Промени тема
Контакт

Намален бројот на заболени со грип изминатата недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
grip

Во текот на 12-та недела од 2022 година (21.03-27.03.2022), во Република Македонија пријавени се 8 (I=0,4/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, намалување од 33,3% во споредба со минатата недела.

Во текот на 12-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 419 материјали за лабораториско тестирање на грип, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 4 случаи на грип, Influenza A несубтипизирани. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 12-та недела од минатата сезона (n=57) е намален за 86,0%, а во споредба со бројот за 12-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=650) се регистрира намалување од 98,8%.

— реклама —
— реклама —

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно оваа сезона не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип Во однос на возрасната дистрибуција, 6 лица се на возраст од 15-64 години и две лица кај возрасната група од 5-14 години. Највисока инциденца (0,9/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

— реклама —

Заболените се пријавени од 5 ЦЈЗ/ПЕ, поединечни случаи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

grip

Изминатата недела нови 1.113 случаи на грип

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
grip

1 306 случаи на грип регистрирани во последната недела

Македонија | пред 7 месеци

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Македонија | пред 7 месеци

skolo

Сезонскиот грип ги испразни училишните клупи во Тетово, над 600 ученици отсутни од настава

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања