Основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
leb

Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо, основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„За само година ипол горивата поскапеа за 70%, а тие се основен елемент и кај граѓаните и во скоро секоја гранка од индустријата. За високите цени пред се е виновна владата на СДСМ и ДУИ, кои откако дојдоа до денес ги зголемија акцизите за 13.13 денари. Тоа значи дека без акцизата која ја зголеми оваа влада сега горивата ќе беа околу од 72 до 75 денари за литар.

Раст на цените во малопродажба има и кај основните намирници како брашно, млеко и леб. Цената на лебот е зголемена и за 110%.

— реклама —

Зголемените цени силно удираат по стандардот на граѓаните.

Еден од најголемите удари по џебот на народот е зголемувањето на цената на струјата за 30%. Што е последица на лошото менаџирање со енергетските ресурси на државата. Во сред енергетска криза увозот на струја по берзански цени изнесуваше и до 50%, затоа што владата ги испразни хидроакумулациите и не копаше јаглен кога требаше, па домашното производство беше на минимум, и се се покриваше со скап увоз.

Лошите политики на владата во изминативе години ги чинат граѓаните многу“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања