Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

velo-markovskio

Марковски: Битката со КОВИД 19 мора да биде надпартиска, односно со стручен медицински кадар, но власта и Министерот Филипче нема слух за тоа

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ д-р Вело Марковски вечерва во емисијата "Само вистина" на Канал 5 телевизија истакна дека тој и препорачал на Владата на чело во битката со Ковид-19 да стават инфектолог и Комисијата за заразни болести да биде составена претежно од инфектолози. Исто така, тој рече дека во разговор со министерот за здравство Венко Филипче се понудил самиот тој да биде вклучен на клиниките во борбата со Ковид-19, но министерот никогаш не му се јавил.-Тој предлог го поддржа цела опозиција. Требаше власта да го прифати тоа. Мислам дека предлогот беше инфектолози, микробиолози, епидемиолози и еден имунолог. Значи не е битно кој од која партија е, важно е стручноста и кадарот. Значи мора да се слуша науката. Постојат и многу проблеми во организациска смисла. Има кадар на Клиника кои работеле со децении со респираторни болести и инфекции, а никаде не ги видов, да се вклучени дали во доктрина или во лекување. Ова му го кажав и на министерот Филипче на тој фамозен состанок. Но, тој немаше разбирање за тоа. Многу сум разочаран од министерот Венко Филипче како човек. Некои разговори што ги имавме за да помогнам во кризата, тој сосема поинаку ги интерпретирал во јавноста, посочи Марковски.

Македонија | пред 5 години

slika-3-1

Мицкоски и коалицијата со став за Македонија и разговорите со Бугарија: Имаме право на европска иднина и почитување на македонскиот идентитет

Став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, водејќи се од државните и националните интереси на македонскиот народ и македонските граѓани, истакна на денешната прес конференција од пред Владата претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во обраќањето истакна:Имајќи ја во предвид стратешката определба на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и останатите за интеграција на Македонија во ЕУ, предизвикани од неспособноста на актуелната власт да ги реализира националните интереси и стратешките определби и свесни за значајноста на историскиот моментум наспроти тајноста, нетранспарентноста на процесот кој што води актуелната Влада и исклучувањето од истиот на сите политички и научни фактори, Коалицијата „За обнова на Македонија“ на заедничкиот состанок одржан на 16 –ти ноември 2020-тата година во Скопје донесе заклучок и ги усвои следниве ставови:1. Коалицијата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба, и остро се спротивставува на промените на Уставот кои значат негирање на антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба!2. За коалицијата - македонскиот јазик, неговите историски корени и антропологија, како и неговата признаеност се неспорен историски факт кој е потврден и признат од целокупната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија.3. Коалицијата инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права, а кое опстојува кај нашиот источен сосед и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции, како што е Судот за човекови права во Стразбур. Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почитува одлуките донесени од овој суд, а кои се однесуваат на правата на македонското малцинство во Бугарија.4. Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност. И се спротивставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се бореле за слободна и независна македонска држава.5. Коалицијата енергично потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, и има свој посебен историски, правен политички и културолошки развој. Кон овој став едногласно се придружуваат и припадниците на партиите од коалицијата кои што ги преставуваат етничките заедници кои се различни од македонскиот народ.На средбата се истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како наследник на историската организација ВМРО има историска одговорност и обврска да ги штити, зачува и промовира сите идентитетски обележја на македонскиот народ и да се бори за нашата заедничка европска иднина. Сите останати партии од Коалицијата „За обнова на Македонија“ се придружија и цврсто го поддржаа овој став.Коалицијата „За обнова на Македонија“ ја предупредува актуелната власт да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава, а кои се создавани од генерации, и да овозможи транспарентност и инклузивност на сите партнери во овој процес и изградба на национален консензус за ова прашање. Во спротивно ќе се соочи со судот на народот, историјата и правдата.Врз основа на горенаведеното и цврсто опстојувајќи на истото Коалицијата „За обнова на Македонија“ ја повикува Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија, туку напротив да ја поддржи истата и на тој начин да покаже вистинско пријателство помеѓу граѓаните на двете држави.Коалицијата „За обнова на Македонија“ апелира до пријателите и сојузници од Европската Унија, европската јавност и политичари да се вложат во отворање на пристапни преговори за членство во Европската Унија на Македонија и да им овозможат на македонските граѓани од сите етникуми да ја добијат европската перспектива и иднина кои што одамна ја заслужија со повеќедецениски дела и залагања, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

korona5

Починати 40 и нови 591 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-218, Куманово-47, Штип-21, Прилеп-26, Тетово-28, Струга-2, Велес-24, Битола-36, Охрид-2, Кавадарци-9, Гостивар-46, Струмица-22, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-10, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-16, Кичево-29, Ресен-6, Неготино-15.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Пехчево-1, Берово-5, Свети Николе-4, Неготино-14.Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47636, бројката на оздравени пациенти е 27803, на починати е 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18488. Денеска се евидентираат пет контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 20849, активни 8614• Куманово 3101, активни 890• Дебар 418, активни 102• Штип 2199, активни 509• Прилеп 2180, активни 879• Тетово 3181, активни 1032• Струга 1097, активни 289• Велес 1469, активни 762• Битола 1381, активни 731• Охрид 1157, активни 486• Кавадарци 895, активни 404• Гостивар 1788, активни 605• Гевгелија 573, активни 221 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 106 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1379, активни 637• Крива Паланка 333, активни 104• Радовиш 344, активни 128• Крушево 70, активни 39• Кочани 1031, активни 320• Пробиштип 294, активни 94• Демир Хисар 148, активни 69• Македонски Брод 131, активни 27• Пехчево 87, активни 26• Берово 285, активни 77• Валандово 142, активни 49• Виница 287, активни 133• Делчево 353, активни 168 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 128, активни 82• Свети Николе 663, активни 195• Кичево 969, активни 445• Ресен 349, активни 135• Неготино 355, активни 236 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1683 теста се преку: ИЈЗ-692, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-0, Биотек-46, МАНУ -130, Жан Митрев (Филип Втори)-199, Систина со PCR метода -311, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-38, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-207, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -21, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 529• Гази Баба – 1216• Аеродром -1294• Карпош – 1110• Центар – 1083• Кисела Вода – 1050• Ѓорче Петров – 713• Бутел - 454• Шуто Оризари – 146• Студеничани – 41• Сарај – 118• Арачиново -27• Илинден – 212• Сопиште – 63• Чучер Сандево – 92• Петровец –90• Зелениково -55• Странец – 149• Нераспределен- 172

Македонија | пред 5 години

16112020_PVRSM_priem_na_nagrada_za_covekovi_prava_vo_Berlin-2

Заев во Берлин ја прими наградата за човекови права

На претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска во Берлин му беше врачена престижната награда за човекови права за 2020 година.На церемонијата организирана во негова чест од страна на фондацијата „Фридрих Еберт“ говореа голем број на европски политичари, а наградата му ја врачи министерот за надворешни работи на СР Германија Хајко Мас.Претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Курт Бек истакна дека тоа што премиерот Заев го направи за Северна Македонија и Европа е од исклучително значење, бидејќи вашиот придонес за човековите права, особено преку концептот „Едно општество за сите“, е придонес за вредностите на Европската Унија.Министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас, во својот поздравен говор со кој и ја додели наградата на премиерот Заев во своето обраќање на церемонијата истакна дека Зоран Заев го донесе достоинството на демократијата во неговата земја како прв чекор кон Европа.Мас потенцираше дека неговата земја, заедно со Северна Македонија ќе продолжи да работи и во наредните денови за да се постигне успех и да се одржи првата меѓувладина конференција, во времетраење на германското претседателство. Сојузниот министерот за надворешни работи, Хајко Мас нагласи дека политиките на премиерот Зоран Заев влеваат надеж за многу нерешени конфликти на овој свет и дека наградата му ја врачува на еден реформатор, далекуглед политичар и пред се Европеец.На церемонијата беа презентирани повеќе видео обраќања со честитки и многу емотивни пораки за Зоран Заев.Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас нагласи дела политичките достигнувања на Зоран Заев зборуваат самите за себе. Тој како особено важни ги издвои важните политички реформи, историскиот Договорот во Преспа, Договорот за соработка и пријателство со Бугарија, отворањето на преговорите со ЕУ. Ципрас истакна дела Заев покажа храброст и лидерство со кои се промени судбината на неговата земја и судбината на Западен Балкан и дека се надева дека неговиот пат ќе го следат повеќе лидери на Европа.Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак во својата видео изјава рече дека Зоран Заев го потсетува на изјавата на Нелсон Мандела дека нештата изгледаат секогаш невозможни додека не се направат, но Заев од невозможното направи реалност со храбро и одговорно лидерство зашто тој наоѓаше решенија таму каде што другите гледаа непремостливи пречки.Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен потенцираше дека Зоран Заев им припаѓа на оние лидери кои се насочени кон иднината и со тоа го смени текот на историјата и ја донесе Северна Македонија таму каде што припаѓа – во ЕУ.Премиерот Заев паричниот износ од наградата за човекови права ќе го донира во солидарниот здравствен фонд на Северна Македонија за борба со КОВИД-19.

Македонија | пред 5 години

policija-ilustracija

Полицаец од Скопје се ранил додека го чистел службениот пиштол

На 16.11.2020 околу 03,00 часот во куќа во с.Инџиково, скопско. А.С.(24), полициски службеник, при чистење на службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало. А.С. е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Скопје | пред 5 години

1-1

Во Тафталиџе се продава државно земјиште за изградба на куќа

За изградба на станбен објект од приземје, два ката и поткровје, Општина Карпош по пат на јавно наддавање продава државно земјиште во Тафталиџе. Станува збор за дел од КП 6100/2, 6103/1и 6097/4 во рамките на ДУП за Градска четврт 3 09, со површина на градежна парцела од 368 метри квадратни, лоцирана во близина на пожарната станица во Карпош, на дел кој е сега зелена површина, објави slobodenpecat.mk. Во огласот од Општина Карпош се вели дека почетната цена на електронското јавно наддавање, кое според објавата треба да се одржи утре во 10 часот и да трае 15 минути, е 61 денар за метар квадратен, односно само 22.480 денари за вкупната површина, но бидејќи станува збор за јавно наддавање, цената може да „скокне“ и до 500 евра за квадрат.На прашањето зошто се продава земјиште на толку атрактивна локација по толку ниска цена, градоначалникот Стефан Богоев вели дека почетната цена за продажба на државно земјиште ја утврдува Владата, со акт – Уредба и Тарифник за продажба на земјиште во државна сопственост по категории и реони. Според него, јавното наддавање треба да се одржи заутре, на 18 ноември, ден подоцна од она што е објавено во огласот.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Скопје | пред 5 години

PVRSM_Berlin_Rot_01

Заев по средбата со Рот: Продолжува одличната соработка со СР Германија и недвосмислената поддршката за нашите интеграциски и реформски процеси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин оствари работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на СР Германија.На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ но и во рамките на Берлинскиот процес кој резултираше со неколку клучни договори и соработки кои беа потпишани на самитот во Софија на кој ко-домаќини беа премиерите Заев и Борисов.Премиерот Заев го истакна очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на оваа година.Агендата на премиерот Заев продолжува со церемонијата и врачувањето на наградата за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата„Фридрих Еберт“(ФЕС) а ќе има и работна вечера со парламентарците во германскиот Бундестаг.

Македонија | пред 5 години

Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

„Врба“ на Милчо Манчевски е македонски кандидат за Оскар

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е македонски кандидат за Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка, донесе одлука филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2021 година.Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли.Поради глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, 93. церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 25 април 2021 година, во Лос Анџелес.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Се разгледува можноста за отварање на нови ковид центри

Министерот за здравство, доц д-р Венко Филипче претпладнево одржа состанок со директорите на сите клиники од клиничкиот комплекс Мајка Тереза во Скопје, на кој беше разгледана моменталната епидемиолошка состојба во однос на бројот на позитивни и болни пацинети,  пациенти кои побарале и имале потреба од хоспитализација, наспроти бројот на слободни места и капацитетите на клиниките, како и можноста за отварање на нови ковид центри доколку за тоа има потреба.- Во моментов освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, работат и четири ковид центри на интерните клиники и тоа на Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за неврологија, Клиниката за Нефрологија и Клиниката за гастроентерохепатологија. Деновиве се работи на средување на доводот на гасови на Клиниката за уво нос и грло и на Клиниката за очни болести кои до крај на неделата се планира да почнат да примаат пациенти – рече министерот Филипче.Тој побара од директорите на хируршките клиники и  директорот на Клиниката за кардиологија да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид пациети доколку за тоа има потреба во престојниот период.- Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио – рече министерот Филипче на состанокот.Освен за просторните можности, се разгледуваше и распоредот за ротација на лекари и на друг медицински персонал во ковид центрите каде за тоа има потреба, секако притоа водејќи сметка да не се запре со редовната работа на хируршките клиники.- Состојбата е сериозна и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции – истакна министерот на состанокот.Во наредните неколку дена се очекува да се разгледаат предлозите за отварање на дополнителни капацитети на сите клинки.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Притвор за двајца заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Куманово на возраст од 59 и 52 години поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Откако првоосомничениот му помогнал на второосомничениот да отвори транспортна фирма и да започне со работа како превозник, по идеја на првоосомничениот се договориле да преземат канцелариски материјал од фирма во Приштина. Второсомничениот заминал со товарното возило во Приштина, каде го оставил возилото за да се натовари потребниот материјал, а тој се сретнал со првоосомничениот. По кратко време првоосомничениот отишол да види до каде е утоварот, па откако бил завршен, второсомничениот со товарното возило се вратил во Република Северна Македонија, додека првоосомничениот се вратил со такси-возило. По завршувањето на шпедициските формалности, првоосомничениот го известил второосомничениот дека со натоварената стока треба да замине во Република Грција, по што второосомничениот така постапил. Меѓутоа, на 09.11.2020 година, движејќи се по патот Велес-Скопје кај м.в.Ветерско, второосомничениот изгубил контрола над товарното возило и излетал од патот при што се здобил со телесни повреди. При преглед на товарното возило, овластени полициски службеници пронашле две пакувања во вкупна количина од 2008 грама наркотична дрога – марихуана која второосомничениот неовластено заради продажба ја пренесувал, а во што со умисла му помогнал првоосомничениот.Со оглед на видот и тежината на стореното кривично дело и можноста истото да биде повторено, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. ​​

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Поведена постапка за силување во Велес​

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, поради постоење на основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело – Силување од член 186 од Кривичниот законик.Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На 17.9.2020 околу 22.00 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело.Јавниот обвинител кој постапува во предметот ги имаше предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на осомничениот, посебно фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело и да влијае врз текот на истражната постапка, па од тие причини до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 753 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 612 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 141 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 753.Во болниците во внатрешноста има околу 130 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип пак е хоспитализиран 61 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 35 болни. Во болницата во Струмица лежат 70 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 20, Кавадарци 33, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.212.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

montazna-bolnica-1

Вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата 41-годишна пациентка во Штип

Министерството за здравство информира дека во врска со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.Директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така, побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.Од МЗ велат дека по завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана.Јавноста дозна за овој случај по објавата на ќерката на починатата пациентка на „Фејсбук“ во која напиша дека нејзината мајка цел ден ѕвонела кај дежурните медицински лица и испраќала пораки дека ѝ е потребен кислород, но немало одговор.

Македонија | пред 5 години

Interpol

Приведен албански државјанин на Блаце по кој трагал Интерпол

Вчера во 11:50 часот на граничниот премин Долно Блаце од полициски службеници бил лишен од слобода Б.И.(29) од Република Албанија, бидејќи било констатирано дека евидира во евиденциите со мерка „апси“ по барање на Интерпол од Германија. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваат 426 болни сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца болни на Клиниката за Дерматовенерологија, седум пациенти на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и осум пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени четворица.На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 12 деца и 28 возрасни.Од вчера пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени осум пациенти и има уште 17 слободни кревети.Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и моажад да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Zagaduvanje-2

Чоловиќ - Лешоска: Локалните власти заедно со граѓаните треба здружено да го намалат аерозагадувањето

Конкретни информации, мерење на сите високозагадувачки супстанции, информирање и известување на граѓаните, тесна соработка и координирани активности помеѓу локалните и централните власти се основните потребни факти за решавање на проблемот со аерозагадување. Ова се главните заклучоци од средбата организирана од Еко-свест и ФЕС канцеларијата во Скопје на која колегите од граѓанската иницијатива Polish Smog Alert ги споделија своите предизвици и искуства во соработката со локалните и централните власти во насока на изнаоѓање решенија за аерозагадувањето.- За време на нашето истражување, прво почнавме само да ја информираме јавноста во Краков за високите нивоа на загадувачи во воздухот кој го дишат. Потоа ги едуциравме за последиците врз здравјето од загадениот воздух, особено поради согорувањето на отпад, јаглен и дрва за загревање на домаќинствата во градот. Добивме голема поддршка од експерти и медицински лица меѓутоа и од жителите на Краков. Ова резултираше со донесување законска забрана за затоплување на домаќинствата на територијата на Краков со јаглен и дрва, побјасни Ана Двораковска од Polish Smog Alert.Според Двораковска, на оваа законска забрана секако претходно биле обезбедени финансии за замена на загревањето на социјално загрозените жители, процес кој преку субвенционирање на грејните тела веќе започна и кај нас, и токму затоа носење на ваква законска забрана во моментов би бил значителен чекор напред во борбата со аерозагадувањето во пренаселените урбани средини.- Можеме да бараме вина за аерозагадувањето, но најдобро е да побараме решенија. Соработката помеѓу сите чинители на централно и локално ниво е клучна во процесите на носење регулатива и политики за справување со аерозагадувањето, дополни и Ивана Вучкова од ФЕС Скопје.Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кој беше присутен на средбата изрази силна желба за понатамошна соработка со полските институции, но и невладиниот сектор во насока на пресликување на успешните примери за подобрување на квалитетот на воздух.Според извршната директорка Ана Чоловиќ Лешоска на Еко-свест во време на светска криза која ни даде црвено светло и не освести за здравјето на луѓето и за различните влијанија на загадувањето во комбинација на ширењето на вирусот Ковид-19, се покажа дека тоа е голем удар врз здравјето, а тоа го потврдуваат и докторите, така што време е во земјава за построга регулатива и за повисоки стандради за квалитетот на воздухот кој го дишеме.- Започнавме разговори со надлежните институции во однос на можноста да се воведе забрана за согорување јаглен во домаќинствата врз основа на истражувања кои беа направени врз изворите на загадувањето во Скопје. Одржавме работилница со сите надлежни институции на која главниот заклучок беше дека постои интерес да се воведе забраната, врз основа на што изработивме предлог решение, нацрт закон која може да се разгледува самостојно или да се инкорпорира во други постојни закони- истакна Ана Чоловиќ Лешоска извршната директорка на Еко-свест.

Македонија | пред 5 години

Ekstazi-02

Притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против битолчанец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.По извршен претрес во домот на осомничениот во Битола на 14.11.2020 година, од страна на СВР Битола била пронајдена поголема количина на наркотична дрога – 4233 таблети МДМА-екстази, 3473,4 гр амфетамин и 1631,4 грама марихуана, како и поголемо количество парични средства – околу 2500 евра и 200.000 денари.Со отворање на исражната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице со цел непречено одвивање на кривичната постапка. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

125532453_389323712421752_1856184280243573495_n

Пуштени во употреба две нови паркиралишта на ЈП ПОЦ кај Зелен пазар

ЈП Паркинзи на Општина Центар денес пушта во употреба две нови паркиралишта во склоп на Зелен Пазар согласно постигнатиот договор на состанокот помеѓу ЈП ПОЦ, Општина Центар, Скопски Пазар и пазарџиите од Зелен пазар со цел да се надминат проблемите на паркиралиштето „Аутомакедонија“.ЈП Паркинзи на Општина Центар, го уреди „дивиот паркинг“ позади Зелен пазар кој беше во хаотична состојба и нефункционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски Пазар и постави нов систем за контрола со влезно-излезни рампи. Од ова неуредено паркиралиште, ЈП ПОЦ направи две функционални паркиралишта, едното паркиралиште е наменето за товарните возила на пазарџиите, а другото за жителите на ул. „11-ти Октомври“ бр. 16, 18, 20, 22, 24, 26 и 28 и бул. „Кочо Рацин“ бр.32 и 38. Со отворање на овие паркиралишта, паркиралиштето „Аутомакедонија“ целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови.Во наредниот период, контролите на ова паркиралиште ќе бидат зачестени и сите нерегуларности ќе бидат санкционирани. „Определивме простор за товарните возила кој од денес веќе е во функција и доколку нашите контролори затекнат товарни возила надвор од затворениот простор, тие веднаш ќе бидат санкционирани. Правилата и редот ќе мора да ги почитуваме сите.“ - изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.

Скопје | пред 5 години

Slika-1

Трипуновски: Езерото Турија од која вода пие Струмица и се наводнува цело поле, заради неспособноста на Заев е испразнето

Се наоѓаме пред езерото Турија и од ова езеро се наводнуваат земјоделските површини во целата Струмичката котлина, но и се снабдува Струмица со вода за пиење. Поради неспособноста на Заев и од ова езеро како сите останати акумулации ширум Република Македонија е доведено во знак прашање, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.Езерото Турија е доведено до степен на пресушување. Водата од езерото е намалена за повеќе од половина.Зоран Заев ја става под знак прашалник претстојната земјоделска сезона.Езерото Турија е од есенцијална важност за целиот регион.Зоран Заев не смее да си поигрува со егзистенцијата на илјадници семејства кои што живеат од земјоделство и ги прехрануваат своите семејства.Потребен е сериозен пристап со управување со водниот ресурс во Република Македонија.Се што покажа власта е дека со аматеризам и трка за профит, при што страдаат граѓаните.Сите езера ги пресушија, само за да произведат повеќе струја во летниот период, кога таа е поевтина, а сега не можат да произведат струја и увезуваат поскапа струја. Едноставно кажано, двоен трошок.Државата и граѓаните се систематски и трајно оштетени. Токму затоа го повикуваме Зоран Заев да не си игра со водниот фонд во Република Македонија и доколку не знае да управува со истиот, нека се советува со експертите кои што нашата држава ги има, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

korona6

IRL: Пандемски профитерски поход: Здравје за богатите, смрт и трауми за сиромашните

Ковид 19 ги покажа ефектите во државното здравство од децениски лошите политики. Но, ги покажува и последиците од влијанието на круговите на малкумина моќници врз менаџирањето на Фондот за здравство. Во последните две децении се одлеаја стотици милиони евра на сметка на приватните интереси. Сега системот е пред нов предизвик, но и притисок: Круговите на моќ насетија дека државното здравство е на работ на немоќта. Како и во првиот бран, така и во овој видоа шанса за профит во време на пандемија. Овој пат, цената е многу повисока, a парите се клучни во опстанокот, објави irl.mk. Заработките од скапите приватни тестови се вртоглави. Се нудат пакети за постковидни проверки како рентген и лаборатории, додека граѓаните мачат мака да добијат навремена дијагноза и да закажат термини. Се нуди ексклузивна и скапа нега за ковид болните кои се во критична состојба и мораат да бидат хоспитализирани, а не успеале да добијат болнички кревет во државното здравство. Во рекламите на приватните болници, се води цела аниткампања против државното здравство. Се прикажуваат среќни и задоволни пациенти кои што не штедат лоши и веројатно заслужени зборови за нивниот престој во некоја од приватните болници.Но, една третина од вработените во земјава треба да ја потрошат цела своја плата само за основната терапија и еден контролен тест доколку се Ковид позитивни. Државните тестирања потешко се закажуваат и резултатите доцна се добиваат.Масовното тестирање, иако се вбројува меѓу дел од успешните методи за контрола на заболени и спречување на нови случаи е скап модел кој не секоја држава може да си го дозволи за сите свои граѓани. Втората опција е приватен тест којшто во просек чини од 2.000 до 4.000 денари. Кај ранливите граѓани или оние со послаб имунитет, навремениот тест буквално значи живот. Но, за скромниот домашен буџет овој трошок е голем.Итните случаи во приватна болница не ги примаат без брз тест од 12,000 денариПодатоците кои ги обработи ИРЛ покажуваат дека многу брзо расте бројот на новозаболени од Ковид 19, додека бројот на оздравени не се зголемува доволно брзо за да се ослободат доволно кревети за новите пациенти кои треба да бидат хоспитализирани. Бројот на мртви во сегашниот бран во споредба со првиот пролетен бран кога имаше построги мерки е до пет пати повисок.Текстот во целост на:  irl.mk. 

Македонија | пред 5 години

radar-policija

206 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 17 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 мерки за непрописно паркирани возила и 77 санкции за неносење заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

korona-njemacka

Брзи тестови за корона од утре во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево

Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тетсирање за корона вирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево. Лаборанти од овие установи мината недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ држават, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот Ковид 19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Свестката здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тетс или антигенски - брз тест.Изминатива недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Чето, Ѓорче Петров,Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, направени се 1138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

Македонија | пред 5 години

lazarov

(ВИДЕО) Бизнисменот Лазаров најави прва приватна брза помош во земјава

При крај проектот за првата приватни Брза помош во Македонија. Набавени се 7 возила кои ќе ја покриваат територијата на град Скопје и сето тоа ќе биде дигитализирано, повиците ќе бидат преку мобилни апликации и времето на интервенција на медицинските тимови ќе биде гарантирано. Комплетна услуга која произлегува од потребите на клиентите, истакна во Утрински брифинг Кирил Лазаров, претседател на македонско-бугарската комора.Според Лазаров  потребите освен panic тастерот кога имаат проблем ќе служи и кога ќе се има здравствен проблем. Идејата тлееше со години но сега мислиме дека е право време. Селектиран е млад, амбициозен и квалитетен кадар. Идејата е уште пред четири, пет години. Ќе имаме 20 тимови од самиот старт. Услугата ќе биде достапна за сите, вели Лазаров.

Македонија | пред 5 години

tinejdzeri-3

Пиењето и пушењето кај младите опаѓа, но расте ризикот од други зависности

Пиењето и пушењето кај тинејџерите на возраст од 15-16 години опаѓа, но ризикот од употреба на канабис и новите видови на зависност се причина за загриженост. Дваесет и седум отсто од македонските ученици се имаат обложувано за пари во последната година, додека 19 проценти минуваат повеќе од шест часа на социјални медиуми за време на школските денови, а 11 отсто повќе од шест часа во играње видео игри за време на викенд, покажува извештајот на Европскиот училишен истражувачки проект за алкохол и други супстанци (ESPAD).Студијата, спроведена во партнерство со Европската агенција за лекови (ЕМЦДДА), се базира на репрезентативни студии во 35 европски земји вклучително и Северна Македонија.Во однос на достапноста на алкохолот и другите супстанци, младите кај нас рекле дека најлесно може да дојдат до алкохол – 69 проценти, потоа до цигари – 49 отсто, додека до канабис секој петти (19 %), а еден од десет до екстази (10%).Употребата на алкохол останува висока кај адолесцентите во Европа, каде во просек над три четвртини (79%) од учениците пробале алкохол барем еднаш во текот на својот живот. Кај нас тој процент е 67. Скоро половина (47%) од сите испитаници и над 40 проценти од учениците кај нас рекле дека конзумирале алкохол во последните 30 дена. Податоците покажуваат тренд на релативно постојан пад, со тоа што сегашните нивоа се пониски од 2003 година, кога двата показатели го имале врвот од 91 и 63 проценти соодветно.Кај нас, половина од учениците или 49 проценти рекле дека можат доколку сакаат лесно да дојдат до цигари, 38 отсто пробале цигара барем еднаш во животот, а 20 проценти рекле дека пушат цигари секојдневно. Околу 12 проценти од учениците пробале цигара на 13 години или порано, додека секојдневно пушат 2,6 отсто.Околу 7,8 проценти од македонските ученици рекле дека пробале некоја дрога и тоа канабис (6,1%), екстаза (1,1), амфетамин (0,6%) и метамфетамин (0,4%). Меѓу машките едно од десет пробало било каква дрога, додека меѓу девојчињата едно од дваесет.Цигарите лесно достапни за тинејџеритеЦигарите се една од најдостапните супстанци, а околу 60 проценти од сите испитаниците кажале дека доколку сакаат можат „прилично лесно“ или „многу лесно“ да дојдат до цигари.Најлесно до цигари, рекле дека може да дојдат учениците од Данска – 79 проценти, по што следат Шведска, Полска, Словачка и Чешка со над 70 проценти. Најмалку достапни цигарите изгледале за учениците од Косово – 24 проценти, по што следи Романија – 39%, Украина – 42% и Груција – 45 процени.Кај нас, половина од учениците или 49 проценти рекле дека можат доколку сакаат лесно да дојдат до цигари, 38 отсто пробале цигара барем еднаш во животот, а 20 проценти рекле дека пушат цигари секојдневно.Околу 12 проценти од учениците кај нас пробале цигара на 13 години или порано, што е под просекот од 18 проценти на сите земји опфатени во истражувањето. Во просек 2,9 проценти од учениците почнале да пушат цигари секој ден на 13 години или порано, додека кај нас 2,6 отсто.Според истражувањето 41 процент од сите учениците пробале цигара барем еднаш во животот, а една петтина или 20 проценти се сметаат за пушачи, односно запалиле цигара во последните 30 дена.Податоците покажуваат тренд на намалување, во однос на 1995 година, но доколку се земат во предвид и електронските цигари, тогаш во 2019 година има раст.Еден од десет ученици опфатени во истражувањето рекле дека пробале електронска цигара на 13 години или порано. Овие бројки се движат од 4,3 и 4,4 проценти во Црна Гора и Србија, до 19 и 20 проценти во Литванија и Естонија. Во просек 1,7 проценти од учениците рекле дека почнале да користат е-цигари секојдневно на 13 години или порано. Најмногу во Косово и Кипар – 3,2 и 3,1 процент.Еден од седум ученици рекол дека користел е-цигара во последните 30 дена, најмногу 41 процент во Монако, а најмалку – 5,4 проценти во Србија.Во нашата земја 6,8 проценти од учениците рекле дека пробале е-цигара на 13 години или порано, а само 0,8 проценти рекле дека пушат секојдневно.Алкохол пробале 67 отсто од младите во земјава.Пиењето алкохол иако останува популарно меѓу младите, трендот меѓу 1995 и 2019 година покажува генерално намалување во користењето на алкохолни пијалоци.Речиси 80 проценти од учениците рекле дека доколку сакаат можат лесно да најдат алкохол. Во Данска, Германија и Грција овој процент изнесува над 90 отсто, додека најниска е во Косово – 38 проценти, што е единствената земја под 50 проценти. Кај нас, 69 проценти од учениците одговориле дека можат лесно да дојдат до алкохол, доколку сакаат.Една третина од сите испитаници или 33 отсто првпат пробале алкохол, додека 6,7 отсто имале пијанство на 13 години или помали. Најмногу во Грузија – 60 проценти, а најмалку Исланд – 7,1 процент.Во сите земји од истражувањето освен Косово – 29 % и Исланд – 37%, над половина од учениците рекле дека пробале алкохол барем еднаш во животот. Во просек 79 проценти од учениците пробале алкохол барем еднаш во животот, од кои над 90 проценти од учениците од Унгарија, Данска и Чешка.Еден од десет ученици рекол дека бил пијан во последните 30 дена. Од учениците кои рекле дека користеле алкохол во последните 30 дена во просек пиеле 5,6 пати. Во оваа група учениците од Германија и Кипар конзумирале алкохол 8 и 7,5 пати. Еден од тројца (34 %) рекол дека испил пет или повеќе чаши алкохол во една вечер во последниот месец.Над 40 проценти од учениците во С Макеоднија рекле дека конзумирале алкохол во последните 30 дена, додека 67 пак пробале алкохол барем еднаш во животот. Пијанство во последните 30 дена имале 8,7 проценти. Најмногу рекле дека пиеле пиво (49%), потоа жесток алкохол (33%) и вино (18%). Една третина испиле над пет пијачки во една вечер во последните 30 дена.Кај нас 29 проценти од учениците првпат пробале алкохол, а 6,1 процени имале прво пијанство на 13 години или порано. Повеќе машки првпат пробале (37%) и биле пијани (7,7%) наспроти 22 проценти од женските кои пробале и 4,6 проценти кои биле пијани на 13 години или порано.Омилен пијалок во просек се жесток алкохол (38%) и пиво (31%). Во Шпанија (83%), Португалија (59%) и Литванија (57%) од учениците кои пиеле алкохол преферирале жестоки пијалки, додека пиво најмногу преферирале во Косово (62%), Србија (52%) и Полска и Северна Македонија (49%).Лесно се доаѓа и до дрога, најдостапен канабисотКанабисот се смета за еден од најлесно достапните забранети супстанци, каде еден од тројца ученици (32%) рекле дека, доколку сакаат можат лесно да најдат. Споредено со канабисот, достапноста на останатите дроги е ниска, за екстази (14%), кокаин (13%), амфетамин (10%) и метамфетамин (8,5%).Во земјава 19 проценти од учениците сметаат дека можат лесно да дојдат до канабис. Достапноста на останатите супстанци е под десет проценти – екстази (10%), кокаин (7,5%), амфетамин (6,8%), метамфетамин (6,1%) и крек (4,4%).Во просек 17 проценти од учениците во сите земји рекле дека пробале некоја дрога во својот живот. Кај нас, околу 7,8 проценти од учениците рекле дека пробале некоја дрога и тоа канабис (6,1%), екстаза (1,1), амфетамин (0,6%) и метамфетамин (0,4%). Едно од десет машки пробало било каква дрога, додека кај девојчињата едно од дваесет.Канабисот е најшироко распространета дрога во сите земји. Во просек 16 проценти од учениците рекле дека барем еднаш во животот пробале канабис, додека 7,1 отсто во последните 30 дена. Околу 2,4 проценти од испитаниците рекле дека канабис за првпат пробале на 13 години или помали.Трендот на користење канабис бележи раст меѓу 1995 и 2019 година од 11 на 16 проценти за било кога во животот и од 4,1 на 7,4 проценти за во последните 30 дена. Но, пикот го имаат во 2011 година, по што се бележи благо намалување.Меѓу 1 и 2 проценти од сите ученици рекле дека било кога во животот пробале било каква друга дрога, освен канабис. По канабис, втора најчеста е екстаза, ЛСД или некои други халуциогени, кокаин и амфетамин.Во просек околу 3,4 проценти од сите ученици рекле дека пробале некаква нова психоактивна супстанца во својот живот. Кај нас 0,9 проценит од учениците рекле дека пробале кокаин, 0,8 проценит ЛСД или друг халуциоген, 0,5 проценти хероин.Истражувањето покажало голема разлика (од 2,8% до 23%) од земја до земја во однос на употребата на некои медицински лекови за немедицински цели, како што се седатици и средства за смирување без рецепт или некои лекови против болка. Во просек 9,2 проценти од ите учениците користеле нешто такво, но најмногу во Словачка (23%), Латвија (22%) и Литванија (21%), додека под 2 проценти имале земјите како Украина, Романија, Бугарија и Хрватска. Кај нас 5,6 проценти, од кои повеќе девојчиња – 7,1отсто наспроти машки – 4,1 процент. Седативи користеле 4,2 проценти, а лекови против болка 2 проценти.Коцкање, социјални медиуми и онлајн коцкањеОколу 22 проценти од учениците рекле дека се коцкале за пари на некоја игра на среќа во последната година. Меѓу нив, најпопуларни се лотарии, по што следи обложување на спортски натпревари и трки со животни (45%) и карти и коцки (44%). Најмалку популарна игра на среќа била слот машини, 21 проценти од играчите.Најмногу ученици кои се коцкале во последната година има во Грција и Кипар – 33 проценти, по што следат Италија и Црна Гора – 32% и Финска со 30 проценти. Најмалку има во Малта – 14%, Грузија – 13%, Данска – 12% и Косово – 11%.Околу 7,9 проценти од сите ученици рекле дека се коцкале на интерент во последните 12 месеци, додека кај нас нешто над овој проеск – 8,9 проценти од учениците.Околу 27 проценти од македонските ученици рекле дека се коцкале за пари во последните 12 месеци. Ова е поизразено кај машките – 34 %, споредено со 20 % од женските. Најпопулани игри на среќа, меѓу тие кои рекле дека се коцкале во последната година, се лотарии (58%), обложување на спорт и животни (50%), карти или коцки (28%) и слот машини (24%).Над 94 проценти од сите ученици рекле дека користеле социјални медиуми во последните седум дена. Во просек минувале по 2-3 часа на социјалните медиуми во текот на шкослката недела и шест или повеќе часа за време на викенд.Околу 60 проценти од сите ученици рекле дека играле видео игри за време на школски денови во последните 30 дена, додека 69 проценти рекле дека играле видео игри за време на викенд. Во поголемиот дел од земјите во играње видео игри во просек учениците минуваат час и половина за време на школските денови и 2-3 часа за време на викендот.Во текот на школската недела 23 проценти од македонските ученици поминуваат 2-3 часа на социјалните медиуми, додека 19 проценти поминуваат шест и повеќе часа. Меѓу тие што минуваат 2-3 часа повеќе се машки – 24 проценти, наспроти 22 проценти женски, но затоа 22 проценти од женските минуваат шест и повеќе часа, наспроти 15 проценти машки.За време на викенд 39 проценти од македонските ученици рекле дека минуваат шест или повеќе часа на социјални медиуми и тоа 44 проценти од женските и 33 проценти од машките.Во играње видео игри во текот на школски денови 22 проценти од македонските ученици рекле дека играат полоцина час, а 44 процетни рекле дека воопшто не играат. Но, затоа 11 проценти рекле дека играат шест или повеќе часа видео игри за време на викенд, од кои 18 проценти машки, а 4,7 проценти девојчиња.Европскиот училишен истражувачки проект за алкохол и други супстанци (ESPAD) е меѓусекторско истражување на употребата на супстанци и други форми на ризично однесување меѓу децата во Европа на возраст од 15 и 16 години. Проектот се спроведува од 1995 година, а од 2007 година опфаќа 35 земји. Истражувањето се спроведува во училишта, каде учениците го пополнуваат прашалникот анонимно. За овој извештај опфатени се вкупно 99 647 учениви од 35 држави. Во нашата земја учествувале 2 930 ученици.

Македонија | пред 5 години

15112020_PVRSM_Gostuvanje_NTV_2

Заев: Со странски инвестиции во дел од државните претпријатија наместо неефикасни ресурси ќе добиеме капацитети во функција на развојот

Претседателот на Владата Зоран Заев вечерва заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, професори и експерти во дебатата за Предлог-буџетот за 2021 година на Националниот јавен сервис, истакна дека има интерес за продавање на дел од државните компании, како и на ресурсите во кои таа е доминантен сопственик и тоа е објавено и пред појавата на економско-здравствената криза, а се работи за „Железници и транспорт“, „Македонски пошти“, „Еврокомпозит“, „Тутунскиот комбинат“ – Прилеп и други ресурси, како што е Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси.„Очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде до 100 % откупување, може да биде јавно-приватно партнерство, државата да задржи еден дел, а под концесија да се даде друг дел и слично. Станува збор за неефикасни ресурси во рацете државата и тие треба се стават во функција на нови приливи во Буџетот. За „Македонски пошти“ веќе има заинтересираност од повеќе европски земји“, рече премиерот Заев, осврнувајќи се на плановите за ревитализација на ресурсите кои не се докрај искористени, а со кои ќе се обезбеди дополнителни средства за економско заздравување.Премиерот Заев истакна дека анализите покажуваат дека има голем потенцијал и во можностите од продажба на земјоделското земјиште согласно одредени услови по пазарни цени што е во државна сопственост кое се проценува со вредност од повеќе од 2 милијарди евра, а од продажба на дел од него се очекуваат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023 –та“, оцени премиерот Заев во емисијата „Отворено студио“ на Националната радиотелевизија.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања