Тие отфрлија да помогнат во корона кризата, за Шилегов да тера забави и украсување за Нова година, што е врв на недомаќинско и раскалашено однесување. Со овие пари ќе се спасеа животи.Затоа Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот апелира градоначалникот Шилегов да изнајде правен механизам и овие средства наместо за украсување да се искористат за помош во борбата против корона кризата.Tоа што за само три години од страна на Петре Шилегов се потрошени 740 илјади евра за украсување и фактот што градоначалникот останува нем на нашите повици за пренамена на овогодинешните средства, укажува на тоа дека постои оправдан сомнеж за заштита на одредени бизнис интереси. Очигледно и украсувањето за Шилегов е бизнис. На Скопје му треба градоначалник, а не шминкер, истакна Попова.

Македонија | пред 5 години

Arsovski

Арсовски: Што содржи нон-пејперот?

Срамно е ова потценување на интелегенцијата на граѓаните кој што во моментов им го сервира Владата на СДСМ.Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин.Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста.Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев, да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори, истакна на денешната прес конференција Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер кој го има Владата?Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што содржи во него и каква е содржината?Меѓународната политика на Заев и останатите кои ја водеа доживеа тотално фијаско.Лажните ветувања и пазарџиското однесување, за жал класично несериозно и неопростливо однесување на Заев и СДСМ на меѓународен план, ги доведе Република Македонија и граѓаните до ќорсокак, од каде излезот е или асимилација и негација или недобивање на датум за преговори и блокада.Јасно е дека Заев се што може ќе направи да остане што повеќе во фотелјата за да може неговото семејство што повеќе пари да украде од граѓаните и од државата.За жал, додека тие крадат, граѓаните и државата страдаат.Потребно е веднаш да се повлече Заев и сите околу него од Владата и да се формира Влада за национален спас, која ќе има јасна стратегија и визија да ја извади Република Македонија од овој ќорсокак во кој ја внесоа Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска и останатите, истакна Арсовски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Охридскиот Архив спогодбено ќе ја превземе документацијата од доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ

Архивот на град Охрид спогодбено ќе ја превземе документацијата од животот и делото на доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ.-Со огромно задоволство информираме дека Архивот на град Охрид ќе изврши спогодбено превземање на документацијата од животот и делото на доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ.Во прекрасна соработка и спогодба со семејството Радиќ, архивот ќе ја превземе документација која има непроценливо историско значење каде воедно ќе биде заштитена, средена и чувана во соодветни услови се со цел да послужи за проучување на ликот и делото на доајенот Радиќ од сегашните и идните генерации.Во оваа прилика ДАРСМ ПО Охрид искрено се заблагодарува на семејството Радиќ за големата свест кон она што преставува заштита на документација при архивски услови, истакнува Доц.Д-р. Никола Митровиќ Бабе.

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

Левица: Уставниот Суд кој треба да е чувар на законите – ги прекршува законите

Уставните судии незаконски и скандалозно изгласаа додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата, во услови кога Владата апелира дека сите треба да се солидаризираат во кризата со мерки на штедење.Согласно член 113 од Уставот на РМ, со Деловникот на Уставниот суд се уредува работата и постапката пред Уставниот Суд. Тоа значи дека со Деловникот се уредува постапувањето на Уставниот суд при оценување на уставноста и законитоста на прописите и другите општи акти, како и структуралната поставеност на судот. Секоја интервенција во Деловникот (измена и дополнување) која излегува од уставно зададената рамка за дозволен опфат по автоматизам значи дека е противуставна таквата интервенција, се вели во Реакција  од Левица.Тие додаваат:Бидејќи судиите на Уставниот Суд ги избира Собранието на РМ и тие преставуваат посебна, четврта власт регулирана со посебна глава во Уставот, надоместоците на нивните плати може единствено да биде уредена согласно нов закон донесен од Собранието на РМ и никако поинаку.Ваквата безобѕирност и самоволие од страна на Уставните судии, да самоиницијативно и неуставно си ги зголемат платите, на површина го исфрла нивниот кредибилитет и нивното правно незнаење. Овој потег е само продолжение во низата фијаска на слабиот персонален состав на уставни судии, кои единствено се продолжена рака на неуставните политики на владејачкиот режим во услови на окупирана демократија.

Македонија | пред 5 години

10112020_PVRSM_Zaev_SamitvoSofija-8

Заев од Самитот во Софија: Верувам дека имаме обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори

Во Софија денеска започна лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година ко-домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија.Заради ситуацијата со КОВИД-19 Самитот е организиран со физичко присуство на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија и со учество преку видео конференциска врска на останатите учесници.Во поздравното обраќање за успешна работа на Самитот претседателот на Владата на Северна Македонија Заев потенцираше дека тоа што за прв пат од започнувањето на Берлинскиот процес, ко-домаќини се една земја кандидат од регионот заедно со соседна земја-членка на ЕУ е јасен доказ дека регионот силно го прифати овој процес како свој, и дека со оваа соработка Северна Македонија и Бугарија обезбедија извонредна платформа за понатамошно негување на билатералните односи.Посебен акцент премиерот Заев стави на новата динамика во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено по мартовскиот Европски совет со обновената преговарачка методологија и одлуките за започнување преговори со Северна Македонија и Албанија, и Загрепскиот самит во мај, како и со пакетот за проширување од Европската комисија оваа есен и со сериозниот Економски и инвестициски план.Заев додаде дека заедно со напорите на Германското претседателство со Европскиот совет, таа динамика е извонредна можност регионот на Западен Балкан сигурно да напредува кон ЕУ.„Верувам дека имаме обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори. Треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани“, истакна премиерот Заев.Со најавените дури 9 милијарди евра за грантови, надополнети од новиот Инструмент за гаранции за Западен Балкан, со кој треба да се зголемат инвестициите до 20 милијарди евра, ЕУ исто така храбро ја потврди својата поддршка на Западен Балкан, рече премиерот Заев и додаде дека овој пакет ќе обезбеди голема финансиска поддршка за нашите реформски процеси и за економска трансформација на Регионот.„Многу сум задоволен дека денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан. Поддршката за двете иницијативи преку декларациите на лидерите од Западен Балкан треба да го поттикнат развојот во регионот, но исто така и да се осврнат на некои од актуелните еколошки и здравствени предизвици, со огромен потенцијал за раст и креирање на нови работни места“, нагласи Заев.Премиерот Заев во своето обраќање на почетокот на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија рече дека основите за економската, социјалната и зелената трансформација на нашиот регион за наредите години се цврсто утврдени, и дека регионот исто така ја покажа својата зрелост и отпорност за време на оваа пандемија.„Пандемијата уште повеќе го обедини Западниот Балкан во борбата против овој невидлив непријател, донесувајќи толеранција и соработка и создавајќи заедничка свесност дека хуманоста има предност пред политиката“, истакна премиерот Заев.Заев додаде дека за време на заедничкото ко-домаќинство со Берлинскиот процес оваа година дополнителен поттик добија и неколку други процеси како што е регионалниот договор за патување со лична карта, проширувањето на зелените ленти на Западен Балкан кон коридорите на ЕУ и јакнењето на соработката на полето на здравството како регионален одговор на пандемијата, како и соработка со граѓанското општество, особено на прашањата поврзани со младите.„Убеден сум дека со постигнатите резултати во текот на оваа година успеавме да ја збогатиме регионалната соработка и да го приближиме регионот кон ЕУ“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Заев кој денеска, заедно со премиерот на Бугарија Борисов, ја поздравија работата на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.Покрај премиерот Бојко Борисов на отворањето на работата на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија се обратија и канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.Македонската делегација на Самитот ја предводи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Македонија | пред 5 години

oružje

Скопјанец обвинет затоа што во бункери криел арсенал оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1, како и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 24-годишник, во текот на април годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ во Скопје, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, во импровизираните бункери и околу нив биле пронајдени автоматска пушка MPIKM со пластичен кундак и калибар 7,62х39 мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка „Црвена застава М75“ со калибар 7,9 мм, автоматски пиштол VZ61 scorpion со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач, 34 куршуми со калибар 7,65 мм, автоматско оружје – пушка од албанско производство со калибар 7,62Х39 мм, една празна рамка и една рамка со 18 куршуми од тој калибар, полуавтоматско оружje BERETTA Cx4 storm со калибар 9 мм, автоматско оружје – пиштол „Застава М84 scorpion“ со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач и со рамка со 20 куршуми од тој калибар, како и полуавтоматско огнено оружје – пушка „Застава М76“ со калибар 7,9Х57 мм со монтиран оптички нишан.Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.382,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања.Надлежниот јавен обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото.​​

Скопје | пред 5 години

gradonacalnik

Градоначалникот на Вевчани позитивен на коронавирус

Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски синоќа соопшти дека е позитивен на коронавирус, споделувајќи ја информацијата на Фејсбук.– Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје – напиша Јанкоски.Вевчани мометно има 25 активни случаи на ковид-19 од кои дел се лечат во дневната амбуланта во тамошниот Здравствен дом, додека другите се на домашно лекување.

Македонија | пред 5 години

svestenik

„Заробениот” украински свештеник од короната во Струмица на чекор е да стаса до Израел со велосипед

Украинскиот баптистички свештеник од градот Черкаси, Јуриј Бобкин, кој до почетокот на септември престојуваше во конаците на храмот „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици” во Струмица, а потоа уште два месеци кај негов брат по Христа од Евангелската црква, Атанас Христов во Долно Соње кај Скопје и потоа во Демир Капија, кај рускиот алпинист Александар Кленов, е на чекор да ја оствари својата мисија-да стигне во Светата Земја. Него го делат само 180 километри од влез од Израел, на гората Елат, објави МИА.-Моментално тој се наоѓа во познатото египетско летувалиште Шарм Ел Шеик, каде успеа да стаса со авион на 5-ти овој месец, не информираше теологот Ванчо Тркалевски, кој му беше домаќин на Бобкин и со него е во постојана комуникација.Украинскиот свештеник во меѓувреме уште еднаш се обидел да го продолжи своето патешествие со велосипедот преку Грција, но, повторно, не му бил дозволен влез заради забраната од грчката Влада.-Успеал да купи авионски билет за Тел Авив и побарал од неговата држава да му даде специјално одобрение преку Украинската амбасада. Откако не го добил, во последен момент Јуриј се одлучува да го замени билетот од Тел Авив за Шарм Ел Шејк. Таму пристигна на 5-ти овој месец, а наредниот ден ми се јави да ми каже каде се наоѓа. Со него е и велосипедот и се надева дека неговиот аџилак ќе заврши и ќе успее да влезе во Израел, додава неговиот пријател, Ванчо Тркалевски.Објаснува дека Јуриј планира да стигне до гората Елат, која се наоѓа до Црвеното Море,а неговото сегашно престојувалиште е оддалечено 180 километри од египетско-израелската граница.Украинскиот свештеник Бобкин на пат тргнал во мај годинава и преку Молдавија, Романија и Бугарија, стаса во Струмица во август. Тогаш МИА пишуваше за неговиот потфат и како пандемијата од Ковид-19 го зароби во Струмица.Тогаш, за мотивите за своето невообичаено патување рече: -Се беше добро-имав прекрасно семејство, заедно присуствувавме на служби, му пеев псалми на Господ, го прославував во црковниот хор, па дури и проповедав од говорницата. Но, одеднаш почувствував празнина одвнатре и студенило во моето срце, плачев до Бога дека сум бил со него веќе 10 години, но не научив вистински да го сакам ниту него, ниту мојот сосед. Се започна од тој ден. Нема да навлегувам во детали, но од тоа време на се што ги повикував луѓето почна да се распаѓа: семејството ми се распадна, во црквата избувна пожар, а по некое време татко ми, ѓаконот на црквата, почина, раскажа Јуриј при нашата средба со него во Струмица.На крај неговиот пријател Ванчо уште еднаш ја пренесе големата благодарност на Украинецот за гостопримството во Струмица, но и за другите места каде престојуваше и никогаш нема да ги заборави поминатите заеднички денови со своите браќа во Македонија.извор:МИА

Македонија | пред 5 години

dzambaski

Бугарскиот европратеник Џамбаски: Македонија без Бугари, оган да ја гори!

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, кој истовремено е потпретседател на партијата ВМРО-БНД, на својот Твитер профил објави контроверзен статус.Македонија без Бугари, оган да ја гори! – порача Џамбаски. 

Македонија | пред 5 години

drzavna-matura

Државната матура ќе се одржи во јуни 2021 година, а испитните програми ќе бидат со скратени содржини

Државната матура во јуни 2021 година, а испитните програми ќе бидат со скратени содржини, информира Министерството за образование и наука.МОН ги известува учениците од четврта година дека пријавувањето на матурските испити се одвива во соодветниот законски рок и затоа ги повикуваат матурантите до крајот на месецот да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање, којашто е проширена со уште нови два предмета.„Оваа учебна година за првпат, матурантите имаат можност за реализација на матурска проектна задача во согласност со условите во кои се одвива наставата и глобалните трендови на културата и младите. Истовремено, во насока на ефективно и организирано полагање на испитите од државната матура, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини“, велат од МОН.Полагањето завршни испити од државна матура е дел од образовните системи на сите европски земји и земјите од регионот како што се Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија. Во овие земји матурските испити се реализираат непречено и со почитување на сите здравстени и безбедносни протоколи, а пандемијата не беше пречка матурските испити да се организираат непречено и во континуитет.

Македонија | пред 5 години

vakcina

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Бесплатната вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во шесте поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански во рамки на Здравствен дом Скопје. Вакцинацијата ќе се одвива секој работен ден во периодот од 14 часот до 19 часот, информираа за МИА од Здравствен дом Скопје.Министерството за здравство минатата недела соопшти дека вкупно се набавени 40.000 дози на четиритипни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на ризичните групи во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години. Вакцините се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.Од Центарот за јавно здравје Скопје за МИА информираа дека кај нив денеска почнува и вакцинацијата против сезонски грип со комерцијални вакцини кои чинат 800 денари. Вакцинацијата со овие вакцини ќе се одвива секој работен ден од 07:30 часот до 18 часот. Комерцијални вакцини против сезонски грип набавија и центрите за јавно здравје во другите градови, каде ќе се врши вакцинирањето.

Македонија | пред 5 години

despotovski

Јован Деспотовски разрешен од директорската функција во Фондот за иновации, на негово барање

Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање.Деспотовски од СДСМ е дипломиран економист, долгогодишен член на раководството на СДСМ и еден од најблиските соработници на Радмила Шеќеринска со која работеше во Секретаријатот за европски прашања.

Македонија | пред 5 години

poster_final_MK

Кампања за подигање на свеста за измами при купопродажба на интернет

Република Северна Македонија е една 16-те земји учеснички во годишната кампања под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2020 година (eComm 2020) предводена од Европол и австриската Служба за криминалистчко разузнавање (Bundeskriminalamt), насловена како #SellSafe (продавај безбедно) и #BuySafePaySafe, чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет. Кампањата претставува заедничко јавно-приватно партнерство на органите надлежни за спроведување на законот, трговските субјекти и финансискиот сектор, за справување со организирани криминални групи кои вршат лажни купувања на интернет, притоа предизвикувајќи значителни финансиски загуби.Имено, Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје, се вклучени во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.Овогодишната кампања особено се фокусира на е-трговците, помагајќи им подобро да откријат измама на нивните платформи и оспособувајќи ги да преземат чекори за заштита на својот бизнис и на клиентите од вакви напади.

Македонија | пред 5 години

plaza-grcija

Сто и дваесет милиони денари од Буџетот за туристичките агенции

На предлог на Министерството за економија беше разгледана и усвоена Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за развој на туризмот за 2020 година, со што транспарентно и ефикасно ќе се вратат средствата директно на сите кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса.Министерството за економија за реализација на оваа активност објавува јавен повик и подготвува онлајн апликација каде што сите субјекти поднесуваат електронска апликација со приложување на документација. Комисија формирана од министерот за економија извршува евалуација на апликациите и изготвува Записник и Решение за исплата на средства за тие кои исполнуваат услови согласно Јавниот повик.За реализација на оваа активност во Буџетот се обезбедени средства во износ од 120.000.000,00 денари. За реализација на оваа активност е предвидено износот на грантот да се определи согласно вкупниот приход на правното лице во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа.Максималниот износ на Грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000,00 денари додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000,00 денари.Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 116.850.000,00 денари.Со мерката е предвидено доделување на грантови за туристички водичи како самостојни вршители на дејност во Република Северна Македонија.Право на аплицирање ќе имаат туристички водичи кои поседуваат важечка Лиценца и не се во редовен работен однос.Со мерката е предвидено износот на грантот да изнесува 65.000,00 денари по апликант.Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 9.800.000,00 денари.

Македонија | пред 5 години

pratenik-martin-1

Пратеникот на СДСМ Костовски се пријави како волонтер во болницата во Куманово

Од денеска праќам повик за волонтирање во болницата во Куманово, јас се пријавив како прв волонтер.Да бидеме одговорни и храбри во оваа тешко време! Секој колку може и колку знае, за Куманово, напиша на својот ФБ профил пратеникот Мартин Костовски.Тој во објавата на социјалната мрежа Фејсбук додава:Ситуацијата е навистина крајно алармантна, поклон до небо за сите здравствени работници.Денеска како пратеник бев во посета на Општа Болница-Куманово, со заедничка акција на министрите Филипче и Шеќеринска поставена е “полска болница” со шатори од припадници на АРМ,со што ќе се зголеми капацитет за 30 легла за заразените сограѓани од КОВИД-19.

Македонија | пред 5 години

stapkata-na-siromashtija-vo-2013-godina-242-otsto-258097-200029

Семејствата од импровизираните живеалишта ќе се згрижуваат во установи

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за згрижување на семејствата од импровизирани живеалишта во објекти на установи за социјална заштита, при што се задолжува Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, да донесе решение за сместување, во објект што ги користи ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје.Се укажува на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје со своите стручни тимови да обезбеди поддршка на сместените семејства во насока на остварување на правата од социјална и здравствена заштита, односно за вклучување на пазарот на труд и осамостојување, и еднаш месечно да ја преиспитува семејната и материјалната состојба и станбените услови на сместените семејства, со укажување еднаш месечно да доставува извештај за сместените лица до Министерство за труд и социјална политика (до 5-ти во месецот за претходниот месец). Се укажува на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје ги преземе неопходните активности за санирање на направените штети заради обезбедување на основни услови за престој во објектот.Се препорачува Градот Скопје и локалните самоуправи согласно своите надлежности да обезбедат услови за домување на лицата во социјален ризик сместени во објектот ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје, со оглед на тоа што проблемот со домувањето е клучен за решавање на нивната состојба. Се препорачува Градот Скопје и локалните самоуправи преку инспекциските служби редовно да реализираат активности за дислоцирање на бесправно населени лица на јавни површини.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведени уценувачи, барале пари од девојка да не објават компромитирачка содржина

Денеска по добиена пријава од 19-годишна девојка дека била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа А.С. (19) и Е.Н. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, по што веднаш се приведени А.С. и Е.Н. и кај нив се пронајдени докази за стореното кривично дело. Против нив до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Скопје | пред 5 години

04112020_PVRSM_Zaev_telefonski_razgovor_Merkel

Заев заминува во Софија на средба со Борисов

Наместо онлајн средба, премиерот Зоран Заев реши да замине во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов како последен обид да се постигне договор за македонските евроинтеграции. Заев за Сител ја потврдил средбата преку смс порака:„Утре ќе се видиме со Борисов и неговиот тим. Јас ќе бидам во Софија со неколку наши министри“, напишал премиерот.Заев заминува за Софија за да го убеди источниот сосед да не го искористи правото на вето на Советот на Европската унија на 17 ноември, а на кој ќе се одлучува за преговарачката рамка за државата.Текстот во целост на: Сител 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања