Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

filipce

Филипче најави можност од воведување полициски час, притисокот врз болниците е силен

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека анализите покажуваат  дека е намалена преносливоста на вирусот. R0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на речиси 1, тоа значи дека еден човек при непосреден контакт заразувал 1,5 човек, а сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1.Министерот изјави дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а доколку има простор и потреба, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе препорачаат и дополнителни рестриктивни мерки. Следна мерка, рече Филипче, би можела да биде полициски час.Министерот изјави дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба кај пациентот, па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа, рече Филипче, значи огромен притисок врз здравствениот систем.„Сè повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со Ковид-19. Многу веројатно е дека за кратко време тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот ‘Мој термин’ како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни. Сите се посветени на оваа работа – координаторите на интерните клиники, Инфективната клиника, во болниците сите одделенија практично и целокупниот кадар е посветен и по систем на ротација спремен да помогне во третман на ковид-пациентите, но тоа оди сè потешко“, изјави министерот.За разлика од пролетта и летото, рече Филипче, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија.„Мерките што се во сила, иако ги даваат првичните резултати, сепак не може да се зборува за целосно елеминиран ризик во делот со хоспитализацијата и брзото пополнување на болничките капацитети, како и недостиг од медицински кадар“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

reis

Екс реисот Реџепи тврди дека му помогнал на Пендаровски да победи на изборите

Поранешниот реис на Исламската верска зџаедница, Сулејман Реџепи, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека му помогнал на македонскиот претседател Стево Пендаровски да победи на минатогодишните избори, по што неговиот кабинет излезе со демант. Поранешниот поглавар на ИВЗ вели дека пратеници на Зоран Заев и Али Ахмети го молеле да обезбеди гласови за Пендаровски.„Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев, и Изет Меџити, преставник на ДУИ, ме молеа да ги примам на состанок. Им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Јас ја повикав мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано – ова е твоја победа не моја, рече Реџепи во гостување на ТВ 21.Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, целосно ја демантира изјавата на поранешниот претседател на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, дадена во емисијата „Клик плус на ТВ21.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 792 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 792.Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 69 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациент, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица лежат 80 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.225 и има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите..Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

55555

(ВИДЕО) Нови стандарди за хуман третман на бездомните кучиња - ЈП Лајка - Скопје

Прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје активно работи на згрижување на бездомните кучиња и нивен хуман третман. Тим од сертифицирани професионалци започна со заловување на бездомните кучиња низ градот Скопје и нивно сместување во суви и топли апартмани со подно греење и легла според сите стандарди, под редовна контрола, третман и нега од страна на ветеринарниот тим и негувателите во прифатилиштето на ЈП Лајка.Целиот хуман третман кој вклучува: крвна слика, 4Д тест, тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен согласно годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство), терапија против внатрешни и надворешни паразити, вакцинација против заразни болести и беснило, кастрација/стерилизација, микрочипирање, обележување со ушна маркица, престој и ресоцијализација е бесплатен за сите бездомни кучиња над 7 месечна возраст кои се предмет на работата на претпријатието и кои се наоѓаат на територијата на град Скопје.

Скопје | пред 5 години

1-1-1

Средба Маричиќ – Бомгартнер: Франција е подготвена да помогне во реформата на правосудството во Северна Македонија

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово се сретна со Сирил Бомгартнер, новиот амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката на двете земји во делот на правосудството, но и француската помош во однос на европските интеграции на земјава.Министерот Маричиќ, во светло на случувањата околу очекуваниот почеток на преговорите за членство во Европската Унија, на амбасадорот му кажа дека Владата изминатите години многу вложила за подобрување на односите со соседната земја и Бугарскиот народ. Маричиќ истакна и дека новата методологија за преговори која се направи токму по француска иницијатива е добра можност низ преговарачкиот процес да се направи голема трансформација на државата.Маричиќ го запозна Бомгартнер и со сите чекори кои ги презема Министерството за правда со цел подобрување на етиката, одговорноста и транспарентноста на целиот правосуден систем.- Сите идни чекори кои ќе ги преземеме за подобрување на работата на правосудството сакаме да се во координација со нашите европски партнери. Дополнително и оние промени кои сега ги правиме исто така се во тесна соработка со ЕУ, кажа Маричиќ.Бомгартнер понуди техничка, финансиска и институционална помош за забрзување на процесот на реформи во правосудниот систем, а Маричиќ и Бомгартнер се согласија ваквите средби да продолжат и во иднина и да има поинтензивна соработка за прашањата кои се во надлежност на Министерството за правда.

Македонија | пред 5 години

silegov

Шилегов: Нови стандарди за градските тротоари, повеќе простор за пешаци и велосипеди

Градот Скопје воведува нови стандарди во работењето при изградба и реконструкција на улиците, а според новите стандарди на квалитет се и широките тротоари и велосипедските патеки на булеварите 11 Октомври, 8 Септември, Партизански одреди, Даме Груев, изјави градоначалникот Петре Шилегов.„Мојата идеја е дека во следните две децении нашиот град треба да стане град со одржлив развој, град во кој надвор од автомобилскиот, секако мора да имаме соодветна инфраструктура и на алтернативниот сообраќај, пред сè на велосипедскиот и на пешачкиот, како стандарди на коишто јас со граѓаните зборував во текот на мојата изборна кампања, а очекувам дека и граѓаните сакаат да ги применуваат. Ова е стандардот што веќе го работиме, гледате дека и центарот добива сосема нов лик и Скопје чекор по чекор станува онаков град каков што јас, меѓутоа и граѓаните на Скопје, го замислуваме, а скопјани го заслужуваат“, кажа Шилегов.Градските власти информираат дека на булеварот 11 Октомври, на потегот од булеварот Кочо Рацин до улицата Стив Наумов (Филип Втори Македонски) покрај коловозот се реконструирани и тротоарите и велосипедските патеки согласно со најновите стандарди за одржлива, урбана мобилност.„Велосипедската патека и тротоарот се доволно широки и физички одвоени со жардиниера со средишно зеленило или со дрворед за кои е поставен систем за наводнување капка по капка. Велосипедската и пешачката патека од коловозот се одвоени со заштитни столпчиња што дополнително ја зголемува безбедноста на пешаците и велосипедистите. За пешачките патеки исфрлени се од употреба плочките што брзо се оштетуваат и користен е печатен бетон кој е поотпорен како материјал и како таков поволен за пешачење“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 5 години

abaz-emin

(ФОТО) Реконструкција на сообраќајната инфраструктура во Охрид

Интензивно се одвиваат градежните активности во рамки на големите проекти за реконструкција на сообраќајната инфраструктура во Охрид, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во својата објава појаснува:На улицата „Абас Емин“ во моментот се работи на реконструкција на атмосферската, фекалната и водоводната линија на предвидениот потег. Се врши тампонирање на дел од коловозот, а на дел од улицата веќе се започнати активности за поставување на нови рабници.Доколку дозволат временските услови се очекува првиот адфалтен слој на улицата, на потегот од крстосницата со улица „Дејан Војвода“ до крстосницата со улица „Охридска Бригада“ да биде поставен до крајот на оваа година.На улицата „15-ти Корпус“ во рамки на втората фаза од проектот за реконструкција се работи на уредување на тротоарите и велосипедските патеки од десната страна на улицата. Исто така се изведуваат и активности за поставување на нова атмосферска канализација.Во моментот се изведуваат и завршни активности за оформување на новата кружна крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.Продолжуваме да работиме со несмалено темпо и во текот на наредниот период.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

На инфективните одделенија во земјава се лекува 701 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 549 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и во Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701.Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат и дополнителни легла.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 69 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица лежат 80 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.134 и има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

17112020_ME_Bekteshi_pres-1

Бектеши го претстави граѓанскиот буџет за 2021 година-повеќе средства за енергетска ефикасност, поддршка на претприемништвото и индустријата, домашниот туризам и инвестиции во гасификација

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата го презентираше Предлог-буџетот на Министерството за економија за 2021 година.Министерот се осврна на проектите коишто е предвидено да ги реализира Министерството за економија следната година.Бектеши потенцираше дека главни приоритети на Министерството за економија се создавање на услови за развој на индустријата, развивање на претприемништвото, креирање и интеграција на единствен пазар во ЕУ, обезбедување енергетска стабилност и сигурност, истражување, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини, развој на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда. Кажа дека како резултат на пандемијата која предизвика здравствено-економска криза во целиот свет и кај нас, оваа година беа променети приоритетите на Министерството за економија и целиот буџет на Министерството беше пренасочен кон поддршка на најпогодените сектори во економијата, но и најпогодените граѓани.„Следната 2021 година е година во која се очекува опоравување на целиот свет од кризата предизвикана од пандемијата, а такви се и нашите проекции. Затоа кога го креиравме Буџетот за 2021 година, нашите очекувања се дека со него ќе се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепнат одредени дејности, да се обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да се обезбедат политики кои и понатаму ќе помогнат за спроведување на брза излезна стратегија со цел продолжување со позитивните трендови на македонската економија. Економското заздравување од Ковид-19 ќе се спроведе преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита на најзагрозените категории, како и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места“, кажа Бектеши и потенцираше дека во оваа насока ќе работи и Министерството за економија во 2021 година.„Буџетот на Министерството за економија за 2021 година е предвидено да изнесува 826 милиони денари. Од овие средства 130 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари се наменети за капитални расходи, а 190 милиони денари за субвенции. Дел од субвенциите кои што беа предвидени во програмите за 2020 година, поради пандемијата и економската криза, не беа објавени јавни повици за дел од мерките. Но, во 2021 година е предвидено да се реализираат сите програми и мерки за што се предвидени дополнителни средства“, потенцираше министерот.„Во Програмата за енергетска ефикасност на Министерството за економија како што кажа Бектеши за 2021 година предвидени се субвенции за граѓаните во вкупна вредност од 47 милиони денари, а тука спаѓаат пред сè субвенции за: купени и вградени сончеви термални колекторски системи, замена за ПВЦ или алуминиумски прозорци, за купување на печки на пелети, за надоместување за инсталирање на фотонапонски системи за производство на електрична енергија“, потенцираше Бектеши.Министерот потенцираше дека во делот на активности за финансиска поддршка на туризмот во 2021 година фокусот на министерството ќе биде поддршка на домашниот туризам.„Продолжуваат субвенциите за поддршка на туристички цели на селски домаќинства, поддршка на активен туризам, за дигитализација на туристичкиот сектор, поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи“, кажа Бектеши и додаде, следната 2021 година тројно е зголемен буџетот на Министерството за економија за субвенции за приватни претпријатија за што се предвидени 13 милиони денари и тоа за имплементација на активности за паметна специјализација, поддршка на фирми од преработувачка индустрија, поддршка и проширување на акредитација на лаборатории за испитување на градежни производи и други активности.Министерот Бектеши информираше дека во 2021 година се предвидени двојно повеќе средства за поддршка на претприемништвото, за што се предвидени вкупно 50 милиони денари, додека во 2020 година беа предвидени за оваа намена 20,3 милиони денари. За поддршка на претприемништвото во 2021 година ќе биде обезбедена финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија, женско претприемништво, подобрување на вредносните синџири, сертификација на системи за квалитет, сертификација на ХАЛАЛ систем и поддршка на занаетчии.„Поради големиот интерес со првиот јавен повик кој го објавивме минатата година, а и неможноста оваа година да ја субвенционираме оваа мерка, во 2021 година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 13 милиони денари за субвенции за вградување на уред на погон на ТНГ метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата. Ова е неколкукратно зголемување на финансиската поддршка за оваа мерка ако се земе во предвид дека за 2020 година за субвенции за вградување на плин во возилата беа предвидени само 2,3 милиони денари“, кажа Бектеши.Министерот информираше дека за следната година е предвидено зголемување на средствата во Буџетот во делот на гасификацијата, односно за реализација на капитални инвестиции.„Во Буџетот на Министерството за економија за изградба на гасоводната мрежа се предвидени 140 милиони денари, средства кои што АД НЕР планира да ги обезбеди преку емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда“, потенцираше министерот.

Македонија | пред 5 години

17112020_PVRSM_potpishuvanje_EBOR-2

Заев и ЕБОР: Потпишан Меморандум за разбирање со фокус на инфраструктура, инвестиции и инклузивен раст за поттикнување на пристапот кон ЕУ

Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност и зајакнување на инвестициската клима и управување, се приоритетите во фокус на Меморандумот за разбирање кој денеска го потпишаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо на виртуелната церемонија на која се обрати и ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир, а учествуваше и министерот за финансии Фатмир Бесими.Целта на Меморандумот е зацврстување на соработката со ЕБОР во насока на поттикнување на пристапот на земјата кон Европската Унија.Премиерот Заев искажувајќи благодарност за соработката ја потенцира важноста од реализација на приоритетите во Меморандумот, ставајќи акцент на владеењето на правото, намалување на корупцијата, зајакнување на транспарентноста и решавање на прашањето со неформалната или сива економија, како предуслов за зголемување на инвестициската активност.На состанокот премиерот Заев, истакна дека и покрај бројните предизвици и неизвесност со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, заложбите на Владата на среден и на долг рок се преку системски мерки да се придонес за севкупен економски раст.Во таа насока се и овие иницијативи за соработка кои имаат прецизно воспоставени цели за подобрување на конкурентноста на приватниот сектор и на севкупното деловно опкружување.Претседателката на ЕБОР Рено-Басо го поздрави потпишувањето и истакна дека се охрабрени од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ.„Ни претставува задоволство да ги поддржиме овие витални напори со нашиот придонес. Во овие времиња кои бараат поголем ангажман, поважно од било кога е со заеднички сили, не само да се справиме со моменталните предизвици, туку и да ги согледаме долгорочните цели на земјата”, рече Рено-Басо.Во Меморандумот за разбирање, Банката изразува поддршка во сет мерки на политички ангажман, техничка помош и инвестиции, со цел да го задржи моментумот на приближување на земјата кон ЕУ.Владата ќе ги дефинира реформските области, инвестициските можности и ќе промовира активности од овој меморандум. ЕБОР ќе го поддржи развојот на домашните компании, преку финансирање и долгорочни советодавни услуги, зајакнување на конкурентноста преку поголем пристап до финансии и поддршка кон економската инклузивност, младите и оние од подалечните региони.На состанокот беше дискутирано дека Банката ќе помогне во активностите на завршување на клучната транспортна инфраструктура, ќе промовира одржлива инфраструктура и поддршка на разновидна енергетска поддршка, со цел да се зајакне улогата на обновливите извори на енергија.Владата на Северна Македонија и ЕБОР ќе соработуваат и во подобрување на инвестициската клима, промовирање на меѓуграничната трговија и инвестиции, како и соработка со претпријатијата во државна сопственост во енергија и инфраструктура, со цел да се подобри нивното корпоративно владеење.ЕБОР има инвестирано над 2 милијарди евра во 136 проекти во земјата. Банката се фокусира во поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, особено во интензивирање на соработката со клучните партнери како што е Европската Унија и Европската Инвестициона Банка.

Македонија | пред 5 години

montazna-bolnica-1

ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип во врска со починатата пациентка од ковид 19

Во текот на вчерашниот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип, изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип во врска со починатата пациентка од ковид 19 при што согласно констатираната фактичка состојба со решение нареди на директорот на здравствената установа веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.Решението во текот на вшерашниот ден од страна на ДСЗИ ПО Штип доставено е по електронски пат, а во текот на денешниот ден и во хартиена форма. Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата.Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката, до министерот за здравство.Стручни надзори за пациенти починати од ковид 19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово Кавадарци, Битола и Крива Паланка.Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ке бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид 19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Разбиена група крадци од Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово расветли 12 „тешки кражби“ и две„тешки кражби во обид“ и до Основното јавно обвинителство Тетово вчера, 16ноември поднесе кривична пријава против : Б.Ќ.(28), Ш.И.(28), Џ.Г.(49) и М.К.(35), четворицата од Тетово и О.М.(28) од тетовско Џепчиште. Б.Ќ, Ш.И. и О.М. се сомничат дека се сторители на кражбите, а М.К. и Џ.К. за „прикривање“. Б.Ќ, О.М. и Ш.И. во периодот од 7-ми до 28-ми октомври годинава, насилно обивале колонијални продавници во Тетово, кршејќи ги бравите и катинарите од влезните врати и по пребарувањето одземале предмети и пари. М.К. и Џ.Г., пак, од нив ги купувале одземените производи.Вкупната материјална штета што пријавените ја предизвикале со извршените кривични дела се проценува на 74.600 денари.

Македонија | пред 5 години

Goran-Milevski-1

Либерално-демократската група „Обнова на Европа“: Бугарија да престане да ја блокира Северна Македонија во ЕУ

Загриженост за приговорите на бугарската влада и силна поддршка на европскиот пат на Северна Македонија изразува либерално-демократската група „Обнова на Европа“ во Европскиот парламент.Според нив процесот на пристапување во ЕУ не треба да се користи од земјите-членки како моќ за добивање отстапки од соседите или за притисок за популистичка и националистичка агенда од домашни политички причини.- Крајно време е да започнат разговорите за пристапни преговори меѓу Европската унија и Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија чекаа доволно долго. Во име на Групата Обнова на Европа, го повикувам Советот да ги усвои рамките за преговори што е можно побрзо, а особено Бугарија да престане да блокира и да го одложува почетокот на пристапните разговори. Среде пандемија, за Северна Македонија е поважно од кога било да го забрза процесот на реформи што ќе доведе до толку потребниот социјален и економски развој, рече Дачијан Чолош претседателот на Групата за „Обнова на Европа“ пред видео-конференција на министрите за европски прашања, кои ќе разговараат за состојбата на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.Европратеникот Илхан Ќучук од Движењето за права и слободи, кој воедно е известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, рече дека е многу е разочарувачки што Бугарија и Северна Македонија не можеа да најдат компромис и дека официјалниот почеток на пристапните преговори е блокиран.- Тоа е безизлезна ситуација, која го поткопува целиот процес на евроинтеграција и не им служи на граѓаните на Северна Македонија. Бугарија и Северна Македонија се две многу блиски земји, кои делат заедничко минато и треба да делат заедничка иднина во ЕУ. Се разбира, дискусиите за историјата не се лесни и мора да продолжат со текот на времето, но главната одговорност ја имаат политичарите, кои мораат да покажат лидерство, појасни тој.Исто така, Либерал-демократите од Југоисточна Европа обединети во мрежата ЛИБСЕЕН и дадоа безрезервна поддршка на Македонија.На вондредна седница на Управниот одбор на ЛИБСЕН (LIBSEEN – Liberal South East European Network) заедно со лидерот на Евролибералите АЛДЕ, Ханс ван Бален се разговараше за состојбите во регионот, секако и за македонските евроинтеграции. Од страна на сите учесници уште еднаш беше искажана безрезервна поддршка за процесот наинтеграција на земјава во ЕУ, а во исто време, беше изразен револт за најавеното вето за отпочнување на процесот од страна на Бугарија. Според сите учесници, бугарската влада не постапува во духот на добрите меѓународни односи и првенствено во интерес на нивните престојни парламентарни избори, пренесе претседателот на ЛДП, Горан Милевски.-Дека треба да почнат пристапните преговори говореа и претставниците на сестринската бугарска либерално-демократска партија ДПС (Движењето за права и слободи), чии пратеници впрочем и не гласаа за последната резолуција на бугарскиот парламент со кои сесловенскиие просветители и нивото дело би се прогласиле за исклучиво бугарски, дополни Милевски.

пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-GEW-2020

Битиќи на Глобалната недела на претприемништво – За прв пат во земјава ќе креираме Стратегија за развој на стартап екосистемот

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на отворањето на настанот со кој се одбележа почетокот на Глобалната недела на претриемништво, во организација на „Стартап Македонија“, а кој се одржа преку видео конференциска врска.Во своето воведно обраќање Вицепремиерот Битиќи истакна дека развојот на претриемнишвото и стартап заедницата е приоритет и ја потврди заложбата на Владата за континуитет во спроведување на политики со кои и понатаму ќе се развивааат услови за поддршка на претриемништвото, стартап и спиноф компаниите.„Верувам дека должност на Владата е да создаде можности и погодна средина за претриемништво и за стартап компаниите, а на вас да го извлечете најдоброто од тоа. Во изминатите 3 години, од 2017 до 2020 година, Фондот за иновации и технолошки развој поддржа околу 550 компании, половина од нив се стартапи, со вкупен инвестициски циклус од 75 милиони евра. Мислам дека ова е неверојатно добар напредок, но ќе работиме да биде уште подобро“, посочи вицепремиерот пред лицата кои го следеа настанот.Битиќи укажа дека на една од последните Владини седници беше усвоен Предлог буџетот за 2021 година, а за следната година се проентирани околу 17,5 милиони евра, односно за околу 2 милиона евра повеќе во однос на 2020 година, за реализација на програмите и мерките кои се спроведуваат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.„Задоволен сум што ќе бидам првиот што ќе може да ја сподели со вас информацијата за процесот што ќе го започнеме, а тоа е, за прв пат во нашата земја, ќе се изготви Стратегија за развој на стартап заедницата, за чие создавање ќе бидеме среќни доколку учествуваат и самите претриемачи, односно основачи на стартапи . Постојано зборуваме дека нашата главна цел е да ја направиме Северна Македонија регионален стартап хаб, а тоа ќе го сториме заедно, преку инклузивен процес на градење на стратегијата, градејќи политики што ќе ви овозможат да растете и да се развивате“, потенцираше вицепремиерот.Битиќи нагласи дека претриемачите треба да знаат дека во Владата имаат искрен и посветен партнер кој ќе ги поддржи во нивните идни активности.Глобалната недела на претриемништвото се одбележува од 16-22 ноември и се случува истовремено во 170 земји ширум светот, а поврзува над 10.000 партнери во активности насочени кон подобрување на условите за развој на претприемништвото. Цел на оваа еднонеделна иницијатива е промоција на претприемништвото, зајакнување на партнерствата и остварување нови бизнис релации.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен сопственик на угостителски објект од Гостивар, работел по дозволеното време

Вчера (16.11.2020) околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.Б.(46) од Гостивар, сопственик на угостителски објект лоциран во близина на автопатот Гостивар-Тетово, затоа што објектот работел по дозволеното време и во него се наоѓале 12 лица, односно гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, додека неговиот објект бил пломбиран од Државниот пазарен инспекторат.

Македонија | пред 5 години

parking-oh

Се намалува цената на паркингот во Охрид, по барање на Здружението на угостители

На ден 20.10. 2020 година до јавното претпријатие “Билјанини Извори” пристигна барање од Здружението на угостители “Охридски еснаф” со број 03 802/1. Во Барањето здружението сугерираше промена на тарифата за паркинг која се однесува на централното градско подрачје поради моменталната ситуација со Ковид – 19 и последиците и загубите кои секојдневно ги генерираат угостителите. Со позитивниот одговор здружението смета дека дополнително ќе се зголемила посетеноста на угостителските објекти што во извесна мера би ги ублажило негативните ефекти во нивното работење.Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори” го разгледа дописот од угостителите на состанокот одржан на ден 22. 10. 2020 година и донесе одлука да се прифати барањето за намалување на цената за паркинг во централното градско подрачје и тоа во Премиум зоната за периодот до 25 декември. Со одлуката се утврди и предлог нова цена за наплата во Премиум зоната и таа да изнесува како во А зоната односно 30 денари за 1 час паркинг.Со одлуката на Советот на Општина Охрид бр. 08-9790/40 од 09. 11. 2020 година за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори со кои стопанисува претпријатието се потврди донесената предлог одлука на Управниот Одбор така што ги известуваме сите граѓани и правни субјекти дека од денес започнуваме со примената на оваа одлука и еден час паркинг во Премиум зоната ќе се наплаќа по 30 денари. Оваа одлука има важност до 25 декември.ЈП “Билјанини Извори” и во овие тешки моменти за сите вклучувајќи не и нас како претпријатие најде разбирање за проблемите на угостителите и одлучи да излезе во пресрет на нивното барање така што се надеваме дека оваа одлука и соработка ќе придонеси во насока на ублажувањето на негативните ефекти во нивното работење поради Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Запленета дрога, приведен дилер во Скопје

Во рамките на засилените мерки и активности на МВР за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, СВР Скопје- Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје на 16.11.2020 околу 19 часот изврши претрес во дом и други простории кај Ф.Д. (37) од Скопје.При претресот кај лицето пронајдена е над еден килограм марихуана, таблети, амфетамин, една вага и пари. Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка.

Скопје | пред 5 години

korona5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 433 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен на Клиниката за Дерматовенерологија, еден пациент на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица. Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.Од неделата пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ.Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче до граѓаните: Почитувајте ги мерките, болниците и кадарот се под голем притисок

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче во синоќешното интервју на телевизија Сител. Министерот рече докодлку заразата се шири со оваа динамика многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците. Филипче нагласи дека актуелните мерки, постепено ќе даваат резултат, но непредвидливоста на вирусот, може да доведе до повторно зголемување на бројот на заразени, а тоа ќе значи огромен притисок врз болниците.-Сите сме во оваа битка, многу е важно граѓаните да ни помогнат со почитување на мерките. Нема да може да издржиме уште многу, ако оди со оваа динамика. Ќе се преполнат болниците и тогаш веќе ќе имаме ситуација во која што може да недостасуваат и кревети и кадар. Искрено се надевам дека мерките постепено ќе даваат и ќе дадат резултат, за разлика од пред неколку недели, R0 факторот на преносливост сериозно се намали од 1,5 на близу 1 и тоа влева доза на оптимизам, но тоа не значи дека притисокот кон болниците ќе се намали. Непредвидлив е вирусот и болеста како клиничка форма не знаеме, што може да се случи и со ваков линеарен раст огромен ќе биде притисокот и проблемот во болниците, што всушност и сега веќе е и се случува. Апелирам да се почитуваат овие мерки - рече министерот Филипче.Здравствениот систем секојдневно се менаџира, а во клиничкиот центар во Скопје, сите интерни одделенија и медицинскиот кадар се целосно мобилизирани.Министерот информираше дека веќе се наполнија првите спратови во зградата на интерните клиники, обезбедени се кревети и кадар, но оди сé потешко. Граѓаните со полесна клиничка слика се испраќаат на домашно лекување за да се обезбедат места за пациентите на кои им е потребна хоспитализација, објасни министерот. Предвидено е да се ослободат дополнителни места и на хируршките клиники , како и дополнителни капацитети во ГОБ 8 Септемвр, но за кратко време можно е и тие места да се пополнат. Сите болници и здравствени установи во државата, за прв пат во историјата лекуваат само една патологија, тое е така насекаде во светот, затоа од голема важност е граѓаните со почитување на мерките да се заштитат себе си и останатите, а така да му помогнат и на здравствениот систем.

Македонија | пред 5 години

zingo-2

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

На 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.– Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго.Нашите мисли сѐ со Вас, пишува во својата телеграма со сочуство претседателот на Фудбалска федерација на Македонија Муамед Сејдини.

Македонија | пред 5 години

soobra

(ВИДЕО) Teшка сообраќајка во Скопје, се судрија автомобил и Брза Помош, неколкумина повредени

Тешка сообраќајна незгода се случила синоќа на булеварот „Партизански одреди“, при што возило на брза помош од приватната болница „Неуромедика“, кое превезувало пациент, се судрило со друго возило „мерцедес“.Според првичните информации повреден е еден пешак, возачот на „мерцедесот“, две медицински лица како и пациентот кој бил во болничкото возило.

Скопје | пред 5 години

Screenshot_5

Видео од страшната сообраќајка на Партизанска

Вечерва на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата 8- септември се случи тешка сообраќајна несреќа, во која неофицијално има повредени.До сообраќајната несреќа дошло кога автомобил се удри во возило на Итната медицинска помош , кое се движело по Партизанска , најверојатно кон Козле.

Скопје | пред 5 години

125829195_399176604535788_688927799013520058_n-1

ФОТО: Брза помош се судри на Партизанска, повредени повеќе лица

Страшна сообраќајна незгода се случи вечерва на Булеварот „Партизански одреди“, при што возило на Брза Помош, кое превезувало пациент се судрило со „мерцедес“. Повредени се повеќе лица, јавува „Слободен печат“.Целата фотогалерија погледнете ја на Слободенпечат.мк

Скопје | пред 5 години

korona5

СДСМ: Вело Марковски јавно ги оспорува мерките за заштита од коронавирусот, ДПМНЕ прави огромна штета

ДПМНЕ прави огромна штета, ти се најголема закана и опасност за здравјето на граѓаните. Скандалозно, послушникот на Христијан Мицкоски, Вело Марковски најави дека на Уставен суд ќе ја оспори мерката за носење заштитна маска на отворено, бидејќи, според него, тоа било опасно за здравјето, се вели во Соопштението од СДСМ, кое е реакција на изнесени ставови на Вело Марковски од ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Со ова Маркоски застанува директно против препораката на СЗО за носење маска на отворено, која се применува во огромен број земји во светот.Марковски го доведе во прашање и постоењето на вирусот, бидејќи според него за скоро ни еден починат нема научен доказ дека причината за смртта е ковид.Ги нападна и своите колеги лекари, кои деноноќно речиси девет месеци се борат со пандемијата и им порача дека не треба да има даваат антибиотици на заболените, но и дека во последно време сите што починале имале бактериски пневмонии.Повторно пред граѓаните ја истакна својата контрадикторност. Од една страна се залага за шведскиот модел за колективен имунитет и вели „дај боже повеќе да се разболат“, а од друга, смета треба да се заострат мерките ако се оптовари здравствениот системот за да му се даде „одихочка“.Не се знае во ВМРО ДПМНЕ кој е поголема катастрофа, дали Мицкоски дали Марковски, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Џафери предложи дополнувања на Деловникот за Собранието да може да одржува онлајн седници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска поднесе предлог за дополнувања на собранискиот Деловник, по скратена постапка.Имајќи ја во предвид новонастанатата состојба предизвикана од корона вирусот, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, кој својата организација и функционирање ги уредува во согласност со Уставот и Деловникот, потребно е одредбите од Деловникот на Собранието да се усогласат спрема новонастанатата здравствена состојба, соопшти собраниската прес-служба.Предложените измени, посочуваат, се токму во насока на постигнување на таа цел односно, непречено работење на Собранието со овозможување на далечинска односно електронска работа на пратениците со електронско присуство на седниците на Собранието и работните тела, а во исто време овозможување на остварување на претставничката функција.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања