Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-test

Починати 26 лица и нови 1321 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-583, Куманово-100, Дебар-12, Штип-40, Прилеп-57, Тетово-80, Струга-13, Велес-64, Битола-50, Охрид-31, Кавадарци-23, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-15, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-8, Кочани-29, Пробиштип-6, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-5, Берово-3, Валандово-4, Виница-13, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-12, Кичево-35, Ресен-10, Неготино-24.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти од: Скопје-207, Куманово-20, Штип-13, Прилеп-32, Тетово-42, Велес-11, Битола-19, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-13, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-4, Берово-5, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-1.Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80г), двајца од Штип (64 и 50г ), еден од Прилеп (66г), еден од Тетово (71г), двајца пациенти од Струга (66 и 59г), еден од Велес (68г), двајца од Битола (55 и 57г), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (73г), еден од Струмица (62г), еден пациент од Крива Паланка (57г), двајца од Радовиш (82 и 72г) и еден пациент од Делчево (71г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 42540, бројката на оздравени пациенти е 25353 на починати е 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15975. Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 18647, активни 7410• Куманово 2828, активни 738• Дебар 398, активни 87• Штип 2018, активни 443• Прилеп 1909, активни 786• Тетово 2917, активни 963• Струга 971, активни 204• Велес 1273, активни 722• Битола 1147, активни 573• Охрид 1035, активни 440• Кавадарци 777, активни 357• Гостивар 1574, активни 468• Гевгелија 518, активни 209 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 92 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1257, активни 627• Крива Паланка 307, активни 98• Радовиш 321, активни 115• Крушево 57, активни 32• Кочани 933, активни 295• Пробиштип 277, активни 98• Демир Хисар 127, активни 55• Македонски Брод 120, активни 18• Пехчево 69, активни 10• Берово 261, активни 71• Валандово 126, активни 39• Виница 252, активни 125• Делчево 332, активни 174 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 105, активни 64• Свети Николе 573, активни 130• Кичево 817, активни 334• Ресен 309, активни 101• Неготино 285, активни 189 (23 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3836 теста се преку: ИЈЗ-1165, ЦЈЗ Скопје-98, Авицена-436, Биотек-350, МАНУ -259, Жан Митрев (Филип Втори) -242, Систина со PCR метода -361, лабораторија Лаор –321, Судска медицина-20, ЦЈЗ Битола-118, Инфективна клиника-8, ГАК-0, Синлаб-159, Ремедика-35, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -242, УК Пулмологија со алергологија – 2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 279.770 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника примен се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 444• Гази Баба – 1007• Аеродром -1161• Карпош – 987• Центар – 956• Кисела Вода – 922• Ѓорче Петров – 595• Бутел - 389• Шуто Оризари – 123• Студеничани – 36• Сарај – 81• Арачиново -20• Илинден – 183• Сопиште – 57• Чучер Сандево – 65• Петровец –73• Зелениково -42• Странец – 119• Нераспределен- 150

Македонија | пред 5 години

jasminka-cakar

Почина пијанистката и универзитетски професор Јасминка Чакар

По кратко боледување , на 81 година почина Јасминка Чакар, истакната пијанистка и професорка на Факултетот за музика уметност во Скопје.Родена е во Битола , каде започнала нејзината музичка едукација, а дипломирала на Музичката академија во Загреб, 1963 година. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, 1976 година. Работела како професор на ФМУ од 1967 година до 2003 година, едуцирајќи повеќе од 40 млади пијанисти.Јасминка Чакар концертирала како солист и во различни состави, во Македонија и во повеќе европски земји. Беше особено активна и ценета како пијано- соработник, со реализирани над триста концертни настапи со домашни уметници, како и со солисти од странство. За својата посветена работа таа е добитник на државната награда „ 11 Октомври“, но и на наградата „ 13 Ноември“.Ќе остане запаметена по нејзиниот влог во развојот на македонскиот пијанизам и домашната музичка култура, воопшто.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Турски државјанин прободен во напад во центарот на Скопје

Во вечерните часови на 10 ноември во скопската полиција било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден 29-годишен турски државјанин со иницијали А.О.У., кој престојувал во Скопје.Кај него биле констатирани тешки повреди со кои се здобил при физички напад на подрачјето на Центар од неколку лица, а при нападот едно од лицата му нанело убодни рани со остар предмет.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

11112020_PVRSM_MF_Preskonferencija-1

Заев и Бесими за Буџетот 2021: Eкономска стабилност и забрзан раст со фокус на здравство и инвестиции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната прес-конференција го презентираа новиот предлог за Буџетот за 2021 година - Буџет за економска стабилност и забрзан раст, со долгорочна фискална консолидација за 2021-2025 година, кој понатаму ќе биде доставен за усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.Премиерот Заев истакна дека Буџетот е избалансиран, со фокус на здравствениот систем, економијата, капиталните инвестиции, системска функционалност и поддршка на реформите во правосудството и евроинтеграциитеПремиерот рече дека она што ни е општо познато, нам и на целиот свет кој се бори со пандемијата, е дека клучот за подобрување на економската состојба и состојбата на пазарот на трудот е подобрување на здравствената состојба и намалување на бројот на заразени лица.„Во таа насока главните приоритети на буџетската политика во 2021 година се: Поддршка на здравствениот сектор како прв приоритет, што значи заштита на здравјето и животите на граѓаните, втора цел е економско заздравување и економски раст преку мерки за социјално ранливи категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места. Нашиот фокус во текот на 2021 година колку што е можно повеќе го насочуваме на политики коишто ќе поддржат инвестиции за зголемување на конкурентноста и политики коишто ќе поддржат реализација на капиталните инвестиции, што на среден рок ќе значи одржлив раст односно забрзување на стапката на растот. Третиот приоритет на буџетската политика во 2021 година е непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатланските интеграции“, изјави Заев.Премиерот Заев подвлече дека фискалната консолидација и редизајнирањето на буџетската политика претставуваат клучни елементи на фискалната политика за поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалнот за раст на домашната економија.„Предлог Буџетот за 2021 година, обезбедува одржливост, рационализирање на трошењата со оптимизација на расходите на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата. Дополнително, обезбедена е буџетска резерва и во случај на продолжено траење на пандемијата“, изјави Заев и додаде дека во 2021 година, очекуваме економско заздравување и раст од 4,1% во услови на очекувано закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка.Министерот Бесими рече дека фискалната консолидација, односно намалувањето на разликата помеѓу расходите и приходите во буџетот е неопходна за да се постават здрави основи за стабилна економија и раст.„Оттаму, предвидовме политики со кои во следните пет години постепено ќе се намалува истиот – односно во 2022 година истиот е проектиран на - 3,8%, во 2023 година на -3,2%, во 2024 на -2,8% и 2025 година на -2,1%. Со ова на среден рок ќе се стабилизира и јавниот долг, односно проекцијата е дека до 2025 истиот ќе с намали на 58,8% од БДП. Фискалната консолидација ќе се постигне преку: подобрување на наплатата на буџетските приходи, намалување и преструктуирање на буџетските расходи и промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит“, изјави Бесими.Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и истите се за 8,3% повисоки во однос на вториот Ребаланс 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со буџетски дефицит на ниво од 4,9% од планираниот БДП или во апсолутен износ од 34,9 милиони денари. Планираниот дефицит е во согласност со определбата за фискална консолидација, пропратена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден фискален простор за поддршка на домашната економија и граѓаните и реализацијата на инфраструктурните проекти.Владата согласно приоритетите се фокусира на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина.Капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година, при што за финансирање на инвестициите планирано е да се обезбедуваат средства од повеќе извори и тоа: буџетски средства, ИПА фондови и заеми.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Пронајдено возило што било украдено во Косово

По добиено известување од Интерпол дека на 30.10.2020 во Лебане, Косово е извршено кривично дело одземање на патничко моторно возило „опел инсигнија“, сопственост на рент а кар фирма од Приштина, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Скопје, Одделот за криминалистичка полиција, ЕБР и ОСОСК. При претрес во с. Горно Количани, возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

Македонија | пред 5 години

montazna-bolnica-1

Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение

Кражба на златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение е регистрирана во текот на вчерашниот ден.Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението до медиумите информира дека вчера во 14:17 часот во СВР-Штип вработен од обезбедувањето во Клиничка болница-Штип пријавил кражба на златен накит од починато лице на Инфективно одделение при Клиничката болница Штип.– Според пријавеното околу 14 часот на Инфективно одделение дошле вработени од погребално да го подигнат телото на починатото лице, при што го побарале златниот накит за да го предадат на фамилијата, но од страна на засега непознато лице накитот бил одземен, се вели во соопштението од СВР-Штип.Полицијата веќе работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

ohrid11

Заклучоци и препораки од кризниот штаб на Општина Охрид

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација. На состанокот беа донесени следните заклучоци:➡️Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка. Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третман веќе е направена реорганизација по повеќе болнички одделенија.➡️Поради константното зголемување на бројот на новозарзени, зголемена е потребата од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти. Во тек е подготовка на план за искористување на расположливите капацитети, медицински персонал и медицинска опрема од останатите здравствени институции на подрачјето на општината.➡️Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на сите потребни активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница.➡️Во текот на наредните денови ќе се рагледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови кои ќе може да пружаат здравствен третман во домашни услови на заболени кои имаат полесна клиничка слика.➡️Ќе продолжат редовните активности за дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид.➡️Се упатува апел до сите компании, институции и граѓани максимално да ги почитуваат мерките за превенција и заштита од вирусот да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.

Македонија | пред 5 години

11112020_PVRSM_press

Заев: Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници

„Вистинските политичари, коишто се сметаат себеси за европски политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат. За тоа имаме и директна поддршка од канцеларката Меркел. Вчера, навистина имавме конструктивни разговори во пријателска атмосфера, разговаравме како соседи, кои имаат намера да ја обезбедат европската иднина на регионот и се надевам дека така и ќе продолжиме“, одговори премиерот Заев на новинарско прашање, дали во Софија било понудено да се потпише нов договор , со кој би се надминале отворените прашања, како што тврди бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.Премиерот Заев истакна дека искуството во преговорите со Грција го научиле дека, на Балканот, кога се работи за вакви прашања, вистинско решение мора да постои само ако двете страни од преговорите излезат како победници. Односно кога едната внимава на другата страна и обратно.Во овој момент, додаде Заев, сè уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа.„Тоа значи дека ќе продолжиме да разговараме, но не мислам дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања. Се разбира, ние ќе информираме суштински и на време за овие важни прашања, но нема да правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за домашната јавност и во двете земји, но не ја зголемува шансата за решение, и ние нема да го правиме тоа, секако и во периодот којшто претстои. Ние имаме свои јасни и прецизни позиции и ќе продолжиме да работиме со Бугарија во изнаоѓање на заедничко, победничко решение. Македонските идентитет и гордост сè и ќе останат големи како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл од тоа“, подвлече претседателот на Владата, Заев.Тој оцени дека е многу важно, како комшии и пријателски земји, заедно да чекориме на патот кон Европската Унија поддржувајќи се едни со други, бидејќи само така ќе донесеме напредок за сите наши граѓани, што е наша основна задача како политичари.„Целта е, низ Договорот, преку двете комисии, а тоа е историската Комисија и Меѓувладината комисија да ги изнајдеме решенијата коишто секако ќе имаат дополнително појаснување, ангажман, посериозно имплементирање на обврските од Договорот, како што е Коридорот 8, позначајни економски проекти и слично, со конечна цел да имаме поуспешна реализација на договорот за пријателство. Очекуваме, овие денови да се интензивираат разговорите, за на крајот непосредно пред 17-ти, а тоа е вторник, да се обидеме да постигнеме решение“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Македонија | пред 5 години

galicnik-3

(ФОТО) Земјотресот оштети куќи во Галични

Од земјотресот во 15.25 часот има настанато штета во одделни куќи во Галичник. Би било пожелно сопствениците на куќите да ја проверат состојбата на истите и доколку има настанато штета, штетата да се пријави на надлежните институции, се вели во објавата на ФБ од МЗ Галичник.

Македонија | пред 5 години

zemjotres-111

(ФОТО) Земјотресот попладнево го блокираше влезот во Дебар

Земјотресот кој пред половина час беше почуствуван во Македонија, а беше со сила од 4.9 степени по Рихтер, направи проблеми на патот Скопје-Дебар кај влезот на градот Дебар.Имено, од последиците на земјотресот се направил голем одрон на патот, што моментално го блокираше влезот во градот.фото: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

zemjotres11

Нов земјотрес од 4.8 степени, со епицентар во Кичево

Нов земјотрес со магнитуда од 4.8 степени повторно ја стресе Македонија во 15:25 часот попладнево. Земјотресот е со епицентар во Кичево, според интернет сервисот „Earthquake“.Ова е втор земјотрес по јачина, по утринскиот кој беше со магнитуда од 5.5. Попладневниот земјотрес се осети во повеќе градови ширум државата, меѓу кои и Скопје. Земјотресот од пет степени според Рихтервата скала, кој рано утрово се почувствува во земјава е нормална сеизмичка активност на раседот Дебар – Елбасан, а нови потреси, но со помал интензитет се сосема очекувани, вели за „А1он“ професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени.Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар по првиот најсилен земјотрес, во Македонија бележи уште четири земјотреси со јачина од 2,8 до 3,8 степени според Рихтер.

Македонија | пред 5 години

avtobus

(ФОТО) Автобус за Чаир крца !!!

На социјалните мреи се појавија фотографии од автобус во Чаир. На објавата пишува дека фотографиите се направени во 12:50. Според објавата автобусот е 57ца и е преполн со патници, во време од епидемија. Има толку многу што ни вратите неможат да се затворат.Чаир 12:50 автобус 57ца крца, пишува на објавата. 

Скопје | пред 5 години

dete-siluvanje

Скопјанец осомничен за родосквернавење

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност осомниченниот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото.​

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Во мавровскиот регион регистрирани уште два потреси, тлото не престанува да се тресе

По земјотресот од 5 степени утрово, уште два земјотреси со јачина од 3,8 и 3,6 степени според Рихтер се регистрирани денеска во временски период од еден ипол час, покажувваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Последователните потреси од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги објаснуваат  како афтершокови, кои се со помала јачина.Првиот бил напладне во 11.59 минути со јачина од 3.8 според Рихтер со епицетар како што стои во информацијата, на 38 односно 36 километри југозападно од Тетово.Вториот пак, бил во 13.26 по локално време со јачина од 3,6 степени според Рихтер, но иако според јачината е послаб од првиот.

Македонија | пред 5 години

Arsovski

Арсовски: Кој е одговорот на Заев и Владата по вчерашниот ултиматум од Софија?

Потценувачки е односот на Заев и Владата кон македонскиот народ, македонската држава, историја и национални интереси. Вчера денот го поминаа во Софија разговарајќи и преговарајќи со бугарската страна за проблемот со блокадата, која што ја најавија, но и длабоко се сомневаме дека разговарале за ветувањата што ги дале уште пред три години кон источниот сосед, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Крајно потценувачки и навредувачки се изјавите на бугарскиот министер Каракачанов во однос на Гоце Делчев и историјата на Република Македонија, врз кои се темелат македонската држава, идентитет, нација и јазик, нешто што им е свето на македонските граѓани. Потценувачки и уценувачки е што Каракачанов и бугарската страна даваат рокови и ултиматуми на Република Македонија и си поигруваат со чувствата на граѓаните кои што живеат во Република Македонија.Уште попотценувачки и понавредувачки е што сеуште нема реакција од страна на МНР на Република Македонија, како и од реакција од Владата за ставовите изнесени од г-динот Каракачанов.Ја повикаме Владата, Заев, Димитров и сите инволвирани во процесот, јавно да им кажат на граѓаните за што се преговарало во Софија, имајќи на ум дека јасно е потенцирано од нивна страна дека стојат цврсто зад нивната декларација изгласана во Парламентот минатата година, за кои точки имаат ултиматум да размислуваат до петок и конечно да не си поигруваат со судбината на граѓаните заради нивните лажни ветувања кои ги давале при преговарање претходно.Затоа прашуваме дали имаат намера МНР и Владата да реагираат или ќе молчат како и до сега?Неспособноста и несериозноста на Зоран Заев не донесе до овој ќорсокак.Жално е што за пазарџиските постапки на Заев и Димитров, но и сите останати инволвирани, во моментов губи и трпи штети само Република Македонија и македонскиот народ.Единственото решение е Влада за национален спас, наместо оваа Влада која што ја гледаме три години за национално распродавање на македонските интереси, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

intermeco

Пет илјади евра парична казна за управителот на кафе-барот „Интермецо“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице заради сторено кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак според член 389 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 2 ноември, во деловните простории на правен субјект на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, симнал службен знак поставен од страна на овластено службено лице – инспектор за животна средина од Општина Центар. Знакот бил поставен заради осигурување на објектот, а врз основа на донесено Решение за забрана за вршење угостителска дејност во рок од 30 дена, откако со мерења било утврдено дека угостителскиот објект емитувал ниво на бучава над пропишаните гранични вредности. Обвинетиот го отстранил службениот знак за запечатување на локалот, влегол во објектот и продолжил со вршење на дејноста.Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот за обвинетото лице да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 50 евра во денарска противвредност.​​

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

ЈПКД Маврово: Земјотресот ја замати водата - немојте да ја пиете!

Утрово во земјава беше регистриран земјотрес со магнитуда од 5 степени,  во регионот на Маврово, неколку минути пред 5 часот.Поради земјотресот, надлежните органи од Маврово не препорачуваат водата од чешмите да не се пие, поради нејзина заматеност.„Поради земјотресот кој епицентар беше во Мавровскиот регион, дојде до заматувње на водата за пиење во водоснабдителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период додека потресите не се смират, водата директно од вашите чешми да не ја пиете“, велат од ЈПКД Маврово.

Македонија | пред 5 години

deca-korona

ИЈЗ: Расте бројот на ковид пациенти, најмалку заразени се деца

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, што се однесува на периодот од 2 до 8 ноември, 2020 г., тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3%, во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 25,5% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.256; 44,7%), со неделна инциденца – 527,2/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1543, 21,2%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1452; 19,9%), од 40 до 49 (n=1403; 19,3%), од 50 до 59 (n=1401; 19,2%) и од 20 до 29 години (n=1090; 15,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (n=120; 1,6%) и од 10 до 19 години (n=252; 3,5%).Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6%) лица од машки и 3.522 (48,4%) од женски пол. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.114 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 852 лица повеќе во однос на претходната недела. Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1% во однос на минатата недела.Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи во возрасната група од 30 до 39 години и 1 случај на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 2 до 8.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Доделени нови решенија за легализација во општина Центар

Денеска во салата за состаноци на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ подели 10 решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти на 10 семејства кои живеат во социјален ризик и со години не можеле да ги легализираат сопствените домови поради претходните законски регулативи.Во периодот од месец март 2011 до ноември оваа година, поднесени се вкупно 7.064 барања, согласно Законот за постапување за бесправно изградени објекти во сите четири предвидени рокови. Врз основа на доставените барања до Општина Центар, позитивно се решени 4.100 барања, додека, дел од останатите барања се одбиени поради некоплетно доставена документација во предвидениот законски рок, а дел се во постапка поради судски спорови или нерешени имотно-правни односи од страна на самите баратели за легализација на бесправните објекти.„Им честитам на граѓаните кои успешно ги завршија постапките за легализација на своите домови и конечно после долги години се стекнаа со правото на сопственост. Општина Центар останува отворена за центарци и партнер на граѓаните во решавање на нивните проблеми и заеднично креирање на општина по мерка на граѓаните“ – изјави градоначалникот.Легализираните објекти се наоѓаат на повеќе локации на територијата на Општина Центар. Одобрените решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти добија граѓани кои живеат во населбите: Кале, Маџир маало, Ново маало, Пролет и Дебар маало.Поради пандемијата со КОВИД – 19 и почитување на новите превентивни мерки од страна на надлежните институции, одобрените решенија ќе бидат поделени етапно и во повеќе групи, поради безбедност на граѓаните од новонастаната ситуација со коронавирусот и зголемениот број на заразени лица.

Скопје | пред 5 години

maska-2

Мерката на Владата за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци

Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица, која ја донесе на 18-тата седница, има точно дефинирани исклучоци и не се однесува и не важи:За родители со деца од исто семејство;При организирање настава на отворено, како дел од формалното образование во  образовните институции и установи за згрижување на деца;При чекање на постојка за превоз на патници;При професионални спортски тренинзи и натпревари;При организирање и одржување на службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;За лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно – загрозувачки состојби;При пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата; иЗа вршење на други активности кои се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) за постапување согласно оваа Одлука.

Македонија | пред 5 години

IMG_5457

(ФОТО) Центар ги пушти во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање

Од денес, во рамки на проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар пуштени се во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки поставени на седум локации на територија на Општина Центар.Првите 7 машини за рециклирање се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница Апче, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, затворено паркиралиште „Зелен пазар“, во ГТЦ и затвореното паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец, a до крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.Преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар ќе можат да рециклираат PET пластични шишиња и лименки, за што ќе добијат субвенции од Општина Центар на нивната GreenPay платежна картичка.Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Освен најава на гости, со GreenPay картичката жителите ќе имаат можност да учествуваат во процесот на рециклирање и да пазарат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња и бутици. До сега, оваа мрежа вклучува повеќе од 30 локали кои ќе овозможат попусти, а заради големиот интерес зелената мрежа секојдневно ќе се проширува. Дополнителна поволност на оваа картичка е можноста за префрлање на средства од други платежни картички.„Направивме стратегија која ќе го помогне семејниот буџет на секое семејство во Општина Центар, ќе ја поттикне локалната економија, а воедно ќе биде корисна и за животната средина. Дел од оваа стратегија е и проектот „И отпадот има вредност!“ кој ќе им овозможи на жителите да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки за што ќе добиваат субвенции од општината и можности за дополнителна заштеда. Создадовме зелена мрежа од маркети, кафулиња, кафеани, бутици и ресторани каде со плаќање преку GreenPay картичката ќе може да се пазари со попуст од 3, 5 и 7 %.“ изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски на денешната виртуелна презентација на проектот.За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари.„Општина Центар ќе субвенционира средства со вкупен износ од 12 милиони денари за жителите кои ќе се вклучат во процесот на рециклирање и на овој начин дополнително ќе ги мотивираме преку сопствен пример да влијаат во подигање на свеста за зачувување на животната средина. Многу ми е драго што можам гордо да изјавам дека Центар станува модерна општина по пример на светските трендови.“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Жителите на Општина Центар веќе од денес можат да аплицираат за GreenPay платежна картичка во катната гаража „Судска Палата“ на ЈП ПОЦ, со приложување на лична карта и барање за договор. Во следните денови ќе биде отворена и можноста за онлајн аплицирање преку ПОЦ мобилната апликација и веб платформата www.poc.mk.Поставувањето на повратните вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки се само еден чекор кој Општина Центар како локална самоуправа го прави со цел да придонесе во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите. На тој начин, преку процесот на рециклирање, а со поддршка од граѓаните, ќе се зачуваат природните ресурси од загадување

Скопје | пред 5 години

karakacanov

Каракачанов: Им објаснивме дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја

Нема никакви разлики во политиката кон Република Северна Македонија. Нема никакви разлики помеѓу премиерот Бојко Борисов, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, и мене, изјави утрово вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, по вчерашните средби со македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев, која престојуваше во Софија.„Вчера, имавме корисни разговори, кои почнаа во 10 часот и завршија малку пред пет часот. Македонските колеги сфатија дека Бугарија не се шегува. Тие разбраа дека нема кој да нè притиска за да го смениме нашиот став“, рече Каракачанов и објасни:„Она што е ново од вчера е што колегите од Скопје разбраа многу јасно дека сакаме јасни гаранции за спроведување на договорот за пријателство од 2017 година и дека нема да го заобиколат. Дали ова ќе биде нов договор, анекс или протокол – не е важно. Не брзаме, има уште неколку дена до донесувањето на конечната одлука“.Каракачанов вели дека Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија.„Јасно изјавуваме дека единствената нормална перспектива за РСМ е европска интеграција. Разговорот беше корисен, но задоцнет“, рече Каракачанов за „Нова ТВ“.Според него, Македонија и политичката елита во Скопје изгубиле 30 години.„Нема кој да изврши притисок врз нас. Нема да дозволиме фалсификување на бугарската историја. Бугарија е суверена и достоинствена земја“, повтори вицепремиерот неколкупати, пренесува „Бгнес“.Каракачанов вчера по средбата изјави дека Бугарија не може да прави никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја.„Им објаснивме на нашите колеги од РС Македонија дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарските херои и со идентитетот на целиот нејзин народ, кој е дел од општата историја. Од тука натаму сè е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку дена до крајот на процесот, до петок, бргу да коригираат сè што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговорите“, рече бугарскиот вицепремиер.Според него, од октомври лани се промениле две работи, а тоа е дека Македонија разбрала оти Бугарија не води некаква политика на инает, туку води принципиелна политика, и дека Бугарија е суверена држава, која има свое достоинство, своја суверена и независна политика и не ѝ влијаат ставовите на една или друга европска или светска престолнина.извор: Макфакс 

Македонија | пред 5 години

kosta-1

Коста Петров објави дека ќе раководи со Фондот за иновации и технолошки развој

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, преку социјалните мрежи го најави својот ангажман во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), за каде што веќе извесен период тој се споменува како можен нов директор.Неговата најава доаѓа откако пред два дена Владата даде согласност Управниот одбор да го разреши досегашниот директор Јован Деспотовски, на негово барање.„Иновациите и развојот на технологии мора да ја заземат централната улога во нашата развојна економија, а ФИТР ќе биде двигател на оваа трансформација. ФИТР ќе продолжи да инвестира во иновацискиот развој на компаниите, работејќи на создавање нови квалитетни работни места и придонесувајќи кон развојот на македонската економија. Целта е да обезбедиме поддршка за компаниите и стартапите со тоа што ќе им помагаме во секој чекор, почнувајќи од работењето, едукацијата, развојот на продукти, па сè до комерцијализацијата и продажбата. Фондот ќе работи и ќе соработува со врвни домашни и меѓународни претприемачи, финансиски експерти и основачи на иновативни компании“, напиша Петров на Фејсбук.Неговата визија, вели, е да ја позиционира Македонија како регионален стартап-хаб во регионот.Во својата објава тој му се заблагодарува и на премиерот Зоран Заев за дадената доверба.Коста Петров во јавноста, покрај ангажманот во политиката во последниот период, е познат и како автор и директор и основач на агенцијата „Пи ворлд“.И од Владата утрово објавија дека на предлог на Управниот одбор го именувала Петров за в.д. директор.

Македонија | пред 5 години

4

(ВИДЕО) Пронајдена голема количина оружје и муниција во кичевско, приведени две лица

На 10.11.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ,ОВР Кичево и ОВР Гостивар приведоа две лица од кичевското село Србица и запленија поголема количина на оружје.Имено врз основа на претходна обезбедена наредба за претрес на дом од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево се извршени претреси во дом и помошни простории на Х.И. (27) и А. И.(52), син и татко, во с. Србица. При претресите пронајдени и одземени се четири автоматски пушки „калашников“, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција ,два митралеза од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје ,цевка од тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети. Мерките и активностите за расчистување на овој случај продолжуваат и во текот на денешниот ден, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и ќе бидат предадени на јавното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

evra

Неколку општини давале илјадници евра на невладини организации без конкурси и услови за учество и без критериуми за доделување средства

Без конкурси, без услови за учество и без критериуми за доделување средства, неколку општини давале илјадници евра на невладини организации. Наместо според проектот и критериумите, често за висината на паричните средства си одлучувал градоначалникот или советот на општините. И така секоја наредна година, едни исти на ист начин ги полнат џебовите.  Четирите општини беа таргет на мониторинг на Организацијата на жени на општина Струмица. Од Петровец, Василево, Струмица и Валандово, само една општина има методологија и критериуми за распределба на парите наменети за здруженијата, објави А1ОН.Скопската општина Петровец четири години по ред без конкурси доделува пари на различни организации. Во општината нема методологија, критериуми и комисии за оценување, а не се знае ниту кај кои здруженија завршуваат парите. Општината Петровец со години не објавува одлуки за распределба на овие пари и нема никаква транспарентност за леснотијата со која ги троши парите на граѓаните.Од четирите општини, само Валандово и Струмица објавуваат јавни повици на кои можат да се пријават организации за да добијат општински пари. Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, тврди дека повиците се објавуваат и на општинската веб-страница, но, по пребарувањето, ние не успеавме да ги најдем, освен повикот за 2020 година.Валандово има комисија за оценување која нема критериуми, а не составува ниту записник при носењето на одлуките за финансирање организации со народни пари, објави А1ОН.Струмица, за две програми, односно Г1-Поддршка на локалниот економски развој и В2-Социјална заштита/Трансфери, од 2017 до 2019 година исплатила околу 154.000 евра. Годинава пак, според решението на општината, доделени се околу 48.000 евра само за програмата за поддршка на локален економски развој.Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Oрганизација на жени од Струмица и „А1он“ и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.Текстот во целост на: А1ОН.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања