Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

bolnica-kovid

Во болниците вон Скопје има околу 70 слободни болнички кревети, се испишуваат оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла

Како дополнување на утринското соопштение за состојбата во болниците и болничките капацитети во Скопје, во продолжение информираме за состојбата со болниците во другите градови во државата, односно одделенија кои лекуваат ковид пациенти. Во регионалните центри Битола и Штип и останатите болници во земјата се лекуваат вкупно 682 пациенти позитивни и суспектни ти на ковид – 19, слободни места има во речиси сите центри.Во болниците во внатрешноста има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 68 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во болницата во Штип се примени 5, а вкупно хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 51 пациент, во Велес се лекуваат 75 болни, а во Куманово 66 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 80, во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани 19, во Кичево 19, Кавадарци 42, а во Гевгелија 12 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

taksi

Во Скопје нападнати двајца таксисти

Двајца таксисти вчера во полицијата пријавиле дека биле нападнати во главниот град.Во првиот случај, такси-возач пријавил дека бил физички нападнат на бензинска пумпа на подрачјето на скопската населба Бутел.Од МВР информираат дека зад нападот стои патник кој се превезувал во такси-возилото.Во вториот случај, таксист пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода две лица со тврд предмет физички го нападнале, а потоа го оштетиле неговото такси-возило и му одзеле пари.Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Скопје | пред 5 години

1-1

Градежни активности за ново стрелиште во касарната Илинден

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски извршија увид во градежните активности на стрелиштето во касарната Илинден. Министерството за внатрешни работи во соработка со Армијата на Република Северна Македонија отпочна со активности за изградба и опремување на стрелиште во касарната Илинден во која се наоѓа и базата на Единицата за специјални задачи на МВР.Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на припадниците на ЕСЗ и ќе се подигне нивото на нивната подготвеност. Изградбата на стрелиштето е придобивка и од економски аспект, бидејќи Министерството ќе заштеди значителни финансиски средства кои досега беа потребни за секојдневно транспортирање на припадниците до други стрелишта. Покрај ЕСЗ, ова стрелиште ќе го користат и специјалните единици на Армијата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

12112020_PVRSM_Zaev_Pariski_miroven_forum-2

Заев на Парискиот мировен форум: Од сите нас зависи каков ќе биде светот после КОВИД-19

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска зеде учество на Парискиот форум за мир кој оваа година се одржува целосно во дигитален формат и преку видеоконференциска врска. На Форумот учествуваат повеќе од стотина шефови на држави и влади, лидерите на меѓународните организации, како и други влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската сцена, од верски организации и други.Во своето видео обраќање на Парискиот форум за мир, кој е основан со мисија да ја поттикнува соработката и трагањето по најдобри решенија за предизвиците со кои се соочува светот како што се климатските промени, тероризмот, миграцијата, сајбер несигурноста и слично, и кој оваа година фокусот го стави на пандемијата со КОВИД-19, премиерот Заев истакна дека денеска светот е исправен пред заеднички непријател кој за многу кусо време покажа дека не ги признава границите.Заев во неговото видео обраќање нагласи дека пандемијата предизвикана од коронавирусот не само што го загрози најскапоценото – човечкиот живот, туку ја турна на колена светската економија и речиси нѝ го одзеде социјалниот живот.„Со право, граѓаните го свртеа погледот кон нас лидерите, со очекувања да изнајдеме брзи и ефикасни решенија. И ние, ја примивме пораката! Секојдневно и без одмор, во национални рамки, во европски, и еве како овие три дена - на Парискиот форум за мир, и во светски рамки, се обидуваме да изнајдеме соодветен одговор на кризата која треба заеднички да ја надминеме. Тука сме сите заедно да размениме идеи и најдобри практики со цел да изнајдеме решение за овој предизвик“, потенцираше претседателот на Владата Заев.Тој додаде дека длабоко е уверен дека единството и солидарноста се потребни повеќе од кога било и дека светските лидери треба во практика да ги покажат овие вредности кои ќе бидат на висина на предизвикот – да не познаваат граници и да бидат глобални.„Од сите нас зависи колку светот после КОВИД-19 ќе биде ист или различен, но сега ја имаме шансата, која не смееме да ја пропуштиме, да го направиме подобар!“, рече Заев.Во своето обраќање на церемонијата на свеченото отворање на работата на Парискиот форум за мир, претседателот на Франција Емануел Макрон подвлече дека како никогаш досега на светот му треба нов консензус за прашањата од интерес на сите граѓани на глобално ниво, како што се пандемијата со КОВИД-19, тероризмот и климатските промени.Како приоритет тој го истакна прашањето за заедничката соработка и солидарност на утврдувањето на безбедна и ефикасна вакцина и за потребата од мултилатерална поддршка на глобалниот план КОВАКС, чија цел е да обезбеди фер дистрибуција на вакцините против КОВИД-19.

Македонија | пред 5 години

antonijo

Милошоски: Бараме за спорот со Бугарија да се разговара во Собранието, мора да се знае за што преговара владата

Уште еднаш сакам да потенцирам дека е надвор од парламентаризмот, контролата на власта и европските вредности поканети министри во парламентот кој што ги избрал да бидат министри да избегнуваат да дојдат на прашања кои што се битни од национална гледна точна но и од точка на евроинтеграциите и затоа цениме дека е крајно неодговорно отсуството на вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни Бујар Османи на денешната комисија за надворешна политика, истакна Антонијо Милошоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.Дополнително актуелното владејачко мнозинство пред изборите не убедуваше дека една од изборните цели е да имаме ефикасни институции, а денес гледаме дека токму пратениците на владејачкото мнозинство оневозможуваат Комисијата за надворешна политика да биде ефикасна институција како работно тело од собранието.Инаку, она што требаше да биде расправано на Комисијата за надворешна политика денес ќе го предложиме како точка на дневен ред на пленарната седница.Насловот на точката ќе биде информација за македонско – бугарските односи во контекст на објаснувачкиот меморандум од официјална Софија и ризикот на блокада за преговорите со Европската Унија.Оваа точка освен материјал кој што е приклучен ќе содржи два предлог заклучоци. Предлог заклучоците се првиот заклучок собранието ги осудува позициите содржани во објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија испратен до членките на ЕУ во контекст на проширувањето на македонските евро интеграции како спротивни на повелбата на Обединетите нации во која една од целите е развивање на пријателски односи меѓу нациите засновани врз принципот на почитување и еднакви права и самоопределба на народите, право кое неделиво му припаѓа и на македонскиот народ. И вториот предлог заклучок собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ до европската комисија и до европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓу владина македонско европска конференција.Се надеваме дека пратениците од парламентарното мнозинство ќе ја согледаат важноста на ова информација коректноста и издржаноста на предложените заклучоци и дека истите ќе бидат подржани со пошироко надпартиско мнозинство како што впрочем за многу по контроверзни теми се забележа надпартиското мнозинство во парламентот на соседна Бугарија, истакна на денешната прес конференција Антонијо Милошоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Македонија | пред 5 години

korona-maski

Нема препораки за нови мерки, средба на Комисијата за заразни болести после викендот

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, и д- р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки. Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат. Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.Како што денеска посочи министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила како забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од 4 лица во текот на 24 часа како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

Македонија | пред 5 години

d-r-elena

д-р Коваческа Башуроска: Наш приоритет ќе останат пациентите со кардиоваскуларна патологија, но имаме тим кој ќе се справи со секоја ситуација

Деновиве пренаменет е дел од Специјалната болница за кардиовскуларни заболувања “Св.Стефан” за пациенти кои ќе се лекуваат од КОВИД 19. Сето ова се должи на се поголемиот број новозаразени во Охрид, кој од ден во ден расте. Како што истакуваат од болницата располагаат со медицински персонал а ќе се примаат лица со полесни форми на КОВИД 19.Болничкото крило кое ќе биде ковид центар е физички одвоено, располага со триесеттина кревети , има доволно медицинскиот персонал , единствено нема целтрален довод на кислород , но тоа ќе се обезбедува со кислородни боци.„Како наш приоритет ќе останат пациентите со кардиоваскуларна патологија, а нашиот медицински персонал не треба да зборувам за нивната подготвеност, стручност и професионалност и секако можност да се справат со една ваква нова ситуација“, вели Елена Коваческа Башуроска директор на Специјална болница за кадиологија.Ваквиот потег нема да се одрази врз пациентите кои веќе се лекуваат во оваа болница од кардиоваскуларни заболувања, бидејќи оваа реномирана болница располага со доволен простор и персонал за редовна работа, без пречки како и досега.Во болницата за кардиологија месечно се прегледуваат по 1200 пацинети од Југозападниот регион во змејава и има околу 120 оперативни интервенции.

Македонија | пред 5 години

markica

Известување за жителите на селата Свиништа, Завој, Опеница, Косел, Куратица и Речица

Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Свиништа, МЗ с. Опеница, МЗ с. Косел и МЗ с. Куратица и водоснабдителниот објект-извор во сопственост на МЗ. с. Речица се забранува за пиење.Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид.Водоснабдителните објекти во горепоменатите села не се во надлежност на ЈП „Водовод“ Охрид и ова јавно претпријатие нема обврска за нивно тековно одржување.ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛАТА, СВИНИШТА, ЗАВОЈ, ОПЕНИЦА, КОСЕЛ, КУРАТИЦА И РЕЧИЦА

Македонија | пред 5 години

Donacija_komjuteri_11122020001

Донација од триесет и шест компјутери за училиштата во Охрид

Врз основа на Одлуката на Владата, за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Општина Охрид, Универзитетот “Свети Апостол Павле“, денес донира триесети шест компјутери за училиштата во Охрид.Компјутерите ќе бидат подеднакво распределени во ОУ “Григор Прличев“ и во средните училишта, “Свети Климент Охридски“, “Свети Наум Охридски“ и средното економско училиште “Свети Кирил и Методиј“.

Македонија | пред 5 години

Gradski-Pazar-12-2020

Интензивни мерки за дезинфекција на Градскиот пазар во Охрид

Почитувајќи ги мерките за заштита од Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието. Во насока на превенирање и спречување на ширење на вирусот секојдневно се врши мерење на телесната температура на вработените и на закупците на тезги во пазарот.Со високиот стандард на хигиена претпријатието , несомнено гради безбеден пазар како за вработените и закупците на тезги така и за посетителите.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Арсовски нека побара слики од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога на Клиниката за инфективни болести немаше вода

Срамно, вулгарно и нечовечки е тоа што ВМРО-ДПМНЕ на некрофилски, морбиден начин се потсмева на жртвите од коронавирусот и нивните семејства, што тера политиканство во време на светска пандемија. По цели 70 години Венко Филипче, Владата предводена од СДСМ ги реновираа интерните клиники и заедно со медицинскиот тим од нив направија ковид центри за згрижување на пациенти заболени со вирусот ковид 19, се вели во Соопштението од СДСМ кое е реакција на изјавата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.Тие во продолжение на истото додаваат:Венко Филипче направи систем со кој во секоја болница има ковид центар за згрижување на пациенти, а овозможи и непречено да функционираат редовните интервенции и прегледи во рамките на мој термин.Додека цел свет е под огромен притисок поради пандемијата со вирусот Ковид 19, ВМРО-ДПМНЕ единствено што има на дневна агенда е спас на наследникот на Груевски, губитникот Христијан Мицкоски. За следната прес-конференција Димче Арсовски нека земе слики од архивата на ВМРО-ДПМНЕ, од Клиниката за инфективни болести кога во време на ВМРО-ДПМНЕ таму немаше ни топла вода.Ако Арсовски не знае бидејќи тоа време беше дел од Демократска десница, нека сврти некој телефон до Будимпешта да го избрифираат, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

12112020_PVRSM_Zaev_Bitiki_Besimi_Bektesi_Presskonferencija-5

Заев и Бектеши: Финансиска поддршка за 400 компании во износ од 17.2 милиони за инвестиции и зајакнување на конкурентноста

Севкупно, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра. Оваа финансиска поддршка е една од мерките во третиот економски сет, поточно Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за претпријатија кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.Премиерот Заев рече дека конкретната цел на оваа економска мерка од третиот пакет е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, а со тоа и подобрување на конкурентноста, можностите за извоз, што во крајна цел значи отворање на нови работни места и задржување на постојните.„Согласно условите, овие 400 претпријатија веќе започнаа инвестициски циклус или ќе инвестираат во текот на 2021 година. Станува збор за инвестиции во периодот март 2020 година до декември следната 2021 година. Вкупната инвестиција на избраните компании се проценува на 89 милиони евра. Средствата во износ од 17.2 милиони евра, се наменети за компаниите од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот со цел нови инвестиции и освојување на нови пазари. Нашите заложби како Влада, а и целта на оваа мерка е и во услови на пандемија, да се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на националната економија, преку реализација на инвестициски проекти.Искористеноста на средствата дава јасен сигнал дека имаме национални компании кои и во услови на криза се подготвени да инвестираат, да се прилагодуваат на новонастаната состојба, а со тоа да делуваат и кон побрзо заздравување на домашната економија. Секоја инвестициска активност е од непроценливо значење за економскиот развој на земјава и токму затоа оваа мерка е посветена на ревитализација, опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата“, изјави Заев и напомена дека зацврстување на дијалогот, консултација пред донесување на мерките, со сите чинители во општеството, комори, синдикати, работодавачи, граѓански организации останува приоритет.Премиерот Заев, подвлече дека државата е тука да помогне во најтешките моменти, заедно да ја пребродиме оваа криза, да излеземе посилни и да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.Министерот за економија Бектеши рече дека Владата покажува дека се грижи и ги поддржува сите компании кои во овие тешки времиња инвестираат во нивната конкурентност.„Денеска заокружуваме една од главните мерки од Третиот сет економски мерки кои Владата ги усвои во текот на вонредната состојба. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите и за поттикнување на извозот и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на нашите компании ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра согласно сите инвестициски планови. Министерството за економија веќе ги подготвува сите поединечни договори за секоја инвестиција во делот на уредбата“, истакна министерот Бектеши.Министерот информираше дека Министерството во текот на наредната недела ќе ги повика сите 400 компании да склучат договор за финансиска поддршка.„Исплатата ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорите. Веќе нашите домашни компании се третираат подеднакво со странските и директно и тие добиваат поддршка од страна на државата. На ваков начин ќе продолжиме да работиме и со новите мерки. Во наредниот период ќе следат измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел во наредната година сите домашни и странски компании да можат да ги користат мерките што произлегуваат од законот“, изјави Бектеши.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Донација за поубав престој на децата од градинката "Наум Наумовски Борче" во Центар

Општина Центар и општествено одговорните компании во континуитет се грижат најмладите да добијат најсовремени услови за рекреација.Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска, со Бобан Дамчевски, директор на компанијатата Дамчевски ДООЕЛ Скопје, увозници за германските бебешки производи “HIPP“, потпишаа договор за донација.Договорот за донација се однесува на реконструкција на едно детско игралиште на територијата на општината. Станува збор за игралиштетото во клонот „Наум Наумовски Борче“ на детската градинка „Кочо Рацин“.Реквизитите на игралиштето, се користат со години и се дотраени, застарени и несоодветни за користење.На предвидениот простор ќе се постави нова гумирана подлога на вкупна површина од 115 метри квадратни, детска куќичка за играње, лулашка и фигура-лизгалка.„Секогаш се трудиме на нашите деца да им ги овозможиме сите потребни услови за современ, безбеден и безгрижен престој во градинките. Со овој чекор, децата во градинката ‘Кочо Рацин’ – клон ‘Наум Наумовски Борче’ ќе добијат ново игралиште кое ќе им овозможи игри и многу безгрижни денови“, рече градоначалникот Богдановиќ, заблагодарувајќи се за донацијата.Оваа донација, посочи градоначалникот, нека биде пример за тоа како една одговорна компанија се грижи и придонесува за подобрување својата околина и условите за престој на децата во градинките и да биде мотив плус и за другите општествено одговорни компании и правни лица и тие да го следат овој потег и своите постапки во иднина да го дадат својот придонес за доброто на нашите деца.

Македонија | пред 5 години

slika1

Милошоски: Димитров слика има, тон нема, во Македонија за разлика од ЕУ министрите бегаат од собранието

Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања! За жал во Македонија министрите бегаат од Собранието и пратениците.Затоа и макетата на вицепремиерот Димитров е вистинската слика за владините министри во Собранието, слика има, тон нема, напиша на својот ФБ профил Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.Милошоски во објавата додава:Пратениците од власта денес не прифатија на дневен ред да се стават и да се усвојат следниве заклучоци кои се однесуваат на македонско-бугарскуте односи и ризикот од блокада на евроинтеграциите:1.Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945-та година, во која една од целите е развивање на “пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите”, право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ2. Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и до Европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција.

Македонија | пред 5 години

lidija-dimova

Десет дена пред да биде разрешена Димова на фрезерницата и исплатила 26 илјади евра

Десет дена пред да биде разрешена од директорската позиција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова потпишала налог за исплата на 1.637.296 денари, односно 26.623 евра кон фризерницата „В.Е.З. Трејд“, сопственост на Зоран Златковски. Исплатата била направена и покрај тоа што претходно Финансиската полиција влезе во Националната агенција, одзеде документи и соопшти дека води истрага за случајот „фризерница“, кој сега го истражува и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, објави А1ОН. Парите биле трансферирани според договор кој фризерницата „В.Е.З. Трејд“ го има склучено со Националната агенција. Тие се дел од доделените 270.000 евра во периодот од 2018 до 2020 година. „А1он“ дојде до информации дека според истрагата на Финансиската полиција, досега кон „В.Е.З. Трејд“ се исплатени 5.388.762 денари, односно 87.596 евра.Обвинителството ги сомничи Лидија Димова и Зоран Златковски дека предизвикале штета од големи размери на средствата од Европската заедница во периодот од 2018 до 2020 година. Истрагата утврдила дека има судир на интереси во одобрувањето на грантови за „В.Е.З. Трејд“, бидејќи Златковски бил надворешен експерт во Националната агенција. Дополнително, тој бил ангажиран без јавен оглас, што повторно се коси со Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.Текстот во целост на: А1ОН. 

Македонија | пред 5 години

klinicki4

Арсовски: За ѓубрето и шутот на Клинички, заборавените паценти и бројот на починати е виновен Венко Филипче

Навистина е срамота почитуваниот доктор, а катастрофален министер Венко Филипче своето катастрофално работење и негрижа за пациентите да го затскрива преку деца од младината кои ги пушта да држат пресови.Здравството, сите клиники и болници низ државава се во катастрофална состојба.  За жал, броиме црни рекорди и биланси, каде што бројката на починати дневно достигнува рекорди. Бројката на новозаразени исто така секојдневно достигнува рекорди, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Црниот биланс е 1212 починати до вчера, односно 606 починати на еден милион жители, што не вбројува во земјите со највисока смртност.И за тоа не е виновно ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Христијан Мицкоски, ниту јас како Димче Арсовски, ниту граѓаните, а најмалку медицинските лица. За тоа е виновен единствено министерот и политичар Венко Филипче што не овозможува услови и што не менаџира добро со целата ситуација и министерството.Секојдневно имаме десетици очајни жалби и молби од граѓани јавно да кажуваме за третманот кон нив од страна на надлежните и директорите на болници, каде што не ги примаат на лекување пациентите со тешка клиничка слика, бидејќи нема простор повеќе. А просторот не можат да го обезбедат граѓаните, туку просторот и условите треба да ги обезбеди министерот Филипче. Но, нему баш му е гајле, поважна му е политиката и политичките препукувања. Затоа ние решивме да го пренесеме гласот на граѓаните и нека не заборава Венко Филипче и СДСМ се додека се кријат позади деца на прес конференции и не навредуваат и напаѓаат, тие ги напаѓаат граѓаните бидејќи ги пренесуваме нивните маки.Ќе ви покажам само дел од сликите во каква состојба се наоѓа Клиничкиот центар во Скопје, за другите градови и не морам да говорам, таму сами директорите поставени од Филипче молат за помош преку социјални теми и бараат јавни донации за болнички возила и останати услови. Најверојатно амбулантни возила нема, затоа што парите завршиле кај Заеви.Ова е состојбата денеска пред еден час низ Клиничкиот центар. Ѓубре и шут насекаде, пациенти заборавени по ходници, за жал некои и на ладното во дворот на клиниката, немање основни услови за работа на здравствените работници.Ова се фотографиите кои може да ги види и министерот Венко Филипче само ако пропешачи овде низ Клиничкиот центар, ова е денеска, пациенти кои лежат низ ходниците и оставени алатки низ ходиниците во болниците.Ова е состојбата на Клиничкиот центар во Скопје од пред само еден час и министерот може слободно да прошета да види во каква состојба се наоѓа, наместо да седи затворен во Владата и од министерството да држи прес конференции и да ја крие неговата неспособност и негрижа.Ѓубре и шут насекаде, заборавени пациенти, некои беа и заборавени и на ладна температура во дворот на Клинички центар, немањето на основни услови за работа на здравствените работници, која слика од состојбата можевте да ја видите на фотографиите.Затоа граѓаните страдаат, затоа граѓаните за жал умираат и ја губат битката со корона пандемијата. Затоа Венко Филипче и комисијата на Караџовски се виновни за се ова и треба да си дадат оставки уште веднаш, бидејќи животот на граѓаните е најважен, а не политиката на Филипче и Караџовски. Ова ви е порака од граѓаните, сфатете ја што побрзо, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

skolo

(ФОТО) Школо или шокло, како и да е Внимавајте!

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа очајна грешка направена при обележувањето на улица во Скопје.Станува збор за уличен натпис на асфалтот со кој им се сугерира на возачите дека во близина има училиште или скратено школо. Но,  погледнете  како е наапишано.

Скопје | пред 5 години

ohridskoezeromart

СДСМ: Состојбата со Охридското Езеро е стабилна, ВМРО-ДПМНЕ тера политиканство од природни појави

Нема крај политиканството на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо освен измислици, конструкции, лицемерие и неодговорно однесување. Колку во ВМРО-ДПМНЕ имаат изгубено допир со реалноста говори фактот што тие денеска тие ја обвинуваат Владата предводена од СДСМ затоа што годинава има значително помалку врнежи на дожд, се вели во Соопштението од СДСМ кое е  реакција на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ да не се грижи, состојбата со водостојот на Охридското Езеро е под контрола, внимателно се следи и се внимава да биде во рамки на дозволеното.Како што објавија и АД Електрани на Северна Македонија, ХЕС Црн Дрим управува со истекот на вода од Охридско езеро и предизвикува регулирано осцилирање на нивото, при тоа секогаш водејќи сметка тоа осцилирање да го следи природното, што значи во месеците мај-јуни да ја достигне максималната вредност а во октомври – ноември минималната.Според издадената водостопанска дозвола од Министерството за животна средина, дозволено е осцилирање помеѓу котите 693.10 и 693.75. Оваа 2020 година е значително сува година и со остварено производство на електрична енергија на ХЕС Црн Дрим од само 70% од просечното, котата на Охридското езеро изнесува 693.13.Согласно обврските од Водостопанските дозволи, донесена е одлука да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите, со цел да се заштити животната средина и биодиверзитетот.Планирано е испуштање на вода само за обезбедување на биолошкиот минимум на реката Црн Дрим, со што и нивото престанува да се намалува а со доаѓањето на есенските врнежи ќе почне и да расте.ВМРО-ДПМНЕ е толку очајна и безидејна што покрај коронавирусот, реши да тера политиканство со природните, метеоролошки појави и затоа не треба да се чудат зошто се во опозиција и зошто уште долго ќе останат таму, се вели во Соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Финанскиска помош за јавните градски претпријатија за справување со последиците од КОВИД 19 пандемијата

Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9.вонредна седница на која ќе расправа за доделување финансиска помош (субвенции) за јавните градски претпријатија, во насока на справување со финансиските последици предизвикани од кризата со корона пандемијата.Со првата одлука, Советот ќе расправа за префрлање финансиски средства, доделени од Буџетот на РСМ, обезбедени со последниот ребаланс, за субвенции на ЈСП „Скопје“ – Скопје, каде се доделува неповратна финансиска помош за ЈСП „Скопје“ - Скопје во износ од 45.000.000 денари.Советот на Град Скопје ќе расправа за посебни одлуки, каде со средства од Буџетот на Град Скопје, поради потешкотии во работењето предизвикани од кризата со корона пандемијата треба да се доделат субвенции во вкупна вредност од 75.000.000 денари, или 40.000.000 денари за ЈП „Комунална хигиена“, 15.000.000 денари за ЈП „Водовод и канализација“ и 20.000.000 денари за ЈП „Паркови и зеленило“.Дополнително, Советот ќе расправа и за одлуката за субвенционирање на ЈП „Паркови и зеленило“ за набавка на два система за рана детекција на пожари, за што ќе биде доделена субвенција во износ од 14.160.000 денари, како и за Одлуката за давање согласност на Ценовник на саден материјал на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје.

Скопје | пред 5 години

dragi-raskovski

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски поднел оставка

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата поднел оставка, но ќе остане да работи на тоа место додека Владата не најде ново решение. Засега нема одлука кој ќе го наследи.Оставката денеска ја потврди и премиерот Заев. Toj истакна дека Рашковски уште пред месец и пол поднел оставка.„Генералниот секретар Драги Рашковски поднесе оставка пред месец и пол, тој ја извршува функцијата додека не дојде нов. Правиме консултации сè уште, лично јас како претседател на Владата кој сум овластен предлагач и ќе има нов генерален секретар. Немам донесено одлука, штом ќе ја донесеме, ќе соопштиме“, рече Заев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Обвинение за извршител на неколку кражби во Скопје

Обвинителен предлог против едно лице за сторени четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1, како и едно кривично дело – Кражба според член 235 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд.Обвинетиот 21-годишен скопјанец, на 17 октомври, насилно провалил во просториите на невладина организација на улица „Вашингтонска“, од каде одзел 28 таблети, еден лаптоп компјутер, една панелка за греење, две греалки, електричен бокал и три пакети со прехранбени производи, во вкупна вредност од 232.200 денари.Во временскиот период меѓу 20 и 22 октомври, насилно отворајќи го прозорецот од бањата, провалил во куќата на еден оштетен на улица „Црноок“ и одзел четири теписи, 15 литри зејтин и еден фен за коса, во вкупна вредност од 27.400 денари.На 28 октомври, на сличен начин, обвинетиот влегол во куќа на улица „Вашингтонска“ од каде одзел телевизор вреден 15.000 денари.На 30 октомври од друга куќа на истата улица одзел таблет – смарт пад, вреден 6.000 денари и избегал.Обвинетиот на 3 ноември, го искористил невниманието на еден оштетен кој бил во фризерски салон на улицата „Индира Ганди“, па од дворот на фризерницата му го украл електричниот тротинет вреден 30.000 денари.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​​

Скопје | пред 5 години

svr-ohrid

СВР поднесе кривична пријава за охриѓанец - не го почитувал решението за изолација

Поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т.(47) од Охрид. При контрола извршена на 28.10.2020 год.ина, полициските службеници констатирале дека пријавениот го напуштил својот дом и не го почитувал решението издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат -Охрид со кое, му е одредено здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена.

Македонија | пред 5 години

nikoloski-1

Николоски: Не е возможно нон-пејперот да излезе во Австрија, а за преговорите тука да дознаваме од вести, бараме Национална стратегија

Владата на Зоран Заев го става прашањето со Бугарија под тепих, велеше дека сите проблеми се решени и договорот е совршен, како и клучното прашање зошто се пристапува на овој процес нетранспарентно? – праша Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во гостување во Телевизија 24.-Денеска ќе поднесеме точка на дневен ред каде ќе бараме информација за текот на преговорите со Бугарија, како и изградба на Национална стратегија во однос на проблемот со Буагрија, затоа што власта не доаѓа на комисиска расправа, ќе бараме на пленарна седница да се изгради заеднички став и стратешки пат за идниот процес кој треба да е консензус од сите политички партии - потенцираше Николоски.-Не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија, како е возможно во Бугарија и Каракачанов, и Захариева и Борисов да даваат по пет изјави дневно за ова прашање, а во Македонија да нема никаква изјава, како е возможно во Бугарија претседателката на опозиционата партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето со Македонија, а ние да дознаваме од вести, никој не не информирал за ништо, критикуваше Николоски.Николоски истакна дека Заев е најголемиот експонент на бугарската политика во Македонија, како и тоа дека секаков компромис со историјата е загрозување на иднината на македонскиот народ.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Во Виница разбиена група што незаконски продавала несоодветни тестови за Ковид

На 11.11.2020, по добиени сознанија дека лица од Виница, вршеле незаконска продажба на несоодветни брзи тестови за детекција на вирусот „ковид-19“, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Виница извршија оперативни проверки, при што е дојдено до сознанија дека лицата: В.П.(35) и М.А. (46) двајцата од Виница, заедно со правно лице од Виница нуделе и продавале несоодветни т.н. брзи тестови во врска со коронавирусот. Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело – “незаконито земање и користење на генетски и биолошки материјал“ казниво по чл.210-а од Кривичниот законик, со наредба од Јавен обвинител, бил извршен претрес во дом и други простории, при што во домот на В.П.пронајдени се седум кеси со натпис “Ковид Чек ТМ“ и едно шише од 2мл со течност со натпис „Буфер“, кои се одземени. До надлежното обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок, а и во наредниот период се преземаат мерки во врска со ваквите случаи.Апелираме до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами, а МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница.. Само така заеднички ќе придонесеме за справување со коронавирусот .

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Во ковид центрите во Скопје хоспитализрани 382 пациенти со симтоми на КОВИД-19

Во изминатите 24 часа, во Ковид центрите во Скопје се примени 38 пациенти со симтоми на вирусот КОВИД-19. На интерните клиники имало 12 приеми и тоа четири во ковид центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и три пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноќие имало 18 приеми, а во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 9 нови пациенти.До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во Скопје. Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има.Во моментов, на Клиниката за дерматологија во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни.Слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.На Интерните клиники во ковид центрите на Клиниката за неврологија и на Клиниката за дерматовенерологија покрај постоечките 64 кревети, ќе се стават во функција и дополнителни легла, а од сабота пациенти ќе се примаат и во новите ковид центри на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за нефрологија. Овие клиники располагаат со кислородни места за третман на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ капацитетите се генералнпо полни, но во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти и постепено се ослободуваат дополнителни места. Оваа клиника располага со 56 места за лекување на ковид пациенти.Сите нови оддели на Интерните клиники располагаат со болнички места до кои имаат довод на кислород. Во тек е доопремување со останатата медицинска опрема која им е потребна на лекарите, а од денес покрај пулмолог и анестезиозолог, достапен за консултации на интерните клиники ќе биде и лекар анестезиолог од КАРИЛ.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања