Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-hrvatska

Денеска нови 990 случаи на Ковид 19 во земјава и починати 24 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-378, Куманово-48, Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-1, Виница-10, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-11, Кичево-14, Ресен-11, Неготино-19.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: Скопје-116, Куманово-25, Дебар-1, Штип-23, Прилеп-31, Тетово-29, Велес-20, Битола-14, Гостивар-15, Гевгелија-6, Струмица-8, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-16, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Берово-3, Валандово-2, Виница-20, Делчево-26, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-1.Починати се 24 лица, седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 20629, активни 8506• Куманово 3053, активни 844• Дебар 418, активни 102• Штип 2178, активни 513• Прилеп 2155, активни 901• Тетово 3159, активни 1060• Струга 1097, активни 312• Велес 1445, активни 777• Битола 1344, активни 697• Охрид 1155, активни 535• Кавадарци 888, активни 421• Гостивар 1742, активни 564• Гевгелија 573, активни 224 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 106 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1357, активни 649• Крива Паланка 330, активни 107• Радовиш 343, активни 129• Крушево 69, активни 39• Кочани 1021, активни 330• Пробиштип 291, активни 96• Демир Хисар 147, активни 68• Македонски Брод 130, активни 26• Пехчево 86, активни 26• Берово 284, активни 81• Валандово 136, активни 43• Виница 277, активни 123• Делчево 348, активни 163 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 126, активни 80• Свети Николе 647, активни 184• Кичево 940, активни 418• Ресен 343, активни 129• Неготино 339, активни 234 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2655 теста се преку: ИЈЗ-1218, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена-276, Биотек-300, МАНУ -215, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Систина со PCR метода -252, лабораторија Лаор –81, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-34, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -11, УК Пулмологија со алергологија –2 , лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 292.189 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 510• Гази Баба – 1196• Аеродром -1287• Карпош – 1102• Центар – 1069• Кисела Вода – 1047• Ѓорче Петров – 702• Бутел - 447• Шуто Оризари – 147• Студеничани – 42• Сарај – 111• Арачиново -26• Илинден – 206• Сопиште – 63• Чучер Сандево – 91• Петровец –89• Зелениково -55• Странец – 149• Нераспределен- 167

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

Скопјанец пријавил обид за силување врз неговата малолетна ќерка

Татко пријавил маж кој се обидел да изврши обљуба врз неговата малолената ќерка, информираат од полицијата.„Синоќа, 35 годишен жител на Скопје пријавил дека околу 13.30 часот Н.М. во својот дом се обидел да изврши обљуба врз малолетната ќерка на пријавителот“, наведува МВР во дневниот билтен.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Почина професор Д-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во земјава

Денес на 86 годишна возраст почина професор Д-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во нашата држава и учител на многу генерации на анестезиолози. Професор Андонов во континуитет од 1967 година е раководител на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување при Хируршката клиника во Скопје, а од 1990 до 1995 година бил директор и основач на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) при Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1993 година до неговото пензионирање е шеф на Катедрата по анестезиологија и реанимација на Медицинскиот факултет во Скопје Автор е на повеќе од 80 стручни и научни трудови, објавени во земјата и во странство, коавтор на три учебници во земјата и на еден во странство.Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на државната награда “Св.Климент Охридски” во 2003 година.Министертвото за здравство, министерот Доц Д-р Венко Филипче и Здружението на лекари по Анестезија, реанимација и интензивно лекување (ЗЛАРИЛ) и претседателката доц. Д-р. Маја Мојсова Мијовска, изразуваат длабоко сочуство кон семејството на проф. Андоновски.-Проф. Д-р Владимир Андонов беше голем лекар, кој во својата секојдневна работа несебично се жртвуваше во спасувањето на многу човечки животи и несебично го пренесуваше своето знаење на своите ученици.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Марко Михаилоски е избран за нов претседател на СДММ

Социјалдемократската младина на Македонија денеска ја одржа 23. Конференција, дигитално, почитувајќи ги целосно протоколите за заштита од коронавирусот.На Конференцијата, која за нов претседател на СДММ, едногласно беше избран Марко Михаилоски, досегашен член на ИО на СДММ и долгогодишен член на СДСМ.На Конференцијата, покрај изборот на претседател беа избрани и членови на Надзорниот и Централниот одбор на СДММ.СДСМ постојано се менува но СДСМ постојано се грижи за младите, ги вклучува во реализација на успешни младински политики и затоа ја има поддршката од граѓаните, од младите. Во периодот што следува СДММ продолжува да биде важен дел од СДСМ, креатор на квалитетни младински политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани, се вели во партиското соопштение.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

На инфективните одделенија во земјава се лекува 701 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701.Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 74 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 97 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 40, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 17 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.111.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

arheolozi-strumica

Струмички археолози бараат исчезнати средновековни населби

Струмички археолози ги бараат исчезнатите средновековни населби во регионот и од мај годинава, кога почнало истражувањето, успеале да откријат десет рурални населби, кои во средниот век постоеле на подрачјето на регионот.Според археологот, д-р Душко Цветанов, струмичкиот регион уште во средниот век бил најгусто населен и еден од најразвиените, што било условено од поволните услови за живот и близината со еден од најурбаните центри на Балканот, градот Солун.– Во Струмичката Котлина во урбана средина единствено прераснува градот Струмица околу кој егзистирале голем број рурални населби. Тие егзистирале од средниот век, па сè до денес, но дел од нив од различни причини исчезнуваат. Токму тие населби се предмет на наше истражување. Податоци за овие исчезнати населби ние добиваме од достапните историски извори, односно од повелбите на светогорските манастири Иверион, Хиландар и Пантелејмон. Од нив дознаваме за самите населби и за локалните цркви. Од турските пописни тефтери, пак, добиваме значајни податоци и факти конкретно за популацијата во овој регион, а од топонимијата, која оставила траги и до ден-денешен, добиваме значајни податоци што нè насочуваат да ги лоцираме самите населби, како и колективните преданија што оставиле трага врз локалното население, вели Цветанов.Врз основа на тие податоци почнале со истражувањата и лоцирање, а проектот го именувале „Потрага по изгубените средновековни населби во струмичкиот регион“.– Ние ги лоцираме изгубените населби со помош на „џипиес“, правење опфат на самите локалитите, односно определување на нивната големина, фотодокументација, а со помош на површинскиот материјал ја определуваме хронолошката рамка на самиот локалитет. Успеавме да откриеме десетина нови археолошки локалитети, кои не се познати за стручната јавност. Тие не се евидентирани во археолошката карта на Република Македонија. Тоа се села, населби, кои егзистирале во средниот век, а денес не постојат, објаснува археологот д-р Душко Цветанов.Проектот за истражување на изгубените средновековни населби е финансиран од Министерството за култура, а се реализира како дел од годишната програма на Завод и музеј Струмица.Ристо Тасев МИА

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Македонските јаничари Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за persona non grata во Македонија

Македонската држава и Македонскиот народ, секојдневно по европските престолнини се изложени со груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација, историја и јазик од страна на Екатерина Захариева, Красимир Каракачанов и Андреј Ковачев,се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие во соопштението додаваат:За Единствена Македонија нема дилема. Недозволиво е Захариева, Каракачанов и Ковачев од центрите на ЕУ каде се вели дека владее правото, правдата и слободата, да испраќаат отворена закана и негирање на Македонците. Затоа, Единствена Македонија иницира постапка за нивно прогласување за persona non grata, односно, за непожелни личности во Република Македонија.Македонија има меѓународно - правно признато право да прогласи одреден личност за непожелна без да дава образложение за тоа, поради заштита на своите национални интереси. А токму Захариева, Каракачанов и Ковачев кои имаат македонско потекло, уште еднаш ја потврдија поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои живеат во Бугарија и не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарска идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ.Единствена Макеоднија смета дека во постоечките околности, нашата иницијатива е најдобар можен начин за заштита на македонските национални интереси. Оттука, доколку Захариева, Каракачанов и Ковачев во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности.

Македонија | пред 5 години

15112020_PVRSM_MZ_Rabotna_poseta_Strumica_4

(ВИДЕО) Заев и Филипче во Струмица: Новото крило на болницата се става во функција на борбата против КОВИД-19

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска беа во работна посета на ЈЗУ Општа болница - Струмица.За време на посетата заедно со директорот на болницата д-р Наќе Гогов, извршија увид на новото крило на болницата кое е опремено и наскоро ќе може да почне со работа.Како што истакна премиерот Заев, новото крило на Струмичката болница ќе се докомплетира со средствата од Светска Банка, наменети за оваа и за болниците во Тетово и Охрид.Во рамки на посетата премиерот Заев реализираше донација од своето семејство - амбулантно возило.„Ова е време кога секој треба да помага како и колку може. Семејството Заеви и јас како струмичанец веќе дониравме опрема за потребите на оваа болница, а денес донираме и амбулантно возило. Се надевам дека ќе им треба на што помалку луѓе, но тогаш кога ќе треба да носи здравје и среќа. Новото крило на болницата сега ќе биде ставено во функција на борбата со КОВИД-19", рече премиерот Заев.Министерот Филипче се осврна на важноста од инвестирањето во оваа болница како центар за лекување во целиот струмички регион.„Струмичката болница ја завршивме после повеќе од 30 години, сега таа почна да се опремува, еве дел и со донации. Ќе продолжиме и во текот на следната година кога ќе биде целосно опремена со кредитот од Светската банка, кој долго време го чекавме. Можеше да биде и порано на располагање за граѓаните ако не беше многу непринципиелна блокада од страна на опозицијата", истакна Филипче.Директорот д-р Гогов се заблагодари за донацијата, подвлекувајќи дека амбулантното возило е тоа што е најпотребно за болницата во моментов.„Возилото е целосно опремено и ќе одговори на потребите на граѓаните и на медицинскиот персонал за да се чувствуваат безбедно при транспортот", заклучи д-р Гогов.На настанот уште еднаш се апелираше да се почитуваат мерките, да се носи маска, да се држи дистанца и редовно да се одржува лична хигиена.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Скопјанка тешко повредена откако паднала во автобус

Шеесет и петгодишна скопјанка се здоби со тешки повреди при пад во автобус. Според информациите од полицијата, автобусот нагло закочил откако возило му го попречило движењето на улицата Ѓорче Петров.„При сопирањето, во внатрешноста на автобусот паднала патничката В.Т.(65) од Скопје која е пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава

Засега нема потреба да ги повикаме пензионираните лекари да им помогнат на медицинските работници кои сo месеци се ангажирани во борбата со коронавирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.-Проблемот со кадар е присутен на територијата на цела држава. И сите болници дури и во Скопје го имаат проблемот во сите клиники. Има само 50-тина инфектолози. Затоа дојдоа на помош од другите градови интернисти и пулмолози кои дојдоа и помагаат на своите колеги на скопските клиники, рече Филипче.Министерот истакна дека во овој момент нема невработен или неангажиран лекар.-Сите млади лекари лиценцирани веќе се вклучени и помагаат во некоја област. Ние направивме состанок со приватните лекари 55 лекари приватни интернисти, десетина веќе се пријавени и се ставија во функција. Во таа смисла нема потреба од пензионираните лекари. Некои ги враќаат на работа лекарите кои се дијагностицирани со Ковид-19, а се асимптоматски. Кај нас сè уште нема потреба од нивно ангажирање, ниту од пензионираните лекари – рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

toni15112020

Јаревски: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против секој нов ДУП со кој се планира градба на нови загради во Карпош пред да биде извршена ревизија

СДСМ во петокот на седница на Советот си изгласа Детален урбанистички план во Карпош 3. Ист таков план за кој што претходно правеше протести сцени и театри. Ние како опозиција планот не го поддржавме, бевме воздржани бидејќи сметаме дека тој ДУП воопшто не требаше ни да биде на дневен ред на седницата, истакна Тони Јаревски од ВМРО ДПМНЕ.Јаревски додаде:Чекавме ДУП за ова место овде, бидејќи пред само неколку месеци, на парламентарните избори крајно нечесно спрема граѓаните ги лажеа дека го ревидирале планот и ги избришале маркиците предвидени за згради. Дури делеа и флаери со фамозниот нов План. Сега Градоначалникот вели дека планот ЌЕ биде донесен, имало време, планерите го имале во опфат цело Влае. Планот, сеуште го нема во постапка за усвојување.За иста идентична работа, за исто прашање, тука не можело а во Карпош 3 морала да се спроведе така.Зошто планот во Карпош3 е поважен и побитен од овој во Влае?Тука велат некогаш ЌЕ бришеме маркици за згради, а всушност таму си носат планови со маркици за градба на НОВИ згради.Едно зборат и ветуваат пред избори, сосема друго прават и спроведуваат по изборите. Крајно нечесно и лицемерно.Би сакал да ја искористам и оваа прилика и повторно да се обратам и до советниците од СДСМ и да ги замолам, да се потсетат каков став имаа и колку гласни беа за истиот тој блок во Карпош 3. Да се потсетат како гласаа тогаш, како гласаат сега.Да ги потсетам и СДСМ дека ветуваа ревизија на плановите!.СДСМ нека престане со сеење магла како било претходно, во ‘60та или во 903та и нека ги спроведат ревизиите што ги ветуваа.Затоа, додека не се спроведат ветените ревизии, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ПРОТИВ, за секој нов предлог план во кој ќе има вцртано макар и една нова зграда, истакна Јаревски.

Скопје | пред 5 години

vesna15112020

Јаневска: За да се избегне пикот на пандемијата зимскиот распуст на учениците да почне од 15 декември и да трае до 21 јануари

Состојбата по училиштата и градинките станува крајно загрижувачка. Секојдневно имаме заразени наставници, цели паралелки во изолација, превозници што не ги почитуваат протоколите..., со еден збор, - класично уназадување на генерации на деца, дури и на оние кои штотуку го започнале своето образование, истакна на денешната прес конференција Проф. д-р Весна Јаневска од ВМРО ДПМНЕ.Јаневска додава:Околу 10.000 ученици во оваа земја следат настава на опционален начин. Огромен број не следат настава, воопшто.Епидемијата беснее, но не колабира само здравството, колабира целиот системот.И образованието е на раб на целосен колапс. Еве неколку примери:- Во една познатата Скопска гимназија масовно се забележуваат отсуства на професори, а учениците не следат настава, не по нивна вина. Вешто се кријат причините за отсуствата, дали наставниците се во самоизолација или се позитивни, родителите не знаат, ниту пак нивните колеги. Оправдувањето е дека нема насоки од МОН. Иако треба учениците да се оценат до 20-ти, никој не знае како ќе се спроведе истото.- Повеќе основни училишта во општина Аеродром не функционираат и наставниците и учениците се во самоизолација заради позитивни наставнички, но никој не знае да им каже ниту на родителите, ниту на децата до кога и зошто, кога „ протоколите перфектно се спроведуваат„?- Што се случува со училиштата во Штип? Власта уште сака да оди на избори кога имаме над 2000 заразени месечно и над 20 мртви дневно?- Како очекувате наставниците да ги оценат децата до 20.11 кога истите тие деца немаат можност да следат настава, а и тие што ја следат, имаат настава со низок квалитет, некаде еднаков на нула, а некаде и воопшто немаат настава. Квалитетот на интернетот е лош и затоа тоа го кажувам да не бидам погрешно разбрана, воглавно заради квалитетот на интернетот и заради заразеноста и на наставниците и на учениците со КОВИД 19 вирусот.- Дополнително, решенија за самоизолација скоро и да не се издаваат. Се кријат бројки на заболени наставници и директори ,а позадината на тоа на сите ни е позната, образовниот процес по секоја цена мора да е успешен.И уште многу вакви случаи во скоро секое второ училиште, во секоја општина во државата.Во оваа држава, никој за хаосот не чувствува никаква одговорност, а наставниците очајно бараат заштита и за себе и за своите ученици.Поради сѐ ова и поради она што не се очекува, односно стивнување на епидемијата во скоро време, предлагаме, зимскиот распуст да започне од 15 декември 2020, а да заврши на 21.01.2021, ден понеделник. Така, учениците и наставниците би го избегнале пикот на епидемијата, кој нема веќе реден број, а министерката ќе има време и да го слушне гласот на наставниот кадар, родителите и учениците и да конечно да преземе нешто.Министерке, преземете одговорност, доста беа театри и паради, време е за вистинска помош од ваша страна, истака Јаневска.

Македонија | пред 5 години

10112020_PVRSM_Zaev_SamitSofija-1

Заев: Се поизвесно е ветото на Бугарија

Се поизвесно е дека Бугарија ќе даде вето за почеток на преговорите со Европската унија, изјави премиерот Зоран Заев за време на донирањето на амбулантно возило за болницата во Струмица. Заев вели дека е подготвен и го подготвил македонскиот народ за евентуалното вето на Бугарија. Сепак, тој е дециден дека не губи надеж, па очекува до крајот на декември кога е рокот за првата меѓувладина седница, бугарските политичари да смогнат сила, да пуштат крик на пријателство и да ја подадат раката.„Ја испраќам пораката да градиме пријателство, лесно е да се гради непријателство. Европски е да се гради пријателство и да се биде храбар“, рече Заев.Во врска со работата на Комисиите, Заев изјави дека донесено е решение за пет историски личности и три историски периоди, а тоа го потврдила и бугарската страна.„Подготвени сме да ги објавиме и подготвени сме да почне имплементацијата во учебниците на двете страни“, изјави премиерот. 

Македонија | пред 5 години

korona5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 37 пациенти, а вкупно се лекуваат 410 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 37 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 42 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно24 приеми и тоа четворица пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца пациенти се примени во ковид центарот на Клиниката за Неврологија и 17 болни се хоспитализирани на новото одделение на Клиниката за Гастроентерохепатологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти.На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти, од кои 11 деца и 27 возрасни.Вкупно 410 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Од вчера на Интерните клиники почна да функционира и ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија, а се очекува да започне со работа и ковид центарот на Клиниката за Нефрологија. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Колев: Берлинскиот падна, да живее скопско-софискиот ѕид!

Колумна на Петар Колев претседател на ГДУ.Хистерија, навреди, престрелки и искрена злоба циркулираат веќе месеци на ред преку непостоечката пруга Скопје-Софија. Нема како „енергијата“ на омразата е преголема па дури тој „железнички“ транспорт е минорен, та дел од отровните стрели минуваат преку граничниот премин „Клепало“. Не им се чека на тесното грло на преминот Делчево, иако за одење на одмор во Охрид или скијање во Банско, автомобилите заглавуваат со часови, но тие „пусти“ медиуми и „отровен“ интернет, оние технологии на 21-от век пиштат од „црвенило“ и омраза.Каде сме бе ние роднини од двете страни на границата за вакви модерни технологии?Дајте по стар обичај ние да си кренеме ѕид, па макар и да е скопско-софиски, остајте тоа западот што го сруши Берлинскиот.Нам не ни треба ништо, ние се си знаеме, заглавени во Втората или Првата светска војна. Само забораваме дека овие отрови намачкани на остри јазици ги плукаме во лицата на сите оние кои години на ред се бореа рамо до рамо за слобода.Ова семе на злото, кое денеска се сади на така плодниот терен помеѓу Скопје и Софија ќе роди таков „Франкенштајн“ што и најмудрите дипломати и најцврстите про-европски политичари нема да можат да го искорнат со години.Ние имаме проблем и тоа многу сериозен проблем, кој лека полека ќе стане „факт“ во меѓународните дипломатски средини.Договорите не ги „броиме“ за ништо, а правата кои излегуваат од нив се наша вродена привилегија. За жал, забораваме на обврските, но пак кој ли сака да си го товари секојдневието со решавање проблеми и правење на храбри чекори. Ние едноставно обожаваме да си стоиме во калта, нели таму е топло, влажно и безбедно, но забораваме за тоа дека во тие услови вегетираат и паразитите.Овие мисли на политички и дипломатски „ерес“ денеска се самотни во македонското општество, дури често мразени и дисквалификувани, без притоа да се вникне во содржината. Ако до „вчера“ човек не можеше да дојде на ред да каже нешто нормално или позитивно за Бугарија, денеска секој обид е пречекан на „нож“. Сега е модерно да се качиш на бранот на анти-бугаризмот, да плукаш и навредуваш, мислејќи дека општеството ќе ти аплаудира, а популизмот ќе ти обезбеди лукративни политички поени. И тоа сигурно е така, но е многу опасно кога на грбот на тој полн со омраза политичко-дипломатски „Франкештајн“ ќе градиш лукративна кариера, која ќе се распадне како кула од карти со рушењето на скопско-софискиот ѕид.Наредните генерации Македонци и Бугари како инжинери, лекари, научници, новинари и други интелектуалци ќе ги сметаат како отпад тие остатоци од омраза и ќе ги позиционираат на буништето на балканската историја.Во вакви услови, нормалноста е исклучена, желбата за прогрес, добрососедство, пријателство и напредок, жигосана со печатот „предавник", желбата да побараш причина и во себеси за овој проблем е непопуларна и политички лузерска.Илинденците знаеле дека нема како да ја победат Отоманската империја, но кренале востание за да извикаат гласно СЛОБОДА за Македонија и Одрински, со јасна цел, да ги слушнат и во Париз и во Лондон и во Москва и во Виена.Дали денес ќе се обидеме тие кои веруваме во македонско-бугарското пријателство да кренеме глас кој ќе се чуе и во Скопје и во Софија, зависи од тоа дали сме подготвени да загубиме некој друг глас и да бидеме жигосани како „предавници“!Илинденците вложија и изгубија СЀ, некои го изгубија животот, други своите блиски, трети мораа да станат бегалци, четврти им беа запалени и уништени куќите и имотите, но го кренаа гласот за слобода.Од нас не се бара таква сериозна жртва, едноставно да истрпиме малку навреди и дисквалификации, да ни падне малку рејтингот. Но пак ако успееме, радоста од тој успех ќе ги излечи „раните“ од отровните стрели, а идните генерации ќе бидат благодарни.

Македонија | пред 5 години

Dimitrov-Zaharieva-02

Захариева: Ние велиме„ не “на почетокот на преговорите, а не на членството на с Македонија во ЕУ

Бугарската министерка за надворешни смета дека целокупната државна политика во земјава продолжува да се заснова на омраза кон соседна земја и нејзиниот народ, односно Бугарија.„Ако Бугарија замижи пред фактот дека с Македонија продолжува да ја следи идеологијата поставена од Сталин и Тито, тоа би било од корист за Москва. Ние велиме„ не “на почетокот на преговорите, а не на членството на с Македонија во ЕУ, не веруваме дека во моментов тие се подготвени да ги исполнат условите за почеток на преговорите“, објасни министерката Екатерина Захариева во гостување на бТВ.„Тие не го спроведуваат Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година, целата нивна надворешна политика продолжува да се заснова на омраза кон соседна земја и нејзиниот народ, така што не можеме да кажеме„ да “во оваа фаза“, рече таа.

Македонија | пред 5 години

isceznat-2

(ФОТО) Исчезна маж од мавровско, роднините бараат помош

На социјалната мрежа Фејсбук објавен е статус во кој се вели дека синоќа маж излегол од викендичката, но не се вратил. Роднините бараат помош за да го пронајдат. Во објавата се вели:Синоќа околу 21часот од с. Леуново , мавровско, излезен е татко ми од викендичка. До утрово немаме контакт , ниту трага каде е отиден. Носи црна јакна , тегет панталони и црна торба. Доколку некој е во околината на с.Маврово, с.Никифорово, Маврови анови или Гостивар и го забележи , ве молам исконтактирајте ме 072518086.

Македонија | пред 5 години

Slika-2-1

Трипуновски:Калиманско езеро е десеткувано, и е доведено до раб на пресушување заради алчноста на власта

Езерото Калиманци е пресушено во целост. Од 120 милиони метри кубни вода колку што е капацитет на истото, во моментот имаме само 19 милиони метри кубни вода. Тоа значи дека власта ја десеткувала акумулацијата.Калиманското езеро е доведено на раб на пресушување и до раб на биолошки минимум, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.Трипуновски додаде:Претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја во летниот период придонесе Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении.Езерото не е оперативно. А иста е состојбата низ цела држава. Доколку зимото кое е пред нас нема доволно врнежи се доведува под знак прашалник дали воопшто ќе биде исполнет капацитетот на акумулацијата. А со тоа се доведува во прашање како понатамошното производство на струја од истото, така и наводнувањето на земјоделските површини долж реката Брегалница од Виница и Кочани па се до Велес односно со тоа се загрозени директно илјадници земјоделци кои што егзистираат од оваа дејност.Зоран Заев и СДСМ ја ставаат цела држава во залог. Македонија тоне со СДСМ.За оваа проблематика веќе алармиравме во текот на пролетта, но ниту тогаш ништо не се презема и затоа сме денес каде што сме.Потребен е итно стратешки пристап на проблемот, со аматеризам со кој пристапува СДСМ само се влошува состојбата со акумулациите ширум Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски.

Македонија | пред 5 години

andrej-kovacev1

Ковачев: На 17 ноември нема да се донесе одлука за почеток на преговорите

На 17 ноември очигледно нема да се донесе одлука за почеток на преговорите со С Македонија. Јас не би го нарекол ова вето, туку одложување, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, пренесува БГНЕС.– Одложување на процесот, но сето тоа зависи од Скопје. Ако одлучат да го променат своето мислење, да престанат да ја фалсификуваат историјата и да користат говор на омраза, тогаш ќе има друго решение. Меѓутоа, малку е веројатно дека тоа ќе се случи во следните денови – вели Ковачев.Тој не ја исклучува можноста преговорите со Македонија да почнат за време на едно од наредните претседателства со ЕУ во 2021 година. 

Македонија | пред 5 години

oliver

Спасовски: Дома сум во Куманово и се чувствувам добро

Министерот за внатрешни работи Оливер преку социјалните мрежи соопшти дека се чувствува добро и се наоѓа во неговиот дом во Куманово.Од Инфективната клиника каде беше хоспитализиран откако се зарази со ковид-19, излегол во понеделникот. Објавата за неговата здравствена состојба на социјалните мрежи доаѓа откако излезе информација дека е хоспитализиран во приватна клиника.Ви благодарам и на сите кои постојано ми пишувате и ми изразувате поддршка. Заеднички ќе се справиме со коронавирусот, а јас наскоро ќе им се вратам на своите работни обврски, пишува меѓу другото Спасовски во објавата на Фејзбук.

Македонија | пред 5 години

ismet

Се тестирал трипати во рок од 72 часа – еден тест позитивен, два негативни!

Исмет Шкријељ од Љубин, скопско, во несреќа при работа ја повредил ногата, поради што морал да замине на операција во Државна болница. Но, таму му рекле дека мора да се тестира на Ковид-19. Како што вели, првиот тест кој го направил во приватна лабораторија излегол позитивен, иако немал никакви симптоми. Поради тоа што не можел да ја поднесе болката во ногата, решил да се тестира по вторпат. Направил уште два теста, а резултатите од двата теста биле негативни, објави Алсат.Како што објаснува, за 72 часа се тестирал трипати, од кои два теста излегле негативни. На крајот направил и целосна анализа која покажала дека нема никакви антитела во крвта, а тоа значи дека во изминатите шест месеци немал никаков вирус, ниту Ковид 19, ниту обичен грип. Па, затоа останува прашањето како бил позитивен на коронавирус, ако во организмот нема антитела.Текстот во целост на: Алсат.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Јордановска: Луѓе по 8 часа бараат брза помош - нема, се бараат врски, познати, се моли секој, за да бидат примени во болница

Се си има свој пик, а здравствениот систем во моментов го доживува најлошиот, најгрозоморниот.Луѓе по 8 часа бараат брза помош, нема. Луѓе кои го губат здивот, луѓе на кои за неколку часа им се влошува состојбата до степен да губат свест. Брза помош НЕМА. Се бараат врски, познати, се моли секој, за да бидат примени во болница, напиша на својот ФБ профил новинарката Мери Јордановска.Јордановска во својата објава додава:Во приватните болници има листа на чекање и тоа само ако имате илјадници евра да ги изброите на рака. Не на рати. Не на одложено. Сега и одма. И повторно нема да бидете примени веднаш, туку ако се ослободи кревет. Можеби и предоцна.Луѓето се оставени сами на себе. Цела среќа што постои ФБ група каде патем има над 8 илјади членови - си помагаат, си делат совети, во отсуство на совет од друг.Дел од матичните лекари не креваат слушалка, не прегледуваат. Немаш кого да прашаш што да се напиеш, дали е нормално што те болат бубрезите, дали е нормално што 10 дена не ти спаѓа температурата, дали е нормално што си ослабел 9 кила за 7 дена, дали е нормално што ти излегуваат модринки.Терапијата за сите е иста. Copy - paste. Антибиотици, антибиотици, антибиотици и витамини кои коштаат грдни пари.Персонал нема.Луѓето се оставени сами на себе, буквално.Имаме министер кој вели дека „ситуацијата е под контрола“ и без образ не лаже сите до еден.Ситуацијата е далеку од „под контрола“. Ситуацијата е комплетно излезена од контрола. Можеби е така секаде, но јас живеам тука и секојдневно слушам туѓи судбини, како последица на ова чудовиште од вирус.Секој кој не верува, нека ме избрише веднаш од пријатели и никогаш да не ми се обрати.Луѓе, внимавајте на себе и на своите најблиски. Не знаеме какви последици остава ова чудо, ниту пак знаеме кој може да настрада фатално.фото: ФБ Мери Јордановска

Македонија | пред 5 години

lisici

Побаран притвор за дилер кој криел дрога во својот автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 109,59 грама, како и 42,42 грама амфетамин. Најпрвин, при преглед на возилото, на задното седиште била пронајдено помало полиетиленско пакување со бела грутчеста материја. Потоа при претрес и по детекција со службено куче, во импровизирана преграда во контролната табла, под радиото на автомобилот, била пронајдена останатата дрога.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Македонија | пред 5 години

mickoski-8-mi-septemvri

(ВИДЕО)Телма: Лелеци, крикови, солзи и плач пред „8 Септември“, роднините на пациентите гневот го истураат врз докторите и сестрите

Лелеци, крикови, солзи и плач – ваква траорна атмосфера не пречека пред Ковид болницата во „8 Септември“. Нервозни роднини на починати пациенти од ковид 19, со солзи во очите бараат информации од медицинскиот перонал за смртта на најблиските. Напнатост и нервоза лебди во воздухот, но не се ретки и вербални закани кон медицинските лица кои се на раб и на физичка пресметка, објавува телевизија Телма.И ноќеска тука имало инцидент- роднина на пациент нападнал медицинска сестра во лабараторија. Директорот Кристијан Костов вели – медицинскиот лице го даваат максимумот, уморни се од пандемијата и макотрпната работа за спас на човечки животи, и ниту едно лице до сега на кое му била потребна помош не останало незгрижено. Ја разбира и нервозата кај пациентите.По 200-те потешки пациенти дневно прегледуваат докторите во овој Ковид центар. Граѓаните во редици чекаат да стигнат до доктор. Во погледот им искри страв и наеж дека ќе го избегнат најлошото.Тука секојдневно до максимум се исполнети и болничките кревети – капацитетот е 80 легла, а Костов очекува набрзо да стигнат до 100 кревети за најкритичните пациенти. Брзата Помош овде ги носи најтешките случаи од инфективните одделенија од внатрешноста. А од денеска се поставува мобилен шатор со клупи и греење каде заразените со Ковид 19 вирусот ќе може да чекаат за преглед.Текстот во целост на: Телма. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: По социјалните мрежи се шири моја слика со моја наводна изјава која е целосен фалсификат и не одговара на вистината

ФБ статус на претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев. Бачев на ФБ пишува:Ми пренесуваат во партијата дека портали со уредувачка политика во седиштето на СДСМ на ул. „Бихачка“ ја шират по социјалните мрежи оваа моја слика со моја наводна изјава која е целосен фалсификат и не одговара на вистината.Дотолу повеќе, јавноста е добро запозната со мојот став околу атентатот врз Глигоров на која тема сум имал соопштенија, колумни, пресови најмногу од било кој друг во Македонија.Како и да е, да бидам искрен и мене баш не ми е јасно што е поентата сега од СДСМ да шират ваква лага!? 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања