Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-njemacka

1168 нови случаи на Ковид 19 во земјава денеска и починати 18 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3353 тестирања, а регистрирани се 1168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-513, Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-5, Делчево-3, Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти од: Скопје-394, Куманово-25, Штип-27, Прилеп-22, Тетово-49, Велес-33, Битола-14, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-6, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-1, Неготино-2.Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 20253, активни 8254• Куманово 3005, активни 821• Дебар 412, активни 97• Штип 2127, активни 486• Прилеп 2100, активни 878• Тетово 3120, активни 1051• Струга 1070, активни 285• Велес 1390, активни 742• Битола 1300, активни 669• Охрид 1117, активни 497• Кавадарци 864, активни 400• Гостивар 1688, активни 526• Гевгелија 557, активни 214 (27 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 98 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1338, активни 641• Крива Паланка 327, активни 108• Радовиш 341, активни 130• Крушево 65, активни 36• Кочани 994, активни 319• Пробиштип 289, активни 95• Демир Хисар 144, активни 68• Македонски Брод 126, активни 22• Пехчево 82, активни 22• Берово 275, активни 76• Валандово 135, активни 44• Виница 267, активни 133• Делчево 340, активни 182 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 123, активни 78• Свети Николе 636, активни 179• Кичево 925, активни 413• Ресен 332, активни 119• Неготино 320, активни 215 (26 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3353 теста се преку: ИЈЗ-904, ЦЈЗ Скопје-112, Авицена-387, Биотек-431, МАНУ -260, Жан Митрев (Филип Втори)-287 , Систина со PCR метода -296, лабораторија Лаор –82, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-91, Инфективна клиника-10, ГАК-0, Синлаб-145, Ремедика-27, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -301, УК Пулмологија со алергологија –2 , лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 289.534 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 500• Гази Баба – 1151• Аеродром -1256• Карпош – 1070• Центар – 1028• Кисела Вода – 1021• Ѓорче Петров – 680• Бутел - 430• Шуто Оризари – 144• Студеничани – 41• Сарај – 108• Арачиново -26• Илинден – 199• Сопиште – 59• Чучер Сандево – 83• Петровец –82• Зелениково -54• Странец – 149• Нераспределен- 173

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ја омаловажувале екипата на Итна помош бидејќи ги замолиле да стават маски при интервенција

На 13.11.2020 во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на ул.“Стокхолмска“ бидејќи имале повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица. Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето.

Македонија | пред 5 години

kiracoski

Кирацовски за „исчезнување“ од политиката: Повлеков чекор назад за да направам 3 чекори напред

Ниту бев сменет, ниту „изметен“, туку ми беше прифатена оставката дадена неколку денови после претседателските избори, кога всушност заедно со мене оставки поднесоа и сите членови на партиското раководство освен претседателот Зоран Заев, вели поранешниот генерален секретар на СДСМ Алекансадар Кирацовски, по повод текстот објавен во најновиот број на неделникот Фокус со наслов „Кирацовски исчезна, Манчевски замина, што ќе се случи со Зекири?“, во кој се анализираат одредени кадровски промени и внатрешни состојби во владејачката партија, објави ФОКУС.На прашањето дали неговото „исчезнување“ од политиката е трајно или е само привремено, тој вели – повлеков чекор назад за да направам 3 чекори напред.-Сега времето лека-полека ги разбива облаците од лаги и инсинуации истурени врз мене, а јас со многу поголемо искуство кон одредени состојби и личности ја кројам стратегијата за доброто на многу неоправдано „исчезнати“ херои во СДСМ, чии места сега се запоседнати од ликови кои до вчера беа како со папочна врвца припоени до режимот . Стратегија која се базира на вистинско лидерство и како флуид го поврзува чистиот супстрат на членството на СДСМ за доброто на партијата и во поддршка на претседателот Заев. Сепак, дали моето „исчезнување“ од политиката е трајно или е само привремено откорнат пиреј, е прашање на кое одговор ќе дадам лично јас! – вели Кирацовски.Текстот во целост на: ФОКУС. 

Македонија | пред 5 години

sadi-drvo

Во УЗ „11 Октомври - бараки“ засадени се 100 дрва

Во урбаната заедница „11 Октомври - бараки“, денеска во организација на Ротаракт Клуб Скопје, а со поддршка од Општина Кисела Вода беа засадени 100 шестгодишни дрва.Во активностите за садење дрва, вклучени беа повеќе членови на клубот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и дел од општинските работници.Празната површина, лоцирана покрај трим патеката и железничките пруги, благодарение на донацијата од Ротаракт Клуб Скопје збогатена е со три видови дрва: платани, јавори и јасени.Општината и во иднина ќе продолжи да соработува и да ги поддржува сите општествено одговорни правни субјекти, компании и невладини организации, кои водат грижа за животната средина.

Скопје | пред 5 години

zaev-micko

СДСМ: На губитникот Мицкоски му се случи народ и граѓанска казна, три порази на избори

Народ веќе му се случи на очајниот Христијан Мицкоски, граѓаните веќе трипати ги поразија неговите антидржавни политики. Затоа Мицко побегна од граѓаните и изборите во Штип. Мицкоски треба веднаш да му честита на премиерот Зоран Заев и на Владата предводена од СДСМ, бидејќи за само три години имаме земја 30-та членка на НАТО и отворени перспективи кон Европската унија, се вели во соопштението од СДСМ кое е реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.Заев е симбол за успех и напредок, Мицкоски е симбол за пораз, деструкција и одбрана на криминал.Граѓаните знаат дека Мицкоски е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим.Три години губтиникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ.Не успеа.Мицкоски не смогна сили ни да аплаудира на во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа едниствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.Храбрите политики на претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпишувањето на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ја прекинаа агонијата на неизвесност во државата, ги решија децениските заложби на граѓаните и државата за евроатлантска перспектива.Нашите политики во изминатите три години се конзистентни, нашиот идентитет е цврст како бетон, а македонскиот јазик признат, еден од јазиците на ЕУ, запишан во ООН, па и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик.Јасни се ставовите на СДСМ, а Мицкоски како и секогаш за крупните прашања нема став, и секогаш е против националните и државни интереси, се вели во соопштението од СДСМ кое е реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

14-11-20_DSF0682-

Клиниката за хематологија ќе добие уште еден кат, каде единствено во регионот ќе се врши несродна трансплантација на коскена срцевина

Министерот за здравство доц.д-р Венко Филипче, амбасадорката на САД н.е. Кејт Мери Брнз, и директорката на Клиниката за хематологија, д-р Ирина Пановска Ставридис денеска на Клиниката за хематологија го најавија проектот за изградба на нов кат над постојаната Клиника, што ќе се реализира со финансика поддршка од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави.Амбасадорката Брнз во своето обраќање истакна дека со реализацијата на новиот проект, ќе се отвори нов оддел за трансплантација со можност за третман на пациенти со хемотерапија. Дополнително на медицинскиот персонал ќе му се овозможат уште подобри услови за работа и за поголема грижа на пациентите.- Северна Македонија стана дел од НАТО, санавме сојузници, доби покана од ЕУ за започнување на пристапниот процес, а се случи и пандемијата на Ковид-19. Тоа што не се смени во сите овие години е заложбата на САД да работи со Северна Македонија за подобрување на здравствениот систем. Среќна сум што таа соработка се развива. Ќе продлжима да работиме заедно не само во справување со пандемијата туку и во зајакнување на здравствениот систем, науката, технологијата во интерс на сите граѓани, изјави амбасадорката Брнз.Министерот Филипче, заблагодарувајќи се на амбасадорката Брнз,за несебичната помош која во име на амбасадата на САД, ја пружаше уште од почетокот на пандемијата, истакна дека овој проект што ќе се реализира на Клиниката за хематологија е уште еден доказ дека пријателите и партнерите треба да се тука и да се најдат кога е најмногу потребно.- Овој проект за надградување на инфракструктурата на Клиниката за хематологија за нашите пациенти значи многу. Таа нова метода на несродна трансплантација на коскена срцевина, започна да се прави на Клиниката за хематологија пред 2 години, благодарение на овој тим, на овие лекари предводени од директорката, менаџерите на клиниката. Претходно пациентите за трансплантација се праќаа во странство. Со овој проект благодарение на амбасадата на САД, до оваа метода ќе имаат пристап многу поголем број на пациенти и секако методата ќе може да се нуди како услуга и во околните земји, бидејќи таквиот тип на трансплантација не се прави никаде во нашиот поблизок регион - рече минситерот Филипче.Директорката на Клиниката за хематологија, д-р Пановска, рече дека со оваа донација меѓу другото ќе се зголемат просторните капацитети на Клиника.-Кога пред 3 години бев назначена за директор на оваа Клиника имав визија да направиме современа, експертска, клиника којашто ќе работи по светски стандарди. Токму со оваа донација се заокружува процесот на реновирање на нашата клиника што заедно со веќе воведените нови и современи методи за лекување прави нашата клиника да прерасне во регионален центар за лекување на пациентите со малигни хематолошки заболувања. Досега нашата клиника имаше капацитет да спроведува 50-60 трансплантации годишно и притоа пациентите од регонот коишто бараа здравствена помош кај нас, многу често не можевме да ги прифатиме бидејќи немавме просторни услови. Сега, со новоизградениот оддел ние прераснуваме во регионален центар и директна корист од оваа донација ќе имаат сигурно околу 100тина Македонски здравствени корисници на годишно ниво и 20 пациенти од регионот. Во услови кога светот се соочува со најтешката здравствена криза на современиот свет, единствена заштита на пациентите со малигни хематолошки заболувања претставува адекватната дијагностика и современиот и на време пружен третман - рече д-р Пановска.Со оваа инвестиција целосно ќе се заокружи процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката започнат во 2017 година.

Македонија | пред 5 години

14-11-20_DSF0685-

Филипче најави дека до крајот на годинава ќе бидат поставени две до три монтажни болници

Инфраструктурата и тимовите во одделенијата на Интерните клиники се целосно подготвени за прием на пациенти, вклучително и третиот кат од зградата кој е снабден дел со кислород, дел со концентратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.  Министерот потенцира дека лекарите од сите интерни клиники се целосно мобилизирани и посветени на работата со пациенти со ковид-19 – еден дел вршат вообичаена работа за нивните интернистички одделенија, а други се приклучени за работа и третман на КОВИД-пациенти на нивните одделенија.Министерот соопшти дека до крајот на годинава очекува да бидат поставени две до три монтажни болници, но поради блокадата од опозицијата, како што рече, можно е тие да не стигнат според првичниот план – да се постават 16 ковид-центри во близина на болниците.– Но ние направивме резервен план и токму тој сега и се активира. Тоа се овие дополнителни капацитети на Интерните клиники и целосно спремните дополнителни капацитети во болницата „8 Сеептември“. Имаме план, се менаџира и со кадарот, и со останатите одделенија од каде што еден дел од програмот се намалува. Тоа е веќе во функција, а искрено се надевам дека и мерките ќе дадат резултат, согласно циклусот од три до четири недели од пренос на вирусот, детекција, евентуален развој на болеста кај носителите на вирусот. Овој период што доаѓа од некаде две недели, сепак, би тебало да даде некаков резултат во смисла на намалување на новодијагностицирани пациенти – изјави Филипче.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Драстично се зголемува бројот на пациенти кои од домашно лекувањезавршуваат во болница

Драстично се зголемува бројот на пациенти кои од домашно лекување поради влошување на состојбата со Ковид инфекцијата мора да завршат на болничко лекување. Од скопската брза помош само од први до 12ти месецот имале дури 197 транспорти на пациенти до болниците кои се пожалиле дека тешко дишат и немаат здив. Во октомври пак, медицинските екипи до здравствените установи имале пренос на 138 болни позитивни на вирусот, објави Сител.-Одат комплетни медицински тимови бидејќи станува збор за влошување на клиничката слика, подготвени се со кислород доколку има потреба за време на транспортот да бидат на кислородна поддршка. Бројот на преноси е двојно зголемен, вели др. Милица Бубало, раководител на Брза Помош Скопје.Дали ова е последица на лекувањето по телефон на матични со пациенти кои со заразени со Ковид-19 засега нема анализа од надлежните институции.Текстот во целост на: Сител.

Македонија | пред 5 години

Mickoski-3

Мицкоски: Ако Заев го одбрани националниот интерес ќе му честитам, ако направи предавство ќе му се случи народ

Голема лага е дека Зоран Заев постигнувал успеси на меѓународен план. Во Европа ја знаат земјава по корупција, неправди и најновото дебаклот со здравствената криза. Со оваа влада ниту Европската унија станува реалност, ниту пак некое билатерално прашање е затворено во наша корист. Доказ за тоа е спорот со нашиот источен сосед што е огромна пречка, а кој овде ни го продаваа како голем успех откако се потпиша договорот од страна на Владата на Зоран Заев со кој наводно постигнат е траен компромис, а со тоа всушност се отвори пандорината кутија.Морам да кажам дека имајќи ја во предвид важноста на разговорите со Источниот сосед, и нашиот стратешки интерес да се почнат преговори со Европската Унија, претходниот период се воздржував од јавни настапи и прес конференции со цел истите да не бидат погрешно разбрани, но и да се даде можност за фер, чесно решение. Сметам дека одговорно е да се дозволи владата да го има целиот простор да ги оствари стратешките цели, но и да ги зачува што треба да претставува нејзин прв приоритет, националните интереси, истакна на денешната прес конференција Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Но очигледно сме сведоци дека сето ова се удира во ѕид, и се враќаме отпочеток на изворот на проблемите.Целиот овој проблем со источниот сосед се темели на една лага на Зоран Заев и на една негова основна каратеристика која како буквар ја научија сите наши соседи а тоа е системот на преговори преку свиткана кичма.Овој проблем немаше дотолку да ескалира и денес да имаме една се чини непремослива препрека и кочница на патот кон Европската Унија ако не беше Зоран Заев и неговата лага дека работата со датумот е завршена.Дополнително дека нашиот источен сосед ќе добие нешто што тој неформално им го има ветено, решение за јазикот, историјата и народот по терк на нашиот источен сосед, а се знае дека ова тука во земјава нема шанси да помине кај граѓаните. Значи една работа кажува тука пред домашната јавност, а сосема друга лажна надеж им има ветувано на средбите со претставниците на владата на нашиот источен сосед. И токму затоа при една средба, со еден а верувајте многу висок претставик кај владата на нашиот источен сосед истиот ми рече, не бараме повеќе од тоа што Зоран Заев ни го има ветено пред изборите во 2016 година. И тие знаат дека со Заев имаат неповторлива шанса да добијат решение какво ниту една македонска влада овде не би постигнала.И токму затоа ниту една влада порано било да е од левицата или десницата од независноста до денес не потклена на негаторски барања на нашиот источниот сосед кои ги слушаме зачестено последниов период. Ниту владата на Кљусев, ниту таа на Црвенковски и Љупчо Гоергиевски, ниту на Костов, Бучковски или таа на Груевски, и нути еден претседател не потклекна почнувајќи од Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорѓи Иванов.И после се она што поминавме во овие 4 години власт на Заев ние со соочуваме и ја живееме грешката дека овој човек има ветувано се и сешто, буквално се и сешто само за да дојде на власт. Но овде и тука освен Заев и неколкумина околу него климачи со глава не смее да се негира дека има и друг факт, а тоа е фактот народ.Нема Mакедонец ниту било кој граѓанин што и малку ја чуствуваа оваа земја како своја што не се чувствува понижено, навредено од сите оние изјави дека народот ни бил вештачки, дека јазикот е дрво без корен, туку така измислен во 45тата година, дека нашите свети борци за слобода биле бугари и што ли уште не. Сега треба да се правиме отсутни од реалноста и историските факти и да прифатиме дека тука имало бугарска администрација, а не окупаторска војска, фашистите да ги направиме административци и што ли уште не.Тоа боли, но уште повеќе боли тоа што владата и Заев молчи на сето ова и не одговара ниту демантира. Јас ги разбирам оние бесцелни прес конференции на министерот за надворешни работи и Зоран Заев кога велат дека му даваат шанси на процесот, но исто треба да бидат свесни и отчетни пред граѓаните и да кажат за што преговараат и кои се тие 7, 8 точки по кои што постигнале напредок.Згора на тоа сведоци сме и на таен нон пејпер кој Владата не го коментира, ама го прифатила и притоа необјаснувајќи во чиво име тоа го направила и со кого се консултирала за сето ова.Главниот проблем е што ниту тогаш, ниту денес кога се приближуваме во последните денови од финалните разговори Заев и владата преговараат без притоа да имаме општ политички консензус внатре за едно вакво важно прашање.И затоа меѓудругото барав лидерска средба на која ќе дискутираме и за преговорите со Бугарија и затоа беше важно заеднички да настапиме затоа не може еден човек да разговара во името на сите и да мисли дека може да прифаќа нон пејпери кои никогаш не сме ги анализирале.И ќе бидам јасен како ден, со чист став како солза.Ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да прифатиме компромис кој не асимилира, немаме намера да свиткаме кичма. А и ти Заев те повикувам барем еднаш, еднаш во твоето политичко функционирање да не подвиткуваш кичма.Барем еднаш, направи спротивно од се до сега што правиш досега, и исправи се барем еднаш.Ние како нација и држава не можеме да прифатиме да се самопорекнеме, или самоодречеме по секоја цена, јас би рекол по ниту една цена.Мора некогаш да се каже доста е на лазењето по нерви и навредливата реторика во која ние Македонците ќе се повлекуваме и постојано ќе губиме. Доста е од тоа како држава да даваме се, а да не добиеме барем малку.Не смееме да прифатиме да се самоизбришеме.Сакам ова да го потенцирам, ако Владата постигне решение, внимателно ќе повторам ако владата постигне решение недвосмислено заштитувајќи го нашиот македонски јазик и неговата антропологија и историја, ако владата постигне решение а притоа да не се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако владата постигне решение во кое што ќе ги заштити историјата, имињата и жртвата на дејците кои што животот го положија за независна македонска држава, ако владата постигне решение во кое што нема окупаторите да бидат административци, тогаш јас ќе бидам првиот кој што ќе застанам овде пред вас и ќе им честитам и ќе им ја стегнам раката, и ќе им речам секоја чест ги запазивте и одбранивте македонските национални интереси.Но, во исто време предупредувам, ако владата се обидува да преговара за решение кое што ќе го негира нашиот идентитет, историјата, антропологијата на нашиот македонски јазик, неговата посебност, во кое што ќе ги понижи жртвите на македонските дејци кои што се бореа за независна македонска современа држава, ако во исто време преговара за решение со кое што ќе се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако во исто време преговара за решение кое што подразбира дека окупаторот бил административец, тогаш јас ви ветувам ќе им се случи народ истиот ден низ цела Македонија.Овие неколку дена се многу значајни со разговорите со нашиот источниот сосед, а нам искуството со оваа влада ни вели дека мора да се биде претпазливи.Апелирам Владата на Заев како свој прв приоритет нека ги постави заштита на националните и стратешки интереси и да постигне решение не по цена на самоодрекнување и бришење, решение кое ќе биде гарантор на нашиот идентиет, јазик и посебност и виза за непречен почеток на преговори со ЕУ, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

SMK_1508

Николовски на средба со ДПИ: Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на здравствените протоколи

Вчеравечер, заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имаше работна средба со дел од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). На средбата се разговараше за активностите на инспекторите од овој инспекторат во изминатите девет месеци, а повразани со контролите на терен што ги спроведуваат за почитување на здравствените протоколи и материјалните закони. Вицепремиерот Николовски посочи дека сите инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка, што се преземаат за спречување на ширење на коронавирусот.„ Законот мора да важи за сите. Правилата, протоколите и мерките мора сите да ги почитуваме, а инспекторите се таа нераскинлива алка којашто обезбедува редот да владее секаде во општеството. Ги охрабрувам сите инспектори да постапуваат во делот на спроведување на протоколите, затоа што наша највисока цел во овие тешки моменти е да го заштитиме здравјето на сите граѓани. Затоа мора сите да се однесуваме одговорно, да ги почитуваме мерките и протоколите, да направиме се што е во наша можност, и на тој начин да се заблагодариме и на здравствените работници, и на инспекторите, на полицијата, на армијата и на сите служби коишто деноноќно се ангажирани за полесно да ја пребродиме оваа здравствена криза“, изјави вицепремиерот НиколовскиИнспекторите од ДПИ го информираа вицепремиерот Николовски, за текот на контролите, состојбата со почитувањето на здравствените протоколи од страна на правните субјекти, кадровската екипираност на инспекторатот,проблемите со кои се соочуваат на терен при контролите. Од вицепремиерот добија уверување дека Владата веќе ја разгледува анализата од Инспекцискиот совет за зајакнување на кадровската екипираност на инспекторатите, и секаде кадешто има потреба, за следната година ќе бидат предвидени нови вработувања, со цел да се обезбеди непречено функционорање.​Инспекторите потенцираа дека по две недели од стапување на сила наизмените на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се зголемија нивните надлежности, има намалување на бројот на затворени објекти, помалку кривични и прекршочни пријави. Вицепремиерот Николовски, порача дека сите инспекциски служби имаат целосна поддршка од Владата на РСМ, и дека нема да има толеранција за прекршителите на здравствените протколи.Инаку изминатите шест (08.11-13.11.2020) дена, Државниот пазарен инспекторат спроведе 92 надзори и 3.049 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници низ целата држава. При тоа, на лице место, привремено се затворени 4 објекта, и тоа два во Охрид, еден во Дебар и еден во Врапчиште, поради прекршување на здравствени протколи и на Законот за зштита на населението од заразни болести, односно за работа по 21 часот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Реконструиран булеварот 8. септември во Карпош, завршува сезоната на реконструкциите

Екипите на Град Скопје во рок од 30 дена ја завршија реконструкцијата на булеварот 8.Септември во општина Карпош, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи, а со тоа завршува и градежната офанзива за оваа година во која реконструирани и во изградба се вкупно 21 сообраќајница. На овој булевар е извршена комплетна реконструкција на коловозот, реконструкција на тротоарите, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.- Овој булевар е еден од најискористените во општина Карпош бидејќи преку мостот на Вардар ги поврзува населбите Карпош 2 и 3 со Злокуќани, Бардовци, Визбегово и околните населби. Пред 2 години на овој булевар изградивме велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај „Александар палас“. Годинава ја продолживме оваа велосипедска патека од надвозникот до улицата Скупи и на тој начин го довршивме т.н. Конектор 5 кој ги поврзува трите главни велосипедски рути, на булеварите Илинден, Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, и патеката по кејот на Вардар во вкупна должина од 2 километра. Булеварот ќе добие и нов дрворед – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.Тој упати благодарност до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение кое беше неопходно за во исто време да се реконструираат голем број улици.- Не застануваме тука, продолжуваме со изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли – рече Шилегов.

Скопје | пред 5 години

janko-bacev

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива и непотребна, донирајте ги парите за медицинските лица

Владата во Скопје тргнувајќи од бизнис менталитетот во погубното водење на државата, прво што направи по големиот успех на фудбалската репрезентација со пласманот на Европското фудбалско првенство, објави дека доделува награда од по 10.000 евра.Но, владата заборава дека овој голем фудбалски успех не е прашање на пари туку е национална гордост за Македонија и дека овие средства за фудбалерите не се некоја сатисфакција бидејќи имаат убави годишни плати со играњето во странски клубови.Затоа, Единствена Македонија ги повикува фудбалските репрезентативци да не го прифатат ова понижување и доделените владини пари да ги донираат за медицинските лица кои деноноќно и со месеци се борат со тешката здравствена состојба во земјата.На тој начин и фудбалската репрезентатција на конкретен начин ќе покаже дека секогаш е на страната на народот. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Успехот на фудбалската репрезентација е настан со немерливо и историско значење и не треба да биде поматен со било какви непромислени одлуки од владата и од било кого, посебно во ова тешко време со коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче со нов апел: БлискиОддалеку

Министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук повторно апелираше до граѓаните да одржуваат растојание.Овој пат со нова кампања -#БлискиОддалеку“Одржувањето на физичка дистанца е најсигурниот начин за заштита од коронавирусот, но истовремено и најтешкиот.На сите ни фали физичкиот контакт и гушкањето со пријателите и блиските, но мора да издржиме уште малку.Сепак ова не значи дека треба да се одалечиме, напротив потребно уште повеќе да се слушаме, да разговараме и да одржуваме комуникација со блиските.Ви благодарам на сите што ги почитувате мерките”, напиша Филипче.

Македонија | пред 5 години

1-3

(ФОТО) Запленети златни монети, две лица приведени

На 13.11.2020 година по добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип запреле возило „фолксваген“ , управувано од И.Н., а сопатник бил Ш.С. од Кавадарци. При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети .Поради постоење на основи на сомнение за кривично дело Прикривање по член 261 став 3 во врска со точка 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица Кочани , известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка. Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П (43)од Кавадарци,Ш.С(41) од Кавадарци и И.Н(46)од Прилеп.Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани .Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.

Македонија | пред 5 години

banki-2

„Фич“: Здравите основи на банкарскиот сектор имаат значаен придонес за ублажување на шокот од пандемијата

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг за нашата земја на ББ+, со негативен изглед, којшто главно ја отсликува неизвесноста поради вториот бран на пандемијата на ковид-19. Потврдувањето на кредитниот рејтинг првенствено се должи на кохерентноста на макроекономските политики, којашто ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на фактот што банкарскиот сектор и пристапот на економијата до надворешно финансирање се покажале отпорни на шокот предизвикан од коронавирусот. Соопштувајќи го ова, агенцијата подетално ги претстави и своите видувања за македонската економија во целина, како и очекувањата за претстојниот период.Меѓу другото, од „Фич“ истакнуваат дека здравите основи на банкарскиот сектор, заедно со соодветната поддршка од политиките, имаат значаен придонес за ублажување на шокот од пандемијата, обезбедувајќи солидна кредитна поддршка за економијата од близу 7% оваа година. Имајќи ги предвид кризните состојби, посебно се акцентирани одржаната ликвидност и адекватната капитализираност и профитабилност на банкарскиот систем, како и натамошното подобрување на квалитетот на кредитните пласмани.Според агенцијата, забрзаното ширење на вирусната инфекција претставува главен ризик за извозната побарувачка и странските инвестиции, а со тоа и за растот на економијата во следниот период. Од друга страна, фокусот на структурни и институционални реформи во рамките на евроинтегративниот процес и натаму се истакнуваат како позитивни ризици.

Македонија | пред 5 години

Anita

ВМРО-ДПМНЕ ја разреши Битолската советничка Анита Ангелевска од партиските функции, затоа што побара оставка од Мицкоски

Советничката во Советот на Битола Анита Ангелевска, долгогодишна членка на ВМРО-ДПМНЕ и низ годините носител на партиски функции, беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од лидерот Христијан Мицковски и вонреден конгрес. Aнгелевска во изјавата рече дека загрижува фактот што ВМРО ДПМНЕ со сегашниот претседател Мицкоски „не може и нема капацитет да биде алтернатива за надминување на очајната и безизлезна состојба во државата“, објави СДК.МК.„Вонреден конгрес, мобилизирање на партиската структура, сојузништво со граѓаните, застапување и искрена борба за нивните интереси, единствено тоа ВМРО ДПМНЕ ќе го врати на победничката патека. ВМРО ДПМНЕ, мора да излезе од фазата на губитник и партија која нема фокус, а сега најново и партија која бојкотира избори. Секој одминат ден без вонреден конгрес, ја ослабува партијата, а слабо и дефокусирано ВМРО ДПМНЕ е само на штета на Македонија, на нејзината иднина и на штета на нејзините граѓани“, рече Ангелевска.Текстот во целост на: СДК.МК.фото: СДК.МК. 

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Општини со години префрлале народни пари префрлале на вработени и нивните деца

Раководител на сектор потпишувал записници за исплаќање општински пари на организација во сопственост на неговото дете. Советник аплицирал и добивал пари за неговото здружение, кои биле изгласани и одобрени од неговите колеги. Претседател на Совет сам си потпишувал одлуки за општински пари да легнат на сметката на неговото здружение. Ова се само дел од случаите на судир на интереси кои ги детектираше Организацијата на жени на општина Струмица, а се однесуваат на општините Василево, Струмица и Валандово. Единствено Општина Петровец не ги открива финансираните организации на кои им исплаќа средства секоја година. Поради затвореноста на општината, дури и да имало судири на интереси, тоа не може да се утврди. Останатите општини тврдат дека се справиле со ваквите случаи. Но, ниту еден градоначалник не го поткрепи своето тврдење. Никаде во документите кои ни се доставени од распределбата на средствата, нема констатирано судир на интереси, ниту пак, записник како истиот бил елиминиран. Праксата со судир на интереси во некои од општините траела со години, објави А1ОН.Со зборот „немаме“ испишан на еден лист, градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, одговори на 20 барања за пристап на информации од јавен карактер испратени од Организацијата на жени на општина Струмица. Тој не ги кажува организациите, но и висината на средствата кои поединечно биле исплаќани од општинскиот буџет, кој го полнат граѓаните. Поради затвореноста и нетранспарентноста на Митевски, не може да се утврди кои се сопствениците на организациите и дали и како во останатите случаи имаат поврзаност со него, со вработени во општината или, пак, со Советот на општината. Сомнежите за судир на интереси се уште поголеми поради тоа што во општината парите за оваа намена се доделуваат без методологија, критериуми и оценување.Градоначалникот на Петровец, Митевски, во краток разговор за „А1он“ објаснува дека општината финансира само спортски клубови, но не и организации, иако ставката од буџетот за трансфер на средства до невладини организации секоја година се полни и празни. Во 2018 година со буџетот биле предвидени посебни средства за спортски клубови, а посебни за невладини организации и истите се потрошени. Но, за тоа каде се префрлени, никој не дава одговор. Текстот во целост на:  А1ОН.Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Oрганизација на жени од Струмица и „А1он“ и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Македонија | пред 5 години

10112020_PVRSM_Zaev_SamitSofija-4

Бугарската Влада ја утврди позицијата за преговарачката рамка за Северна Македонија

На вонредна седница, вчера бугарската Влада го утврди ставот на официјална Софија за преговарачките рамки за пристапување на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември, соопшти владината прес-служба.„Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската унија. Нашата земја ја крена темата високо на агендата на ЕУ за време на нејзиното претседателство со Европскиот совет во 2018 година. Европската перспектива е најсилната мотивација за транзиција кон демократско владеење и пазарна економија на Западен Балкан“, се вели во соопштението од владиниот состанок, пришто не се наведени повеќе детали.Бугарија на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ на 6 ноември се спротвстави на усвојувањето на преговарачката рамка за Сверна Македонија, образложувајќи дека дека не ги даваат потребните гаранции за исполнување на бугарските услови. Бугарија има забелешки за неспроведување на Договорот за добрососедство, за историски прашања, но и за македонскиот јазик и идентитет.извор: Makfax

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 41 пациент, а пријавени се 35 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Пријавени се 35 оздравени пациенти кои се пуштени дома. Вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно10 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ и седум пациенти се примени во ковид центарот на Клниката за Неврологија. На Клиниката за Инфективни болести во изминатите 24 часа имало 21 прием, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември се примени 10 нови пациенти.Од центрите се пријавени 35 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти сомнителни и позитивни на КОВИД 19. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент, од кои се 12 деца и 28 возрасни.Вкупно 393 пациенти потврдени и сомнителни за КОБИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Се очекува да започнат со работа и новите коивид центри на Клиниката за Нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Скопје | пред 5 години

dsc03

Трипуновски: Зоран Заев го доведе Тиквешко езеро на праг на биолошки минимум

Зоран Заев го доведува Тиквешкото езеро, кое е најголемото вештачко езеро во Република Македонија на праг на биолошки минимум.  Незаситноста на власта за профит и засиленото производството на електрична енергија во текот на летниот период од хидро електрани ги пресуши езерата ширум Република Македонија. Моментално водата во езерото е падната за 24 метри од минималната кота на самото езерото, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.Проблемот што Заев го создаде е повеќестран. Прво езерата се пресушени и нема да може да се користат во догледен период за производство на струја, па така сега ќе купуваме поскапа струја, а загубите ќе бидат огромни.Второ голем број од акумулациите, како што е случајот и со Тиквешкото езеро се користат и за наводнување на земјоделските површини, па така се доведува во прашање и следната земјоделска сезона во Република Македонија.Трето се загрозува и рибниот фонд во самото езеро и се нарушува туристичката слика за езерото, бидејќи истото се користи и за рекреативни цели.За овој егзодус некој мора да сноси одговорност. Штетите се повеќекратни и огромни.Заради профитот на Зоран Заев сега сите езера во Македонија се пресушени.Одговорност мора да има веднаш, истакна Трипуновски.

Македонија | пред 5 години

zimska-oprema

Од утре задолжителна зимска опрема во возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:• зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;• пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:• зимски пневматици на сите четири тркала,со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;• пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:• зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.• пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;• автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.Апелираме до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема бидејќи така овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Македонија | пред 5 години

IMG-317bc4815d803c7887de9a672ca713fb-V

Објектите на ЈДГ „Весели цветови“ го одбележаа Светскиот ден на љубезноста

Во сите објекти на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, вчера беше одбележан Светскиот ден на љубезноста.Дечињата преку разни забавни игри, детски песни и креативни изработки, учеа што е љубезност. Тие со помош на своите негувателки и воспитувачки, се потсетија на зборовите преку кои можат да искажат љубезност, научија во кои ситуации како треба да се однесуваат, што треба да направат за другите околу нив да се чувствуваат задоволни.Покрај ова, во објектите на „Весели цветови“ беше одбележан и Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичките сили. Децата научија и нешто повеќе за историјата на својот град.Општина Кисела Вода ја поздравува едукативната активност на ЈДГ „Весели цветови“.Општината порачува: Со љубезно однесување, ќе придонесеме околу нас да има повеќе среќни, исполнети лица. Љубезноста да ни биде секојдневие.

Скопје | пред 5 години

14112020_Svetskidendijabetes-2

Заев: Имаме добра порака за Светскиот ден на дијабетесот - Направивме пресвртница и наместо несигурни сега обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев преку видео обраќање се обрати на 130 илјади наши сограѓани со дијабетес, од кои 500 од нив се деца до 18 годишна возраст, на нивните семејства и најблиски, како и на лекарите и особено на медицинските - дијабетолошки сестри, по повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.Премиерот Заев се обрати со посебен осврт на здравјето на граѓаните како врвен приоритет и истакна дека Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес со тоа што ставија крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.Во продолжение следи интегралното обраќање на премиерот Заев."Денеска е 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот, и ова мое видео обраќање им го посветувам на 130 илјади наши сограѓани со дијабетес, од кои 500 од нив се деца до 18 годишна возраст, на нивните семејства и најблиски, како и на лекарите и особено на медицинските - дијабетолошки -сестри.И не само денеска, туку целата оваа година, членовите на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Северна Македонија, сите свои активности и настани ги посветија на подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис нив, со едукација на нивните семејства и со подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот.Содржините на овие активности имаат исклучително значење за подигнуваме свеста на граѓаните за превенција од дијабетес и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува, особено заради светската пандемија со КОВИД-19, која ги прави лицата со дијабетес особено ранлива група.Од овој аспект се особено значајни навремените реакции за превентива и едукација на Националната комисија за дијабетес и на Клиниката за ендокринологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.Имајќи го здравјето на граѓаните како врвен приоритет од 2017 година наваму Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес и ставија крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.Од тогаш наваму за прв пат беше извршена и континуирано се спроведува набавка на инсулини и глукометри со највисоки свестки стандарди со иновативна технологија за највисоки ефекти за сигурно здравје кај пациентите со дијабетес.Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот нè потсетува дека од витално значење е да обезбедиме овие посветени политики и развојната работа на методи и терапии за добра контрола на состојба на лицата со дијабетес да продолжат и да се унапредуваат. Тоа е обврска на општеството и затоа вложувањето во јавното здравство и во здравјето на сите граѓани е водечки приоритет во нашата земја."

Македонија | пред 5 години

1-9.46.36-AM

(ФОТО) Запленети амфетамин и марихуана, приведен дилер во Влае

На 13.11.2020 околу 17 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје во скопската населба Влае сопреа возило „субару форестер“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.Б. (38) од Скопје и при извршен преглед во возилото било пронајдено пакување со синтетичка дрога амфетамин.При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање на дроги, во внатрешноста на шал таблата од возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменети за натамошна продажба. Против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје.

Скопје | пред 5 години

najcevska

Најчевска во девет точки ги опиша приоритетите на Власта, еве според неа кои се...

ФБ Статус на професорката Мирјана Најчевска. Таа на соцојалната мрежа напиша:Колку што можам да видам од до сега направеното, приоритети на оваа власт се:1. Да останат на работа сите кои се вработиле со партиски книшки и ним да им се приклучат уште толку, ама со други партиски книшки (оние на 64 години се вработиле без партиска книшка и го рушат системот).2. Сите криминалци да си го задржат украденото за што ќе платат соодветен рекет на актуелната власт (се легализира перењето пари).3. Да се допродаде се што е заедничко и парите да се поделат меѓу оние кои се моментално на власт (продолжува продавање на државно земјиште, простор, реки, шуми)4. Да се обезбеди што е можно поголема разлика меѓу оние кои имаат и оние кои немаат (за да не доаѓа до забуна).5. Да се уништи и поимот за јавно добро (да се приватизира се што останало неприватизирано).6. Да се издржи по секоја цена на патот трасиран од Груевски во измислувањето начини за исплаќање на поддржувачите на партијата на власт (што поголем број управни и надзорни одбори, економски промотори, директори, советници).7. Да се обезбеди наше активно присуство во држави значајни за нашите ЕУ интеграции (како Казахстан или Катар).8. Да се заштитат сите судии и јвни обвинители кои суделе по партиски диктат со цел и понатаму да можат да го прават тоа.9. Да се воспостави систем на обратно пропорционална одговорност (колку си повисоко во власта помалку одговараш, а колку си пониско повеќе). 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања