Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

govor

(ВИДЕО) За завршниот коментар на Тони Стојановски пишуваат медиумите од регионов и пошироко

Завршниот коментар на Тони Стојановски од мечот меѓу Македонија и Грузија влегува во категоријата на „легендарни говори“ на македонските коментатори што ќе се паметат. За Стојановски пишуваат медиумите во регионов и пошироко.За емотивната завршница на преносот Македонија Грузија, пишуваат и хрватските медиуми,Говорот на Тони Стојановски се најде на насловната страница во спортската рубрика на еден од најголемите хрватски портали, „24сата“.Стојановски на кого ни коментаторското столче неможеше да го задржи од возбуда викајќи на преностот истакна:Во време кога не негираат, и име, и презиме , и нација, ТИЕ што ги описменивме, ќе не пречекаат, ќе стојат мирно на МАКЕДОНСКАТА химна.

Македонија | пред 5 години

mvr-apsi-ubiec

ВИДЕО: МВР по снимањето на ТВ21 го приведе Агим Исмаиловиќ

Полицијата дојде во домот на Агим Исмаиловиќ каде се наоѓаше и екипа на ТВ21 и го приведе, бидејќи претходно за него судот донесе такво решение.По Исмаиловиќ трагеше МВР бидејќи денеска откако обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за него, тој исчезнал од судската палата.

Македонија | пред 5 години

13.11-5

Филипче со порака до колегите - Херојска е борбата на здравствените работници

Mинистерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, заменикот министер за здравство д-р Илир Хасани и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска беа во посета на Општата болница Гостивар, во која целосно е реновирано хируршкото одделение.Со реновирањето, вработените имаат подобрени услови за работа според најсовремените стандарди, а пациентите имаат значително подобри услови за престој и лекување. Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 15 милиони денари.Министерот Филипче пред вработените во оваа установа истакна дека херојска е борбата и работата што ја вршат здравствените работници во целиот овој изминат период, за да се подготви и престрои системот за нешто за што никогаш ниту не предвидел дека ќе се случи, ниту бил спремен, ниту пак очекувал.„Вие и вашите колеги во сите други јавно здравствени установи тоа го направивте во исклучително краток временски период. Помош таму кадешто е најпотребна прераспределба на кадарот, помош на докторите и сестрите коишто работат на инфективното одделение и сега и на интерното пренаменето за третман на пациенти со ковид. Сакам искрено да ви честитам и да ви се заблагодарам и да укажам на тоа дека водиме сметка за секој еден којшто е вклучен во оваа битка. Со последниот ребаланс на буџетот се одвои значителна сума на средства којашто ќе оди како награда еднократна во следните месец дена за сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти.“ - потенцираше Филипче и потсети дека минатата година во болницата во Гостивар целосно биле реконструирани операционите сали и набавена нова опрема. Тој најави и дека во 2021 година со помош од Европската унија, болницата ќе добие апарат за магнетна резонанца.Вице-премиерот Груби изјави: „Вчера го славевме херојството на фудбалерите, и беше ден посветен на нив. Се радувавме сите заедно. Но, всушност наши секојдневни херои се оние кои секојдневно се борат со последиците од пандемијата и се нашите вистински, секојдневни херои. Им честитам, им се заблагодарувам на сите за целиот нивни придонес. Честитки и за новиот оддел, се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни од услугата“.За да се одговори на предизвикот со ковид-19, во Општата болница во Гостивар зголемени се болничките капацитети. Од почетокот на пандемијата, инфективното одделение располагаше со 18 легла. Со реновирањето на стариот простор за дијализа, но и спремното интерно одделение, сега болницата располага со вкупно 65 кревети. Направен е нов распоред и реорганизација, уклучени се сите интернисти и специјализанти кои се вратени од специјализација на припомош. Обезбеден е доволен број на медицински кадар. Установата, и во услови на ковид-19 продолжува со редовните прегледи и интервенции за пациентите во овој регион, кој опфаќа 200 илјади жители.

Македонија | пред 5 години

kostadinov

Костадинов: Фирми партнери на Мицкоски во хидроценралите биле кредитирани без покритие од „Еуростандард банка“

Меѓу компаниите кои биле кредитирани од страна на „Еуростандард Банка“ без покритие се и компании во сопственост на бизнис партнерот на Христијан Мицкоски, посочи пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната надзорна расправа во Комисијата за финансирање и Буџет.-Во едно интервју сопственикот на „Еуростандард Банка“ Трифун Костовски, а потоа и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека бие кредитирани фирми од Струмица, без доволно покритие и дека наводно тие фирми биле блиски со СДСМ. Компаниите „Јанев трејд“ „Ведра мини“ и „Минка ДА“ не се поврзани со власта. Станува збор за компании на партнер на Христијан Мицкоски. „Минка ДА“ и другите компании што ги спомнав а коишто без покритие ги има финансирано „Еуростандард“ се партнер на Мицкоски во бизнисот со хидроцентралите, заклучи Костадинов.Овие факти внесуваат целосно нов момент во целиот случај со „Еуростандард Банка“ кој ги поврзува директно со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

agim-ismailovik-monstrum

ФОКУС: Агим Исмаиловиќ, обвинет во „Монструм“, избега откако обвинителката Фетаи побара притвор!?

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска побара притвор за двајца од обвинетите во „Монструм“, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, бидејќи како што рече кривичната постапка е при кај.  Но, наместо да бидат задржани во судот до одлука на Кривичниот совет, тие слободно си излегле, по што сега според информации на „Фокус“, нема ниту трага ни глас од Агим Исмаиловиќ.Како што неофицијално дознава „Фокус“, екипи на МВР веќе трага по него.Исмаиловиќ е еден од обвинетите за петкратното убиство што во 2012 година беше извршено кај Смиљковското Езеро. Текстот во целост на: „Фокус“

Македонија | пред 5 години

korona5

702 паценти со симптоми на ковид-19 се лекуваат во болниците во земјава, слободни места има во речиси сите ковид центри

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 569 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 133 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 702Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 48 пациент, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 30 позитивни и ковид суспектни пациенти. Во болницата во Струмица лежат 30 пацинети, во Кочани 23, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 11 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Отфрлена кривичната пријава за лекарска грешка во случајот со пациентот Булент Ибрахим

Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое ја одби како неоснована жалбата на семејството на починатиот Булент Ибрахим и го потврди донесеното Решение на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за отфрлање на кривичната пријава против три физички и две правни лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 2 во врска со член 207 став 1 од Кривичниот законик.Кривичната пријава од семејството на починатиот се однесуваше на лекарска интервенција извршена врз Ибрахим на 18.02.2019 година, која ја извршил еден од пријавените лекари во изнајмена операциона сала во сопственост на вториот пријавен, а со асистенција на третата пријавена. Според семејството, пријавените очигледно неподобно средство и начин на лекување, како и несоодветни хигиенски мерки со што предизвикале влошување на здравствената состојба на пациентот, кој по оперативниот зафат добил висока температура и сепса. Првопријавениот лекар кој ја извршил интервенцијата, наместо да го упати пациентот на лекување во специјализирана здравствена установа, доаѓал во домот на оштетениот и му давал инфузија. Кога на 21.02.2019 година констатирал дека терапијата што ја препорачал не дава никаков ефект и дека пациентот е во критична состојба, пријавениот со сопствено возило го однел оштетениот во ГОБ „8-ми Септември“, каде и покрај обидите на лекарите да го спасат неговиот живот, тој починал.Врз основа на утврдените факти и прибраните докази во предметот, со оглед на тоа што причинско-последичната врска во конкретниот случај беше невозможно да се утврди заради неизвршена обдукција, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против трите пријавени физички лица. Против двете правни лица, пак, кривичната пријава е отфрлена, бидејќи законските одредби од цитираните членови не предвидуваат кривична одговорност за правни лица.На вака донесеното решение, семејството на починатиот вложи жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје, кое изврши увид во списите во предметот и констатираше дека Основното јавно обвинителство Скопје во целост ги прибавило релевантните докази потребни за утврдување на правилната фактичка состојба и на постоење на евентуално инкриминирани дејствија кај пријавените.Сите наводи во жалбата дека јавниот обвинител погрешно ја утврдил фактичката состојба во предметот се неосновани, утврди Вишото јавно обвинителство Скопје.Заради проверка на наводите во пријавата јавниот обвинител ги презел сите потребни дејствија, меѓу кои од Лекарската комора на Македонија побарал стручен надзор за оценка на условите и начинот на лекување и извршената интервенција врз сега починатиот, а на исти околности бил извршен и вонреден надзор од Комисијата за вршење стручен надзор формирана од Министерството за здравство. Од содржината на залучоците во двата наода, како и од испитувањето на вешто лице и на техничките советници од Институтот за судсска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, во целост е даден одговор на наводите во кривичната пријава и во поднесената жалба. Од приложениот дополнителен вешт наод и мислење од вештото лице не можат да се утврдат нови факти ниту произлегуваат нови докази во однос на пријавените кривични дела, констатира Вишото јавно обвинителство Скопје.Од овие причини вишиот обвинител оцени дека одлуката на Основното јавно обвинителство Скопје е правилна и законита и ја одби поднесената жалба​.

Македонија | пред 5 години

13112020_PVRSM_telefonski_razgovor_so_pretsedatelkata_na_EK_2

Заев - Урсула фон дер Лајен: Извештајот на Европската комисија потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.Во разговорот, на кој присуствуваа и заменикот-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев изрази благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија за нашата земја со кои Брисел потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.Заев додаде дека оваа поддршка има дополнително значење бидејќи е придружена со Економскиот и инвестициски план за земјите од регионот за поддршка на процесот за остварување на европските стандарди на државите од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ.Премиерот Заев ја информираше претседателката на ЕК фон дер Лајен и за тековните разговори со Република Бугарија и ги презентираше позициите на Северна Македонија.Во тој контекст премиерот Заев се заблагодари за личниот ангажман на претседателката на ЕК, како и на сите еврокомесари, особено нагласувајќи го ангажманот на овој план на германското претседателство со ЕУ и за посветеноста да се најде решение, кое ќе биде успех за Северна Македонија, за Република Бугарија, за ЕУ и за Западен Балкан.Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од своја страна истакна дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ.Претседателката на ЕК уште додаде дека Северна Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка.Премиерот Заев информираше и за успешното организирање како заеднички домаќини на Лидерскиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во Софија на кој беа донесени значајни одлуки и декларации од посебна корист за регионалната соработка и за економски развој на земјите од регионот согласно плановите и агендата на ЕУ.Претседателот на Владата на Северна Македонија ја информираше претседателката на ЕК фон дер Лајен и за ситуацијата со КОВИД-19 во земјата и се заблагодари за поддршката на ЕУ во справувањето со пандемијата.

Македонија | пред 5 години

milososki

(ВИДЕО) Милошоски: Фирма на Вице Заев и 29 други струмички фирми профитирале со речиси 13 милиони евра од неплаќање кредити кон Еуростандард

На денешната расправа на седницата на Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Антонио Милошоски кој на гувернерката Бежовска и посочи дека 29 фирми кои се блиски до семејството Заеви, меѓу која и фирмата “Сара инженеринг” која е фирма на Вице Заев, “Глобал Медиа Груп”, како и “Тритерол”, бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка.Овие 29 фирми блиски до Заеви, меѓу кои и фирмите кои се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка 12.800.000 евра поради неплаќањето на кредитите, на штета на штедачите кои имале средства во Еуростандард банка.Милошоски и посочи на Бежовска дека таа требала да ги знае овие информации од ревизиите, особено од 22-ри мај, кога е воведен дневен надзор над банката.Милошоски уште еднаш ја запраша гувернерката, зошто дозволила овие 29 фирми блиски до Заеви да не ги плаќаат кредитите и да остваруваат добивка на грбот на штедачите, и исто така дали за овие работи била информирана, а не реагирала?!

Македонија | пред 5 години

13112020_PVRSM_MO_MIOA_Polozuvaneje_na_cveke_3

Владина делегација положи цвеќе по повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Скопје

По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, на одбележувањето организирано од Град Скопје, денеска Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во придружба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.Во чест на борците кои на 13 ноември 1944 година ја донесоа слободата, членовите на Владината делегација оддадоа почит и положија цвеќе и на Алејата на заслужните и пред Споменикот на Ослободителите во дворот на Владата.

Скопје | пред 5 години

Foto-3

Средба на претседателот Пендаровски со средношколци, добитници на медали на 37-та Балканска математичка олимпијада

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими ученици коишто на 37-та Балканска математичка олимпијада освоија сребрен и бронзени медали.На олимпијадата, каде нашата земја ја претставуваа 6 ученици, претежно средношколци, Никола Спировски доби сребрен медал, додека бронзени медали освоија Дамјан Давков, Алек Јармов и Лука Грашкоски. На Олимпијадата учествуваа и Кристина Тасева и Бојан Димовски. Тимот заедно освоил 113 поени, што според Сојузот на математичари на Македонија, претставува најголемо достигнување во последните 11 години.На средбата, учениците и водачите на тимот Никола Велов и Борче Јошевски го информираа претседателот Пендаровски за процесот на интензивни подготовки, којшто се спровел преку четири пробни натпревари со симулација на условите. Таквиот пристап, како што истакнаа тие, придонел за одличниот резултат на олимпијадата.Претставниците од Сојузот на математичари на Македонија истакнаа дека клучна улога за постигнување врвни резултати во математичкото образование има основното образование, односно работата со учениците уште од четвртто и петто одделение.Честитајќи им за освоените медали и големиот успех, Претседателот Пендаровски изрази поддршка за напорите да се обезбедат подобри услови за учење и тренинзи по математика.„Честитки за успехот, за кој сите сме горди. Посакувам да продолжите да го надградувате квалитетот што го поседувате и натаму да постигнувате одлични резултати на меѓународен план“, истакна претседателот Пендаровски на средбата.37-та Балканска математичка олимпијада, на којашто учествуваа 11 балкански држави и седум гостински тимови, виртуелно се одржа во Романија, во периодот од 31 октомври до 5 ноември годинава.Инаку, за некои од учениците овие награди не се единствени годинава. Никола Спировски во септември победи на 24-тата Јуниорска олимпијада. На истото натпреварување, коешто виртуелно се оддржа во Грција, Дамјан Давков освои сребрен медал.

Македонија | пред 5 години

abaz1

Самоделска направа откопана при градежните зафати на „Абас Емин“

На 12.11.2020 година во 15,45 часот во СВР Охрид, од страна на вработен во Јавното претпријатие „Водовод-Охрид“, пријавено е дека при изведување градежни работи на улицата „Абас Емин“ во Охрид, пронашле една метална шипка со рачно вграден механизам за окинување. Предметот е одземен и предаден на вештачење.

Македонија | пред 5 години

dsc02

Стоилковски: Скопје со Шилегов и Филипче е град на загаден воздух и корона

Добредојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од корона вирус и најзагаден воздух во светот.Денеска е 13 ноември, ден кога Скопје го слави ослободувањето од Фашистичкиот окупатор!Денешниот 13 ноември Скопје е повторно заробено во смог и магла полни со отрови и вируси. Скопје е рекордер во светот во отровни гасови и смртоносен вирус, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Четврта зима скопјани нема да имаат воздух, нема да имаат АјроАјро, како што гласеа лагите на власта.Загаденоста руши рекорди, а Скопје е на врвот на листата градови со загаден воздух во светот, со ниво на канцерогени ПМ10 честички и до 7 пати над дозволеното.За тоа придонесува и лично градоначалникот Петре Шилегов, со редуцирање на Јавниот превоз. ЈСП автобусите наместо да бидат главна алтернатива кон почист воздух со помалку автомобили, Шилегов и ЈСП го редуцираа возниот ред, за што повеќе возила на улиците, и поголема емисија на штетни гасови.Во ретките автобуси е невиден метеж! ЈСП е потенцијално жариште на КОВИД вирусот. Наместо да го зголеми бројот на линиите, и да се намали гужвата, Шилегов го намалува. Само во главата на Шилегов преполните автобуси на ЈСП не се можен кластер на КОВИД.Во Скопје има лажен мораториум за градба, камиони и камиони тешки градежни машини минуваат низ Скопје создавајќи метеж и дополнително загадување.Скопје денес е град во кој што хронично болните се фрлаат во ризик. Во услови на загаденост и корона епидемија не се ослободуваат од работа, заради Комисијата на Венко Филипче.Филипче не го интересираат полните автобуси, не го интересира загадениот воздух во Скопје, Филипче не го интересира густиот смог преполн со Корона вирус. За Филипче не е важно тоа што хронично болните се "дават" во смогот на Шилегов. За Филипче не е важно што хронично болните се туркаат во автобусите на Шилегов.Филипче исто како и Шилегов нема план и не знае што е тоа одговорност. На двајцата им е важно шефот да им е среќен.Скопје со Филипче и Шилегов денес на овој 13 Ноември е град каде што болниците немаат кревети за болните од ковид. Граѓани со денови чекаат за закажување за тестирање и за добивање на резултати на корона вирусот, додека функционери од власта со врски и преку ред се тестираат.Денес најјповиканите во Скопје и во државата не работат ништо и со својата неспособност уште толку ја влошуваат целата ситуација.Скопје се дави во загадениот воздух и во вирус, а тоа ќе биде проблем во наредните месеци, не само за хронично болните туку и за сите заради КОВИД пандемијата.Одговорноста за тоа лежи кај Шилегов и кај Филипче.Ќе повторам, добредојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од корона вирус и најзагаден воздух во светот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

1-2-1

Маричиќ - Јурова: Дигитализацијата на правосудството потребна како никогаш досега

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово оствари онлајн средба со еврокомесарката за вредности и транспарентност Вера Јурова, на која дискутираше за клучните реформи во областа правда.За време на разговорот, Маричиќ ги претстави превземените и планираните реформи во својот ресор и искажа надеж дека преговарачката рамка ќе биде усвоена во наредните неколку денови и дека во декември ќе ја имаме Првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите со Европскта Унија.Маричиќ воедно истакна дека е во интензивна комуникација со сите релевантни чинители од правосудството во дефинирањето на приоритетите и обезбедување на нивното учество во клучните реформи во областа правда, а дека засега тој процес се одвива добро, а и има позитивни повратни реакции. Министерот посебно потенцираше дека вклученоста на ЕУ во процесите во правда е од суштинско значење и ќе овозможат дополнителна вредност и кредибилност на реформите во правосудството.Поради пандемијата, Маричиќ истакна и дека дигитализацијата на судството и обвинителството за ефикасно и ефективно постапување по предметите е потребна како никогаш досега, а дека поддршката од ЕУ за осовременување на правосудството ќе биде вистински катализатор на дигитализацијата, се со цел поефикасни судски процеси.Еврокомесарката Јурова кажа Европската комисија е подготвена да помогне советодавно и финансиски за проекти кои се во насока на подобрување на транспарентноста и ефикасноста на правосудниот систем.Дополнително таа изрази надеж дека кога ќе се создадат услови, имајќи ја предвид глобалната пандемија, ќе ја посети Северна Македонија и лично ќе се сретне со министерот Маричиќ со цел да се забрза соработката во областа на правосудството.

Македонија | пред 5 години

apteka-kvoti-lekovi

Отворена истрага за паралелен увоз на лекови- полициски инспектори утрово во веледрогерија Пановски

Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево вршат претреси во веледрогеријата Пановски.Истрагата која е во надлежност на Обвинителството за гонење на организиран криминал е насочена кон паралелниот увоз на лекови.Сепак обвинителката Вилма Русковска за “Фокус” појаснува дека не се врши претрес, туку се одзема документација.-Се постапува по наредба на обвинителството, но не се врши претрес, туку се одзема документација, изјави обвинителката Русковска, за Фокус.

Македонија | пред 5 години

fazliji-780x470

Интернист од Куманово почина од коронавирус

Корона вирусот однесе живот на 49 годишен лекар од Куманово. Станува збор за интернистот, Шкури Фазлији.Д-р Фазлији беше во болница три дена на Инфективната клиника во Скопје во тешка состојба.Тој зад себе остави ќерка и два сина.Извор: Алсат

Македонија | пред 5 години

makedonska-reprezentacija

Американската амбасада со честитки за фудбалерите: „Ќе навиваме за тимот во јуни“!

Американската амбасадорка Брнз го честиташе пласманот на фудбалската репрезентација на ЕП-Честитки за историското квалификување за Европското првенство во фудбал. Силна страст и напори од целокупниот тим, кој им донесе радост на сите во земјата, напиша Брз на своите профили на социјалните мрежи.Заедно со напишаниот текст на постот е ставена и фотографија од фудбалската репрезентација.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализрани 40 пациенти со симтоми на ковид 19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на ковид - 19. На интерните клиники имало вкупно10 приеми и тоа 6 во ковид центарот на Клиниката за Кожни болести и 4 пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за Инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември се примени 10 нови пациенти.Од центрите се пријавени 37 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 157 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациенти, од кои 14 деца и 27 возрасни.Вкупно 347 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Од викендот пациенти ќе почнат да се примаат и во новите коивид центри на Клиниката за Нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Трипуновски: Преспанското езеро е повлечено и до 500 метри, ова е еколошка катастрофа

Се наоѓаме на местото каде некогаш беше Преспанското езеро, да, на местото каде што стоиме пред две години имаше вода, денес езерото е повлечено од 50 – 500 метри кон средината. Ова што се случува во Преспа, а е резултат на неспособната влада и нејзината желба за профит го загрозува животот како на луѓето, така и на целиот животински и растителен свет во Преспа и целиот Југозападен регион на Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.Нивото на езерото е опаднато за над 5 метри. Ова е рамно на еколошка катастрофа, а на истата сме сведоци секојдневно. Изумрена риба на бреговите, намален кислород во езерото, со што практично е загрозен целиот рибен фонд, и опасност од трајно исчезнување на езерото.Преспанското езеро е езеро кое што го полни Охридското езеро, и доколку дотурот на вода во истото е слаб, а одливот голем, може да дојде до целосно пресушување, што во моментов и практично се случува.Ова пред се е резултат на големото трошење на водата од Црни Дрим за производство на струја и големиот одлив кон Охридското езеро, но и непланското трошење на водата од Преспанското езеро.Ова е национална катастрофа, која има име и презиме – Зоран Заев. Некој за ова мора да понесе одговорност.Се става во крајна опасност опстанокот на езерото, опстанокот на туризмот во регионот, но и животинскиот и растителниот свет во овој регион.Во Република Албанија имаше и парламентарна расправа и се активираат голем број на чинители за спас на езерото, но во Република Македонија, каде се наоѓа поголемиот дел од езерото, владата молчи и дозволува тоа бавно да исчезнува и пресушува.Одговорност за ова ситуација мора да има, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

2

(ФОТО) Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепско

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-ОВР-Прилеп, извршија три претреси во с.Големо Радобил, прилепско, при што е пронајдено и одземено нелегално оружје ( пет пушки) и пронајдено и одземено едно патничко моторно возило кое претходно беше пријавено за украдено.Во домот на М.М. (52) пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9 модел 98, кај Т.Ј. (41) пронајдени и одземени се два ловни карабини и 42 парчиња муниција и кај Ф.Ц. (49) пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено возило „волво“, кое претходно е пријавено за украдено. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 5 години

13112020_Docek_na_makedonskata_fudbalska_reprezentacija_2

СДСМ до репрезентативците: Цела држава е горда на вашиот историски успех!

Честитки до македонските репрезентативци од СДСМ, во честитката се вели:Честитки за одличната, пожртвувана и тимска игра на нашите фудбалски репрезентативци, кои со синоќешната победа испишаа светло поглавје во историјата на македонскиот спорт.Вашата посветеност, борбеност и одлучност за победа е пример за сите, пример дека се е возможно ако се даде се од себе.За првпат македонската фудбалска репрезентација ќе игра на Европското првенство. Цела држава е горда на победата и историскиот успех на македонските фудбалери.Во овој сериозен период, кога целата држава, но и целиот свет со справува со коронавирусот, нашите фудбалски репрезентативци донесоа радост и гордост во секој дом, кај секој граѓанин.Репрезентативците и граѓаните имаат на што да бидат горди. За првпат, Северна Македонија во друштво со најсилните фудбалски нации во Европа.Честитки за пласманот, заедно да се радуваме на нови победи на Европското првенство во 2021 година!

Македонија | пред 5 години

radar-policija

168 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 62 мерки за непрописно паркирани возила.Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во врска со техничката исправност на автобуси и комбиња кои вршат јавен превоз на патници. Во станица за технички преглед беа однесени 58 автобуси и комбиња, од кои 6 беа технички неисправни.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

fudbaleri1

Пандев: Многу сум среќен, сум играл многу големи натпревари во кариерата, но сега сум многу среќен

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој со голот против Грузија го однесе националниот тим на Европското првенство изјави дека играл многу големи натпревари, но никогаш не бил среќен како денес.„Многу сум среќен, сум играл многу големи натпревари во кариерата, но сега сум многу среќен. Мислам дека моето искуство му помогна на тимот да го оствариме овој успех“, рече Пандев по мечот.Пандев со Интер стана европски и светски првак, но настапот со Македонија на ЕП ќе му биде круна во кариерата.

Македонија | пред 5 години

pecakov

Пецаков: Се што е во насока на евроинтеграција на Македонија и подобрување на стандардот на граѓаните, ќе биде поддржано од ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва Кирил Пецаков, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија. При своето гостување посочи дека иако власта има мнозинство во македонскиот Парламент од 62 пратеници, сепак власта и опозицијата по однос на пратеници во Собранието учестуваат со изедначени сили. Тенкото мнозинство кое што го има власта се одразува и на функционалноста на Собранието. Така што една седница за да се одржи, обично започнува со задоцнување и со многу прекини во текот на работниот ден.„Власта има мнозинсто во Собрание од 62 пратеници и на нив останува организирањето и обезбедуањето кфорум за работа. Но, реалноста е дека стануа збор за апсолутно изедначени сили во Собранието меѓу власта и опозицијата, односно бројот на оние пратеници кои што ја прават власта и бројот на пратеници кои што се во опозиција, што самото по себе доведува по мачен процес за владеачкото мнозинство по однос на динамиката на носење закони и сите оние работи кои што сакаат да ги спроедат. Меѓутоа, затоа се тие власт“, рече Пецаков.Пецаков посочи и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат се што значи подобрување на стандардот и животот на граѓаните.„Реформските закони, најголем дел не се носат со 61 или 62, точно се носат со двотретинско мнозинство, меѓутоа сето она кое што е во насока на евроинтеграција на Македонија и подобрување на стандардот на граѓаните на Република Македонија, а со тоа и животот на граѓаните, ќе биде поддржано како што било поддржувано и во минатото и тука не треба никој да има дилеми. Затоа што посебно се наоѓаме во период кој што се нарекува КОВИД криза во кој за жал никој не е одминат и токму мерките и сето она кое што треба да го носиме во наредниот период, треба да биде буквално донесено и посебно кога станува збор за реформски закони треба да биде донесено буквално од сите 120, а не дали ќе биде со 62, 65 или 68“, истакна Пецаков.Што се однесува до предлогот од владејачкото мнозинство за онлајн седници, пратеникот Пецаков вели дека во Уставот јасно е дефинирано дека уставна должност е секој пратеник да ги носи одлуките внатре во Собранието, и посочи дека тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и дека тие како пратеници од опозицијата нема да отстапат од тоа.

Македонија | пред 5 години

fudbaleri1

Членовите на Македонската фудбалска репрезентација ќе добијат парична награда за пласманот на Европското првенство

На седницата на Влада која се одржа вечерва, донесен е  заклучок од буџетските резерви да им биде доделена парична награда од по 10.000 евра во денарска противредност на сите членови на фудбалска репрезентација на Северна Македонија за историскиот успех за пласман на Европското првенство.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања